Page 1

Училишен весник

1


Училишен весник

ПОРТУГАЛИЈА

ERASMUS +

2


Училишен весник

Три Еразмус + Проекти во ООУ Гоце Делчев, Прилеп ООУ Гоце Делчев, Прилеп започна со реализација на трите проекти за кои има одобрени грантови од Еразмус+ програмата на Европска Комисија. Првата транснационална средба, од двогодишниот проект со наслов Љубовта е за сите, се реализираше во Мадрид, Шпанија, каде координаторите од ООУ Гоце Делчев, Прилеп зедоа учество заедно со претаставници од партнер земјите Италија, Хрватска, Кипар, Шпанија и Романија. Проектот има за цел подигање на свеста кај возрасните и децата на тема толеранција и еднаквост, особено ставајќи акцент на новонастанатата ситуација со мигрантите на ниво на Европа. Во иднина, планирани се активности и мобилности на наставници и ученици кои ќе се едуцираат и ќе разменат искуства поврзани со оваа проблематика.

Втората транснационална средба, од проектот со наслов Еразмус+ Улица се одржа во Коња, Турција. Проектот има за цел изучувањето на странските јазици да го трансформира од традиционална и центрирана на наставникот во модерна и центрирана на ученикот настава, каде ученците ќе имаат можност да ги изучуваат странските јазици во средина која ќе симулира реални ситуации и ќе овозможи интегриран пристап со останатите предмети кои се изучуваат во училиштето. Партнер земји во овој проект се Турција, Италија, Португалија, Хрватска и Шпанија, а наставниците ќе имаат можност да посетуваат обуки поврзани со темата на проектот во продолжение на три години.

3


Училишен весник

Третата транснационална средба се одржа во Бистрита, Романија, каде темелно и детално се дикутираа активностите, целите, резултатите и исходите од двегодишниот проект на тема Социјална инклузија на обесправени ученици. Проектот има за цел развивање на пет методологии од страна на партнерите учесници, Македонија, Италија, Португалија, Романија и Турција се со цел имплементација на иновативни практики во партнер училиштата но и нивна десеминација и имплеменација и во останатите училишта во државите партнери. Проектот предвидува мобилности на наставници и ученици во наредните две години.

4


Училишен весник

Интернет безбедност ООУ “Гоце Делчев”- Прилеп ја подига свеста за Интернет безбедноста помеѓу своите ученици, родители и вработениНа ден 25.12.2017 година во просториите на ООУ ,,Гоце Делчев,, Прилеп се одржа инфо ден со цел подигање на свеста за безбедно користење на интернетот со наслов „Подобар Интернет за нашите деца“. За таа цел наставниците дискутираа со своите ученици за позитивните и негативните последици при користењето на интернетот и сите имаа можност да споделат досегашни позитивни и негативни искуства како поуки за внимателно користење на интернетот во иднина.

Училиштето изработи едукативни брошури со насоки за правилна употреба на Интернетот како и информации од области како онлајн малтретирање, заштита на лични податоци и репутација и интернет бонтон како и линкови од важни вебстрани кои темелно ја покриваат оваа проблематика кои беа распределни на учениците, родителите и вработените во учлиштето. Училиштето обрнуваа големо внимание на оваа тема, имајќи ја во предвид законската обврска за примена на ИКТ во редовната настава и редовно го едуцира својот кадар и се грижи за неговиот професионален развој.

5


Училишен весник

Еразмус + LIFE

Посета на Дом за стари лица

Како дел од активностите предвидени со КА2 проектот „Љубовта е за сите“ од програмата Еразмус+ на Европската Комисија поддржан од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, а воедно и по повод роденденот на својот патрон, учениците од ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп одржаа пригодна програма за повозрасните дами и господа од Домот за стари лица „Киро Крстески-Платник“, Прилеп. Програмата беше реализирана под диригентската палка на наставникот Љупчо Мирчески. Училишниот хор ја отвори програмата со изведба на химната на Македонија, а истата беше проследена со настапи на Леонид Колевски – хармоника, Благица Блажеска – виолина, Марија Јошеска – флејта, Кирил Јовчески – гитара, Марија Наумоска – пијано, Ивана Стојкоска – гитара, Марта Стоилкоска – соло, Александра Кузманоска и Марија Наумоска – танц. Дечињата од ООУ „Гоце Делчев“, Прилеп вистински се потрудија да внесат радост во срцата на повозрасните и да го разубават нивното попладне. Настапите беа дочекани со аплаузи и отворена покана повторно да ги посетат.

