Page 1

и Пет годин ити л и б о м б у л АМСМ К н! е д н е д о р - Среќен ЈУНИ - ЈУЛИ - АВГУСТ 2012 • Бр. 51

членско списание

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

1


2

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


вовед

АМСМ клуб мобилити Членско списание Издавач: Авто-мото Сојуз на Македонија ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-181 Факс: 02/ 3181-119 amsm@amsm.com.mk www.amsm.mk Главен и одговорен уредник: Маргита Поповска Графички дизајн: Катерина Јовановска Редакција: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 54/3 1000 Скопје Република Македонија Тел: 02/ 3181-351 Факс: 02/ 3181-349 redakcija@amsm.com.mk www.amsmklubmobiliti.mk Издавачки совет: проф. д-р Спасе Јовковски (претседател) Јово Вангеловски (член) проф. д-р Никола Панов (член) Калинка Танеска (член) проф. д-р Иво Дуковски (член) м-р Никола Ангеловски (член) Марјан Апостоловски (член) Димитар Миновски (член) Надворешни соработници: Жарко Атанасоски Љубомир Анастасовски Данчо Здравковски Николина Стојанова Игор Ландзберг Андријан Трипунов Александар Табаковски Лектор: Момент Мал

Среќен роденден Клуб мобилити! Да се прослават пет години од постоење на печатен медиум е посебна гордост за секого и за секоја редакција. Педесет броеви на членското списание, чии страници се исполнети со корисни и интересни содржини, коментари, новости од областа на сообраќајот и сите други сфери кои имаат допирни точки со него. Редакцијата на „АМСМ Клуб мобилити“, со своите внатрешни и надворешни соработници, ја создаваше неговата душа, неговиот начин на комуникација со членовите. Успешната работа ја создава еден синџир, а кога станува збор за вакво списание потребно е да се спомнат и другите негови важни алки - од печатењето до дистрибуирањето на „АМСМ Клуб мобилити“ на домашна адреса на членовите на АМСМ. Преку списанието „АМСМ Клуб мобилити“ докажавме колку квалитетот на нашата организација, како и услугите што таа ги дава и дејностите што ги извршува се посебни и применливи во секојдневјето за нашите членови, но и за останатите учесници во сообраќајот. За тоа колку едно списание, седмично или месечно, е успешно најмногу говори тиражот со повеќе од 11.000 примероци, што за пишан медиум од ваков вид е многу значајно. Сите напори водат кон негово натамошно усовршување, а со тоа и кон зголемување на тиражниот број, со што сигурно паралелно ќе се зголемува и членството во АМСМ. Сегашните 52 страници на нашето списание ни се предизвик, со цел во нив да сместиме што повеќе живот, што повеќе потребни информации, наменски содржини и новини од областа на сообраќајот кај нас и во Европа, податоци од светот на автомото спортот, од сцената на различните модели автомобили, од меѓународните настани врзани со нашата куќа. Бидете сигурни дека и натаму тоа ќе бидат содржини што ќе ги задоволат вашите очекувања, потреби и високи критериуми. Почитувани членови, ве информираме дека во наредниот период вашето членско списание Клуб мобилити ќе излегува секој втор месец. Следниот број очекувајте го во септември. Маргита Поповска главен и одговорен уредник

Тираж: 11.000 примероци Печати: Сити Принт - Скопје Банка: Комерцијална Банка А.Д. Скопје Жиро-сметка: 300000000915716 Единствен даночен број: 4030991238264 ISSN 1857-6133

Почитувани корисници, Вашите критики, пофалби и сугестии ќе ни бидат патоказ во реализирањето на подобрувањето на сите услуги на АМСМ, што ќе биде во Ваша корист. За оваа цел на располагање ви е нашата мејл адреса contact@amsm.com.mk Доколку вашето членското списание АМСМ Клуб мобилити не го добивате редовно на вашата домашна адреса, јавете се на телефон 02/ 3181-351 или пишете ни на нашата мејл адреса redakcija@amsm.com.mk © Сите права се заштитени. Овој труд не смее да биде преведен или копиран во целина или негов дел без дозвола на издавачот. Забрането е било какво складирање и архивирање, електронско прилагодување, компјутерско програмирање или користење со некоја слична или различна технологија позната до денес или која ќе се развие во иднина.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

3


4

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


С О Д Р Ж ИН А

8 9

hi-tech 28 МОЖЕ ХОЛОГРАМ НАМЕСТО ОБИЧНА ТЕЛЕВИЗИЈА

НОВОСТИ НАЈЛУТАТА „ЕДИНИЦА“ ИМА ТРИ ВРАТИ ОТПОРЕН НА БАБУНИ

АМСМ 10 АМСМ Е БРЕНД СО ДОСТОЈНА ПРЕПОЗНАТЛИВОСТ И ДОВЕРБА - ИНТЕРВЈУ СО Г. ДИМИТАР МИНОВСКИ 13 ПОМОШ НА ПАТ И ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ 14 „ВОЛФ“ ПОВТОРНО НА МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР АВТО-МОТО 20 МАЛО ПАКУВАЊЕ СО БОГАТА СОДРЖИНА 24 СМЕНА НА ГЕНЕРАЦИИ ТЕСТОВИ И СОВЕТИ 26 СЛОБОДА, УЖИВАЊЕ, УДОБНОСТ

10

ПАТУВАЊА 30 ЗАЧУДУВАЧКА УБАВИНА СТИЛ 34 БЕЛА КОШУЛА ЗА СЕКОЈА ПРИГОДА ПОЗНАТИТЕ КАКО ЧЛЕНОВИ НА АМСМ 36 кристина арнаудова историја 38 ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ НА ПАЗАРОТ 42 45 47 48

спорт САКАМ УШТЕ ЕДНА ТИТУЛА НА ПАТ ДО НОВ триумф ФИЛМСКИ ЗАПЛЕТ БЕЗ МААНА СЕКОГАШ ДАВАМ 110% ОД СЕБЕ

30

18

50

48 26 34

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

5


Новости Албанија ЗГОЛЕМЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Полицијата е овластена на лице место да наплаќа глоба до 5.000 ALL. Минимални и максимални казни: Прекршок

Одземање на дозвола

Глоба

Надминување на дозволена брзина - до 10 км/час во град

2.000 - 8.000 ALL

- до 20 км/час во град

4.000 - 16.000 ALL

- над 20 км/час надвор од град

10.000 - 40.000 ALL

Под влијание на алкохол

- 1 - 3 месеци* - повторен прекршок во рок од 1 година: 4 до 12 месеци

6 до 12 месеци прекршок 10.000 - 40.000 ALL повторен во рок од 1 година: 1 до 2 години

Неправилно паркирање

2.000 - 8.000 ALL

Некористење на безбедносни појаси

1.000 - 4.000 ALL

Употреба на мобилен телефон при возење

1.000 - 4.000 ALL

поминување на црвено светло

5.000 - 20.000 ALL

небрежно свртување или возење наназад

2.000 - 8.000 ALL

без средни светла

2.000 - 8.000 ALL

6 до 12 месеци

1 евро = 138 ALL

* 3 до 6 месеци за возачи кои поседуваат возачка помалку од 3 години. •

6

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Црна Гора ЗГОЛЕМЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Минимални и максимални казни: Прекршок Надминување на дозволена брзина • во град: - до 10 км/час - до 30 км/час - до 30 км/час • надвор од град: - до 30 км/час - до 50 км/час - до 50 км/час

Глоба

- 20 евра - 30 евра + 1 поен - 50 - 150 евра + 3 месеци одземена дозвола - 20 евра - 30 евра + 1 поен - 50 - 150 евра + 3 месеци одземена дозвола

Под влијание на алкохол

50-150 евра + 1-3 месеци одземена дозвола

Неправилно паркирање

30 евра

Некористење на безбедносни појаси

15 евра

Употреба на мобилен телефон

20 евра


новости Белгија ЗГОЛЕМЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Надминување на дозволена брзина во град Од 1 до 10 км/час

Глоба

Данска ЗГОЛЕМЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ Возачите на автомобили можат да бидат казнети за надминување на ограничувањето на брзината, како што следува: Надмината брзина над дозволеното во % : %

Автопат (1)

Автопат (2)

Автопат (3)

0 - 19%

1.000 DKK

1.000 DKK

1.500 DKK

20 - 29%

1.500 DKK

1.500 DKK

1.500 DKK

50 евра

Од 11 до 30 км/час

50 евра за првите 10 км/час + 10 евра за секој додатен км/час

Над 30 км/час

Казна на суд*: од 60 до 3.000 евра и одземање возачка дозвола од 8 дена до 5 години

•За странци, можна е казна на лице место до 750 евра Надминување на дозволена брзина вон град

Глоба

30 - 39%

1.500 DKK

2.000 DKK

2.000 DKK

40 - 49%

2.000 DKK

2.500 DKK

2.500 DKK

50 - 59%

2.000 DKK

3.000 DKK

3.000 DKK

60 - 69%

2.500 DKK

3.500 DKK

3.500 DKK

70 - 79%

3.000 DKK

4.500 DKK

4.500 DKK

80 - 89%

3.500 DKK

5.000 DKK

5.000 DKK

90 - 99%

4.500 DKK

6.500 DKK

6.500 DKK

+ 100%

5.000 DKK

7.500 DKK

7.500 DKK

Од 1 до 10 км/час

50 евра

Од 11 до 40 км/час

50 евра за првите 10 км/час + 5 евра за секој додатен км/час

1) Aвтопати каде што ограничувањето на брзината е помало од 100 км/час 2) Aвтопати каде што ограничувањето на брзината е 100 км/час или повеќе 3) Возила над 3,5 т и возила до 3,5 т кои влечат приколка

Над 40 км/час

Од 55 до 2.750 евра* и одземање возачка дозвола од 8 дена до 5 години

(Ако брзината надминува 140 км/час парична казна за голема брзина ќе биде додадена на горенаведените износи.

Глоба - Забрана за возење 3 часа

Мандатна казна Од 0,05% до 0,08%: -(или депозит) на 150 евра, ако е со друг прекршок од 150 до 3.000 евра

Унгарија ЗГОЛЕМЕНИ КАЗНИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ •Возење под дејство на алкохол (BAC <0,05%) - од 15.000 до 30.000 HUF •Возење под дејство на алкохол (BAC 0,050,08%) - од 20.000 до 40.000 HUF •Возење под дејство на алкохол (BAC > 0,08%) - од 20.000 до 50.000 HUF •Неносење на појасот (возач и совозач) или неносење на безбедносна шлем (мотоциклист - возач и совозач) - 30.000 HUF •Некористење на соодветен систем за врзување деца - 30.000 HUF •Употреба на мобилен телефон додека возите - од 15.000 до 30.000 HUF • 1 евро = 285 HUF

%

додатна казна за голема брзина

140 - 149

1.000 DKK

150 - 159

1.500 DKK

160 - 169

2.000 DKK

170 - 179

2.500 DKK

180 - 189

3.000 DKK

190 - 199

3.500 DKK

200 - 209

4.000 DKK

210 - 219

4.500 DKK

220 - 229

5.000 DKK

230 - 239

5.500 DKK

Ако брзината надминува 60% (на автопати и на други патишта) или повеќе од 160 км/ч, на возачот ќе му биде одземена возачката дозвола и ќе треба да полага нов возачки испит. За возач на автомобил со приколка следуваат исти казни за надминување на ограничувањето на брзината од 40%. Возење под дејство на алкохол: Износот на казната зависи од приходите на возачот: 0,05% до 0,12% Над 0,2%

Подготвува: Информативен центар тел: 15 555

Алкохол во крвта

Паричната казна врз основа на нето месечните примања се пресметува според нивото на алкохол во крвта 1 месечен нето приход на сторителот и до 20 дена во притвор *

Неправилно паркирање - 510 DKK или 650 DKK Неносење на сигурносен појас - 1.000 DKK Возење низ црвен семафор - 2.000 DKK / казнени поени. •

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

1 евро = 7,43 DKK

7


Новости

BMW M 135i

Најлутата „единица” има три врати

B

MW ја претстави изведбата со три врати на новата Серија 1, а со неа и најлутата изведба на „единицата” означена како M 135i. Лутината се препознава преку посебниот аеродинамичен пакет кого го оправдува турбо бензинецот 3.0 кој кон сите тркала турка 320 КС преку 6 степен рачен менувач или 8 степен автоматик. Спринтот до 100 км/час се случува за брзи 5,1 сек. со рачниот менувач и 4,9 секунди со автоматикот. Максимумот е ограничен на 250 км/час. Покрај моќниот мотор M 135i добива и спортско потпирање, масивни сопирачки и единствено уредување кое ја нагласува идејата на друмскиот тркач која гласи: „Задоволство во возење”.•

Chevrolet Trax

За поголема проодност

C

hevrolet го најави својот прв мал спортски теренец кого го нарече Trax и со кого планира освојување на глобалниот пазар во сегментот. Trax ќе се продава во 140 држави ширум светот, нудејќи им на купувачите зголемена проодност со возни карактеристики и потрошувачка кои се еднакви на еден компaктен автомобил. Trax е поставен на основата на малиот спортски теренец Opel Mokka и под хауба носи три мотор бензинец 1.6 со 115 КС, турбо 1.4 со 140 КС и дизел 1.7 со 130 КС. Светската премиера на Trax, Chevrolet ја закажува за на есен на салонот на автомобили во Париз, а продажбите стартуваат на пролет следната година.•

Volkswagen Scirocco GTS

30 години Scirocco

V

olkswagen годинава прославува 30 години од појавувањето на купето Scirocco во својата понуда и во чест на големиот јубилеј ја најавува специјалната серија GTS. Моделот кој ќе биде претставен на изложбата во Лајпциг е дизајниран во стилот на тркачките автомобили од 1970-те и 1980-те години со нагласени надолжни линии, црвено обоени ретровизори и сопирачки клешти. Поставен е на бандажи од лесен метал од 18 инчи кои дополнително ја истакнуваат неговата моќ оправдана преку 2.0 литарскиот турбо бензинец со 211 КС. Scirocco GTS ќе биде вклучен во редовната понуда на VW, иако цената сè уште не е објавена.•

8

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


новости

Автонова

Несекојдневниот Citroen DS5 достапен во Македонија

Н

ајголемиот и секако највпечатливиот модел од DS линијата на Citroen официјално од средината на мај е достапен и на нашиот пазар. Футуристичкиот дизајн, врвните материјали, високиот луксуз и најмодерната технологија кои се составен дел од DS5 го карактеризираат автомобилот како вистински премиум производ кој неможе, а и не смее да се смести во предходно одреден сегмент. Импозантната појава на надворешноста е вистински магнет на погледи додека во внатрешноста инспирацијата пристигнува од аеронаутиката. Под несекојдневното лимено одело се крие и врвна меха-

ника која е составена од најновата генерација на турбо бензински и дизел агрегати. Во понудата постои и хибридна изведба која ја комбинира силата на дизелскиот и електричниот агрегат чија што збирна моќ изнесува

150 години Opel

Еуроимпекс

Јубилеј вреден за паметење

Г

200 КС и се испраќа на сите четири тркала. Инаку, новоизбраниот француски Председател Франсоа Оланд го избра токму DS5 како автомобил со кој за прв пат се појави во јавност по стапувањето на функција. •

Премиера на новиот Peugeot 208

одинава Opel прославува 150 години постоење. Прославата се одвива низ целиот свет, а пристигна и во Македонија. На големата забава гостите се дружеа со најновиот амбасадор на марката - познатиот пејач Момчило Бајагич – Бајага, се запознаа со врвното достигнување во светот на автомобилите, електромобилот Opel Ampera. Воедно, вредно е запознавањето со историјата на Opel, која почнува во 1962 година и од производител на машини за шиење Opel станува една од највредните автомобилски марки на денешнината. Во насока на прославата Opel организира и два натпревари на тема „150 години Opel“, каде младите дизајнери можат да го искажат својот талент и да добијат вредни награди. •

П

од мотото „Let Your Body Drive“ на македонската автомобилска сцена премиерно блесна новиот Peugeot 208. На статичката презентација наменета за преставниците на седмата сила новиот субкомпакт покажа дека претендира да ја продолжи успешната низа на неговите предходници (206, 207) и да се искачи на тронот во својот сегмент. Очекувањата се оправдани бидејќи новиот стајлинг на надворешноста и крајно софистицираната внатрешност на новиот Peugeot 208 го издвојуваат од стереотипите кои владеат во моментот. Колорната палета на екстериерот е искучително интересно конципирана, а во зависност од потребите и навиките на купувачите на располагање стојат верзиите со три и пет врати. Младешкиот дух е дополнет и со обновена палета на бензински и дизел агрегати кои поседуваат три и четири цилиндри и освен високата еколошка прифатливост се одликуваат со подобрена моќност и намалена потрошувачка. Во понудата се истакнува изведбата e-HDi која има просечна потрошувачка од 3,4 л/100 км и емисија на Цо2 од ниски 87 г/км.•

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

9


амсм

Интервју со г. Димитар Миновски - генерален секретар на АМСМ

АМСМ е бренд со достојна препознатливост и доверба

10

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

Потребата од списанието „АМСМ Клуб мобилити“, како постојан потсетник и информатор на нашите членови, е неоспорна. Новините во автомобилизмот, во патната инфраструктура, во зголемувањето на безбедноста во сообраќајот, ПРЕДИЗВИКОТ И УБАВИНАТА НА МОТОРИЗИРАНИОТ ТУРИЗАМ секогаш се актуелни теми и верувам дека тие се неисцрпни.

