Issuu on Google+

42 Александар Наумоски за Ѓорче ПеТров


ѓорче заслужува повеќе ! Содржина:

Инфраструктура - Гасификација - Енергетска ефикасност - Греење - Осветлување и подобрување на нисконапонската мрежа за снабдување со електрична енергија - Водовод и канализација - Урбанизам - Поправка на тротоари - Реновирање фасади - Зелени катчиња и места за рекреација - Сообраќај - Изградба, пробивање и асфалтирање улици - Паркинзи - Пазари - Речно корито - Наводнување

07 08 09 09 11 12 13 13 14 15 15 16 16 16 17

Инвестиции и економски развој - Капитални инвестиции - Економски развој

19 20

Подобри услуги за граѓаните - Едношалтерски систем - Администрација - Побрзо вадење документи

23 23 24

Квалитетен живот - Екологија и зеленило - Образование - Социјална заштита - Спорт - Култура

27 27 29 30 32

Моето маало - Ѓорче Петров - Хром - Мирче Ацев - Даме Груев - Дексион - Стопански двор и Ново Село - Кучково - Орман - Никиштани

35 36 37 38 40 42 42 42 43


ѓорче заслужува повеќе !

Почитувани сограѓани, Драги мои Ѓорчевци,

Предизвиците пред кои се наоѓа нашата општина Ѓорче Петров се големи и за нивно надминување се бара многу знаење, посветеност и енергичност од страна на општината. Затоа е потребна нова сила, нова енергија, која ја има во тимот што се состои од млади луѓе што со својата енергичност и посветеност ќе ја модернизираат и унапредат и ќе обезбедат посигурен и поквалитетен живот за сите граѓани. Воспоставувањето и потребата од постојано надградување на функционалноста во работењето на општината во процесот на децентрализација, а базирајќи се на принципите на јавност, транспарентност и демократичност, претставува основа на градење партиципативен пристап во изработката на програмава, која е програма „ОД ГРАЃАНИТЕ И ЗА ГРАЃАНИТЕ“. Почитувани сограѓани, во програмата пред вас нема да видите бесцелни ветувања, нема да видите мегаломански проекти, нема да прочитате неостварливи ветувања. Тимот со кој е изготвена програмата, а во тимот бевте сите вие, ги нотиравме проблемите што се претставени од вас и со стручни лица изнајдовме решенија што може реално да се остварат. Програмата претставува појдовен и квалитетен документ што дава големи развојни можности на општината за економскосоцијален и културен развој. Градењето систем на квалитетни услуги во делот на надлежностите што ги имаат Општините со процесот на децентрализација бара многу посветеност и време, но и многу искуство и пред сѐ знаење, како најважен сегмент во развојот во сите општествени сфери. Со планираните инфраструктурни проекти, во оваа програма слободно може да се каже дека општината ќе почне со период на силен инвестиционен циклус во согласност со финансиските можности. На овој начин силно ќе се придонесе за подобрување на квалитетот и стандардот на живеење на граѓаните, особено на младите. Сето тоа ќе го постигнеме само со широката поддршка што ја имаме од вас граѓаните. Поради многуте проблеми, како разурнатите објекти и месните заедници без функција, уништениот дом во Кучково, немањето банкомати во одредени населени места, недостигот од инвестиции, газење по кал, нереализираната фекална 3


ѓорче заслужува повеќе ! канализација, недостиг од вода за пиење и слаб притисок, немотивираната младина, уништениот спортски дух, уништениот ноќен живот со организирани содржини за младите, заборавените пензионери и другите проблеми, се одлучив да се кандидирам и да го преземам раководењето со општината Ѓорче Петров. Јас, Александар Наумоски како градоначалник на општина Ѓорче Петров ќе се залагам: За максимално подигнување на стапката на економски раст, намалување на стапката на невработеност на граѓаните, намалување на загрижувачката сиромаштија, унапредување на бизнис-климата и здравата животна средина; За поттикнување на домашните и привлекување странски директни инвестиции, што воедно ќе биде и мој водечки приоритет; Итно и неодложно ќе се заложам за брза легализација на објектите, а општината да биде администратор на граѓаните за завршување со легализацијата во општината; Ѓорче Петров БЕШЕ, најспортската општина во Скопје. Имавме европски првак во ракомет, квалитетни тимови во фудбал, боксерски и боречки клуб, во кошарка и во многу други спортови. Обврска ќе ми биде да го вратиме спортскиот сјај на нашето Ѓорче; Еден од приоритетите за мене ќе биде културата, особено културата што го изразува идентитетот на народот, творечкиот и духовен капацитет и цивилизацискиот дострел; Борбата против корупцијата ќе биде и моја лична борба; Во образованието, моите заложби ќе бидат во насока на создавање соодветни услови за спроведување на образовниот процес и доследно почитување на неговите соодветни едукативни и кадровски стандарди; Мојата преокупација во комуналните дејности ќе биде насочена кон обезбедување функционалност на системите за водоснабдување, канализација, пречистувањето на отпадните води и јавната чистота; Ќе се ангажирам за рамномерна изградба на улиците во сите делови на општината, за квалитетно одржување и по сите градежни стандарди, регулација на реките и сливните корита во соработка со надлежните органи, поставување зеленило во сите делови на општината и квалитетно одржување и подигање нови паркови; Една од приоритетните активности ќе ми биде и животната средина, подигнување на свеста на граѓаните за чиста и здрава животна средина и пристап на јавноста до информациите за состојбите во животната средина. Тоа подразбира и поставување мониторинг-пунктови за следење на состојбата со животното опкружување;

4


ѓорче заслужува повеќе ! Ќе се залагам за партнерски однос со невладините организации, граѓанските здруженија и организации, во смисла на нивно учество во градењето и следењето на севкупните состојби за изградба на демократско опкружување во нашиот град. Затоа почитувани, од вас, искрено, чесно и директно барам поддршка и шанса за по 4 години Ѓорче да биде гордост на ѓорчевци. Ѓорче заслужува повеќе! Ѓорче заслужува подобра иднина! Од сѐ срце ваш, Александар Наумоски

5


ѓорче заслужува повеќе !

