Page 39

М

алкумина знаат дека е крстен по некогашниот рекордер во трчање на 100 м - Карл Луис, којшто е познат како најбрзиот човек на светот. Не случајно, велат родителите на петкратниот победник во Формула 1, бидејќи знаеле дека нивниот син ќе ги повтори успесите, па и ќе ги надмине, и во друга спортска „игра“. Можеби не покажувал интерес кон трчањето, но постојано мечтаел за победа, уште во детството. Работите се одвивале како што треба, подмачкано. На дваесет и тригодишна возраст (и триста дена, попрецизно) станал шампион, победник во најбрзиот карван на светот. Возачот на McLaren Mercedes, во последната трка на сезоната во Бразил 2008 го претрка Фелипе Маса (Ferrari) и стана најмладиот шампион на сите времиња. Мајка му, Кармен Ларбалестиер, ретко го бодри, речиси никогаш не присуствува на трките, крај патеките, иако навива за него, бидејќи се плаши да гледа како Луис вози со брзина од триста и дваесет километри на час и животот го става на коцка. Се развела со Ентони Хамилтон кога Луис имал две години. Заедно живееле до неговата дванаесетгодишна возраст, кога се преселил кај татко му, а тој, пак, запоставил сè за да му се посвети целосно на синот, во секој поглед, дури кога е во прашање и остварувањето на неговите соништа. Кога имал шест години, му купил картинг со што му го привлекол вниманието, да вози, вежба..., и да ги заинтересира McLaren-овите скаути. За

да му обезбеди учество во картингнатпреварите и да го придружува на патувањата, Ентони морал да се занимава со неколку работи во исто време. Тој не пропуштил ниедна трка во која настапувал Луис. Склон кон бомбастични изјави, надмен, со краток фитил и без влакна на јазикот, Хамилтон уште на десетгодишна возраст ја покажувал својата речитост, но и страсната желба за успех, за реализација на плановите. „Добар ден. Јас сум Луис Хамилтон. Сакам да возам, еден ден, за вас“, му рекол на Рон Денис, шефот на McLaren-овиот тим, а тој, пак, му одговорил: „Побарај ме за десет години, ќе средиме нешто“. Две години подоцна се нашол во Young Driver Support Program, McLarenовата фабрика за асови. Едноставно, дванаесетгодишникот не се срамел да покаже дека патеката му е предизвик, провокација, дека сака да се натпреварува. Но, и да победува, повеќе од мнозината. Дебитираше во 2007 год., во McLaren. Го дочека Фернандо Алонсо, инаку двократен првак (2005, 2006 г.). Се разбира, Британецот сакаше да биде најдобар, не доаѓаше предвид да падне во неговата сенка. Затоа и настана голема мешаница во McLaren-овиот тим, па така Алонсо во 2008 година се врати најпрвин во Renault, а потоа во Ferrari, но не успеа повторно да стане шампион. За разлика од него, Хамилтон како човек во чиј речник не постои зборот „неуспех“, во Mercedes ја освои титулата за 2008, 2014, 2015, 2017 и 2018 год. Петкратниот победник во Формула

1 се изедначи со легендарниот Хуан Мануел Фанџо. Пред него е само Михаел Шумахер со засега недостижни седум шампионски титули. „Не знам дали ќе имам прилика да освојам повеќе, којзнае, но ќе дадам сè од себе. Имам многу победи, стотина, тука ќе бидам уште неколку години, па се надевам дека барем ќе му се приближам на Шумахер. Михаел беше гениј, и според тоа како се вклопи во Ferrari, и според тоа што направи со екипата. Секогаш ќе бидам негов фан“, неодамна изјави Луис. Годинава што изминува ги освои Бахреин, Кина, Шпанија, Монако, Канада, Франција. Хамилтон не е интригантен само на патеките. Напротив, важи и како голем заводник. Неговото име сигурно ќе остане забележено во историјата на Формула 1, но многумина ќе го споменат и кога ќе помислат на една од најубавите жени во светот - Наоми Кемпбел. Долгоногата убавица е постара од Луис неполни петнаесет години, но возраста не беше пречка за шампионот. Беа во краток, бурен однос пред да вплови во љубовна врска, полна со страсти, но и пресврти, со Никол Шерцингер, најпопуларната членка на „The Pussycat Dolls“, каде што пееше од 2003-та до 2010-та. Заедно беа осум години. Потоа се редеа и други убавици, вклучувајќи ги и „празните муабети“ од неговата спална соба. Како и да е, едно е сигурно - поради својата луцидност на патеките, храброста и бескомпромисноста, Луис ќе остане запаметен како еден од најдобрите возачи на Формула 1 кога и да било. • Игор Ландсберг 07/08.2019 | www.amsmklubmobiliti.

39

Profile for AMSM

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

Profile for amsm5