Issuu on Google+

1.

ТУТУНАРОТ „Тутунарот е тука" 1 епизода

By АЛЕКСАНДАР АРСОВСКИ

Целата приказна е измислена. Сите ликови и настани се измислени од страна на авторот. Доколку местото се совпаѓа со некое вистинско, тоа можеби е случајност. Се надевам никој нема да се навреди од приказната. Не замерувајте на правописот.

Copyright (c) 2014 КОНТАКТ: arsovskialek@hotmail.com


2.

ГЛАВНИ УЛОГИ: Мартина Јованова - Шефица на својата екипа од МИБ Цветанка Јанкуловска - Агент од екипата на Мартина во МИБ Виктор Арсовски - Агент од екипата на Мартина во МИБ Марјан Симонов - Агент од екипата на Мартина во МИБ СПОРЕДНИ УЛОГИ: Никола Николов - Убеин Симона Николова - Сопруга Виолета Илиевска - Вработена кај Никола Драган Трајковски - Поранешен пријател на Никола Пеце Нацев - Помошник на Никола Рецепционерот Димовска Моника - Чистачка Тутунарот - Сериски убиец Опис на епизодата: Пронајдено е тело покрај викендица во Црниче, убиен е извесен Македонски бизнисмен. МИБ (Македонското истражувачко биро) добива задача да го истражи убиството а со самото тоа доаѓа и до тројца главни осомничени кој можеле да го извршат убиството. Но за целата ситуација да биде уште повозбудлива форензичарите наоѓаат скриена порака во телото на која пишува „Тутунарот", тоа уште повеќе ја збунува екипата која истражува за убиството. Сите осомничени на крајот испаѓаат невини, но убиецот е сеуште на слобода, а за да се разјасни целата ситуација екипата на МИБ добива мистериозна порака која повторно ќе ги комплицира работите.


3. FADE IN: 1

EXT. ЦРНИЧЕ, ПРЕД ВИКЕНДИЦА - ДЕН Полициските автомобили пристигнуваат на местото на настанот, викендичката која што се наоѓа на улицата Тодор Александров во Црниче на почетокот од патеката која што води за Водно е обиколена со жолта трака. Мартина доаѓа до траката. Застанува. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ајде да се фатиме за работа. Ја крева траката и влегува во викендицата.

2

INT. ВО ВИКЕНДИЦАТА - ДЕН Телото се наоѓа на подот од дневната соба, тепихот е облеан со крв, форензичарите веќе започнуваат да ги распакуваат своите работи. Телевизорот се наоѓа во десниот агол од собата, на ѕидовите се наоѓаат неколку фотографии од познати уметници. Сончевата светлина полека навлегува од прозорецот на кој е собрана завесата. Останатите од екипата го разгледуваат телото. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, која е денешната жртва? Прекинуваат со разгледување. ВИКТОР АРСОВСКИ: Никола Николов, директор на компанијата „Еко-машин" се заминава со производство на апарати за домаќинство. Претпоставувам дека има околу 40 години. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Фирмата со која управува моментално е во добра состојба како што можев да дознаам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Кога е пронајдено телото? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Телото е пронајдено утрово околу 08.00 часот, го пронашла Димовска Моника чистачката на оваа викендица.


4. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, Марјан оди и разговарај со нејзе. МАРЈАН СИМОНОВ: Добро. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Со што е пукано? ВИКТОР АРСОВСКИ: Пукано е со „Валтер PPK". МАРТИНА ЈОВАНОВА: Пиштолот на Џејмс Бонд? ВИКТОР АРСОВСКИ: Токму така, тој пиштол го користел славниот Џејмс Бонд. Откако пукал во Никола, потоа со нож го прободел 10 пати по целото тело. И на крај му го пресекол прстот. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да, но зошто би му го направил тоа? ВИКТОР АРСОВСКИ: Немам никаква идеја. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Мора да станува за некој умно болен човек штом може да направи вакво изживување врз телото. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Не разбирам како може да има вакви луѓе. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, Цветанка ти разгледај во викендичката можеби ќе најдеш нешто интересно. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да шефице. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Виктор ти дојди со мене треба да одиме и да го посетиме семејството на убиениот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, да одиме.


5.

3

EXT. ДОМОТ НА НИКОЛА НИКОЛОВ - ДЕН Мартина и Виктор доаѓаат во домот на Никола. Тој живее во голема вила во центарот на градот. Пред да заѕвонат на ѕвончето, заѕвонува телефонот на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Слушам.

4

INT. ВО ВИКЕНДИЦАТА - ДЕН ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Имам нешто интересно, оваа викендица му припаѓа на Никола Николов, купена е од неговата сметка пред извесно време.

5

EXT. ВО ДВОРОТ ОД КУЌАТА НА НИКОЛА МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ти благодарам Цветанка. Го прекинува телефонскиот разговор. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што се случува? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Викендицата во која е најдено телото му припаѓа на Никола. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересно. Ѕвонат на вратата а од домот испаѓа Симона Николова, сопругата на Никола. СИМОНА НИКОЛОВА: Да? Како можам да ви помогнам? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ние сме од МИБ. Сакаме да разговараме со вас? СИМОНА НИКОЛОВА: МИБ?


6. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Македонско истражувачко биро. Тука сме да зборуваме за убиството на вашиот маж. СИМОНА НИКОЛОВА: Што?! ВИКТОР АРСОВСКИ: Ќе може ли да влеземе и да поразговараме?

6

INT. ДНЕВНА СОБА - ДЕН Симона ги внесува во дневната соба. Собата е доста исполнета со цвеќиња, луксузен намештај, на ѕидовите висат слики од познати автори, од прозорецот влегува дневна светлина, а може да се завележи и дел од градината во позадина. СИМОНА НИКОЛОВА: Никола е убиен? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да госпоѓо, многу ми е жал за вашата загуба. СИМОНА НИКОЛОВА: Како се случило? Кога е убиен? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Убиен е синоќа, во викенцичка кај Црниче. СИМОНА НИКОЛОВА: Црниче? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да? Зошто сте изненадена? СИМОНА НИКОЛОВА: Ние немаме викендица во тој дел од градот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересно. Г-ѓо Симона, што имате да ни кажете за вашиот сопруг? СИМОНА НИКОЛОВА: Никола беше добар човек, знаеше да се грижи за мене, а и работата му одеше добро.


7. ВИКТОР АРСОВСКИ: Колку време сте во брак? СИМОНА НИКОЛОВА: 6 годни. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали имате деца? Симона почнува да се нервира. СИМОНА НИКОЛОВА: Каква врска има ова со убиството? ВИКТОР АРСОВСКИ: Никаква, само ме интересира. Вака убава и згодна женска сигурно сака повеќе да се забавува отколку да седи дома и да чува деца. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Виктор, во ред е. СИМОНА НИКОЛОВА: Какво е ова однесување?! МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред е г-ѓо, ве молам смирете се, ќе ви поставиме уште неколку прашања и потоа ќе ве оставиме на мира. Симона се смирува и повторно седнува на својот удобен стол, во меѓувреме Виктор се движи кон прозорците и на работната маса ги здогледува фотографиите од Симона заедно со некои нејзини пријатели. СИМОНА НИКОЛОВА: Слушам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали вшиот сопруг имаше непријатели? СИМОНА НИКОЛОВА: Како мислите непријатели? МАРТИНА ЈОВАНОВА: На работа, или некоја семејна личност која во последно време му се заканила?


8. СИМОНА НИКОЛОВА: Никола никогаш не зборуваше за работата со мене, ниту пак во врска со проблемите кој ги има. Секогаш сакаше сам да ги решава. ВИКТОР АРСОВСКИ: Имате многу пријатели, така ли е? СИМОНА НИКОЛОВА: Да.. (одговара збунето) Зошто е тоа важно? ВИКТОР АРСОВСКИ: Ништо амо прашувам. Рековте дека немате викендица во Црниче, тогаш што барал Никола синоќа таму? СИМОНА НИКОЛОВА: Од каде јас да знам, тој сигурно имал некоја работа па морал да замине во таа викендица. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да но таа гласи на негово име. СИМОНА НИКОЛОВА: Не, тоа е невозможно. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, така е. Тоа може да значи дека тој тоа го криел од вас и дека таму сугурно одел со својата љубовница. Мартина изненадно го погледнува. СИМОНА НИКОЛОВА: Молам?! Мојот сопруг ми беше верен и како се осмелувате да зборувате вака со мене?! МАРТИНА ЈОВАНОВА: Виктор престани! СИМОНА НИКОЛОВА: Доволно беше, не сакам повеќе да бидете тука. Заминувајте, а за понатамошните информации сакам да ги добивам од некој друг а не од овој овде! Покажува кон Виктор.


9. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред е г-ѓо заминуваме. Виктор полека заминува кон вратата, одеднаш се завртува кон Симона. ВИКТОР АРСОВСКИ: Знаете што г-ѓо Симона, вашиот сопруг можеби ве сакал на почетокот но откако сте почнале да се грижите само за себе и за своите потреби тој морал да ве изневери. СИМОНА НИКОЛОВА: Молам?! ВИКТОР АРСОВСКИ: Знаете, сепак и тој е човек. СИМОНА НИКОЛОВА: Надвор! Сместа! ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, еве излегувам. Само ви кажувам. Излегуваат од домот, а Симона силно ја удира вратата.

7

EXT. ВО ДВОРОТ ОД КУЌАТА - ДЕН Виктор и Мартина се движат низ дворот кон надворешната врата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред Виктор нели можеш да се контролираш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Секако дека можам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро тогаш, зошто не се однесуваш според правилата, не смееш така да се обраќаш, знаеш дека може да не тужи. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ма не, нема да не тужи. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како го знаеш тоа.


10. ВИКТОР АРСОВСКИ: Знам, а тоа нема да го направи затоа што не сака да привлече многу внимание на себе. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто? ВИКТОР АРСОВСКИ: Затоа што таа го изневерува својот маж. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Од каде знаеш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Не е заинтересирана за својот сопруг, важни и се само парите, се преправаше дека не знае за викендицата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Мислиш дека лаже? ВИКТОР АРСОВСКИ: Сигурно.

