Issuu on Google+

1

ТУТУНАРОТ „Убиството на Емилија Секуловска“ 2 епизода

Written by: Александар Арсовски

Целата приказна е измислена. Сите ликови и настани се измислени од страна на авторот. Доколку местото и имињата се совпаѓаат со некои вистински, тоа е случајност. Се надевам дека никој нема да се навреди од пиказната. Не замерувајте на правописот.

Copyright (c) 2014 КОНТАКТ 078/224-448 arsovskialek@hotmail.com


2

ГЛАВНИ УЛОГИ: Мартина Јованова - Шефица на својата екипа од МИБ Цветанка Јанкуловска - Агент од екипата на Мартина во МИБ Виктор Арсовски - Агент од екипата на Мартина во МИБ Марјан Симонов - Агент од екипата на Мартина во МИБ

СПОРЕДНИ УЛОГИ: Емилија Секуловска - 23 години, Гоце Николовски - 26 години, нејзин дечко, фубалер во „ФК. Пелистер", љубоморен, агресивен, носи дрес со број „9" Моника Печева - Пријателка, се карале заради дечко, не може да ја поднесува Емилија, работи во пекара. Драган Трајковски - Поранешен дечко, во последно време често пати комуницирал со Емилија. Поранешен фудбалер исто носел дрес со број „9". Тамара Наумовска - Мајка на Емилија, работи во конфекција, сака да дознае кој ја убил нејзината ќерка. Горан Јовановски - Комшија, вели дека видел сомнително лице во периодот од 22-23 часот. Велимир Пеев - Тренер во клубот каде што тренирал Гоце. Максим Шунтиќ - Директор на МИБ Библиотекарка

Oпис на епизодата: МИБ се обидува да го реши убиството на една млада девојка. На почетокот случајот започнува да се одвива сосема нормално, но подоцна наместо еден се појавуваат повеќемина осомничени за убиство. Некои имаат мотив, а некои не. Понекогаш само пријателката може да ги замрси сите конци и да се случи несреќа, дали и ова е таква приказна? Во меѓувреме по завршувањето на случајот директорот на МИБ ја повикува Мартина на разговот. За што точно ја повикал, дали е поврзано за „Тутунарот“ или нешто друго ќе дознаете во оваа епизода.


3

INT. ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА -ДЕН

1

Виктор се шета низ рафтовите од градската библиотека. БИБЛИОТЕКАРКАТА: Сакате да ви помогнам господине? ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, би било добро. Еве што би ми препорачале вие за да прочитам? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Па не ве познавам добро, не ви го знам вкусот, но доколку сакате криминалистика би ви го препорачал „Хипнотизар" од Ларс Кеплер.. но. ВИКТОР АРСОВСКИ: Но? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Но не ми изгледате таков тип. ВИКТОР АРСОВСКИ: Каков тип? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Па дека сакате криминалистика. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто мислите така? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Не знам, прв пат ве гледам и не можам точно да ве проценам, но можам да видам дека сте романтичен тип. ВИКТОР АРСОВСКИ: Така ли? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Извинете што ви се мешам но.. ВИКТОР АРСОВСКИ: Не е проблем. Во тој момент заѕвонува телефонот на Виктор. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да? И дава знак на библиотекарката да остане тука до него.

EXT. ПРЕД КУЌАТА - ДЕН

2


4

Собрана е целата екипа од МИБ освен Виктор. Полицијата ја затворила улицата за да не им попрачуваат на другите колеги при извршувањето на својата работа. Група на новинари се собрани во на другиот дел од дворот и разговараат со некои одговорни лица од теренот. Пред куќата се паркирани неколку полициски возила и брза помош, а секако и автомобилите на МИБ. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро каде си ти? ВИКТОР АРСОВСКИ: Во библиотека. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ние имаме случај тука, не знам дали знаеше. ВИКТОР АРСОВСКИ: Секако дека знам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тогаш време е да се појавиш, нема сите да чекаме заради тебе. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред е, почнете без мене јас ќе ве стасам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде, доаѓај побрзо. Семејството е луто што постојано сме тука и не работиме брзо.

INT. ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА -ДЕН ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, за неколку минути сум таму. БИБЛИОТЕКАРКАТА: Што се случи? ВИКТОР АРСОВСКИ: Извини, работата вика. БИБЛИОТЕКАРКАТА: А што работите? ВИКТОР АРСОВСКИ: Јас сум агент во МИБ. Библиотекарката прави чудна фаца, изненадена е од одговорот на Виктор. БИБЛИОТЕКАРКАТА:

3


5

Навистина. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, изгледа дека сепак ја сакам криминалистиката. БИБЛИОТЕКАРКАТА: Да, кој би го рекол тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Сега морам да одам, доколку можам ќе навратам. Виктор заминува, а жената сеуште го гледа со зачудена фаца.

