Page 1

3

РОМАНТИЗАМ

3

Романтизмот во Русија ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН

9/29/2011

проф.Горан Станикевски-Горјански

1


ПРЕДАВАЊЕ АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН (1799-1837)

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН

Притисни Shift+F5 9/29/2011

2


Наталија Гончарова

9/29/2011

3


АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН (1799-1837) А.С. ПУШКИН е роден во Москва 1799 год., во благородничко семејство. Бил воспитуван и образуван од приватни учители од кои го научил францускиот јазик. Неговата дадилка пак, му ја всадила љубовта кон рускиот фолклор и народ.  Се школувал во Лицејот во Царско Село, училиште само за децата на руските аристократи каде се стекнува со солидна наобразба. Учествувал во литературниот кружок „АРЗАМАС“ и во кружокот на декабристите* „Зелената ламба“.  *(Декабристите се учесници во востанието од 14 декември 1825 г. Против царското самодржавие. Тие сакале да се воведе парламентарен систем со рамноправност на сите сталежи. Царските власти крваво го задушиле востанието и ги обесиле водачите на бунтот.) Пушкин ќе биде затворен и прогонет на Кавказ, во Крим, во Бесарабија, во селото Михајловское (4 години). Тоа ќе биде период кога пишувал романтичарски поеми и го започнал романот 9/29/2011 4 во стихови „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“. 


1830 година се случува Болдинската есеннеговиот најплоден творечки период, кога со својата идна сопруга, прекрасната Наталија Гончарова, престојува во селото Болдин. Тогаш ги пишува последните глави од „Евгениј Онегин“, триесетина стихотворби, прозни и драмски текстови. По женидбата живее во Царско Село во Санкт Петербург, но неговите конфликти со дворот растат. За да ја одбрани честа, по интригата што се плетела за врската на неговата жена со Французинот Дантес, офицер во царската гвардија, тој излегува на двобој во кој е смртно ранет. Починува два дена по дуелот, на 29 јануари 1837 година.  Пушкин го сметаат за зачетник на новата руска литература и создавач на рускиот литературен јазик. Тој е родоначелник на рускиот романтизам и на реализмот. Се пројавува речиси во сите постојни жанрови и е создавач на новиот- роман во стихови.  Негови најпознати дела се поемите: „Кон Чаадаев“, „Село“, „На Керн“, „Зимска вечер“; романите: „Капетановата ќерка“, „Евгениј Онегин“; 9/29/2011 5 тргедијата: „Борис Годунов“. 

ВАЖНО


ПОЕТСКО ТВОРЕШТВО  

Во творештвото на Пушкин има неколку периоди. Првиот период е творењето на лицејската поезија, за време на школувањето, кога ги отфрла класицистичките норми и го модернизира книжевниот јазик. Мотивски и жанровски разновиден, во овој период ги искажува своите емоции од разочарување до восхитување. Вториот период е петроградската поезија, кога се запознава со руската престолнина и го искажува своето родољубие, слободарски дух преку поддршката на декабристите и критика на царскиот апсолутизам. (Песни: „Кон Чаадаев“, „Село“, „Слобода“.)

9/29/2011

6


 

Третиот период е лирика на јужното прогонство, кога тој ќе биде прогонет во Бесарабија, поради слободоумните идеи. Таму ја чита поезијата на Бајрон и под негово влијание станува изразит романтичар. Од тој период се песните: „ Јас ги надживеав своите желби“, „Згасна дневниот светилник“; поемите: „Кавкаскиот заробеник“, „Бахчисарајска фонтана“, „Цигани“. Следува четвртиот, михајловскиот период, кога прогонет престојува во селото Михајловско. Тука ја променува својата естетска концепција барајќи нови модели со што се приближува до реалистичкиот метод. Му се враќа на рускиот фолклор и ориентален пејзаж. („Кон морето“, „Пророк“) Петтиот е московскиот период во кој создава програмска поезија: „На поетот“, „Поет“. И шестиот е поетски споменик, песната „Јас споменик си подигнав неизграден од рака“.