Инфраструктура Гасификација Проблем: Трошоците за енергија од ден на ден стануваат сѐ поголем товар на семејниот буџет. Конкурентноста на домашните фирми во однос на странските не може да се замисли без користење поевтин енергенс, како што е гасот. Обезбедувањето на гасот за домаќинствата и за индустриските капацитети е во надлежност на државата во соработка со локалната самоуправа, кои во изминатиот период не преземаа никакви конкретни активности. Како пример, за цели два мандата на актуелниот градоначалник, за ваков капитален и значаен проект нема преземено ниту една иницијатива. Ваквата неактивност директно удира по џебот на граѓаните во општината и директно влијае врз конкурентноста и невработеноста во општината. Ако не се преземе ништо во наредниот период состојбата ќе биде уште позагрижувачка. Решение: Веднаш по конституирањето на новиот Совет, меѓу првите одлуки ќе биде одлуката за почнување на постапка за гасификација на општина Ѓорче Петров, која ќе биде основа за реализација на проектот во согласност со Законот за енергетика и динамика од страна на државата во делот на изградба на инфраструктура за снабдување со природен гас. Употребата на природниот гас како еколошки и економичен прифатлив енергенс е значаен за обезбедување на сигурноста во снабдувањето на потрошувачите. Зголемување на конкурентноста на локалната економија преку овозможување достапност до сите корисници на најевтиниот енергенс, природниот гас, кој истовремено обезбедува подобрување на квалитетот на животот и стандард на сите граѓани во општината. Со цел општината да им обезбеди поудобен живот на своите граѓани наша цел е да се гасифицира, бидејќи гасот е многу поевтин енергенс и со него ќе се овозможи заштеда на трошоците за енергија. За 2 години Ѓорче Петров фазно ќе обезбеди пристап до постојниот гасовод од ГАМА, кој се очекува да се поврзе со најавуваниот „Јужен поток“, во зависност од подготвеноста и ветувањата на државата. За реализација на проектот постои реална можност бидејќи, оддалеченоста од гасоводниот прстен околу Скопје, кој го изгради ГАМА е само 6 до 8 километри од границите на општината. Друг дел се наоѓа во близина на границата со општина Карпош, која кога ќе го спроведе кракот до Градската општа болница „8-ми Септември“, ќе биде на само 5 километри оддалеченост од општина Ѓорче Петров. Опфатот на проектот за гасификација ќе биде во делот на дистрибутивниот систем, односно снабдување до крајните корисници. Се планира обезбедување гас, првенствено за сите училишта, детски градинки, амбуланти и за други јавни објекти во надлежност на општината со целосна поддршка за приклучување кон дистрибутивниот систем од страна на индустриските капацитети и, се разбира, од индивидуалните домаќинства. 7


ѓорче заслужува повеќе ! Се планира подготовката на проектот за фазна гасификација на општината да се финансира со средства од општината и со приватен ��ператор, преку финансиска иницијатива со модел на воспоставување институционално или договорно јавно приватно партнерство.

Енергетска ефикасност Проблем: Обемот на трошоците за енергија на јавните објекти (училишта, детски градинки и други објекти на општината) моментално се толку големи што одземаат значајни средства од општинскиот буџет. Преку мерки за енергетска ефикасност во јавни објекти, не само што се заштедуваат средства, туку и се обезбедува многу поголем комфор и услови за одвивање на јавните дејности. Заштедените средства ќе се вложат во други капитални инвестиции. Сведоци сме дека голем број Општини во изминатиот период успеаја да станат енергетски ефикасни и да користат ЕУ фондови што им ги отворија вратите за други капитални проекти, а нашата општина тапка во место не сфаќајќи го значењето на енергетската ефикасност како инвестиција во иднината. Решение: Проект: Енергетски ефикасни јавни објекти Акциониот план за енергетска ефикасност од страна на новата власт нема да претставува документ за во фиока, туку веднаш ќе се почне со имплементација. Динамиката на реализација на инвестиции во енергетска ефикасност ќе почне согласно со приоритетите со преземање на сите мерки за енергетска ефикасност, а не делумни решенија. Со сериозен пристап и посветеност целосно ќе се имплементираат сите мерки за енергетска ефикасност и тоа: • Промена на кровни конструкции со изолации; • Обновување фасади со изолации; • Менување прозори и • Внатрешното осветлување на јавните објекти. За поголема ефикасност на предложените мерки се планираат голем број проекти од енергетска ефикасност, кои ќе се надополнат и со проекти од обновливи извори на енергија (соларни системи и биомаса). Ова ќе се постигне со стимулирање и обезбедување на кофинансирање при изградба на овие системи за користење обновливи извори на енергија, а особено мали фотоволтаични електрични централи што ќе се поставуваат на кровните конструкции на објектите од мали и средни претпријатија и домаќинства, како и на сопствени градежни површини. Веднаш по формирањето на новата администрација ќе се надополни програмата за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија со горенаведените мерки, следствено на тоа ќе се објави тендер за изготвување проекти, со рок на реализација од 15 месеци на два пилот-проекти. Новата локална власт ќе даде целосна поддршка во обезбедување средства за кофинансирање од ЕУ фондовите и ГЕФ (Глобален еколошки фонд) програмата на Светската банка за неповратни средства за мерки за енергетска ефикасност.

8


ѓорче заслужува повеќе !

Греење Проблем: Општината Ѓорче Петров моментално е исклучена од топлификациската мрежа на градот Скопје, па граѓаните сѐ уште се принудени да користат застарени методи на греење со дрва/јаглен што се исклучително штетни за животната средина или, пак, своите домови ги загреваат на струја што, со оглед на енормното зголемување на цената на електричната енергија, веќе станува луксуз. Ваквата состојба е неодржлива и е потребна акција со цел да се подобри квалитетот на живеење на сите граѓани во општината. Решение: Врз основа на позитивните законски прописи ќе се искористи можноста и ќе се организира референдум и одлука за формирање енергетска компанија како акционерско друштво, поделена на три дела: производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија. Оваа енергетска компанија, заедно со општината и граѓаните, ќе понуди да се склучи меморандум/договор со МВР и АРМ за користење на веќе постојната топлана и нејзина надградба , сместена во касарната во Ѓорче Петров за снабдување на граѓаните со топлинска енергија. Сите граѓани на општината Ѓорче Петров, кои ќе учествуваат со сопствени средства за изградба на инфраструктурата и општината Ѓорче Петров ќе бидат акционери. Инвестициите во овој проект се големи, но исплатливи, а освен приспособување на постојната топлана ќе се изгради примарна и секундарна мрежа за парно греење. Исто така, се планира вклучување и ревитализација на запуштените топлани во комплексот згради на ул. „Социјалистичка зора“ и на 4-ти јули во урбаната заедница Мирче Ацев, како и вклучување на топланите од училиштата по принципот на јавно приватно партнерство, како дел од системот за парно греење, односно воведување енергетски компании таканаречени ESCO, систем што нуди концепт преку кој се обезбедуваат загарантирани заштеди.