8

INT. ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Во главната соба од МИБ се наоѓаат бироата на Виктор, Цветанка и Марјан. Доаѓа Мартина со неколку документи. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, да видиме што имаме тука. Жртва Никола Николовски, 40 години, пријателски настроен. Марјан што дозна ти од чистачката со која разговараше? МАРЈАН СИМОНОВ: Ништо конкретно, таа рече дека еднаш во неделата доаѓа да ја чисти викендицата, тоа е денеска. Кога дошла утрото видела дека вратата е отклучена, помислила дека е крадец ја земала безбол палката од зад вратата и влегла внатре. Кога дошла до собата видела дека Никола е мртов и повикала полиција.


11. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Навистина храбро од нејзина страна. Да се спротивстави на крадец. МАРЈАН СИМОНОВ: По се изгледа така е. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Таа има клуч од викендицата така? МАРЈАН СИМОНОВ: Да. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што значи таа може секогаш да влезе во викендицата. Марјан провери ја жената, можеби крие нешто. Цветанка ти што најде во вилата. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Според тоа што можев да го видам изгледа дека Никола синоќа не бил сам. Во кујната најдов неколку валкани садови, а имаше и истурено некаков пијалак на подот. Од лабараторија кажаа дека станува збор за ликер шери бренди. Можно е да дошло до борба или едноставно кога станал од каучот бил застрелан и паднал на подот. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во врска со оружјето дали најдовте некој доказ? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Не ништо од тоа, нема никаква трага. Убиецот го има земено со себе. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Исто така откако стрелал во него, Никола сеуште не бил мртов, само го ранил за да не може да му се спротиставува и потоа го избодел десет пати со ножот.


12. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. Ќе продолжиме понатаму со истражувањето. Форензичарите и понатаму нека работат во викендицата можеби ќе најдат некој доказ. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Одиме во фирмата да видиме што имаат да кажат вработените за нивниот газда. Цветанка ти остани тука и продолжи да бараш по документите поврзани со Никола, можеби ќе најдеш нешто интересно. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да шефице. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде Виктор да одиме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како што ќе кажеш. Заминуваат од просторијата а Цветанка продолжува да работи на компјутерот.

9

INT. ФИРМАТА НА НИКОЛА - КАНЦЕЛАРИЈА - ДЕН Мартина и Виктор се во фабриката на Никола, се наоѓаат во канцеларијата каде што работи тој. Со нив е и неговата секретарка која е прилично вознемирена. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Значи тука работи Никола? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да, ова е неговата канцеларија. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Можете ли да ми кажете дали во последно време се случи нешто чудно? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Како мислите чудно?


13. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали доаѓаше некој во посета, некој кој немаше дојдено подолго време? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не.. колку што можам да се сетам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали имаше некои непријатели? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Никола? Не, тоа не е можно, тој беше добар човек, знаеше како да се грижи за себе и за работата. ВИКТОР АРСОВСКИ: Вие како негова секретарка, сигурно имавте пристап и до неговите документи. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што работеше во последно време г-дин Никола? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Мислам дека беше во врска со некоја пратка за Турција. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали знаете со кој соработуваше? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да. Ова беше навистина важна пратка. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто? Виктор седнува на фотељата на која седел Никола и разгледува низ фиоките од бирото. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Пред некое време имаше распишано тендер на кој требаше да се јават повеќе фирми кој ќе се нафатат за прозводство на одредени производи за домаќинство. И ние се пријавивме, бевме добро подготвени и не одбраа.


14. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Колку чинеше целата оваа работа? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Околу 15.000 евра. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тоа се многу пари. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Тоа беше само првиот дел. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како мислите? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Со партнерот со кој соработувавме беше договорено првиот дел од парите да биде пуштен пред праќањето на пратката, а вториот дел откако ќе се добие пратката. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересно.. Значи се на се 30.000 евра. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да, тоа беше навистина голем товар за сите нас. ВИКТОР АРСОВСКИ: Кој друг беше пријавен на тендерот? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Беа пријавени околу 10 фирми, некои од нив не ги исполнуваа поголемиот дел од условите и беа елиминирани, а на крајот останавме само ние и уште една фирма „Неотик". ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали знаете кој е сопственик? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Некој Драган Трајковски. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали Никола контактирал со него? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не знам.


15. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, тоа е се. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Ви благодарам. Заминуваат кон вратата, но одеднаш Виктор се завртува накај Виолета. ВИКТОР АРСОВСКИ: Уште само нешто, дали некогаш имате одено накај Црниче, да речеме во последниов месец. Виолета го гледа збунето, не знае што да одговори. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Ам.. не. (загрижено) Зошто е тоа важно? ВИКТОР АРСОВСКИ: Ништо, само прашувам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Уште еднаш, пријатно.

