Page 1

Весело училиште

Кон моето весело училиште фекое утро сонливо брзам јас, го чекам почетокот на првиот час А уште повеќе ѕвончето кое ќе го осначи крајот и ќе донесе спас за сите нас. Професорот оценки става, а ти незнаеш кај ти е глава. Се смеам,се ми е смешно но, да се научи лекцијата по притодно науки воопшто не е лесно. Бројки насекаде испишани формулите некаде скришно запишани сунгерот го земаш и почнуваш да бришеш и повторно пак математика сметаш, а всушност со умот некаде во облаци леташ. По македонски во читање по некој збор крадеш за појадок в училиште само глаголи јадеш. По информатика компјутерот како да ти е смешка, но задачата што ни ја дава професорот многу е тешка.


По историја за Александар Македонски не знаеш, не си ја научил лекцијата, па затоа се каеш. Физичко стој на раце правиш од вежбите почнуваш да се давиш. По техничко соларна куќа градиш и веднаш штом ја завршиш на професорката ù велиш „Моево дело е за петка а, патем, голем поздрав од мојата тетка. Ликовно нешто боиш сликар можеби ќе бидеш така судбината си ја кроиш. Професорката по музичко Весна секој час нè тера да пееме по некоја песна. На француски како се викаш ќе те праша, а ти велиш „ Сакам вода,една чаша“ И на англиски зборуваш сè и сешто од тебе е тоа


навистина многу „ вешто“. Весело училиште имам јас во него „петки“ редам и од учење се цедам.

Теона Петровска VIa ОУ „Христијан Карпош“ Куманово

Весело училиште - теона петрофка песна 4  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you