Осветлување и подобрување на нисконапонската мрежа за снабдување со електрична енергија Проблем: Преку личните контакти со моите сограѓани и моето лично искуство, нашата општина се соочува со сериозен проблем во делот на квалитетно снабдување со електрична енергија. Не постои населено место во општината, особено во зимскиот период, што не се соочува со проблемот на стабилен напон на електричната енергија. Ова доведува до оштетувања на апаратите за домаќинство, недоволна осветленост во домовите и потенцијална опасност за сите граѓани. Решение: Проект: Подобрување на нисконапонската мрежа за снабдување со електрична енергија

9


ѓорче заслужува повеќе ! За надминување на проблемот се планира подготвување целокупна урбанистичко планска документација, во соработка со ЕВН Македонија со цел надградба на постојните трафостаници и изградба на нови. Вакви иницијативи од страна на општината за подобрување на нисконапонската мрежа ќе се одвива во континуитет, како за индивидуалното домување, така и за идните и постојните инвеститори во нашата општина. Проблем: Системот на јавно осветлување во општината не ги задоволува основните потреби на граѓаните. Во многу делови од општината граѓаните се жалат дека улиците и влезовите на зградите се неосветлени. Ваквата состојба придонесува за зголемување на бројот на кражби и создавање несигурност кај граѓаните. Постојниот систем користи светилки што се големи потрошувачи на електрична енергија, а ни оддалеку не ја даваат онаа светлина што ја даваат современите светилки, што се користат денес. Големите трошоци што ги прави општината, а не обезбедува квалитетна јавна услуга што ја плаќаат граѓаните преку сметките за струја, навистина веќе не може да се толерира. Неразбирливо е непостоењето никаква досегашна иницијатива за да се модернизира системот на јавно осветлување. Општината има потреба да го надгради и модернизира системот на јавно осветлување со цел да обезбеди поквалитетна јавна услуга во делот на јавното осветлување. Решение: Проект: Модернизација на јавното осветлување Согласно со надлежностите на општината во делот на обезбедување квалитетно јавно осветлување ќе се преземат активности во насока на подготовка на проектна документација за модернизација на системот на јавно осветлување. Модернизацијата ќе опфати промена на постојните светилки со нови штедливи светилки, контрола, мониторинг и автоматизација на системот. Преку проектот ќе се воспостави центар за грижа на корисници преку кој граѓаните ќе пријавуваат дефекти на системот за јавно осветлување и преку системот за 48 часа ќе се интервенира. За овој проект се заинтересирани голем број инвеститори што се подготвени да инвестираат во ваков систем бидејќи вложувањето во модернизација на јавното осветлување е проект што заштедува пари за општината, а најголемата корист ќе ја имаат граѓаните. Со проектот почнуваме веднаш по завршување на изборите, бидејќи инвеститорот со кој сме во контакт, целосно е подготвен да вложи средства за нови технологии со цел да се модернизира нашиот систем на јавно осветлување. Проектот ќе се реализира на база на јавно приватно партнерство: концесија на услуги, по принципот на дизајнирање на системот, замена на светилките (финансирање), одржување, оперирање и пренос на системот во исправна состојба по истекувањето на конечниот период на концесија. Главна цел на проектот за 10


ѓорче заслужува повеќе ! модернизација на јавното осветлување е: заштеда на електрична енергија, подигање на енергетската ефикасност, подигање на еколошките стандарди, подигање на еколошката свест и подигање на квалитетот на живеење на граѓаните со подобрување на јавното осветлување, преку модернизација на постојното и поставување нови штедливи, современи, естетски и амбиентални светилки во општината. Со реализација на ЈПП, проектот за модернизација на системот за јавно осветлување преку проектирање, инвестиции, одржување и развој, ќе се постигнат повеќе користи, пред сѐ: заштеда на енергија, при што се очекува заштедите на енергијата да бидат доволни за приходите да привлечат приватен партнер во проектот, модернизација на целиот систем на јавно и улично осветлување на територијата на цела општина.

Водовод и канализација Проблем: Во 21 век, граѓаните на општината Ѓорче Петров немаат квалитетно снабдување со чиста вода за пиење. Недозволиво е нашите сограѓани на с. Кучково и с. Никиштани да немаат вода за пиење и да се снабдуваат со вода од бунари што не е технички исправна и претставува опасност за здравјето. Постојниот водовод, кој не е довршен, не е во вистинска функција, во с. Никиштани водоводот е завршен с��мо до пред селото. Решение: Ревизија на изградбата на водоводот во с. Кучково за овозможување питка вода во текот на целата година, преку испитување на можноста за директно приклучување на водоводот од Рашче и конечно завршување на водоводот во с. Никиштани. Итна изградба на доволен број бунари со бушотини за решавање на овој проблем. Истото важи и за другите рурални подрачја што гравитираат во општината. Реализацијата на овој проект ќе почне 3 месеци по стапувањето на новата администрација на власт. Проблем: Неконтролираната градба, дотраената водоводна мрежа што генерира загуби, но и наводнувањето на зелените површини со вода за пиење, сериозно го оптоварува постојниот водоводен систем, така што секоја година во летниот период граѓаните на општината се соочуваат со недоволен притисок и недостиг од вода (особено во зградите и на високите зони). Во личните контакти со граѓаните, се пожалија дека чекаат во доцните часови да можат да ги задоволат основните хигиенски потреби. Решение: Со цел трајно решавање на проблемот предлагаме изградба на бунарски систем со техничка вода за наводнување на зелените површини и замена на дотраените цевки со нови и поголеми заради подобар притисок на вода. Ова решение ќе биде системско решение за подолг временски период, бидејќи со експанзијата на градење една домаќинска општина мора да го планира идниот урбан развој. Ќе се 11


ѓорче заслужува повеќе ! изгради систем што ќе овозможи кружно движење на водата на критичните зони и на тој начин ќе се надмине сегашната состојба на лежење на водата на едно место што е штетно за здравјето на луѓето. Во првите 6 месеци на новата власт ќе се изготви технички проект со квалитетни решенија.

Урбанизам Проблем: Од нејзиното возобновување во 1996 година, општина Ѓорче Петров интензивно се урбанизира. За жал ширењето на општината не беше секогаш планско и, главно, се правеше без никаква стратегија или план за урбанистичкиот развој на општината. Како последица на ваквиот пристап, жителите на Ѓорче Петров денес живеат во урбанистички хаос. Решение: Веднаш по преземањето на локалната самоуправа, новата администрација ќе се фати во костец со решавање на урбанистичкиот хаос. Најпрвин ќе бидат ревидирани деталните урбанистички планови (паралелно ќе се искористи и задолжителното менување на деталните урбанистички планови што ќе произлезат од реализацијата на легализацијата), а потоа ќе се изработи и сериозна стратегија за урбанистичкиот развој на општината и локалните населби. Главната цел ќе биде да ставиме крај на урбаната мафија и забрана на изградба на објекти за колективно домување меѓу објекти за индивидуално домување со цел да се зачува квалитетот на живот. Донесувањето на новите урбанистички планови ќе биде инклузивен процес. Нацрт-плановите ќе бидат дадени на јавен увид (по печатен или електронски пат) и јавна расправа, а градоначалникот и соработниците ќе бидат достапни за директна комуникација со граѓаните. Како градоначалник се обврзувам дека целосно ќе се почитуваат стандардите и нормативите во урбанистичкото планирање со кои се утврдуваат начелата за организирање на просторот во услови на одржлив развој, естетско обликување на просторот и негово рационално користење, при што обврзно се заштитува јавниот интерес и соседското право во просторот. Исто така, сообраќајните решенија со елементите на сообраќајниците, кои имаат суштинско значење во организацијата на просторот, ќе бидат преокупација на новата администрација со цел да се обезбеди пристап до секој дом, но и безбедност на граѓаните. Проблем: Руралните населби, Волково, Орман, Кучково, Стопански двор, Кисела Јаболка и Ново Село сѐ уште немаат планска документација, тоа претставува огромен проблем при процесот на легализација.

