BookStar 2018 Festival Catalog Antolog

Page 1


ОФИЦИЈАЛНА ПРОГРАМА 13 ноември – 19:30 – Клуб ресторан МКЦ

Отворање на фестивалот „BookStar“ и претставување на книгата „Невидлива жена и други раскази“ и разговор со авторката Славенка Дракулиќ (Хрватска / Шведска); Доделување на наградата „BookStar“

Претставување на творештвото и разговор со авторот Енес Халиловиќ (Србија) Промотор: Владимир Јанковски 20 ноември – 11:00 – Книжарница Антолог, Центар

Промотори: Ангелина Бановиќ-Марковска / Ана Мартиноска

Книжевно кафе со: Џамал Уаријачи, Офејгур Сигурдсон, Рику Корхонен

14 ноември – 11:00 – Книжарница Антолог, Центар

20 ноември – 19:30 – Галерија МКЦ

Книжевно кафе со: Славенка Дракулиќ 14 ноември – 20:00 – Клуб ресторан МКЦ

Жива литература – 1’ раскажувачки слем: „Мојата бивша“ Модератор: Маријана Јанческа

Претставување на книгата „Глад“ и разговор со авторот Џамал Уаријачи Промотор: Душко Крстевски

Претставување на книгата „Медицински роман“ и разговор со авторот Рику Корхонен

Учесници: Славенка Дракулиќ / Елизабета Баковска / Ѕвездан Георгиевски / Петар Андоновски / Калина Малеска / Александар Прокопиев / Јагода Михајловска Георгиева

Промотор: Владимир Јанковски

15 ноември – 20:00 – Винил бар

Меѓународен панел: Креативна Европа – Проекти за книжевни преводи и Европската награда за литература Билјана Прентоска (Македонија) / Димитрије Тадиќ (Србија) / Џамал Уаријачи (Холандија) / Офејгур Сигурдсон (Исланд)

Поетско читање: „Сега е најдолгото никогаш“ од Јосип Коцев. Читаат: Д. А. Лори и Јосип Коцев 16 ноември – 20:00 – Клуб ресторан МКЦ

Промоција на „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски Промотор: Наташа Аврамовска 19 ноември – 11:00 – Книжарница Антолог, Центар

Книжевно кафе со: Антон Баев, Михал Ајваз, Енес Халиловиќ

Претставување на книгата „Сага за Јон“ и разговор со авторот Офејгур Сигурдсон Промотор: Ристо Солунчев 21 ноември – 12:00 – Дом на занаетчии – Куманово

21 ноември – 13:00 – Филилошки факултет „Блаже Конески“ – Катедра за славистика

Предавање и книжевно читање: Михал Ајваз

19 ноември – 19:30 – Галерија МКЦ

Претставување на книгите „Светата крв“ и „Даровите на светот“ и разговор со авторот Антон Баев (Бугарија) Промотор: Елизабета Шелева

Претставување на книгите „Празни улици“ и „Луксембуршката градина“ и разговор со авторот Михал Ајваз (Чешка) Промотор: Соња Стојменска-Елзесер

13 – 30 ноември Саем на европската литература

Книжарница Антолог, Центар ул. „Димитрие Чупоски“ бр. 31


BOOKSTAR 2018

Да се табуизира или не, прашање е сега! Во време на информациска пренатрупаност и „неограничен“ медиумски пристап, логично би било табу-темите да не постојат. Но, наместо тоа, живееме во ера на постидеологија, „fake-news“ и табуизирање, што е всушност маската на празниот публицитет. Поради тоа, оваа година BOOKSTAR носи писатели чии дела до срцевина ги дисецираат болните точки на општеството денес. ЛИТЕРАТУРА ЗА ВАС, ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ!

BOOKSTAR 2018 е фестивал на европската литература, кој веќе четврта година по ред преку книжевноста ги објаснува феномените на овој век, истовремено избавувајќи ја од стерилниот деветти круг на академскиот третман. Фестивал што ги поставува прашањата што непријатно и тивко се одговараат, фестивал што разработува општествени и социјални теми по old school принцип: книжевноста како лек против егзистенцијалните тегоби и социолошките норми. Фестивалот BOOKSTAR e прв фестивал на европската литература во Македонија, организиран од издавачката куќа „Антолог“. Во рамките на оваа манифестација, која започна во 2015 година, а се одржува секоја есен, се вклучени Саемот на европската литература, гостувања на странски и на домашни автори, промоции, дебати и други интересни настани и содржини.