услуги и привилегиите што ги нуди системот на АМСМ на своите членови? Миновски: „АМСМ Клуб мобилити“ сосема одговорно и успешно ги презентира услугите на АМСМ, но, секако, постојат и други начини за информирање на членството, што АМСМ ги практикува. Рубриките кои се постојани и се од информативен карактер, за новините во сообраќајната инфраструктура, измените на законските прописи или состојбата и простручната јавност. Лично, мислам дека •Господине Миновски, Вие сте иницијатор за објавување на списа- целта ја постигнавме во целина, иако односта на патиштата со сите статичнието „Клуб мобилити“, со цел да се има уште многу да се направи, но тоа ки и динамични елементи, како што ние ги нарекуваме, во Македонија и пополни долгодишната празнина на ќе биде предизвик за во иднина. во другите држави се постојан потквалитетен контакт со членството на АМСМ. По петгодишно постоење •„АМСМ Клуб мобилити“ е дел сетник за возачите и за моторизина списанието, сметате ли дека е по- од ЕКМА, во која членуваат сите раните туристи-наши членови, а со списанија на автомото клубовите единствена цел нивното патување да стигната целта? Миновски: Пред сè, честитки за пет- во Европа. Дали нашето членско спи- биде побезбедно и попријатно. Покрај овие информации врзани за годишниот јубилеј, секако, патувањата, нашите читатели со желба секоја година да постојано се запознаваат со Преку списанието АМСМ Клуб бележиме раст и поголема комплетната палета на многу читаност. AMСМ претендимобилити нашите читатели услуги, кои нашите членови ра да се развие во модерен постојано се запознаваат со можат бесплатно или со поавтомобилски и туринг клуб, пуст да ги користат, како што во кој членовите ќе бидат комплетната палета на се бесплатната проверка на постојано и навреме информимногу услуги, кои нашите нивните возила во пресрет на рани со квалитетни и значајни летната и на зимската сезона, членови можат бесплатно информации врзани за нивпопустите при користењето ното патување со автомобил. или со попуст да ги користат. на службата за патна помош, Ваквата идеја е присутна мнопопустите за аранжманите на гу одамна во АМСМ, но со нашата туристичка агенција „АМСМ сание придонесе за популаризација осамостојувањето на нашата држава, Турс“ и голем број други бенефиции. на АМСМ и за негово поинтензивно а особено со остварувањето на полнопретставување? правно и непосредно членување на АМСМ во меѓународните асоцијации Миновски: „АМСМ Клуб мобилити“ • Повратниот позитивен ефект од ФИА, ФИМ и АИТ во текот на 1993 и веднаш беше прифатен во ЕКМА и са- функционирањето на „Клуб мобили1994 год. оваа идеја стануваше сè поак- мото членување, рамноправно со ко- ти“, од членoвите, го поттикнува туелна. Секако, во овој период АМСМ легите од редакциите на списанијата прашањето какви се перспективите имаше други приоритети кои се одне- на многу поразвиените клубови од на списанието и што да очекуваат суваа, пред сè, на продолжувањето на Европа, говори за тоа дека нашите нашите членови во иднина? инвестициониот циклус на изградба напори за издавање сопствено списа- Миновски: Потребата од „АМСМ Клуб на станици за технички преглед и бази ние веднаш беа поздравени од еми- мобилити“, како постојан потсетник за лоцирање на Службата за помош нентни новинари кои членуваат во и информатор на нашите членови, е на пат низ цела територија на наша- оваа асоцијација. Во овој контекст, неоспорна. Новините во автомобита држава. Сепак, профилирањето и вредно е да се спомне дека АМСМ се лизмот, во патната инфраструктура, доближу-вањето на АМСМ до нашите придружи на трите, од вкупно шест, во зголемувањето на безбедноста во членови логично наметнуваше оваа автомобилски клубови од поранеш- сообраќајот, предизвикот и убавината идеја за сопствено списание да влезе ните југословенски простори, а, мо- на моторизираниот туризам секогаш во финансиските планови и на мое лич- жеби, треба се каже и тоа дека некои се актуелни теми и верувам дека тие но задоволство, за прв пат од своето автомобилски клубови, со поголема се неисцрпни. Мојата желба и напори постоење на АМСМ (во 1945 год.), во традиција, од нашето соседство сè ќе бидат во правец „АМСМ Клуб моби2007 год да го издадеме првиот број уште се соочуваат со предизвикот за лити“ да ги зголеми бројот на странииздавање сопствено печатено списа- ците и да отвора нови интересни теми на „АМСМ клуб мобилити“ . и рубрики. Секако, оваа заложба мноЗа темите и за квалитетот на „Клуб мо- ние. гу ќе зависи од моментните финансибилити“ најповикани се да се изјаснат ски состојби. • Дали сметате дека „Клуб мобинашите членови, кои списанието го долити“ успева да ги претстави сите биваат на домашна адреса и, секако, 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

11


амсм • Господине Миновски, на чело на АМСМ сте повеќе од 20 години. Како генерален секретар на системот на АМСМ, како би ги поделиле периодите на неговото функционирање? Миновски: Особена гордост и задоволство е да се биде на чело на организација која опстојува од 1945 год. Во овој периoд АМСМ минува повеќе периоди поврзани со трансформацијата на нашиот правен и општествено-економски систем, а тоа особено се случува во периодот по осамостојувањето на Република Македонија. Особено е значајно да се напомне дека АМСМ не е резултат на едно раководство, туку на цела плејада луѓе кои несебично го вложиле својот труд и афинитети оваа организација да биде во чекор со времето, со што дале личен придонес АМСМ и денес да биде лесно препознатлив и со достојна доверба меѓу нашите членови и клиенти. Кога зборувам за правните аспекти, мислам на повеќето законски промени што задолжително влијаеја на правниот курс на АМСМ, со укажување на фактот дека, и покрај различните и можните предизвици, АМСМ не отстапи од главниот мотив на своето постоење, а тоа е профилирање според потребите на своето членство. На овој план треба уште многу да се работи, но факт е дека многу здруженија на граѓани како да заборавија на оваа основна поента на своето основање. Секако, АМСМ постојано го проследува овој јасен курс и преку нашето клупско списание. • Последниве години воведовте многу новини во АМСМ и во неговите дејности, со што се прошири спектарот на услуги... Кои сегменти во работењето на АМСМ би ги издвоиле? Миновски: Годините по осамостојувањето на Република Македонија беа предизвик за сите субјекти на пазарот, па и за АМСМ. Курсот на развивање на пазарното стопанство и конкуренцијата, што ја носи овој концепт, е особен предизвик за здруженијата на граѓани. Предизвикот е во тоа што законодавецот дава можност здружението непосредно да се занимава со стопански дејности или тоа да го прави во друга правна форма. Тука е замката, здруженијата да им дадат приоритет на економските 12

АМСМ не отстапи од главниот мотив на своето постоење, а тоа е профилирање според потребите на своето членство изјави г. Димитар Миновски во разговорот со Главниот уредник Маргита Поповска

прашања, а истовремено правата на членовите, декларирани со статутот, да се запостават. Во прилог на ова му одат сложените економски услови на стопанисување. АМСМ избра јасен концепт, според кој, бизнисот го водат проверени кадрименаџери. Во овој контекст, усвоени се нови знаења организирани во повеќе правни лица, оспособени успешно да функционираат на пазарот. Тоа, од друга страна, создаде соодветен простор за здружението. АМСМ дефинира повеќе членски пакети за земјата и за странство, кои се добро прифатени, но не можеме да сме задоволни од бројот на членството, како и од фактот дека во најголем процент членството е лоцирано во главниот град. Што се однесува на тоа дали треба да се издвои некое правно лице од системот на АМСМ, ќе речам дека тоа не е возможно да се направи од едноставна причина што пазарот сè уште се моделира со нови прописи, кои во овој перид ги опфаќаат дејностите од нашиот сектор, па логично е овој процес да потрае уште некое време. За мене е најважно што раководството на АМСМ има јасен концепт кој, убеден сум, ќе успее. Зарем нашето списание „АМСМ Клуб мобилити“, со моментен тираж од 11.000 примероци, не е пример за голем успех? • Од директните контакти на средбите со претставници од различни автомото туринг клубови, надвор од нашата земја, според Вас, до каде е развојот на нашиот Сојуз во споредба со другите клубови? Миновски: Секако дека компарирањето со коресподентните клубови е 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

предизвик за развој. Јасно е дека мора уште многу да се работи и напредува за да се постигнат резултати какви што имаат некои западноевропски клубови. Самиот податок дека германскиот АДАК објави членство од приближно дваесет милиони или некои други кои имаат опфат од над 50 % од бројот на возилата во државата, е нешто кон што ќе се стремиме подолг перид. Сепак, тоа се држави со изразена култура на живеење, според која, членувањето во автомобилски клуб е неопходност за сигурно и безгрижно патување. Ние упорно работиме на развојот на оваа култура меѓу нашите возачи и со задоволство можам да го истакнам фактот дека најлојални членови ни се возачите од понежниот пол, кои, соочени со динамиката на модерното живеење, бараат професионална организација на која ќе ѝ ја дадат довербата за одржување и грижа на возилото. Со задоволство можам да го истакнам фактот дека благодарение на јасниот курс кој АМСМ го одржува за развој во модерен автомобилски клуб е причина на нашиот претседател, проф. д-р Спасе Јовковски, да му се довери функцијата претседател на КОФО (координативен форум на 23 автомобилски клубови од Југоисточна Европа), со мандат од четири години, за координатор на КОФО е избрана Ирена Миновска, вработена во АМСМ, а, исто така, севкупните стручни работи да ги извршува стручната служба на АМСМ. • Какви се перспективите и можностите за успешно функционирање на АМСМ во период кога економијата стагнира?


амсм Миновски: Веројатно многу стопанственици го бараат вистинскиот одговор на ова прашање. Сепак, мислам дека АМСМ има капацитет со успех да го надмине предизвикот на ова време, бидејќи во минатите години потроши многу енергија за анализа на пазарот и на конкуренцијата, на сопствената реорганизација, на ангажирањето проверени кадри, на изготвувањето нови софтверски решенија и на намалувањето на трошоците на работење. Конечно, АМСМ го зацврсти имиџот на успешна организација кај граѓаните која прави сè за да се доближи до нив со квалитетна и ефикасна услуга. • За крај, што би им посакале на

повеќе од 11.000 редовни читатели на „Клуб мобилити“? Миновски: Да го читаат „АМСМ Клуб мобилити“ и да ни пишуваат како да го подобриме. Секако, ние ќе се трудиме информативниот дел во списанието да биде уште поквалитетен за нивното патување да биде олеснето и посигурно. Целта е нашите читатели и членови да создадат навика постојано да се информираат пред своето патување, не само преку ова списание, туку и преку телефоните 15555 на Контакт- центарот и 196 на Службата за патна помош. Ова е особено значајно кога се наоѓаат во странство, затоа што при сите незгоди, вообичаено, е потребно контактирање и координирање на повеќе служби, како што се полиција, царински служ-

би, болници, вештаци и сл. што во странска држава не е едноставно и често претставува губење драгоцено време. Проблемите, најефикасно и најевтино, се надминуваат кога АМСМ посредува преку коресподентниот клуб. Состојбите се усложнуваат кога во сето ќе се вклучат некои кои сакаат во ваква ситуација да заработат некој денар, а нашето искуство покажува дека постојат добро организирани мрежи, oсобено на нашите балкански простори, кои на многу вешт начин го постигнуваат тоа. Поплаките по ваквото лошо искуство се задоцнети и единствено служат како искуство за во иднина, како и да им се пренесат на блиските и на пријателите. • Маргита Поповска

АМСМ Центар за возила

Помош на пат и за превозниците

Сервис 24 е добро организирана сервисна мрежа која секогаш го бара најдоброто решение за своите клиенти. Единствениот телефонски број нуди помош на пат во цела Европа за сите транспортери кои вршат превоз на стока и на патници. Сервис 24 на територијата на Европа има договори со 41.000 договорни партнери, со цел најбрза, најевтина и најквалитетна услуга за своите членови.

В

о рамките на АМСМ Центар за возила започна да работи Кол-центар за помош на пат на транспортните компании кои вршат превоз на стока и на патници. Кол-центарот работи 24/7, 365 дена во годината и им дава поддршка на компаниите на македонски јазик. Ова е можност првпат на нашите превозници да им се овозможи да добијат помош на пат со посредство на домашна компанија, за територијата на Европа. Центарот за возила на АМСМ им беше домаќин на директорот на Сервис 24, г. Јарно Бор, како и на претставниците на најголемите здруженија на превозниците во Република Македонија, г-ѓа Биљана Муратовска, генерален секретар на Здружението на превозници на стока „Макам-транс“ и г. Горан Трпковски, претседател на Здружението на превозници на патници „Исток“. На оваа средба, претставниците на Центарот за возила на АМСМ и

Сервис 24 потпишаа договор за соработка, со што се официјализира почетокот на работата на Кол-центарот. Услуги што им се нудат на нашите корисници се: сервис во случај на замена на пневматик на возило, шлепување и сервисирање, сервис за приколки и полуприколки, услуга за плаќање казни со можност за поврат на средствата со ангажирање адвокат, помош при полициска контрола/ сервис за превод на комуникацијата, претовар на стоката од оштетено/ дефектно возило, организација на замена на возило (вклучувајќи и ладилник)/ замена на возач, гаранции за плаќање на услугите, совети при превоз на опасни материи, безготовинско плаќање и многу други. Сметаме дека со давањето на оваа услуга на македонските транспортери во голема мера ќе помогнеме при секојдневните проблеми што тие ги имаат при транспортот надвор од границите на Р.М. • Данијела Доневска 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Г-ѓа Данијела Доневска, управител на АМСМ Центар за возила и г. Јарно Бор, директор на Сервис 24

13


амсм

Моторни масла и адитиви

„Волф“ повторно на македонскиот пазар „Волф“ (WOLF) е независна и иновациска компанија за производство на моторни масла. Од основањето во 1955 година прераснува во голем играч во автомобилската индустрија. Денес има 150 специјалисти за изработка на производи „Волф“ кои се карактеризираат со квалитет и со доверливост. Со полувековната експертиза и искуство, „ВОЛФ“ е идеален за потребите на пазарот за подмачкувачи (лубриканти). Марката „Волф“ им нуди на своите корисници уникатно решение, обезбедувајќи им целосен избор на лубриканти, производи за одржување и нега на автомобилот во зимски услови, адитиви и премази кои ги исполнуваат современите стандарди за квалитет и технологија.