12


ѓорче заслужува повеќе ! Решение: ВЕДНАШ ќе се ангажираат сите расположливи капацитети во општината за изработка на руралните урбанистички планови за овие населени места. Со цел за нивни економски и социјален развој, особено со организирање урбанистички целини и содржини што ќе имаат урбанистички модерни решенија. Дополнително, ќе пристапиме кон реализација и на проектите: • Проект: Целосна урбанизација на делот од „ЗАОБИКОЛНИЦАТА“ со создавање нови мали и ефикасни технолошко-индустриски зони со комплетна инфраструктура, заради привлекување директни странски инвестиции, рок: ВЕДНАШ. • Проект: општина Ѓорче Петров – атрактивно место за живеење • Изработка на урбанистички студија за елитни населби (индивидуални куќи и станбени згради) Можна локација – ВЕЛЕ ПОЛЕ, КУЧКОВО, ПОРАНЕШНАТА КАСАРНА При утврдување услови за градба за урбанистичките парцели мора да се задоволат сите ограничувања утврдени со подзаконските акти што треба обврзно да се применат во процесот на проектирање и градба, без исклучок, а со цел заштита на јавниот интерес и заштита на соседското право. Со изработка на идеен архитектонски проект со партерно и сообраќајно решение при што бројот на паркинзи мора да ги задоволи потребите на граѓаните.

Поправка на тротоари Проблем: Безбедноста на движење на пешаците и учениците по десниот раб од коловозот на ОУ „Јоаким Крчовски“ во Волково е загрозена и секојдневно пешаците и учениците се изложени на опасност. Решение: Како соодветно решение предлагаме, доградба на ОУ „Јоаким Крчовски“ во Волково (изградба на тротоари по десниот раб од коловозот за безбедно движење на пешаците и учениците). Пешачка патека до двата одводни канала во Стопански двор и Кисела Јаболка, заради уредување на просторот, безбедносно движење на учениците и нова уредена пешачка зона со организирани содржини (предлог на жителите на овие населби).

Реновирање фасади Проблем: Крововите од азбестно цементни плочи на индивидуалните семејни куќи и училиштата се потенцијални канцер-бомби и со тоа го загрозуваат здравјето на луѓето. Иако повеќепати беше најавувано дека локалната власт ќе овозможи и ќе учествува во менување на азбестните плочи, тоа досега не се направи. Решение: Проект: Реновирање кровови и фасади 13


ѓорче заслужува повеќе ! Преку изработка на проекти за отстранување на крововите од азбестно цементни плочи на сите станбени или деловни објекти, општината директно ќе субвенционира 10% од вкупната инвестиција со цел да се изврши замена на крововите. Ваквата определба на општината ќе придонесе во крајната фаза на крововите да се инсталираат фотоволтаични системи за обезбедување топла вода, како и колектори за производство на електрична енергија. Континуирано, општината ќе стимулира инвестиции за изградба на соларни/ фотоволтаични електрани на локации кон село Кучково, кое располага со најголем сончев потенцијал. Проблем: Старите згради во општината се без изолација поради старата градба и фасадите се дотраени и даваат грда слика во околината. Решение: Согласно со Законот за домување и постојните заедници на сопственици (куќни совети), ќе се реализираат проекти за зградите што се со постара градба да се обезбеди искористување на технолошките иновации за изградба на енергетски ефикасни и одржливи (зелени) објекти, преку одржливо реновирање на фасадите на постојните објекти, како и реновирање на фасадите со средства на општината. Овие проекти ќе може да добијат поддршка од достапните фондови за енергетска ефикасност на Европската комисија – Intelligent Energy Europe. На сите идни инвеститори на нови и доградба на старите станбени и индивидуални објекти, кои ќе бидат енергетски ефикасни, во одреден процент, дополнително утврден, ќе им бидат намалени „комуналиите“, процентуално според големината на инвестицијата.

Зелени катчиња и места за рекреација Проблем: За оние постарите жители на општината Ѓорче Петров, кои од многу одамна живеат тука, паметат или се сеќаваат дека корзото било душата на Ѓорче. Сѐ што требало да се покаже се покажувало при прошетките на корзото секој ден попладне, а особено во неделите. Решение: Проект: Враќање на старото „КОРЗО“ Изградба на пешачка зона во паркот, враќање на старото корзо од поранешна „Правда“ до поранешна кафеана „Чешма“. Паралелно ќе се изврши реконструкција и ревитализација на постојните зелени површини. Возобновувањето на корзото ќе се направи со тоа што покрај инфраструктурно уредување ќе се организираат перманентно настани од културно-забавен карактер за сите возрасни групи. Целта е традицијата да се возобнови на еден современ начин да ги зближи граѓаните да имаат комуникација и дружење меѓу себе.

14


ѓорче заслужува повеќе !

Сообраќај Проблем: Покрај главната улица во Ѓорче Петров, која претставува најцрна сообраќајница во градот, во целата општина има низа магистрални и собирни улици по кои се вози брзо, не се почитуваат сообраќајните правила и се опасност за сите пешаци, а особено за децата и учениците. Решение: Проект: Безбедна ул. „Ѓорче Петров“ и безбедни сообраќајници и улици Во соработка со МВР и Град Скопје, итна и неодложна акција за обезбедување вертикална и хоризонтална сигнализација и во другите критични улици во поглед на безбедноста на сообраќајот и движењето на пешаците.

Изградба, пробивање и асфалтирање улици Проблем: Поголемиот дел од улиците во Ѓорче Петров не се асфалтирани. Решение: Целосно асфалтирање на сите улици во општината Ѓорче Петров во најкус можен рок и обезбедување асфалт до секој дом. Почеток на реализација ‒ два месеца од почетокот на мандатот. Краен рок е три години. За три години, од почетокот на мандатот, ќе бидат асфалтирани 70% од неасфалтираните улици и целосно ќе се затвори проблемот со канализациската мрежа во урбаните и руралните делови. На одредени делови, особено во Волково ќе поставиме и „бекатон“ плочи на места каде што не може да се стави асфалт. Проблем: На сретсело во Волково, постојната раскрсница е сообраќајно неуредена и претставува огромен проблем за движење на возилата и пешаците и тие се безбедносно несигурни. Решение: Проект: КРУЖЕН ТЕК НА СРЕД СЕЛО ВО НАС. ВОЛКОВО. Рок: ВЕДНАШ ќе почнеме во соработка со Град Скопје подготовка на урбанистичко планска документација. Проблем: На пешачкиот премин пред општинската зграда претставува црна точка за пешаците поради пребрзото возење на возилата по главната улица. Решение: Проект: НАТПАТНИК (мост за пешаци) пред општинската зграда во нас. Мирче Ацев на главната улица, заради безбедност на пешаците особено учениците, во соработка со Град Скопје и соодветно учество во финансирањето од страна на општината.

