Page 1


СО БЛАГОСЛОВ НА НЕГОВОТО ВИСОКОПРЕОСВЕШТЕНСТВО МИТРОПОЛИТ БРЕГАЛНИЧКИ Г. ИЛАРИОН

ТРОИЧНИК, број 35

ЕДЕН БОГ – СВЕТА ТРОИЦА ...6 Свети Јован Кронштадски ЧОВЕКОТ И СВЕТОТ ВО БОГОДАРУВАНАТА УБАВИНА И ХАРМОНИЈА ...11 Од Светогорската ризница ЧОВЕЧКОТО БИТИЕ - ХРАМ БОЖЈИ

...17

АРХИЕПИСКОП АВЕРКИЈ ЏОРДАНВИЛСКИ ...23 Прашања и одговори за црковната побожност и грижата за душата ...27

Христос се роди! Навистина се роди!

540 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА ЦАРИГРАД ...30 Свештеник Илија Шугајев ПРАВОСЛАВЕН БРАК ЗА ПОЧЕТНИЦИ

...35

Сергеј Чапнин ЕКОЛОГИЈАТА НА ЕРАТА НА ВОДОЛИЈА ...39 Архимандрит Лазар (Абашидзе) ПАСХА БЕЗ КРСТ ИЛИ УШТЕ ЕДНАШ ЗА ЕКУМЕНИЗМОТ ...45 ПРАЗНИКОТ РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

...52

ТРОИЧНИК - списание за православна вера, култура, уметност, образование и воспитание. Година X, број 35, декември 2012 г. Излегува четири пати годишно. Издавач: Брегалничка Епархија на Македонската Православна Црква, Штип. Главен и одговорен уредник: Митрополит Брегалнички г. Иларион. Уредувачки одбор: јеромонах игумен Дамаскин, протоереј Николче Ѓоргев, свешт. Влатко Мирасчиев, дипл. теолог Жаклина Трајчев, дипл. теолог Жаклина Ѓоргиева. Лектура: игумен Дамаскин. Дизајн: протоѓакон Тони Петрушевски. E-mail: slovo@t-home.mk Печати: Европа92, Кочани.


ВОВЕДНИК

да можат правилно да се запознаат, соочат и да се борат со сите современи проблеми, еретички учења и разни секти, со кои денес се соочува Православната Црква, која продолжува да сведочи пред светот дека отсекогаш била, е и ќе биде Чуварка на Полната Вистина и благодат Божја. Митрополит Брегалнички г. Иларион

„Денес ликуваат сите ангели на небесата, и се радуваат луѓето, а се весели и сета твар поради родениот во Витлеем Спасител и Господ,

И во овој број, одбравме многу интересни и поучни текстови и душекорисни поуки, како светооотечки, така и од современите свети старци и подвижници, кои се особено живи примери на светост и голема духовна поткрепа за сите оние Христијани, кои сакаат да живеат вистински духовно и православно во денешните услови на отворено Богоотстапништво и Богозаборавеност.

зашто идолската лага престана, а царува Христос во вековите.“ (од службата на Божиќ, литиски стихири)

П

о милоста Божја, излезе од печат уште еден нов број на „Троичник“, за ваша и наша духовна полза, за утврдување во православната вера и Светоотечкото предание и за поголема духовна радост пред големиот православен празник, Рождество по плот на нашиот Господ Исус Христос – Божиќ. Уште еднаш сакаме да ја искажеме нашата голема православна радост, што ова заедничко списание станува сѐ повеќе барано, не само од верниот народ Божји, туку и од сите кои се жедни за Бога и кои сакаат да Го примат во своето срце. А тоа уште повеќе нѐ обврзува, со голема ревност да се потрудиме, со секој нареден број уште повеќе да ги збогатуваме вашите души и да ги храниме со небесна храна, исполнувајќи ги со голема духовна радост и утеха, односно да се потрудиме да внесеме макар малку светлина од Витлеемската ѕвезда во срцата на сите православни Христијани, а особено кај православната младина, која заталкана и без патоказ, во сѐ поголем број припаѓа кон Мајката Црква, чувствувајќи неизгаслива духовна глад и жед за спознавање навечната Вистина и Живот. Денес, повеќе од било кога, во време кога ревноста за побожен живот ослабнува и има сѐ поголема желба за приклонување кон духот на овој свет, „кој во зло лежи“, се наметнува насушната потреба верниците што подобро да ја осознаат православната вера и православниот дух преку Светото Предание и учењето на Светите Отци, за

Возљубени читатели! Годинава што изминува беше посебно одбележана со прославување на големиот јубилеј на нашиот македонски народ – 45 години од возобновувањето на древната Охридска Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква, која отсекогаш била и останува најсилна чуварка на верата и националниот идентитет на македонскиот народ. Исто така, нашата света помесна и афтокефална Македонска Црква, како дел од Светата Вселенска Православна Црква, во новото 2013 Лето Господово ќе го одбележи и 1700-годишниот јубилеј од Миланскиот едикт во 313. година, со кој светиот цар Константин го прогласи и озваничи христијанството како државна религија во тогашната византијска империја, а со што престана речиси тривековното гонење на христијаните, во кое многу свети маченици и подвижници ги положија и своите животи заради Името Христово, докажувајќи ја со тоа својата силна вера и огнена љубов кон Нашиот Спасител Господ Исус Христос. Возљубени чеда во Христа Богомладенецот! Со Своето доаѓање во тело, Господ го пресече свирепото непријателство меѓу луѓето и Бога, ја уништи силата на кобниот убиец – сатаната, поврзувајќи го светот со духовните суштества и обновувајќи ја наклонетоста на Отецот кон созданието. Нашиот Господ Исус Христос е ветениот од пророците „Цар на мирот“. При светото Рождество, Ангелите потврдија дека на земјата дошол Мирот, односно Миротворецот и Мировладетелот Христос.

4 • • • TROI^NIK • • •


обдари со Своето Воскресение и со дарот на Светиот Дух, со длабок и постојан мир. Ние со своите гревови повторно го распнуваме, а Он со Својата љубов ни простува и нѐ смирува. При самото Рождество Христово ангелите го прославуваа “мирот на земјата“, а по Неговото Воскресение првите Христови зборови кон Неговите ученици беа: „Мир вам!“ Само Богочовекот и Давателот на мирот – Христос, ни го дава мирот како дар на Светиот Дух, дар, за кој човекот треба претходно да се подготви, да се потруди, да се покае, да се моли. „А плодот на Духот е: љубов, радост, мир, долготрпеливост, благост, добрина, верност, кротост, воздржливост“ (Гал. 5, 22-23). Кога се каеме за своите гревови, веруваме во Бога, кога ги љубиме ближните и им се принесуваме целите себеси, и ние дејствено учествуваме во патот на мирот на Христос Спасителот.

Со Својот Крст Он ги соедини дотогаш одделените и исцрпени со заемна омраза луѓе (евреите и незнабошците), и во Самиот Себе ги пресоздаде во единствен нов човек. Преку Христа ние пребиваме во мир не само меѓусебно, туку и со нашиот Бог Отец (Еф. 2, 14-22). Само Господ Исус Христос ги помирува луѓето, зашто само Он и може да ја исцели главната причина за непријателството – гревот. Можно ли е да пребиваме во мир, а да сме преполни со егоизам, користољубие, среброљубие, раздразливост, разврат, злоба? Можно ли е со своето неверие да бидеме одвоени од Бога, нашиот Отец и Творец, а притоа, да стекнеме внатрешен мир? Каков мир може да има во своето срце детето кое, бидејќи полно со егоизам, станало против својот татко? Можно ли е да не ги љубиме ближните, да ги мразиме, да гледаме на нив како на предмет за искористување или средство за уживање, и во исто време да пребиваме во мир со себе и со другите? Сите наши гревови и страсти го изгонуваат мирот од нашите срца, од нашите семејства, од нашето општество и народ. Господ Исус Христос дојде меѓу нас како Миротворец, стана човек и се распна на Крст за да ја исцели нашата падната, грешна, воинствена и агресивна природа и да не

• • • TROI^NIK • • •

5

Секој верник, кој свесно и достојно учествува во помирувачката жртвена Вечера Господова, во Божествената Литургија, по завршување на богослужението, откако ќе се соедини со Христа, го продолжува во светот делото Христово, принесувајќи се себеси на ближните, простувајќи им на непријателите, помирувајќи ги скараните, односно, станува апостол на мирот во секојдневниот живот. Како што веќе се научивме во нашата Света Црква, не можеме да се причестиме со Телото и Крвта Христови, ако претходно не сме простиле и ако не ни е од сите простено. Само исполнувањето на заповедите Божји може на душата да ѝ донесе мир и небесна радост. Затоа, примајќи го Богомладенецот во себе, да се потрудиме со вера, молитва и пост, да ги победиме и искорениме сите нашите гревовни слабости и страсти, та во нашите души и срца, како во чисти богопријатни јасли, да се всели мирот Христов, кој од нас ќе изгони секаков немир, гнев и раздразливост, та да можеме и ние заедно со ангелите, неосудено да извикаме: „Слава на Бога во висините, а на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!“ Честито и благословено Новото Лето Господово! ХРИСТОС СЕ РОДИ! НАВИСТИНА СЕ РОДИ!


вероучение

ЕДЕН БОГ – СВЕТА ТРОИЦА

П

остојат повеќе религии, но всушност има само неколку типа на религии. Едни од нив се атеисти кои веруваат во случајност,т.е дека светот случајно постанал и случајно ќе исчезне, па затоа помеѓу овие два случајни настани сèе бесмислено. Другите се теисти, луѓекои веруваат дека постои Бог и исповедаат дека сè што постои во светот има смисла и е создадено со промисла Божја. Оние кои веруваат дека постои Бог, се делат на еднобошци и многубошци. Како веруваат христијаните, а како Евреите и муслиманите во Божјото Битие? Ние христијаните, на многубошците им велиме дека не можат да постојат повеќе семоќни богови. Ако е Бог семоќен, тогаш мора да биде само еден Семоќен, инаку, секој од тие богови би му говорел на другиот – јас сум повеќе семоќен отколку ти, а тоа е апсурд. Значи, доаѓаме до само три сериозни монотеистички религии: христијанска, еврејска и исламска. Сите три велат дека еден е Бог, но разликата е во догмата за Света Троица,која ја исповедаат христијаните и велат дека Бог е Еден, но во Три Лица т.е. Три Личности: Отец, Син и Свети Дух. А Евреите и муслиманите пак, од друга страна, велат дека Бог е еден, но само едно Лице. Кога тие би се крстеле, тоа би го правеле само со еден прст, за разлика од нас,кои тоа го правиме со три прста. Со тоа ние ја покажуваме тајната на нашата вера. Како што се трите прста различни, така Трите Личности на Бога се различни, притоа трите прста ги соединуваме за да нагласиме дека тие Личности се неразделива Троица – Еден Бог. А Евреите и муслиманитевелат дека Бог е еден, но едно Лице. Во Куранот пишува дека Бог нема Син, а со тоа се спротивставуват на главната христијанска догма - дека Бог Го испратил Својот Син да стане човек, Кој се родил од еврејска девојка, Богородица Марија, и постанал Човек - Богочовек. Значи, за нас Исус Христос е Еден од Светата Троица, На Кој Му нема почеток, како ина Бог Отецот, и Кој се родил двапати- еднаш во вечноста, уште пред светот да постане, се родил од Бог Отецот како

Син Божји, а вториот пат во човечката историја од Богородица Марија како Син Човечки, како Човек. Па затоа Он е Богочовек. А еврејските и муслиманските проповедници велат дека Бог е Сам и неможе никогаш да дојде во овој ограничен свет. За нив Господ Исус Христос е само добар човек, Евреин, пророк, исто како и свети Илија. Според лажното исламско учење, Бог го однел Христос на небото на ист начин како Свети Илија, а божем Јуда бил распнат, бидејќи според исламското и старозаветното рабинско учење, ако некој е испратен и возљубен од Бога, тој треба да ужива на земјата, да биде богат, силен и моќен. Затоа, на еврејските и исламските проповедници не им влегува во глава дека праведникот може и логично е да страда. Најправедниот, Синот Божји, кога дошол во овој свет, каде што сатаната,со помош на смртта, владее над сите со својот терор, тука Христос, Синот Божји, токму и мораше да пострада зашто во колку е човек поправеден и почист, дотолку повеќе демоните и нивниот кнез на темнината сѐ уште повеќе разјарени на таквиот и го напаѓаат со помош на своите свесни соработници, злобни луѓе - поробените сатанисти, или пак со помош на несвесните соработници на сатаната, а тоа се нечесните и лекомислените луѓе. И праведниците се секогаш гонети поради злобата на тавите лукави луѓе. Затоа Христос на светите Апостоли им рече, дека секој што сака да живее праведно ќе биде гонет, исто како и Самиот Господ Исус Христос,кога дошол во овој свет. Значи, разликата помеѓу тврдењето на христијаните, Евреите и муслиманите е ова: за христијаните на небото е Света Троица, а за Евреите и муслиманите е “Бог - Самотник˝. Кој е Исус Христос? Ние христијаните велиме дека Исус Христос е Богочовек, а муслиманите велат дека тој бил само добар човек. Бидејќи Бог е таму горе и неможе да биде истовремено долу, тоа значи дека Исус од Назарет претставува само добар човек, пророк. А Евреите пак, одат уште подалеку и велат дека Он бил лош човек, магионичар, Кој правел чуда со помош на сатаната и дека со илузии го заблудувал

6 • • • TROI^NIK • • •


простиот народ, за да го сметаат за Бог. Значи, постојат три одговори на прашањето Кој е Исус Христос. Ние, православните христијани, кои веруваме дека Бог е Света Троица велиме: Он е Еден од Светата Троица и Единствен од Света Троица Кој постанал човек,Он е Богочовек, Он е Бог во човечко тело, и тоа Он го докажал со Своето божествено однесување, но и со чудата кои ги правел на земјата. Неговото најголемо чудо не е тоа, што ја претворил водата во вино, или умножувал леб, лекувал болни и воскреснувал мртви, туку Негово најголемо чудо е самата Негова жртвена Љубов, тоа дека Он, самиот Бог, Семоќниот Небесен Цар, Син на вечниот Бог Отец, слезе во овој свет опкружен од грев, за да го спаси од сатаната и

• • • TROI^NIK • • •

7

смртта и повторно да го врати во крилото на Света Троица. Спасението од ѓаволот можел да го изврши единствено Бог и тоа по пат на Жртва од љубов, а не присилно, бидејќи Богочовекот Христос со Својата смрт на Крстот ја докажал Својата љубов кон човештвото, а на демоните им покажал дека и Неговата слабост е посилна од нивното најсилно оружје – смртта.Оттаму, и Воскресението на Христовото Тело од гробот претставува најголема радост за овој свет. Со Своето воскресение Христос го открил изворот на вечниот живот во Своето Тело, а преку Светата Литургија и Причеста,тој вечен живот му е достапен на секој кој верува во Него. Затоа, крстени во името на Света Троица, миропомазани со печатот на Светиот Дух, го јадеме


Телото Христово и пееме: “Вие кои во Христа се крстивте, во Христа се облековте˝. Се облековме значи, со Него, со Неговото Воскреснато Тело. Е сега замислете, после Христос дошол некој Мухамед, водич на караван, кој нешто слушнал од рабините за еврејското учење, а од нашите монаси и православни арапи слушнал за христијанската вера, и тогаш тој, бидејќи дотогаш бил многубожец, сакал да создаде некоја нова вера за својот народ. Тој, секако, како духовно несозреан, не умеел да ги разликува духовите, па кога му се јавил демонот во облик на Архангел Гавриил, тој помислил дека тоа навистина е архангел Гавриил. Најголемиот дар меѓу најголемите христијански монаси-духовници е дарот на разликување на духовите: дали се од Бога или од ѓаволот. Тоа можат да го разликуваат само големите светители, бидејќи демонот може да се појавува во разни облици,па дури може да се јави и во облик на Христос. Затоа, само оној кој може да ја разликува создадената светлина од Несоздадената Божја светлина,може да знае далие тоа ангел кој зрачи со несоздадената Божествена Светлина, или пак е тоа демон, кој само лажно се претставува како светол ангел.Оној, кој не прави ваква разлика, може да го прими ваквиот демон како ангел. Всушност, според христијанската вера, тоа му се случило и на Мухамед. Меѓутоа, не навлегувајќи во длабока теологија, ние ќе се обидеме вака отстрана, со чисто човечки, психолошки докази да им покажеме каде е вистинскиот Бог, па дури и на оние кои немаат никаквавера: дали вистината е на страната на Христос или на страната на Мухамед. Кога Евреите

го прашале Христа дали е дозволен развод на бракот, Он им одговори: Мојсеј ви допушти развод затоа што сте вие тврди по срце, неможете да бидете верни во бракот и вршите прељуби. Мојсеј, значи, ви допушти развод, но во почетокот Бог одреди човекот само еднаш да може да стапи во брак, една жена и еден маж - целосна љубов, целосна верност, како помеѓу Бог и Црквата, како помеѓу Христос и верните во Црквата, и согласно со тоа,мажот треба да биде подготвен да го даде и својот живот за својата жена како што го даде и Христос за Црквата, а жената пак, да го положи својот живот за мажот како што светите маченици го полагаа животот за Христа. Тоа претставува пожртвувана љубов, кога другиот го љубиме повеќе отколку самиот себеси. Христовите поуки значат, дека секој брачен пар треба да биде како што беа Адам и Ева во почетокот. А Мухамед вели дека Бог нему му допуштил човекот да може да има четири жени, а ако е богат да може да купува и други наложници за својот харем. Овде не е потребно да се биде голем теолог, туку само човек со неизопачена природа и со чиста душа, па да пресуди: дали може нормален човек истовремено да сака четири жени подеднакво? Секако дека не може, бидејќи едната ќе му биде поомилена и ќе ја сака повеќе од другите, а другите три ќе бидат љубоморни на тоа, и тука веќе се создава пекол во домот... А да не зборуваме и за женската страна, бидејќи секоја жена, ако го сака својот маж, природно го посакува целосно само за себе. Како што е нејзината љубов целосна, така таа за возврат, посакува и целосна љубов од својот маж. Значи,

8 • • • TROI^NIK • • •


доволно е само малку да се познава човечката природа, за да се увиди дека Мухамед бил прелажан од демонот на развратот, а Христос ни го укажува на патот до чистотата во бракот. Во Стариот Завет полигамијата (многуженството) била дозволена. И според Мојсеевиот закон, и Евреите би можеле да имат хареми, но рабините во пракса признаваат дека Христовиот морал е над старозаветниот морал, па и денес нема Евреин кој е оженет со повеќе жени. Тие не го признаваат Христовиот закон за совршен, но практично, на дело, тие се засрамиле од полигамијата. Така Евреите, иако хулат на Богочовекот Христос, ја признаваат неговата заповед за едноженство. Заклучокот е овој: не е доволно да се каже дека еден е Бог, бидејќи така исповедаат сите три големи свeтски религии. Кога ние тука би застанале и со тоа би се задоволиле, тогаш би се одрекле од Крстот на Богочовекот, зашто ние христијаните исповедаме дека Бог не е само таму некаде на небото, како што велат муслиманските и еврејските теолози, Он

е и тука на земјата, заштоБог е Света Троица: Бог Отецот го жртвуваше Својот Син, Синот доброволно сакаше да дојде во овој свет и да се жртвува за нас. Светиот Дух слезе врз еврејската девојка Богородица Марија, за Таа да може да го роди Синот Божји како Човек, за Он да се распне на Крстот од љубов кон нас. Така, Целата Света Троица учествува во спасението на човечкиот род и тука е големата разлика помеѓу христијанската вера и другите монотеистички религии. Бог не е себичен егоист таму горе на небото, Кој би можел како Самец мирно да богува иблагува и да гледа како долу на земјата човечкиот род се мачи под окупација на лажните богови – демоните. Вистинскиот Бог не би можел да биде таков, ние велиме – Вистинскиот Бог е Оној Којсе грижи за целото човештво и за секое Свое создание. Вистинскиот Бог е Оној, Кој го исполнил ветувањето дадено на Адам и Ева дека ќе испрати Спасител да ги избави од смртта, така што Он, со Својата жртва, ја докажа таа своја љубов кон човештвото. Потоа, во христијанската вера нема фатализам, односно тајната на спасението се одвива преку тајната на слободата. Нашата вера нè учи дека Бог ги создал ангелите и луѓето слободни и секој слободно самиот се определува кон Бога, дали ќе Му возврати на Неговата љубов со своја љубов или пак, ќе му возврати со омраза. А љубовта и омразата, како што сите добро знаеме, се плод на слободното срце. Никого неможемеда присилиме некого да љуби или да мрази. Затоа, Христос Бог дошол и рекол: Јас Сум Бог Семоќен, како и Мојот Отец, ве љубам, но нема да ја употребам својата божествена семоќ, за со нејзината сила да ве изнесам од овој затвор на смртта и сите да ве пренесам во рајот. бидејќи тогаш, сатаната ќе има право да рече – чекај, запри, тие дојдоа кај мене слободно,верувајќи ми. Првиот грев на Ева е во тоа, што таа верувала на ветувањето од ѓаволот дека тој е нејзин поголем пријател од Бога. Токму тука е сега јазолот. По Христовото Воскресение, во срцето постојано тајно се гласа: дали ќе Му веруваме на Христос Бог, Кој рекол: „Ќе бидете како богови, таму каде што сум Јас, и вие ќе бидете таму”. Но, тоа во почетокот и ѓаволот ни го рече,но нѐизмами. А сега, Христос ни вели - одберете кому повеќе ќе му верувате: на Мене или на ѓаволот. Со своите дела, со својот живот докажете кого повеќе го љубите. Тоа е избор и гласање на срцето.