INT. ДОМОТ НА ЖРТВАТА - ДЕН Жртвата се наоѓа на подот од ходникот, облеана и е главата со крв. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Каде е Виктор? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Сега се слушнав, ќе закасни малку. Ајде ние да почнеме. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Марјан, што дозна за случајов? МАРЈАН СИМОНОВ: Жртвата е Емилија Секуловска 22 години, студент по психологија. Се претпоставува дека е убиена синоќа помеѓу 22-23 часот. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали се пронајдени некои докази? МАРЈАН СИМОНОВ: Засега нема ништо. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. Марјан ти провери во околината, можеби некој од комшиите има видено нешто. МАРЈАН СИМОНОВ: Да шефице. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Цветанка и ти оди со него, а јас ќе

4


6

зборувам со мајката. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. Заминуваат,а во меѓувреме доаѓа и Виктор. ВИКТОР АРСОВСКИ: Се извинувам што доцнам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро зошто правиш вака? ВИКТОР АРСОВСКИ: Што правам? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не ми одговарај со прашања. Знаеш дека немаме многу време за денгубење. Виктор разгледува околу телото. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ништо не е сменето Мартина, убиецот сеуште е тука, нема никаде на ни замине. МАРТИНА ЈОВАНОВА: И подобро да е така. ВИКТОР АРСОВСКИ: Уф, кутра девојка. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Само тоа имаш да го кажеш. ВИКТОР АРСОВСКИ: За сега да. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добро, ајде одиме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Каде? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ќе тазговараме со мајката на девојчето. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како ќе кажеш.

INT. ДОМОТ НА ЖРТВАТА, ДНЕВНА СОБА - ДЕН Дневната соба е со средна големина, прозорецот е малку подотворен, полека влегува звеж воздух. Ролетните се пуштени до

5


7

половина. Собата е полна со голем број на цвеќиња, украси и семејни слики. Тамара седи на кеветот и плаче. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред е г-ѓо, смирете се ве молам. ТАМАРА НАУМОВСКА: Како да се смирам!? Таа ми беше единствената ќерка, мојата најголема љубов. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Разбирам. ТАМАРА НАУМОВСКА: Не, вие не ме разбирате. Целиот свој труд го имав вложено во нејзе. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што ќе ни кажете за вашата ќерка. Каква личност беше? Тамара ги брише солзите со марамче. ТАМАРА НАУМОВСКА: Беше многу добра личност, секогаш сакаше да им помага на другите, не знам зошто некој би и го направил ова. Тaа не го заслужи ова. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали имаше некои проблеми во последно време? ТАМАРА НАУМОВСКА: Не, колку што можам да се сетам. Во последно време беше целосно посветена на учењето и се ближеа испитите. ВИКТОР АРСОВСКИ: Разбирам. Што е со нејзиниот татко, како што можам да забележам го нема на ниту една од вашите фотографи. ТАМАРА НАУМОВСКА: Тој не постои за нејзе! МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како мислите „не постои"? ТАМАРА НАУМОВСКА: Тој гад не напишти и двете додека Емилија беше сеуште бебе и замина со својата љубовница. МАРТИНА ЈОВАНОВА:


8

Дали знаете каде е? ТАМАРА НАУМОВСКА: Не знам,и не ме интересира. Само знам дека не е во државата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. ВИКТОР АРСОВСКИ: Како и одеше учењето на факултет? ТАМАРА НАУМОВСКА: Многу добро, така речено беше скоро една од најдобрите студентки кој се запишале на психологија. ВИКТОР АРСОВСКИ: Доа е многу добро. ТАМАРА НАУМОВСКА: Да, таа сакаше да успее во животот, најмногу од се сакаше да се запише на психолошки, а јас не можев да си дозволам а да не и ја исполнам желбата. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што мислите, кој би можел да го направи сето ова? ТАМАРА НАУМОВСКА: Не знам! Тоа нели е ваша работа да дознаете кој ја убил ќерка ми. ВИКТОР АРСОВСКИ: Секако ќе дознаеме. Се во свое време. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали имаше некој дечко? ТАМАРА НАУМОВСКА: Да, но повеќе не се заедно, раскинаа пред долго време. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како се викаше? ТАМАРА НАУМОВСКА: Драган Трајковски. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што знаете вие за него? Дали го имате видено? ТАМАРА НАУМОВСКА: Секако, тој доаѓаше неколку пати кај


9

нас. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што мислите за него. ТАМАРА НАУМОВСКА: Пристоен дечко, љубезен, добар.. не верувам дека би ја пвредил мојата ќерка. ВИКТОР АРСОВСКИ: Знаете ли зошто се разделиле? ТАМАРА НАУМОВСКА: Емилија требаше да замине за Скопје и да се пресели таму одреден период, и затоа се разделија, не веруваа во љубов на далечина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали имаше некој пријателки со кој можеме да разговараме. ТАМАРА НАУМОВСКА: Да, кога веќе спомнавте пријатели, сега се сетив. Пред некој ден Емилија дојде дома плаченката, не знам зошто не сакаше да ми каже, но моја претпоставка е дека се карала со некој. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали може да ми кажете име на некоја пријателка, па ќе зборуваме со нејзе, можеби таа знае. ТАМАРА НАУМОВСКА: Моника Печева, работи во пекара, две улици подолу. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ви благодариме многу. ТАМАРА НАУМОВСКА: И ве молам побрзајте со истрагата, сакам да знам кој му го направи ова на моето девојче. Ја гали сликата од масата на која е Емилија. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не грижете се госпоѓо, ви ветуваме дека ќе направиме се што е во наша моќ. Пријатно. Заминуваат.