6


Училишен весник

Erasmus+ Street – Еразмус+ Улица, обука за наставници во Сан Себастијан – Доностија,Баскија – Шпанија Еден од трите проекти кои се реализираат во ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп, со грант од Еразмус+ програмата на Европската Комисија е проектот Еразмус+ Улица. Целта на овој проект е изучувањето на странските јазици да се трансформира од традиционална и центрирана настава нанаставикот, во модерна, современена настава во чиј центар е ученикот. Учениците ќе имаат можност да ги изучуваат странските јазици во средина која ќе симулира реални ситуации и ќе овозможи интегриран пристап со останатите предмети кои се изучуваат во училиштето. Партнер земји во овој проект се Турција, Италија, Португалија, Шпанија и Хрватска. Во рамките на проектот претставници од ООУ„Гоце Делчев“ – Прилеп, во периодот од 14 до 20 Февруари присуствуваа на првта LTT средба – обука за наставници на тема„Повеќејазичноста и образованието“ во Сан Себастијан – Доностија, Баскија - Шпанија.

Покрај размената на искуства од областа на изучувањето на странските јазици во земјите коипартиципираат во проектот, на обуката беше презентиран и образовниот систем на Баскија каде што на исто рамниште се поставени баскискиот и шпанскиот јазик т.е училиштата се двојазични, а во наредниот период се планира да станат тријазични со воведување на англискиот како трет рамноправен јазик. 7


Училишен весник

Претставниците од нашето училиште имаа можност да посетат повеќеинституции, а остварија средба и со градоначалникот на Сан Себастијан – Доностиа.

8


Училишен весник

Еразмус + SIDS - СОЦИЈАЛНА ИНКЛУЗИЈА НА УЧЕНИЦИ ВО НЕПОВОЛНА ПОЛОЖБА, тема: „Соученичко учење“ Мобилност во Италија беше организирана од страна на училиштето “Omnicompresivo Ridolfi Zimarino” во Сцерни, Италија од 05.03.2018год. до 09.03.2018 год. На почетокот беше реализирана средба за запознавање и беа презентирани државите Турција и Романија, а потоа - презентација на земјите Португалија, Македонија и Италија. Беше изведена посета на винаријата во кругот на училиштето, а се реализираше работилница со учениците од сите училишта.Работилницата за учениците Уредување на редакцијата на весникот им остави силен впечаток на учениците поради можноста за тимско ангажирање (учениците беа поделени во групи: спорт, музика, мода....). Нашите ученици требаше да пишуват на тема: „Здрав животен стил“ на англиски јазик, а истите беа објавени на интернет страната на училиштето.

Заедно го посетивме резерватот “Gardino botaniko Mediterraneo e Biotopo Costiero и ја разгледавме ботаничката градина како и стариот дел на градот Vasto. Остваривме интересна посета на училиштето во Casalbordino ( училиште без ранци) каде имавме можност да се запознаеме со иновативни стратегии за реализација на наставата. Се договаравме, заедно со партнерите, за понатамошните активности за проектот.

9


Училишен весник

Реализиравме и повеке други активности: - Посета на фабриката за производство на сирење - Средба со претставници од опшината и доделување на дипломите - Заедничка училишна забава - Учениците беа на посета на часови во училиштата -Посета на агрометролошката станица во Scerni , заедно ученици- наставници -Спортски натпревари меѓу учениците - Посета на учениците во училиштата

10


Училишен весник

11


Училишен весник

Еразмус + Љубовта е за сите/ LIFE / – Мобилност во Хрватска Во рамките на проектот Еразмус+ од двогодишниот проект „Љубовта е за сите“, ООУ „Гоце Делчев“ со наставникот Љупчо Мирчески и ученичките Марија Макревска и Ивана Цветкоска, успешно ја завршија својата работна посета во Р.Хрватска, во градот Вараждин заедно со нашите земји соработници домакините - Хрватска, Италија, Шпанија, Кипар и Романија.

