Page 20

MERCEDES-AMG A45 S 4MATIC+ И CLA 45 S 4MATIC+

ИНСТРУМЕНТИ ЗА ВРВНО ВОЗАЧКО ДОЖИВУВАЊЕ

НАЈМОЌНИОТ СЕРИСКИ 2.0 ЛИТАРСКИ ТУРБО БЕНЗИНЕЦ НА СВЕТОТ НАВИЕН НА 421 КС, СПОРТСКИ ТЈУНИРАНАТА ШАСИЈА И ВАРИЈАБИЛНИОТ ПОГОНОТ НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА СО ПОСЕБЕН МОДУС DRIFT ВЕТУВААТ УЛТИМАТИВНА ЗАБАВА ЗАД ВОЛАН.

О

дгледувачницата на змееви од Афалтербах, „MercedesAMG“ на писта испраќа две ламји кои кога ќе се притисне педалот за гас се претвораат во инструменти за ултимативно возачко доживување со секој одвозен метар. Станува збор за новата генерација на врелиот хечбек Mercedes-AMG A 45 S 4MATIC+ и неговата седан изведба CLA 45 S 4MATIC+. Две изведби со различна форма, но идентична содржина полна со беснотилак. 45-те на AMG се комплетно редизајнирани од моторот, преку шасијата до погонот, сѐ со цел да се подигне возната динамика и спортските перформанси до ниво кое досега беше незамисливо во сегментот на компактни спортски автомобили. Воедно AMG го зацврстува своето реноме како специјалист способен да ги создаде најмоќните и најдинамичките компактни спортисти, а со тоа ја нагласува важноста на овој специфичен сегмент. НАЈМОЌНИОТ 2.0 ЛИТАРЕЦ НА СВЕТОТ Комплетно новоконструираниот 2.0 литарски линиски четирицилиндарец веднаш се закитува со епитетот „Најмоќниот сериски 2.0 литарец на светот”. Инженерите на MercedesAMG успеале од 2.0 литарецот да извлечат максимални 421 КС, или 211

20 07/08.2019 | www.amsmklubmobiliti.mk

КС од литар зафатнина. Тоа е повеќе отколку што можат да се пофалат дури и некои извикани суперспортски модели. Моторот се склопува според принципот „Еден Човек, еден Мотор”, принцип кој функционира и кој ден денес се негува во AMG. Излеан од алуминиум моторот носи цилиндри преслечени со NANOSLIDE, технологија која го прави цилиндерот мазен како огледало за минимално триење меѓу клипот и сидот на цилиндерот. Развиена и заштитена со патент од Daimler AG оваа технологија се наоѓа и во моторите од Формула 1. Поставени се поголеми издувни вентили за побрз одвод на согорените гасови. Вбризгувањето на горивото е во две фази со што се подобрува одзивот при ниски вртежи и зголемува моќноста при високи. За да се намали триењето во турбо полначот и да се добие побрз одзив на педалот за гас првпат во индустријатра AMG користи тркалачки лежишта кои дозволуваат турбината лесно да достигне 169.000 min-1. Со нејзина срдечна помош 2.0 литарецот своите 421 КС ги истискува при 6750 min-1 и остварува вртежен момент од масивни 500 Nm кои стојат на располагање меѓу 5000 и 5250 min1 . Максималниот број на вртежи што може да ги достигне моторот е 7200 min-1 по што се вклучува заштитата. Сето ова е доволно за вртоглави

перформанси со спринт од место до 100 km/h за 3,9 секунди за А 45 S и 4,0 секунди за CLA 45 S, и максимална брзина електронски ограничена на 270 km/h. ПОГОН НА ЧЕТИРИ ТРКАЛА СО МОДУС DRIFT Моќноста која ја ослободува овој биковски силен мотор се испраќа до сите четири тркала преку автоматскиот менувач со две спојки и осум степени на пренос. Како моторот, така и менувачот е нов. Станува збор за AMG Speedshift DCT-8G кој според брзината на менување на степените лесно влегува во класата на спортски менувачи. Внимателно распоредените преносни односи му овозможуваат на возачот да го почувствува забрзувањето без задршка. Едноставно менувачот префрла така за моторот да може да влече, и влече со полна сила низ цел режим на работа. Нормално со користење на паметна управувачка електроника AMG Dynamic Select возачот може да го бира модусот на работа според своите афинитети. Секако тука е и неизбежното рачно менување на степените преку палки поставени зад волан. Ултимативниот модус е Race-Start кој дозволува максимално забрзување без губитоци од пролизгување. Овој модус е избор за сладокусци и дозволува во подмени да се одбере

Profile for AMSM

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

АМСМ КЛУБ МОБИЛИТИ ЈУЛИ-АВГУСТ 2019 бр.40 електронско  

Profile for amsm5
Advertisement