14

ЗОШТО ДА ГО ИЗБЕРЕТЕ БРЕНДОТ „вОЛФ“? „ВОЛФ“ изработува високотехнолошки производи, кои се одобрени од производителите на моторни возила, во согласност со нивните барања. Опсегот на мултифункционалните лубриканти, трансмисијата и хидрауличните течности, како и премазите, не само што се доверливи, туку и гарантираат оптимално функционирање на вашиот возен парк. „ВОЛФ“ разви иновациска алатка за препорачување производ, што помага при селектирањето на правилниот „Волф“ лубрикант. Лубрикантите се адаптирани на современите технолошки еволуции во транспортниот сектор.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


амсм

„ВОЛФ“ - Систем за заштита од гасови е име за новата генерација лубриканти. Неговиот опсег ги исполнува и најстрогите норми што се поставени од производителите на автомобили.

„ВОЛФ“ нуди голем избор на високотехнолошки адитиви за одржување мотори и ладилници за секаков вид возила. Нивниот капацитет за прочистување значително го продолжува животот на моторот и на ладилникот. Адитивите за гориво (за дизел, бензин и ТНГ) и специјалниот ДПФ-чистач го одржуваат секој мотор во оптимална форма. „ВОЛФ“ нуди голем избор на производи, посебно формулирани за безбедно возење и во најекстремни зимски услови. Се користат за секој вид возило. Го штитат возилото од многу ниски температури, како и од корозија и од висока температура. Зимската производна програма на „ВОЛФ“ опфаќа и средства за чистење шофершајбни, концентрирани и во разблажена состојба. Сите производи на „ВОЛФ“ се достапни во 1L, 2L, 5L, 20L, 60L, 205L, 1.000L итн.

Отсега производите на марката „ВОЛФ“ можете да ги набавите и во АМСМ Услуги Трејд, каде што на располагање ви стојат следните услуги: • Опрема за технички преглед • Опрема за автодијагностика на возила • Опрема за автосервиси • Опрема за калибрација на аналогни и на дигитални тахографи • Софтвер за обработка и за архивирање податоци од аналогни и од дигитални тахографи и сл. • Опрема за светлосно обележување на сите типови специјални возила •

КОНТАКТ: ул. „Митрополит Т. Гологанов“ бр. 51 1000 Скопје, Р. Македонија Тел/Факс: +389 2 3181 133 Моб: +389 71 329 705 E-mail: tdimeski@amsm.com.mk www.amsm.mk

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

15


АМСМ

ФИА работилница за членство

Со нови активности до повеќе членови На работилницата зедоа учество 20 претставници од 11 авто клубови од различни држави. Имено, покрај АМСМ од Македонија, учество зедоа клубови од Франција, Италија, Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Шведска, Австрија и Шпанија. Во периодот од 03 до 06 јуни2011 година, во рамките на ФИА (Меѓународната автомобилска федерација) Региа 1, беше организирана „Работилница на ниво на среден менаџмент“ во градот Загреб, Р. Хрватска. Работилницата за среден менаџмент се одржува на годишно ниво, со цел клубовите и раководителите да се стекнат со знаење и искуство, нови идеи и решенија за идните развојни активности на клубовите, поврзани со членството, маркетингот и туризмот. Оваа година работилницата беше фокусирана на следниве теми: - Оценување на маркетинг активностите, зголемување на лојалноста на членовите, членски услуги и мож16

ностите на пазарот, „Патувајте зелено“- клупски активности и услуги, Туризам – развојни активности на клубовите во туризмот, предизвиците во членството, развој на членството во услови на економска криза. АМСМ се претстави со презентација на тема „Зголемување на лојалноста на АМСМ членовите“, подготвена и презентирана од Анжелика Мисајловска, раководител на секторот „Членство и Маркетинг“. Во презентацијата беа опфатени сите активности што АМСМ ги остварува за своите членови. Врз основа на направената анализа за АМСМ членовите заклучивме дека 50% од постојните членови се лојални членови 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

кои секоја година го обновуваат членството и ги користат услугите на АМСМ. Тоа зборува за фактот дека АМСМ членовите се задоволни од понудените услуги на нашиот систем. Како новина која се презентираше на оваа работилница беше темата „Патувајте зелено“. Со оваа тема се претставија клубовите од Норвешка, Франција и Италија. Тие ги промовираа електричните возила со нулта емисија на издувни гасови кои се ослободени од плаќање давачки кон државата. Продажбата и застапеноста на овој тип возила е потпомогната и од Владата на овие држави. • Анжелика Мисајловска


амсм

Летото пристигна, а со тоа и летните амсм новости и погодности! ОДЛИЧНА ШАНСА ЗА СУПЕР ЛЕТУВАЊЕ

НАСКОРО НОВО АМСМ БИЗНИС ЧЛЕНСТВО

BUSINESS EUROPE PREMIUM за безгрижни службени патувања Business Europe Premium членството е наменето за правни лица, а услугите вклучени во членскиот пакет важат за секое возило од службениот возен парк и можат да се користат како на цела територија на Република Македонија, така и било каде во Европа.

Пристигна долгоочекуваниот летен годишен одмор. Подготвивте речиси се за Вас и Вашето семејство, но Ви остана уште дилемата КАДЕ ОВА ЛЕТО. Треба да биде Грција или Турција, со убава плажа, блиску до центарот на градот, со убаво сместување, да не чини многу... Застанете, АМСМ Турс има одлични идеи за добро летување за одлична цена. 1. Предлог бр.1: Ханиоти, Грција 7 ноќевања во хотел Гранд Викторија 3*, веќе од 250€ по лице со полупансион, неограничени пијалоци за време на оброците и гратис 2 деца до 12 години. 2. Предлог бр.2: Кушадаси, Турција Чартер програма со11 ноќевања во LAL Hotel 2*, веќе од 384€ по лице со полупансион И не заборавајте: нашите АМСМ членови добиваат 5% попуст на сите туристички аранжмани. За повеќе информации посетете ја www.amsmtours.mk или јавете се на 02/3181-120 и резервирајте уште веднаш. •

Услуги во Македонија: •Бесплатно шлепување во случај на сообраќајна незгода •Бесплатно шлепување во случај на дефект на возило •Бесплатна помош на пат •Извлекување на возило •Покривање на патни трошоци во случај на незгода или дефект •Травел инфо сет: патна карта, рутер и информатор за земјата и за странство •Попусти во системот на АМСМ: •10% попуст на технички преглед •20% попуст на сите сервисни услуги •Членско списание Клуб Мобилити на адреса на вашата компанија Услуги во Европа: •Бесплатна интервенција при дефект на возило •Бесплатен пренос при сообраќајна несреќа •Покривање на патни трошоци во случај на незгода или дефект или

Технички преглед на вашето возило за само 799 денари!

•Рент-а-кар •Хотелско сместување

Направете технички преглед на возило за само 799 денари, и тоа во новореновираната станица за технички преглед во Скопје (Центар) и АМСМ станицата за технички преглед во Скопје (Чаир) и патувајте безгрижно. Акцијата трае до 30.09.2012 година. Повеќе информации на АМСМ инфо линија (02) 3181 181 •

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

17


вие прашувате

• Колку пати можам да ги искористам услугите на влечната служба бесплатно со членството Classic? Марко, Скопје АМСМ: Со членството Classic, услугата „бесплатно шлепување“ Ви следува два пати и тоа: • еднаш во случај на сообраќајна незгода; • еднаш во случај на дефект на возилото, а притоа истото да не е во можност да се движи на сопствен погон. Доколку ги искористите овие две услуги, а имате потреба од повторно шлепување, истото ќе Ви биде наплатено по членска цена. • Ме интересира дали за патување низ Македонија е потребна меѓународна возачка дозвола за граѓаните на Србија (иако поседувам нов тип на возачка дозвола со цип)? Александар од Ниш АМСМ: Според позитивните законски прописи меѓународната возачка дозвола важи на териториите на сите земји потписници на Конвенцијата за сообраќај на патиштата од 08.11.1968 година. Со меѓународната возачка дозвола може да се управува со моторно возило во странска држава под услов на реципроцитет, за време на привремениот престој, додека важи престојот одобрен со туристичката виза или добиен на друг начин. Иако имате нова (биометриска) возачка дозвола (истата е национална возачка дозвола издадена во Р. Србија), потребна Ви е меѓународна возачка дозвола, затоа што и Република Македонија и Република Србија се потписници на Конвенцијата како бивши републики на СФРЈ.

За подетални информации можете да се обратите и до Министерството за внатрешни работи на Република Македонија. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: contact@amsmtp.mk , или во контакт центарот на АМСМ на следниов телефон +389 (0)2 3 181-181, а исто така можете да ја посетите нашата веб страница www.amsm.mk. • Ве молам за информација колку чини зелен картон за мотоцикл од 600 см³ и 40 KW и дали граничните премини кај Дојран и Прохор Пчински работат 24 часа? Со почит, Мики АМСМ: Зелениот картон на мотоцикл од см³ и 40 KW, регистриран во Република Македонија, изнесува 3.690,00 денари. Граничните премини кај Дојран и кај Прохор Пчински работат нон стоп 24 часа. Наша препорака е да го користите граничниот премин кај Дојран. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: contact@amsmtp.mk или во контакт центарот на АМСМ на следниов телефон +389 (0)2 3 181-181, а исто така можете да ја посетите нашата веб страница www.amsm.mk. • Ме интересира дали при технички преглед или регистрација се гледа бројот на моторот или се смета како потрошен материјал? Поздрав, Веле АМСМ: При преглед на моторот и погонските уреди се проверува дали моторот е добро прицврстен на своите држачи и дали елементите за врска

се исправни и неоштетени, дали моторот е комплетен, дали истиот при работа создава бучава поголема од дозволената и дали моторот при работа ги задоволува пропишаните услови во однос на загадувањето на атмосферата. Исто така, се проверува силата на моторот во KW (КС), работната зафатнина на моторот во см³ и бројот на моторот запишан во сообраќајната дозвола. Значи моторот може да се промени, но доколку е променет, а е со иста сила на моторот и работна зафатнина како претходниот во станицата за технички преглед се внесува измената, за потоа истата измена да се внесе во сообраќајната дозвола. Но, ако има промена во силата на моторот и работната зафатнина т.е. не е еднаков или особините на моторот не содејствуваат со оние на претходниот мотор, тогаш измената мора да се констатира и се направи а-тест при Машинскиот факултет. Доколку имате потреба од дополнителни информации ги очекуваме Вашите прашања на нашиот е-маил: contact@amsmtp.mk или во контакт центарот на АМСМ на следниов телефон +389 (0)2 3 181-181, а исто така можете да ја посетите нашата веб страница www.amsm.mk. •

Вашите прашања испраќајте ги на електронската пошта: contact@amsm.com.mk

196 02/ 15-555 02/ 3181-181 18

ПОМОШ НА ПАТ (од Македонија, без префикс, и од фиксен и од мобилен)

+389 2 3181-196

Патни информации (од Македонија)

+389 2 3181-197

ИНФО-ЛИНИЈА (од Македонија)

+389 2 3181-181

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

(од странство) (од странство) (од странство)


6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk

19


АВТО-МОТО

Lancia Ypsilon 1.2 Platinum

Мало пакување со богата содржина Уникатниот имиџ на Lancia Ypsilon не остава место за рамнодушност. Мами воздишки секаде каде што ќе се појави и носи обележје на скап парфем, каде по правило богатата содржина е сместена во мало пакување.

Н

ови ветришта дуваат во Lancia. Легендарната италијанска марка која се соочува со сериозни проблеми заради големиот пад во продажбите години наназад полека почнува да ја менува филозофијата. Моделите се менуваат концепциски, но сепак го задржуваат неодоливиот италијански шарм, препознатлив преку единствениот дизајнерски стил на Lancia. Имиџот е главна нитка во геномот на Lancia кон кого се приклучува и најмалиот автомобил во понудата кој доаѓа како вистинско освежување. Погодувате станува збор за Ypsilon кој за првпат во историјата на моделот доаѓа во изведба со пет врати. Модерната Lancia Ypsilon се појави во 1996 година, како наследник на успешниот Y10. Овој мал успешен автомобил се одржа на пазарот цели 11 години (1985 – 1996) и тоа само со еден „фејслифт“ направен во 1990 година. Новата ера во која моделот го смени името во „Y” донесе и нова идеологија, па така првата генерација на Ypsilon стана премиум мал автомобил со впечатлив дизајн и луксузно уредена внатрешност во која преовладуваат скапи материјали.

20

Првиот Ypsilon ги постави и основите на дизајнот на арматурна табла со инструменти поставени на средина која стана знак на препознавање.

Совршена естетика

Трите врати од секогаш биле главното обележје на Lancia Ypsilon. Но, денес работите се менуваат и таа станува попрактична со дополнителниот

Врвните италијански стилисти успеале на нови претопуваат во каросеријата. Нивното присуст

пар странични врати. Двата дополнителни отвори го олеснуваат пристапот до задната клупа што не беше најсреќно решение кај претходниците. Но, и покрај задните врати нема потреба од страв кај љубителите на Ypsilon. И покрај менувањето на концепцијата автомобилот сè уште не го загубил шармот. Италијаните не залудно се мајстори за дизајн. Тимот којшто се потпишува под дизајнот на новиот Ypsilon ги задржал основните насоки на страничната линија. Задните врати совршено се претопуваат во страничната линија на Ypsilon, а дека станува збор за врати откриваат кваките поставени високо каде што се

Внатрешноста ја следи традицијата на најмалата Lancia. Инструменти поставени на средина, богата опрема, квалитетни материјали и солидна изработка 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

лизга на рамната површина, но затоа убаво изгледаат и пленат со својот дизајн.

Возна динамика за пет

иот Ypsilon да му вметнат дополнителен пар врати кои се тво го сокриваат дури и високо поставените кваки

спојуваат оквирните линии на страничните стакла. Чувството за естетика на италијанските дизајнери при преплетувањето на лачните линии со облините е доведено до совршенство, правејќи го Ypsilon впечатливо парче автомобил кое не може да мине не забележано.