12


Училишен весник

Паралелно со работата се одвиваше и дружбата помеѓу учениците инивните наставници кои разменија искуства во поглед на наставата за разликите и сличностите во образовните системи. Нашето училиште достоинствено го претстави нашиот град и Република Македонија со своите достигнувања во горенаведените области, со што уште еднаш се докажа дека нашето училиште ООУ „Гоце Делчев“ – Прилеп има тим кој успешно ги реализира сите задачи и активности предвидени во агендата на Еразмус+

13


Училишен весник

Еразмус + SIDS Хоби клуб Во рамките на проектот SIDS формиран е во училиштето Хоби клуб на ученици кој ќе реализира повеке разновидни активности. На заедничка средба членовите заеднички ја подготвија програмта со активности која опфака повеке теми на ангажирање : Подготовка на програма за активности Организирање на хоби ден Сценарио за Хоби ден. Приложеното сценаро е само предлог. Секоја нова идеја за која што членовите на Хоби тимот се согласни дека е подобра и поинтересна, слободно може да се примени. Единствен услов за самиот настан е истиот да се реализира во времетраење од околу 60 минути (1 саат) и притоа од страна на учениците да бидат презентирани реализираните активности за обработените теми во тековниот месец. Датумот и терминот на одржување го одредуваат членовите на Хоби тимот и за истиот благовремено треба да бидат известени едукаторите-фасилитатори за училиштето.Исто така на настанот пожелно е да бидат поканети (а може и директно вклучени): родители, претставници од Локалната самоуправа и други лица кои со својата стручност би го збогатиле и разубавиле тој настан. 1.Конференсие- Поздравување на присутните- Давање осврт на целите на проектот и на настанот Хоби ден (Директорот или некој друг од Хоби тимот)- Поканување на воведничарот за првата тема 2. Воведничар на темата- Краток осврт на суштината од конктерната активност- Најава на активностите преку кои е обработена темата (посета, брошура,стихотворби, рецитал, песни, драматизација, презентација...) 3.КонференсиеРезиме на првата тема и поканување на воведничарот од втората тема 4.Воведничар на темата- Краток осврт на суштината од конктерната тема- Најава на точките преку кои е обработена темата (стихотворби, рецитал, песни, драматизација, презентација...)5. Конференсие- Резиме на втората тема и поканување на воведничарот од третата тема 6. Воведничар на темата- Краток осврт на суштината од конктерната тема- Најава на точките преку кои е обработена темата (стихотворби, рецитал, песни, драматизација, презентација...)7. Конференсие- Резиме на третата тема и поканувањена учениците кои во текот на целиот настан изработуваат ликовни творби истите да ги изложат пред присутнитеНајава на наредните теми кои би се обработувале во наредниот месец и покана на родителите за активно вклучување во истите.

14


Училишен весник

Здрава храна – здрав живот Подготовка на корисни рецепти – работилница Подготовка и прикажување преку разгласна станица на едукативни пораки за здрава храна Подготовка на презентации за здрава храна Подготовка на брошура за здрава храна Се возиме со велосипед Спроведување на активности за прошетки во блиската околина Одредување на локации за возење Подготовка на мапа на патеките Еколошки акции и кампањи Поддршка на еколошки акции и кампањи Засадување на садници и цвекиња заради естетско доуредување на одредени места во училишната зграда и училишниот двор Поставување на куќички за птици на дрвја во блиската околина Прошетки во природа во градот и блиската околина Организирање на изложба на фотографии од прошетки Заедничко возење на ролери на соодветниместа во градо

15


Училишен весник

Здрава храна за детство без мана Избери живот и храни се здраво па телото и умот да ти речат браво. Природата многу здравје ни дари на зеленчук и овошје не штеди пари. За да бидеме здрави и силни треба да се јадат многу витамини.

ЗДРАВА ХРАНА, ЗДРАВ ЖИВОТ Наутро едно јаболко зрело понекогаш и жтарици со млеко врело, и задачите во текот на денот ги извршувам смело.

Да јадеме повеке круши и сливи за да бидеме здрави и живи. Кажете и стоп на брзата храна веднаш заменете ја со јаболко и банана.