15


ѓорче заслужува повеќе !

Паркинзи Проблем: Со интензивната градба во општина Ѓорче Петров, паркингот е реален проблем. Решение: Итна изработка на планско-техничка документација за доградба и проширување на постојните паркинг-површини, особено околу зградите, со приоритет на станбениот комплекс во центарот на општината кај полициската станица со можност за изградба на монтажни катни гаражи.

Пазари Проблем: Во урбаните заедници Дексион и во дел од Мирче Ацев, граѓаните не можат да се снабдат со свежи производи. Во овие населби нема пазари. Единствениот пазар се наоѓа во населбата Ѓорче 1, па граѓаните од другите делови на општината треба да патуваат и до 2 км за да се снабдат со потребните производи. Пазарот во Дексион е неуреден. Решение: Ставање во функција на пазарот во УЗ Дексион. Во соработка со Скопски пазар, почнување на проект за идејно решение за затворен пазар со современ маркет. Краен рок за изведба: 8 месеци од почетокот на мандатот. Дополнително, согласно со закон, ќе иницираме изградба на земјоделска берза на заобиколницата

Речно корито Проблем: Речните корита на реката Лепенец и реката Вардар на територијата на општина Ѓорче Петров се во многу лоша состојба, не само поради грдата слика што ја оддаваат со натрупаниот смет и речни наноси, туку и поради генералната опасност за животот на граѓаните. Решение: Веднаш по преземањето на локалната самоуправа, новата администрација ќе подготви и реализира проект за уредување на речните корита на реката Лепенец и Вардар во соработка со Град Скопје, кој ќе предвиди нивно чистење, обезбедување и уредување. Воедно, во рок од 18 месеци од почетокот на мандатот, ќе се изгради и пешачка зона по течението на овие две реки. Особено кејот на реката Лепенец е во катастрофална состојба, тој ќе биде уреден и приспособен со шеталиште и спортски терени како и други организирани содржини за жителите на нас. Даме Груев и Ново Село.

16


ѓорче заслужува повеќе !

Наводнување Проблем: Земјоделските површини, кои се наоѓаат во подрачјето на општината, се уште не се уредени согласно со новите стандарди, а за тоа ИПАРД програмата нуди средства и помош поволна за земјоделците во соработка со општината. Решение: Проект: Континуирано одржување, чисти и средени канали за наводнување во општината. Проверка на водоснабдителниот систем до нивите во општината Ѓорче Петров. Обезбедување средства за помош при изградба на системот „капка по капка“ и помош при аплицирање во ИПАРД програмата на земјоделците, за пумпи за испумпување вода, кои работат на фотоволтаични колектори. Вкупна инвестиција е 5.000 евра по пумпа за вода за наводнување на повеќе од 1ха земјоделска површина. Општината секогаш кога ќе може ќе биде гарант за повлекување на средствата од ИПАРД програмата.

17


ѓорче заслужува повеќе !

Инвестиции и економски развоj Капитални инвестиции Проблем: Во населбата Хром, во која живеат околу 6.000 жители, сѐ уште не постои основно училиште. За овие граѓани е повеќе од потребно изградба на основно училиште, бидејќи со последната реонизација, децата од оваа населба повеќе не можат да се запишуваат во ОУ „Димо Хаџи-Димов“ во Влае, кое е под ингеренции на општина Карпош (поранешната администрација на Сокол Митровски беше наполно свесна за постоењето на овој проблем, па и покрај тоа што во својата предизборна програма на минатите избори вети изградба на ново основно училиште во населбата Хром, тој на последната средба на советот на скопски градоначалници барал измени на ГУП на Град Скопје и на местото за училиште да се градат станбени згради). Поради неговата кусогледост, децата од Хром сѐ уште се принудени да патуваат далеку од своите домови за да учат во ОУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“. Учениците во ОУ „Тихомир Милошевски“ и ОУ„ Јоаким Крчовски“ учат во 3 смени поради слаб просторен капацитет со училници. Решение: Проект: Изградба на основно училиште во населба Хром Изградба на основно училиште во населбата Хром на постојната локација предвидена со деталниот урбанистички план. Надградба на ОУ „Тихомир Милошевски“ и ОУ „Јоаким Крчовски“ Реновирање на ОУ „Ѓорче Петров“ Оградување и реновирање на ОУ „Димитар Беровски“ Проблем: Во општина Ѓорче Петров нема соодветен простор за пензионерите ниту друг објект од ваков вид кој ќе овозможи дружење, рекреација и комуникација меѓу повозрасните жители на општината. Решение: Почетната идеја е, во првата фаза, да се почне со изградба или изнајмување деловен простор во централниот дел на општината за пензионерски клуб, а потоа, во втората фаза, под покровителство на општината, да се отворат повеќе пензионерски клубови во повеќе населени места во рамките на општината, со можност за искористување на просторите во месните заедници. Проблем: Незамисливо е во 21 век општината да нема отворен и затворен базен. Ако во минатото одевме на езерото Треска, на Састав и на базенот во Сарај и таму ги задоволувавме и рекреативните и спортските активности, сега сите овие места се замрени, запуштени, загадени и оставени на природата. Срамно е населба со 40.000 жители да нема место за рекреација и за професионално занимавање со пливачките спортови, а истовремено Ѓорче има олимпиец во пливање и други талентирани пливачи и ватерполисти што своето знаење и својот тренажен процес не можат да го реализираат во својата општина. 19


ѓорче заслужува повеќе ! Решение: ВЕДНАШ ќе иницираме изградба на отворен и затворен базен, согласно со постојната урбанистичка документација.

Економски развој Проблем: Општина Ѓорче Петров е на дното во искористувањето на средствата за претпристапна помош од европските фондови. Додека општините од нашето пошироко и потесно опкружување ги користат за сопствен развој и креирање нови работни места што се единствено решение за подобрување на животниот стандард, ние се потпираме само на прибирање средства од даночно оптоварување на стопанството и граѓаните. Еден од најголемите проблеми со кои се соочува бизнис-секторот, како и потенцијалните домашни и странски инвеститори е бавната, корумпирана и неефикасна администрација во општината. Во општината е формиран сектор за локален економски развој (ЛЕР), кој не функционира и не дава никакви резултати. Бизнисмените едноставно се оставени сами на себе, домашни и надворешни инвестиции нема. Кога доаѓаат инвеститорите во општината, администрацијата нема слух за нивните потреби. Дополнително создава проблем фактот што постојните индустриски зони се инфраструктурно неуредени, што е основен предуслов за функционална индустриска зона. Решение: Формирање координативно тело за економски развој, кое ќе претставува поддршка во права смисла на бизнис-секторот и потенцијалните домашни и странски инвеститори; Ќе биде организирано на принципот на личен координатор, кој ќе биде задолжен за соработка со мал број компании, кои ќе имаат потреба од определени услуги од општината и државните институции; Обезбедување забрзана постапка за приклучување кон водоводната, канализациската, електричната (гасоводната мрежа) на постојните индустриски зони; Организација на континуирани координации со бизнис-секторот со цел детектирање на потребите и потребата за поддршка од локалната самоуправа; Соработка со домашни и странски донатори (УСАИД, УНДП, ЕБРД, ЕИБ, МБПР) со цел обезбедување на потенцијални финансиски средства, совети, „know-how“ и слично, за развој на бизнисот; Координација на потенцијалните претприемачи, иноватори со т.н. „бизнисангели“, инвестициски фондови и други потенцијални инвеститори;