Најудобно е во пар

Најудобно е во пар, меѓутоа задоволувањето на естетските норми го ограничило просторот во кабината. Возачот и совозачот имаат доволно простор по должина и височина, но доколку се покрупни може да им биде тесно и да ги допираат рацете. Задната клупа е тесна, има куса седечка површина и може да смести само двајца патници на куси релации. Потпирачот се преклопува на средина и ја зголемува корисноста на багажникот со волумен од 245 литри кои влегуваат во просекот на класата. Во кабината преовладуваат скапи материјали, крунисани со седишта делумно поставени со кожа наречена Romantic Gold Marrone. За нив во пакетот Platinum се доплатуваат 80 евра. Седиштата се рамни и не го држат телото во свијоците, па тоа се

Од напред Ypsilon делува сериозно како за два броја поголем автомобил. Маската во облик на штит е дебело опточена со хром и служи како најава за влез во премиум сегментот. Дел од шармот е и двобојната каросерија

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Lancia Ypsilon не настапува само како убаво спакуван парфем. Протнувањето низ градскиот метеж и паркирањето е игра. Но, задникот бара навикнување, бидејќи прегледноста ја ограничува масивниот заден носач и високо кренатата линија на појасот. Работата ја олеснуваат сензорите за паркирање. Најбаран мотор e бензинецот од генерацијата Fire кој од 1.2 литри извлекува 69 КС. Спарен со менувач со долги преносни односи моторот не е спринтер. Голем плус се перформансите на отворено каде долго пресметаниот пренос го намалува бројот на вртежи, а со нив паѓа и бучавата и потрошувачката. На автопат при дозволени 120 км/час во крајниот, петти степен на пренос, моторот достигнува околу 3.000 врт/мин. кога се остварува и највисокиот вртежен момент од 102 Nm. Оттука доаѓа и ниската потрошувачка, бидејќи моторот работи во подрачјето на најголема искористливост. Иако смирен по дух во најдобрата традиција на Lancia, моторот јавува глад за вртежи и весело ја прифаќа наредбата од педалот за гас, дури и кога се држи во гранично подрачје. Подвозјето е стегнато и добро се справува со високата каросерија на Ypsilon кој на пат e мирен дури и при високи брзини. Негодува само при страничен ветар и на надолжни канали во асфалтот. На нерамнини потскокнува и заради гумите со низок профил 195/45 R 16 кои годат во свијоци каде Ypsilon e предвидлив и лесно се држи под контрола. Задоволството од возењето единствено го расипува управувањето кое ги изолира предните тркала и не пренесува информации до возачот за тоа што се случува со нив. 21


АВТО-МОТО

ТЕХНИЧКИ КАРАКТЕРИСТИКИ

Задникот на Ypsilon е спој на комплексни линии кои со испапчените крила му даваат помускулест настап

Lancia Ypsilon не е спринтер, не е ниту наменета за возење на нож и најдобро се снаоѓа во град. Сепак, го наследува тркачкиот дух на марката која славата ја стекнуваше на светските релија и доколку со неа се работи може да понуди вистинско задоволство зад волан. Духот на тркач го следи постојано иако поголемиот

дел од сопствениците нема да го бараат максимумот од возната динамика. Нив нема да ги интересира ниту ограничениот простор одзади. За нив поважен е шармот, уникатниот имиџ кој никого не го остава рамнодушен и мами воздишки секаде каде што ќе се појави. Lancia Ypsilon носи аналогија на скап парфем. Таа е мало пакување

Ткаенината на вратите е квалитетна и по текстурата потсетува на кожа

Мотор:

Бензин, четири цилиндари, 8 вентили

Зафатнина:

1.242 см3

Моќност:

69 КС (51 kW) при 6.000 врт/мин

Менувач:

Мануелен петстепен

Погон:

На предни тркала

Обесување на тркала:

Напред: McPherson/ напречни водилки, Назад: торзиска оска

Сопирачки:

Напред: Вентилиран диск, Назад: Барабан

Гуми:

195/45 R16

Маса на возилото:

965 кг

Димензии: Д/Ш/В:

3.842 х 1.676 х 1.520 мм

Забрзување од 0 до 100 км/ч:

14,5 секунди

Максимална брзина:

163 км/час

Цена на тестираниот модел:

16.280 евра

со богата содржина. Премиум парче автомобил по кого ќе лудуваат урбаните девојки и момчиња кои имаат префинет вкус. • Љубомир Анастасовски

Во највисокото ниво на опременост Plаtinum со доплата од само 80 евра се добива релјефна кожа на седиштата кои личат како моден детал

22

Багажникот има 245 литри кои се доволни за секојдневни потреби. Употребливоста се зголемува со соборување на клупата 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk

23


АВТО-МОТО

Renault Megane Collection 2012

Смена на ddгенерации Францускиот производител на почетокот од годинава ја освежи понудата со рестилизацијата на популарните модели од гамата Megane која што редакцијата на АМСМ Клуб Мобилити имаше можност подетално да ја запознае на регионалната новинарска презентација во соседна Србија.

М

оделот Renault Megane и неговите досегашни генерации ужива во добрата репутација кај автомобилските познавачи. Но, одговорните лица од компанијата секогаш сакаат нивните автомобили да бидат во тек со најновите дизајнерски и технолошки трендови, затоа за оваа година одлучија токму на својот „бестселер“ да му подарат освежување кое ќе му даде дополнителна моќ во борбата по сè попребирливите купувачи.

Нови технологии со француски шарм

Екстериерните разлики се сведени во основа на предниот дел од возилото, каде што главните промени се однесуваат на браникот и светлосните групи, во чии состав сега влегуваат и дневните светла во LED технологија. Кај изведбите кои го поседуваат пакетот GT светлечките диоди се вметнати во долниот дел од браникот со што се прави јасна диференцијација од стандардната изведба и акцентот е ставен на спортскиот карактер. Во внатрешноста е работено на подигање на квалитетот и збогатување на понудата на стандардната опрема. Аудио уредот и 24

кај стандардните изведби го поседува попрактичниот приклучок за USB, а доколку изразите желба автомобилот може да биде опремен и со специјално развиениот Bose аудио систем. Од новините кои се имплементирани во новата колекција за 2012 година се издвојува системот visio чија што должност е автоматски да ги вклучува и гаси долгите светла при разминување со возила од спротивна насока. Новина

Во обновената колекција покрај вообичаените изведби на Megane влегуваат и вановите Scenic и Grand Scenic како шик семејни транспортери

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


АВТО-МОТО

Освежениот Megane RS нуди уште поотровни перформанси благодарение на поголемата моќност од 265 КС и се претвора во фаворит на љубителите на лути компакти

е и сензорот кој препознава загаден воздух со што веднаш ја вклучува програмата за рециркулација на воздух во кабината преку автоматскиот клима уред.

Најголемите измени под хаубата

Најважните промени кај Megane се однесуваат на моторната понуда која е збогатена со новоразвиените агрегати опремени со старт/стоп систем и турбо полначи што нудат подобрени перформанси, ниска потрошувачка и емисија на штетни гасови. Главниот збор ќе го имаат 1.5 dCi со 110 КС и 1.6

dCi со 130 КС на дизелската страна и 1.2 TCe, со 115 КС и 1.6 TCe со 130 КС кои ќе ги бранат боите на бензинците. Посебно значење е посветено на новиот бензински 1.2 TCe, со 115 КС кој поседува вртежен момент од 190 Нм што наскоро во име на „даунсајзингот“ ќе треба да го замени атмосферскиот 1.6 бензинец кого го надминува во поглед на перформанси и потрошувачка. Втората опција е потполно новиот 1.6 dCi со 130 КС кој во суштина ги обединува најдобрите карактеристики од двата света, експлозивноста на бензинците и неверојатно ниската потрошувачка која е заштитен знак на компанијата, 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

идеален за семејните изведби од типот на Scenic и Grand Scenic. Промените при рестилизацијата не ја одминаа и најмоќната изведба Megane RS кој во новата сезона влегува со агрегат помоќен за 15 КС и дополнителни 20 Нм. Големата моќност на 2 литарскиот турбо агрегат сега нуди опција за менаџирање на силата така што во секојдневниот режим на работа моторот испорачува „само“ 250 КС, а доколку се избере модусот „sport“, тогаш севкупниот начин на работа на моторот се менува, а во игра скокнуваат и дополнителните 15 КС. • Данчо Здравковски 25


тестови и совети

Камп приколки

Слобода, уживање, удобност Кампирањето е нешто повеќе од еден обичен летен одмор. Социјализацијата е далеку поедноставна и далеку поголема отколку во хотелските, пансионските и приватните сместувања и над сè комодитетот и слободата што ја имаат камперите е неспоредлива со другите видови сместувања

М

ногумина се одлучуваат да ги минат викендите и одморите, кампирајќи во своите нови „домови“, бидејќи тоа им носи и дава големата слобода и уживање. Ниту еден друг вид сместување не може да се пофали со претходно наведената слобода, уживање и удобност. Но, кампирањето во основа бара и соодветни подготовки. Треба да се направи план што да се докупи, што треба да се исфрли, што е најнеопходно да понесете со вас, а најважно од сè е правилно да одберете приколка според вашите потреби, а дури потоа да ги „ковате“ останатите планови. Кога купувате камп приколка, при изборот сигурно дека треба да преовладее вашата желба, но никако не заборавајте на тоа колку е моќно вашето моторно возило и дали е во можност лесно да ја влече избраната приколка. Колку полесна приколка, толку подобро за вашето моторно возило и за вашиот џеб. • Откако камп приколката ќе стане дел од семејството, пожелно е да наравите еден круг до најблиското излетничко место. Неколкуте пробни возења ќе ви помогнат во стекнување

26

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

првично искуство кое подоцна ќе ви биде од голема помош при совладување на големи растојанија. • Со правилен избор на кука за влечење и соодветна приколка, кога станува збор за нејзината тежина во однос на моќност на вашето моторно возило, вие сте ги направиле првите чекори во друштвото на камперите. • Следното на што треба да посветите внимание е брзината со која ќе возите. Препорачлива брзина на автопат за возила со приколки е 80 км/ч, а на регионалните патишта најдобро е да се движите со брзина не поголема од 55 км/ч. Возачите кои со години одат на излети и одмори со камп приколки, го велат следново: „кога влечеш приколка брзината со која се движиш ќе ја преполовиш од онаа кога возиш без приколка“. • Не заборавајте го следново; наглото сопирање најчесто доведува до неконтролирано движење на приколката. Сопирањето да се врши порано и порамномерно и тоа без нагли движења со управувачот. Секое, дури и најмало нагло вртење на управувачот, ќе предизвика нестабилно


тестови и совети

движење на приколката. Затоа бидете претпазливи и сопирајте со време, а не во последен момент. Некои возачи ќе ви препорачаат да ја зголемите брзината во случај да бидете погодени од страничен ветар, демек така ќе го совладате проблемот со занесувањето. Тоа е погрешен совет. Најдобро и единствено решение за вакви моменти е следново: кога ќе почувствувате страничен ветар, намалете ја брзината со која се движите и занесувањето на приколката веднаш ќе исчезне. Пожелно е на покривот од возилото да имате ставено спојлер кој ќе заврши голем дел од работата кога е во прашање аеродинамиката, а со тоа и заштедата на гориво. Ако приколката не е монтажна, односно е од потромав тип, тогаш ќе ви бидат потребни и додатни ретровизори, за подобро да го следите сообраќајот зад вас. • Воопшто не е препорачливо да ја претоварувате камп приколката. Поголемата тежина само ќе му наштети на моторното возило, а приколката ќе биде уште понестабилна. На тоа што сакате да го понесете со вас, местото му е во автомобилот, а не во камп приколката. Товарањето на моторното возило треба да биде рамномерно на двете оски. На пример, најтешките работи што ги но-

сите со вас најдобро е да ги ставите веднаш зад предните седишта. Така тежината ќе се распредели идентично на двете оски и со тоа нема да ја нарушите стабилноста на возилото. • При преминувањето од една во друга коловозна лента, не ја заборавајте приколката - оставете доволно простор и за неа. За приколичарите посебно е деликатно возењето по планински патишта. Таму свиоците се поизразени и затоа возачите треба лакот да го фаќаат пошироко за да не дојде до „заглавување“ на приколката. Нејзиниот радиус на движење е двојно помал во однос на моторното возило кое ја влече. Не само што треба да внимавате на свиоците туку ќе внимавате и на возењето кога се спуштате од планините и ридовите. На овие делници сопирачките најмногу ќе бидат во функција и нема да биде лошо ако од време на време ги „одмарате“. Најумно е да не оставите возилото да се залета по надолнините, туку да го држите постојано под иста брзина. Така сопирачките нема многу да се вжештуваат, а со тоа патувањето ќе ви биде побезбедно. Ова самото кажува дека сопирачкиот систем мора да биде проверуван два пати од стручно лице пред да тргнете на пат. И не заборавајте дека вам ви е забрането возилото да го паркирате на нагорнина или надолнина.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

• Разбирливо е кога возите со приколка, потрошувачката на гориво да биде зголемена. Штом моторот има за задача да влече повеќе килограми, повеќе гориво му е потребно да си ја заврши зададената задача. Заштеда е можна само ако пневматиците се прописно напумпани и ако возилото не е претоварено. • Познато е дека пневматиците со ознака „за сите сезони“ повеќе „трошат“ гориво, отколку пневматиците кои се исклучиво наменети за топлиот период од годината. Возилата со пневматици „за сите сезони“, не можат да бидат толку стабилни како тие што користат летни пневматици. На вас останува кои пневматици ќе ги изберете. • Пред да тргнете, сè што треба да направите е „мала“ проверка на: системот за управување, системот за сопирање, пневматиците, течност за ладење на моторот, бришачите на ветробранските стакла, светлосните уреди и батеријата. За крај, уште еднаш ќе ве потсетиме на следново: „кога влечете приколка треба да возите со двојно помала брзина отколку кога сте без неа, а во свиоците мора да возите уште побавно“. Среќен пат и убаво да си поминете каде и да одите. • Жарко Атанасоски 27


hi-tech

Холограм

Може холограм наместо обична телевизија?

Н

екаде кон крајот на 70тите години од минатиот век, на една од тогашните престижни саемски манифестации за електроника, јапонскиот производител Sharp прикажа телевизор во форма на ѕидна слика, а во кусиот опис беше наведено дека екранот е од течни кристали. Тој прототип имавме прилика да го видиме по две децении, но во сериско производство. Појавувањето на плазма телевизорите кај светската јавност предизвика своевидна треска и трка по купување таков телевизор, тенок и налик на ѕидна слика. Веднаш потоа се појави и сега веќе популарниот „лцд“ телевизор како некоја посовршена изведба на плазмата. Се водеа расправии кој телевизор да се купи, дали плазма или лцд, но додека траеја двоумењата и разговорите, производителите излегоа на мегдан со уште посовршен ТВ приемник, таканаречениот „лед“, чиј екран е составен од многу ситни „лед диоди“. Но, ако не е ХД (High Definition) ништо не сте направиле со купувањето. Сега во мода е лед телевизор со ХД и плус проекција во три димензии (3Д), ама со додаток - посебни очила за следење на 3Д приказот. Сега ќе правеле 3Д телевизор, ама без да бидат потребни очилата. И додека ние сè уште се препираме и договараме каков телевизор да купиме, лабораториите работат

28

деноноќно и најавуваат холограф телевизор. Е ова е веќе крупен чекор напред. А што беше тоа „холограф“? На староеленски „холос“ значи целосно, севкупно, а графос пишува или во слободен превод „целосно опишување“. Што значи тоа? Прикажаните предмети ќе можете да ги видите од сите агли, 360 степени. Холограм приказ - се сеќавате на

Може, како не. Со холограмот ќе си „патуваме“ каде сакаме. Го ставаме посебното ЦД, да го наречеме „холограмско“, со снимки од амазонската џунгла, пустината Гоби или подводни корални острови и забавата во нова димензија штотуку започнува

раа холограми, на пример: егзотично морско крајбрежје, планински пејзаж со мала дрвена куќичка или нешто слично за опуштање и одмор? Во таа серија кога холограмите беа луѓе, тие можеа и да зборат, како да се вистински. Забележувате ли до каде оди човековата фантазија? Наједноставно холограмот може да се опише како фатаморгана привидување. Справата (или „теле-

Сцена од филмот „Војна на ѕвездите“ - принцезата со помош на холограм учестувува на состанок.

филмот „Војна на ѕвездите“ кога тамошната принцеза учествуваше на состанок не физички, туку како холограм? Или дали се сеќавате на гигантската серија „Ѕвездени патеки“, каде екипажот на бродот „Ентерпрајз“ во минутите на одмор си изби6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

визорот“) која ќе емитува холограм, работи на принцип на пулсирачки ласерски зраци. Мноштво од такви зраци со нано пулсирање формираат слика (привиденија) која е веродостојна на таа што се снима со камера, на пример филм или


h i - tech

Една позната компанија во светот направи холограм од Мараја Кери за време на концерт. Со секое нејзино „појавување“, следеше и нова облека, а публиката остана подзината од ефектот.

спортски настан. „Исцртувањето“ на предметите и луѓето ќе се одвива во еден простор со димензии од еден, два или повеќе кубни метри. Големината на тој простор ќе зависи од тоа каков апарат имате купено, дали ќе покрива еден или повеќе метри кубни простор. Е сега, апаратот (телевизорот) ќе биде во сосема друга форма, обичен со еден или повеќе панели направени од посебни материјали чувствителни на ласерските зраци, но можна е и сосема друга технологија и облик, а тоа зависи од истражувачкиот приод на производителот. Во еден од претходните броеви објавивме текст во кој опишуваме компјутерска тастатура која се формира со помош на ласерски зраци – еден вид холограмска тастатура. За исцртување на таа тастатура потребни се исто толку кубни сантиметри колку што се големи и обичните тастатури. Токму ова истово замислете си го во простор од два кубни метри и наместо исцртана тастатура таму се исцртува нова епизода од „нејшнл географик“, а ефектот е лудница. Го гледате подводниот свет од сите агли

во три димензии, буквално како вие да сте таму внатре во тој подводен свет. Или следите атлетика во простор со големина 1:1 исто како да сте на стадионот каде се одржуваат Олимписките игри. Неколку јапонски компании сериозно најавуваат производство на апарати способни да создаваат холограми. Како што изјавуваат, треба само да ги отстранат недостатоците Компјутерска тастатура исцртана со светлосни зраци кои излегуваат од малата црна вертикално поставена кутија. Слично ќе биде и со холограм телевизијата.

