Page 7

BMW

ИДНИНАТА НА ОДДЕЛОТ МОТОРСПОРТ

П

оследната недела од јуни БМВ ја одбележа со претставување на концептот „вижн м некст“. Тоа е класичен спортски купе автомобил со кој производителот покажува во кој правец ќе се движи БМВ во иднина, односно во кој правец ќе се движи спортскиот оддел М (Моторспорт). Погонот е хибриден, четири електромотори за секое тркало по еден и бензински четирицилиндричен турбо мотор кој ја задвижува задната оска. Комбинацијата од мотори произведува вкупно 600 КС, забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,0 секунди и

крајна брзина од солидни 300 км/ч за ваков примерок на четири тркала. Новиот баварски автомобил со име „бмв вижн м некст концепт“ ви овозможува да изберете дали сакате вие да возите или тој вас да ве вози. На вас останува да одлучите која можност ќе ја одберете. Некогаш БМВ се рекламираше дека повеќе од задоволство е да се возат нивните автомобили. Кинеската автомобилска индустрија со засилено темпо станува се пожестока и пожестока на светскиот пазар, а на домашниот веќе го има приматот. •

KIA XCEED

ВО „НАПАД“ СО ВОЗИЛА ЗА ЗАБАВА

В

елат дека ова е последната изведба од популарниот модел „сид“, а тоа е „икс сид“, кој не е „сув“ туку „кув“ односно кросовер јутилити викл, а тоа е современа изведба на традиционалните сув возила. Како што производителот вели новото возило „икс цид“ ќе биде сместено помеѓу „стоник“ и „спортаж“. Официјалното претставување се случи на 26 јуни, а светската саемска премиера е наменета за Франкфурт каде есенва ќе продефилираат најновите достигнувања од индустријата на четири тркала. Еден модел повеќе изведби, дури три од програмата на тие наменети за забава. Купувачите тоа сакаат, класичните лимузини и комбилимузини, а до

некаде и караваните им станаа „досадни“ и сега сакаат нешто поинакво, поразлично, несекојдневно. „Икс сид“ располага со 4,4 метри должина, 1,83 метри ширина и 1,49 метри висина, додека растојанието од едната до другата оска е 2650 мм. Погонските агрегати започнуваат со бензискиот 1,0 литри со три цилиндри и 120 КС, 1,4 литарскиот со 140 и 1,6 со 215 КС. Покрај нив има дизел со зафатнина од 1,6 литри во две изведби, со 115 и 136 КС. Сите мотори поседуваат турбо полначи. Продажбата треба да започне на есен, веднаш по светската премиера во Франкфурт. Колку за информација, премиерно прикажаниот мотор е потпишан од Стефан Венгер, мајсторот на својот занает. •

07/08.2019 | www.amsmklubmobiliti.

7

Profile for AMSM

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

Profile for amsm5
Advertisement