10

INT. ХОДНИК - ДЕН МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро што беше ова? ВИКТОР АРСОВСКИ: Кое? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Знаеш на што мислам? Зошто ја праша за Црниче? ВИКТОР АРСОВСКИ: Затоа што таа знае за што мислев, таа има одено во таа викендица. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како да не. Тоа се само твои претпоставки. ВИКТОР АРСОВСКИ: Можеби, но сигурен сум дека таа крие нешто. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, штом така велеш.


16. Заѕвонува мобилниот на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Кажи Цветанка?

11

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Цветанка седина своето биро и разговара со Мартина. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Истражував за некој тендер кој го работела фирмата, во конкуренција биле со една доста успешна фирма, можам да кажам доста поуспешна од оваа на Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Интересно. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: И тоа не е се, сигурна сум дека станува збор за некаква измама бидејќи не е возможно некој да му го земе тендерот на Драган Тарјковски.

12

INT. ХОДНИК - ДЕН МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. Изгледа треба да го побараме и да разговараме со него. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Ќе пробам да пробајдам каде се наоѓа сега. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред извести ме доколу дознаеш нешто ново. Завршува телефонскиот разговор. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да одиме да разговараме со помошникот да видиме што има тој да ни каже.


17.

13

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПЕЦЕ НАЦЕВ - ДЕН Пеце е седнат на својето биро, а Мартина седи на столот спроти него. Виктор ги разгледува фотографиите во канцеларијата, незабележително разгледува и низ документите на Пеце. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не знам навистина. Ова е шок за сите нас. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали г-дин Никола во последно време имаше неко проблеми? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Проблеми.. да.. мислам дека имаше некое недоразбирање со една од фирмите кој ни беа конкуренти. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Фирмата на Драган Трајковски? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Точно така. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто имавте проблеми. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Видете во оваа работа важно е кој прв ќе успее, не мора да биде квалитетна работата, важно е да се биде прв. Да се привлече вниманието од потрошувачите, а со самото тоа да се стекне нивната доверба. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Разбирам. ВИКТОР АРСОВСКИ: Каков беше г-дин Никола кон вработените?


18. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Многу добар, секогаш имаше разбирање за работите. Добро, понекогаш знаеше да се изнервира. Тој ги сакаше беспрекорните луѓе, тие кој си ја знаат својата работа и многу не се интересираат за други нешта кој не се во нивната облас. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи вие го исполнувате сето тоа? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Молам? ВИКТОР АРСОВСКИ: Па вие сте негов помошник, сигурно сте биле точно таков како што сакал Никола. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не ве разбирам. Пеце се вознемирува од овие прашања на Виктор и се обидува да го однесе кон друга насока. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали имавте вие некое недоразбирање со вашиот шеф? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не.. всушност да, пред некое време настана мала расправија поради некој договор кој требало да биде испратен до одредена компанија а јас бев задоцнил со тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Многу ли се кравте. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, господинот занеше дека единствено во мене има доверба. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Г-дин Никола имал викендица во Црниче, дали вие знаете за тоа.


19. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Секако, тој ми ја препушти таа одговорност мене. Јас ја купив таа викендица. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали знаевте зошто му е викендицата на Никола. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, тоа си беше негова работа, мене тоа не ме интересира. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали имаше љубовница? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Г-дин Никола? Не, не верувам во тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Рековте дека имал проблеми со Драган Траковски, што точно се случи? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Па, кога ќе размислам подобро, мислам дека Драган му се закануваше на Никола. Да, точно така, пред една недела мојот шеф доби заканувачка порака. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што точно велеше пораката. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Мм.. неможам точно да се сетам, но мислам нешто во стилот „Никој не го измамува Драган Трајковски, ќе зажалиш за тоа што го направи". МАРТИНА ЈОВАНОВА: По се изгледа дека имало проблем помеѓу нив. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Ако тоа е се, имам многу работа за завршување. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да тоа би било се. Ах да, уште нешто, кој го превзема поголемиот дел откако почина Никола?


20. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Како мислите поголемиот дел? ВИКТОР АРСОВСКИ: Во однос на работата, вие како помошник сигурно ќе наследите голем дел од неговите работи. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Да, се разбира, сепак јас бев негов помошник. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, тоа е се. Се насмевнува и заминуваат од канцеларијата.

14

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Собрана е целата еки��а со која раководи Мартина. Ги разгледуваат податоците кој ги собрале за време на истрагата. На табла се закачени фотографиите од Никола и од неговите најблиски. Мартина, Виктор, Цветанка и Марјан се собрани во полукруг и разговараат. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Значи да видиме конкретно што добивме од сето ова. Марјан што дозна ти од разговорот со чистачката. МАРЈАН СИМОНОВ: Има нешто интересно, чистачката ми кажа дека г-дин Никола често пати ќе и кажел да направи јадење, да зачисти некогаш дури два пати во неделата, а сето тоа било зошто Никола во викендичката доаѓал со својата љубовница. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи сепак има љубовница. Се насмевнува. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали ти кажа за која жена станува збор.