на досегашните пронајдоци и да ги усовршат до крајни граници. Сегашните холограми во една секунда обработуваат 15 слики, а сегашните телевизори двојно повеќе, 30. Мноштвото од такви ситни проблеми 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

треба да се отстранат и апаратот да го направат ценовно достапен за сите жители на планетава. За сето ова да се случи, потребни се околу 10, па и повеќе години(?), според сегашните случувања во светот на телевизорите. Досега некои од големите телевизиски куќи имаат направено холограм ефект за време на интервјуата, истиот ефект постигнат е на концерти и на други јавни настани, но сè уште нема ништо од масовност и домашна „фатаморгана телевизија“. Една од компаниите, чие име нема да го спомнеме, најавува холограм телевизор за следната година. Ништо друго не ни преостанува, туку само да се надеваме дека цената на ТВ приемникот ќе биде пониска од цената на сегашниве и дека навистина следната година ќе го има во продавниците ширум светот. Појавата на холограм телевизијата ќе биде голем исчекор за највлијателниот медиум меѓу медиумите и сигурно ќе предизвика своевидна револуција на планетава. • Жарко Атанасоски 29


патувања

С

ицилија ќе ве награди со благогорчливо искуство, повеќе отколку со нешто што е површно и презастапено во сите туристички тури. Се чини како сонцето да грее посилно, но и дека сенките се потемни и дека животот се живее поцелосно и секогаш за сегашниот момент. Окото на посетителот е постојано под импресија и спремно за прибирање различни глетки на убавина. Островот е комбинација од сè што е медитеранско, врвни уметнички остварувања, извртени морални вредности, а духот на народот се бори со вечниот антагонизам меѓу рационалното и сензуалното. Сицилија треба да се посети со отворен ум и со здрав апетит, бидејќи храната е една од најдобрите во Италија! Сицилија била под странска доминација цели 25 века и оттука произлегува импресивното културно наследство: рафинирана архитектура во Магна Гресиа, до комична, ако не контрадикторна уметничка фузија од арапска обработка на градежните материјали, до норманска штедрост. Комплексноста на културата се надополнува со застрашувачката убавина на пејзажите, почнувајќи од планината Етна која ден денес татне, до морскиот брег и преубавите Еолски острови, како и Националниот природен парк на Мадоната. Денес, младите во Сицилија не ја одобруваат стегнатата политика и чувството што го имаат дека се заробени во минатото. Сепак, нови потфати придонесуваат да се забрзаат работите, како што се отворањето на едни од најубавите ренесансни и барокни палати за јавноста, или пак програмите кои се наменети за развој на агротуризмот преку кои скриените рурални богатства на земјата и националните паркови биваат заштитени, но и искомерцијализирани. Еден од најубавите и најимпозантните локалитети на Сицилија се наоѓа во местото Агригенто. Средновековниот град во историскиот центар ја чува готска катедрала изградена во XIV век. Уште една убава црква од XIII век е црквата Св. Никола. Но она што навистина го прави привлечно ова место е ,,Долината на храмовите“. Грчките храмови, театри и археолошки остатоци се наоѓаат надвор од

30

АМСМ ТУРС ве води на Сицилија

www.amsmtours.mk тел. 02/ 3181-120

Зачудувачка убавина

„Храмот Конкорд“ во локалитетот Агригенто

„Долина на храмовите“

Сицилија е секако едно од најпознатите и најизвиканите места во светот. Во умот на многумина, тој остров е асоцијација за медитеранска убавина, мафија, неколку активни вулкани, како и на менталитет кој постојано се занимава со убавата страна на животот....

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


ПАТУВАЊА

Вулканот Етна

Катедралата во Монреале

остров во најголемиот лку околни Сицилија е ко и заедно со не ен регион Медитеранот ом он т ставува ав ет пр ви ро иот врв т м ос Италија. До са во рамките на а чизма, Сицилија е скат на италијан Месинскиот копното со од разделена ограничени у патувате со олесниме мореуз. Доколк го да еме, со цел вр и ва ст ед ср атели им нашите чит стојни за изборот, на до дестинации у лк ко не е м нуди посета.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

градот. Во Долината на храмовите се наоѓаат и голем број некрополи, куќи, улици и продавници, театри и сето она што му било потребно на еден антички град да се развива. Најзачуван е храмот на Хера (Јунона по римската терминологија) кој бил изграден во 450-тата год п.н.е. Храмот Конкорд, пак, одушевува со неговите пропорции и од него се зачувани голем број столбови со човечка форма и димензии. Патувањето низ времето ќе Ви се чини потполно во Аргигенто, особено поради маслиновите и бадемовите насади. Најголемата природна атракција на Сицилија е воедно и нејзината највисока планина. Станува збор за Етна, која за старите Грци била кралството на Вулкан, богот на огнот и дом на еднооките чудовишта - Киклопи. Таа се извишува на 3.350 метри надморска височина и е највисокиот активен вулкан во Европа. Над 1.200 квадратни метри од површината на Етна се прекриена со стврдната релативно ладна лава, па затоа планинарите можат да се впуштат во освојување на нејзините врвови. Поради природата на вулканот, научниците не можат со сигурност да кажат на кое место таа ќе почне повторно да еруптира. Ремек делото на архитектурата на Сицилија, секако, е катедралата во Монреале (или Кралската Планина). Градот Монреале се надвиснува над Палермо и нуди прекрасна панорама. Ниедна посета на Палермо не е вистинска без посета на Монреале, бидејќи тука се наоѓа најголемата концентрација на норманска, арапска и византиска уметност на едно место! Катедралата во Монреале сведочи за соживотот на различните култури и космополитизмот што некои владетели сакале да го истакнат, но и да го промовираат. Позната е и по мозаиците на ѕидовите кои по големина ги надминуваат и оние од Аја Софија. Тие покриваат над 6.000 квадратни километри! Од манастирот е останат само делот со импозантните столбови, но и оригиналниот постамент и 12 кули, од кои само остатоците на некои се видиливи денес. Изградбата на катедралата започнала во 1174 година. Главната причина поради која ова здание привлекува толку посетители, сепак се мозаиците и иконите кои со 31


патувања

едралата во ци кои Внатрешноста наукат 130 посебни мозаинас тани Монреале има окллис озни иги рел и ки биб отсликуваат

нивната убавина создаваат свечена спокојна атмосфера. Тука се наоѓаат околу 130 посебни мозаици кои отсликуваат библиски и религиозни настани, надополнети со натписи на грчки и латински. Најимпресивна фреска е онаа на Исус Пантократор, лоцирана во централниот дел на таванот. Во катедралата, исто така, се наоѓаат и вечните почивалишта на неколку кралеви, меѓу кои Вилијам II и неговата мајка Маргарита од Навара (Франција), но тука е погребано и срцето на Луј IX од Франција, познат како Светиот Луј. Кога веќе сте одвоиле време да ù посветите на оваа пре-

красна градба, не заборавајте да ги посетите и терасестите градини кои нудат прекрасен поглед. Палермо можеби ни е најдобро познато како мафијашката мека и како родното место на сите страшни ѕверки во валканиот бизнис. Но, Палермо е град со богата и интересна историја. Создаден од Феникијците, првото име што го добил градот било Зиз што значи ,,цвеќе’’. Потоа, под власта на Римјаните станува ,,Панормос’’ или ,,пристаниште’’, а процутот го доживува во времето на арапската доминација (од IX до XI век), кога бил познат како ,,градот на задоволствата’’ поради неговите богати градини, џамии и палати и бил еден од најбогатите градови на Медитеранот. Кога дошле Норманите, пак, поголемиот дел од арапските градби биле срушени, но тие не го занемариле космополитскиот дух на многубројните уметници од сите страни на светот, па така под нивна окупација, е создаден ,,арапско-норманскиот’’ стил, карактеристичен за цела Сицилија. Со доаѓањето на Французите, Арагонците и Бурбонците, Палермо почнува да доживува декаденција. Во денешно време, градот се соочува со проблеми кои влијаат на економскиот развој, најчесто поради присуството на моќните криминални организации познати како ,,мафија’’ или ,,Коза ностра’’ (,,наша работа’’). Сепак Палермо има навистина завиден број палати, градини, цркви, базилики, така што посетата никогаш нема да Ви биде здодевна. На почетокот се препорачува да се посети кралската пала-

Кралската палата во Палермо

32

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

та наречена ,,норманска’’. Таа делува средновековно, но има дарежлива доза барокни елементи. Најпозната е по Палатинската капела, која заедно со палатата лежи на многу постари темели. Покрај споменатата капела, главни атракции на целото здание се и пунскиот (феникиско-картагинскиот) археолошки локалитет, ,,Капелата со криптата’’, салонот на Роџер, астрономската опсерваторија и занданите. На прв поглед можеби палатата не делува толку импресивно, поради сите мешавини од архитектонски стилови и поради фактот што најубавите делови биле уништени со текот на времето, но внатрешноста на палатата дефинитивно ќе ве врати назад во времето и ќе ве пренесе во животот на дворовите. Палатинската капела е интересна, бидејќи на неа се забележуваат византиски православни икони, а кровот е во форма на Кањонот Алкантра

Но, роди тако мен со ис и кањ жувач та на се нао па та најтоп


ПАТУВАЊА

Центарот на Палермо познат како „Четири ќошеви“

Сицилија не е само остатоц и од минати и. Таа има за начудувачка прир одна убавина, ов е и кањон а от Алкантар а. Тој бил оф од изворите ород планината Етна и рекат стото име. О а д геолошки ас пект, долина њонот на ов та аа река се см етаат за раск чи на историј аата на Земја та. Длабочин а кањонот е а65 метри, а 50 метри од нив оѓаат над пр осечното ни во на водат ака водата во а, реката е ладн а, дури и во плите месеци.

арапски купола украсен со арабески. Додека иконите и светците се насликани во типичен византиски стил, куполата крие свои тајни со издлабени претстави на лавови и орли, но има и сцена на шаховска игра која сведочи за интелектуалните окупации на средновековните Палермовци. Во оваа капела работеле локални и туниски работници, а мозаиците биле направени од православни монаси. Салонот на Роџер, пак, е едно од неколкуте простории во палатата кои сè уште постојат во форма слична до оригиналната. И неговиот салон бил украсен со мозаици и бил наменет за вечери или за забава. Астрономската опсерваторија е додаток на кулата од Писан и сега постои како музеј во кој се сместени телескопи од XIX век и други инструменти користени од науката тогаш. Капелата на криптата и занданата се всушност најстариот дел од палатата, изградни уште пред доаѓањето на Норманите. Центарот на Палермо е раскрсница во срцето на старата историска област во градот и е познат како ,,четири ќошеви’’ или Кватро канти. Голем број од главните споменици, цркви и останати историски локалитети се

наоѓаат на пешачко растојание од овие четири ќошиња. Секоја од четирите згради кои се надоаѓаат на аглите од овие улици, имаат три нивоа украсени со барокни скулптури и илустрираат различни теми: четирите годишни времиња, шпански кралеви и различни светци заштитници на Палермо и Сицилија. Фонтаните на првото ниво се типично барокни. И секако, не заборавајте да ја вкусите локалната храна која поради свежината и мешавината од сите култури кои оставиле своја трага, е искуство само по себе. Употребата на кајсии, шеќер, лимони, лубеници, ориз, шафран, суво грозје, морско оревче, бибер и цимет се докази за арапското влијание. Но, оброци кои содржат големи количини месо се доказ за норманската нота во кујната. Подоцна, Шпанците донеле цел арсенал производи од новиот свет, како што се: кокосов орев, пченка, пиперки, мисирки и домати. Се надеваме дека за да ја доловиме убавината на Сицилија, зборови повеќе не се потребни, единствено Вашето присуство таму. • Николина Стојанова

Show your Card!

С

Ќе патувам во италија, каде можам да заштедам со мојата амсм членска картичка?

о програмата Show your Card! како АМСМ членови штедите каде и да патувате надвор од границите на нашата земја. Што значи тоа? Тоа значи дека со покажување на Вашата АМСМ членска картичка во објектот каде што ќе го препознаете логото, т.е. налепницата Show your Card! на самиот влез, Вие ќе добиете од 10-50% попуст. Доколку планирате да ја посетите Италија, еве неколку наши препораки, каде ќе добиете попуст и ќе заштедите многу повеќе, отколку што чини Вашата членска картичка:

GOLF CLUB IL PICCIOLO SICILY Голф игралиште во Сицилија, каде ќе добиете 10% попуст со Вашата АМСМ членска картичка. ROMA EUROPA FESTIVAL Основан пред 22 години како „degli amici di Villa Medici“, денешниот Roma Europa Festival е најголем фестивал на современа уметност во Рим. Овој фестивал го посетуваат компании и уметници ширум светот. Како АМСМ членови добивате 15% попуст на влезниот билет. ROMA GRAND HOTEL FLORA Оваа елегантна зграда, која датира од 20 век и се наоѓа на Via Veneto пред стариот Villa Borghese park во Рим, не е само хотел во кој престојувале најголемите светски џет-сетери, туку е и симбол на „Вечниот 6-7-8/2012 •град“. www.amsmklubmobiliti.mk Со АМСМ член-

ската картичка добивате 10% попуст на престојот и 14% попуст во ресторанот „The Cabiria“. Rome - 3D Rewind Rome – виртуелен музеј 10 години академско истражување и висока технологија обединети за реконструкција на антички Рим во 3Д. Лоциран во близина на Колосеумот 3D Rewind Rome Ве носи во Рим во 3Д верзија. Како АМСМ членови добивате 20% попуст на влезниот билет. PALAZZO FORTI COMUNE DI VERONA Галеријата на модерната уметност на Верона, се наоѓа во Палацо Форти и ви нуди 20% попуст на влезниот билет, доколку поседувате АМСМ членска картичка. Ова се само неколку примери каде може да добиете попуст, а има уште многу други Show your Card! партнери низ територијата на Италија кои за нашите членови нудат попусти и погодности! • 33


стил

Мода

Бела кошула… За секоја пригода З

а белата кошула се вели дека е единственото парче облека или дел од гардеробата без мана, освен, се разбира, ако ја немате. А во тоа не веруваме. Ниеден маж ниту, пак, жена (модно освестен/а) не смее да дозволи такво нешто да му/ù се „испушти” од рака или орман, сеедно. Најмалку една, најмногу… колку сакате. И никогаш доста. Така е некаде од средината на минатиот, XX век кога легендарната Коко на една од ревиите ја искомбинира со здолниште и панталони, и стави неколку бисерни ниски и, по бројните негодувања на почетокот, за кратко време стана моден императив. А дотогаш беше резервирана исклучиво за мажите. Откако Лорен Бакал ја носеше во “Key Largo” (1948 г.), и му „парираше“

Дајан Китон како Ени Хол во бела кошула со „машки“ крој, врска и со елек.