20


ѓорче заслужува повеќе ! Проблем: Во општината Ѓорче Петров сѐ уште нема доволен број поголеми маркети, а особено тоа е забележливо во населбите Даме Груев, Ново Село, Волково и во Дексион. За жителите од овие населени места да имаат достап до поевтини производи, треба да се изградат поголеми трговски центри во овие населени места. Во трговските центри ќе има можност за поставување банкомати, проблем што длабоко ги засега граѓаните од наведените населби, бидејќи сега банкомати има само на ул. Ѓорче Петров и тоа од општината до Порта Влае и еден во Волково. Младите немаат каде да се собираат и нема други организирани содржини од затворен тип. Решение: Веднаш по стапувањето на функцијата иницирање изградба на трговски центри во општината. Секоја барака од урбаните и месните заедници да биде дадена на единствен трговски синџир на маркети во владение од 30 години, а потоа објектот да биде вратен на општината. Станува збор за рушење на бараките и на нивно место изградба на големи супермаркети и деловно трговски објекти на максимум три ката, плус поткровје. Инвеститорот ќе биде должен да отстапи 3 канцеларии и сала за состаноци, кои ќе ги користат граѓаните од месната заедница. Такви бараки, кои се погодни за големи трговски центри, се во Волково, Даме Груев и Дексион. Директни преговори со домашни и странски синџири на супермаркети. Супермаркетите се одлична можност за поставување банкомати. Веднаш ќе се стапи во преговори со голем синџир на трговски центри од затворен тип и изградба на трговски центар во општината, на соодветна локација. Во состав на објектот ќе се предвидат кино сала, лизгалиште и базен од затворен тип. Проблем: Општина Ѓорче Петров има потреба од зголемени домашни и странски инвестиции што ќе отворат нови работни места и ќе претставуваат двигател на економскиот развој на општината. Општината нема поголеми индустриски капацитети, а бројот на невработени лица е голем. Решение 1: Изградба на инфраструктурно средени мали индустриски зони, гасифицирани за грин-филд инвестиции. Функционален по две години од мандатот. Решение 2: Гасификација на постојните индустриски капацитети. Функционален по две години од мандатот. Решение 3: Проекти за самовработување со поддршка на бизнис-планови на млади претприемачи со средства од сопствен фонд. Овие проекти ќе бидат реално остварливи со формирањето на т.н. „Фонд на бизнис-ангели“, но и со општински средства. „Бизнис-ангелите“ како поим се познати секаде во светот. Тоа се луѓе што со сопствени средства застануваат зад добар проект и заработуваат. За таа цел, општината преку своите механизми ќе ги стимулира веќе постојните компании 21


ѓорче заслужува повеќе ! за одвојување средства за инвестиции за нови бизнис-проекти. За помош на претприемачите, во соработка со „бизнис-ангелите“, општината ќе отвори бизнис-инкубатори, ќе обезбеди деловен простор, неопходна инфраструктура и потребна опрема за почнување сопствен бизнис, со приоритет за почетници, како и финансиски средства од низата програми што ги доделуваат меѓународните институции. Првите чекори за реализација на овој проект ќе бидат преземени веднаш по почнувањето на мандатот, при што убедени сме дека тој ќе стане функционален по 6 месеци. Решение 4: Формирање канцеларија за локален економски развој, водена од млади прогресивни луѓе, финансирана од ИПА фондовите и други грантови од институции со кои Македонија е потписник. Формирање веднаш, функционална по само 90 дена. Формирање бизнис-центар за поддршка на мали и средни претпријатија. Решение 5: Формирање логистички центар (со тенденција да прерасне во Инкубатор) за потенцијални инвеститори што ќе добиваат неопходна логистичка поддршка (телефон, факс, интернет, правни услуги и друго) додека се во фаза на регистрирање фирма, анализи на пазарот и средување на локацијата за градба. Логистичкиот центар ќе се вклучи и во организирање заедничко учество на општината и стопанствениците на домашни и меѓународни саеми, како и организација на стручни семинари под покровителство на општината со предавања на реномирани стручњаци. Решение 6: Давање на индустриските зони под концесија на меѓународни компании што ќе носат инвеститори и ќе отворат нови работни места. Распишување тендери по 3 месеци од владеењето, реализација најдоцна по 9 месеци. Инвестиции во преговори Веќе се остварени контакти со инвеститор за инвестирање во погон за производство на градежни елементи според нова иновативна технолошка линија за лесен бетон. Во одреден рок, изградба на фабрика за производство на модуларни елементи за изградба на ЕКО КУЌИ. Можни нови вработувања во општината.

22


ѓорче заслужува повеќе !

Подобри услуги за граѓаните Едношалтерски систем Проблем: Едношалтерскиот систем сѐ уште не е воведен во општината Ѓорче Петров. Решение: Воведување едношалтерски принцип во општината за олеснување на процедурата за добивање потребни документи. Можност за пополнување барање за добивање документи по пат на интернет и можност за доставување документи на домашна адреса. Информатички среден систем за евиденција на даноци и други давачки, ажурирана база.

Администрација Проблем: Во услови кога светот гради отворени општества преку доследно почитување на принципот на одговорно владеење, сограѓаните се соочуваат со проблем на намалена доверба, отежнат пристап и отсуство на транспарентност на релација граѓани - општинска администрација, исклученост на граѓаните од процесот на одлучување при креирањето на јавните политики на локално ниво. Решение: Работно време усогласено со потребите на граѓаните; Градење доверба и воспоставување пријателски однос; Секој последен петок од месецот организиран прием кај градоначалникот и советниците за добивање совет за решавање на проблемите од секојдневното живеење; Реактивирање на урбаните и месните заедници во вистинска смисла на зборот, со делегирање на надлежности (можност за истурена канцеларија на општината во Волково); Советот и градоначалникот редовно ќе организираат анкети и јавни трибини што ќе обезбеди вклученост на сите граѓани при креирањето на јавните политики; Проблем: Легализацијата на објектите се претвори во макотрпен процес, со шалтерска битка низ институциите и огромна нервоза со катастарот. Актуелниот градоначалник и администрацијата целосно го заборавија овој процес, кој е од основно значење за секое семејство што сака да го реализира своето право на сопственост. Поразителен е фактот дека од поднесени 12.000 барања за легализација во изминатиот период се решени само 2.000 барања, што претставува неодговорно и катастрофално однесување на општинските власти. 23


