Page 33

ските војни Парга била ослободена од турските власти и обновена. Старата венецијанска тврдина (датира од 14 век) го дели центарот на Парга од плажата Valtos. Од тврдината имате прекрасен поглед на градот, пристаништето и на малите острови и околните плажи. Стариот дел на градот Парга е навистина уникатен. Со закон е предвидено сите куќи во стариот дел задолжително да бидат обоени во жолта или во црвена боја и тука не е дозволено да се подигнуваат повеќе катови. Плажата Миртос, Кефалонија

Во Парга се наоѓа музејот Parageа, каде што може да се види филм за производството на маслиново масло во што се вклучени сите локални жители. Оттука многу лесно се стигнува до Крф, Лефкада, Јонските Острови. Исто така, задолжително треба да се оди на крстосување до Сината Пештера и на островот Паксос и Антипаксос, каде што водата има исклучително тиркизна боја. Младите можат да се забавуваат во многубројните кафулиња и коктел-барови, каде што често има музика

во живо. Најдобри ресторани се Arkudas, Edem, Veneciano, Filomila, најпопуларни барови се Del Mar, Il Posto, Sugar ISpice , Терра бар, Blue bar, Veranda и Sail in. Тука е и Cape North West, еден вид ресорт што се наоѓа на крајот од плажата Valtos. Преубаво место што ви нуди прекрасно чувство на слобода и убавина во кое може да уживате во добра музика, да вкусите одлични коктели или да ручате во ресторанот во кој услугата е совршена. Парга има две градски плажи: Krioneri, главна песочна 07/08.2019 | www.amsmklubmobiliti.

33

Profile for AMSM

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

Profile for amsm5
Advertisement