Одри Хепберн и Грегори Пек во „Пазник во Рим“

34

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Ума Турман во „Палп фикшн“ Совршен крој за совршен лик

Таа е една од работите без која не м жена, кога модата е во прашање. Не орман, непогрешен избор во која б пригода. Нејзината споредба со бел не е ни малку случајна, бидејќи со н што сакате. И кај мажите и кај жени костум или нешто црно. Доколку ст чете фармерки, а неодоливо секси ќ бронзен (исончан) тен. Дури има и п ви недостасува идеја што да носит

на Хемфри Богарт, жените почнаа да ù веруваат на мадам Шанел и речиси не ја слекоа. Имаше затишје, а трендот се „врати“ во 1953 год. кога принцезата Ен (Одри Хепберн) избега од кралската палата и неколку денови помина во друштво на репортерот Џо Бредли (Грегори Пек), шетајќи низ Рим. На себе имаше, секако, бела кошула со подвиени ракави. И Мерлин Монро ја обожаваше, малку откопчана горе, секогаш во комбинација на џинс. „Ени Хол” (1977 г.), чиј главен, истоимен лик го толкуваше Дајан Китон, на модата ù „даде“ нов правец. „Машкиот“ крој на белата кошула го прифатија многу жени кои воопшто не се двоумеа кога требаше да стават врска и одозгора да облечат елек. Вниманието на јавноста го привлече и Ким Бесинџер во 1986 год., преку улогата на Елизабет, која деветте и пол седмици што ги мина со Џон (Мики Рурк) беше или облечена во бела кошула или, се разбира, гола. Женственоста на ова парче облека ја „истакна“ Ума Турман во „Палп Фикшон” (1994 г.) за кое стилистите рекоа: „Совршен крој за совршен лик“. 2005-та беше годината кога Анџелина


стил

може ниту еден маж, ниту една еизбежно парче облека во сечиј било комбинација и за секоја лото, празно сликарско платно неа (и на неа) можете да правите ите е симбол на елеганцијата, со те за поотпуштена варијанта облеќе изгледате и ако имате бакарен, прекар „џокер”. Во моментите кога те. Џоли на белата кошула ù даде поинаква „димензија“. Во „Г-дин и г-ѓа Смит” ја носеше на голо, неколку броеви поголема. Во тој стил беа и неколкуте кадри од видеоспотот на Кристина Арнаудова за песната „Немам срце за друг”, каде што изгледаше навистина привлечно. Белата кошула е омилен дел од гардеробата и на дизајнерката Каролина Херера која, наспроти луксузот што ги карактеризира нејзините креации, приватно се облекува поедноставно. „Го обожавум тоа парче облека, и го носам цел живот. Прави да се чувствувам сигурна. Женствено е, се вклопува лесно и може да се комбинира на безброј начини. Наутро, кога ќе го отворам орманот и ќе се прашам што да носам, а немам посебна идеја, секогаш ја избирам белата кошула. Одозгора, со неа ме врзуваат и убави спомени. Ја носевме во училиште. Се сеќавам, мораше да биде чиста и убаво испеглана. Таа никогаш не излегла од мода ниту, пак, ќе излезе некогаш. Класиката не поминува тукутака. Прилега и на мини и на панталони, дури и на макси здолништа. Кокетна е, со неа лицето секогаш ви сјае”, вели седумдесет и тригодишната американизирана Венецуелка. Кај мажите белата кошула е присутна во речиси сите комбинации. Се носи со костум, со или без врска, на работа и навечер, кога се прославува нешто. Ја има и во лежерна варијанта, тогаш ги „следи“ линиите на телото. И белата кошула претрпе модификација. Може да се најде во руски стил, со таква крагна, без неа, со копчиња до половина, дискретно извезена, ишарана... Сега е идеално време за ленена, без маица одоздола, а убаво стои и памучна и свилена. Секако, во зависност од пригодата. Спортски изглед се постигнува доколку е поширока, удобна и се комбинира со панталони чиј крој е, исто така, поширок или, пак, со фармерки. Таква „нота“ добиваат и белите кошули наменети за жените. Од спортски, преку лежерни, до елегантни. Со класична, руска или без крагна, во вид на туника која се носи со тесни пан-

талони и „хеланки“. Оние што сакаат нешто поромантично можат да стават карнери, набори или тантели и да го носат со панталони во различни кроеви, со здолниште или со шорц. Модерни се и бели кошули со пуф, со тричетвртински ракави и на преклоп, потоа модели кои се стеснуваат кај половината од памук, стреч или од лесни, проѕирни ткаенини. Оваа пролет и во летото што доаѓа акцентот е ставен и врз широките бели кошули со „машки“ крој и со надворешни џебови, за поформални пригоди, во комбинација на исто така широк каиш со црна или некоја „јака“ боја. Неодолив е, се разбира, и денди стилот, дури и кај жените, со црна врска околу вратот, со елек или без него. Може да се набројува уште, вдахновението е неисцрпно. Велат, накитот најмногу доаѓа до израз токму со белата кошула. Дури и повеќе кога се носи со црн фустан. Долг или краток, сеедно, само нека биде богат. А боите, нека контрираат. Белата кошула убаво стои и под фустан без ракави, деколтиран, кој навечер се носи без неа. Оваа комбинација е деловна, а сепак женствена. На излозите од бутиците во сопственост на врвните дизајнери има и

корсети, врз белите кошули, обично со црна боја, како и „high couture” богати, широки здолништа што се влечкаат на подот, со украсна лента заврзана во голема панделка. Претпоставувате, горе има бела кошула. Што било да изберете, каква било комбинација, нема да згрешите. Со белата кошула се „игра“ на сигурно. Затоа ù е даден и прекарот „џокер”. Таа ќе ве „спаси“ секогаш кога ќе застанете пред орманот и ќе се запрашате што да облечете, кое здолниште, кој фустан, кои панаталони, која блуза, маица... Или во моментот кога ја изговарате најчесто употребуваната реченица: „Леле, немам што да носам“. Бидете сигурни, имате. Бела кошула. • Игор Ландсберг

Бела кошула дизајнирана од Карл Лагарфелд 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

35


познатите како членови на амсм

Кристина Арнаудова

Најмногу си верувам себеси Добро е што има некаков развој и движење во мојата кариера. Ако човек стои во место, особено во музиката, тоа никогаш не вродува со плод. Сè уште се надевам дека во земјава ќе се создадат подобри услови за да се работи и професионално да се твори музика. Засега, ситуацијата не е ветувачка.

М

ислам дека не е потребна посебна најава за Кристина Арнаудова... Доволно популарна, препознатлива и професионална. Пејачка која од 2000 година зазема свое место на музичката сцена. Таа може да се пофали со албуми, многу хитови, спотови, фотосесии... а во овој период од животот улогата на мајка е нешто што ја исполнува со спокојство и убавина. • Од кога започна вашата музичка кариера? Арнаудова: Пред 16 години, во моето родно место Неготино, оформив бенд и свиревме во ноќните клубови, претежно рок-музика, а во истиот период ја снимив и мојата прва песна. Веројатно, досега би требало да одбележам барем два јубилеја, но јас навистина не сакам бројки и не сакам да се оптоварувам со нив. Почнав многу мала и имав среќа брзо да се препознае мојот талент. Во 2000 година ја почнав мојата солокариера, односно дотогаш бев член на бендови, па, така веднаш сè тргна по нагорна линија.

го правам да би биде максимумот што можам да го дадам во тој момент, не се штедам, а тоа знае да даде резултати. Иако некогаш и не мора да е така. Знам дека имам уште многу да дадам, а дека врвот и максимумот не сум ги дала. И среќа што е така. Сега веќе многу почесто работам и се појавувам како автор на моите песни, што ми претставува дополнителна сатисфакција. Добро е што има некаков развој и движење во мојата кариера. Ако човек стои во место, особено во музиката, тоа никогаш не вродува со плод. Сè уште се надевам дека во земјава ќе се создадат подобри услови за да се работи и професионално да се твори музика. Засега, ситуацијата не е ветувачка. • Го обожавате рок-стилот... нешто за тој правец на музичко изразување... Односно, зошто токму рок-стил? Арнаудова: Ја сакам музиката воопшто, се трудам да не ја класифицирам, освен на онаа поделба што е најдобра за мене, на добра и лоша. Секаде, во секој стил, има добра и лоша музика и само тоа е единствен релевантен

• Актуелна сте со својот моќен вокал, многу хитови, спотови... Колку е тешко да се дојде до еден висок стадиум во кариерата? Арнаудова: Ти благодарам! Не знам до кој стадиум сум, се трудам сè она што

36

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

критериум според кој се водам. Сакам гитари во моите аранжмани и затоа изгледа дека сум рок- артист, иако не сум класичен рок-изведувач. Во моите песни има примеси на џез, поп, рок, па дури имам отпеано песна во хаус ритам, „Немам срце за друг“, која стана голем хит. • Дали го менувате тимот со кој соработувате или, пак, тимот кој победува, не се менува? Арнаудова: Имам соработувано со многу автори и во тој период од мојата работа сите биле идеален избор. Секако, секое ново време бара нова енергија, па и јас одвреме-навреме


познатите како членови на амсм се трудам да ги обновам енергијата, најскапото и најубавото нешто што ми кога се може! емоцијата, а тоа произлегува од луѓето се има случено во животот! Секако, тука со кои соработувам. Сакам да имам е и мојата кариера, нов албум, нови син- • Ги имате најубавите улоги во живобазичен тип, на пример, студиото „До- глови, спотови, на кои од почетоток на тот, мајка, сопруга... Колку тоа ти дава ре-ми“ во кое снимам веќе три албуми, оваа година работам со полна пареа. мотив и инспирација за нови хитови? Дарко Тасев на кој овој албум му е трет Арнаудова: Љубовта е основен двина кој соработува со мене. Но, има и • Како мајка на Максим, како се снаоѓате гател во животот, но и во уметноста. многу нови луѓе, тие ми ја носат таа нова во таа улога и колку професијата трпи Најдобрите уметнички и музички дела енергија, нов звук, емоција, кои не би постоеле без љубовта. дополнети со искуството на стаСега имам уште една причина Сè се сведува на тоа дека е риот тим даваат супер резултанајбитно на песната да ѝ ставиш повеќе да бидам уште подоти. И тоа може да се чуе! Како и бра во мојата работа, а тоа ми свој печат, па дури и ако запеам да е, на овој албум најмногу си е ѕвезда водилка во сè. Во мупортугалски фолк, луѓето да пре- зиката, за жал, среќната љубов верувам себеси. не е добра тема, несреќната е познаат дека јас сум тоа. Тоа е • Што ти е во фокусот во овој најчеста тема во најдобрите песнајголем успех за еден пејач. период? ни, но, за среќа, немам проблем Арнаудова: со пишувањето тажни љубовни Мојата фамилија, поради тоа? текстови. Напротив, проблем ми е да намојот син Максим, Арнаудова: Па, сега, на прво место јас сум пишам весел текст, од којзнае кои притоа е мојот фокус мајка, а потоа сè друго. Да, професијата чини. Следниот албум, кој планирам да веќе 19 месе- трпи, бидејќи сакам навистина да бидам излезе наесен, ќе му биде посветен на ци, моето сè, посветена мајка, вистински родител, па мојот син и, се надевам дека еден ден ќе работата ја работам во слободно време, биде горд на тој податок. што не е среќно решение, но тој е сè уште мал и сè уште себично са- • Каков возач сте? кам да го доживеам секој нов Арнаудова: Па, не баш добар, имам возмомент и да преживеам до ачка, но не сум љубител на возењето, него. Максим е моето сон- сакам да се возам, а омилена улога ми це и ништо не ми е теш- е онаа на совозач. Кога возев бев многу ко покрај него, ми дава импулсивна, расеана, возев брзо, па реневеројатна енергија и шив дека е подобро да си го држам соинспирација, никогаш возачкото место. не сум уморна кога е во прашање тој. Поне- • Дали сакате да патувате... кои ви се когаш сум цел ден омилени дестинации... дестинации кои со него, а потоа сте ги посетиле и сте фасцинирани...? одам на настап Арнаудова: Сакам многу да патувам, во друг град обожавам, тоа ми е втора најголема и пеам до страст по музиката. Најмногу сакам да 4 наутро. патувам со автомобил, да разгледувам, Сè се сака да застанувам, да посетувам нови места, нови култури. Најубаво патување со автомобил беше она во Италија, Амалфи, кое е фасцинантно за возење со автомобил, вистинска филмска сцена е. • Каков совет би им дале на сите учесници во сообраќајот? Арнаудова: Како мајка која постојано се шета со своето дете со детска количка, ќе ги замолам возачите да бидам претпазливи и да застануваат на пешачки, да покажат малку почит кон постари лица, мајки со деца итн. Брзото возење ме вади од кожа, тоа не го поднесувам, особено не во градски услови, а од моторите во градов имам уплав. На отворен пат е в ред, но во град каде што на секои 200 м има пешачки би требало да се многу повнимателни. • Росана Јанков 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

37


ИСТОРИЈА

Zastava 101 (1971 - 2008)

Четири децении на пазарот

В

о Фиат е донесена одлука моделот под кодно име „Фиат Х 1/1“ да се произведува во тогашната Југославија во погоните во Крагуаевац, па за таа цел на Саемот за автомобили во Белград во 1971 година се претставени првите примероци кои беа произведени во Италија. Интересирањето беше многу големо како во домашната, така и во меѓународната автомобилска јавност. Моделот Застава 101 имаше преден погон и за почеток се нудеше во серија од 5 врати со мотор со зафтанина од 1,1 см³ и 55 КС, кој се одликуваше со одлични возни својства за тоа време, како и одлични кочници. Низ процесот на производството, кој траеше речиси цели 37 години, следеа доста иноваци, верзии, како и естетски корекции од незначителен карактер, но сепак формата на каросеријата, моторот, како и другите пропратни делови останаа речиси исти. Така, во 1979 година се појави моделот со три врати наречен Застава 101 Конфорт, потоа моделот Специјал (ретка, но одлична изведба) кој има38

ше мотор од 1,3 см³ со 73 КС, како и алуминиумски фелни, а внатрешноста беше збогатена со обртомер, инструменти за мерење на температурата на маслото во моторот, како и држач за термос за кафе. Додека пак, моделот Супер имаше зафатнина на моторот од 1,1 см³ и 64 КС. Подоцна следеа моделите ГТ/ГТЛ со 3 и 5 врати, како и специјалната доставна серија Застава Поли, да во 1987 за се појави моделот 1.1 ГХ, а потоа 1988 година се појави моделот Скала 55/65, кој како што претходно наведовме освен во одбојниците, предната маска, како и внатрешноста на инструментната плоча и седиштата, воопшто не се промени од првобитниот модел кој се појави во 1971 година.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

Во далечната 1969 година италијанските стручњаци во Фиат ја отстапуваат на Застава исфрлената проект серија под кодното име „Фиат X 1/1“, со цел натамошна реализација во погоните на тогашната „Заводи Црвена Застава“ од Крагуевац, каде што овој модел се произведуваше цели 37 години.

Застава 101, покрај продажбата на домашниот пазар, успеа да извезе и во голем број земји, како од Западниот, така и во Источниот блок. Особен успех има постигнато во Франција со моделот Медитеран, потоа во Германија, Белгија и во низа земји на тогашниот Источен блок, каде што се сметаше за возило кое претставуваше статусен симбол на припадност. Последниот модел на Застава 101 излезе од производствените хали во Крагуевац на 21.11.2008 година. Произведени се вкупно 1.045.258 примероци за период од речиси полни 37 години на производство на овој модел, но некаде во почетокот на 80-те години ја губи трката со современата автомобилска конкуренција. Па така, Застава 101 престанува да се извезува надвор од Источноевропските земји, сè до 1990 година, од кога во потполност повеќе не се извезува надвор, туку останува на тогашниот пазар сè до 2008 година, кога и официјално е прекинато негово производство. • Андријан Трипунов


ЧИТАЈ, ГЛЕДАЈ, СЛУШАЈ

Книга

„Таинствениот пламен на кралицата Лоана“ од Умберто Еко

Музика „Чокабек“ (Chocabeck) од Ѕукеро

В

о нашите текстови веќе го претставивме овој автор, можеби еден од најзначајните современи автори во Италија денес, но и во светот. Негов најпознат роман е ,,Името на розата“, но овој пат решивме да ù го претставиме на публиката неговото претпоследно остварување - „Таинствениот пламен на кралицата Лоана“. Овој пат Еко дејствието го поставува во 1991 година, пред масовното користење на интернетот, а главен протагонист е Бодони, човек во неговите шеесетти години, кој по преживеана операција го губи сеќавањето. Дел од неговото закрепнување е враќање на спомените, поради што ќе треба да посети едно малечко местенце во Италија каде неговото семејство се криело за време на Втората светска војна. Она што е интересно, е дека додека ја истражува старата семејна куќа и доаѓа во допир со предметите од неговото детство, читателот е директно транспортиран во воена Италија. За ова патување низ времето да биде уште поуверливо, авторот користи цела плејада слики од постери, корици од детски книги и стрипови, популарни плочи, летоци и што уште не, за да може што потемелно да ни ја долови атмосферата во која се одвива дејството. Претпоставуваме вашата љубопитност е веќе заскокоткана, па земете го в рака овој роман и впуштете се во невообичаените авантури на главниот јунак. •

О

вој пејач со карактеристично име (Ѕукеро значи шеќер на италијански) е присутен на европската и меѓународната музичка сцена уште од 70-тите години на минатиот век. Ѕукеро е најпрепознатлив по неговиот рокерско-каубојски имиџ и важи за еден од ,,лошите момци“ од музичката фела во Европа. За разлика од неговите претходни албуми кои најмногу се карактеризираат со комбинацијата од италијански типични мелодии и неговата љубов кон афроамериканската музика, овој албум сведочи за неговата професионална зрелост и музичка рафинираност. Албумот се состои од 11 песни и концептуално сите се поврзани – сите тие го опишуваат мирниот живот од зората до самракот во малечко италијанско провинциско гратче. Првите песни соодветствуваат на периодот од денот, па овие балади го определуваат расположението на сите песни од албумот. Дури напладне, песните стануваат погласни и порокерски, воведувајќи прекрасни гитарски солажи. Главното чувство што песните го предаваат е она на меланхолија и носталгија, но сепак 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk албумот е одличен за слушање. •

Филм

„Дневникот на румот“ Режија: Брус Робинсон

Д

невникот на румот“ е филм базиран на романот со исто име напишан од Хантер С. Томпсон, истиот оној автор кој го напиша романот ,,Страв и параноја во Лас Вегас“ по кого се сними истоимен филм, повторно со Џони Деп во главната улога. Овој пат, дејството на филмот, иако го креира лик кој е новинар по професија, е сместено во Пуерто Рико, во педесеттите години на минатиот век. Она што на прв поглед му делува сомнително на новинарот Пол Кемп е самата организација и уредување на весникот во кој пишува, атмосферата која владее на островот во однос на сите оние кои шверцуваат, а најчесто рум, убавината и привлечноста на островската култура и она што од неа прават неговите американски поранешни сограѓани... Ликовите се навистина добро потковани психолошки и во однос на глумата, приказната е доволно комплицирана, мистериозна и возбудлива да ве држи на место во текот на целото времетраење на филмот, а режијата е доволно добра да ги направи сите тие згоди и незгоди привлечни за окото... •

39


Show your Card!

