Issuu on Google+

Состанок 20.8.2012 Присутни: 20тина Локација: Мајка тереза Време: 20:00 – 23:00 Теми на дискусија

Технички ствари Илија (или Артан – не беше баш најсигурно на крајот) се нафати да донесе гајби со кои ќе се направи бина, Иво ќе донесе врата за да ја ставиме над гајбите за да направиме попрофи биничка некоја. Тони го среди озвучењето (Артан е резерва ако нешто се заебе). Транспарентите се кај Марија, Иво рече дека ќе ги земе со кола. Здравко и Кире ќе одат во Куманово за да ги подржат и да им помогнат со транспаренти и мегафон – и останати технички ствари. Микрофон ќе донесам јас (Бојан). Кутија за донации – Ивона рече дека ќе направи Снимање изјава од луѓе – Џорџе се нафати Пароли што се собраа до сега и што е во план да се извикуваат:

        

Правда, правда социјална правда Лебот ни го земавте Неправда, неправда Доста беше молк Регулаторна мафија Ние сме народот Нема да ви плаќаме Лопови, лопови Граѓанска непослушност


Агенда (од прилика како ќе изгледа настанот)      

Собирање во 18:00 Почнување во 18:30 Читање на манифестот – јас (Бојан) Читање на барања (Ако сака некој рандом лик – супер, ако не Ацо, или Анита) Да се каже дека ќе кружи кутија за донации за да имаме пари за транспаренти, маркери, мегафони, батерии и слично Да се каже на крајот дека ако не се исполнат барањата повторно ќе се собереме нареден вторник.


Izvestaj