21. МАРЈАН СИМОНОВ: Не, тоа не го знаела. Затоа што таа никогаш ја немала видено. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. Цветанка ти што направи со Драган дали најде нешто. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Ништо конкретно, човекот во последно време нема свое постојано живеалиште, постојано е во движење, тешко е да се стапи во контакт со него. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Продолжи да бараш можеби ќе најдеш нешто. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. Седнува на компјутерот и почнува да работи. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Виктор што имаш ти за сето ова да кажеш, нешто си ми многу молчлив? ВИКТОР АРСОВСКИ: Ако ме прашувате мене, јас мислам дека еден од главните осомничени е Пеце Нацев. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Помошникот? ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, има нешто несигурно во него. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како мислиш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Тој знаеше за викендичката. Т.е тој и ја купил, можел да го земе клучот во секој миг и да појде таму. Сигурно бил и вечерта кога е убиен Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред тоа е една теорија.


22. МАРЈАН СИМОНОВ: Да но тука е и љубовницата на Никола, не знаеме дали таа имала клуч. Можеби таа е виновна за сето ова. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Веројатно, треба да побараме и за нејзе, можеби ќе дознаеме со кој излегувал Никола. ВИКТОР АРСОВСКИ: Мислам дека знам која е неговата љубовница. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Која? ВИКТОР АРСОВСКИ: Не сум сигурен но мислам дека е неговата секретарка. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Виолета? ВИКТОР АРСОВСКИ: Да. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто мислиш така? ВИКТОР АРСОВСКИ: Кога спомнав за викендицата, таа не беше толку изненадена, сигурен сум дека таа е неговата љубовница. Беше многу потресена од смртта на својот газда. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Шефице, мислам дека најдов нешто. Драган Трајковски моментално ја искористил својат кредитна картичка за во мотел во близина на МТВ. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Знаеш точно каде е тоа? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Само малку. Да. Еве ја адресата. Им ја запишува адресата на лист и и ја дава на Мартина.


23. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добра работа заврши. Марјан, Виктор ајде со мене одиме во мотелот да го посетиме Драган. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: А јас? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ти остани тука и пробај да најдеш нешто во врска со неговата љубовница. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред.

15

INT. АВТОМОБИЛОТ НА МИБ - ПРИКВЕЧЕР Агентите се спремаат за да испаднат да го бараат Драган. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, да одиме. Марјан ти дојди со мене ќе одиме внатре, а ти Виктор стој тука пред мотелот можеби ќе проба да избега. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред.

16

INT. МОТЕЛ - ПРИКВЕЧЕР Мартина и Марјан доаѓаат до рецепцијата и ги покажуваат значките. МАРТИНА ЈОВАНОВА: МИБ, треба да разговараме со еден од вашите гости. РЕЦЕПЦИОНЕРОТ: За кого станува збор. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Драган Трајковски, во која соба се наоѓа? РЕЦЕПЦИОНЕРОТ: Само момент. Проверува во компјутерот.


24. РЕЦЕПЦИОНЕРОТ: Тој е во соба 205. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да одиме. МАРЈАН СИМОНОВ: Ви благодарам.

17

INT. ПРЕД СОБА 205 - ПРИКВЕЧЕР Мартина тропа на вратата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: МИБ! Отворете ја вратата. Нема одговор. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Отворете ја вратата треба да разговараме! Повторно нема одговор. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Марјан дали го слушна тоа? МАРЈАН СИМОНОВ: Кое? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како некој да бара помош? Се насмевнува. МАРЈАН СИМОНОВ: Ах, да, мора да е во невоља. Му дава знак да ја бутне вратата, Марјан го вади пиштолот и со рамото се удира во вратата, на вториот удар вратата се отвара. Мартина и Марјан влегуваат внатре.

18

INT. АПАРТМАНОТ ОД СОБА 205 МАРТИНА ЈОВАНОВА: Собата е чиста. МАРЈАН СИМОНОВ: И тоалетот е чист.


25. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Побегнал, отворена е вратата од терасата. МАРЈАН СИМОНОВ: (Му јавува на Виктор) Имаме бегалец. Виктор ме слушаш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Примено.

19

INT. ПРЕД МОТЕЛОТ - ПРИКВЕЧЕР Виктор полека се движи со пиштолот во раце, покрај ѕидот од мотелот, одеднаш го здогледува Драган како се одбидува да избега. ВИКТОР АРСОВСКИ: Полиција, рацете горе! Драган почнува да трча, ја прескокнува оградата, а Виктор тргнува по него, Мартина и Марјан заминуваат со автомобилот по околната уличка. Драган преминува на околната уличка и трча по улицата. Автомобилите свират од сите страни, настанува метеж во сообраќајот. Марјан и Мартина испаѓаат од автомобилот и продолжуваат да трчаат по него. Драган влегува во еден двор,а Мартина го приметува тоа и заминува од другата страна на куќата. Во меѓувреме Драган се крие зад едни големи канти за отпад. Доаѓаат Виктор и Марјан, разгледуваат наоколу но не го приметуваат. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тука е чисто. МАРЈАН СИМОНОВ: Да одиме понатаму. Драган воздивнува за миг, помслува дека не го приметија и испаѓа од скришното место. Но во тој миг пред него се појавува Мартина со пиштол вперен во главата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Доста беше бегање г-не Драган, време е да разговараме.