Користете ги попустите во Македонија хотели

ресторани

Хотел „СОНЧЕВА ПОРТА“ 3 *** 20% попуст од најниската цена во моментот на букирањето. Прекрасен хотел на 1.500 м од центарот на Охрид, на 850 м надморска височина. Локација: населба Чекоштина, Охрид Инфо: www.ohridija.com.mk или на тел.: (046) 260-447 / 070 499-164 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број или веб-страница. Доколку резервирате онлајн наведете Show your Card! член во апликацијата во полето: Организација.

Национален ресторан „ОХРИДИЈА“ 15% попуст на храна и пијалаци за АМСМ член + три лица. Уживајте во националната македонска кујна, во традиционален амбиент. Локација: Населба Чекоштина, Охрид Инфо: http://www.ohridija.com.mk/restorangalerija.php или на тел.: + 389 46 260-447 / +389 70 499-164 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото.

Хотел „БЕОГРАД“ 10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. Хотелот има капацитет од 44 соби, опремени со ТВ и телефон, од балконот има прекрасен поглед на реката Дрим. Локација: Струга (ул. „Маршал Тито“ бб) Инфо: http://www.drim.com.mk/makbeograd. html или на тел.: (046) 781 342 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број. Хотел „ДРИМ“ 10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. Хотелот располага со 200 соби, целосно опремени, со ТВ, Интернет, балкон, мини-бар и прекрасен поглед на Охридското Езеро. Локации: Струга (кеј „Борис Кидрич“ бр.51) Инфо: www.drim.com.mk или на тел.: (046) 785 800 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број. Хотел „TURIST” 10% попуст од најниската цена за сместување. Хотел со 4 ѕвездички, во центарот на Скопје Локации: Скопје (ул. „Ѓуро Стругар“ бр.11) Инфо: www.bestwestern.com/showyourcard или на тел.: (02) 32 89 111 Начин на користење: За резервации изберете 00800 4288. По јавувањето на операторот изберете 888 4127692 за да го добиете бирото за резервации во хотелите на Best Western. АМСМ-членовите го наведуваат Show your Card! кодот: 568. Хотел „BELLEVUE“ 10% попуст од најниската цена за сместување Хотелот е оддалечен 8 км од Скопје, со прекрасен поглед на езерце, одличен за одмор и релаксација. Локации: Скопје (ул. „32“ бр. 24, населба Илинден) Инфо: www.bestwestern.com/showyourcard или на тел.: (02) 25 72 277 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број. АМСМ-членовите го наведуваат SyC! кодот 587079.

40

Ресторан „ДУОМО“ 5% попуст на вкупниот износ од сметката за АМСМ-членот и лицата кои го придружуваат. Прекрасен амбиент со вкусна храна, професионална услуга и пристапни цени. Локации: Скопје (ул. „Теодосиј Гологанов“ бр. 67) Инфо: www.duomo.restorani.com.mk или на тел.: (02) 322 88 28 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото пред да нарачате или со претходна резервација.

наем на возило „HERTZ“ RENT-A-CAR 10% попуст од најниската цена за изнајмување возило. „Hertz“ е ексклузивен партнер на програмата Show your Card! и ги нуди своите попусти за членовите на АМСМ во повеќе од 150 држави, во околу 7.000 експозитури. Локации: Скопје, Битола и Охрид Инфо: www.hertz-europe.com или на тел.: (02) 31 33 480 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото или со претходна резервација на наведениот телефонски број. АМСМ-членовите го наведуваат SyC! кодот 587079.

одмор и рекреација Автокамп АС 10% попуст од најниската цена во моментот на букирање. Овој автокамп се наоѓа на 4 км од Струга. Кампот нуди капацитет од 1.000 приколки, ресторан, рецепција и можности за разни спортски активности. Локација: Струга (ул. „Езерски Лозја“ бб) Инфо: http://www.drim.com.mk/makas.html или на тел.: (046) 780 877 Начин на користење: Покажете ја членската картичка со Show your Card! логото на рецепција. Претходна резервација на наведената веб-страница или телефонски број. За повеќе информации на тел. 02/ 3181 105 или на www.amsm.mk www.arceurope.com

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk

41


СПОРТ

Лани со гордост ја носеше шампионската „единица“ на својот мотор, но во првата сезона без Роси како тимски колега не успеа да им парира на конкурентите. Годинава, Хорхе Лоренцо од стартот на сезоната е конкурентен и покажува лидерство во тимот, достојно за наследникот на големиот шампион.

З

а време на трката од Светското првенство во Формула 1 во Барселона, во „моторхоумот“ на Мекларен се појави светскиот шампион од Мото ГП, Хорхе Лоренцо. Тајмингот веројатно беше неприкладен, бидејќи претходната вечер Луис Хамилтон беше казнет со одземање на пол позицијата, а Шпанецот беше негов гостин, но во новонастанатата ситуација неговиот домаќин беше зафатен со ковање стратегија со инженерите пред трката. Слободниот момент во агендата на Лоренцо го искористив за да му побарам интервју, прв пат за еден македонски медиум, за што тој веднаш се согласи. • Ви благодарам што прифативте да разговараме. Најнапред може ли да ни одгатнете што правите тука, на Формула 1 трка? Лоренцо: Ова е голем спектакл и јас сум по третпат тука. Бев во 2008 година, а исто и минатата година. Овој пат сум гостин на Луис Хамилтон, којшто ме покани како негов пријател. Задоволство е да се биде тука и да се види еден поинаков свет од оној со мотоциклите.

Интервју со Хорхе Лоренцо

Сакам уште една титула

• Имавте одличен почеток на сезоната со победата во Катар и пласманите на подиумот во Херез и Есторил. Какви се очекувањата за оваа година? Лоренцо: Мојата цел е повторно да станам светски првак и оваа година. Ќе се борам за тоа, а во моментот сум само еден поен зад Кејси. Мислам дека сме многу блиски, многу слични, па доколку го подобриме моторот барем малку, повторно ќе бидеме светски прваци. • Како ја коментирате одлуката на Роси да ја напушти Јамаха и да замине во Дукати? Од денешен аспект делува погрешно, бидејќи се бори за пласман во средината. Лоренцо: Мене не ми изгледа најдобро кога е на мотор, како да нема доверба во Дукати. Во овој спорт, доколку немаш таква доверба, многу е тешко да бидеш брз и да победуваш во трките. Мислам дека во иднина, или ќе мора да ја најде таа доверба во Дукати, или ќе мора да го смени моторот.

Наскоро ќе се венчаме со Педроса Хорхе Лоренцо имаше извонреден учител во Валентино Роси, не само околу возењето и сетирањето на моторот, туку и за правењето шоу, прославувањето на секоја победа. Негова идеја беше по секој триумф да изведува „месечево одење“ и да забоде знаме, обележувајќи го тој автодром како „Лоренцо-ленд“. Но, исто така покажува одлики на добар шоумен и на прес конференциите, како на последната во Барселона, кога беше запрашан за другарските релации со Дани Педроса од Хонда, со кого во минатото беа големи ривали, на патеката и вон неа. Додека Педроса на истото прашање изјави „порано бевме деца“, Лоренцо во свој стил додаде „наскоро планираме да се венчаме“! 42

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

• Мислам дека тој имаше изјава дека никогаш повеќе нема да вози јапонски мотори. Лоренцо: Тогаш ќе биде многу тешко, речиси невозможно за него. • Вие ја освоивте својата прва титула во голем стил со фабричкиот тим на Јамаха. Дали тоа значи дека сте сега долгорочно врзан со нив, или сте отворен и за други опции во иднина? Лоренцо: Еден возач никогаш не е затворен на таков начин, зашто никогаш не знае што може да се случи. Ова е сепак бизнис и мораш да го најдеш најдобриот интерес за себе, додека фабриките како Јамаха и Дукати мораат да го најдат најдобриот возач за нив. Кога јас би избирал, би останал во Јамаха до крајот на кариерата зашто се чувствувам удобно, тие ми се како семејство, а и моторот е мошне конкурентен. Мојата најдобра идеја е да се продолжи со Јамаха.


СПОРТ

• А претпоставувам никогаш не би го смениле ни клубот за којшто навивате, Барселона? Лоренцо: Ха-ха-ха, да, да. Јас сум голем фан на Барселона. Оваа година не ја освоивме титулата, а еве сега и Гвардиола си оди, па да видиме што ќе се случи во иднина со новиот тренер, Тито Виланова.

Колумна: „Своерачно“

Опстанок на најподготвените Од навивачки аспект, би застанал зад Кејси и јас би сакал да гледам такви трки. Реалноста е друга. Треба да се преживее.

• Колку често одите на стадион да ја бодрите Барселона? Лоренцо: Еднаш месечно. • Која е посилната страна на Јамаха оваа сезона, со новите, посилни мотори? Дали имате подобра брзина на правците од Хонда? Лоренцо: Да, генерално имаме повеќе сила на правците, но мислам и дека сме побрзи и од Хонда. Лани многу задоцнувавме зад нив, оваа година сме ОК. • Дали тоа значи дека ви одговараат само брзите патеки? Лоренцо: Не, не и при сопирање, во свиоците Јамаха е подобра. • Ви благодарам за разговорот и се гледаме на некоја трка од Мото ГП. Лоренцо: Ви благодарам и на вас. •Александар Табаковски

П

рес конференциите се организирани настани кои вообичаено претходат на некои големи настани, што подразбира дека тие предизвикуваат голем интерес во јавноста, па оттука влегле во учебниците и како „алатка за односи со јавноста“. Во текот на работниот стаж сум посетил многу такви, веројатно повеќе стотици, па сум дошол до заклучок дека и некои настани не се толку важни колку што организаторите сакаат да ги претстават дека се, но тоа не ги спречува да се трудат да го сменат јавното мислење. Останав подзинат кога читајќи ја веста за прес конференцијата во пресрет на трката за Големата награда на Франција, разбрав дека Кејси Стонер најавува крај на кариерата. Во работното искуство кое опфаќа известување од педесетина трка низ светот, а со тоа посета на уште три пати по толку организирани прес конференции, едноставно сум немал можност да слушнам таква „бомба“. Можам да евоцирам спомени од различни настани, дека сум бил присутен на сцени како овациите за Дејмон Хил, во Белгија, 1998 година (прва победа за Џордан по една дождлива трка со многу инциденти), плачењето на Шумахер во Монца 2000 година (кога го престигна Сена во бројот на победите), на исвиркувањето на истиот возач во Австрија 2002 година (кога Баричело му ја препушти победата по тимските наредби од Жан Тод), но вообичаено значењето на тие моменти произлегло од настаните во трките. Воведните прес конференции ретко содржат сензационални објави, секогаш фокусот е на случките кои се очекуваат на патеката, па оттука му верувам и на Михаел Шумахер кој рече дека се шокирал кога слушнал за изјавата на Стонер. Но, вториот дел од загатката е уште позамаглен, зошто тука и зошто сега? По само четири извозени трки во сезоната (во тој момент – з.а.), од кои три победи беа за Стонер, таква одлука тешко дека 6-7-8/2012 некој би •очекувал. Австралискиот www.amsmklubmobiliti.mk возач е двократен светски првак, сега ја

брани титулата освоена лани со Хонда, има само 27 години и со добро здравје, веројатно уште цела деценија пред себе со трките во елитното друштво. Причините кои ги наведе, а тоа е промената на правилата, правецот во кој што спортот се движи, во моментов се тешко разбирливи и за публиката и за колегите, кои се свесни дека рестрикцијата на високите технологии и доближувањето на спортот до моделите кои одат во сериско производство заради трансферот на корисни технологии, пред се е предизвикан од економската криза. Дали имало друга алтернатива за да се задржи елитистичкиот пристап во трките, во кои сите фабрики би се натпреварувале за титулата најдобар, без притоа да штедат средства за да развијат најбрзи машини? Кои потези би требало да се повлечат кога останаа само три фабрички екипи, зарем ќе гледаме трки со по шест учесници? Од навивачки аспект, би застанал зад Кејси и јас би сакал да гледам такви трки. Реалноста е друга. Треба да се преживее. Опстануваат само најдобро подготвените, вели старата поговорка. Во зборовите на Кејси, како при откажувањето, така и при коментирањето на други случки, забележувам гнев. Тоа е неговиот внатрешен непријател, кој не му дозволува да биде смирен и сталожен, како што се бара од него во оваа професија. Се присетувам и дека минатава зима тој стана татко. Можеби нема врска, но комбинацијата на факторите резултираше на овој начин. Можеби отсуството од трките и одморот од непрестајните патувања, ќе доведат до нова глад за негово враќање во трките. Млад е за да може да си дозволи таква пауза, па да се врати исчеличен и смирен. Искрено 43 се надевам! • Своерачно, Александар Табаковски


44

6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk


сп о р т

WRC - Рели Аргентина и рели Грција

На пат до нов триумф

И

нема крај на доминацијата на Себастијан Лоеб на светските релија. Последните два настани, релито во Аргентина и релито во Грција минаа во знакот на осумкратниот светски шампион во рели. Во земјата на „Гаучосите“, Лоеб ја освои јубилејната 70-та победа на рели од Светскиот шампионат. За победите да не застанат тука на следното рели, релито Акрополис, Лоеб се закити со уште еден врвен успех. Релито во Аргентина за Лоеб мина во неизвесност заради бројните грешки. На првиот ден светскиот шампион се изврте три пати и до крајот водеше жестока борба со Хирвонен за да го победи за 0,1 секунда. Остатокот од релито беше помирен. Лоеб и Хирвонен ја контролираа ситуацијата од врвот и не дозволија никој да се замеша во борбата за првите две места. Трет заврши Мадс Остберг. Швеѓанецот, откако победи на релито во Португалија, повторно освои позиција на подиумот. Во Грција Лоеб беше безгрешен и недостижен. Ги смете конкурентите

Откако ја освои јубилејната 70-та победа на релито во Аргентина, Лоеб набрзо се закити со уште една - на релито Акрополис, зголемувајќи ги шансите за нова деветта по ред шампионска титула. вкупен пласман ВОЗАЧИ 1.

Себастијан Лоеб

119

2.

Мико Хирвонен

89

3.

Мадс Остберг

80

КОНСТРУКТОРИ 1.