• • • TROI^NIK • • •

9


Но, Црквата ги утешува заблудените и ги повикува на покајание. Христос ни даде лек против гревот и смртта, а тоа е покајанието и Причеста. И затоа, во христијанството нема очајание. За Рајот и Пеколот Муслиманите и Евреите учат за предестинација, за предодреденост. Тоа учење вели дека Бог, Кој е горе на небото, предвечно решава кој каде ќе оди по смртта,без огледна неговото однесување. Овој, ако е некој од потомството Авраамово, ако е од еврејската раса, тој автоматски ќе оди во рајот, колку и да бил расипан или лош. А од неевреите само добрите ќе одат во рајот. Така учат рабините. Со тоа Евреите се расипуваат, бидејќи мислат дека автоматски ќе одат во рајот, само затоа што се синови Авраамови. Слични на нив се и муслиманите, кои велат дека, кој ќе го признае Куранот и законот на Мухамед, ќе оди во рајот, а во спротивно, кој нема да го признае, ќе оди во пеколот. Воопшто, кај нив сѐ е автоматски, бидејќи нема слобода зачовекот. За нив Бог е некаков своеглав владетел, Кој така самоволно решава кој каде ќе оди – е сега, ти ќе одиш во пеколот, колку и да си добар, а ти пак, ќе одиш во рајот, колку и да си расипан. Сосема спротивно на ова нѐ учи Светата Православна Црква - дека секој ќе биде суден според своите дела. Христос вели: „Јас нема да ве судам”. Секој човек сам себеси ќе си суди според својата совест, и секој после смртта ќе го види целиот свој живот како на филм. А потоа сам ќе пресуди и ќе рече: „Господи, навистина извршив повеќе зло, па затоа го заслужив

пеколот”. А други пак ќе речат: „Слава Ти Боже, ми помагаше повеќе да правам добро”. Вратите на рајот, тоа се вратите на Православната Црква. Таа ја негува тајната на слободата преку покајанието. Отсекогаш православните христијани верувале дека Христос Бог, со Својата божествена моќ, им дал власт на Апостолите, Епископите и Свештениците да ги разрешуваат гревовите на сите оние христијански верници кои се каат. Кога “филмот” на неговиот живот ќе биде прикажан на Страшниот суд, сите гревови, кои верникот покајнички му ги исповедал на свештеникот, ќе бидат ибришани, сето тоа ќе биде бело, изгубено и избришано од лентата. Бог ќе ги избрише и ќе ги заборави сите тие темни слики на понижување. А ќе се видат само оние гревови, кои не се исповедани. Затоа, сите ние, како православни христијани, гледаме ведро на светот и никогаш не паѓаме во очајание. Не постои неопростив грев, туку само непокајан грев. И Јуда можел да се покае, само ако сакал. Бог едвај чека грешникот да се покае, и веднаш се радува. И нанајлошиот разбојник на крстот, веднаш, откако се покаја, Христос му рече: „Денес ќе бидеш со мене во рајот”. За таа вера умреле светите маченици и многу други светии, кои ги славиме и кои умееле да го видат Воскреснатиот Христос Бог на земјата, во Православната Црква, на Нејзините икони и во Нејзината Света Чаша на Причеста. Превод: Ѓакон Илија Поп Гонов

10 • • • TROI^NIK • • •


светоотечка ризница

ЧОВЕКОТ И СВЕТОТ ВО БОГОДАРУВАНАТА УБАВИНА И ХАРМОНИЈА Човечката природа - убавината на човековата душа и тело Свети Јован Кронштадски

К

олку пати само над тебе и заради тебе изгреа сонцето на небото и замина кон запад, и колку пати блескавата месечина пловеше над твојата глава, додека прекрасната слика од безброј ѕвезди, заради тебе го украсуваше небесниот свод;и колкупати земјата, секоја година во пролет и лето, пред твоите восхитени очи се облекуваше во разнолико зеленило од растенија, во цветно шаренило, како што и дрвјата се прекриваа со украсни плодови, на кои ниту бројот не им се знае! Колку ли само различни, безбројни живи суштества од секаков вид, има видено и гледа твоето око – суштества обдарени од Создателот со најразлични, чудесни особини! Си се обидел ли во мислите да продреш во тој величествен поредок на вселената, востановен од раката на нејзиниот Создател, поредок, кој на очигледен начин, иако без зборови, те учи на ред и во твојот живот, и на благодарење и славословење кон твојот Создател, Кој те создал како битие заради разумен и делотворен живот? Нели безброј пати те восхитила убавината и разнообразноста на сите твари, живи и неживи, кои пребиваат на земјата: животни, птици, инсекти и влекачи, и особено разновидноста на многуте човечки раси, племиња и народи населени насекаде низ земјината шир;шареноликоста на јазиците и наречјата, со кои, како со надворешен облик, Создателот ја облекол невидливата, богата, неуловлива човекова мисла, и со чија помош ги научил луѓето да се разбираат едни со други, да го откриваат внатрешниот духовен

• • • TROI^NIK • • •

11

свет на мислите, да искажуваат чувства на благодарност, восхит, љубов кон Создателот, кон Неговото славословие?! Создателот те обдарил со разум, слобода, внатрешен и надворешен закон – но запрашај се: ги користиш ли за свое вистинско добро и за слава на својот Создател? Ги употребуваш ли како што треба разумот, слободата за правење добрини, совеста? Се опоменуваш ли со јасните, мудри заповеди на твојот Создател? Доколку (овие, од Бога дарувани дарови) не ги користиш како што треба, запрашај се: зошто е


тоа така? Не значи ли тоа дека безумно грешиш и против себе и против својот Создател? И, значи, што си заслужил заради ваквата немарност, негрижа, нерасудување и непокорност? *** Размисли човеку: заради кого постои ова чудесно, постојано, неизменливо устројство на вселената, ваквиот поредок на природата, устројството на небото и на земјата? Ова хармонично движење на сонцето, месечината и ѕвездите, менувањето на пролетта, летото, есента и зимата – заради кого е сето тоа? Заради кого е таа бескрајна разновидност и изобилство од земни плодови со неброени пријатни вкусови? Заради кого е таа сончева светлина, закрепнувачки радосна и плодотворна? Заради кого е тој животен воздух, толку често исполнет со прекрасни миомирисни билки? Заради кого е таа водена стихија, која ја гаси твојата жед, ги чисти човечките нечистотии и на чудесен начин, од раката на Создателот се претвора во неброени сокови на земните плодови; водата што обилно капе на земјата, за од неа да изникнуваат секакви плодови, на кои им нема број според разновидноста и изобилството, и преубавите миомирисни цветови кои ја украсуваат земјата и твоите градини? Заради кого се животните кои ти служат, заради кого толкаво изобилство на секакви риби, мали и големи, птици, кои ти го разгалуваат увото со пријатното пеење и Го прославуваат Создателот на сите твари, но и се користат за храна на луѓето, за задоволување на гладта, па дури и за нашата алчност? Заради кого се металите, минералите и скапоцените камења? Нели е сето тоа заради тебе, човеку, цару на сите земни созданија? Нели си ти тој, што ги користи овие богатства од природата за своја корист, задоволство, богатство, раскош? Нели си ти тој, заради кого е создадено целото ова чудесно устројство на природата, овој прекрасен поредок, оваа хармонија на секое создание? А, доколку сето богатство на созданието, целиот тој чудесен поредок и таа хармонија се заради тебе, и доколку сето ова го користиш за добро и благослостојба – зошто тогаш не ги почитуваш заповедите на Создателот, кои ти се дадени заради твое добро и блаженство? Зошто го нарушуваш устројството на природата и дозволуваш безброј беззаконија во својот живот, зошто внесуваш на земјата воздишки и страданија без крај? За тоа ли си создаден? Па, тебе ти се дадени разум, совест, заповедите на Создателот, за доброволно да ги исполнуваш! Каква ли казна

заслужуваш заради своите беззаконија, заради неблагодарноста, немарноста, мрзливоста, злобата! Погледни ја оваа прекрасна хармонија, види го поредокот на малите и големи твари во целата вселена, воочи го прекрасното устројство на секое создание, востановено со законите на Создателот – па биди и самиот во хармонија, во согласност со вечните, премудри, праведни закони на себлагиот Создател, кои однапред се одредени заради тебе и заради човечкиот род, уште пред да бидеш создаден; живеј во хармонија со својата совест и со луѓето, во сè што се однесува до вечните Божји заповеди, и ќе бидеш блажен и овде и во вечноста. *** Ти благодарам, Господи, премудар, прекрасен, семоќен Создателу на сите твари, Кој владееш над сите и Кој си создал сè со неискажливо величество и убавина што восхитува, а особено круната на земните работи – човекот и таа што беше создадена од реброто негово! Сè си создал чисто, прекрасно, добропотребно, неосквернато... Подари ни благодат, за чисто, без соблазна и грев да гледаме на сите Твои дела, па и на човекот, најубавото дело на Твоите раце; да Те љубиме Тебе, нашиот Создател, со сето срце, кон Тебе да се подаваме, Тебе да Ти се восхитуваме, Тебе да Те сакаме со сето срце и со сета душа! Во целокупната творевина, словесна и бесловесна, жива и нежива, се забележува строга целисходност, прецизност, пропорционалност, чистота и совршенство, со што се постигнува благоустројство и целовитост на сите твари. Овие својства во човекот се засадени од раката на Создателот со посебно (преимучством), како во разумна круна на тварите, на која ѝ се потчинети сите видливи земни созданија; човекот, како разумно суштество е должен со волја, разумно, слободно и срдечно да им се потчинува на законите на Создателот, заради своето (благување). Затоа човеку, биди кроток, смирен, благ, милостив, исполнет со сочувство, послушен, воздржлив, целомудрен, трпелив, секогаш наклонет кон Создателот, за да наследиш вечен живот со Бога на небесата. *** Ти благодарам, Господи, што ме обдари и почести со ум и дар на зборување, создавајќи ме како разумно, словесно и слободно суштество, автономно во животот и во работата, способно за возвишени, свети помисли и чувства, суштество кое

12 • • • TROI^NIK • • •


Ти постојано го оживуваш, суштество кое ги разбира Твоите дела и има возвишена цел на живеење. *** Човекот е Бог, и човекот е ништо. „Јас реков: Вие сте богови, вие сте сите синови на Севишниот“ (Псалм. 81, 6). „Ако љубов немам, ништо не сум“ (1. Кор. 13, 2). Бог е љубов; човекот е создаден според слика Божја, со душа која го љуби својот прволик – Бога и оној, кој е според Неговиот образ – човекот. Деница, по своја волја станувајќи ѓавол – причинител за злобата и зависта и за секоја гревовна прелест – го извитоперил човекот како возљубено битие преку непослушноста кон Бога и со тоа го уподобил на себеси. *** Човечката природа во почетокот на создавањето бешепрекрасна и вистински света, за потоа

• • • TROI^NIK • • •

13

да падне и да стане развратна. Самиот прекрасен несоздаден Ипостасен Лик Божји, при крајот на вековите благоволил да ја прими врз Себе нашата човечка природа, со исклучок на гревот, и да живее помеѓу луѓето триесет и три години, да ги понесе нашите немоќи, да живее на земјата, покажувајќи им на сите пример на праведност; Логосот одеше меѓу нас, на сите им го проповедаше вистинското, небесно учење, трпејќи прекори, потсмевања и удари; Он пострада, умре на крстот и воскресна како човек, и се вознесе на небото во духовна и бесмртна плот, и пак ќе дојде на земјата за да им суди на живите и на мртвите. Со каква ли само почит луѓето треба да се однесуваат кон својата природа, искупена од гревот, од проклетството и од смртта, осветена и окрепена, просветена, возвишена и обожена со Божјата благодат, со Словото Божјо и со Светите Тајни! Колку ли сме должни да се чуваме од


секакво световновлијание, од секаква нечистотија (страст) на телото и на духот; во каква светлина треба да живееме, во каква заемна љубов! (2. Кор. 7, 1). *** Божјата намера за тебе човеку, за твојот духовен и телесен живот, секогаш е неизменлива и неодречива; истото се однесува и на целта со која е создадено твоето битие, со душа и со тело. Секогаш имај на ум заради што ти се дадени разумот, срцето, волјата, памтењето, способноста за претставување и замислување на оддалечени предмети и лица, мориња, езера, реки, долини, градови и слично: имај на ум со каква намера Создателот ти ги дал сетилата за вид, слух, вкус, мирис и допир, зошто ти подарил очи, уста, јазик, раце, нозе, детеродни делови, од кои им се дарува разумен живот на битија слични на тебе; сети се на функцијата на сите надворешни и внатрешни органи на човечкото тело, премудро создадени, целисходно, без осквернување, во чистота и добрина, и користи ги сите свои способности, сите органи и телесни сетила во слава на Бога, мудро, целисходно, со мерка, во погодно време, чисто, не понижувајќи се,

не надразнувајќи ги неумерено, противзаконско, спротивно од намерата и волјата на својот Создател, и за разумното устројство на својот земен живот ќе стекнеш долговечно живеење и добро на земјата, а на небото вечно блаженство. *** Човечката душа е создадена според образ и подобие Божјо, со најголема чест и достоинство; некогаш ѝ беа вродени светоста и светлината, праведноста, едноставноста, благоста, молитвата, пламената љубов кон Бога. Самиот Бог пребиваше во првите луѓе сè до нивниот срамен и погубен пад, а Светиот Дух им беше украс, просветлување и утеха. Со гревовниот пад, душата во целост се измени, станувајќи грешна, мрачна, лукава, самољубива наместо богољубива, наклонета кон угодување на телото, горда, зла, исполнета со завист, непослушна, лишена од љубов, користољубива, подготвена за блуд; меѓутоа, бидејќи беше прелестена и искрадена од паднатиот човекоубиец ѓаволот, оставена ѝ е можност за покајание,така што секогаш може во светлина да се подигне по својот пад, благодарејќи на Божјата благодат и милост. ***

„Дом нa трудољубие“ кој го основал св. Јован Кронштатски, во 1897 г. Mомчиња кои завршиле основно училиште, но заради својата возраст не можеле да бидат примени во фабриките, во тој дом бесплатно биле обучувани во чевларски, столарски и браварски занает.

14 • • • TROI^NIK • • •


Браќа и сестри покајници! Би сакал да го свртам вашето внимание на природата и на својствата на нашата душа. Човечката душа е бесмртен дух, создаден од Бога според Негов образ и подобие, а Бог е бесконечна правда и вистина, и убавина неискажлива. И човечката душа треба да биде секогаш во праведност и вистина, а не во лицемерие и притворност; треба да биде во убавина, како што е прекрасен и Бог, Кој секоја твар ја создал премудро и прекрасно. Но, таа сосема го загубила својот лик, осквернувајќи се со гревот и приклонувајќи се кон смртта – кон оваа привремената и кон онаа вечната; таа би можела, и навистина може да остане таква во бесконечни векови, ако не се смилуваше Господ на нас, нашиот Создател, ако не нè спасеше со Своето страдание и со смртта, ако не ја востановеше на земјата Својата Света Црква заради наше просветување, очистување и спасение, подарувајќи ѝ пастири, спасоносни Свети тајни, богослужби и благодатни средства кои водат кон спасение. Ние сме органи на Црквата, ние сме словесни овци на тоа свето и избрано стадо, и должни сме да живееме сообразно на својот висок призив. *** Убавината на човековата душа ја сочинуваат искрената и вистинска вера, молитвата, кротоста, смирението, незлобивоста, покорноста, послушанието, благоста, нелицемерноста, едноставноста, воздржанието, чистотата, целомудреноста, трпението, доброволното служење на ближните во правда и вистина, љубовта и совршената, самопрегорна приклонетост кон Бога. Праведните души ќе заблескаат како сонце во царството Небесно со својата убавина. Читајте ги житијата на Светиите и ќе видите колку биле прекрасни душите на Божјите угодници. Душата ја обезличуваат и осквернуваат единствено гревовите и страстите: гордоста, превознесувањето, злобата, самољубието, самосожалувањето, гневот, раздразливоста, зависта, користољубието, приврзаноста за земното, славољубието, невоздржувањето, стомакоугодувањето, мрзливоста, лукавството, неискреноста, незаинтересираноста за Бога и за ближните, блудните желби и прељубата. *** Човечката душа е широка и длабока. Човечкото срце е подлабоко од сè на светот, и кој ќе го истражи? Тоа е како река, бистра или заматена, како длабоко езеро или устоена бара, каде што врват и демнат секакви ѕверови.

• • • TROI^NIK • • •

15

*** Сè што создадоа Твоите раце, Господи, е чисто, прекрасно, потребно, неосквернето, создадено за користење и дејствување според однапред осмислена намера на нашиот Создател, Устроител и Бог; ова особено се однесува на човечкото тело, на мажот и жената – тој чист Божји храм на чудесна убавина. Како што е напишано: „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ни е даден од Бога и дека не припаѓате само на себе?“ (1. Кор. 6, 19), и„не знаете ли дека сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“ (1. Кор. 3, 16). Зошто тогаш телото им станува на луѓето повод за соблазна и поттик на грев, особено телото на жената – таа прекрасна палата на душата устроена како некоја лабораторија, каде што со Божјата премудрост се зачнува и се создава навистина пречудесен, премудар и прекрасен организам на човечкото тело, палата на која сите ние ѝ го должиме животот и постоењето на нашиот (сопствен) телесен храм, во кој престојува бесмртната, раумна наша душа, должна вечно да Го слави Создателот, Кој ни дарува разумен живот и Кој ни го покажа Својот свет, небото и земјата и сè што ги исполнува, а на слава на Неговото Свето Име; палата, благодарение на која правиме толку корисно, неопходно и прекрасно во човековото општожитие! *** Непријателот, преку развратни луѓе наведува соблазни, што излегуваат од женското тело пред очите на сите, без никаков срам; женската голотија во секакви прелестни и бизарни облици се покажува на страниците на многу списанија. Денес искинав еден лист од часопис со претстава од ваква соблазнувачка голотија. Па зарем за соблазна Господ го создал толку прекрасно телото на жената? Не е ли тоа наша светиња и чесна пофалба? Не се ли работи тука за наше општочовечко слепило? Зарем не сме должни со трепет да стоиме пред делата на рацете Господови –пречистите дела на пречистите раце!Имаме ли ние воопшто почит кон себеси, кон својата сопствена личност? Зарем заборавивме на чии раце сме дело? И дека сме круна на создавањето, и тоа Чие, на Кој Создател? О, свети угодници и угоднички Божји, свети мажи и жени и девојки од сите векови и од сите племиња човечки, вие, кои својата природа чесно ја обдаривте со добродетелен живот, па заблескавте на земјата и на небесата со силна


и желба на себлагиот, премудар, пречист Уметник Господ Бог како добропотребни и свети, чисти и неосквернети, неопходни за живот на луѓето и на животните, за украсување и нивна убавина. Сè што создаде Господ е многу добро. Но, пред очите ми е сликата со преубави разголени жени во најсоблазителни пози. Не чудете се што зборувам за ова, бидејќи сликите, статуите, илустрациите во некои весници и списанија ме приморуваат на тоа. Страсната плот се разбранува и раздразнува од сладострастието, распалено со похотата. А духовната мудрост вели: зошто, безумнику, се возбудуваш? Смири се: прослави Го Создателот кога ќе ја видиш таа прекрасна убавина, таа прекрасна пластика на човечко тело. Зашто тука се појавуваат премудроста, добрината, убавината, величеството на Уметникот – Создател, Кој го создаде телото како свето, чисто, добропотребно, неосквернето, нетлено – не за соблазна, туку за чисто, праведно, чесно, свето служење и за слава на својот Создател.

Споменик на св. Јован во Кронштад

светлина и со светост на вашиот живот, посетете нè и разобличете ги денешните лекомислени, веќе здивеани од страсти мажи и жени, кои, опиени од своите соблазни и похоти, ја срамотат човечката природа! Откријте им го страшниот суд Божји за осквернувањето на неракотворните храмови на нивните тела, и сочувајте ги сè уште неразвратените луѓе од развратот кој се заканува, кој демнее од страниците на денешниот слободен и бесрамен печат! Виновна е средината – семејството, пријателите, општеството – во кое не е општоприфатено да се има и да се чита Словото Божјо; се прифаќа само читањето на световна, празна литература, како што и се разговара само на световни теми, бидејќи секој го дели со другиот она, со што е доволно богат. (св. Јован ова го повикува пред цел еден век, а што денес да кажеме за големата соблазна и разврат што се шири од ТВ екраните, интернетот, рекламните паноа и сл., заб. прев.). *** Сите членови на човечкото тело, како и органите на живите суштества се создадени со разум

Зашто телото на жената, моделот на уметникот, заради тебе е изнесено на виделина, о човеку, за според тој уметнички, премудар, прекрасен образец да се обликуваш и ти самиот, ти, кој се соблазнуваш, во суштина, од своето сопствено тело!Зашто во таквото тело, како во работилница на уметникот, ќе биде излиено или исткаено твоето сопствено тело, тело на маж или на жена. Штом си го реков ова самиот на себе, страста исчезна!Станав спокоен и повеќе никогаш не се соблазнував од голото женско тело, туку постојано Го фалев Господа, Кој создал сè премудро. *** Колку е тесна поврзаноста на човекот, на неговата физичка природа со целокупната видлива природа! Во зима преку телото ги претчувствуваме ветровите или мразовите, снеговите и виулиците, ведрите денови и непогоди. Пред да започне бура, или пред да заврне снег, нè болат забите, главата, или од време на време почувствуваме боцкање во грбот; а на пролет, лето или есен, лошо се чувствувамепред да заврне, или пред силен ветар, особено северен. Кога времето е мирно, ведро, се чувствуваме спокојно, убаво, лесно. Преку природата Господ и нè казнува и нè милува. Превод: Жаклина Трајчев

16 • • • TROI^NIK • • •


духовни поуки

ЧОВЕЧКОТО БИТИЕ - ХРАМ БОЖЈИ Од Светогорската ризница

К

ако што ни говори Светото Писмо, кога е направена Мојсеевата скинија и е востановено првото свештенство за богослужение, Господова волја било, заради прославување на Неговото име да испрати оган од небото за првото жртвопринесување, а кога Ковчегот на Заветот бил внесен во неа, светлоносен облак го обиколувал храмот и славата Божја го исполнила домот Божји. По разурнувањето на Соломоновиот храм, кога евреите се вратиле од Вавилонското ропство, подигнале друг храм во Ерусалим, кој не бил величенствен како првиот, но пророк Агеј претскажал дека ќе биде поголем бидејќи ќе биде посетен од Оној, кого го очекуваат сите народи - Христос Искупителот. Знаеме дека Христос го уважувал овој храм и дека сакал истиот да биде дом за молитва, а не собиралиште

• • • TROI^NIK • • •

17

на крадци. Кога во една пригода отишол во Ерусалимскиот храм, Он, како што ни кажува Св. Јован Богослов (Јов. 2,15) видел луѓе како продаваат волови, овци и гулаби. „И кога направи бич од врвци, ги истера од храмот сите, и овците и воловите; а на менувачите им ги растури парите и ги испреврти масите; па им рече на оние што продаваа гулаби: „Носете го ова одовде, и од домот на Мојот Отец немојте да правите дом за тргување!“ (Јован 2, 15-16). Кога евреите ја виделе Неговата ревност за Храмот Божји, од Него побарале знак, но Он им рекол: „Урнете го овој храм и за три дена ќе го подигнам“ (Јован 2, 19). Господ говорел за Своето тело како за храм, и ја имал на ум и смртта која Му претстоела и воскресението по три дена. А кога Христос воскреснал од мртвите, неговите ученици разбрале дека говорел за Своето тело како за храм.


