Page 59

ходното рели на Португалија, на От Танак му донесе предност на Сардинија. Со препуштањето на победата на Ожие, Танак воедно му ја препушти и улогата на метла на лизгавиот чакал на Сардинија. Оваа одлука на Естонецот се покажа како повеќе од исправна. Уште на самиот старт на релито Ожие се сретна со проблеми. Лошата стартна позиција не му дозволи да стигне понапред од деветото место, а потоа удри во камен оштетувајќи ја суспензијата по што мораше да се повлече од релито. Со многу проблеми се сретна и Нувил. Мака мачеше со лошиот избор на гуми, потоа имаше проблеми со забелешките и на крај го оштети ладилникот. Сепак, првиот ден го заврши на седмата позиција. Лидер на релито стана Дани Сордо со Hyundai i20. Шпанецот возеше константно и успеа да му побегне на Танак, единствен од лидерската тројка кој се спаси од проблеми. Она што го пропушти во првиот ден од релито Танак го надомести во вториот. Победи на сите шест брзински испити и успеа да стекне солидна предност од 25,9 секунди пред Сордо кој го заврши денот на второ место. Тимо Сунинен со Ford Fiesta кој претходниот ден заврши втор, сега падна на трето место. Нувил продолжи да го бара вистинскиот сетап на својот Hyundai i20, но не јаде вистински одговор. Ожие кој по поправката на возилото доби прилика да стартува на релито повторно удри во камен сега оштетувајќи ја задната суспензија поради што повторно остана со куси ракави. Танак на последниот ден продолжи онаму каде што заврши претходниот. На врвот. Возеше беспрекорно и на последниот брзинец од релито веќе имаше солидна предност во однос на Сордо. Но, среќата го напушти. Проблемите со управувањето на неговата Toyota Yaris не му дозволија да победи. Загуби повеќе од две минути во однос на Сордо и мораше да се задоволи дури со петтото место. Очекувано победата отиде во рацете на Сордо. Втор заврши Сунинен, а трет Андреас Микелсен со Hyundai i20. Сепак, освоените бодови му овозможија на Танак да поведе во шампионатот за возачи. Со 150 бодови Танак води пред Ожие која има 146 бодови и Нувил со 143 бодови. Победата на Сордо и третото место на Микелсен го промовираа Hyundai во лидер меѓу производителите. Води со 242 бодови пред Toyota со 198 и Citroen со 170 и Ford со 150 бодови. Расплетот кој се очекува во останатиот дел од сезоната почнува со релито во Финска. •Љубомир Атанасовски

Profile for AMSM

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

Profile for amsm5
Advertisement