Дирекција на Фестивалот „BookStar“ Книжевен центар „Антолог“ Адреса: ул. „Ѓорги Пулевски“ бр. 29 лок. 1, 1000 Скопје, Македонија Телефон: 02 3201 007 Интернет-страница: bookstar.mk Инстаграм: @bookstar_festival Твитер: @bookstar2016

Книжарница „Антолот“ Адреса: ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок. 1 1000 Скопје, Македонија Телефон: 02 6169 150 Интернет-страница: antolog.mk Инстаграм: @antolog_mk Фејсбук: www.facebook.com/antolog

BookStar team: Жарко Кујунџиски Кристина Велевска Валентина Кујунџиска Златко Кујунџиски Ивана Смилевска Ирена Трајкова Вера Велевска Ирина Тумбовска Зоран Кардула, графички уредник Александар Котевски, фотографија и видео Синиша Маниќ, изработка на статуетка „BookStar“ Ана Марија Караџовска, фестивалски преведувач

3


СЛАВЕНКА ДРАКУЛИЌ 13 ноември 19:30 Клуб ресторан МКЦ -

НАГРАДА БУКСТАР 2018

Отворање на фестивалот Претставување на книгата „Невидлива жена и други раскази“ и разговор со авторката Славенка Дракулиќ (Хрватска) Промотори: Ангелина БановиќМарковска и Ана Мартиноска Фото: © Roko Crnić

Превод: Кристина Велевска

Славенка Дракулиќ (1949) е родена во Риека, Хрватска. Завршила компаративна книжевност и социологија во Загреб. Работела како новинарка, а денес нејзините колумни се читаат во „Гардијан“. Смело и исповедно, таа пишува за феминизмот, политиката, комунизмот и посткомунизмот! Нејзината книга „Смртните гревови на феминизмот“ (1984) е првата феминистичка книга во Источна Европа. Според нејзиниот роман „Kao da me nema“ е снимен филмот „As if I’m not there“ за хоророт во Босна. Добитник е на наградата „Награда за европско разбирање“ во Лајпциг. Една од највлијателните европски писателки на нашето време ја посветува својата книга на стареењето. Дали е возможно староста да се спречи? Вештачко подмладување за телото, флертување со странци за духот. Дали со староста 4

доаѓа невидливоста? Раскази со најдлабоко сочувство за меѓучовечките односи, паралелата родители–деца, заминувањето, смртта, исчезнувањето. Без задршка таа зборува за искуството при распаѓањето на животот, на еден катарзичен, болен, но и ослободувачки начин. Приказните раскажани од силна женска перспектива прават директна блискост и поврзаност со нашето секојдневие. За она што е премолчено, а емоционално тешко и ограничено: болното и постепено исчезнување, па сè до чувството дека сте општествен „вишок“. На крајот, единствениот странец со кого можете да флертувате е оној кого го гледате во огледалото. TABOO OR NOT TABOO?: старост, исчезнување, невидливост, губење на достоинството, отфрленост, пропаѓање, зависност од околината, општествен „вишок“, југоносталгија


Фото: © Sašo Dimoski

Фото: © Sašo Dimoski

14 ноември 20:00 Клуб ресторан МКЦ Жива литература: Раскажувачки слем „Мојата бивша“ Модератор: Маријана Јанческа Учесници: Петар Андоновски Елизабета Баковска Ѕвездан Георгиевски Јагода Михајловска Георгиева Калина Малеска Александар Прокопиев Ексклузивен гостин: Славенка Дракулиќ