10

EXT. МААЛОТО НА ЖРТВАТА - ДЕН Марјан и Цветанка се движат по улицата и доаѓаат до соседната куќа. Комшијата е во дворот и ја коси травата. Агентите доаѓаат до него за да разговараат. МАРЈАН СИМОН��В: Господине! Ние сме од МИБ, ќе може ли да разговараме со вас. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Да, се разбира. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Знаете дека се случи убиство кај вашите комшии. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Да, грозен настан. Не знам како можеле да му го направат тоа на кутрото девојче. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Што имате да ни кажете за Емилија. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Нема ништо конкретно, или пак важно што би помогнало. Емилија беше добро девојче, никогаш не правела проблеми во малото. МАРЈАН СИМОНОВ: Дали приметивте нешто чудно синќа во овој дел од малото. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Синоќа, а да. Околу 22-23 часот мислам дека беше. Седев дома и гледав телевизија, кога одеднаш слушнав како лае моето куче, излегов надвор за да видам што се случува, никогаш не лаеше како вечерта. Кога испаднав видов како некоја личност со плава капа и како да носеше нешто во рацете помина по тротоарот од пред мојата куќа. МАРЈАН СИМОНОВ: Маж или жена беше? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Не знам, не можев да видам, темница беше. МАРЈАН СИМОНОВ: Каде замина личноста?

6


11

ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Откако помина тука, замина кон куќата на комшиите, застана малку и се загледа право кон прозорецот, сотеше кратко време и замина. МАРЈАН СИМОНОВ: Дали го видовте повторно? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Не, само тогаш. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: И подоцна за половина час повторно залаја кучето, тогаш кога испаднав немаше никој, но сепак кучето почувствува нешто. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Дали вашата сопруга слушнала нешто? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Не, немам жена, сам сум. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред, ви благодарам на соработката. Агентите заминуваат, а Горан им дофрла од далеку. ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Доколку ви треба уште нешто, кажете ми, секогаш сум спремен да помогнам.

EXT. УЛИЦА ВО МАЛОТО - ДЕН Цветанка разговара на телефон со Мартина. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Шефице имаме некои информации. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Слушам. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Еден од комшиите вели дека синоќа видол некоја сомнителна личност во периодот кога е убиена Емилија. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали знае кој е?

7


12

ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Не, не можел да ја препознае, не знае дали е машко или женско. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. Ние дознавме некои работи кој треба да ги провериме. Треба да разговараме со поранешниот дечко на жртвата а и со една нејзина пријателка. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Ние ќе бараме за дечкото. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Договорено, доколку има нешто ново известете ме. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. Завршува телефонскиот разговор. МАРЈАН СИМОНОВ: Што е? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Треба да го побараме поранешниот дечко. МАРЈАН СИМОНОВ: Во ред, ајде да одиме. Се качуваат во автомобилот и заминуваат.

EXT. УЛИЦА ВО МАЛОТО - ДЕН Мартина и Виктор разгледуваат наоколу. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Тоа навистина не е во ред од твоја страна. ВИКТОР АРСОВСКИ: За што зборуваш? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не смееш да се однесуваш дрско со личностите, а и да доцниш. ВИКТОР АРСОВСКИ: Повторно ли за тоа. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да, ќе ти зборувам се додека не се опаметиш.

8


13

ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, но не заборавај јас сум личноста која ви ги решава големиот дел од случаите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ох, така ли. И заради тоа треба да те трпиме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Може да се каже. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Само пази да не ја поминеш границата. ВИКТОР АРСОВСКИ: Погледни, „6-ка".. еве ја нашата пекара. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде да видиме што има да ни каже нашата пријателка.

9

INT. ПЕКАРА - ДЕН Во пекарата има 4-5 маси, а две од нив се зафатени, на едната маса седат неколку млади личности а на другата, мајка и син. Покрај кифлите стои Моника Печева и услужува една девојка. МОНИКА ПЕЧЕВА: Повели душо и дојди повторно. Девојката си заминува. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Вие сте Моника Печева? МОНИКА ПЕЧЕВА: Да? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Јас сум Мартина Јованова а ова е Виктор Арсовски, ние сме од МИБ. МОНИКА ПЕЧЕВА: Ох, се случило нешто? ВИКТОР АРСОВСКИ: Сакаме да разговараме за Емилија Секуловска. МОНИКА ПЕЧЕВА: Што е со нејзе? ВИКТОР АРСОВСКИ:


14

Таа е мртва. Моника се изненадува од одговорот. МОНИКА ПЕЧЕВА: Ох, Господи. ВИКТОР АРСОВСКИ: Изненадени сте? МОНИКА ПЕЧЕВА: Да, малку ме затекнавте. Таа е добра девојка. Кој и го направил ова? ВИКТОР АРСОВСКИ: Тоа сеуште не го знаеме. МОНИКА ПЕЧЕВА: Како можам да ви помогнам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Г-це Моника, вие сте и биле пријателка на Емилија. МОНИКА ПЕЧЕВА: Да, може да се каже. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали бевте блиска со Емилија. МОНИКА ПЕЧЕВА: Претходно да, но во последно време не. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто? МОНИКА ПЕЧЕВА: Видете, имавме една мала расправија. Таа не сакаше да ја слушне и мојата верзија на приказната. За нејзе единствено важеше тоа што таа го мисли. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Може ли да бидете поконкретна? ВИКТОР АРСОВСКИ: Се скарале заради дечко МОНИКА ПЕЧЕВА: Од каде знаете? ВИКТОР АРСОВСКИ: Едноставно е. За што може да се караат две другарки освен за дечко. МОНИКА ПЕЧЕВА:


15

Не мора да значи тоа господине. Но да, јас и Емилија се скравме за дечко. И тоа нејзиниот поранешен дечко. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто. МОНИКА ПЕЧЕВА: Видете, Емилија раскина со него пред извезно време и ние, мислам јас и Драган испаднавме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи сте и забиле нож во грбот на вашата пријателка. МОНИКА ПЕЧЕВА: Значи ви кажав дека тие веќе се разделија. ВИКТОР АРСОВСКИ: Но тоа не мора да значи, тие можеби сакале да направат мала пауза, а ти веднаш си стапила во акција. МОНИКА ПЕЧЕВА: Внимавајте што зборувате г-не. Јас не сум никаквица, јас многу добро знам што правам. И ако веќе правеле пауза, тогаш зошто Емилија си фати нов дечко. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Емилија имаше нов дечко. МОНИКА ПЕЧЕВА: Да. Не знаевте за тоа. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не, како се вика? МОНИКА ПЕЧЕВА: Гоце Николовски, фудбалер на „ФК Пелистерка". МАРТИНА ЈОВАНОВА: Долго време ли се заедно? МОНИКА ПЕЧЕВА: Па може да се каже, откако раскина со Драган. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ви благодариме. Ќе биде во контакт доколку имаме некаква потреба. МОНИКА ПЕЧЕВА:


16

Се разбира. ВИКТОР АРСОВСКИ: Пријатно г-це Моника.

INT. УЛИЦА ВО МАЛОТО - ДЕН

10

Мартина и Виктор доаѓаат до автомобилот. Во тој миг затвонува телефонот на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да? Мартина продолжува да слуша што зборува нејзиниот колега од местото на настанот, а во меѓувтеме влегуваат во автомобилот. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ви благодарам многу, известете ме доколку дознаете нешто ново. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што се случува? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Пронајден е дрес со број 9. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Изгледа дека убиецот сепак оставил некоја трага.

EXT. ДОМОТ НА ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ - ДЕН Цветанка и Марјан доаѓаат со автомобилот пред куќата на Драган, излегуваат од автомобилот и се приближуваат кон куќата. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Најмногу ги мразам овие тесни сокачиња, се изнамачивме додека ја најдовме куќата. МАРЈАН СИМОНОВ: Ајде тоа, само ако не биде дома. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Веројатно ќе имаме среќа да го најдеме. Се качуваат по скалите кој водат до влезната врата. Марјан тропа на вратата.

11


17

МАРЈАН СИМОНОВ: Драган Трајковски, отворете полиција! Нема никаков звук. Марјан повторно тропа. МАРЈАН СИМОНОВ: Отворете полиција! Одеднаш се отвара вратата и се појавува Драган Трајковски. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Да, повелете. МАРЈАН СИМОНОВ: Треба да дојдете со нас во полиција. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Што се случува? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Ќе ви објасниме во станица. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Во ред. Ја затвара вратата и заминуваат.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ - ДЕН Драган седи на столицата и чека да дојде некој полицаец, велегува Цветанка. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Добро, ќе ми објасни ли некој зошто сум тука! ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Поглека, прво смирете се. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Јас сум смирен, но не можете да ме држите без никаква причина тука. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Се разбира, тука сте само да ви поставиме неколку прашања. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Ајде, ве слушам. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Дали ја познававте Емилија Секуловска? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Да, што е со нејзе.

12


18

ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Синоќа беше убиена. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Господи! Како е можно тоа. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Дали знаете кој би можел да и го направи тоа? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Не, немам никаква идеја. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Вие сте и бил поранешен дечко. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Да, каква врска има тоа? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Емилија откако се разделила со вас си нашла нов дечко. Тоа е.. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Видете јас не би ја убил Емилија, јас ја сакав.. и тоа не е никаков мотив.. зошто би и наштетил? ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Не знам тоа вие треба да ми го кажете? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Јас ви велам, јас ја немам убиено Емилија. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Зошто раскинавте со Емилија? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Таа требаше да замине за Скопје, а знаевме дека тоа нема да функционира најдобро па затоа решивме да се разделиме. Во собата влегува и Марјан. МАРЈАН СИМОНОВ: Драган, во твоето досие пишува дека си фудбалер. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Да, порано се заминавав со фудбал. МАРЈАН СИМОНОВ: Која беше бројката на вашиот дрес.


19

ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: 9, зошто? МАРЈАН СИМОНОВ: Во куќата каде што е убиена Емилија најде е дрес со бројот 9. Ќе треба да ве задржиме одреден период додека не дознаеме дали сте убиецот. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Но јас ја немам убиено! Мора да ме слушате! Марјан му става лисици на рацете. ДРАГАН ТРАЈКО��СКИ: Ова е неправда! Јас не сум убиец!