За ручек леќа, грашок варам постојано здрава храна барам. Овес, леб и ориз колку од нив имам корист !

Ѓорѓи Тасески VIII а

Чоколади не препорачувам, а топла супа секогаш нарачувам. Лимони и портокали цедам, себеси во иднината здрава личност се гледам. Анастасија Митревска VIII в

16


Училишен весник

Средби со родители за мобилности Договарањата за посетата на партнер училиштата се реализираат на заеднички средби со родителите на учениците.

Еразмус + SIDS

„Еко возило е велосипедот“ Учениците од Хоби клубот за здрави стилови на живеење порачуваат- „ Вклучете се во сообраќајот со велосипед! “. Тие направија прошетка со велосипеди во градот и непосредната околина и им поделија брошури на возачите во блиската околина на училиштето со пораки за внимателно возење заради безбедност во сообракајот на учениците и другите пешаци.

17


Училишен весник Подготовка на електронски портфолија – работилница на тимот од SIDS Членовите на тимот од проектот SIDS се подготвија преку работилница за едукација на учениците-членови во проектот за електронско следење на реализираните активности.

Еразмус + LIFE Успешна хуманитарна акција Учениците од ООУ„Гоце Делчев “ Прилеп зедоа активно учество во одбележување на Неделата на солидарноста која траеше од 16-22 Април во организација на Црвениот крст на Република Македонија. Водени од мотото „Вашиот прилог значајна помош“ учениците ја спроведоа акцијата низ центарот на град Прилеп. Посебно задоволсто и желба за хуманост се појави кај учениците кога им беше објаснeто дека собирната акција се однесува за обезбедување на помош во храна во семејство со тешка социјална средина.

18


Училишен весник ЉУБЕЗНИ ЗБОРОВИ И МИСЛИ ЗА ПОДДРШКА Членовите на Еразмус+ клубот учествуваа на новогодишниот панаѓур во училиштето и со продажба на своите изработки собраа парични средства наменети за хуманитарни акции. Дел од членовите на клубот го посетија Дневниот центар Ѕуница каде што донираа едукативни материјали и свои изработки. На средбата беше изведена и мала програма во која зедоа учество и децата со посебни потреби со што беше успешна мисијата да им го разубават секојдневието.

Како дел од проектот Еразмус+ LIFE работи и литературниот клуб неговите членови неуморно творат .

The difference isn’t an obstacle No matter the color of the skins, nationality, faith, culture it’s important that we all agree love, joy, happiness among us. There are many differences between us but they don’t prevent us to have a great friendship friendship between us is big. Regardless of faith and nation, one child has the right to everything, and everything we have we have to prove it to all, to the world. Emilija Stankoska VII b

19


Училишен весник Литературниот клуб во хуманитарна акција Литературниот клуб кој е дел од проектот Љубовта е за сите – (LIFE) реализира хуманитарна акција под мотото „ Ајде да помогнеме “ . Паричните средства од продажната активност на Еколошката боенка –Тинтири минтири ќе бидат наменети за ученик од нашето училиште кој живее во тешка социјална средина.Почитувајќи ја инклузивноста учениците посакаа заедничко почитување и солидарност со еднакви можности и постојани можности за живот за сите.

20


Училишен весник Репортажа –Пескара,Васто,Казалбордино,Сцерни Кога ќе се спомене Италија веднаш на памет ни паѓаат градовите Рим,Верона и Венеција,но во прекрасната Италија има уште многу други места кои вредат да се погледнат.Сепак гостопримството,ведриот дух,насмевките на лицата на домаќините и добрата храна изгледа се одлика во цела Италија.Целта на нашето патување беше посета на централно-источниот дел на Италија-област со многубројни мали градови и населени места кои излегуваат на Јадранското море.Ова патување се реализираше во рамките на проектот Еразмус + SIDS. После долгото патување до Софија, летот до Рим, Италија траеше кратко. Потоа со автобус тргнавме во неизвесност, кое цело време тлееше во нас. Каде ќе не сместат, во каква фамилија ќе бидеме сместени, каков е градот каде ќе бидеме, и многу други прашања што на сите ни се вртеја во главата. Стигнавме до Пескара и имавме неколку саати да го разгледаме градот пред да тргнеме за Васто, градот каде не чекаа фамилиите кои требаше да не превземат. Пескара е италијански град на Јадранското Море.