„Но Севишниот не живее во ракотворни храмови“ (Дела 7,48), иако Соломон изградил велелепен храм. Христос престојува во душите на верните, како што сведочи апостолот: „Не знаете ли дека вие сте храм Божји, и Духот Божји живее во вас?“ (1 Кор. 3, 16), „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој живее во вас и ви е даден од Бога и дека не припаѓате сами на себеси?“ (1 Кор. 6, 19). А со каква Божествена слава ја украсил Господ Пречистата Дева Богородица? Во славословијата и прославувањата на Мајката Божја во стихирите ја нарекуваме „Храм на Божеството“, „Палата на славата“ и сл. Бидејќи и самата таа била најчист храм на Светиот Дух, кога имала само три години нејзините родители ја однеле во Ерусалимскиот храм, каде што се занимавала со молитва и ракоделие. Тука била удостоена да се храни со небесна храна која ѝ ја донесувал ангел. Во храмот Господов архангелот Гавриил на светата Дева ѝ ја открил тајната на спасението на светот: „Радувај се Благодатна!... Не бој се, Марија, зашто си нашла милост пред Бога; ...И ќе родиш син... И ќе се нарече Син на Севишниот“ (Лука 1, 28; 30; 31; 32). Таа, бидејќи послушна на Божјата милост му одговорила: „Еве ја слугинката Господова; нека биде според зборовите твои!“ (Лука 1, 38). Во тој миг таа го примила Светиот Дух од Бога. Небесната сила ја осенила и таа постанала пребивалиште на Бог Словото, повозвишена од Светињата на светиите.

кој бил осветен уште во утробата, бидејќи ја почуствувал благодатта, ја поздравил Светата Дева низ устата на својата мајка говорејќи: „И откаде со мене ова, при мене да дојде мајката на мојот Господ“ (Лука 1, 43). Благодатта на Светиот Дух ги осветила патријарсите и пророците кои ревнувале за Божјата слава и ги повикувале народите на покајание и побожност. Но, уште поголема благодат е покажана во Новиот Завет по Христовите крсни страдања, Неговото Воскресение, Вознесението на небото и слегувањето на Пресветиот Дух на Педесетница. Апостолите Христови постанале вдахновени садови на благодатта, храмови Божји, кои со Божјата сила биле во состојба да прават големи чуда и знаци:

Кога Пречистата Дева ја посетила својата роднина Елисавета, оваа, поздравувајќи ја, почнала да пророкува бидејќи се исполнила со Светиот Дух, па дури и бебето Јован, идниот Претеча и Крстител

18 • • • TROI^NIK • • •


мртви да воскреснуваат, демони да изгонуваат, да говорат на разни јазици, да ги знаат тајните на Царството Божјо. Исто како мноштвото ѕвезди што блескаат на небото, така засветиле и голем број на благодатни садови во црквата Христова, тие луѓе постанале храмови на Христа: маченици, монаси, светители, ерарси, праведници. Како храм Божји, човековата душа е божествена и бесмртна; таа е здив на Семоќниот Бог, соединета со телото заради испитување и воздигнување до сличност со божеството. Душата е во телото. Умот делува врз душата. Природата делува на телото. Сетило за вид е окото, а сетило за душата е умот. Според зборовите на светиот Григориј Богослов душата се состои од три дела, слично на Света Троица. Умот човечки е како Првиот, Предвечен ум; тој ја поседува суштината и дејствата (енергиите) и и се стреми кон познание на добрината на Света Троица, а тоа се умот, словото и духот. Душата е во светот, како родена, но умот е над светот, како нероден. Природата на човековата душа се разликува од ангелската со тоа што таа има животворен дух му кој дава живот на земното тело со кое е соединета. Душата е секадеприсутна во телото, исто како што е Бог во светот. Исто како што телото има повеќе делови кои заедно го сочинуваат човекот, така и душата има повеќе делови: ум, совест, волја, размислување кое осудува или оправдува; душата сама по себе е внатрешниот човек. Таа не смее да потпадне под влијание на неразумни нешта за да не се оскверни. Душата е слободна, самостојна, поседува разум, волја и чувства. На овој начин душата како умна суштина е најбожествена и преубава сличност на Животворната Троица и според зборовите на Св. Симеон Нов Богослов, таа е „подобра и повозвишена од целиот свет, а светот е космос, училиште за душата. Љубовта кон Царот Небесен ослободува од секаква земна љубов“. Чистата душа се нарекува храм, Царева ќерка, кралица. Светото Писмо ни сведочи дека душата и телото се дом Господов и сета слава на царската ќерка е внатре (Псал. 44,13). Но, потребен е голем напор за да се изгради дом на душата, палата, пребивалиште на Христа. Тоа нека ни биде единствен предмет на нашите желби - да поседуваме во душата ризница на светлина и живот, односно да го имаме Бога на ум, зашто смртта на душата доаѓа поради разделбата со

• • • TROI^NIK • • •

19

Бога, додека пак животот на душата е служењето на Бога во добродетели. Она што е храната за телото, тоа е молитвата за душата. Коњот нема разум, па затоа му ставаат узди и раководат со него. Исто така е и со нашето тело; душата која сака да Му служи на Бога мора да ги заузди своите природни желби. Ако сакате Христос да пребива во вас, не внесувајте зли мисли во душата. Светите Отци велат дека душата е поскапоцена и од вселената. Умот е јавач кој управува со колата на душата, издигајќи ги мислите и борејќи се против колите сатанаски. Бог и ангелите се сведоци на оваа битка. „Со трпение спасувајте си ги душите“ (Лука 21, 19). Премудриот Бог знае колку една душа треба да биде подложена на искушенија, за да биде подготвена за во царството Божјо. Добра умствена и духовна состојба можеме да добиеме кога душата и телото ќе му бидат покорни во сѐ на духот, а умот ќе Му биде покорен на Бога и на Неговата волја. Тоа е здравје за душата. Божјите заповеди се издадени против страстите, за да ја очистат душата и да ја доведат во првобитната состојба. Ако душата го љуби Бога, таа наоѓа одмор само во Него, не се плаши од смртта, исполнета е со радост, среќа и надеж во Бога, се доверува себеси во сѐ на Бога, така што во сѐ, и во големо и во мало, Му се обраќа Нему, на својот Творец, во молитва. Непрестајното сеќавање на Бога со љубов го осветува умот, сите наши мисли и сетила, не дозволува нешто нечисто да се всели во нашата душа. Ова е воскресение на душата пред Општото Воскресение. Според св. Григориј Богослов, кога во троедината душа и во нејзината функција на размислување престојуваат добрата волја, знаењето и мудроста; во намерите - смелоста и трпеливоста, а во желбите – љубовта, невиноста и истрајноста, тогаш душата непрестајно ќе размислува за зборовите Господови. Кога таа е во темнина и кога духовно ќе се разбуди, тогаш доаѓа мир, радост, будност. Срцето пламти и запалено е ден и ноќ; светот постанува како прав и пепел; дарот на солзите се чувствува во секое време и при секоја работа. Ова е знак дека сме го препловиле морето. Тогаш во душата се одржува убавината и праведноста како во првобитната човекова природа или како што ни зборува свети Антониј Велики: „умот постанува прозорлив, односно, душата е осветлена со Божјата светлина“. Но, за жал, нема многу христијани кои го достигнуваат ова знаење.


Кога се гради храм, Бог испраќа ангел да биде чувар на него и да го чува, сѐ до последниот ден. Сите верници, при нивното раѓање, со благодатта на водата и Духот во Светата тајна крштение, примаат осветување и секоја личност добива ангел чувар. А за да не дозволиме да нè напушти ангелотчувар, секоја индивидуа мора да биде храм Божји. Обожувањето (theosis) е целта на христијанскиот живот. Во своето послание до Коринтјаните светиот Павле пишува: „Ако некој го разори Божјиот храм, него Бог ќе го разори; зашто Божјиот храм е свет, а тоа сте вие.“ (1 Кор. 3, 17). Кога една личност постанува црква Божја? Тогаш кога Духот Божји Дух ќе го освети нејзиниот дух. Да земеме еден пример од книгата „Патот на поклоникот“. Како бил изграден храмот на неговата душа? Тој барал и многу се мачел додека Бог не му го открил - со помош на неговиот водич и Светите Отци – најсигурниот пат кон внатрешната светост. Тој сфатил дека воздржувањето од грубите гревови поради страв од мачење или заради очекување награда е – пат на наемникот, и дека овој вид на воздржување е сосема бескорисен. Бог сака да Му се доближиме по пат на љубов каква што е детската, со незаситна желба да се соединиме со Него во во своето срце и душа. За почеток треба да го уредиме нашиот живот да биде побожен, а тоа ќе го постигнеме со воздржаност во зборувањето, умереност во јадењето, пиењето и спиењето. Во исто време, мораме непрестајно да се грижиме да ја кажуваме Исусовата молитва. За да се молиме секаде: кога патуваме, кога работиме, на секое место и во секое време - потребно е само правилно молитвено расположение на душата. Пророкот Еремиј се молел во јамата, Даниил и трите момчиња во печката, Јов на ѓубриштето, Мојсеј на езерото, Јона во утробата на китот, разбојникот на крстот, а светиот ѓакон Стефан додека бил каменуван. Благодатта на Духот сите нè претворила во храмови Божји. Името на нашиот Господ Исус Христос, кога го повикуваме, слегува во длабочината на нашето срце и ги смирува нашите страсти. Вие и самите сте храм, не барајте место, туку повикувајте „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, и останете во оваа умносрдечна молитва и во сеќавањето на Бога. Кога умот ќе се соедини со Самиот Бог, тогаш постануваме храмови Божји преку непрестајната молитва. †

Непрестајната молитва и сеќавањето на

Бога се најплодните активности, најскапоцената традиција на Црквата, духовна ризница, наследство од апостолите и Светите Отци, кои тоа го примија и ни го оставија нам по наредба на Светиот Дух. Како што ангелите го гледаат Бога и не го оттргнуваат својот поглед од Него, така и ние, додека сме во своите тела, мораме умно да Го гледаме Бога - од моментот кога ќе се разбудиме, па се додека не заспиеме. Молитвата го води духот во областа Божја, и од духот и телото соучевствува во животот. Молитвата е над сите други занимања. Мораме да Му служиме на Бога во светост и праведност во храмот на олтарот на внатрешниот човек. Ова е умно дејство на внатрешниот човек, при што се стекнува вистинска скромност и познание на Бога, а во тоа е суштината на христијанскиот живот. Сите Свети Отци во Добротољубието ја нарекуваат Исусовата молитва најплодна, бидејќи со неа се прочистува срцето преку внатрешниот напор на каење. Чинот на каењето се состои од: 1. прочистување на мислите; 2. непрестајна молитва; 3. трпење на неволјите кои ги среќаваме. Во Исусовата молитва на прво место е борбата на душата, а не борбата на телото. Покајникот мора да биде истраен во својата борба и да Му се моли на Христос нашиот Бог за осветување на силата за да се исполнат заповедите. Молете се, за да може во вашиот ум да пребива Христос, бидејќи „затоа и се јави Синот Божји, за да ги урне делата ѓаволски“ (1 Јов. 3, 8). При молитвата не треба да размислуваме за помислите, туку треба да ги изгониме. Не треба да се бориме со нив, туку да се поклониме пред Бога, зашто тоа е знак на мудроста и знаењето. За време на богослужбата не му дозволувај на умот да талка, туку занимавај се со Исусовата молитва, со намера да се покаеш, призивајќи го Бога на помош, обрнувајќи внимание на своето срце, своите мисли и на зборовите на молитвата, со смиреност на духот. Тогаш ќе биде полесно да се обрне внимание на читањето и пеењето во храмот. Изговарај ја молитвата без брзање, слог по слог, за да може твојот ум да се задржи на зборовите и да го прими својот облик од нив. Секогаш моли се за простување на гревовите. Кога си сам молитвата е најчиста, но тогаш напаѓа очајанието. Учител на совршената молитва е самиот Господ и Он им ја дарува на оние кои се

20 • • • TROI^NIK • • •


молат. Ангелот Господов им открил на Отците дека најдобар начин на молитва е ако најпрвин се заблагодариме на Бога, па потоа да продолжиме со своите прозби. Повикувајќи го името Господово ќе добиете чистота на духот и телото и Светиот Дух ќе се всели во вас, како што сведочи св. Серафим Саровски:

• • • TROI^NIK • • •

21

„Он ќе ве насочи кон светлината, побожноста и чистотата“. Кога работиш или патуваш тивко говори „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот“, а доколку околу тебе има повеќе луѓе, во себе речи: „Господи помилуј“. Исусовата молитва, кога се изговара со усните


и јазикот се нарекува работа, бидејќи тоа е физичка активност. Тешко е да се кажува молитвата ако срцето е стврднато, студено, нечувствително или кога ќе се возбудат страстите. Немој да ја изговараш молитвата гласно, туку само колку да можеш ти да ја слушнеш, со стравопочит, без брзање, за да не ја изгубиш собраноста; ова ќе го задржи твоето внимание и ќе го насочи твојот ум во светот на молитвата. Епископот Игнатиј Брјанчанинов напишал: „Духот или логичната сила на умот, која е во горниот дел на срцето - таму треба да е твоето внимание“. Први плодови на молитвата се вниманието, покајанието или солзите: Солзите за време на молитвата се знак на Божјата милост. Тогаш нашите очи се отворени да ги согледаат нашите гревови, го чувствуваме Божјото присуство, јасно се сеќаваме на смртта и на стравот од судот и од осудата. Сите овие плодови на молитвата се проследени со солзи. Тогаш настапува чувство на спокојство, смиреност, љубов кон Бога и ближните, без разлика дали се добри или лоши, лесно се поднесуваат неволјите. Кога дарот на молитвата со солзи ќе биде засилен во нас по Божја милост, тогаш внатрешната борба ослабнува, мислите се смируваат и молитвата почнува да дејствува. Тогаш солзите од горки се претвораат во слатки и настапува чувство на духовна наслада и утеха која не може да се спореди со земните радости. Смиреноста на умот и чувството на скромност почнуват да се пројавуваат. Кога постои внимание на срцето и умот во срцето, умот не се одвојува од срцето, а срцето покажува наклонетост и почит кон зборовите од молитвата. Тогаш душата пее и се моли само во срцето. Сите Свети Отци се труделе да го чуваат срцето, и ова дејствување го нарекуваат мир, или внимание, или разумност, и тоа е противно на помислите. Ова е сиромаштво на духот, зашто во нивните срца немало врзаност за светот, ниту пак светско умување. На овој начин, Исусовата молитва најнапред делува само на умот, доведувајќи го во состојба на мир и внимание; потоа на срцето, откривајќи му го чувството на каење и тага; потоа на телото, доведувајќи го до отсуство на страстите.

Овој пат го оди оној кој го љуби Бога, доведувајќи го својот внатрешен, духовен храм во ред - од квантитет до квалитет, од гласна молитва до умна молитва, од умна молитва до молитва на срцето, од молитва на срцето до визија. Така, со помош на непрестајната молитва, тој во својот ум Му поставува олтар на Бога, каде што, насамо со Бога, во приватност, со својата служба достигнува таинствени визии на согледување на Невидливиот. Светите Сергеј Радоњешки, св. Серафим Саровски, св. Јоасаф Белгородски, светите Антониј и Теодосиј од Киево-Печерската лавра и други подвижници, ја задобиле благодатта на Светиот Дух преку непрестајната Исусова молитва и постанале храмови Божји, трпејќи многу бури и неволји. На истиот начин, и ние можеме да ги подражаваме во нашиот живот, да го покориме телото на духот, да бидеме трезвени, да се молиме, да правиме метании, да постиме, да се воздржуваме од сѐ, да се каеме, да бидеме жалосни и да плачеме поради нашите гревови. Целиот наш живот е борба за смирение и задобивање на благодатта на Светиот Дух, така што тука на земјата да се удостоиме за посинување, постанувајќи слични на нашиот Отец Небесен. А, за да бидеме такви човекот, уште додека е на земјата, мора да стапи во заедница со Бога. Во црквата сите сме заедничари со светиите и со целата небесна црква. Тука се молиме, тука се осветуваме преку Светите тајни. Господ сето тоа го подготвил за нас. Целата вселена е како некоја царска палата, и ние можеме да се молиме на секое место. Потребно е само да имаме чиста совест пред Бога, пред луѓето и сите созданија, за Бог да ја прими нашата молитва и така нашата душа да постане храм на Светиот Дух, за да можеме да станеме жители на Небесниот Ерусалим, кој блеска со славата Божја, каде што нема да има храмови, зашто Семоќниот Бог е негов храм и Јагне. (напишал: Светогорски старец) Превод: Ѓакон Димитар Арсовски

Кога целата душа се стреми кон Бога, и умот не се одвојува од Бога, од славење на Бога, тогаш благодатта и самоконтролата на оној кој врши напор го одведуваат во областа на чистата молитва, и тогаш душата е како на ангел.

22 • • • TROI^NIK • • •


современи свети ликови

АРХИЕПИСКОП АВЕРКИЈ ЏОРДАНВИЛСКИ (1906-1976)

А

рхиепископот Аверкиј е роден на 19 октомври 1906 година во градотКазан, како Александар Павлович Таушев. Работата на неговиот татко, благородник и висок државен службеник на царска Русија, била таква што често морал да го менува местото на живеење. Така, младиот Александар имал можност, од прва рака да го запознае срцето на Русија, нејзините манастири и светињи. Иако татковината ја напуштил како момче, сеќавањето на тие места не избледеале во него во текот на целиот негов живот. Уште од најраните години на детството, негова омилена книга му била Светото Евангелие, а омилен начин на поминување на времето му било прислужување во светиот олтар и читање на певницата. Вообичаениот световен живот не го привлекувал, душата на момчето барала нешто друго. Силно влијание врз него оставиле книгите „Што е духовен живот?“ на свети Теофан Затвореник, потоа „Невидливата борба“, „Пат кон спасение“, „Поуки на авва Доротеј“, „Лествица“ и др. За време на граѓанската војна, која започнала по Октомвриската револуција, семејството Таушев, со тешко срце ја напуштило Русија. Се населиле во Бугарија, во Варна, каде што Александар одел на училиште и каде што го запознал Архиепископот Теофан Полтавски (18731940), духовник, кој бил силно приврзан насветопреданиската православна еклисиологија, кој одлучно одбивал да им се потчини на модернистичките влијанија, кој од прост руски селанец израснал во главен исповедник на царот, а кому, пак, наставник му билтокму познатиот светител од нашето време – Епископот Теофан Затворник (+1894). По благослов

• • • TROI^NIK • • •

23

од аввата се запишува на Богословскиот факултет при Софискиот универзитет и го завршува со највисоки оценки, за потоа, во 1930 година, да замине во Карпато-Русија (во Чехословачка), каде


што во 1931 година го прима монашкиот потстриг, а наредната година бил ракоположен за свештеник и добива парохија. „Средбата со мојот незаборавен авва – зборувал владиката Аверкиј – преосвештениот Теофан, Архиепископот Полтавски и Переславски, во кого видов живо овоплотување на идеал за монах и светител, кои се зацврстија во мојот ум и во моето срце, конечно решисè: неповратно застанав на патот на монаштвото. Од послушание кон аввата, завршувајќи го курсот за богословски науки, на Карпатите, по негов благослов, го примив монашкиот потстриг“. Кога во 1940 година Унгарците го окупирале тоа подрачје, отец Аверкиј заминува во Белград, каде што служи со првоерархот на Руската Задгранична Црква, Митрополитот Анастасиј. Во Белград почнува да предава богословие. Во 1945 година, заедно со Епископскиот Синод преминува во Минхен, каде што продолжува да работи како професор по богословие. По доаѓањето во Америка, во 1951 година, бил повикан во новооснованата Светотроицка семинарија во Џорданвил да предава Нов Завет, Литургика и Омилитика. Наредната година станува ректор на семинаријата, за која ќе биде врзан до крајот на животот и во која ќе изведе на пат генерации православни свештеници. Во 1953 година, станува Епископ Сиракушки и Троицки. По смртта на Архиепископот Виталиј, станува и духовник на Светотроицкиот манастир. „Преку своите опомени и поуки, неминливи според своето значење, Архиепископот Аверкиј умееше, до нашето поколение да го пренесе духовниот плашт, кој го наследи од двајцата големи учители. Обичен човек не би можел да биде достоен за тој плашт, кој тој го прими, токму како некогаш Елисеј од Илија“ – вели отец Дамаскин во предговорот за една од книгите на Архиепископот Аверкиј и додава: „Оние, кои го познаваа Архиепископот Аверкиј додека беше настојател и ректор на Светотроицкиот манастир – семинарија во Џорданвил (Њујорк) се сеќаваат на неговата необична фигура. Беше висок, имаше густа бела брада и долга брановидна коса. Под зачудувачки густите веѓи во самата душата на човекот проникнуваа крупните очи. Беше наглув и затоа носеше слушен апарат: ваквиот недостаток му помагаше да си го чува умот од празни разговори. Неговото однесување претставуваше