ЖИВА ЛИТЕРАТУРА „МОЈАТА БИВША“

Со големо задоволство би сакале да го најавиме првиот настан ЖИВА ЛИТЕРАТУРА во рамките на Фестивалот BookStar 2018. Овој настан е замислен како раскажувачки слем на однапред зададена тема, во кој повеќе учесници ќе создаваат во исто време и на исто место, користејќи ги својата фантазија и претходното искуство со кусиот расказ, ЕДНА приказна. Идејата е енергијата на сцена и континуитетот на гласови да креираат ЗАЕДНИЧКА приказна, што во овој модерен и индивидуален свет се чини (речиси) невозможно. Темата за овој прв слем е „Мојата бивша“. По идеја и концепт на Ана Василева. 5


ЈОСИП КОЦЕВ 15 ноември 20:00 Винил бар Поетско читање „Сега е најдолгото никогаш“ Читаат: Д. А. Лори и Јосип Коцев

Јосип Коцев е роден на 25.5.1985 година во Скопје. Завршил правни студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Автор е на три поетски книги: „Јас, Квентин Скриблер“ (2015), „Напишана тишина“ (2016) и „Сега е најдолгото никогаш“ (2018). Добитник е на наградата „Енхалон“ на Струшките вечери на поезијата за песната „Етна“ од дебитантската збирка „Јас, Квентин Скриблер“. Неговото второ поетско остварување, „Напишана тишина“, влезе во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 година. Застапен е во неколку македонски и странски поетски антологии. „Сега е најдолгото никогаш“ би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три 6

става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев, му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза. Затоа, оваа книга не е само стихозбирка (некаков збир и одбир на песни и стихови), туку заокружена поетска целина од педесетина песни. Владимир Мартиновски TABOO OR NOT TABOO?: re-reading poetry, pure emotion


ЖИВКО ГРОЗДАНОСКИ 16 ноември 20:00 Клуб ресторан МКЦ Промоција на „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски Промотор: Наташа Аврамовска

Живко Грозданоски (1986) е роден во Кичево. Дипломирал италијански јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Досега ги има објавено книгите „Песок и свила“, „Отпечатоци врз коцки мраз“, „Приказни за тревите и други приказни“ и „Куфер за тројца. Од италијански јазик има преведено дела од Алесандро Барико, Итало Звево, Николо Аманити, Емануеле Треви и Еуџенио Монтале. Во 2007 година на филмскиот фестивал во Кан е прикажан неговиот краток документарец „In cage“. Живее во Скопје и Бигор Доленци. Иднината има илјада имиња, но кое е последното? Приказна за животот на Јоха, инженер за тунели од Јена, Источна Германија, чиј живот од корен се

менува откако ќе биде испратен да работи во едно испустено место на југот од Босна и Херцеговина. Приказна за телата, осаменоста, патувањата и за животот што го живееме и го замислуваме и на кој успеваме и сакаме да се сеќаваме. Приказна за еден човек што, најпосле, го води својот внук на блискиот рид од детството, гледа во балонот во неговата мала рака и помислува на тоа како сите нешта – во свое време и на чудесен начин – си доаѓаат на свое место. TABOO OR NOT TABOO?: прељуба, корупција, Исток-Запад, неконвенционални облици на семејство, сеништа од војната, болест, старост, сеќавање

7


АНТОН БАЕВ 19 ноември 19:30 Галерија МКЦ Претставување на книгите „Светата крв“ и „Даровите на светот“ и разговор со авторот Антон Баев (Бугарија Промотор: Елизабета Шелева

Превод: Борче Георгиев

Антон Баев (роден 1963) е бугарски писател. Студирал бугарска филологија во Пловдив, a специјализирал новинарство во Ајова, САД. Работел како библиотекар, колумнист, репортер, главен уредник и издавач. Има објавено голем број книги од различни жанрови. Учествувал на меѓународни фестивали и манифестации, меѓу кои и на книжевната резиденција „Апсолутно модерен“ во Скопје. Романот „Светата крв“ е роман за љубовта и страстите во сите свои димензии, за злосторството, одмаздата, проштавањето, а како ликови се јавуваат учители и ученици во еден историски бурен период од 1920 до 1950 година. 8