Citroën Total World Rally Team

194

2.

Ford World Rally Team

121

3.

M-Sport Ford World Rally Team

91

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

со своето виртуозно возење дури и тимскиот другар Мико Хирвонен не можеше да го одржува чекорот со него и заврши втор. Oва е трета едендва победа за Citroen годинава кој се зацврсти во шампионатот за конструктори со добри 73 бодови предност пред Ford. Третото место во Грција го освои првиот возач на Ford, Јари-Мати Латвала. Повредениот Латвала кој не возешево Аргентина се врати на Акрополис и веднаш застана на подиумот. Иако е еден од ретките што може да му се спротивстави на Лоеб, заради низата пехови има многу малку бодови за да може да се вмеша во битката за титула. Четврт беше Остберг кој сега е трет во шампионатот за возачи. Лоебубедливо води во шампионатот за возачи со 30 бода пред Хирвонен и 39 бода пред Остберг. Иако сезоната е скоро до половина и работите може да се сменат од корен би требало да се случи чудо кое би ги расипало шансите на Лоеб да стигне до деветтата титула. • Љубомир Анастасовски 45


СПОРТ

46

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk


сп о р т

Формула 1 и Мото ГП

Филмски заплет без маана Формула 1 ужива непредвидловост која беше нетипична за спортот во последните декади: седум победници во првите седум трки

К

ога би знаеле дека со забраната на двојните дифузери и со воведувањето на помеки пневматици ќе креираат волкава драма, шефовите на Формула 1 веројатно ќе посакаа вакво нешто да им се случи и порано. Сепак, тврдокорните фанови имаат причини за забелешки, бидејќи не секогаш победуваат најдобрите, туку оние кои успеале да ги сочуваат перформансите до крајот на трката, но тоа може да се смета и како дополнителен квалитет во стратешките надмудрувања. Со враќањето во Европа, карванот на Формула 1 протатне низ Барселона и Монако, за потоа да го обиколи и Монтреал. Додека во Барселона бевме сведоци на препородот на Вилијамс и Ферари, со Малдонадо и Алонсо во главните улоги, сепак чесно е да се каже дека пол позицијата му припадна на Хамилтон, но британскиот возач беше дисквалификуван бидејќи тимот го испратил со премалку гориво на патеката. Низ улиците на Монте Карло пак, доминираа Вебер и Розберг, иако и тука пол-позиционерот беше на издржување казна (Шумахер поради предизвикување инцидент во Барселона). За разлика од споменатите две трки, единствена трка со меѓусебно надмудрување и различни стратегии видовме во Канада, каде што Фетел имаше пол позиција, но брзината во трката беше на страната на Хамилтон и Алонсо. Кога пилотот на Мекларен направи втор пит стоп, Алонсо и Фетел останаа на патеката, но беа достигнати и престигнати, а по-

МОТО ГП 1.

Лоренцо

2.

Стонер

115 95

3.

Педроса

85

4.

Довициозо

60

5.

Крачлоу

56

* По трката за ГН Каталонија

бедникот Хамилтон го презема и водството во генералниот пласман. Во Мото ГП шампионатот исто така се извозеа три трки: Стонер по триумфот во Шпанија го потчини Иберискиот полуостров со уште една победа во Португалија, во уште една трка во која Лоренцо и Педроса беа зад него. Сепак, главна вест беше објавувата на Стонер за повлекување од активното возење на трки. Тој го раздрма спортот на прес конференцијата во Ле Ман, упатувајќи критики за новите правила и начинот на организација на трките, кои според него се движеле во непосакувана насока. Трката во Франција донесе дожд, а во тие услови Лоренцо се издвои како единствен кандидат за победата, додека во дра-

мата зад него поранешниот светски првак Валентино Роси успеа да направи подвиг и да го престигне Стонер за да го освои второто место. Во Барселона пак, Лоренцо успеа конечно да ги зарадува домашните навивачи со победа, при што најголем противник му беше Дани Пероса со кого се сменија во водството, додека Андреа Довициозо беше човекот кој на оваа трка го симна индиспонираниот Стонер од подиумот преземајќи му го третото место. Летото е период во кој се возат класиците на европските трки и во двата спорта, а на нив се очекува да се издвојат и кандидатите за борба за светската титула. •Александар Табаковски

ФОРМУЛА 1 1.

Хамилтон

88

2.

Алонсо

86

3.

Фетел

85

4.

Вебер

79

5.

Розберг

67

* По трката за ГН Канада

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

47


СПОРТ

Интервју со Хеики Ковалаинен

Секогаш давам

Финскиот возач влезе на „висока нога“ во Формула 1, откако уште како тест шофер во Рено направи сензација на егзибиционата „Трка на шампионите“ совладувајќи го Шумахер во најдобрите денови. Дебитираше како замена за Алонсо во францускиот тим по двете освоени титули на Шпанецот, за потоа да биде ангажиран во Мекларен покрај Луис Хамилтон. Но, со доаѓањето на Батон, во 2010 година, тој избра да оди во нов тим (тогаш Лотус, сега Кетерхем) и да го развива својот пат до успехот од нула.

Н

а Ковалаинен се присетувам како на добар соговорник, откако прв пат имав шанса да го интервјуирам додека возеше за Рено. Во Барселона, за време на шпанското гран при, бев изненаден колку новинари се во редот за разговор со него, иако нема освоено бод откако е во Кетерхем, ниту игра клучна улога во борба за титулата. Но, токму таквата

48

од себе неоптовареност со успехот, го прави исклучително податлив и независен во своите погледи на нештата. • Како сте задоволен од тестирањата во Муџело? Ковалаинен: Испробавме многу различни надградби и многу различни делови на болидот, некои од нив работеа, а некои не. Не успеавме да ги направиме сите да работат од прва, па затоа и нема да ги користиме сите нив во трките сè додека не разбереме зошто некои од деловите не работеа како што беше планирано. • Дали зборувате за издувниот систем? Ковалаинен: Да, издувниот систем не успеавме да го разработиме како што посакуваме, но исто така немавме и полза од новите делови на суспензијата и шасијата. Проблемите се во тој простор, знаеме уште од ланската година дека имаме проблеми во тој дел на болидот, па затоа и не сум изненаден што не успеавме од прва да ја доведеме работата во ред со надградбите. Секако дека нема да се откажеме, ќе одиме чекор по чекор сè додека не разбереме подобро што се случува. • Дали е тоа фрустрирачко за возачите, за вас, конкретно? Ковалаинен: Па... Јас се обидувам да го задржам мојот фокус, се обидувам да продолжам да работам со болидот, да притискам 110 проценти, знаете, тоа е тоа. Ќе се обидам да направам сè што можам заедно со инженерите и со дизајнерите за да го подобриме. Тоа е најдоброто нешто што можеме да го направиме, но и единственото нешто што можеме да го направиме.

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

• На оваа патека (во Барселона) е мошне битно да се има „даунфорс“, уште малку „даунфорс“ и колку што е можно повеќе „даунфорс“. Бидејќи вашите проблеми се од оваа област, дали очекувате на другите патеки да Ви оди подобро? Ковалаинен: Не можам да кажам дека оваа патека многу се разликува од останатите, бидејќи и за другите е потребно да се има добар „даунфорс“. Во овие денови гледаме дека поредокот е речиси идентичен, иако се вози на различни патеки, па оттука не очекувам големи разлики, ние и натаму ќе продолжиме да се бориме за нашите нормални позиции. Ние нема да скокнеме до оние што се пред нас во една трка, поентата е токму во тоа, работиме на тоа и нема потреба да се биде тажен туку треба да се продолжи да се работи. • Засега задоцнувате една секунда? Ковалаинен: Тоа е нешто на што не се осврнувам за да барам точен одговор. Колку и да е, нема да го смени мојот пристап за да дадам 110 проценти од себе, дури иако тие што ги бркам се 5 секунди побрзи од мене. Едноставно, тоа не прави разлика за мене. • Во минатото се употребуваше фразата дека возачите треба да го развиваат болидот, но сега сме свесни дека сè повеќе тие почести им припаѓаат на инженерите. Дали сметате дека возачите сè уште се есенцијален дел за развој на возилото? Ковалаинен: Па, да. Мислам дека сè уште е така. Би го илустрирал тоа на следниов начин. Во првата сесија на тренинзите во Барселона на мое место ќе вози тест возачот Александар


СПОРТ Роси, а во суштина јас многу би сакал да бидам во болидот и да работам со екипата, да барам солуции за овие проблеми за коишто зборував досега. Но, тимот донесе одлука да им дава шанса на други луѓе да возат на некои од петочните тренинг сесии и јас тоа морам да го прифатам. Апсолутно би сакал да бидам во „кокпитот“, мислам дека тоа е круцијално, во суштина ние сме тие што се во болидот и што го чувствуваме она што се случува. Без оглед на тоа што велат симулациите, ние сме тие коишто треба тоа да го востановиме. Мислам дека мора да се смета на тоа и во иднина, мислам дека многу возачи се инволвирани и дека тоа така треба да остане. • Дали сметате дека во таа работа за развој на болидот добивате помош од Вита-

ли Петров, како што тоа претходно беше случај кога работевте на подобрување на возилото заедно со Јарно Трули? Ковалаинен: Да, апсолутно. Секогаш можеме да ги споредиме податоците и Витали е доволно професионален, доволно е брз, па можеме да се споредуваме, да работиме како тим, но,од друга страна, јас го имам искуството и знам што треба да правам и што ние треба да сториме за да мрднеме понапред во поредокот. Сум имал на располагање добар болид, знам како е, знам кои бројки треба да ги постигнеме и константно работиме на тоа со тимот. • Дали сте задоволен како се развиваат нештата со вашата екипа и вашиот болид? Ковалаинен: Мислам дека сите очекуваа повеќе оваа година, да бидеме понапред во поредокот или барем блиску до оние што се пред нас, па, на некој начин, не сме ја исполниле таа цел. Главна работа е што продолжуваме да се бориме, да работиме, тимот презеде чекори, го засиливме техничкиот кадар, го зголемуваме времето на работа во воздушниот тунел, а со квантитетот доаѓа и квалитетот. Знаете, таму губиме во перформансите, во аеродинамиката. Фундаментално гледано, болидот е мошне добар, од гледна точка на „сетапот“ најдовме добар баланс, болидот е нежен со гумите и немаме никакви сериозни проблеми. Главни се проблемите со аеродинамиката и тимот во континуитет го засилува тој оддел. Се надевам дека со тоа ќе успееме да се доближиме до другите и да ја испол-

6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk

ниме нашата цел, бидејќи сè уште има голем дел од сезоната и сè уште имаме простор да се подобриме. • За следната година се најавени уште помеки гуми од страна на Пирели... Ковалаинен: Генерално, ние немаме проблеми со гумите. Тврди гуми или меки гуми, добар контакт со подлогата или нешто послаб, едноставно ќе го почувствувам тоа што гумата го нуди и ќе возам за да извадам максимум од она што е можно. Немав проблем ниту со Мишелин, немав проблем ниту со Бриџстоун, а немам проблем ни сега со Пирели. Знам дека некои возачи имаат поинакво мислење, но јас сум среќен со она што го имам и се обидувам да го извадам најдоброто од него. • Што може да се очекува на некои нетипични патеки како што е онаа во Монако? Ковалаинен: Ако нема дожд, мислам дека резултатите ќе бидат горе-долу исти и ќе ги следат трендовите што ги имавме досега. Брзите болиди повторно ќе бидат брзи и во Монако. Има многу добри возачи кои одлично ја познаваат патеката, па ќе биде тешко да се направи голема разлика. Отсекогаш сум уживал на таа патека, сум имал добри трки во Монако, така што со нетрпение очекувам повторно да одиме таму, но од друга страна не се надевам на никаков бенефит. Главна работа е да успееме да го натераме болидот да работи добро на таа патека, колку што е можно подобро, бидејќи таа е различен вид на патека, па и „сетапот“ ќе треба да претрпи промени. Карактеристиките на патеката бараат различни нешта, па ќе мораме да го адаптираме болидот на тоа и тоа ќе биде клучно таму, кој најдобро ќе се прилагоди. • Имајќи ги предвид проблемите со аеродинамиката за коишто зборувавте, кои патеки би требало да бидат најпогодни за вас оваа година? Ковалаинен: Генерално, проблемот е универзален и го има насекаде, бидејќи „даунфорсот“ е потребен на секоја патека. Можеби на некои трки со долги правци ќе бидеме конкурентни, бидејќи видовме во Бахрејн дека на такви делници сме брзи, споредено со другите екипи, па можеби би се доближиле до оние што се пред нас. •Александар Табаковски

49


членство

Колку вреди вашата безбедност на пат ова лето?

Д

али сте помислиле колку вреди Вашата безбедност на пат? Мислите дека сте подготвени за летниот одмор, прегледувајќи ги личните работи и сé што Ви недостасува... Дали заборавивте на нешто? ДА! Заборавивте на Вашата сигурност и безбедноста на Вашето семејство додека патувате до саканата летна дестинација. Вашата и безбедноста на Вашето семејство е во Вашата АМСМ Europe premium членска картичка. За само 2.400 ден. добивате услуги во вредност од над 70.000 денари во текот на годината. Се прашувате како е тоа можно? АМСМ Ви ја открива магијата на членството:

1.

Конечно подготвени тргнувате на летен одмор со Вашиот автомобил, но секогаш може да се случи нешто непредвидено. Доколку Ви се дупне гумата или не можете да го стартувате автомобилот, со Вашата АМСМ Europe premium картичка услугата ПОМОШ НА ПАТ каде и да сте во Европа, ја добивате бесплатно. Заборавете на

грижите дека Вие и Вашето семејство ќе останете беспомошни на сред пат. Како наши членови, единствено што треба да направите е да се јавите на 196 директно во АМСМ. Сé останато е наша грижа за нашиот член.

2.

4.

А ако сепак одлучите да се вратите дома, со АМСМ Europe premium членската картичка добивате БЕСПЛАТЕН ТРАНСПОРТ до 200 евра, за Ваше безбедно враќање дома.

Доколку Ви се случи дефект на автомобилот додека патувате на летен одмор и Ви треба шлепување до најблискиот сервис, нека не Ве совлада чуство на немоќ...Со АМСМ Europe premium членската картичка услугата ШЛЕПУВАЊЕ ја добивате бесплатно, каде и да сте во Европа. Повторно, треба само да се јавите на 196, останатото е завршено, а Вие, можете да се опуштите.

5.

Откако ќе го однесеме Вашиот автомобил на поправка во најблискиот сервис, се прашувате што ако останете без автомобил неколку дена? Со АМСМ Europe premium членската картичка добивате БЕСПЛАТНО РЕНТ-А-КАР возило и БЕСПЛАТНО СМЕСТУВАЊЕ за одредена сума, додека Вашиот автомобил повторно не се оспособи за да го продолжите патувањето.

Досега сигурно веќе сфативте дека не се тргнува на пат без АМСМ Europe premium членска картичка. Патувајте безгрижно и чувствувајте се безбедно каде и да сте со АМСМ членските пакети. Нашите корисници добиваат МНОГУ, но нашите членови добиваат секогаш ПОВЕЌЕ! •

3.

Со АМСМ Europe premium членската картичка добивате и многу други услуги: попусти насекаде во светот со SyC! програмата и попусти на територија на Македонија со АМСМ партнер програмата и многу попусти во системот на АМСМ (попуст на аранжманите во АМСМ Турс, попуст на технички преглед, попуст во сервисни услуги и др.)

6.

Следи нè на: тво АМСМ Членс АМСМ

АМСМ Членство 02/ 3181-108

www.amsm.mk 50

Доколку имате какви било прашања поврзани со услугите од членскиот пакет што сте го избрале, 6-7-8/2012 • www.amsmklubmobiliti.mk или членската картичка не пристигнала на Вашата домашна адреса во рок од 30 дена по зачленувањето, Ве молиме контактирајте нѐ на 02/ 3181-108 или на clenstvo@amsm.com.mk.


6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk

51


52

6-7-8/2012 â&#x20AC;˘ www.amsmklubmobiliti.mk


Klub Mobiliti (juni 2012)  

AMSM Klubsko Spisanie

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you