овоплотување на спокојство и на духовно достоинство. Никогаш не беше брзоплет. Никој го немаше видено во лекомислено расположение. Господскиот и достоинствен став, кој често се обидуваат да го имитираат оние што сакаат да изгледаат духовно, кај владиката Аверкиј беше совршено природен – како израз на чистотата на неговата душа. Природноста и целовитоста навистина беа одлики на неговиот карактер. За некој да биде вистински носител на Православното Предание, како Архиепископот Аверкиј, пред сè треба да биде искрен човек. Чиста спротивност на ваквиот човек пак, претставува оној, кој постапува пресметливо. Самиот Архиепископ Аверкиј никогаш не водел сметка за тоа какво влијание можат да предизвикаат неговите зборови или дела, како ќе се одразат на неговиот углед, бидејќи навистина не му беше важно што мислат луѓето за него. Никому не ласкаше и никому не нанесуваше душевни рани, за да ја покаже силата на својата личност. Не се трудеше да остави впечаток кај другите. Таков е секој што живее чувствувајќи го присуството на Бога, и токму благодарение на тоа – останува смирен. Без разлика на тоа што Архиепископот Аверкиј имаше многу јасна претстава за тоа што управува со животот во светот, и што многу трезвено и реално се однесуваше кон своето окружување, беше упадливо оддалечен од сè земно. Кај него не можеше да се забележи никаква приврзаност за нешто од светот. Остана запаметен како оној, кој сочувствува во страдалништвото, кој, иако самиот беше како дете, кон сите се однесуваше како татко. Бидејќи за себе немаше високо мислење, беше искрено трогнат, дури и изненаден, кога некој ќе му укажеше дури и најмала почит. Тогаш потсетуваше на мало момче, израснато во сиромаштија, кое одеднаш добива прекрасен дар. Тој, Архиепископот, изгледаше како смирен сиромав. Архиепископот Аверкиј зборуваше толку убаво, што по смртта го нарекоа „Златоуст на последните времиња“ (отец Серафим Роуз). Дури и во секојдневните разговори неговиот збор беше беседнички испеглан и обликуван, иако тој околу тоа воопшто не се трудеше. Дарот на говорништво, заедно со пламената љубов кон Вистината, ги правеа неговите проповеди незаборавни. Покајничкото расположение често толку го

24 • • • TROI^NIK • • •


обземаше, што почнуваше да плаче среде проповед. Само оние најбесчуствителните слушатели се смееја над таквата емотивност, затоа што на сите им беше јасно дека тие солзи се сосема природни – тие излегуваа од добрата ризница на срцето (Лука 6, 45). Архиепископот Аверкиј беше вистински христијански пастир. Тој не говореше само: ,направи го тоа, не прави го тоа‘, туку на луѓето им даваше ,целовита слика‘ – сеопфатно православно сфаќање, така што луѓето можеа да разберат зошто треба да сторат нешто, а зошто да не прават друго. Во духовното пропаѓање на дваесеттиот век, тој го правеше она што неговото време го бараше од сите пастири. Ќе видиме дека тој во своите дела ги разоткрива сите видови на измами, дека ја проповедуваше Вистината и им ја откриваше на луѓето“. Во книгата „Not of this World – The life and Teaсhing of fr. Seraphim Rose“ („Не од овој свет – живототи учењето на отец Серафим Роуз“), отец Дамаскин Кристенсен вели дека, од сите современи автори што пишувале за Православието, најголемо влијание врз отец Серафим Роуз имал токму Архиепископот Аверкиј Џорданвилски. Од таа обемна книга, од поглавието посветено на Архиепископот Аверкиј под наслов „Пророкот на страдалното Православие“, ќе наведеме неколку спомени на отец Серафим Роуз за неговиот голем наставник: „Погледите на Архиепископот Аверкиј на овој свет се одликуваа со трезвеност, точност, беа проникнати од Светиот Дух и од Светото Предание. Тој ни откриваше дека современиот свет живее отстапувајќи од христијанството, додека тајната на беззаконието, само што не го породила човекот на гревот – Антихристот“. А во времето кога во Црквата се разбранува

• • • TROI^NIK • • •

25

една кампања против Архиепископот, заснована на неправедни обвинувања, отец Серафим пишуваше: „Веќе една година се подготвуваме еден број од списанието да го посветиме на Владиката Аверкиј, и еве токму погоден момент!Тие нека мислат што сакаат, но тој за нас е вистински православен архипастир и богослов без недостаток, кој не се занимава со интриги, иако самиот пострада од полтички интриги во Црквата“. Свети Јован Шангајски ги советувал отец Серафим и неговите собраќа, за одговори на сите богословски прашања што можат да се појават, да му се обратат на Владиката Аверкиј, за кого говорел дека со него „има целосно духовно единство“. „...Се сеќавам на Владиката Аверкиј, на отец Михаил Помазански, на целото тоа старо поколение, од кого речиси никој не остана – зборувал отец Серафим – и ми доаѓа да заплачам гледајќи ги овие зелени ,сезнајковци‘, кои не се во состојба да го сфатат најважното: Вистинското спознание доаѓа навистина само со страдањето. Но, има ли многу такви што тоа можат да го издржат?“ Еден ден по упокојувањето на Архиепископот Аверкиј (31 март/13 април 1976година) отец Серафим во летописот на Братството на Свети Герман Аљаски ја оставил следната забелешка: „Браќата ги известија за упокојувањето на нашиот духовен и богословски наставник, архиепископот Аверкиј Џорданвилски: сега останавме сирачиња. Настапува време кога сме препуштени сами на себе и којзнае ќе се најде ли некој способен да ја продолжи таа духовна линија...“ Два дена подоцна, отец Серафим вака зборувал за смртта на Владиката: „Тоа е голема и ненадоместлива загуба за сите нас. Слава Му на Бога, што уште за време на неговиот живот сфативме дека тој е ,жива алка која нѐ поврзува со Светите Отци‘. Таквите работи почнуваш да ги сфаќаш дури кога човекот повеќе не е овде“.


Скоро по упокојувањето на Владиката, отец Серафим за изданието на списанието „Православна Русија“ на руски јазик напишал статија под наслов “Златоуст на последните времиња: Значењето на Архиепископот Аверкиј за вселенското Православие“, оддолжувајќи му се на тој начин на големиот учител: „Архиепископот Аверкиј беше еден од последните горостаси на Православието, и тоа не само во рамките на Руската Задгранична Црква, ниту на руското Православие, туку на целото вселенско Православие во дваесеттиот век. Ние толку се навикнавме на неговите пламени зборови, насочени против отстапништвото на нашето време, што не ни забележавме дека тој беше речиси единствен ерарх од сите православни Цркви, на кој и да било јазик да пишуваа, кој со толкава смелост и искреност застануваше во заштита на Вистината на светото Православие...

Неколку месеци подоцна отец Серафим добил богооткриена потврда дека Архиепископот Аверкиј пребива на небото со Христа и со Неговите светии. На сон го видел Архипастирот во заслепувачко бело одејание, како служи небесна богослужба во чест на Воскресението на Русија. Отец Серафим утредента, во црквата скромно му раскажал на отец Герман за чудесниот сон. Отец Герман сфатил дека станува збор за вистинско видение на архиепископот Аверкиј. „Што би можело тоа да биде?“ – во недоумица бил отец Серафим. „Заборави ли кој ден е денес? – го потсетил отец Герман – споменот на светиот рамноапостолен Аверкиј, именденот на Владиката... Твојот сон не е обичен – има смисла“.

Навистина, исчезнаа преподобни во нашиов тажен век. Но, и ако повеќе не видиме помеѓу нас таква истрајност за вистината, сепак, неговото учење е засекогаш тука. И можеби тоа ќе стане наша ѕвезда патеводителка во сè помрачните денови кои доаѓаат, денови кои тој ги предвиде, кога Црквата ,ќе мора да избега во пустината‘, слична на онаа за која се зборува во Откровението. За оние, кои искрено копнеат да му останат верни на Православието, нема поверодостоен глас од ,златната уста‘ на Архиепископот Аверкиј“. Превод: Жаклина Трајчев

Така отец Серафим бил воведен во небесниот празник во кој пребивал Архиепископот Аверкиј.

26 • • • TROI^NIK • • •


Прашања и одговори за црковната побожност и грижата за душата Архиепископ Аверкиј Џорданвилски 1.Прашање: (Што означуваше Јовановото крштевање во реката Јордан?): Не еднаш во Евангелието наидуваме на тоа дека свети Јован Крстител, Господ Исус Христос и Неговите ученици го крштевале народот. Многу православни христијани сфаќаат дека со зборот „Крст“ (крштевање) се означува една од Светите Тајни на Црквата, за време на чие извршување човекот (дете или возрасен) се воведува во крилото на Црквата Христова. Затоа, одамна ми се наметнува прашањето: ако Крстот постанал најголема светиња и символ дури после крштевањето на свети Јован Крстител, па дури и после неговата земна смрт, што тогаш означуваше Јовановото крштевање во Јордан и во што била смислата на тоа крштевање? Одговор: Треба да знаеме дека зборовите „крстење“ и „крштевање“ се појавиле подоцна, дури во црковнословенскиот јазик, на кој било преведено Евангелието од грчки во IX век. Во грчкиот изворник е употребен зборот „баптизо“, која буквално значи „потопување во вода“. За да го пренесат овој збор на црковнословенски, преведувачите на Светото Писмо пронашле нов словенски збор „крштевање“. Покрај ваквото објаснување отпаѓа и самата Ваша недоумица. 2.Прашање: (Каква е разликата помеѓу Јовановото и Христовото крштевање?) Каква разлика може да се воочи помеѓу крштевањето Јованово и крштевањето Христово – и по формата и суштински? Одговор: Вие очигледно сакате да прашате во што е разликата помеѓу крштевањето Јованово и христијанското крштевање? Смислата на Јовановото крштевање, како на она кое имало подготвително значење, добро е објаснета во книгата Дела на Апостолите: „Јован крштеваше со покајно крштевање, велејќи му на народот да верува во Оној, Кој иде по него, односно во Исус Христос“ (Дела 19, 4). Целта на тоа крштевање беше да ги подготви луѓето за верата во „Оној Кој иде по него“, односно во Христа. Ова не било вистинско благодатно крштевање, туку само потопување во вода, како израз на тоа, дека оној кој се потопува

• • • TROI^NIK • • •

27

сака очистување од гревовите, како што водата очистува од телесната нечистотија. А христијанското крштевање е вистинско, благодатно очистување на грешникот од сите негови гревови – умирање за гревовниот живот и раѓање за нов, благодатен живот во Христа. 3.Прашање: Како во храмот треба да стојат мажите и жените, или семејствата со деца, односно дали постои црковно правило кое ги обврзува мажите во храмот да стојат од десната, а жените од левата страна? Одговор: Таков благочестив обичај отсекогаш постоел во Црквата Христова, а кој дури неодамна почна да се нарушува, пред сѐ, од страна на нецрковно настроената градска интелигенција. Мажите и жените во храмот секогаш стоеле одвоено. Нема никаква потреба мажот и жената да стојат заедно. Напротив, свети апостол Павле, поучувајќи ги мажот и жената, пишува: „Не забранувајте се еден на друг, освен по договор за некое време, за да постите и да Му се молите на Бога, па повторно состанете се“ (1. Кор. 7, 5). Со ова тој ја истакнува природноста на тоа, мажот и жената да се разделуваат еден од друг за време на молитвата. Ако во семејството има деца, малите деца секако треба да бидат со мајката, а кога се во прашање поголеми деца, момчињата треба да стојат со таткото, а девојчињата со мајката. Во древните христијански храмови се правени дури и посебни одделенија за жените, таканаречени „гинекеи“ кои биле оградени; жените стоеле и горе, на таканаречените „хорови“, кои во постарите времиња им биле наменети токму на жените, а не на певците, како што тоа денес се прави. Кога престанале да се прават посебни простории за жените, се појавил обичај по кој мажите во храмот стојат од десната страна, наспроти престолната икона на Христос Спасителот, а жените од лева страна, наспроти иконата на Мајката Божја, при што на средината на храмот останува слободен преминот кон Царските Двери. Овој обичај до денес се сочувал на многу места, особено во селските храмови, па така древното правило по кое жените


во храмовите стојат и се молат одвоено од мажите не е нарушувано. Неопходно е ревносно да се потрудиме околу обновувањето на тој многу разумен обичај таму каде што тој се нарушува. 4.Прашање: (Дали жените во црква треба да имаат марама на главата?): Постои ли црковно правило кое ги обврзува жените да носат марама на главата кога се наоѓаат во храмот? Одговор: За ова постои директна и недвосмислена заповед на светиот апостол Павле во неговото Прво послание до Коринтјаните (гл. 11, ст. 2-16). Апостол Павле тука јасно говори дека „секоја жена која Му се моли на Бога гологлава ја срамоти главата своја“ и објаснува поради што. Свети Јован Златоуст кон тоа додава дека покривањето на главата е знак на покорност и потчинување: тоа поттикнува на гледање надолу, на смирување и на чување на добродетелта. Тоа е знак на скромност и целомудреност, кои особено им доликуваат на жените христијанки. Многу е тажно тоа што денес не се почитува овој обичај на древната Црква, пропишан од страна на светиот апостол, и што сега жените на само што одат со непокриена глава, туку и се шишаат како мажи. 5.Прашање: (Зошто жените не треба да носат машка облека?): Зошто жените не треба да носат машка облека? Дали е за тоа доволна забраната на свети пророк Мојсеј, кој рече: „Жена не треба да носи машка облека, и маж не треба да се облекува во женска облека: секој, што го прави тоа, одвратен е пред Господа“ (5. Мој. 22, 5). Да не треба, можеби, оваа забрана да ја сметаме за застарена? Одговор: Оваа забрана има духовно значење, затоа никогаш не може да ја изгуби важноста. Своето значење во христијанството го изгубило само она од Старозаветниот Закон Божји, што се однесувало до чисто обредната страна и што било укинато на Апостолскиот собор во Ерусалим 51. година. Сиот пак духовен старозаветен закон Божји и понатаму ја чува својата сила и значење во христијанството. На жената и во Новиот Завет и е забрането лекомислено да презема на себе изглед на маж. Така, светиот апостол Павле во своето Прво послание до Коринтјаните укажува, дека за скромната и целомудрена жена-христијанка е недолично да се моли со непокриена глава и да ја шиша косата (гл. 11, 4-5). На секој пол му е својствено нешто негово – секој пол има свои

надворешни карактеристики, свој надворешен изглед и своја облека. Во христијанството се истакнува дека најдобар украс за жената претставува нејзината женственост, чистота и целомудреност. Светиот апостол Павле директно говори дека жените треба да одат облечени пристојно и да се украсуваат со срамежливост и чесност (1. Тим. 2, 9-10), додека светиот апостол Петар, обраќајќи им се на жените, говори: „Вашата убавина да биде не надворешна..., туку внатрешна, во срцето на сокриениот човек, во постојаност и тих дух, што е скапоцено пред Бога“ (1. Петар 3, 3-4). Дали е во согласност со сите овие поуки стремежот на многу современи жени да го преземат надворешниот изглед на мажот, искривувајќи ги на тој начин природните црти на својот пол и копирајќи ги мажите во манирите и однесувањето, како што тоа обично го прават современите жени кои сакаат да облекуваат машка облека? Треба да се биде потполно лишен од природното духовно чувство, па да не се сфати и да не се почувствува колку грозна и духовноодбивна глетка претставува жената која е истрижена како машко, облечена во машко одело, која пуши, и со грубоста и дрскоста на своите манири се стреми кон тоа да го подражава современиот овосветски маж. Зарем има некој, на кој не му е јасно дека оваа појава, „мрска“ не само во очите Божји, туку и во човечките очи, претставува болен пород на нашиот духовно нездрав век, резултат на газење на духовното чувство и отфрлање на сите природни закони, кои Самиот Бог му ги всадил на човекот? 6.Прашање: (Зошто Црквата не се противи на дочекот на Нова Година по новиот календар?): Штом ќе настапи месец декември по новиот календар, нашите руски весници веднаш почнуваат да ги најавуаат претстојните „дочеци на Нова Година“, кои ги организираат разните руски организации. Најавите на тие дочеци звучат многу привлечно: детално се набројува што сѐ таму ќе има, се ветува пријатна и весела атмосфера, а потоа на сите им се упатува повик да дојдат. Притоа, обично се заборава дека овие „дочеци“ паѓаат токму во време на Божиќниот пост, кога, по правилата на Црквата, сосема се недопустливи било какви веселби, танцови, музика, како и употреба на месна и воопшто на мрсна храна. Зошто нашите православни пастири не го подигнат својот глас против тие „дочеци“, зошто нашата Црква не протестира против нивното организирање? Одговор: Вашите размислувања за неумесноста

28 • • • TROI^NIK • • •


и недопустливоста на организирањето на такви веселби за време на Божиќниот пост се потполно правилни. Мило ни е што тоа го слушаме од Вас, и што можеме да се увериме дека има уште верни христијани кои размислуваат здраво, кои сѐ разбираат правилно и не сакаат да учествуваат во тоа страшно безумие на современото човештво, кое во поголемиот број случаи е желно само за „леб и игри“, и во животот е заинтересирано единствено за тоа да добие што повеќе задоволства за своето грешно тело, и да го помине времето во што поразновидни забави и разоноди. Сепак, не сте сосема во право кога нашата Руска Црква и нејзините пастири ги обвинувате за рамнодушност: чесните пастири, кои совесно ја вршат својата должност, почнувајќи од големиот пастир на нашето време приснопамјатниот отец Јован Кронштадски, секогаш го подигаа и продолжуваат да го подигнуваат својот глас против овие недолични „дочеци“ на Нова Година, како и воопшто проив прекумерното предавање на секакви веселби; нашиот Архиерејски Синод (на Руската Задгранична Црква) и нашата локална Епархијска власт тука во Источна Америка, исто така, не еднаш во своите посланија ја истакнуваа неумесноста и недопустливоста на организирањето на такви веселби во деновите на постот и во навечерието на неделните и празничните денови. Но, што да се прави ако современото човештво, по зборовите на отец Јован Кронштадски, „спие со гревовен сон“, па затоа останува бесчувствително и глуво за сите тие повици на Црквата?

• • • TROI^NIK • • •

29

Зашто, токму поради тоа и на нашата Татковина ѝ се случи таква страшна несреќа, а ние се расеавме насекаде по светот. Но, и сега, во странство, се продолжува со ист таков начин на живот, со претерување во потрагата по задоволства, забави и веселби, па уште и со разни лукави самооправдувања, како што се: „за добротворни цели“ и „заради ширење на руската култура“. Со тоа врз себе навлекуваме уште поголем и пострашен гнев Божји, кој секако ќе се излее на нашите глави, ако навреме не се вразумиме и не се покаеме, и ако не почнеме да живееме онака, како што им доликува на православните христијани. Еве колку силно за тоа говори и нѐ предупредува нашиот голем пастир отец Јован Кронштадски: „Светот се наоѓа во состојба на дремеж, на гревовен сон, спие. А Бог го буди со војни, помори, пожари, разорни бури, земјотреси, поплави, неродни години“ („Мојот живот во Христа“, прв том). Мислам дека сега веќе на секому му е јасно – во врска во комунистичката агресија која му се заканува на целиот свет и со страшните пронајдоци со исклучително разорна моќ – дека целиот свет се наоѓа буквално на работ на пропаста и дека само Единиот Господ и нашата предаденост на светата вера и Црква можат да нѐ спасат. А нашите Руси, дури и оние кои себеси уште се сметаат за православни, забораваат на сето тоа и постојано се предаваат на незауздани и неумерени веселби, дури и во оние денови и часови, кога тоа со правилата на нашата света Црква е апсолутно забрането. Зарем не е тоа, во вистинска смисла на зборот – „Банкет во време на чума“? Особено за нас, Русите – завиени во црно поради нашата несреќна Татковина која е облиена со солзи и крв, и распната на крст од страна на лутите безбожници – секое такво предавање на бурни и нескромни веселби и забави е сосема неумесно и едноставно не ни прилега. Денес со мирна душа може да се весели само оној, на кој нашата Татковина Русија ништо не му значи – оној кој е со тврдо срце и бесчувствителен за нејзините тешки четириесетгодишни страдања.