Клучното место на случувањата е забутаното гратче Ја. Романот е составен од четири дела, а секој дел започнува со извадок од „Четирите годишни времиња“ на Антонио Вивалди. Романот е напишан така што речениците звучат како музика, многу блиску до поезија. Колку историска толку и универзална, книгата проникнува во самата суштина на човечкото, во неговата природа. Од собитијата извираат страдањата, мислите, зборовите што ги изговараат, музиката што ја слушаат, книгите што ги читаат, филмовите што ги гледаат... TABOO OR NOT TABOO?: преплетено минато, историја, злосторство, одмазда


МИХАЛ АЈВАЗ

Превод: Игор Станојоски

19 ноември 19:30 Галерија МКЦ Претставување на книгите „Празни улици“ и „Луксембуршката градина“ и разговор со авторот Михал Ајваз (Чешка Промотор: Соња Стојменска-Елзесер

Фото: © David Konečný (Moravská zemská knihovna v Brně — České literární centrum)

Додека оди на мала прошетка со цел да ја излекува својата блокада, нараторот писател се вплеткува во мистериозна мрежа, кога со ногата се набодува на еден чуден предмет.

То цело време налетува на симболи во иста форма, за потоа да добие телефонски повик од поранешен книжевник, чија ќерка е мистериозно исчезната веќе две години. Во оваа книга, стилски се препознава дека Ајваз претходно се занимавал со философија (особено делото за Борхес). Текстот е детализиран на мајсторско ниво. Иако е лесен за читање, овој роман вреди да се препрочитува и да се истражува безброј пати. TABOO OR NOT TABOO?: верба во други светови, тетоважи, технологија, симболизам

Пол е професор во една париска гимназија и неговата омилена област, философијата, на неверојатен начин ќе се спои со светот на научната фантастика! На почетокот од распустот Пол по грешка ќе отчука еден збор на тастатурата, кој ќе стане причината за сите чудовишни пресврти. Погрешно напишаниот збор го движи низ интернет-лавиринтите. Љубовта и љубомората, омразата и помирувањето, на еден духовит начин се поврзани со улогата на технологијата и науката во нашите животи.

Превод: Игор Станојоски

Михал Ајваз е поет и прозаист чии дела може да се опишат како литературни фантазии исполнети со симболизам. Роден е во 1949 година во Прага. Има објавено осум романи, есеј за Жак Дерида и книга за Борхес („Соништата на Учителите, Сјајот на Писмата“). Михал Ајваз е фантастичното бебе на Борхес и Тимоти Лири. Тој е картограф на мескалин. Тој е од Чешка.

TABOO OR NOT TABOO?: таен јазик, кодови, интернет 9


ЕНЕС ХАЛИЛОВИЌ 19 ноември 19:30 Галерија МКЦ Претставување на творештвото и разговор со авторот Енес Халиловиќ (Србија) Промотор: Владимир Јанковски

Енес Халиловиќ (1977) е раскажувач, поет, драмски автор, новинар, економист и правник од Србија. Основач на новинарската агенција „Санапрес“, книжевниот весник „Сент“ и електронскиот весник за книжевни интервјуа „Екерман“. Пишува раскази, поезија, драма. Неколку негови книги се преведени на македонски. Повеќекратно наградуван и преведуван на повеќе од 15 јазици. Роман со потресна и трогателна приказна за распаѓањето на едно сиромашно семејство за време на транзициските периоди кога социјалистичките фабрики на големо се затвораат и сите бизниси ги презема мафијата. Внесувајќи митолошки алузии како Епот за водата, Халиловиќ ја преиспитува философијата низ призма на болеста и на гревот. Поетика за невидливите луѓе што минуваат низ големите историски настани. Проткаен со суптилна комичност, овој роман гласно зборува за маргините. Со еден микросимболички пристап ја интегрира колку поетската сензација толку и античката трагедија. TABOO OR NOT TABOO?: шверц, мафија, митологија, судбина, клетви Во поетската збирка „Ѕидови“ главната инспирација е водена од историско-етимолошкото поимање на ѕидот. Халиловиќ измислил солидна целина, нагласувајќи го принципот на поделба и допирајќи ги етиологијата, логиката, философијата, историјата, религијата и трансценденталната естетика. Добитник на наградата „Меша Селимовиќ“, едно од најпрестижните книжевни признанија во Србија. TABOO OR NOT TABOO?: логика, религија, парадокс 10