ѓорче заслужува повеќе ! Решение: Општината ќе ги сервисира постапките за легализација на сите нивоа. Со цел решавање на проблемот со легализацијата се планира следново: веднаш, општината ќе формира тим на правници што ќе го забрзаат процесот на легализација на објектите, преку совети и администрирање на постапките за добивање документација за сопственост и добивање на неопходните документи за легализација. Во зависност од ажурноста на државниот катастар, планиран рок за целосно завршување на легализацијата, 2 години. Проблем: Комуналните проблеми знаат да создадат им тешкотии и непријатности на граѓаните, затоа е потребна брза и навремена интервенција. Решение: Решавање на комуналните проблеми, од моментот на пријава на проблем до решение во рок од 48 часа, ќе се испита можноста за формирање Јавно комунално претпријатие. Проблем: Постојаното усовршување и напредокот во технологијата наметнува потреба на следење на новите стандарди, во спротивно тоа доведува до незадоволување на потребите на граѓаните како и забавеност во реализацијата на правата. Решение: Проект: Е-општина Модерна интернет-презентација на општината на која на граѓаните ќе им биде достапен општинскиот буџет, алокација на буџетските средства и сите информации што се поврзани со јавните набавки. Овозможување бесплатни „WI-FI“ зони на локации што се сврталишта на младите. Проблем: Многу ретко по доаѓањето на власт политичарите не се волни да извадат извештај за реализација на изборните ветувања. Решение: Проект: Приближување на општинската администрација до граѓаните. Редовен квартален извештај пред граѓаните за исполнување на изборните ветувања.

Побрзо вадење документи Проблем: На територијата на општина Ѓорче Петров постојат населени места што се оддалечени од општинската зграда и општинската администрација, при што нашите сограѓани немаат соодветен пристап до службите на општината за завршување на секојдневните комунални и административни потреби.

24


ѓорче заслужува повеќе ! Решение: Покрај легализацијата, која ќе ни биде врвен приоритет, планираме во Волково да се отвори истурена канцеларија на општината каде што граѓаните од населените места Стопански Двор, Кисела Јаболка, Ново Село, Волково (Пржина), Никиштани и Кучково ќе можат на едно место да ги поднесуваат своите барања за сите сфери од надлежноста на општината. Примените барања, предлози и идеи ќе бидат администрирани од општината и преку таа истурена канцеларија на општината ќе им бидат вратени на граѓаните заради непосредно учество во локалната самоуправа.

25


ѓорче заслужува повеќе !

Квалитетен живот Екологи��а и зеленило

Локалниот акционен план за животна средина (ЛЕАП) има значајна функција во утврдувањето и спроведување на принципите на одржливиот развој на локално ниво и во создавање база за вистинско функционирање на локалната демократија, за креирање економија што ќе ги вградува вредностите на воздухот, земјиштето, културно историско наследство, во насока на обезбедување подобар стандард на живеење на граѓаните и одржливо користење на ресурсите во секоја општина. Во овој правец ветуваме дека: секој поединечен проект што се планира на просторот на општината ќе почне со постапка за oцена на влијание врз животната средина и општината ќе биде директно вклучена во давање мислење на Студијата за оцена на влијанието врз животната средина што ќе треба да се изработи доколку проектот има директно или индиректно и кумулативно влијание врз животната средина. Постојана грижа за зеленилото и подигање на нови парковни површини. Проект: Нови зелени површини и мини паркови што се наводнуваат со сопствени бунари на техничка вода Нови паркови во Дексион (место Јурија и до маркет Жито, со испитување можности за планска документација), во Волково и други населени места. Постојно реновирање на сите паркови во состав на зградите со соодветни организирани содржини. Проект: Наше Ѓорче без диви депонии, континуирано планско и организирано чистење на сите депонии во општината. Проблем: Сликата со ѓубрето на местата со контејнери е катастрофална, особено околу станбените згради. Решение: Проект: Подземни контејнери, обезбедување современ пристап за управување со отпадот преку селекција на отпад. Во соработка со Град Скопје и ЈП Комунална хигиена, со учество на општината, изградба на подземни контејнери во големите станбени комплекси и критичните точки во општината, со цел, отстранување на контејнерите и крај на смрдеата и хаосот со ѓубрето.

Образование Проблем: Непостоењето доволна мотивација кај средношколците и учениците од основно образование и начин за нивно дополнително поттикнување за самореализација и постигнување успеси во училиштата и во нивните дополнителни активности и успеси надвор од училиштето и успеси поврзани со личните таленти. Решение: Наградување на ученици што постигнале успеси во нивното училиште како најдобри ученици, успеси што се постигнати на интернационално, државно, градско и 27


ѓорче заслужува повеќе ! локално ниво од одредена област, поврзани со училишните и вонучилишните активности на учениците. Стипендијата што ќе биде доделувана по ученик е во износ од 1.500 денари и би се доделувала на 10 ученици од основните училишта, 10 ученици од средните училишта и 10 ученици што имаат успеси од различни области. Проблем: Непостоењето институција што ќе ги опфати децата од предучилишна возраст, односно децата што не одат во градинка и за нив се грижат родителите, баба и дедо, дадилка и слично. Решение: Организирање играчница во која децата треба да ја градат својата социјализација и постепено да ги создаваат своите навики за престој во училишната клупа. Играчницата ќе биде во состав на градинките. На овој начин општината ќе стане општина што ќе има најголем број анимирани деца, вклучени во предучилишниот процес на образование или во подготвителниот процес за натамошно образование. Проблем: Уништените морални и етички норми и вредности од брзото темпо на живеење и борбата за гола егзистенција и потребата од каква било организирана хумана грижа за старите лица од општината. Решение: Преку проектот „Да помогнеме сите, за поубави да им бидат дните“, учениците и младите им помагаат на старите изнемоштени лица од своето соседство. Овој проект има цел да ги научи учениците на морално и етичко однесување, хуманост, почит, емпатија и солидарност кон повозрасните членови на општеството. На овој начин ќе го спроведеме хуманото образование надвор од ученичките клупи, но во реални животни ситуации. Проблем: Постојните вработени во градинките и училишта се оставени сами на себе да се надградуваат и доусовршуваат, со што паѓа квалитетот на воспитно образовниот процес, бидејќи општината не влијае директно врз надградбата и не е во тек со европските и светски текови на усовршување. Решение: Обука за наставен кадар за градинки и училишта Преку современи образовни технологии, средства и методи до личност по мерка на модерното општество - Цел: Обучување на наставниците како да користат ефикасно современи образовни технологии во наставата освен ИКТ. Интегрирана настава - Цел: Обучување на наставниците соодветно, точно и успешно да ја планираат, дизајнираат и реализираат наставата во која ќе интегрираат повеќе наставни подрачја. Кооперативно учење од два аспекта: соживот и инклузија - Цел: Обучување на наставниците како, со примена на кооперативното учење и образование во наставата, да се поттикне квалитетна социјална и образовна 28


ѓорче заслужува повеќе ! интеракција, под мотото „ЗАПОЗНАЈ ГИ СЛИЧНОСТИТЕ, ПОЧИТУВАЈ ГИ РАЗЛИКИТЕ“. Симулации и симулациски активности во настава - Цел: Обучување на наставниот кадар од училиштата и градинките како да планираат, дизајнираат и реализираат симулации во текот на наставниот процес. (Симулациите се современа образовна технологија која сѐ уште кај нас или не се употребува или се употребува на погрешно место и несоодветно, а секаде во светот дава огромни резултати).