историја на црквата

540 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА ЦАРИГРАД

Р

ечиси илјада години пред времето кога цар Константин одлучил да создаде на исток христијанска престолнина, некој грчки колонист по име Визас отпловил од својот град Мегара преку Егејското море кон североисток. Тој поминал покрај Троја, па преку Дарданелите и го препловил Мраморното море. Тогаш стигнал до Босфор, теснец кој се простира 26 километри низ двоен ред од високи хриди - покриени со жбунови и кој најпосле се влева во Црното море. Легендата вели: Пред да ги рашири едрата, Визас го прашал делфијското пророчиште за совет каде да ја основа својата нова колонија. Пророчиштето по обичај одговорило нејасно: „Преку патот на слепите“. Дури кога Визас стасал до Босфор, ја сфатил смислата на тие зборови. На малоазискиот брег, наспроти триаголниот ридест полуостров со кој завршува европското копно, од поранешни грчки колонисти веќе бил основан градот Халкидон. Тие како да биле слепи за очигледната предност на местото на другиот брег, кое не било оддалечено ниту еден километар. Токму тука Визас го основал својот град, кој по него е наречен Византион и така се викал сè додека многу подоцна

цар Константин не го избрал за престолнина на своето царство. Тој подоцна го нарекол „Нов Рим“, но градот подоцна станал познат по името Константинопол, односно „Константинов град“. Визасовото име и понатаму ќе живее како модерен назив за епохалната цивилизација која започнала со Константин. Константиновиот град имал многу добра положба, можел лесно да се брани, а бил поволно сместен и за трговија. Доминирал над морскиот пат од север кон југ т.е. меѓу Русија и Средоземното море. По овој пат бродовите од јужните пристаништа на Русија и од подунавските области пренесувале жито, крзно, кавијар и сол, мед, восок, а во антиката и робови преку Црно море и Босфор. Од југ од богатите градини на Анадолија и од житниците на Египет пристигнувала храна за сè побројното жителство во градот на Босфорот. Цариград се наоѓал точно на она место кадешто по копнен пат од Мала Азија до Европа била најкратката врска преку море. Во Цариград од Индија, Цејлон и Кина пристигнувале слонова коска и амбра, порцелан и скапоцени камења, свила и дамаст, алој и балзам, цимет и ѓумбир,

30 • • • TROI^NIK • • •


шеќер и мускат, како и многу други зачини и лекови, за да се транспортираат понатаму или да останат тука. Западно од градот лежеле плодни долини, каде успевале жито и лозје, а водите на Босфор и на Мраморното море биле пребогати со риба. Природата на градот му подарила голема одбранбена моќ. Кон југ се простирало Мраморното море и точно на местото каде Босфор ги спојува двете мориња се наоѓа тесен засек на северниот брег на триаголниот полуостров. Тоа е Златниот рог, кој го добил името според својот облик и богатството кое светската трговија го трупала на нејзините брегови. Како што забележува византискиот писател Прокопиј во VI век, Златниот рог е „секогаш мирен, зашто од природата не е создаден за бури, така што на брановите им е поставена граница и ударите од морето остануваат далеку од градот на негово добро. А зима, кога дуваат остри ветрови на море и на морскиот пат (Босфор), бродовите можат да продолжат да пловат без кормилар и без опасност штом влезат во заливот. Целиот залив е долг околу 5 милји и сочинува едно единствено големо пристаниште...“ Кога Константин решил да го напушти Рим како престолнина, одлучил својата нова престолнина да ја направи нов Рим, по можност уште повелелепен од стариот. Како и Рим така и Цариград бил „град на седум ритчиња“ (оттука му доаѓа и честото име „седмоврв“) и исто како Рим бил поделен на 14 дистракти... Царските згради се подигнати според примерот на Рим. Константин во градот ги донел сите статуи и други уметнички дела од антиката до коишто можел да дојде... Но, по една важна особина Цариград не бил повторување на стариот Рим - тој тој треба да биде христијански град. Царот Константин ја почнал изградбата на црквата Света Софија (Премудроста Божја), а почнал и довршил многу други, вклучувајќи ја и црквата на Светите Апостоли, во која си направил за себе гроб и во која подоцна биле погребувани многу византиски цареви. Константин заповедал насекаде во новиот град да се постават христијански симболи; крстови и др. Благодарение на своите цркви и побожноста на своите жители, Цариград бил преплавен со христијански светињи, почнувајќи од светителски мошти до најразлични свештени предмети кои им припаѓале. Голем број од нив бил поврзан со Пресвета Богородица, која е сметана за посебна

• • • TROI^NIK • • •

31

заштитничка на градот. Не можело да се најде ниту еден јавен плоштад, ниту царско здание или поугледна гостилница или пак приватна куќа на некој достоинственик, каде што нема црква или параклис (капела) во слава на Мајката Божја. Во црквата на крајниот северозападен дел од градот, во квартот познат под името Влахерна, била чувана една од најскапоцените светињи - ризата на Пресвета Богородица, која била пренесена од Палестина во Цариград во V век. Во една друга Богородична црква се чувал нејзиниот појас, светиња преку која Пресветата ги дарувала луѓето со многу чуда. Во периодите на големи опасности, на пример за време на бројните опсади на градот, овие светињи и икони на Пресвета Богородица биле носени во литија по бедемите и тврдините и им помагале на бранителите да ги одбијат напаѓачите. За време на еден напад од паганските Руси, 860 година, кога градот изгубил секаква надеж, така е носена ризата на Богородица и Русите одеднаш се откажале. „Навистина“ - пишувал еден од очевидците, славниот цариградски патријарх Фотиј - „тоа е најсвештениот дел од облеката, ризата на Пресветата Богомајка! Таа ги опфати ѕидините и непријателите на необјаснив начин го свртеа грбот! Градот се облече во таа риза и непријателот го повлече својот воен табор како на некој знак. Градот се украси со ризата и непријателот беше лишен од надежта што го потсилуваше! Зашто, кога ризата на Богородица беше носена долж ѕидините, варварите веднаш ја оставија опсадата и го подигнаа таборот, а ние избегнавме заробеништво што ни се закануваше и доживеавме ненадејно избавување“. Светињите кои биле донесувани од сите краеви на христијанскиот свет во Престолнината, почивале во црквите и манастирите, во ковчези и златни и сребрени садови, украсени со скапоцени камења, повиени во свила: меѓу нив и платното кое го носел Господ Исус Христос како дете, ткаенината натопена со крв од Спасителот која го покривала Господ на крстот, копјето кое го проболо, трновиот венец на Спасителот и надгробниот камен, мошти од светите апостоли Лука, Андреј и Тимотеј - сопатникот на апостол Павле, како и главата на Јован Крстител. Сè започнало официјално на 11 мај 330 година, на денот на осветувањето на градот. Константиновата градителска страст не знаела за


граници. На островите на Мраморно море бил кршен мермер, а на брегот на Црно море се сечеле шумите, за да се прошири хиподромот кој стотина години порано го изградил римскиот император Септимиј Север. Меѓу градските зданија од тоа време се забележени: 2 театри, 8 јавни и 8153 приватни бањи, 52 хали на столбови, 5 житници, 8 аквадукти и цистерни, 14 цркви, 14 палати и 4288 куќи со големина заради која вредат да се спомнат. Како последица на порастот на населението, градот се ширел во подрачјето меѓу Златниот рог и Мраморното море. Во V век заради одбрана на тој проширен дел од градот, изграден е огромен троен бедем, со должина од околу 5 километри, чии остатоци можат и денес да се видат. На брегот на Мраморното море уште од порано биле подигнати ѕидини, а исто така и по должината на Златниот рог, така што градот навистина станал затворена тврдина. Императорот Теодосиј II во 425 година отворил универзитет во Цариград, кој со центрите како Антиохија, Александрија и Бејрут, дал особен придонес за процутот на науката и книжевноста во Византија. Најголема преобразба во надворешниот изглед на градот е извршена за време на царот Јустинијан, во VI век, со изградбата на неколку неспоредливи архитектонски достигнувања во византискиот свет. Потребата и поводот за големиот бран на изградба во 532 година биле нередите по пожарот, кој беснеел пет денови и кој половината од градот го претворил во прав и пепел. Многу од важните јавни зданија кои ги изградиле Константин и неговите наследници, меѓу нив и Света Софија, биле разорени. Јустинијан наредил најитно да се отстранат урнатините и опожарените остатоци од ограбените згради. Ги повикал најугледните архитекти кои можел да ги пронајде и почнал со речиси натчовечка сила да ги отстранува траговите од разорувањето. Јустинијан му дава на градот печат на неспоредлив царски раскош. Света Софија од темел ја обновил и спровел многу голема програма за изградба на јавните згради. Подоцнежните цареви, се разбира, дале понатамошни придонеси... Но, градот со своите главни црти останал онаков каков што Јустинијан го оставил, сè до освојувањето од Турците во 1453 година. Дека градот изгледал како град од бајка знаеме

од кажувањата на патеписците и самите Византијци. „О, прекрасен ли град“, воскликнал Филше од Шартр во XI век, „колку е достоинствен, колку убав! Колку манастири во него, колку најскапоцени палати, велелепни улици и улички! Колку уметнички дела, ти е мило да ги гледаш. Би било губење на време да се набројува мноштвото на убавини: злато, сребро, облека и многу реликвии. Во пристаништето постојано пристигнуваат бродови, така што има сè што може да се посака“. Во тоа време Златниот рог бил пристаниште за бродовите од Далмација, барките од грчките острови, високите галии од Генова, Венеција и Амалфија, за лесните фелуки од Исток и големите „дромони“ на царската флота, опремени со топови, за да можат на непријателите во лице да им го фрлат мистериозниот „грчки оган“, тајното оружје на Византијците. Во самиот град имало неколку прометни улици и густ сплет на тесни улички. Низ многу не можело да помине ниту кола со нормална големина, па робата се пренесувала на камили, мазги или на грб. Улиците биле исполнети со звуци од уличните продавници, подвижните трговци кои оделе од куќа на куќа и продавале леб, зеленчук и свежа риба. Цариград немал многу добар станбен план. Куќите на богатите биле често опкружени со домови на луѓе од средната класа, па дури и со бедни живалишта на сиромашни. Сепак, богатите уживале

32 • • • TROI^NIK • • •


заразите знаеле брзо да се прошират и да земаат страшен данок. Главната улица водела од градските ѕидини, кои го затворале градот од западната копнена страна и водела скоро до капијата на царската палата и се викала „Меси“, што значи Средна улица. Со колонади од страните и со величествени плоштади, со статуи од цареви и царици, Царската улица се капела во сјај. По неа се одвивале воглавно сите позначајни царски поворки. Тука се наоѓале и многу раскошни дуќани, полни со производи на византиските луксузни занаети: свила, брокат, бакарни и златни предмети, кожа и стакло, скапоцени камења и садови за реликвии. На крајот на улицата, близу до царската палата, трговците со мириси имале свои тезги, така што, според еден тогашен извор, „слатките мириси знаеле да се дигаат и истовремено да го исполнат предворјето на царската палата“.

извесна одвоеност, зашто нивните куќи биле свртени кон улицата само со камен ѕид без прозори, а останатите простории биле отворени кон дворот. Дворовите секогаш имале бунар и биле богато постелени. Просториите на овие куќи ги одржувале голем број слуги и блескале со блесокот на украсен мебел, опкован со злато и слонова коска и на позлатените тавани и сали со украсени столбови. Граѓаните од средно-имотната класа живееле обично во двоспратни дрвени куќи со балкони, а сиромашните се стискале во просториите на приземјето или во тесните станови за сиромашни кои ги имало секаде по градот. Меѓутоа, дури и за сиромашните постоело задоволително снабдување со вода, што е една околност која во медитеранското поднебје заслужува особено внимание. Водата течела по аквадуктите од ридовите од околината на градот и се чувала во бројните отворени и покриени цистерни. Оттаму се спроведувала во бунарите на аглите на улиците и на јавните плоштади, кадешто секој можел слободно да ја користи. Отпадните води се спроведувале од куќите преку разгранетиот подземен систем на канализација во морето. Градот поседувал многу јавни бањи, а властите и Црквата овозможувале лекарска нега и болничко лекување за сите кои немале пари за тоа. И покрај тоа,

• • • TROI^NIK • • •

33

Во таа улица се стекнувала и најдобра претстава за разновидноста на градското население, кое во времето на Јустинијан било околу 600.000 луѓе. Населението претставувало космополитска мешавина. Имало тука Кападокијци и Фригијци, Бугари со кратко потстрижана коса и Персијци со турбани, Евреи од Палестина и Сиријци од Дамаск, Илири, Ерменци и Готи. Во XI век само мал број на жители можел да се повика на чисто грчко или римско потекло. Главнината потекнувала од претопувањето на претставниците на многубројните народи кои биле собрани во Византиското царство. Граѓанин се сметал оној кој грчкиот јазик го употребувал како секојдневен јазик и припаѓал на Православната Црква. Како главен град на најголемото светско Царство, Цариград ги привлекувал и сите видови на посетители. Групи трговци, морнари, дипломати и патници доаѓале од Англија, Шпанија и Галија, од Скандинавија и Русија, од Персија и Африка. Тие посетители во својата егзотична облека - наметки со живи бои, крзна, чудни фризури и со друг јазик, на улица се мешале со едноставно облечените Византијци и привлекувале внимание. Животот на градот циркулирал околу три големи комплекси од згради: околу хиподромот, царската палата и црквата Света Софија, кои лежеле во центарот на градот и на јужните источни падини од ридот на кој лежел градот.


На блесокот на хиподромот и оној уште поголемиот - на царската палата со раскошни градини и со пристаниште, во која во посебна соба покриена со порфира се раѓале царевите наречени Порфирогенити (Багренородни), т.е. „родени во прорфира“, се истакнувала величественоста на црквата „Света Софија“, изградена и осветена во 537 година. Ниту еден опис на нејзиниот блесок не е во состојба да пренесе повеќе отколку една оскудна претстава. Јустинијан не штедел богатство за да се создаде симфонијата од камен, светлина, боја и простор на овој храм. Прекрасниот брод на црквата го порабуваат низи од столбови од порфирa и серпентин, кои носат тесни сводови врз кои пак лежат високо поставените галерии. Над поголемите сводови раширени се полукуполите, а над нив се вознесува голема купола - куполата на куполите во византискиот свет. Гледана одоздола, таа изгледа како да лебдее без тежина, како „да не лежи врз масивниот мермерен ѕид, туку го надсводува просторот, спуштајќи се од небото“... Во единствениот впечаток од просторот

на Света Софија, светлината има значајна улога. Таа тече од венецот прозори на куполата, продира низ лунетите на полукуполите и го потопува главниот простор во блескава светлина. Ноќе, Византијците имале обичај оваа игра на светлината да ја продолжат со светилки и свеќи. На долгите ланци од кована бронза, на полиелеите, илјада светилки виселе од куполата и таванот и фрлале врз блескавите златни мозаици на ѕидовите и сводовите сјај кој во вид на јазици се лизгал по мазните површини на обоениот мермер и целиот храм го претворал во блескаво море од светлина. Оваа (30 метри долга и 55 метри висока) градба на Јустинијан со своите чудесни куполи ги надминувала сите европски цркви. Во текот на девет векови, како катедрална црква на Цариградските и Вселенските Патријарси, таа го претставувала срцето на православниот христијански свет. Во 1453 година, кога Турците по долга опсада го освоиле Цариград, ја претвориле во џамија. превод: ѓакон Емил Атанасов

34 • • • TROI^NIK • • •


семејство и воспитување

ПРАВОСЛАВЕН БРАК ЗА ПОЧЕТНИЦИ Свештеник Илија Шугајев

Гревови против семејството

Д

енес семејството се наоѓа во состојба на колапс. Се распаѓаат голем број семејства. За нас е важно да се знае дека распаѓањето на семејството се случува постепено. Прво се создаваaт многу пукнатини во сојузот меѓу мажите и жените, а потоа одеднаш доаѓа многу мало искушение и семејството се распаѓа. Меѓутоа, овој процес почнува многу порано пред да заврши во форма на развод. Овие пукнатини се гревови против семејството. Нив ги има многу и луѓето честопати воопшто не ги сметаат за гревови. Меѓутоа, потребно е секој од вас да знае каде и кога правиме грешни постапки кои постепено ги уништуваат нашите семејства. Ова човек треба да го знае за да се обиде да ги избегне таквите гревови или најмалку, да се обиде да ги поправи што е можно порано. Како што ги издвоивме трите етапи во развојот на односите меѓу мажите и жените (момче и девојка, маж и жена, татко и мајка) така и гревовите против семејството ќе ги анализираме на секоја етапа. Поради хронолошка прецизност, треба да воведам уште една етапа – периодот пред запознавањето. Ќе се претпостави дека гревовите кои го уништуваат идното семејство може да бидат направени и пред запознавањето со идниот маж. Поделбата на гревовите по одредени етапи се разбира, до некаде е и условна. Таа е потребна само заради извесна систематизација на гревот и гревовите, кои условно се вброени во една фаза, дури можат да бидат присутни во било кој стадиум на семејните односи. Пред запознавање Овде ќе издвојам еден важен момент, кој што е врзан за барањето на прилика. Сега повеќе ќе зборувам за девојките, но не заради тоа што тие повеќе се склони кон правење грешки кои ќе ги анализираме, туку едноставно заради тоа што на нивниот пример овие грешки многу појасно се покажуваат. Да фрлиме еден поглед на современа девојка која повеќе или помалку внимава на својот

• • • TROI^NIK • • •

35

изглед и се труди да не заостане зад модата. Гледајќи ја современата мода, јас обично се згрозувам. Каков е православниот однос спрема облеката? Да ја погледнеме мојата облека. Облеката на свештеникот максимално го крие неговото тело. Воопшто, нормална цел на нормалната облека е таа да го скрие човековото тело. Јас на никого не сакам да го покажувам своето тело или својата облека и мојата облека сето тоа го крие. Жените во сите времиња (ако не биле проститутки) носеле облека која максимално го крие нивното тело, а кај многу народи и лицето. И навистина зошто (телото) да се покажува? Единствен кој може да го види телото на жената е нејзиниот сопруг, затоа што сопружниците прават единствена плот, единствено тело. За што зборува современата женска мода? Краткото здолниште на сите машки минувачи им го зборува од прилика следното: „Своите нозе ти ги покажав до половина, останатото ќе го добиеш подоцна, ако посакаш“. Тажно е тоа што девојката облекувајќи кратко здолниште, мисли дека на сите ќе им го покаже само тоа дека умее модерно да се облекува, а не ѝ паѓа на ум дека нејзината облека им пренесува потполно поинаква порака на сите машки од околината. Воопшто, облеката е секогаш некакво немо обраќање кон сите луѓе со кои се среќаваме. При среќавањето, обраќањето кое е шифрирано во облеката задолжително се чита: „Човекот се дочекува по облеката, а се испраќа по умот.“ Се појавува девојка во затегнати панталони. Читам: „Јас наводно го имам сокриено своето тело, но сепак можеш да претпоставиш какви се моите заносни облини...“ Продолжетокот на пораката веќе го знаеме: „Своите волшебства ти ги покажав до половина, останатото ќе го добиеш подоцна, ако посакаш’’. Ништо ново! Постојат и порасипани пораки. Такви се здолништата долги до петите, но со исто толку долг шлиц кој оди по целата должина на здолништето. Ја читам оваа порака: „Го имам скриено моето тело, но имам оставено отвор, можеш малку да ѕирнеш, ако се потрудиш и ако со својот


поглед ги ловиш сите мои движења при чекорењата. Останатото ќе можеш да го видиш подоцна, ако посакаш“. Заради што толку ги анализирам овие здолништа и панталони? За, вие мили девојки, со својота облека да не пишувате такви глупости. Ако напишете нешто такво, никогаш не ќе сретнете добар маж! Кое добро и достојно момче ’’ќе се улови“ на ваквите здолништа? Ако уште сега ги покажува своите нозе на секој мангуп, дали и по венчавањето ќе ги покажува на сите? Не, не ми е потребна таква жена! Подоцна од овие несреќни жени ќе се слушне: „Сите мажи се расипани! Потребно им е само едно! А кога, ќе го добијат своето - бегаат!“ Кутрите жени, не разбираат дека сите мажи не се расипани, туку дека тие самите со својот изглед ги привлекуваат само таквите, на кои им е потребно само тоа, а додека другите мажи ги заобиколуваат. Кога би биле во состојба со други очи да ги погледнете кратките здолништа и затегнатите панталони да ја замислиме следнава слика. На главната улица излегува девојка во пристојно долго здолниште. Одеднаш почнува полека да го подига своето здолниште. Еве, дојдено е до колена, и го има подигнато уште малку над нив... Што ќе помислите за неа? Кога ќе се појават голите колена

веќе секој нормален човек ќе помисли дека таа девојка е толку развратна што си дозволува самата на себе да си го подига здолништето насреде улица. Ќе истакнам дека современите здолништа се подигаат многу над колената. Нека покрај неа застане друга девојка во убави широки панталони, кои по кројот потсетува на здолниште. Одеднаш таа почнува да ги затегнува одзади своите панталони така што тие однапред цврсто го притегнуваат телото, а при тоа сите телесни облини лесно можат да се видат. Што ќе помислите за оваа девојка кога затегнувањето ќе се зголеми до таа мера што веќе ѝ се отцртува дури и долната облека? Во принцип, состојбата по ништо не се разликува од подигнатото здолниште. Сега следува прашањето: зошто подигањето на здолништето за вашите очи е развратно, а уредно потсеченото здолниште на иста должина – модерно? Не постои апсолутно никаква потреба човекот да го покажува своето тело. Убавото лице и убавата фигура нема да ја сокрие никаква облека! Широкото ленено здолниште и удобната блуза нема да ја сокрие фигурата, туку на надворешната убавина само ќе и додаде скромност и целомудреност. Добро и паметно момче како мене нема да се улови ни на оние војнички бои какви што нашите девојки честопати нанесуваат на лицето и на

36 • • • TROI^NIK • • •


косата. Ми се случи следниов случај. На крајот од Литургијата сите парохијани приоѓаат кон свештеникот за да го целиваат светиот крст во неговите раце. Покрај свештеникот поминуваат сите усни на сите луѓе кои се молат во храмот. Се разбира усните на православните парохијанки не се нацрвени. Приоѓа една парохијанка која во храмот доаѓа веќе многу години. „Е, од вас не сум очекувал дека ќе видам нацрвени усни“ - ѝ пререков. „Па, не се нацрвени“ - одговори таа, и подоцна веќе по службата, објаснува дека нејзината мајка уште од детството ѝ забранила да се црви, но не од религиозно убедување, туку затоа што била апсолутно убедена дека црвилото ги расипува усните. „Никогаш не сум се црвела“ продолжи оваа парохијанка - и навистина подоцна забележав дека, кога некоја другарка ќе почне да се црви, веќе по половина или цела година нивните усни постепено стануваат бледи и тогаш таа мора да се црви. Со своите очи се уверив дека, она за што мислев дека е црвен карамин е само обичен сјај на гроздова маст и е природна боја на усните. Во Русија кога се опишува убавица се зборува дека усните и се светло-црвени. Јас, повторно читајќи, самиот повторно се запрашав дали тие бледо-розови усни кои ги видов кај жената можам да ги наречам светло-црвени. Меѓутоа, сега разбрав дека порано навистина многумина имале такви, светло-црвени усни. Да сум на местото на момчињата, за себе никогаш не би избрал за жена црвено-нашминкана девојка. Девојките обично почнуваат да се шминкаат многу рано, од 13-14 години (а денес веројатно и порано), за да изгледаат како да имаат полни 18 години. Меѓутоа, не треба да заборавиме дека девојката од 15 години сака да изгледа како да има 20, од 20 ќе изгледа како да има 25-28, а од 25 години како да има 30-35. Усните, кожата на лицето и косата не можат а да не носат траги од употребата на козметика. Не би сакал да имам жена која со 30 години би изгледала како да има 40.