20

INT. СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ ВО МИБ - ДЕН Драган седи на едниот стол, доаѓа Мартина со папка во рацете.


26. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред е г-не Драган, време е да се соочиме со вистината. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Јас не сакав вака да испадне сето ова. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Верувајте и ние не сакавме. Но тоа е. Ја отвара папката и му покажува слика од Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали го познавате Никола? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Секако дека го познавам. Кој не го познава тоа копиле. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дознавме дека сте имале некои проблеми со него, за што станува збор? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Сигурно веќе знаете се, зошто да Ви кажувам повторно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Затоа што ние ја слушнавме едната страна од приказната, да ја слушнеме другата па ќе ви кажам што мислме. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Пед некое време имаше распишано тендер за соработка со Турција. Мојата компанија многу се трудеше да го оствари тој договор, така речено бевме на врвот но со овој договор ќе се искачевме уште повисоко, но тоа копиле Никола не измами. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како ве измами? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Сигурно ја искористил својата љубовница за тоа.


27. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како мислите? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Па, таа е личноста која ни ги украде документите од нашата фирма. На снимките кој ги видов имаше жена која влегува во нашата фирма, се претствува дека е моја роднина и влегува внатре. Ги собира документите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Од каде знаете дека е тоа личност на Никола? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Затоа што таа работи кај него. МАРТИНА ЈОВАНОВА: За кој станува збор? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Виолета Илиевска, секретарката на Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Сигурно сте биле многу лут за сето ова што ви се случило? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: А како да не бидам?! Целиот мој труд замина залудно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Уште едно прашање? Дали вие го убивте Никола. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Не! МАРТИНА ЈОВАНОВА: А пораката која сте му ја испратиле? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Која порака? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Пред некоја недела Никола добил заканувачка порака од ваша страна.


28. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Е добро де, па тоа не е кривично дело. Јас сум му се заканил но тоа не го направив. МАРТИНА ЈОВАНОВА: А што би направиле вие за да се одмаздите? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Па веројатно би му ја уништил фирмата, да види како е да се страда, и да дознае која е болката откако ќе се уништи нешто што ти значи многу. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тоа е се засега. И ве молам немојте да го напуштате градот, можеби ќе треба повторно да разговараме.

21

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Дојдена е Виолета, седи на масата и пие кафе, уплашена е. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред, ве слушам? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не знам како да започнам... ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Прво смирете се па почнете од почеток. Виолета ги брише солзите со марамче. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Добив повик од сопругата на Никола. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: И што ви кажа? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Ми се закани дека ќе ме убие, и ми рече дека сега откако го нема Никола нема кој да ме заштити. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Кога се случи ова?


29. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Синоќа, околу 22.00 часот. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Зошто веднаш не пријавивте. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Мислев дека не го мисли тоа озбилно, но денска повторно ми се јави и ми кажа дека кога-тогаш ќе ми се одмазди. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред, а што мислите зошто е таа вознемирена и зошто ви се заканува? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не знам. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Сигурно има дознаено за вашата врска со Никола. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Молам? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Нема потреба да криете г-це Виолета, знаеме дека имате љубовна врска со Никола. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да но тоа... ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Се е во ред, тоа сигурно го знае и г-ѓа Симона, затоа и ви се заканува. Влегува Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што се случува? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Г-ѓа Симона и се заканувала дека ќе ја убие. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Сигурно дознала за нивната врска. Виолета ги гледа збунето.


30. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Точно така, но зошто да и се заканува, таа секако не го сакаше Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тоа треба да го дознаеме. Впрочем додека сме тука. Г-це Виолета рековте дека не знаете ништо за документите за тендерот кој ги имала фирмата. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Точно така. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тоа не е вистина. Дознавме дека сте влегле во фирмата на Драган Трајковски и сте ги украле документите од нивната фирма. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Тоа е клевета. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Постојат снимки на кој се гледа дека вие влегувате внатре, ги зимате документите и заминувате. Изгледа дека не сте се маскирале доволно добро. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не, тоа не е така. Виолета почнува да паничи и да ги плетка зборовите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Нема потреба да одрекувате. Тие документи никогаш не ги најдовме кај Никола, сигурно сте го измамиле и не сте му ги дале документите. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не точно! Јас ми ги дадов документите... само малку, вие сакате дека кажете дека јас го имам измамено и дека потоа го имам убиено, така? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тоа е една од верзиите г-це.


31. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Вие грешите и тоа многу грешите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Г-це не го напуштајте градов додека не заврши истрагата. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Во ред. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ах, за малку ќе заборавев. Кажете ми дали г-дин Никола имаше во последно време некоја караница со неговиот помошник. ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Да, тоа беше брзо пред неговата смрт. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали знаете зошто се караа? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Не знам сигурно, но се зборуваше дека Пеце, неговиот помошник не ги завршил некои работи на време, а и дека господинот открил за некои негови измами кој ги имал направено. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Од каде го дознавте ова? ВИОЛЕТА ИЛИЕВСКА: Знаете, озборувања низ фирмата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, значи правете како што ви кажав и нема да имате проблеми. Заминуваат Мартина и Цветанка.