INT. АВТОМОБИЛОТ НА МАРТИНА - ДЕН Мартина и Виктор се во потрага на станот на Гоце Николовски. ВИКТОР АРСОВСКИ: На следната уличка сврти десно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред. И каде беше денеска? ВИКТОР АРСОВСКИ: Во библиотека. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто? ВИКТОР АРСОВСКИ: Сакав да видам дали има некое интересно дело. МАРТИНА ЈОВАНОВА: И најде ли? ВИКТОР АРСОВСКИ: Не, ти ме прекина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Се извинувам. Се насмевнува. ВИКТОР АРСОВСКИ: Само ти смеј се. Заѕвонува телефонот на Мартина. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да, шефе. МАКСИМ ШУНТИЌ:

13


20

Мартина дали си слободна да зборуваме? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Моментално работам на случај. МАКСИМ ШУНТИЌ: Во ред, тогаш кога ќе завршиш со случајот те чекам кај мене во канцеларија. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред шефе. ВИКТОР АРСОВСКИ: Што се случува? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Шефот сака да разговара со мене. ВИКТОР АРСОВСКИ: За што? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не знам, но претпоставувам дека е поврзано со тутунарот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Не се грижи за него, полека ќе го средиме. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во тоа и е проблемот, не треба да се оддалечуваме многу од случајот зошто можеме да испуштиме многу траги. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, запри тука. Мартина го запира автомобилот и излегуваат надвор. ВИКТОР АРСОВСКИ: Сега да го оставиме тутунарот, да се фокусираме на ова. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во право си. Мартина и Виктор влегуваат во зградата во која живее Гоце, доаѓаат до неговиот стан со број 3 и тропаат на вратата. ВИКТОР АРСОВСКИ: Гоце Николовски отвори ја вратата, полиција! Нема никаков одговор, одеднаш се слуша тропање во станот. Виктор ја удира вратата и таа се отвара. Влагуваат внатре, станот е


21

празен а вратата од терасата е отворена. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ни побегна. ВИКТОР АРСОВСКИ: О не, нема! Виктор рипа преку тарасата а Мартина се симнува по скалите. Гоце продолжува да трча кон соседната зграда и влегува од задниот влез, Виктор постојано го држи пред очи. Влегуваат во подрумот од соседната зграда, полно е со прашина, има многу стари предмети. Гоце е скриен зад стар регал, Виктор поминува низ подрумот но не забележува ништо и продолжува понатаму. Гоце полека излегува од зад регалот но несакајќи бутка една вазна која стои потпрена. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Проклетство! Почнува да трча кон прозорецот од кој влезе во подрумот, излегува надвор но таму го пречекува Мартина со пиштол вперен во главата. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Гоце Николовски вие сте уапсен! Од прозорецот се појавува и Виктор. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде Виктор, побрзај, зарем ќе ме оставиш целата работа да ја завршам сама. Се смее, а Виктор се доближува и му става лисици на Гоце.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ - ДЕН ВИКТОР АРСОВСКИ: Гоце Николовски, дечко на Емилија Секуловска. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Да и? ВИКТОР АРСОВСКИ: Не знам дали знаете но вашата девојка е мртва. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Оф, голема штета. ВИКТОР АРСОВСКИ: Не ми изгледате изненаден.

14


22

ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Каква врска има тоа? ВИКТОР АРСОВСКИ: Па видете, вие сте и бил дечко, ако не се заинтересирете вие, кој друг треба? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Како прво јас не сум и дечко, ние се разделивме пред еден ден. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Затоа што „мојата девојка" постојано се слушаше со својот поранешен. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, тоа ли е причината за разделбата. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Се разбира, како можам да бидам со некој кој ме изневерува. ВИКТОР АРСОВСКИ: Но вие тоа не го знаете. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Се разбира дека знам ВИКТОР АРСОВСКИ: Значи признавате дека сте ја убиле. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Не, јас не го кажав тоа! Вие го рековте тоа! ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, да речеме дека не сте ја убиле, но зошто бегавте денеска? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Мислев дека е некој друг. ВИКТОР АРСОВСКИ: Но ние се претставивме како полиција. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Видете, јас во последно време имав проблеми со дрога. Мислев дека е дејден некој да ми наплати за долгот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тоа не е оправдување за да избегате од нас.


23

Влегува Мартина МАРТИНА ЈОВАНОВА: До каде сте со испрашувањето? ВИКТОР АРСОВСКИ: При крајот сме. Имам само уште едно прашање. Кажете ми дали ја сакавте? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Да, се разбира. ВИКТОР АРСОВСКИ: Во ред, Мартина може да продолжиш ти понатаму, јас завршив тука. Виктор заминува. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, да видиме до каде стојат работите. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Ова е претерано, сега и со вас ли треба да зборувам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Зошто ви смета ли тоа? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Се разбира, досега го кажував истото, требаше да бидете тука и да ме слушате. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Како прво господине јас ве слушав цело време, сега има нови прашања. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Ајде само да завршиме со ова. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали спортувате. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Да? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што и кој е бројот на вашиот дрес? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Каква врска има сето ова? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Само одговорете ми на прашањето. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ:


24

Фудбал. Дресот ми е деветка. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Каде бевте синоќа околу 22-23 часот? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Дома. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Има некој кој може да го потврди ова? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Не, сам бев. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Господине Гоце треба да ве приведеме како можен осомничен за убиството на Емилија Секуловска. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Не, ова не е точно! Ова е клевета! МАРТИНА ЈОВАНОВА: Имате право на адвокат, но мислам дека нема да има потреба, треба само да ги почекаме резултатите од ДНК анализата и ќе дознаеме дали доказите кој ги имаме ќе се потврдат со вашата ДНК. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Не можете да ме задржите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Секако дека можам. Ајде тргнувајте пред мене.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА СОСТАНОЦИ - ДЕН Собрана е целата екипа, на масата се ставени фотографии од сите осомничени, а има и слики од местото на настанот. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Значи сеуште немаме најдено оружје со кое е убиена Емилија. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Да, но немаме никаква трага за тоа од каде да почнеме да бараме. Доаѓа Виктор со шоља со чај во рацете. ВИКТОР АРСОВСКИ: Јас не мислам така.