• • • TROI^NIK • • •

37

За тоа, колку козметиката делува погубно на изгледот, се уверив за време на моето школување во богословија. Наставата се одвиваше во ТроицаСергијевата Лавра. Ретко излегувавме надвор од овој древен манастир и од женски лица ги гледавме само лицата на девојките кои се школуваа во Диригентската и Иконописната школа. Тоа беа драги симпатични лица, кои никогаш немаа допрено карамин, пудра и сл. Патем речено навикнувајќи се на оваа природна женска убавина, со ужас и со одвратност ги гледав намачканите лица на жените надвор од манастирот. Имав чувство како некоја преубава слика од Леонардо да Винчи или Рафаело некој грубо да ја намачкал со карамин, пудра и боја за коса. Меѓутоа, би сакал да кажам уште некој збор за нешто друго. Впрочем, во тоа време станав потполно неспособен да погодам колку е возрасна жената, дури и ориентационо. Кога ги видов црковните девојки грешев во еден правец. На пример, ѝ давав на девојката 16-17 години, а таа веќе имаше 22 години. Со нецрковните жени беше обратно: на пример, им давав по 22-23 години, а тоа биле средношколки. Споредувајќи ги црковните и нецрковните жени можам точно да кажам дека црковните жени секогаш (ако се вернички од


детството) изгледаат по 5-10 години помлади. Машкиот организам (а, според тоа и надворешноста) побргу стареат заради пушењето и алхохолот, а женската надворешност заради козметиката. Еден млад парохијанин кој по професија е биолог, го раскажа следното. Птиците, на пример, меѓу многу други птици лесно ги препознаваат своите сродници – по бојата, по движењето, гласот – и почнуваат да се додворуваат и основаат брачни парови само со нив. Во исто време кај животните, мажите и жените можат да се разликуваат во голема мерка, така што човек не може веднаш да препознае дека мажот е од истиот вид како жената. Исто така, и човекот во толпата на жените ја бара онаа која со својата облека, според одликите на своите движења и разговори му дава сигнал за тоа дека му е сродна по духот. Кога овој парохијанин студирал на факултет, бил сведок на следното признание на една девојка. Таа се трудела нејзината облека да биде одраз на последната мода, заради што се облекувала во најмодерна и најекстравагантна облека. Сакала да биде модерна и да има успех кај момчињата. Момчињата честопати ѝ пристапувале. Меѓутоа, кога повторно ѝ пристапило момче за да се запознае со неа, таа не издржала. Во присуство на другарите од групата и излегле зборовите: „Но јас не сум таква! Зошто сите тие на мене гледаат како на проститутка?“ Не знам дали разбрала поради што

се случува тоа. Вие пак, запаметете дека, облечени во најмодерна облека и правејќи модерни фризури, преминувате од еден вид на луѓе (во биолошка смисла на овие зборови) во друг вид. Сега вас ќе ве гледаат само оние момчиња кои ве прифаќаат како свои. Затоа, младите луѓе, со своето однесување и надворешност и пред запознавањето го обележуваат својот круг на своите познанства. Девојки, не треба да се чудите ако на својот пат наидувате на момчиња кои подоцна не можат да станат верни мажи. Подобро би било да размислите како да го привлечете вниманието на чесните и верни момчиња. Јас би ве советувал да ги привлечете со скромноста во однесувањето, во облеката и во надворешноста. Можеби заради тоа момчињата нема да ви обрнуваат внимание и поретко ќе ви приоѓаат за да се запознаат со вас. А, зошто на жената ѝ е потребен успех? Зарем за тоа, за да има многу мажи? Не! Успехот на жената е во тоа што ќе најде еден единствен, кој ќе биде верен и доверлив. Потребен ви е само еден маж, а не многу од нив. превод: ѓакон Орце Захариев

38 • • • TROI^NIK • • •


искушенија на современоста

ЕКОЛОГИЈАТА НА ЕРАТА НА ВОДОЛИЈА Сергеј Чапнин

П

аганските мисионери во нашата земја напредуваа за многу кратко време. Тоа е сосема разбирливо. Малкумина се советски интелектуалци кои не оделе „на поклонение“ на Исток, кои не ги привлекла екстрасензориката (вонсетилна перцепција) или уфологијата. Во текот на 70-те и 80-те години самостојното окултно издаваштво ги разбранува умовите. Набрзо по „перестројката“, тоа се покажа како успешна отскочна даска за реконструкција на паганизмот и шаманизмот. Неопаганизмот денес на необичен начин се преплетува со национално-патриотското движење, астролозите и волшебниците нудат посебни услуги на „новите Руси“, додека во државните структури често се расправа за програмите за социјални реформи кои ги предложиле магистрите на „окултни науки“. Во Русија засега остана само едно непознато - како сето тоа да се нарече со едно име, а да остане и понатаму привлечно како и порано? Тоа име го увезовме од Америка - New Age или Нова Ера. Кон крајот на 90-те години тој збор во Русија звучеше многу привлечно. Поклониците на Новата Ера заблескаа на страниците на руските изданија. Либералните вредности сè потесно се спојуваа со идеите на религиозниот синкретизам. Околу тоа значително се потрудија и средствата за масовно информирање, срдечно проповедајќи „едноставно духовност“, како и многу анонимни кругови, а посебно теософското Друштво на Рерих. Нараснувајќи со државна подршка, теософскиот квасец стана хранлива подлога за новата ера. Русија говорела за религиозна ренесанса и за православна духовност, но притоа дишела со испарувања на окултизам, магија и „исцелителство“. Најдобро е доколку терминот „нова ера“ се сфати буквално. Визионерите и „пророците“ на нашите денови ја прогласуваат новата ера во која стапува космосот. Митскиот век на Водолијата -

• • • TROI^NIK • • •

39

тоа е астролошки ѕвезден век кој, според нивното мислење, ќе покаже силно влијание на целото човештво, а посебно на духовниот живот. Секој човек ќе добие посебни знаења и на човекот ќе му служат непознати тајни сили. Една од тие теории тврди дека последните 2200 години Земјата се наоѓа под влијание на Рибата. Тој зодијачки знак тие го поврзуваат со триумфот на христијанството, иако никој не може да понуди јасно објаснување зошто е тоа така. За поклониците на новата ера важно е нешто друго - во векот на Рибата езотериските знаења не се доволно ценети и окултизмот не добил соодветен развој. Настапувачкиот век на Водолијата е повикан да ја исправи „грешката“. Христијанството се прогласува за религија на минатото. По прашањето за конкретното време, пророците на „новата ера“ не можат да се согласат: едни велат дека таа веќе настапила, други пак дека треба штотуку да настапи. Тоа меѓутоа не е најважно: најважно е дека сите се согласни со Ширли Мек Лејн, која credo-то на „новата ера“ го изразила на следниот начин: „Хуманизам, братство и откривање на тајни сили“. Тоа ќе биде рај на земјата. Сосема е природно што на пророците на „новата ера“ им било откриено „евангелието“ на векот на Водолијата. При изучувањето на движењето „Новата ера“ може да се добие впечаток дека нивните сопствени религиозни гледишта се толку различни, што не може да се издвои нешто општо, што ги обединува. Познатиот истражувач на секти и култови, Волтер Мартин, се обидел да ги одреди карактеристичните црти на религиозноста на „новата ера“. Тој издвоил четири основни критериуми: 1. Отворено помагање на „новата ера“; 2. Отворено поддржување на карактеристичните верувања на „новата ера“, како што е монизмот („сè е едно“), пантеизмот („сè е Бог“), гностицизмот (духовното усовршување е невозможно без тајни знаења), карма и


реинкарнација, духовна еволуција, појава на учители (кои тврдат дека се еднакви на Христос) и др.; 3. Отворено користење на окултни постапки на „новата ера“ (медиумизам, астрологија, техники на „исцелување на душата“, нумерологија, магија, различни начини на достигнување на „алтернативни“ состојби на свеста (на пр.: медитација, мантрање, хипноза итн.), како и користење на кристали и пирамиди за парапсихолошки цели. 4. Користење на специфична терминологија на „новата ера“ (меѓузависност, древна мудрост - која била изгубена и која сега сите ја бараат, духовни учители, небесна хиерархија, нова свест, нов светски поредок, проширување на свеста, планетарни визии, паранормални појави, психички сили, посветувања, сценарии, трансперсонализација (непосредно одрекување од личноста, т.е. од христијанското откривање за личносниот Бог), Холистицизам (Martin, Walter, The New Age Cult. Mineapolis, Bethany House 1989, с. 109-110). „Новата ера“ е шаренолика мешавина од секти и религиозни групи. Тие, како по правило, не се занимаваат со создавање на име, туку често се задоволуваат со чисто практичното именување ние го практикуваме тоа и тоа. Иако парадоксално, како најуспешно одредување за целото мноштво на групи се појавува терминот „анонимни религии“, кое го предложил професорот Јоанес Огорд. Религија (од латински „religare“ - повторно да се

врзе) претставува воспоставување на прекинатата врска. Како да се воспостави таа прекината врска, доколку не се претпостави одговор на прашањето: „Со кого?“. Христијанството е непосредно противно на „новата ера“. Во евангелското проповедање сè е до крај конкретно: Синот Божји станува Син Човечки, се појавува во светот, проповеда за Царството небесно и поучува како тоа да се достигне. Анонимноста му е туѓа на Библиското откровение. Во „новата ера“ нема име и нема форма: таа е без-образна (т.е. без-лична) во црковнословенска смисла на зборот. За таа сила, безлична и многубројна, сведочи и Евангелието: А Исус го праша говорејќи: Како ти е името? А тој рече: Легион, зашто многу демони беа влегле во него. И го молеа да не им заповеда да одат во бездната (Лука 8, 30-31). * * * „Го чекам воскресението на мртвите и животот на идниот век.“ На тој начин во Никеоцариградскиот Символ на верата се исповеда верата на Црквата во животот на идниот век, во живот со Христа и во Христа. „Новата ера“ мимикрира (имитира), се прилагодува на есхатолошките очекувања на христијаните. На верата во Христос Спасителот непосредно или прикриено се спротиставува верата во самиот „нов век“ и исповедање на такво преобразување на човекот кое ќе се случи без Христос, со помош на некоја друга сила. Нема никакво значење кој ќе дојде и ќе изврши „спасение“ на светот. Тоа може да биде Буда Мартреја (будизам), „преподобен“ Мун (според корејската верзија), „Марија Дева“ (според украинската верзија), Шоко Асахара (според јапонската) или Висарион (според сибирската верзија). Личноста на „Спасителот“ за нив нема никакво значење. „Ако нашите лични желби и се задоволени во рајот, тоа е тогаш само поради се-надминувачкиот стремеж на сите индивидуи да ја достигнат и да ја поддржат совршената хармонија на природата и космосот“ (Hienberg, Richard. Memorise and visions of Paradise. Exploring the Universal Myth of a Lost Golden Age. The Aquarian Press, England, 1989, с.240). „Нова ера“ не означува едноставно временско растојание. Тоа е отворен повик на одрекување од христијанскиот „живот на новиот век“. Повик на одрекување, кое почнува со желбата „застареното“ христијанство да се дополни

40 • • • TROI^NIK • • •


со „ново откровение“. Можеби тие примитивни и дрски идеи можат да се оправдаат во Америка, кадешто крајно секуларизираниот протестантизам не е во состојба да ја сочува полнотата на божественото откровение. Поинаку е во Русија, но затоа е потребно Православието да се познава не само по слушање. Што може да биде ново после Новиот Завет? Полнотата на божественото откровение, кое на човештвото му е дадено во Христа, претпоставува полнота на времето и забрзано приближување кон крајот на историјата. Меѓутоа, самата историја уште не е завршена и настаните кои во светот се случуваат по доаѓањето на Синот Човечки опишани се во книгата на Апокалипсисот (Откровението). Нашето разбирање на таа книга е толку потполно, колку што повеќе увидуваме дека се исполнуваат пророштвата кои се запишани во неа. Она главното веќе се исполнило. Чеда, последен е час, опоменува свети апостол Јован Богослов (1 Јов. 2, 18). Во таа есхатолошка перспектива новината е илузорна, а претензијата на ново откровение е крајно сомнителна. Задача на христијанската заедница е да ја сочува чистотата на вероучењето. (1 Јов. 2,24). * * * Доколку сакаш да станеш пророк, не е доволно само да напишеш „ново евангелие“. Потребно е да те чујат, да собереш следбеници и да задобиеш власт. Приврзаниците на „New Age“ за таа цел пронашле разни патишта: во политиката преку идеите на „новиот светски поредок“, во екологијата преку утврдување на заемната поврзаност со Мајката-Земја, во нетрадиционалната медицина преку утврдување на холистичките принципи на лечење, а во „религијата“ - преку илузорни мечтаења во потрага по древната мудрост. Во пракса сето тоа се испреплетува на чуден начин, така што еколозите се стремат за власт, а оние кои трагаат по мудроста отвараат медицински центри. Пантеизмот не поставува јасна граница помеѓу боговите, луѓето и природата. Бидејќи е соединет со различни магијски практикувања, тој не само што не забранува, туку и поттикнува магијско општење (комуницирање) помеѓу човекот и природата. Во таа смисла и свеста на следбениците на „New Age“ е „еколошка“. Таа има доволно прилагодливост и е солидарна со радикалните барања на „зелените“ идеолози. Посебно е согласна

• • • TROI^NIK • • •

41

со И. Хубер, кој објавил дека денеска не е доволно само да му „се служи на Бога и другите виши сили, туку потребно е да се служи и на природата“ (Хубер, И. Друштво на виножитото: екологија и социјална политика. - Нови друштвени движења и социокултурни експерименти. Книга 1, М., 1989, с. 14). Еколошкото движење постепено, во целина застана на позицијата на „новата ера“. Тоа подеднакво се однесува и на американските, и на англиските и на руските изданија. Часописот „Природа и човек“ пред нашите очи се претвори од часопис за зачувување на природата во трибина на окултниот и пагански поглед на светот. „Нашите древни предци-пагани имале далеку поразвиена еколошка свест и мислење“, повикува А. Соловјов, соработник на Кировскиот етнографски музеј и предлага да се печати уште повеќе материјал врзан за „дохристијанската култура на старите Словени, за паганскиот поглед на светот, за чуствувањето на светот и за неговото забележување кај тие стари Маријаци, Удмурти и останатите народности“, а впрочем и кај Рерих (А. Соловјов. Да не се загуби лицето. Светлина (Природа и човек). 1996, бр. 1, с. 16). Од број во број на страниците на теософските списанија се разменуваат добиените „откровенија“, се утврдува ново учење „едно и единствено за сите“. Тоа учење мора да биде единствен извор за целото човештво на Петата раса (Суворов А. И., Чекор на патот кон видовитоста. - Светлина (Природа и човек), 1996, бр. 1, с.18). Формулирајќи ги начелата


на „ноосферното“ мислење, Ј. Горски и В. Лавшук на прво место поставуваат „формирање на единствена општосветска влада, чијшто највисок приоритет мора да биде... координација на животните активности на планетарниот социум“ (Горски Ј., Лавшук. В. СИДА болеста на планетата. - Светлина (Природа и човек), 1996, бр.2). Овие неопагани сериозно размислуваат за тоа како би требало да биде уреден светот и како би требало да изгледа власта! Како изразит пример на „апсорбирања“ на зелените се појавува еволуцијата на еколошката комуна во Фајндхорн (Шкотска). Таа се претвори во светски познат центар на „новата ера“, благодарејќи на магијските постапки поврзани со високите земјоделски технологии, кои овозможуваат да се добијат најголеми приноси. Дејвид Спенглер, кој порано бил еден од директорите на Фајндхорн, стана еден од најпознатите пророци на движењето. На следбениците на „New Age“ им се допадна тоа име. Поимот „екологија“

„Дојдете при мене сите изморени и обременети и Јас ќе ве успокојам; земете го Мојот јарем на себе и поучете се од Мене, бидејќи сум кроток и смирен по срце.“

42 • • • TROI^NIK • • •


денес зазема едно од клучните места во нивниот поглед на свет и има многу големо толкување. На пример теоријата на „длабинска екологија“ не ја објаснува само биолошката поврзаност туку и рамноправното мистично единство на сите живи организми. Самата планета Земја се сфаќа како живо и свето битие. „Новата ера“ ги разгледува еколошките проблеми првенствено од мистична точка на гледање. Следбениците на „New Age“ се убедени дека „мистичното“ ниво на постоење е највисоко во вселената. Достигнувањето на ова ниво станува главна задача на човештвото и во тоа се гледа клучот за решение на сите проблеми. Од една страна, со посредство на задобивање на „мистично“ чувство човечкото тело ќе биде ставено под контрола; од друга страна, со посредство на задобивање на „мистични“ знаења ќе се надмине непотполноста на човечкото мислење и ќе се задобие можност за ефикасно управување со материјалниот свет. Не е случајно што следбениците „New Age“ постојано ја разгледуваат темата на „новиот светски поредок“. „Еколошкиот мистицизам“ се прогласува за главна стратегија на преживување на човештвото. За негов основен елемент се смета обновеното практикување на древните мистерии. На тој начин следбениците на „New Age“ сакаат ја земат на себе одговорноста за создавање и за судбината на светот во оние случаеви кога Бог „ќе ја тргне таа одговорност од Себе“. Советот да постанеме како богови веќе можеше да се чуе во историјата на човештвото. Да, човекот е повикан да стане „бог по благодат“, повикан е на мистична заедница со Бога, но патот кон тоа не води преку воспоставување на „нов светски поредок“. Тоа е патот на духовно израснување преку зачувување на Божјите заповеди. Библиското кажување сведочи дека желбата да постанеме како богови со посредство на надворешно, механичко дејство, доведува до престапување на заповедите Божји и дека веќе доведе до најголемата трагедија во судбината на светот - до гревопадот на нашите прародители и прогонството од рајот. До страшни последици доведува и продирањето во светот на духовите - она што обично го нарекуваат „мистично спознание“ - до заблудување и поробување на човекот од страна на паднатите ангели - демони. Адам бил во потрага за нови знаења, но нарушувајќи ја заповедта Божја, спознал само

• • • TROI^NIK • • •

43

едно - својата голотија. Адам бил прогонет од рајот и заедно со него пострадала и целата земја - на проколнатата земја почнале да растат трња и троскот. (1 Мој. 3, 18). Така желбата да постанеме како богови довела до првата еколошка катастрофа во историјата на човештвото. Христијаните знаат дека нарушувањето на заповедите ни најмалку не води кон зачувување на светот. За тоа предупредува светиот апостол Павле, говорејќи за времињата кога „луѓето нема да го слушаат здравото учење, но, водени по своите похоти, ќе си изберат учители да им го залажат слухот; тие ќе го одвратат слухот свој од вистината и ќе се свртат кон бајки“ (2 Тим. 4, 3-4). * * * Вистинската вера бара од човекот одважност - тој е повикан по своето достоинство да располага со даровите на слободата и разумот. „Новата ера“, меѓутоа, не се стреми кон познание на Вистината, таа проповеда вулгарен плурализам. „Не ти се допаѓа? Направи го она што е токму спротивно!“. Философијата на супермаркетот води кон губење на духовната чуствителност. Непознавањето на историјата се одмаздува, непознавањето на духовните закони ја одзема слободата и разумот. Нова ера - тоа е легура од мистични, окултни и спиритуални групи, меѓу кои оние најстарите го обележале своето прво столетие, додека нови се појавуваат секој ден. „Новата ера“ раѓа древни култови и ереси, магијска и мистериска пракса. Сè она, што во светлината на евангелското откровение се урнало поради својата непотполност и застареност, сè она што Црквата го отфрлила утврдувајќи го своето вероучение – сега се враќа во нашиот свет. Се лаже оној, кој во „новата ера“ бара нешто ново. Враќањето на отфрлениот паганизам е опишан во Откровението со пророчка сила. Ќе дојде време кога засилениот паганизам ќе стапи во отворена борба со Црквата Христова. Тоа ќе биде последната борба во светската историја. Христијаните во неа ќе бидат победени, но не и Христос, Кој ќе дојде на облаците со сила и голема слава (Лука 21, 27). Ново небо и нова земја ќе настапат во оној час, кога Самиот Господ, со меч кој ќе излезе од Неговата уста, ќе ја уништи „новата ера“. Превод: Ѓакон Емил Атанасов


44 • • • TROI^NIK • • •


кривоверија

ПАСХА БЕЗ КРСТ ИЛИ УШТЕ ЕДНАШ ЗА ЕКУМЕНИЗМОТ Архимандрит Лазар (Абашидзе)