22

INT. ДОМОТ НА НИКОЛА НИКОЛОВСКИ - ДЕН Мартина и Виктор се во домот на Никола, разговараат со Симона. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто и се заканувавте на Виолета?


32. СИМОНА НИКОЛОВА: Зотоа што таа не заслужува да живее. ВИКТОР АРСОВСКИ: Кога е причината? СИМОНА НИКОЛОВА: Ви се молам, вие знаете дека таа му била љубовница на Никола. ВИКТОР АРСОВСКИ: А зошто не ни го кажавте тоа уште од почетокот. СИМОНА НИКОЛОВА: Мислев дека тоа не е важно. Тоа не ве засега вас. ВИКТОР АРСОВСКИ: Сте и рекле дека откако го нема Никола нема кој да ја заштитува. СИМОНА НИКОЛОВА: Точно така, тоа копиле постојано ги трошеше сите пари за нејзе. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Значи повторно за парите. СИМОНА НИКОЛОВА: Се разбира, кога веќе немаше никави односи со мене, и не беше заинтересиран тогаш барем да ги зимав парите јас, тоа беше како наплатување за целата мака која ја поминав со него. ВИКТОР АРСОВСКИ: Имам само едно прашање за крај. Дали вие го убивте вашиот маж? СИМОНА НИКОЛОВА: Не! Како може да ви падне на памет таква глупава идеја. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред тоа е се што сакам да знам.


33. МАРТИНА ЈОВАНОВА: И уште нешто од мене. Доколку уште еднаш и се заканите на Виолета, ќе бидам принудена да поднесам пријава против вас и да ве приведеме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Но и вие имавте љубовник, нели е така? СИМОНА НИКОЛОВА: Што сакате да кажете со тоа? ВИКТОР АРСОВСКИ: Ништо конкретно, вие бевте првата која го изневерила, нели е така. СИМОНА НИКОЛОВА: Не.. јас.. Почнува да ги плетка зборовите. ВИКТОР АРСОВСКИ: Нема потреба да се правдате. Во ред, тоа беше се од нас. Ви благодариме на соработката. Се насмевнува и заминуваат. 23

EXT. ВО ДВОРОТ ОД КУЌАТА - ДЕН Во дворот од куќата има големи палми, и неколку лежалки поставени во градината. Има поставено и шатор и мала масичка со четири столчиња. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што мислиш за ова? ВИКТОР АРСОВСКИ: Таа не го убила Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Од каде толку брзо заклучи? ВИКТОР АРСОВСКИ: Едноставно е, доколку го нема Никола ќе ги нема и парите, таа не сака да го дозволи тоа. МАРТИНА ЈОВАНОВА: А заканите.


34. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ништо сериозно, таа ќе се смири откако ќе ги добие парите од осигурањето. Заѕвонува телефонот на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Кажи Цветанка? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Сме пропуштиле во целиот случај нешто многу важно. Мора да дојдете да видите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, доаѓаме.

24

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Собрана е повторно целата екипа од тимот на Мартина. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Покрај телото била пронајдена и порака. МАРЈАН СИМОНОВ: Каква порака? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Бел лист на кој пишува „тутунарот". МАРЈАН СИМОНОВ: Тутунарот, што е тоа? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Појма немам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Друго нешто? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да, пронајдени се отпечатоци и од помошникот на Никола. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро тој кажа дека веќе бил во таа викендица.


35. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да но отпечатоците се свежи, најверојатно бил таму вечерта или утрото пред да дојде чистачката. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Марјан оди и разговарај со него, види зошто бил таму. МАРЈАН СИМОНОВ: Веднаш шефице. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ајде да продолжиме со работа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Јас ќе ве напуштам некое време? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто? Каде ќе одиш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Тука ќе бидам, сакам малку да се одморам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, имаш право на тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Има ли млеко? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Млеко? ВИКТОР АРСОВСКИ: Да ми се пие млеко. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Оди во кујната, можеби има останато. ВИКТОР АРСОВСКИ: Се гледаме. Виктор заминува, а Цветанка и се насмевнува на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да, ете тоа е Виктор.


36.

25

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ПЕЦЕ НАЦЕВ - ДЕН Марјан разговара со Пеце за сегашните случувања. МАРЈАН СИМОНОВ: Немате да кажете ништо за тоа? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Што точно сакате да знаете, да јас бев таму, но кога појдов тој веќе беше убиен. МАРЈАН СИМОНОВ: Зошто не го пријавивте тоа? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не сакав да се вмешам во сето ова. МАРЈАН СИМОНОВ: Зошто? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Знаете, ако се замешав во сето ова ќе имаше проблем со целата работа околу превземањето на функциите. МАРЈАН СИМОНОВ: Ама сега сте вмешани. Зошто беше таму? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Со Никола пред некој ден имавме состанок со уште некои претставници од странство, докмунемтите ми беа оставени таму заминав за да ги земам. МАРЈАН СИМОНОВ: За какви документи станува збор? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Правни, нема потреба да ви објаснувам, секако нема да разберете. МАРЈАН СИМОНОВ: Нема што вие да процените, тоа ќе си го кажете на вашето официјално испрашување. Сега сте приведени. Марјан ги вади лисиците и му ги става на рацете.


37. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Ама зошто, нема потреба, јас не сум наравил ништо. МАРЈАН СИМОНОВ: Приведени сте за кражба на документи, неколку проневери, а и осомничени сте за можен убиец на г-дин Никола. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, ова мора да е некоја грешка. МАРЈАН СИМОНОВ: Тоа ќе го дознаеме наскоро.

26

INT. СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ ВО МИБ - ДЕН Пеце седи на едниот стол, доаѓа Виктор со шоља полна со млеко. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи вие сте главниот осомничен за убиство. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Тоа е грешка. ВИКТОР АРСОВСКИ: Искрено не верувам во тоа. Сакате млеко? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, и тоа е ваше мислење, јас сум невин. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тоа ќе треба да го докажете. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Како да го направам тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Се во свое време. Сега кажете ми, откако влеговте во викендицата, дали ги најдовте документите? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, не ги најдов. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како тоа?


38. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Најверојатно некој друг влегол внатре и ги земал. ВИКТОР АРСОВСКИ: За што беа тие докумети. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Видете. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи биле за некоја незаконска работа така? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Ах, не. Се разбира дека не. ВИКТОР АРСОВСКИ: Лажете. Пеце го погледнува збунето, и за миг не знае што да му возврати. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Молам? ВИКТОР АРСОВСКИ: Колку повеќе ме лажете толку повеќе ќе бидете задржан тука, а може и веднаш да ви биде пресудено за убиство. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Ама јас не го убив. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тогаш кажете ми за што беа тие документи. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Документите беа за трговија со оружје. Оружјето требаше да се испрати заедно со пратката на апарати за Турција. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи сепак е нешто големо. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Може да се рече. ВИКТОР АРСОВСКИ: А 15.000 евра?


39. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Тие 15.000 евра се со официјална компанија од Турција на која и доставуваме апарати за домаќинство, а оружјето требаше да се шверцува во истата таа тура. Па на почетокот договорот беше да ни се исплатат половина од парите и ние да ја спремиме пратката, а откако ќе стасаат во Турција тогаш ќе ги пратат и другиот дел од парите. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи станува збор за многу голема сума на пари. Но се случува убиство ПЕЦЕ НАЦЕВ: Точно така. Некој сакал да го спречи сето ова? ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали можеби г-дин Драган Трајковски знаеш за сето ова и го има убиено Никола. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не верувам, тој не можеше да знае за ова. ВИКТОР АРСОВСКИ: А, дали Никола во последно време се состануваше со некој? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Да, само не знам со кој. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како тоа? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Никола имаше еднаш во неделата со некоја извесна личност состанок во викендичката. ВИКТОР АРСОВСКИ: Никогаш не ви кажа кој е? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто не ви кажуваше, сепак вие сте негов помошник.


40. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Навистина не знам. Јас пробав да дознаам но безуспешно. Тоа е многу мистериозна личност. Моја претпоставка, тоа е личноста со која требаше да се врши трговијата со оружје. Заѕвонува телфонот на Виктор. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да... во ред.. благодарам. Го прекинува разговорот. За миг длабоко се замислува, но се освестува и го погледнува Пеце. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Што е?! Зошто ме гледате така? ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали нешто ви значи тутунарот? ПЕЦЕ НАЦЕВ: Не, зошто? Што е тоа? ВИКТОР АРСОВСКИ: Нема врска, тоа е се. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Значи може да си одам. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да секако, но прво ќе бидете три недела во затвор за измама, и проневера па потоа ќе може да си одите. ПЕЦЕ НАЦЕВ: Но тоа не беше договорот. ВИКТОР АРСОВСКИ: А кој спомна договор? Се насмевнува и заминува.

27

INT. КАНЦЕЛАРИЈАТА НА МИБ - ДЕН Доаѓа Марјан со пакетче во рацете. МАРЈАН СИМОНОВ: Луѓе, добивме некоја пратка за нас.


41. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Каква пратка. МАРЈАН СИМОНОВ: Не знам, била оставена за нас. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде отвори ја. Мајран полека ја отвара кутијата, сите се собрани во куп, Цветанка е уплашена и гигризе усните. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што има внатре. МАРЈАН СИМОНОВ: Уф, ама мириса. ВИКТОР АРСОВСКИ: Има и порака. Мартина ја зима пораката. МАРЈАН СИМОНОВ: Ова е показалец. Најверојатно е од Никола. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што вели пораката. МАРТИНА ЈОВАНОВА: „Јас сум убиецот на Никола Николов. Ова е првата жртва, тутунарот сега почнува да казнува". Сите се погледнуваат збунувачки. FADE OUT: Крај на првата епизода


Tutunarot 1 epiozda