ЏАМАЛ УАРИЈАЧИ 20 ноември 19:30 Галерија МКЦ Претставување на книгата „Глад“ и разговор со авторот Џамал Уаријачи (Холандија) Промотор: Душко Крстевски

Фото: © Arnout Hulskamp RV

Превод: Ели Пујовска

Џамал Уаријачи (1978) е холандски писател. Роден е во Амстердам, во холандско-мароканска семејна заедница. Студирал психологија, а неговиот главен литерарен пристап е контроверзијата преку која зборува за современите општествени проблеми. Денес објавува романи и колумни за голем број водечки медиуми. Автор на една третина од холандската книжевна трилогија напишана како одговор на „Педесет нијанси сиво“, заедно со Дан Херма ван Вос и Давид Пефко. *секој возрасен човек денес е сомнителен „Глад“ е роман чија приказна навлегува во една општествена критика, паралелно водена од суптилна љубовна линија. Покрај мрачното сиже, ги гледаме и социјалните проблеми на нашето време. Џамал Уаријачи го базира романот „Глад“ на случајот со еден хуманитарец осуден за педофилија. Како е можно таков човек да падне

толку ниско? Дали животот може да се сведе на: лош или добар? Главниот лик Лазло е филантроп, кој е обвинет за педофилија од страна на едно од посвоените етиописки деца. Сега сака да напише книга за својот живот. Бара помош од Аурели, неговата девојка пред да го уапсат. Лазло не е прикажан како класичен педофил, туку прво како човек, а потоа како злосторник. Приказна за тоа до каде може да се движат екстремите на омразата и гадостите кај човекот. „Глад“ е книга што ги претставува шокантната веродостојност и фикција. Ова е приказна за борбата против грчовитиот молк кон доминантните стравови и ставови во Холандија. Награда за литература на Европската Унија за 2015 година. TABOO OR NOT TABOO?: педофилија, канибализам, Африка, релативизирање, емигранти, посвојување/експлоатација на деца 11


РИКУ КОРХОНЕН 20 ноември 19:30 Галерија МКЦ Во соработка со издавачката куќа „Готен“ Претставување на книгата „Медицински роман“ и разговор со авторот Рику Корхонен (Финска) Промотор: Владимир Јанковски

Фото: © Näytä Kuinka

Превод: Борче Георгиев

Рику Корхонен првата книга ја издава во 2003 година и набрзо се етаблира како еден од централните фински писатели. Пишува за сериозни теми, во хумористичен стил што ги носи неговите наративни вештини во преден план. Пред да стане писател и колумнист со полно работно време, работи како учител во средно училиште и предавач за креативно пишување на Универзитетот во Турку. Неговиот дебитантски роман, „Песимистичкото гледање на Европа“ ја освои јавноста. Корхонен редовно пишува политички, социјално ангажирани колумни. Љубовта зацелува. Но, понекогаш се случуваат медицински грешки. „Медицински роман“ е маестрално прикажување на љубовта, смртта и политиката! Летото 2003 година е жешко и интензивно, и метеоролошки и политички. Во Ирак западните сили 12

ветуваат дека во земјата ќе ги донесат демократијата и капитализмот. Далеку, во еден град во Северна Европа, младиот истражувач Никлас времето го поминува во пиење и во грижа за својата девојка Ина, чиј татко умира од рак. Една ноќ Никлас доживува визија што го променува и верува дека го пронашол лекот за грижите на својата девојка. Ерекција во кланица, метафизичка авантура! Како писател и хуманист, Корхонен има емпатична потреба да го разбере човекот. „Медицински роман“ е вкусна пародија на феномените на нашето време. Награда за литература на Европската Унија за 2010 година. TABOO OR NOT TABOO?: политика, секс, дрога, смрт, рационалност, избор меѓу доброто и злото, војна, Ирак


ОФЕЈГУР СИГУРДСОН 20 ноември 19:30 Галерија МКЦ Претставување на книгата „Сага за Јон“ и разговор со авторот Офејгур Сигурдсон (Исланд) Промотор: Ристо Солунчев

Превод: Мери Кицовска

Поет и прозаист, Офејгур Сигурдсон е роден во Рекјавик на 2 ноември 1975 година. Има објавено шест поетски збирки и два романи. Сменил многу професии: работел обезбедување во хотел, пакувал месо во фабрика, ги „вежбал“ мускулите како работник на пристаниште и го пумпал својот мозок како студент по философија на Универзитетот во Исланд, каде што ја изработил својата теза за табуата и трансгресиите во текстовите на Жорж Батај. Офејгур Сигурдсон е лидер на движењето што се обидува да ја реконструира исландската поезија, а во слободно време е еден од најдобрите автори од својата генерација.

