Monografija 1998-2018

Page 89

ШУМИТЕ и екологијата Формирање на Шумочуварска служба, Кичево, 2005.

Со сите законски измени и подзаконски акти донесени во 2014-2017 година, Шумочуварската служба во ЈП „Македонски шуми”, доби поголеми овластувања за постојана контрола на реонот со кој се задолжени и имаат право директно да поднесуваат прекршочни и кривични пријави до надлежниот орган. Друга измена во системот на чување на шумите е вклучувањето и Министерството за внатрешни работи, како институција која е над сите останати институции кои се задолжени за чување на шумите. Со цел сузбивање на криминалот со нелегална трговија со огревно дрво, сечење и пустошење шуми, во 2014 година Министерството за внатрешни работи започна со спроведување на Оперативна акција „Гора” на територија на цела држава, потпомогната од Државниот инспекторат за шумарство, Државниот пазарен инспекторат, Државниот трудов инспекторат и Управата за јавни приходи. Согласно тоа, Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола, ги задолжи одговорните лица во подружниците на ЈП „Македонски шуми”, одговорни за заштитата на шумите, да формираат шумочуварски реони во ШСЕ (шумскостопански единици) со кои стопанисуваат како и неуредените површини за кои сметаат дека е важно од аспект на заштитата да влезат во шумочуварските реони и да назначат шумочувари кои ќе бидат задолжени за чување на реоните. • Во текот на 2015 и 2016 година во сите 30 Подружници на ЈП „Македонски шуми” беа формирани 329 шумочуварски реони на вкупна површина од 1.139.659 ха (1.051.641 ха-уредена шума и шумско земјиште и 88.018ха–неуредена површина), а за нивното чување беа задолжени со записнички задолженија припадниците на шумочуварската служба: 255 чувари на шуми, 58 контролори на рампа и 29 шефови за заштита на шумите. • Секторот за заштита на шумите, надзор и внатрешна контрола во 2015 година, изготви интерни акти со кои се уредува работењето на вработените во Секторот како и на шумочуварската служба во Подружниците со цел одржување на нивото и угледот на шумочуварската служба 1. Правилник за начинот на постапување на шумочуварската служба и другите вработени во различни ситуации поврзани со заштитата на шумите 2. Кодекс на однесување на припадниците на шумочуварската служба при ЈП „Македонски шуми” 3. Упатство за начинот на постапување при вршење на внатрешни контроли од одделението за внатрешна контрола при ЈП „Македонски шуми” Во периодот по донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за шумите (Службен весник на РМ, бр.160/2014), за регулирање на областа-Чување на шумите беа донесени повеќе подзаконски акти-Правилници со кои што се регулира областа чување на шумите: 1. Правилник за вршење на работите на шумочуварската служба и формата и содржината на службената книга за бесправни дејствија и за утврдување на фактичката состојба во шумочуварскиот реон (Службен весник на РМ бр. 112/2015); 2. Правилник за службената униформа, легитимацијата, видот на службеното вооружување што го носат припадниците на шумочуварската служба и начинот на користење на службеното оружје (Сл. весник на РМ бр. 112/2015); 3. Правилникот за видот за ознаката за сеча, видот на шумскиот жиг за ознака за сеча, начинот на вршење на ознаката за сеча формата и содржината на книгата за евиденција за извршена сеча во шума во државна сопственост, книгата за евиденција за извршена сеча во шума во приватна сопственост и книгата за евиденција на направена шумска штета во шума во државна сопственост (Сл. Весник на РМ бр.183/2014); 4. Правилник за формата и содржината на Регистарот на заверени шумски жигови за ознака за сеча, шумски жигови за жигосување на дрво и дрвни сортименти, шумски жигови за жигосување на увезено дрво и шумски жигови за обележување на дрвна маса од настаната шумска штета како и начинот на неговото водење (Сл. Весник на РМ бр.183/2014)

88


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.