9/29/2011

7

ВАЖНО


НА ПОЕТОТ

9/29/2011

8


ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН (роман во стихови)

9/29/2011

9


ЗИМСКА ВЕЧЕР

9/29/2011

10


КАВКАЗ

9/29/2011

11


ЗИМСКО УТРО

9/29/2011

12


ПАМЕТНИК

9/29/2011

13


ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН   

Романот „ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН“го сочинуваат осум пеења, со различен број песни. Тој ја создал онегинската строфа составена од 14 стиха. Иако поетот е претставник на романтизмот, романот е замислен врз реалистична основа во кој се запознаваме со секојдневните настани од животот на руското дворјанство. ТЕМА во романот е љубовта; младешката, идеализирана и неостварена љубов на Татјана Ларина кон Онегин и нејзиното созревање. Времето на случување се дваесеттите години од деветнаесеттиот век, во Петроград, на село и во Москва. Дејствието се одвива по хронолошки ред со паралелен развој на неколку сижејни линии.

9/29/2011

14


ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН

9/29/2011

15


СОДРЖИНА 

Романот започнува со претставување на Онегин, кој по смртта на вујко му од кого добил наследство, решил да замине на село и да го смени начинот на живот, бидејќи градскиот веќе му здодеал. Поетот се навраќа во минатото на Онегин, на татко му, кој правел по три бала годишно и на тој начин го потрошил богатството. Се навраќа на детството, кога Онегин не добил којзнае какво образование и на неговата младост, кога најважно од се` му било убаво да се облече, да оди по балови и театри и да кокетира со девојките.

9/29/2011

16


Без разлика на неговото површно образование, тој знаел убаво да зборува, знаел да се шегува, бил прифатен во друштвото и омилен кај дамите. Тој постојано излегувал, бил канет на сите балови и приеми, а дома се враќал во мугри кога другите луѓе тргале на работа. Во театарот него не го интересирале претставите и уметноста, туку убавината на дамите. Дома тој имал свој работен кабинет, но Пушкин со иронија го опишува, бидејќи во него имало: турско луле, увозни украси, парфеми, прибор за нокти. Всушност, тој кабинет не бил за работа, туку за дотерување. Таму тој поминува по три часа дневно контејќи се. И неговата облека била помодарска, странска. И храната исто така, односно, специјалитетите што ги јадел биле странски. Всушност се` во животот на Онегин е подредено на уживањето и на бесполезното поминување на времето. Преку него, Пушкин ни ја претставил однародената, безработната петроградска младина. 9/29/2011 17 Тој е тип на излишен човек (непотребен, вишок).

ВАЖНО


Откако му здодеал ваквиот бесмислен живот, а и заради вујкото кој е пред умирање и кој му остава наследство, Онегин решава да замине на село.

Но писмо одеднаш му дојде: да тргне веднаш, овој саат. Го викна вујко му да појдеза заден да се видат пат. Ги прочита редојте неми, за патот далечен се спреми, го приготви багажот свој, на тројката се качи тој, и, зарад пари готов беше на лаги, воздишки, на се`... 9/29/2011

18

ВАЖНО


Но, и на село само неколку дена бил воодушевен од воздухот, природата и мирот, а потоа повторно му станува здодевно. Се обидува да ги смени господарските односи со воведување на помали даноци со што го предизвикува револтот на соседите. Тогаш во селото доаѓа Владимир Ленски, убав, млад поет. Тој е сосема различен од Онегин. Тој ја сака природата, ја опејува во своите песни, живее во занес и верува во чистата и искрена љубов.

...Се зближија. Та бран и камен, ил стих и проза, мраз и пламен по нешто личат, блиски се... Но зарад спротивностите, во нив досадата се влеа. А потем... што да зборувам и зошто да оспорувам! – Неразделни и блиски беа. Од немање што да правиш 9/29/2011 пријателство ќе направиш!...