прозна поезија од искрата што се појавува кога две нешта се борат едно против друго. За младиот свештеник наскоро почнува да се тврди дека го убил првиот маж на неговата сопруга и поради тоа мора да го напушти манастирот во кој служел. Додека патува, еруптира вулканот и го покрива со прашлива наметка неговиот пат. Тој се засолнува во пештера, пишувајќи долги и посветени писма на жена си. Во длабочината на пештерата, тој се бори со своите внатрешни демони и стравови. Награда за литература на Европската Унија 2015 година.

Во овој роман е исценирана средбата меѓу традиционалното размислување и чудата на науките. „Сага за Јон“ е обид за создавање возвишена

TABOO OR NOT TABOO?: убиство, религија наспроти наука, (национален) идентитет, чудо 13


МЕЃУНАРОДЕН ПАНЕЛ

21 ноември 12:00 Дом на занаетчии – Куманово

Креативна Европа – Проекти за книжевни преводи и Европската награда за литература Учесници: Билјана Прентоска (Македонија) Димитрије Тадиќ (Србија) Џамал Уаријачи (Холандија) Офејгур Сигурдсон (Исланд) Во соработка со Библиотеката „Тане Георгиевски“ - Куманово и Канцеларијата за креативна Европа, потпрограма Култура на Република Македонија при Министерство за култура на РМ

КНИЖЕВНО КАФЕ Покрај промоциите на книгите со гостување на европски автори во вечерните часови, организираме и непосредни книжевни кафесредби на кои можете да ги запознате европските писатели одблизу! 14 ноември, 11:00 Книжарница Антолог, Центар Книжевно кафе со: Славенка Дракулиќ 19 ноември, 11:00 Книжарница Антолог, Центар Книжевно кафе со: Антон Баев, Михал Ајваз, Енес Халиловиќ 20 ноември, 11:00 Книжарница Антолог, Центар Книжевно кафе со: Џамал Уаријачи, Офејгур Сигурдсон, Рику Корхонен

14


#4 САЕМ НА ЕВРОПСКАТА ЛИТЕРАТУРА За време на фестивалот „BookStar“, специјално за нашите читатели направивме листа со попусти на книги добитнички на Наградата за литература на ЕУ во издание на „Антолог“. Емануела Пагано, Троглодитни тинејџери Маренте де Мор, Холандска девица Лука Бекавац, Виљево Милен Русков, Возвишување Магдалена Парис, Магионичар Сара Стридберг, Бекомберја – ода за моето семејство Давид Машадо, Просечен индекс на среќата Лоренцо Амури, Апнеја Офејгур Сигурдсон, Сага за Јон Џамал Уаријачи, Глад Клаудиу М. Флоријан, Времиња на игра. Детство во Трансилванија Лада Жиго, Рулет Ана Ким, Скаменето време Изабел Вери, Обескостена Јоана Парвулеску, Животот почнува во петок Габриела Бабник, Сушен период Кристијан Банг Фос, Смртта вози ауди Јан Њемец, Историја на светлинатa Одни Еир, Земја на љубовта Дулсе Марија Кардозо, Сочувство

УНИВЕРЗИТЕТСКО ПРЕДАВАЊЕ

21 ноември 13:00 Филолошки факултет „Блаже Конески“ – Катедра за славистика Предавање и книжевно читање: Михал Ајваз Во соработка со: д-р Јасминка Делова-Силјановска, професорка при Катедрата за славистика

Фото: © David Konečný (Moravská zemská knihovna v Brně — České literární centrum)

15



Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.