Д

енес, секој православен христијанин е должен еднозначно (и недвосмислено) да си одговори самиот себеси на прашањето: дали е на страната на екуменизмот или пак на страната на Православието. Неодредените и апстрактни размислувања за овој болен проблем, сѐ повеќе и повеќе задобиваат карактер на очигледна лага. Духот на екуменизмот, екуменистичкото движење се пројави со сета очигледност, дадени се сосема конкретни изјави, и за православните христијани веќе е недопустливо да се прават дека „уште ништо страшно не се случува“. Иако многумина световни луѓе, пастири, па дури и архипастири на нашата Црква и даваат изјави дека екуменизмот може да одигра позитивна улога ако се заземе одреден став кон него, - таквиот поглед е сосема лажен. Екуменизмот ќе остане уривачка сила за вистинската вера, каков и да било став да се заземе кон него. Тое е очигледно зло, и тоа зло префинето-подмукло, лукаво заводливо, кое ја убива спасоносната вера, зло, кое делува незабележително на нашата душа, но кое ги парализира најважните центри на духовниот живот на христијанинот. Ние тврдиме, втемелени на учењето на Светата Православна Црква, потпирајќи се на безбројните сведоштва на Светото Писмо и светоотечкото Предание, на правилата на Светите Апостоли, на Номоканонот на Црквата, на примерите од животот на Светите Отци на Православието, на преовладувачкото гледиште на современите монаси, ереи и световни лица на Црквата, а исто така, повикувајќи се и на светата крв на големиот собор на православни маченици како непорекливо сведоштво, – тврдиме дека секое религиозно општење (заедничарење) со еретиците, обидите за обединување со нив со премолчување и прикривање во поглед на разликите, догматските непомирливости (неспојувања) на Православното учење со учењата на било какви еретици и иноверни и сродни појави, дволичното, лицемерно однесување, кое ги учи православните луѓе да го сокриваат најважниот темел на својата вера,

• • • TROI^NIK • • •

45

суштината на севкупниот нивен духовен живот – дека Вистината е само во Православието и никаде на друго место, – сето ова е предавство на Христа, отстапување од Вистинскиот Бог! Ние, православните христијани, непоколебливо веруваме и не се сомневаме во тоа дека Вистината е само во Православието, веруваме дека само православниот христијанин, чиј што живот е во сѐ согласен со учењето на Православната Црква, кој се причестува со Светите Тајни, кои ги чува нашата Црква, кој е напојуван со нивната благодат, кој стекнува дух на покајание, се подвизува во духот на кротоста и смирението Христово, а не во духот на прелеста и гордоста и кој го следи учењето на Светите Отци, може да се спаси, да го наследи Царството Небесно и да ја постигне главната цел на човековиот живот – обожувањето. Колку и да ни изгледаат добри, човечни,


пријатни и милосрдни иноверните, дури и ако имаме со нив најпријателски надворешни односи и врски, ние не треба да се колебаме кога е во прашање неточноста и еретичноста на нивното учење за Бога. Нас не треба да нѐ заведува нивната привидна добрина: секоја добрина е – поинаква. Ние честопати, поради своето духовно слепило, не сме во состојба да ги увидиме корените на надворешните постапки на човекот, од какви и длабини на духот тие да излегуваат, каква причина и какви побуди имаат во себе. На ова разликување може да нѐ научи само внимателното изучување со самиот живот на духовното наследство на нашите наставници – Светите Отци. Само тие, нивните боговдахновени дела нѐ учат да го разликуваме евангелското од прелестното човечко добро. Сам по себе, нашиот разум е слеп во тој поглед. Екуменизмот најчесто се обидува да пронајде нешто воопштувачко, нешто што ги обединува разните религии, култови, учења и сите можни текови на културната дејност на човештвото, користејќи лукави високоумни фрази, двосмислени изјави, мајсторски реплики. Се слушаат зборовите:

„љубов“, „мир во целиот свет“, „заемно разбирање“, „хуманост“; се слушаат паролите: „поделбата е рана на телото на Црквата“, „барајте Богозаповедано единство“, „повикот на обединување на сите верни е сега особено актуелен“, „се наоѓаме пред опасноста од нуклеарна катастрофа“, „молете се за тоа да се отстранат поделбите и да ни биде поблиска заемната, серазбирачка љубов“ и така натаму и слично на тоа. Честопати се наведуваат непотполни и неповрзани, погрешно протолкувани цитати од Светото Писмо, особено на зборовите Господови: „за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно“ (Јн. 17, 21) и други. Сето она „обединувачко“, ако го изнесуваат на виделина екуменистите, со восхитување и ликување се издигнува над главите на луѓето – како нова застава, како уште еден совладан степен на разделбата, како уште еден доказ за единството на сите вероучења. А сите разлики, поделби, кои е толку тешко да се сокријат, на сите начини се прекоруваат и нималку не се поднесуваат, се прогласуваат за плод (пород) на злото, фанатизмот,

46 • • • TROI^NIK • • •


духовното слепило, се бара на нив да не се обрнува внимание, на секој начин да се надвладеат – тие неугодни несогласувања. Најумешните бранители на екуменизмот дури уверуваат дека „ѕидовите на разделувањата помеѓу црквите нема да достигнат до самото небо, до Главата-Христос, и нема да се спуштат до самото срце на Црквата, до Светиот Дух“. Да, навистина: овие ѕидови нема да достигнат до Небото, а исто така нема да стигнат ниту до „срцето“ на Црквата. Тие навистина ја одвојуваат, како непремостлива преграда, вистинската Црква од лажните цркви, Небото од пеколот, Вистината од лагата, верните на Христа од отстапничкиот свет! Овие „ѕидови на разделување“ се догматските вистини на Православата Вера, чија цел е јасно да се разграничи патот на спасението од патиштата на пропаста (јасно е на кого може да му припаѓа идејата да ги збрише и уништи – на таткото на лагата, на човекоубиецот од почетокот, кој и сам не стои во вистината (Јн. 8, 44) и на сите начини се стреми во неа да ги поколеба и другите!). Секој

Пресек на архитектурата на храмот на Господовиот Гроб, Ерусалим.

• • • TROI^NIK • • •

47

кој ги искривува догмите на верата, не може да го пречекори прагот на Црквата, не може дури ни да го започне патот кон спасението. Овој „ѕид“ постанува за него преграда на патот кон Небото. Може да се отстрани само кога потполно ќе се прифати учењето на Православната Црква и точно ќе се следи духот на нејзиниот благодатен живот. Честопати следбениците на екуменизмот приговараат на обвиненијата изнесени против нив: „екуменизмот е нешто сосема друго, вие не разбирате што значи – ’екуменизам’. Ние немаме намера да им правиме било какви отстапки на еретиците во прашањата на верата, напротив, ние сакаме да ги привлечеме кон Православието. Ние немаме право да се затвораме во себе, да се спасуваме ние самите, кога целиот свет пропаѓа!“ Но, дали е тоа така? Ајде да разгледаме! Што нѐ одвојува од еретиците? Од што започна ова разделување? Во што е погубноста на нивното учење? Дали ние се одвоивме од нив, или тие самите се оддалечиле од Вистината, не поверувајќи на гласот на Црквата, кој соборно ги повикуваше


да не прават такво безумие, кој им ги разјаснуваше нивните заблуди, детално распознавајќи ја секоја точка на нивните погубни новотарии? Зарем не го презреа тие гласовниот повик на нашата Црква? Не се одделивме ние од нив, туку тиа самите се оддалечија од Вистината! А ако сакаме повторно да ги вратиме во прегратките на Православието, за што тогаш, пред сѐ, сме должни да разговараме со нив? Зар не за причината за разделувањето? Зарем не за истите оние несогласувања и разлики во прашањата на верата, за кои некогаш веќе имаше сличен разговор? Но, како е тоа можно, кога самиот „устав“ на екуменистичките собири забранува спорови за догмите на верата? Па и никогаш и никаде не се слушнало дека имало разговори за догмите кај екуменистите. Ако тие и ги проучуваат догматските прашања, тогаш е тоа само со една цел – да се најде начин некако да се заобиколат разликите во нивното разбирање. Така беше неодамна при обидот за повторно обединување со монофизитите, кога принципиелно различното толкување на догматa

за Божествената и човечка природа на Господ Исус Христос, екуменистите се обидеа да ја претстават како недоразбирање кое настанало поради „донекаде различните богословски терминологии“. А некој друг, навистина сериозен, неопходен разговор за догмите, не се слуша ниту на екуменистичките собири, ниту за време на посебните средби, ниту за време на заедничкото патување на конференциите, ниту на коктелите и банкетите за време на средбите и после собирите. Зошто?! Затоа што ние знаеме, ние веруваме дека нивното еретичко вероисповедување има погубен недостаток, дека нивната вера го искривува учењето за спасението, дека тие го изгубиле изворот на живот, дека патот на спасението исчезнал од нивниот видокруг, и дека тие стојат на лажниот пат, а ние молчиме? Весело пиеме кафе, шампањско, со љубезни лица водиме пријатен разговор за ова, за она, се честиме едни други со чоколадо и молчиме за најважното, за прашањето на животот и смртта? Или ние навистина повеќе не го сметаме ова прашање за прашање на животот и смртта? По сета прилика ќе ни одговорат дека е тоа своевидна „дипломатија“, дека надворешната (површна) дружељубивост може да ги привлече еретиците кон нас, а потоа веќе ќе им се открие длабочината на Православието. Нам ќе ни го наведуваат како пример светиот апостол Павле, кој „за Јудејците стана Јудеец, за да ги придобие Јудејците; за оние што се под Закон, стана како да е под Закон, за да ги придобие и тие под Законот; за оние што се без закон, стана како да е без закон, иако пред Бога не беше без закон, туку е под Законот на Христос, за да ги придобие и оние што се без закон. За слабите стана слаб, за да ги придобие слабите. За сите стана сѐ, та на каков и да било начин да спаси некои од нив“ (1 Кор. 9, 20-22). Ќе ни го спомнуваат преподобниот Макариј Египетски, кој со срдечно постапување го обратил незнабожечкиот жрец во вистинската вера. Ќе ни укажуваат и на зборовите на Самиот Господ: „Кој не е против вас, со вас е“ (Мк. 9, 40). Ќе се сетат и на советот на светиот Јован Златоуст за „мекиот“ („попустлив“) однос кон

48 • • • TROI^NIK • • •


еретиците со цел за нивно спасение, и многу, многу што ќе кажат заради свое оправдување. Но, тој ист апостол Павле говори: „Бегај од човек еретик, откако ќе го

посоветуваш еднаш или двапати, знаејќи дека таков човек се изопачил, греши и дека се осудил сам себеси“ (Тит 3, 10-11).

Апостолските правила категорички забрануваат да се молиме со еретици, да примаме од нив благослов, да празнуваме со нив, да примаме од нив празнични дарови. Може да се наведе неброено мноштво на светоотечки предупредувања, кои нѐ учат да се однесуваме крајно внимателно кон иноверните, на секој начин чувајќи се од отровот на нивната ерес. Но најважното недоразбирање е тука во следното: сите горе спомнати „начини“ на апостол Павле, снисходливоста на преподобниот Макариј, Господовите поуки да не го отфрламе оној кој не е против нас – сето тоа како да е мамка, која го привлекува човекот кој сѐ уште не ја знае вистината и го прави подоверлив и поотворен. Но притоа, несомнено, се подразбира, дека после сето тоа, нему ќе му биде темелно предадено вистинското учење – не само за пријатните и радосни страни на нашата вера, туку и учењето за Крстот, за самопожртвувањето, за распнувањето на своите страсти и похотите, за одрекувањето од својата волја, за строгото следење на целото учење на Црквата. Меѓутоа, екуменистите ги доведуваат

• • • TROI^NIK • • •

49

иноверните кои ги „уловиле“, кои како веќе сосема да се спријателиле со нив, и кои се добро расположени кон нив, ги доведуваат најпосле до дверите на Црквата, ги воведуваат внатре, ги приведуваат до олтарот, ги одведуваат во олтарот, и таму веќе се молат и разменуваат целив со нив, но само не започнуваат разговор за вистинитоста на нашата вера, за еретичноста, па според тоа и за погубноста на нивното вероучење! Запазен е и друг карактеристичен белег на екуменистите: кога некој од римокатолиците, протестантите, монофизитите или некоја друга заблудена душа, подигната одеднаш со Божји призив, по долготрајно трагање и страдање искрено ќе посака да премине во Православие, тогаш нашите „полни со љубов“ екуменисти се покажуваат, спротивно на сите очекувања, крајно рамнодушни кон овие овци кои им се обратиле за помош, кои се враќаат во родниот дом и кои заталкале во горите! Па зошто тогаш на лицата на овие пастири не се забележува ниту радост, ниту восхит, ниту некогашниот ентузијазам, туку напротив – некакво мрзоволие, нечувствителност, па дури и незадоволство! Се чини дека оној кој се обратил од ерес уште малку па и ќе слушне: „Па поради што таква жртва! Тоа воопшто не е така неопходно! Вратете се, вратете им се на своите, не ги разжалостувајте!... И навистина, како може тука да се радуваме, зашто на папите, кардиналите, пасторите, докторите нема да им се допаднат такви пребегнувања – на нивните овци во православниот двор! Уште може да се случи и да се налутат и да го кренат носот на нашите пастири, итрудот за „обединување на христијаните заради мир во светот“ ќе се усложни и ќе се одолговлече. Има ли смисла да се препираме поради една-две јадни овчички, кога генералната цел е – многу величенствена! Необично е, во најмала рака, што еве уште еден момент се игнорира. Ние, православните христијани, многу, многу се соблазнуваме кога за време на богослужението ќе видиме во своите храмови како заедно со нашите архиереи се молат и иноверните, кога ќе ги видиме еретиците како влегуваат во олтарот, кога дознаваме дека некој од православните свештеници причестил иноверен. Дотолку повеќе – кога гледаме како на екуменистичките собири нашите пастири и архипастири заемно разменуваат „животно искуство“, „миротворечко искуство“ и безмалку „духовно“ – со претставниците на сите религии во


светот, дури и со шаманите и жреците. Ние крајно се соблазнуваме, тагуваме, се лутиме, гледајќи ги многуте и многуте екуменистички исмејувања со светињите. Поради што екуменистите, толку срдечно расположени кон еретиците, ја игнорираат оваа жална, многу опасна во духовен поглед состојба на своите црковни чеда, за кои тие како пастири ќе бидат, пред сѐ, должни да одговараат пред Бога? А колку многу вистински православни луѓе, не наоѓајќи за себе компромисен излез од таквата непристојна состојба внатре во Црквата, нѐ напуштаат и престануваат да живеат црковно! Во Православието денес пристапуваат не малку одлучни луѓе, кои се стремат кон чистота на вероисповеданието, кои не поднесуваат лаги. Тие веќе доволно се нагледале лицемерие во светот и сега бараат чесност, искреност – меѓу православните. Тие никако не можат да го поврзат строгото учење на Црквата за догмите, правилата на Апостолите, Светите Отци и современото, толку дволично, толку лицемерно однесување на многу наши пастири и мирјани. Ние знаеме за поприличен број на случаи кога верните, соблазнувајќи се токму со екуменизмот, ја напуштија Црквата. Да, нив можеме да ги обвиниме за гордост, за „крутост“. Но, зошто екуменистите се подготвени толку внимателно

и со љубов да ја допуштаат, поднесуваат и прикриваат секоја непокорливост на еретиците, да покажуваат кон нив разновидна „еластичност“, секакво претворништво – сѐ до премолчување на основните поими на својата вера, а за оние кои сакаат строго да се придржуваат до православното учење, наоѓаат само презриво, навредливо исмејување, обвиненија за крутост во мислењето, за неразбирање на „елементарните работи“, за фанатизам, за заостанатост во однос на духот на времето и така натаму? Но, нека ни покажат екуменистите список на оние, кои тие со својата „гипка дипломатија“ ги довеле во Православие, а ние ќе им покажеме список на оние, кои, соблазнувајќи се од нивната лицемерна дејност, се оддалечиле од Црквата! А каква цел ги оправдува тие средства? Можеби таа цел е – обраќање на сите еретици во Православие! Но како? Ако нема разговор за догмите на верата, како тогаш тие ќе поверуваат дека Вистината е кај нас? А ако посакаме повторно да полемизираме за овие прашања, тогаш ќе мораме да се вратиме на полемиката која веќе беше – на Соборите! Светите Отци одамна ги разобличија сите изопачувања на верата од страна на еретиците, и ние веќе не можеме тоа да го направиме подобро од нив. Но, ете ти неволја! Екуменистите навистина

50 • • • TROI^NIK • • •


се тресат и од самото спомнување на Соборите. Тие попрво би сакале да свикаат нов собор – свој, за да ги преиспитаат сите одлуки на Соборите кои беа порано. Па дури и ако допуштиме поголем дел од иноверните, благодарејќи на самопожртвуваниот труд на нашите екуменисти, да реши да премине во Православната Црква, дали во таков случај ќе бидат израдувани овие последните? Тешко дека ќе бидат! Зашто обраќањето на голем број на иноверни во Православие, како што е забележано веќе порано, ќе предизвика скандал, ќе предизвика протест кај оној нивни дел, кој ќе остане верен на своето учење. И значи, повторно омраза, повторно поделби, расправии! А што е тогаш со „мирот во целиот свет“? Екуменистите се разликуваат по степенот на својата заведеност со идеите на екуменизмот: некои од нив не одречуваат дека „полнотата“ на Вистината е само во Православието, но допуштаат исто така и нејзино делумно постоење и во другите конфесии; други го сметаат Православието за повозвишено во морално-аскетска смисла, но никако не во смисла на давање предност на првенство на Православната Црква како чуварка на Благодатта Божја; некои други воопшто не ги признаваат разликите меѓу вероисповедите и се убедени дека вистината делумно е присутна во сите учења и дека затоа обединувањето на религиите може да доведе само до заемно обогатување. Што се однесува до „православните“ екуменисти, тие, безусловно, му даваат предност на Православието (иако има, колку и да е тоа чудно, и исклучоци во тој редослед), но сепак – во различна мерка. Едните би сакале во екуменизмот да најдат начин за решавање на светските проблеми, поврзани со постојаното непријателство помеѓу народите. Тие сметаат дека, во најмала рака, е потребно луѓето да се договорат да не бидат во непријателство врз основ на различните религиозни убедувања, туку напротив – да се обединат и зближат. Зашто сите религии учат на какво-такво, но сепак „добро“, и затоа треба да се направи обид да се заобиколат тие „незгодни“ незначителни догматски несогласувања и, премолчувајќи го сето она што разделува, а одбирајќи го сето она што е „подобро“, “помирувачко“, „обединувачко“, врз основ на тоа да се гради мир и љубов. Тие луѓе сметаат дека екуменизмот е појава од нерелигиозен карактер, дека неговите цели во поглед на религијата се надворешни. Но има и такви екуменисти кои се стремат токму кон решавање

• • • TROI^NIK • • •

51

на религиозните прашања. Тие во екуменизмот гледаат зачеток на „нова религија“, посовршена, универзална, попристапна и сепроникнувачка, која единствено и може да ги реши светските проблеми – не привидно, не само преку договор на зборови помеѓу луѓето од разни вероисповеди, туку преку нивно повторно внатрешно обединување, кога ќе биде пронајден еден главен поврзувачки центар, близок, разбирлив на секоја душа и посакуван од неа, а сето она што е „случајно внесено“, што разделува, што е второстепено, ќе биде мудро отфрлено. Тогаш, божем, луѓето ќе го проценат значењето на она „главното“ во нивниот живот, и ќе го најдат клучот за својата среќа. Тогаш тие ќе ја увидат наивноста и помалата вредност на својот фанатичен стремеж да ги задржат некаквите посебни, ограничени, безживотни религиозни сфаќања, обреди, закони, забрани, догми, кои како исушената чаура на свилената бубачка веќе не живеат, туку само ја покриваат со себе и го затскриваат животот на тоа прекрасно создание. Дојде време, велат, да излета на слобода таа прекрасна пеперутка со силни бои, жедна за живот! Треба да се живее, да се живее широко, сѐ и секого да примаме во радоста на нашиот живот! Нова ера! Време е да ја отфрлиме од себе овенатата лушпа на старите досадни сфаќања за Бога и човекот! Треба да се живее и да се љуби, да се сака и да се живее! Религијата треба на луѓето да им пружа мир, љубов, среќа, заедничарење и заемно разбирање, братство, радост, смеа и живот – и тоа тука, веќе сега! Смеа, а не солзи, не тага и страв, не препирки, крвопролевања, проклетства, забрани, закани, анатеми, шизми и слично на тоа. Има и такви екуменисти помеѓу „православните“, кои се многу скромни во своите надежи во однос на екуменизмот. За нив екуменизмот е само начин да излезат на светската арена, да застанат пред сето образувано човештво и да кажат нешто свое. Секако, од оваа универзална трибина сите го покажуваат своето „големо Јас“, поради што да се криеме, останувајќи настрана од толку важни случувања, настрана од религиозните луѓе, кои заеднички бараат решение за светските проблеми? Ние можеме на тој собир да произнесеме и нешто свое, за доброто и користа на страдалното човештво, можеме да внесеме свежа крв во миротворното движење... (продолжува во следниот број) Превод: Братството на Манастирот Св. Гаврил Лесновски


хеортологија

ПРАЗНИКОТ РОЖДЕСТВО ХРИСТОВО

Г

оспод наш Исус Христос, Спасителот на светот, се родил од Пресвета Дева Марија за време на царувањето на императорот Август (Октавиј) во градот Витлеем. Август заповедал да се направи сенароден попис во целата империја, во која тогаш спаѓала и Палестина. Евреите имале обичај народните пописи да ги водат по колена, племиња и родови. Секое колено и род имале свои определен град и прататковско место, заради што Преблагословената Дева и праведниот Јосиф, како потомци од Давидовиот род, морале да одат во Витлеем (градот на цар Давид), за да ги внесат и своите имиња во списокот на поданиците на императорот. Во Витлеем тие не нашле слободно место во градските гостилници. Во штала, среде сено и слама расфрлани за храна и подлога на животните, далеку од постојаното место за живеење, меѓу непознати луѓе, во студена зимска ноќ, во просторија која не само што била лишена од земно величие, туку немала ни вообичаена удобност — се родил Богочовекот, Спасителот на светот. „Чудно таинство гледам и преславно — со восхит пее Светата Црква: „Небо е — пештерата; а Престол Херувимски е — Девојката: јаслите — место на кое легна несместливиот Христос Бог“ (ирмос 9-та песна од канонот). Пресвета Дева го родила Богомладенецот безболно, сама, без помош од други, го повила и положила во јаслите (Лк. 2). Но, среде полноќната тишина, кога сето човештво било зафатено со длабок сон, веста за Раѓањето на Спасителот на светот ја слушнале пастирите кои биле на ноќно стражарање крај своето стадо. Пред нив застанал Господов Ангел и рекол: „Не плашете се: зашто, еве ви благовестувам голема радост што ќе биде за сите луѓе, зашто денес ви се роди Спасителот, кој е Христос Господ, во Давидовиот град.” Смирените пастири први се удостоиле да му се поклонат заради спасението на луѓето на оној што слезе со изглед на слуга. Освен со ангелското благовестие на витлеемските пастири,