19

ВАЖНО


Тие толку се зближуваат што Ленски отворено му раскажува на Онегин за големата љубов што ја чувствува кон Олга. Тој ја засакал уште кога биле деца, ја гледал како расцутува и се вљубувал во неа, осамувајќи се и посветувајќи и` безброј песни. Сестрата на Олга, постарата- Татјана била различна и посебна.

Молчалива и тажна, дива ко срна плашлива што бива, во својот роден татков кат ко туѓа била секојпат. Од својте галена да биде не можела да трпи баш; ко дете неа никогаш да игра никој не ја видел. Крај прозор сама седела, по цел ден, мисли редела. 9/29/2011

20

ВАЖНО


Таа не се интересирала за женските работи, за везењето, за облеката, за модата, неа ја интересирале страшните приказни кои во детството и` ги раскажувала дадилката, ја интересирала природата, изгрејсонцето и читањето на романтичарските книги. Претставувајќи ги сестрите, поетот се навраќа и на нивните родители, на нивната мајка која во младоста вила вљубена во друг, но нејзините ја омажиле за имотен човек, па по некое време таа се помирила со судбината и презела се` во свои рацевладеела со својот маж и со имотот. Таткото, пак, ја сакал, и` дозволил се`, и` верувал и само јадел, пиел, спиел и понекогаш со блиски пријатели попладне се дружел. Живеејќи мирен селски живот остареле заедно и тој починал.

9/29/2011

21

ВАЖНО


Заедно со Ленски, од здодевност и Онегин оди во посета кај Ларини. При таа посета, мирната и повлечена Татјана се вљубува во Онегин бидејќи тој е единствениот нов лик во селото. Таа само чекала да се вљуби во некого, во главата и срцето направила место за својот идеален љубовник. Не го ни познава каков е, но го поистоветува со ликовите од романите што ги чита. Затоа, кога ќе се појави Онегин, таа ќе си рече: тоа е тој!

По оваа средба Татјана уште повеќе се повлекува во себе и гори од љубов. Не можела да јаде, не можела да спие. Единствена на која и` се поверувала била нејзината дадилка, па во разговорот со неа малку ја стивнувала својата љубовна болка. Љубовта на Татјана поетот ја опишува со многу милост и топлина, но и со сочувство кон нејзината наивност, заслепеност, страст која и` ја отвора душата и ја прави бескрајно искрена. Не знаејќи како да си ја стивне љубовната страст, таа решава да му напише писмо на Онегин во кое сосема отворено ги искажува чувствата. На крајот од писмото таа вели:

9/29/2011

22

ВАЖНО


Но- сеедно: во твое крило судбината ја препуштам што заштита од тебе моли... Би сакала да не пуштам ни плач...но, напразно? ме боли. Јас сама сум. Зар некој мене ме разбира? Но кој е тој? Молчејќи гинам... Сепак, денес те чекам тебе мили мој. Со поглед еден надеж јака оживи ми, ил овој сон прекрати го со ошто сакаш: со прекор, презир, суров тон. Завршувам! До смрт се плашам: јас премирам од страв и срам... Но, позната е честа ваша: во неа не се сомневам... 9/29/2011