15


25

ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Тогаш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Мислам дека треба да почнеме од Гоце. МАРЈАН СИМОНОВ: Гоце? Зошто баш од него? ВИКТОР АРСОВСКИ: Најмногу ми е сомнителен тој. Сепак тоа е мое мислење. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Може да биде и тој, но немаме никаков доказ за што можеме да го обвиниме. ВИКТОР АРСОВСКИ: А маицата која е најдена? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Сеуште не се готови извештаите но треба да ги добиеме во текот на денот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тогаш се е во ред. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не, не е во ред. Марјан и ти ќе одите во клубот каде што тренирал Гоце и ќе видите дали ќе најдете нешто. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ако така сакаш добро.

EXT. ФК „ПЕЛИСТЕРКА"- ДЕН Во фудбалскиот клуб има неколку играчи кој тренираат на стадионот, тренерот стои стои на крајот од игралиштето и нешто им довикува на играчите. ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Ајде, мрднете! Ова ли е игра за вас! Стојанче не забушавај! Ајде мрдај со нозете! Полека кон него се приближуваат Марјан и Виктор. МАРЈАН СИМОНОВ: Велимир Пеев! ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Да, јас сум.

16


26

МАРЈАН СИМОНОВ: Ние сме од МИБ треба да зборуваме. ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Што се случило? МАРЈАН СИМОНОВ: Треба да зборуваме за Гоце Николовски. ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Да, што е со него? ВИКТОР АРСОВСКИ: Тој е осомничен за убиство. ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Ох, господи, тоа не е можно. МАРЈАН СИМОНОВ: Па.. ВЕЛИМИР ПЕЕВ: Да одиме на некое помирно место. ВИКТОР АРСОВСКИ: Јас ќе останам тука. Марјан и Велимир заминуваат од стадионот а Виктор останува со останатите играчи кој седат на клупа до теренот.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА СОСТАНОЦИ - ДЕН Во собата се наоѓаат Мартина, Цветанка и Драган. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, однеси го во другата соба. Ќе појдеме подоцна да го видиме. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред. Цветанка и Драган заминуваат, а во истиот миг се пресретнуваат со Горан Јовановски, комшијата на Емилија. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Г-не Горан, што ве доведе наваму? Горан не одговара ништо, продолжува да гледа во Цветанка и Драган кој заминуваат. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Г-не Горан, се ли е во рад? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ:

17


27

Тоа е тој? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што е со него? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Тој е личноста која ја видов вечерта како заминува од куќата на моите соседи. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали сте сигурен? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Да сигурен сум, сега го препознав и по одот а и по изгледот, прилочно исто се градени. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Дали сте сигурен? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Апсолутно. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ви благодарам. Уште нешто, зошто дојдовте тука? ГОРАН ЈОВАНОВСКИ: Сакав да видам до каде напредувате со истрагата но сега гледам дека сте на прав пат.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ - ДЕН Цветанка и Драган седат и разговараат. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Зошто не лажевте г-не Драган за вечерта на убиството. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Не ве разбирам. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Имаме сведок кој тврди дека ве видел вечерта како излегувате од куќата на Емилија. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Видете. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Со тоа што не лажевте сега ќе ни бидете осомничен број еден.

18


28

ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Не е така како што изгледа. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Тогаш како е. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Во ред, јас бев во куќата на Емилија, но тогаш таа сеуште беше жива. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Тогаш зошто не ни го кажавте тоа? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Сметав дека не е важно. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Убиена е Емилија, вие сте последната личност ко��а сте ја виделе и ми велите дека тоа не е важно. За што разговаравте? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Вечерта наминав кај Емилија за да и кажам дека меѓу нас е завршено. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Но нели веќе бевте разделени. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Така е, но во последно време повторно се гледавме, скришно од сите. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Не би рекла. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Сето тоа беше убаво, но за брзо време заврши зошто не сакаше да се одлучи дали ќе биде со мене или со нејзниот сегашен дечко. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: И што направивте вие? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Ништо, и кажав дека ќе започнам нова врска со моника Печева. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Нејзината пријателка. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Да, немаше ништо чудно тука, јас и пред тоа се гледав со нејзе додека Емилија беше во Скопје.


29

ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Дали знаете дека Емилија и Моника се скарани веќе подолго време, т.е откако вие сте почнале да излегувате со Моника. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Не знаев, а и не ме интересира, тоа си било нивна работа. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Ќе ве прашам повторно, дали вие ја убивте Емилија Секуловска? ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Можете да ме прашувате колку сакате, но јас ја немам убиено Емилија, таа ми беше прва љубов, никогаш не би си дозволил да направам такво нешто. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Во ред, толку за сега. Ќе ве задржиме уште во притвор се додека не го разјасниме убиството. ДРАГАН ТРАЈКОВСКИ: Правите грешка, јас не сум убиецот! ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Тоа ќе го дознаеме наскоро. Заминува Цветанка.

