Bilten znm nov dek 2013 mk

Page 28

НАДЗОРНА РАСПРАВА ВО ПАРЛАМЕНТОТ ЗА МЕДУМСКИТЕ СЛОБОДИ

СЕЛМАНИ:

2013 лоша година за слободата на говорот

С

28

обранието на Република Македонија кон средината на декември 2013 година организираше надзорна расправа на тема: Анализа за почитување на уставното загарантираното право на пресумпција на невиност, наодите за злоупотреба на притворот, загрозување на слободата на изразувањето и медиумските слободи и правото на изразување јавен протест. На ова расправа беа повикани да сведочат пред пратениците голем број на претставници на невладиниот сектор, уредници и новинари. Еден од нив беше и претседателот на ЗНМ Насер Селмани, кој на неговото кратко сведочење оцени дека 2013 година била исклучителна лоша година за слободата на изразувањето и слободата на медиумите. “За жал, Македонија продолжи рапидно да паѓа на светските ранг листи каде подолго време сме третирани како земја со делумна слобода на изразување. На листата на Репортери без граници сме на 116 место, пред нас е Нигерија, а зад нас Венецуела. Се согласуваме сите дека не сме во пријатно друштво. Лошо оценка за медиумските слободи даде и Фридом Хаус, кој по однос на слободата на медиумите не стави групата на земји со транзиционо владеење и хибридни режими“, оцени претседателот Селмани. Тој рече дека некој може извештаи да ги

Претседателот на ЗНМ порача дека без европски медиумски закони и без слобода за новинарот Томислав Кежаровски нема да се подобри состојбата со слободата на говорот во Македонија

оквалификува како пристрасни, но не се само тие што дават негативна оценка за слободата на медиумите во Македонија, истото го прави и Европската комисија во извештајот за напредокот на Македонија во 2013 година. “Делот за слободата на медиумите е најлошиот извештај досега. Слични оценки имаат и американците. Како земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО, ваквите оценки треба сериозно да не загрижуваат“, предупреди Селмани. Селмани ги повика пратениците да се искрени и да и погледнат во очи на реалноста посочувајќи го инцидентот со новинарите во Собрание. “ Дали вие имате рационално објаснување


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.