23

ВАЖНО


9/29/2011

24


9/29/2011

25


Таа три дена чека одговор на писмото, пребледува и гори, но одговор нема. Тогаш Онегин доаѓа во нивната куќа, а таа од срам и страв бега во градината. Тој ја наоѓа и и` кажува дека е многу поласкан од нејзиното писмо, дека тоа поттикнало љубов кај него, дека кога би сакал да се жени, би ја одбрал неа, но тој не е подготвен на таков чекор. Објаснува дека тој не е човек за брак и дека таа би била несреќна со него. На крајот ја теши дека таа ќе си најде друга љубов, подостојна од него. Татјана не му одговара ништо, само си ја наведнува главата од болка и тага.  По тој состанок љубовта кај Татјана не стивнува. Таа и понатаму тагува, молчи, не спие и свенува.  А, љубовта на Владимир кон Олга се` повеќе расте. Тој по цел ден е кај неа, и` пишува песни во нејзиниот споменар, а не може да се оддели од неа ни ноќе зашто и сонот и` го посветува. А, таа, весела, жуборлива, не ги ни чита неговите песни, не ги сфаќа сериозно и 9/29/2011 26 лесно наоѓа и друга забава. ВАЖНО 


Времето минува, Онегин повлечен на својот имот станува како Чајлд Харолд, го обзема монотонијата и мрзливоста. Зимата, доаѓа Владимир и го посетува и поканува Евгениј кај Ларина на именденот на Татјана. На прославата, Онегин ја забележува тагата на Татјана која го оптоварува и не му се допаѓа.

Не трпеше Евгениј веќе од нервни појави ни траг; девојчински тој солзи нејќе, ни сака нејзин воздив благ. Се лути чудаков што дојде: Со погледот по Тања пројде: ја виде свената од бол. Тој спушти поглед, молњи полн, се наду. И негодувајќи, тој Ленски ќе го фрла в бес, - за одмазда. Ни пет ни шест и предвреме тржестувајќи во својта душа, полна гнев 9/29/2011 – со гостите ќе прави смев.

27

ВАЖНО


Прославата продолжува, гостите јадат и пијат, се развеселуваат. Кога започнуваат валцерите, тој го дочекува часот на одмаздата. (сака да си поигра, да го нервира и да му се одмазди на Ленски зашто го повикал на забавата Ленски на забавата на која тој треба да ја трпи тагата на Татјана.) Ја повикува Олга да игра со него и со неа ја поминува целата вечер. Од срам и од љубомора Ленски го предизвикува Онегин на двобој. Пред двобојот, во лутина, Ленски посакува да не ја види повеќе Олга, но таа се појавува пред него весела и безгрижна како и секогаш, прашувајќи го каде се загубил тој на прославата. Тоа малку го расколебува за извршувањето на двобојот, бидејќи повторно се чувствувал сакан. Но, омразата кон Онегин и потребата да ја заштити олга од таков развратник и ласкател, ќе го одведе во смрт. Во двобојот, по стапките на оддалечување, Евгениј пука и го погодува Ленски под срцето, а Ленски воопшто не испукува од својот пиштол. Тогаш Онегин се чувствува изиграно, го гризе совеста и иако победник, тој е поразениот. По таа случка, Онегин му се враќа на стариот живот, веќе никој не знае ни каде е, ни што прави.

9/29/2011

28

ВАЖНО


9/29/2011

29


9/29/2011

30


9/29/2011

31


Од друга страна, пак, за жал, поетот Владимир Ленски, неговата љубена брзо го заборава и се омажува за друг. Татјана останува сама во селото. Таа тагува, шета по полињата и еднаш влегува во куќата на Онегин, во неговиот кабинет. Гледајќи ги неговите работи, читајќи ги неговите книги, таа за првпат се запознава со него и сфаќа каков бил тој.  Во тој период Татјана ги одбива сите понуди за брак, па затоа мајка и` одлучува да заминат во Москва каде сигурно ќе се најде некој за ќерка и`. Таму ги дочекуваат многубројните роднини, а сите тетки веднаш се обидуваат да и` најдат некое момче. Ја носат по балови и театри и ја запознаваат со многу луѓе. ...Патешствијата и желбата за забава и заборав, го доведуваат и Онегин во Москва,на бал, каде го сретнува својот стар пријател, кнезот, кој се оженил со Татјана. Кога се сретнуваат во новата средина, во изменета ситуација, Татјана реагира многу ладнокрвно, достоинствено, учтиво му проговорува и си заминува. 