EXT. ФК „ПЕЛИСТЕРКА"- ДЕН Виктор сеуште е на теренот од Фудбалскиот клуб „Пелистерка“. ВИКТОР АРСОВСКИ: Еј, здраво. Јас сум Виктор Арсовски. ИГРАЧ: Здраво. ВИКТОР АРСОВСКИ: Јас сум од полиција. ИГРАЧ: Убаво. Играчот не му обрнува внимание и продолжува да гледа што се случува на теренот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Интересна игра, зарем не?

19


30

ИГРАЧ: Може да се каже, но има многу недостатоци кој треба да се поправат. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, а зошто не играш ти? ИГРАЧ: Затоа што тренерот ни е многу паметен и работи само со луѓе кој ќе платат добро и тие играат во тимот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Тоа е лошо. ИГРАЧ: Да, а што Ве интересира вас точно? ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали го познававте Гоце Николовски? ИГРАЧ: Да, секако. Вообразен идиот. ВИКТОР АРСОВСКИ: Зошто? ИГРАЧ: Секогаш сака да е како што ќе рече тој, агресивен. ВИКТОР АРСОВСКИ: Разбирам. ИГРАЧ: Често пати знае да биде причина за тепачките кој се случуваат кога играме. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали знаеш дека имаше девојка? ИГРАЧ: Да, сите знаеа. Таа му стана главна преокупација во последно време, не зборуваше за ништо друго. Едноставно премногу се гордееше со тоа. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали некогаш ја запозна? ИГРАЧ: Не. ВИКТОР АРСОВСКИ: А некој од твоите другари тука?


31

ИГРАЧ: Не верувам, тој беше многу убоморен, никогаш не сакаше да ја запознава со никој. ВИКТОР АРСОВСКИ: Дали знаеше да ги расфрла своите работи? ИГРАЧ: Не, тој беше многу уреден, никогаш не ги оставаше своите работи надвор од шкафчето. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ахам, во ред.. Каде ви се наоѓаат шкафовите со вашите работи? ИГРАЧ: Ќе одите во соблекувалите и десно се наоѓаат, неговото е со број 9. ВИКТОР АРСОВСКИ: Ти благодарам. Виктор заминува, а играчот продолжува да гледа и понатаму што се случува на теренот.

INT. СОБЛЕКУВАЛНА - ДЕН Виктор влегува во соблекувалната и разгледува наоколу, на десната страна се наоѓаат тушевите а веднаш до нив се наоѓаат и шкафовите. Виктор полека поминува покрај клупите кој се наоѓаат во средината од соблекувалната и доаѓа до шкафовите. Се доближува да шкафот со број 9 и пробува да го отвори, доаѓа Марјан. МАРЈАН СИМОНОВ: Што правиш? ВИКТОР АРСОВСКИ: Пробувам да го отворам шкафот. МАРЈАН СИМОНОВ: Но не смееш, немаме дозвола. ВИКТОР АРСОВСКИ: Нема никој да дознае.. Ајде отвори го. Марјан пробува да го отвори шкафчето со тел и му успева. МАРЈАН СИМОНОВ: Повелете. ВИКТОР АРСОВСКИ:

20


32

Ви благодарам господине. Се насмевнува Виктор и почнува да пребарува низ работите во шкафчето. Наоѓа неколку стуткани алишта и пробува да ги одмотка, а во алиштата наоѓа нож измачкан со крв. ВИКТОР АРСОВСКИ: Еурека!

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА ИСПРАШУВАЊЕ - ДЕН Мартина и Виктор седат на едната страна од масата а на другата страна се наоѓа Гоце Николовски. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Значи вистината испадна на виделина. Кажете ми како ќе го објасните овој нож? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Немам како да го објаснам, едноставно некој ми го има подметнато. ВИКТОР АРСОВСКИ: Да, се разбира, сигурно е тоа. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ова е ножот со кој е убиена Емилија и е најден во вашето шкафче, неможете ништо да направите за да се спасите од целата оваа ситуација, најдобро е да ни ја кажете вистината. ВИКТОР АРСОВСКИ: Кажете ни што се случи вечерта кога појдовте во домот на Емилија? Гоце полека вдишува и издишува. Почнува да се сеќава што се правел вечерта во куќата а воедно и да раскажува. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Вечерта требаше да се видиме со Емилија, ми се јави и ми кажа дека мајка и е на работа и можам да појдам за да се видиме. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Што се случи кога стасавте во куќата? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Пред да влезам останав во автомобилот неколку минутки за да го земам ранецот кој го носам во клубот додека вежбам. Кога сакав да испаднам видов како некој излегува од куќата.