Христовото Раѓање со чудесната ѕвезда им било возвестено на мудреците – ѕвездословци и – во лицето на источните мудреци – целиот пагански свет ги преклонил своите колена пред вистинскиот Спасител на светот – Богочовекот. Кога влегле во пештерата каде што бил Младенецот, мудреците му се поклониле, ги отвориле своите дарови што ги донеле за него: злато, ливан и смирна (Мт. 2, 11). Историја на установувањето на празникот Установувањето на празнувањето на Христовото Рождество датира од првите векови на христијанството. До IV век во источните и западните Цркви празникот Христово Рождество се празнувал на 6 јануари, а бил познат под името Богојавление и првично припаѓал во празнувањето на Крштението на Спасителот. Основната и првична цел на установувањето на празникот – е споменувањето и прославувавњето на настанот: Појавување во плот на Божјиот Син. Но, имало и друга причина и цел за установување на празникот. Малку порано отколку во Православната Црква, празнувањето на Крштението го вовеле за себе еретиците — гностици (евионити, докети, василидијани), бидејќи тие најголемо значење во животот на Спасителот му придавале на неговото Крштевање. А, ништо толку не ги соблазнувало христијаните во ереста (особено во гностицизмот), како богослужењето на гностиците, кое било со многу хармонични и убави песни. На тој гностички празник морало да му биде спротивставен свој, ист таков… И Православната Црква го установила свечениот празник Крштение Господово и го нарекла Богојавление, наметнувајќи ја мислата дека во тој ден Христос не станал првпат Бог, туку само се пројавил Себеси како Бог, застанувајќи како Еден од Троица, Божјиот Син во плот. За да се

52 • • • TROI^NIK • • •


• • • TROI^NIK • • •

53


уништат лажните мислења на гностиците во однос на Христовото Крштение, Црквата кон Крштението почнала да го присоединува и Рождеството Христово. Така, во IV век низ целиот Исток Крштението и Рождеството се празнувале во еден ден, на 6 јануари, под заедничко име: Богојавление. Првична основа за празнување на Христовото Рождество на 6 јануари (како и на Крштението) била, не историската соодветност на тој број со денот на раѓањето на Господ Исус Христос, (тој датум и во древноста точно не бил познат), туку таинственото разбирање на односот меѓу првиот и вториот Адам, меѓу виновникот за гревот и смртта и Началникот на животот и спасението. Вториот Адам — Христос, според мистичното созерцание на древната Црква, се родил и умрел во денот кога е створен и кога умрел првиот Адам — во шестиот ден, на кој е соодветен шестиот ден од првиот месец на годината. Празникот Рождество Христово првпат бил одвоен од Крштението во Римската Црква, во првата половина на IV век (при папата Јулиј). Со пренесувањето на празникот на 25 декември Црквата сакала да создаде противтежа на паганскиот култ кон Сонцето и да ги претпази верните да не учествуваат во него. Познато е дека кај Римјаните на 25 декември се празнувал паганскиот празник во чест на зимскиот солстициј, нарекуван ден (на раѓањето) на јавувањето на непобедливото сонце, кое зимата не успеала да го победи и кое од тоа време оди кон пролетта. Тој празник на «богот на сонцето» бил ден на разуздани веселби на народот, денови на забава за робовите, децата… Затоа тој ден бил најприкладен за споменување на настанот Рождество на Исус Христос, кој во Новиот Завет се нарекува: Сонце на Правдата, Светлина на светот, Спасение на луѓето, Победник на смртта.

Установувањето на празнувањето на Христовото Рождество на 25 декември имало и друга основа. Според мислењето на отците на Црквата од III-IV век (св. Иполит, Тертулијан, св. Joван Златоуст, св. Кирил Александриски, блажени Августин), 25-ти декември како датум историски е најблиску до точниот ден на самото раѓање на Господ Исус Христос. Од богослужбените песни посветени на Христовото Рождество, се претпоставува дека најстари се: првата стихира на «Господи воззвах», кондакот и икосот. Кондакот и икосот ги составил во VI век преподобен Роман Слаткопевец. Тој составил 24 икоси, од кои во современата служба се зачувани само првите два (кондак и икос). Тропарот и светилниот на празникот, исто така, се многу древни. Уште во VII-VIII век сe познати Минеи со служби на Рождеството во нивниот целосен облик. Во Х век имало служби на претпразништвото и попразништвото, а во XI-XII век Службата посветена на Христовото Рождество на Исток во нејзините изменливи делови добива таков изглед, каква што е современата служба. Составувачи на современата Служба на Христовото Рождество, воглавно се песнотворците од VI, VII, VIII и IX век: св. Роман Слаткопевец (кондак и икос), св. Андреј Критски (стихирите на: Хвалите), св. Герман, Патријарх Константинополски (неколку стихири на „Господи, воззвах“ и стихирите на литијата), св. Јован Дамаскин (неколку од стихирите на Вечерната, канонот), Козма Мајумски (канон) и други. превод од руски: протоѓакон Тони Петрушевски

Празнувањето на Христовото Рождество на 25 декември во Источната Црква било воведено подоцна отколку во Западната, имено; во втората половина на IV век. Првпат одделното празнување на Христовото Рождество било воведено во Константинополската Црква околу 377 година, со указ на императорот Аркадиј и благодарение на енергичноста на свети Јован Златоуст. Обичајот да се празнува Христовото Рождество на 25 декември се распространил од Константинопол низ целиот православен Исток.

54 • • • TROI^NIK • • •


боенка Свети Николај, Архиепископ Мирликијски, Чудотворец

• • • TROI^NIK • • •

55


Вечерна со Литија и Духовна Академија во Радовиш на Патронот и Заштитникот на Градот Св. маченик Спасо Радовишки На 20. 08. 2011 година, пета година по ред, на Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш - Св. мч. Спасо Радовишки, од страна на неуморното Здружение на Граѓани Св. Спасо Радовишки со изготвена посебна програма за одбележување, се отпочна со празнување на вечерна богослужба, во храмот Св. Троица во Радовиш, со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во солужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од радовишкото архиерејско намесништво. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одржа содржајна беседа. После Вечерната богослужба, Митрополитот г. Иларион, зедно со Преставниците од Советот на Општината Радовиш, Здружението на граѓани Св. Спасо Радовишки, свештенослужителите и многуројниот православен народ, со иконата на Светиот маченик Спасо Радовишки, изврши литија од храмот Св. Троица до параклисот посветен на Св. мч. Спасо Радовишки, кој се наоѓа на Градскиот Плоштад во Радовиш, каде и изврши молебен кон Св. мч. Спасо Радовишки и одржа пригодно слово. Истата вечер, во дворот на храмот Света Троица во Радовиш во присуство на многуброен православен народ, се одржа духовна академија. На духовната академија настап имаше Црковниот хор Свети Спасо Радовишки од Радовиш, црковниот хор под диригенство на свештеник од градот Петрич – Р. Бугарија, Архиепископскиот хор Хармосин при црквата Св. вмч Георгиј – Криви Дол во Скопје и хорот Св. Теофил Струмички од Струмица со пеење на духовно црковни песни помеѓу кои имаше цркони рецитали од житието на Светиот маченик Спасо Радовишки. На духовната академија свое обраќање имаше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион кој се заблагодари на сите кои од пред пет години помогнаа и официјално да се прогласи и слави Светиот маченик Спасо Радовишки како Патрон и Заштитник на Градот Радовиш, кои и сега напорно и неуморно се трудат овој празник торжествено да се прославува како и што прилега на Светител кој е роден токму во Радовиш. Во истата пригода Митрополитот г. Иларион на верничката Надка Котева и додели благодарница која секојдневно доброволно се грижи за параклисот посветен на Св. мч. Спасо Радовишки кој се наоѓа на Градскиот Плоштад во Радовиш. По ова на самиот Плоштад, кој го носи името на Овој Светител, беше организирана културно – уметничка програма за присутните верници.

Чествување на Светитот маченик Спасо Радовишки, Заштитник и Патрон на Радовиш На 21. 08. 2012 година на празникот на Светиот маченик Спасо Радовишки, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Брегалничката епархија, отслужи света архиерјска литургија, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. По ова Митрополитот Брегалнички г. Иларион го посети манастирот во изградба посветен на Св. вмч. Георгиј во с. Ораовица – Радовиш каде и оствари средба со Црковното Настојателство при манастирот и присуствуваше на заедничката празнична трпеза на љубовта по повод Патронот и Заштитникот на Градот Радовиш Св. мч. Спасо Радовишки.

56 • • • TROI^NIK • • •


епархиски настани уредува: протоѓакон Сашо Ристов

На Успение на Пресвета Богородица во Македонска Каменица На 28. 08. 2012 година – Успение на Пресвета Богородица – Голема Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица во М. Каменица, отсужи света архиерејска литургија. На крајот од светата литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа пригодна беседа, им го честита храмовиот празник и денот на сите рудари во М. Каменица и Р. Македонија и го благослови и пресече славскиот колач.По ова Митрополитот г. Иларион присуствуваше на Свечената седница во Општината на М. Каменица одржана во чест на тројниот празник т. е. храмовата слава, празникот на рударите и празникот на Градот при што свое обраќање имаше Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски. Истиот ден Митрополитот Брегалнички г. Иларион го освети Против Пожарниот дом во М. Каменица и одржа пригодна беседа. На чинот на светување на Против Пожарниот дом, Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски, го награди Митрополитот Брегалнички г. Иларион со плакета за духовната и моралната подршка од страна на Митрополитот кон Општина М. Каменица.

Молебен за почеток на нова учебна година во Кочани На 01. 09. 2012 година, во дворот на храмот Св. вмч. Георгиј во Кочани, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Кочани, а во присуство на голем број ученици, изврши молебен за почеток на новата учебна година и одржа пригодна беседа.

• • • TROI^NIK • • •

57


Литургија во манастирот на Пониква – Осоговски Планини На 02. 09. 2012 година, 34 – та Недела по Педесетница, Св. пророк Самуил, св. мч – ци Севир и Мемнон, во манастирот Св. Василиј Велики, кој се наоѓа на 1 640 м2 на Осоговските Планини во месноста Пониква, кој беше осветен пред три година, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, отслужи света архиерејска литургија, одржа пригодно слово, направи мал водосвет и го благослови и пресече празничниот леб. На светата литургија присуствуваше многуброен православен народ и ктиторите и градителите на овој свет манастир. За сите присутни беше организиран автобуски превоз и заедничка трпеза на љубовта.

Молебен за почеток на нова учебна година во Радовиш На 03. 09. 2012 година, во храмот Св. Троица во Радовиш, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од радовишкото архиерејско намесништво, а во присуство на голем број ученици, изврши молебен за почеток на новата учебна година и одржа пригодна беседа. На молебниот, со благослов на Митрополитот Брегалнички г. Иларион, а во организација на Здружението „Св. Спасо Радовишки“ од Радовиш на сите ученици им подарија по еден Детски Православен Молитвеник.

58 • • • TROI^NIK • • •


Средба на Митрополитот г. Иларион со Советниците на Општина Радовиш На 06. 09. 2012 година, Неговото Високопросвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион имаше благодарствен работен ручек со Советниците од сите политички партии при Советот на Општина Радовиш кои оваа година едногласно ја изгласаа одлуката за реконструкција на кровната конструкција на административната зграда при црквата „Св. пр. Илија“ во Радовиш. На благодарствениот ручек Митрополитот Брегалнички г. Иларион во знак на доброто дело на Советот на Општина Радовиш и на Советниците од Политичките партии им додели благодарници и им порача: да си ја чуваат Татковината Р. Македонија, да си ја сакаат Светата Македонска Православна Црква - ОА и да бидат постојана жртва за својот Македонски народ.

Литургија на Св. мч. Фануриј и ракополагање во свештенички чин во Штип На 09. 09. 2012 година, 14 – та Недела по Педестница, препод. Пимен Велики, св. мч. Фануриј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во Соборниот храм Св. Николај во Штип, отслужи света архиерејска литургија, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија. На светата литургија, Митрополитот г. Иларион, го ракоположи во свештенички чин ѓаконот Орце Захариев од Оризари – кочанско, произнесе пригодно слово и се помоли за успех на учениците, бидејќи во градот Штип, на празникот на Светиот маченик Фануриј, храмот најмногу е посетен од учениците заедно со своите родители. На крајот од светата литургија Митрополитот г. Иларион изврши помен за мајката на Светиот маченик Фануриј.

• • • TROI^NIK • • •

59


На Петковден во „Св. Петка“ во Штип и Свети Николе На 27. 10. 2012 година, Преподобна Параскева – Петковден, втора храмова слава од осветувањето на параклисот – крстилна во населбата Сењак 2 во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Игуменот на Лесновскиот манастир отец Дамаскин и свештеници од Штип, отслужи Света Архиерејска Литургија, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. Истиот ден, по претходна покана од Градоначалникот на Општина Свети Николе г. Роберт Георгиев, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Заменикот Министер на АРМ г. Емил Димитриевски, Пратеници во Собранието на РМ, Градоначалниците од Брегалничката епархија како и други Јавни и Опшествени личности, присуствуваше на свеченото пуштање на улицата „Ленинова“ и Градската Фонтана во Свети Николе и изврши помен на новоподигнатиот споменик на загинатиот борец за Татковината Р. Македонија во 2001 година на Александар Серафимов од Свети Николе.

60 • • • TROI^NIK • • •


Освет на нова црква и производство во архимандриски чин по повод 45 години од Автокефалноста на МПЦ – ОА во Брегалничката епархија По повод 45 годишниот Јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква на 04. 11. 2012 година, 22 – ра Недела по Педесетница, св. Аверкиј епископ Ераполски, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити на МПЦ – ОА, Митрополит Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, Митрополит Дебарско – кичевски г. Тимотеј, Митрополит Повардарски г. Агатангел, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион и Преосвештените Епископи, Епископ Велички г. Јосиф и Епископ Лешочки г. Јосиф, во сослужение на Архимандритите Нектариј и Никола, Игумените Дамаскин и Фотиј, свешеници и ѓакони од сите епархии на МПЦ – ОА, ја освети новоизградената црква посветена на Патронот и Заштитникот на Нашата МПЦ – ОА Светиот Климент Охридскиот Чудотворец во населбата Сењак во Штип, чиј што камен – темелник го има осветено и поставено како тогашен Митрополит Брегалнички г. г. Стефан. На малиот вход од Светата Архиерејска Литургија, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, го произведе во Архимандрит Неговото Високопреподобие Игуменот на Лесновската обител отец Дамаскин. Во преолнетата новоосветена црква содржајна пригодна беседа одража Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан.

• • • TROI^NIK • • •

61


„Свети великомаченик Димитриј Мироточив“ – Патрон и Заштитник на Општина Зрновци На 08. 11. 2012 година, Св. вмч. Димитриј Солунски – Митровден, по предлог на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, оваа година Градоначалникот на Општина Зрновци г. Блаже Станков и Советот на Општина Зрновци, Св. вмч. Димитриј Солунски го прогласија за Патрон и Заштитник на Општина Зрновци. Црквата посветена на Св. вмч. Димитриј Солунски во Зрновци внатрешно целосно беше реновирана и Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското архиерејско намесништво, ја преосвети и отслужи Света Архиерејска Литургија. На Светата Литургија Митрополитот г. Иларион одржа содржајна пригодна беседа и им се заблагодари на сите кои помогнаа во реновирањето и уредувањето на оваа древна православна црква и на Градоначалникот на Општина Зрновци г. Блаже Станкиов и г. Нојчо Данилов сопственик на фирмата „Дрво – Пром“ од Мородвис им додели благодарници. По светата литургија, со иконата на Св. вмч. Димитриј Солунски се изврши литија од храмот Св. вмч. Димитриј Солунски до Плоштадот во Зрновци, каде Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во присуство на Градоначалникот на Општина Зрновци г. Блаже Станков, Советниците од Општина Зрновци и многуброен православен народ, го благослови и пресече празничниот леб и одржа пригодна беседа заблагодарувајќи им на Градоначалникот и Советот на Општина Зрновци за донесената одлука за прогласувањето на Св. вмч. Димитриј Солунски за Патрон и Заштитник на Општината Зрновци.

Храмова слава на црквата во Виница На 21. 11. 2012 година, кога Православната црква го одбележува соборот на св. Архангел Михаил и св. Ангел Лерински, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија кои порано биле пароси во Виница, во црквата посветена на соборот на св. Архангел Михаил во Виница, отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија, Митрополитот г. Иларион, одржа пригодна беседа и го благослови и пресече празничниот леб. После Светата Литургија Митрополитот г. Иларион зедно со Градоначалникот на Општина Виница г. Емил Дончев во дворот на црквата засадија дрва по повод „Денот на Дрвото“. Истиот ден Митрополитот Брегалнички г. Иларион, по покана од Градоначалникот на Општина Кочани г. Ратко Димитровски, во Кочани во населбата Стришани го благослови и пресече празничниот леб и им го честита Празникот и посака во повеќето населби, односно двете нови цркви на кои има поставено камен темелник, што побргу се изградат и православнот народ од Кочани во близина имаат Божји дом за молитва.


Осветување на манастирска црква и камен-темелник на камбанарија во с. Ораовица - Радовиш, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејството На 24. 11. 2012 година, Св. вмч – ци Мино, Виктор и Викентиј, препод. Теодор Студит, Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Надлежниот епархиски Архиереј Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на Архимандритот Дамаскин и свештеници од МПЦ – ОА, по повод 45 години од возобновувањето на автокефалноста на Охридската Архиепископија како Македонска Православна Црква, ја освети новоизградената манастирска црква посветена на „Св. вмч. Георгиј“ во с. Ораовица – Радовиш, ктиторско дело на г. Николајчо Николов со неговото семејство. По чинот осветување, ктиторот г. Николајчо Николов на свечен начин ја предаде новоизградената манастирска црква на МПЦ – ОА односно Брегалничка Епархија. За оваа големо ктиторско дело, Брегалничката епархија, односно Митрополитот Брегалнички г. Иларион го одликуваше со златен орден со ликот на „Св. Николај Мирликијски Чудотворец“ кој орден му беше предаден од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан. По осветувањето Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, зедно со Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, отслужи Света Архиерејска Литургија и одржа содржајна пригодна беседа. Митрополитот Брегалнички г. Иларион му се заблагодари на Духовнот Татко на Нацијата Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на ктиторот г. Николајчо Николов и по предлог на ктиторот на личностите кои помогнале во изградбата им додели Благодарници. Ктиторот г. Николајчо Николов во знак на благодарност кон Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан и Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион им подари по една панагија со ликот на Пресвета Богородица. По ова во манастирскот комлекс Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Митрополитот Брегалнички г. Иларион и свештенослужителите, освети и постави камен – темелник за изградба на камбанарија чие што ктиторско дело ќе биде на г. Николајчо Николов со неговото семејство. На свечената манастирска трпеза на љубовта, за сите присутни верници, од Црковното Настојателство од с. Ораовица во знак на благодарност на ктиторот г. Николајчо Николов му беше подарено рачен часовник а на Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион мантија. Свеченоста продолжи со културно македонска програма во чест на осветувањето на овој прекрасен Православен Македонски Божји бисер.

• • • TROI^NIK • • •

63


На Пречиста ракополагање во ѓаконски чин во М. Каменица На 04. 12. 2012 година, Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Брегалничката епархија, во храмот посветен на „Успението на Пресвета Богородица“ во М. Каменица, отслужи Света Архиерејска Литургија. Пред Светата Литургија, Надлежниот Митрополит Брегалнички г. Иларион го произведе во ипоѓакон дипломираниот теолог чтец Даниел Стојчевски од М. Каменица, а на Светата Литургија го ракоположи во ѓаконски чин, по што одража пригодно слово и го причести многубројниот православен народ со Телото и Крвта Христови. На Светата Литургија меѓу многубројниот православен народ присуствуваше и Градоначалникот на Општина М. Каменица г. Дарко Митевски.

Вечерна на „Св. Климент Охридски“ во Штип На 07. 12. 2012 година, на Патронот и Заштитникот на Нашата Света МПЦ – ОА „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“, во ново осветената црква посветена на „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“ во н. Сењак во Штип, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од Штип, отслужи празнична вечерна богослужба. На вечерната богослужба на Литијните стихири се изнесе иконата на „Св. Климент Охридскиот Чудотворец“ и потоа Митрополитот Брегалнички г. Иларион го благослови и пресече празничниот леб, по што одража содржајна беседа.

64 • • • TROI^NIK • • •


Преосветување на прекривки за престол и литургија во Кочани На 09. 12. 2012 година, 27 – ма Недела по Педесетница, преп. Алимпиј Столпник, св. вмч. Георгиј, св. Стилијан, Неговото Високпреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на свештеници од кочанското и делчевското архиерејско намесништво, изврши преосветување на обновениот престол на црквата Св. вмч. Георгиј во Кочани и отслужи Света Архиерејска Литургија. На крајот од Светата Литургија Митрополитот Брегалнички г. Иларион одража пригодно слово и на свечен начин го објави пензионирањето на свештеникот Богатин Јаневски парох Спанчевски при што му посака мирни покајнички пензионерски денови и му подари мантија, по што го благослови и пресече празничниот леб.

• • • TROI^NIK • • •

65


Троичник 35, декември 2012  

Списание на Брегалничката епархија на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија.

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you