9/29/2011

32

ВАЖНО


Онегин не може да верува дека оваа рамнодушна московска дама е истата девојка од село. Тој се вознемирува, почнува сонот да не го фаќа, да мисли само на неа. Тогаш му стигнува покана за вечера кај кнезот. Станува нестрплив, едвај чека да оди и да ја види. Оди на гости растреперен, влегува кај нив, и иако на момент е насамо со Татјана, тој не може ни да прозбори. На вечерата таа е прекрасна, со сите гости се однесува убаво, насмеана, љубезна, вистинска домаќинка. Ваквата Татјана, Онегин не може да ја тргне од умот.

Но, без сомнение: Онегин љубовната ја сети моќ: во мисли љубовни тој сега поминува и ден, и ноќ. Без трошка страв од својта совест под прозорец Татјанин снове и, речиси, е секој ден. Ко сенка тој ја гони, нем, и среќен, чест што му падна, - тој крзно и` наметнува и погледот засветнува од допирот на рака ладна. Ги враќа назад слугите, 9/29/2011 и` држи шал пред другите...

33

ВАЖНО


На сето тоа, Татјана не реагира. Од невозвратената љубов, Онегин се разболува, но не сака да оди во странство и да се лекува бидејќи сака да биде во нејзина близина. Немоќен, несреќен, тој решава да и` напише писмо. Во него тој ја изразува својата љубов и каење што кога таа сакала, тој не бил подготвен за брак. Сега, тој е подготвен да ја моли, да ја преколнува, да плаче, само таа да му ја возврати љубовта. Но, таа не му одговара. Тој и` пишува уште писма, но не добива никаков одговор. Онегин се повлекува во себе, чита книги, живее во минатото. Пролетта тој малку живнува, почнува да шета, но не издржува и оди кај Татјана. Ја наоѓа дома сама, облеана во солзи читајќи ги неговите писма. Остануваат некое време гледајќи се со љубов, но Татјана прва го прекинува тој момент. Таа многу трезвено му кажува дека секогаш ќе го сака, и дека и` е жал што тој не ја прифатил нејзината љубов кога тоа било возможно, но дека е сега доцна и таа нема да го изневери својот маж.

9/29/2011

34

ВАЖНО


9/29/2011

35


ЛИКОВИ ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН е претставик на градската благородничка средина. Тој е многу самоуверен човек кој умее да го прикрие своето незнаење и површно образование. Неговите стремежи и чувства се нестабилни. Тој се обидува од здодевноста да избега со пишување поезија и читање книги, но не успева. Ништо не го интересира- забавите му стануваат здодевни и животот на село му е здодевен и држбата со Ленски му е здодевна, а љубовта на Татјана му претставува товар. Навикнат да се однесува кон жените ладнокрвно, тој и кон неа е таков. Нејзиното писмо не го допира премногу, а кога ја одбива (воопшто не помислува да не ја одбие) за да не ја навреди, се обвинува себеси и своето сфаќање за слободен живот. Сепак, настапува џентлменски бидејќи веројатно чувствува некаква симпатија и сожалување кон неа штом не ја искористува нејзината љубов, како што го правел 9/29/2011 36 тоа многупати претходно.


Најнегативно е неговото однесување на именденот, кога за да го направи Ленски љубоморен, тој цела вечер танцува со Олга. И зошто? Само затоа што нему му била здодевна љубовта на Татјана. Уште пострашно е што избрзува и не размислува за последиците. Од истите причини го прифаќа двобојот во кој го убива својот пријател. Тврдоглавоста и глупоста го прават убиец. Тој не е рамнодушен што го убива пријателот, го гризе совест и сосема се повлекува одејќи во непознат правец. Кога повторно ја сретнува Татјана, тој не може да се помири што таа е туѓа и недостижна. Не може да се помири со нејзиното студенило и одбивање и затоа лудачки се вљубува во неа- до разболување.