21


33

МАРТИНА ЈОВАНОВА: Кој беше тоа? FLASHBACK TO: Гоце се сеќава на вечерта кога се наоѓал пред домот на Емилија. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Драган, нејзиниото поранешно момче. Курва, ми кажа дека не се гледаат а тој излегува од куќата. BACK TO PRESENT: МАРТИНА ЈОВАНОВА: Можеби имало некакво објаснување. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Да, секако... Што бара машко кај тебе дома во 22.30?! Јас само се сомневав дека се гледаат но сега бев уверен со свои очи немаше потреба некој друг да ми кажува... сам видов и се уверив. Гоце прави мала пауза и продолжува да зборува. FLASHBACK TO: Гоце повторно се навраќа во своите сеќавања и продолжува да раскажува. ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Бесен влегов во куќата, таа беше во кујната и правеше кафе. Кога дојдов до нејзе почнав да викам, се скаравме. Таа ми се правдаше дека нема ништо со Драган, но јас не и верував, неможеше со ништо да ме убеди во спротивното. Од целата нервоза и удрив шамар, а таа почна да плаче и замина од кујната викајќи дека ќе ме пријави во полиција ако не си заминам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: И што се случи потоа? ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Избезумен видов дека на масичето има нож, го зграбив ножот и заминав по нејзе, таа беше во средината на ходникот потпрена на ѕидот, дојдов до нејзе и.... BACK TO PRESENT: Гоце почнува да плаче.


34

ГОЦЕ НИКОЛОВСКИ: Не знам зошто го направив тоа, едноставно бев избезумен.... не сакав да се случи сето ова. ВИКТОР АРСОВСКИ: Веќе се случи. Сега потпишете тука. Му подава лист и пенкало.

INT. ПОЛИЦИЈА, СОБА ЗА СОСТАНОЦИ - НОЌ

22

Сите агенти се собрани на своите работни маси, доаѓа Мартина со пица и пиво во рацете. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ајде да прославиме за успешно решениот случај. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Немаше потреба. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Ајде, секогаш е добро кога ќе го затвроиме случајот вака брзо. МАРЈАН СИМОНОВ: Да, така е. МАРТИНА ЈОВАНОВА: А каде е Виктор? МАРЈАН СИМОНОВ: Не знам. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ајде сека да пробаме од пицата додека е топла зошто после треба да одам кај шефот. ЦВЕТАНКА ЈАНКУЛОВСКА: Зошто што се случило? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не знам, ми кажа да појдам кај него кога ќе завршиме со случајот.

INT. ГРАДСКА БИБЛИОТЕКА - НОЌ Виктор влегува во библиотеката ВИКТОР АРСОВСКИ:

23


35

Здраво! БИБЛИОТЕКАРКАТА: Еј! Не ве очекував господине. ВИКТОР АРСОВСКИ: Се разбира, да не ви сметам? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Ахм, не, само се спремав да затворам, доволно беше за денеска. ВИКТОР АРСОВСКИ: Одлично, сигурно сте изморена, знам еден добра ресторан каде може да одиме и да каснеме нешто. БИБЛИОТЕКАРКАТА: Ах, не знам. ВИКТОР АРСОВСКИ: Се разбира ако не ве чека дечкото. БИБЛИОТЕКАРКАТА: Немам дечко. Се насмевнува. ВИКТОР АРСОВСКИ: Супер тогаш. Ајде ќе одиме ли? БИБЛИОТЕКАРКАТА: Да секако, само да го земам клучот и да заклучам. Библиотекарката го зима клучот и излегуваат заедно со Виктор.

INT. КАНЦЕЛАРИЈА НА ШЕФОТ - НОЌ Максим Шунтиќ седи на своето столче и потпишува некои докумети. Мартина тропнува на вратата и полека влегува. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Слободни сте? МАКСИМ ШУНТИЌ: Да се разбира. Повели влези, седни. Мартина е исплашена, седнува на столот пред шефот. МАКСИМ ШУНТИЌ: Не е ништо страшно, нема потреба да бидеш загрижена. Го завршивте случајот? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Да.

24


36

МАКСИМ ШУНТИЌ: Во ред тогаш. МАРТИНА ЈОВАНОВА: За што сакавте да зборуваме? МАКСИМ ШУНТИЌ: Видете,сакав да ве прашам за мистеријата која започна во врска со тутунарот. Дали знаете нешто ново? МАРТИНА ЈОВАНОВА: Не, засега немаме дознаено ништо ново, но постојано ги следиме сите настани кој се случуваат, можеби ќе добиеме нешто интересно што ќе не поврзе со тутунарот. МАКСИМ ШУНТИЌ: Во ред, јас ја имам целосна доверба во вас. Само сакам да знаете дека и јас не сум семоќен. Ние сме дел од МВР. МВР го има главниот збор, доколку се случи нешто со што можеме да ја загозиме безбедноста може да се случи да ни го одземат случајот. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Разбирам, но сакам да ја имам вашата целосна доверба затоа што јас со мојата екипа напорно работиме и наскоро ќе откриеме нешто поврзано со овој случај. МАКСИМ ШУНТИЌ: Во ред, само сакам да знам дека можете да ја држите целата работа под контрола и доколку ви затреба помош, секогаш да ми се обратите мене, а потоа на останатите. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Во ред, ви благодарам шефе. МАКСИМ ШУНТИЌ: Можеш да си одиш сега. МАРТИНА ЈОВАНОВА: Добра вечер шефе. ~КРАЈ НА ВТОРАТА ЕПИЗОДА~


Tutunarot 2 epizoda