Пескара Казалбордино Познат е по своите плажи. Прошетката на една од плажите ми остави голем впечаток, ситната песок, школките кои ѕиркаја под песокот. Бев среќна и возбудена. Кратко беше разгледувањето на градот и тргнавме кон Васто. Стигнавме во приквечерината така да не можевме многу да видиме од градот, а и бевме многу уморни. Фамилиите не пречекаја и неизвесноста заврши. Како поминуваа деновите мојата домаќинка ми стана добра другарка, а нејзината фамилија блиска како да сме се познавале одсекогаш. Многу бев среќна. Запознав многу нови пријатели. Сите заедно одевме на училиште во малото градче Шерни, кое се наоѓа во близината на Казалбордино. Во деновите што ги поминавме таму ги посетивме и околните места. Јас бев сместена во Казалбордино кој е крајбрежен град на Јадранското Море, во провинцијата Чиети од регионот Абруцо на централно-источна Италија. Во оваа област постоела римска населба, како што покажале многу наоди.

21


Училишен весник

Домаќините не однесоа на плажата Пунта дела пена која е најдобро чуваната тајна на Абруцо и Васто. Во рамките на лозови насади и панорамски крајбрежен резерват на природата на Пунта Адерчи, оваа мека песочна плажа која се наоѓа северно од Васто е совршена за оние кои бараат нешто малку повеќе од природата.

Пунта Адерчи Природниот резерват Punta Aderci (или Punta d'Erce) е заштитено природно подрачје на Абруцо, основано во 1998 година. Нашиот водич ни раскажуваше за флората поради кое ова е заштитено подрачје, како што е халименската флорезија, која се смета за најубава црвена алга на Медитеранот, како и многу други растенија. Ни раскажуваше и за фауната, ретките птици: фламингото, сивата чапја, витезот од Италија, ноќната чапја и за многу други ретки птици. И покрај катастрофалното лизгање на земјиштето во1956 година, кое извлекол значителен дел од источниот гребен - сега Via Adriatica - во годините по Втората светска војна градот напредувал во својот развој - индустриски, урбанистички и социо-културен. Градот исто така ја открил својата туристичка струка: покрај развојот на своите плажи во Марина ди Васто, биле пронајдени и обновени термални бањи, мозаици, цистерни и остатоци од амфитеатар од римскиот период. Во текот на 1970-тите години до последниве денови, градот се здобил со извонредна промена и брз раст, со неколку станбени, патни и други инфраструктурни проекти изградени за да се приспособат на емигрираната популација од внатрешните делови на Јужниот дел на Абруцо, што го направиле градот во еден од најпознатите населени места во регионот.

Васто Се беше прекрасно, прекрасни места, прекрасни луѓе. Траеше кратко, но споменот засекогаш ќе остане. Андреја Темелкоска VIIIa

22


Училишен весник

ПОЧИТУВАЈ ГИ ДРУГИТЕ,ПОЧИТУВАЈ СЕ СЕБЕСИ RESPEKT THE OTHERS,RESPEKT YOURSELF

Како дел од активностите на проектот Еразмус+ SIDS,учениците учесници во овој проект со своите изработки успешно одговорија на зададената тема ,,RESPEKT THE OTHERS,RESPEKT YOURSELF,,Добивме многу интересни изработки и размислувања на таа тема вреди да се погледнат

23


Училишен весник

ПОЧИТУВАЈ ГИ ДРУГИТЕ,ПОЧИТУВАЈ СЕ СЕБЕСИ RESPEKT THE OTHERS,RESPEKT YOURSELF

24


Училишен весник

Весникот го изработија членовите на новинарската секција и учесници во еразмус проектите : Софија Гешоска, Андреја Темелкоска, Христијан Нашулоски, Мила Пејоска, Теа Кулеска, Ивона Трајкоска и Барбара Мицеска 25


Училишен весник

26

School newspaper - Училишен весник  
School newspaper - Училишен весник  
Advertisement