Но, Онегин не би бил свој кога на крајот не би се помирил и вратил на претходните идеали, на распуштениот и безделнички 9/29/2011 живот, тешејќи се дека времето лечи се`. 37

ВАЖНО


ТАТЈАНА ЛАРИНА е сосема поинаква, постојана во својата љубов и реална. Достоевски ќе рече дека би било подобро ова дело да го носело нејзиното име, зашто таа е главниот лик, позитивниот лик, претставничка на здравата, убава, паметна и цврста руска жена.  Уште во детството таа била сериозна, одрастена на село, без детски игри и кукли, со желба да слуша народни приказни- таа е претставничка на романтичарското сфаќање за животот и природата. Осамена и отуѓена од градските манири, таа го чека својот принц да дојде кај неа, но го дочекува Онегин. Млада и наивна, безрезервно се вљубува во него, иако не го ни познава. Затоа се решава на чекор кој е несфатлив за тоа време- да му напише љубовно писмо. Премногу искрена и отворена, таа верува во човечноста и искреноста на другите. По неостварувањето на нејзината желба да биде со Евгениј, се задоволува со близината на неговите предмети. Но, набрзо преку нив сфаќа каков е тој и се разочарува од својот херој. 9/29/2011 38 

ВАЖНО


Напуштањето на селото за неа е многу болно зашто не го сака бучниот град и тамошната малограѓанска средина. Тука, таа ќе ја жртвува својата љубов и ќе се омажи за стариот кнез, роднина на Онегин. При повторната средба, таа ќе се однесува ладнокрвно, но е јасно дека се` уште го сака. Ќе го одбие, не заради освета, туку заради нејзиниот цврст карактер и морал кои нема да и дозволат да го изневери мажот. ВЛАДИМИР ЛЕНСКИ е типичен романтичарски лик. Тој е мечтател, поет, кој детски се вљубува во Олга. Поседува висок морал и жестоко ги брани своите ставови. Неговата нестабилност, пребрзаност и занес се гледа кога во жарот на љубомората го предизвикува Онегин на двобој што всушност и го убива.

9/29/2011

39

ВАЖНО


Самовар

9/29/2011

40


Руско село

КРАЈ

9/29/2011

ДОПОЛНИТЕЛЕН МАТЕРИЈАЛ

41


Наталија Гончарова и А.С. ПУШКИН

9/29/2011

42


9/29/2011

43


9/29/2011

44


9/29/2011

45


9/29/2011

46


9/29/2011

47


9/29/2011

48


9/29/2011

49


9/29/2011

50


9/29/2011

51


9/29/2011

52


9/29/2011

53


9/29/2011

54


9/29/2011

55


9/29/2011

56


9/29/2011

57


9/29/2011

58


9/29/2011

59


9/29/2011

60


9/29/2011

61


9/29/2011

62


9/29/2011

63


9/29/2011

64


9/29/2011

65


9/29/2011

66


9/29/2011

67


9/29/2011

68


9/29/2011

69


9/29/2011

70


9/29/2011

71


9/29/2011

72


ПРЕДАВАЊЕ од учебникот

АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН (1799-1837)

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН

Притисни Shift+F5 9/29/2011

73


АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН

Поважни биографски податоци

9/29/2011

74


9/29/2011

75


9/29/2011

76


9/29/2011

77


9/29/2011

78


9/29/2011

79


9/29/2011

80


РЕЧНИК НА ПОМАЛКУ ПОЗНАТИ ЗБОРОВИ

9/29/2011

81


9/29/2011

82


.. АЛГОРИТАМ ЦЕНТАР

КРАЈ

9/29/2011

83


3 Евгениј Онегин (ПУШКИН)  

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН Романтизмот во Русија АЛЕКСАНДАР СЕРГЕЕВИЧ ПУШКИН проф.Горан Станикевски-Горјански 9/29/2011 1 Притисни Shift+F5 АЛЕКСАНДАР С...

Advertisement
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you