Социјалната заштита Заштита на ранливи групи „ОД ЃОРЧЕ ЗА ВАС“ Во доменот на социјалната заштита на граѓаните, а согласно со надлежностите, предлагаме низа мерки и активности. Нивната реализација е неодложна, имајќи ја предвид важноста, фактот дека досегашната локална власт ништо не презеде на ова поле. Проблем: Моментално во општината нема центар за рехабилитација, лекување и социјализација на лицата зависници (дрога и алкохол). Решение: Изградба на центар или обезбедување на простор за потребите на лицата зависници од дрога и алкохол. Проблем: Досегашната локална власт недоволно или воопшто не водеше грижа за младите, потребите и барањата. Оставени надвор од институционална закрила, функционално неангажирани, невработени, неретко се разочаруваат, подлегнуваат на пороци и сѐ почесто размислуваат да го напуштат Ѓорче. За надминување или ублажување на проблемот, во најкраток рок ќе го реализираме следното: Решение: Изработка на локален младински акционен план „Политика за младите во општина Ѓорче Петров 2013-2017“, под закрила на локалната самоуправа. Цел на акциониот план е: Систематско уредување на најважните сфери во животот на младите во нашата општина. Обезбедување простор за читална за студентите со соодветна современа опрема. Локалната самоуправа со донесувањето на овој документ ќе ја покаже својата спремност и решителност на младите им се пружи шанса самите да ги одредат приоритетите, по кои ние во иднина ќе се ориентираме како локална администрација. Локалната самоуправа ќе даде најголема поддршка во остварување на планираните и зацртаните активности во годините на мандатот, како со заедничко залагање да создадеме подобри услови за работа, вработување, за спортот и културноопштествениот живот на младите во нашата општина. 29


ѓорче заслужува повеќе ! Проект: Отворање на Младински инфоцентар (МИЦ) МИЦ ќе има цел информирање на младите активни луѓе во нашата општина, младинските формални и неформални групи за сите релевантни теми. Во рамките на МИЦ ќе функционира следното: • тело за соработка со сите невладините организации; • електронска библиотека со збирка на закони, стратешки документи, акциони планови за млади, публикации и брошури, поврзани со животот на младите; • консултативно-едукативен тим (од разни профили и професии) кој ќе им помага на младите во избор на правилниот пат во животот; • тело за меѓународна соработка на млади; • организација и финансирање Детски и младински хор (оркестар); • организирање Детски културен центар (ДКЦ), за промоција на детското творештво во сите сфери, во просториите на урбаните и месни заедници; • организирање Младински технички центар (МТЦ); • за промоција на техничките вештини на младите и вовед и приближување кон техничките науки и вештини; • во рамките на можностите и интересот, Локалната самоуправа ќе субвенционира купување музички инструменти и опрема за озвучување, за да имаат достап до неа и млади таленти што немаат сопствени финансиски сили за своја лична набавка; • формирање НВО центар. Проект: Ѓорче Петров, општина на социјална сигурност • За невработени мајки 200 ЕВРА и бебе-пакет за секое новороденче; • Општината ќе донира финансиски средства (пари) за сите вработени трудници во износ што ќе ја надополни платата целосно; • Воведување еднократна парична помош од 50 евра за семејствата без ниеден вработен за новогодишните празници; • Донација од 200 евра за секоја новоформирана невработена брачна двојка; • Бесплатна исхрана во сите основни училишта; • Формирање стручен теренски тим што ќе нуди бесплатна медицинска нега на неподвижни и болни лица, постари од 65 години; • Формирање служба за бесплатна достава на лекови на неподвижни и лица постари од 65 години. • Изградба на модерен дом за згрижување и нега на постари лица. • Стимулации за работодавачи кои вработуваат лица со посебни потреби и изградба на пристапни рампи за неподвижни лица во сите јавни институции. • Финансиска и друга помош за започнување на сопствен бизнис, специјално наменета за претставниците на заедницата на Ромите. • Директна помош на Домот за лица со посебни потреби во Волково.

Спорт Проблем: Спортските друштва и поединците од Ѓорче Петров беа некогашна гордост, не само на општината, туку и на Скопје и Македонија. Сега организираниот спорт во општината не постои, сведен е на стихијно и неорганизирано работење. Актуелниот градоначалник нема никакви системски вложувања во спортот. Решение: Возобновување на спортското друштво Ѓорче Петров. 30


ѓорче заслужува повеќе ! Спортското друштво ќе биде составено од претставниците на постојните спортски клубови на територијата на општината, како и други што ќе ги возобновиме во нашиот мандат. Приоритети на клупски план: • професионален фудбалски клуб Македонија Ѓорче Петров (константно член на првата македонска фудбалска лига); • континуирано помагање на фудбалскиот клуб во Волково; • формирање клуб во мал фудбал; • женски ракометен клуб Ѓорче Петров и машки ракометен клуб Ѓорче Петров (постојано член на машката супер лига во ракомет); • машки кошаркарски клуб Ѓорче Петров (во кој ќе влезат сите школи ) и женски кошаркарски клуб Ѓорче Петров; • машки и женски пинг-понг клуб Ѓорче Петров; • возобновување на духот на некогашниот спортски центар „Партизан Ѓорче Петров“ • реорганизирање на кајак-кану клуб Ласта Ѓорче Петров со уредување на просторот, во соработка со Град Скопје • формирање боксерски, кикбокс и комплетен контакт клуб Ѓорче Петров; • директна помош на карате клубовите, со можност за обединување на сите карате школи во единствен карате клуб Ѓорче Петров; • формирање спортско друштво за лица со посебни потреби; • директно и континуирано спонзорирање на традиционалните турнири во мал фудбал, 8-ми Септември во нас. Даме Груев, Ивица Златевски – Цуци во нас. К. Јаболка и Дарко Брњачевски во нас. Волково. Решение: Проект: Формирање совет за спорт во општината (таканаречена спортска академија) Овој совет системски ќе прави анализи за унапредување на масовниот и индивидуалниот спорт во нашата општина со предлагање мерки, програми и акциони планови. Особено ќе има значајна улога во предлагање и усвојување реален и развоен буџет за спортот. Во овој правец од страна на општината и овој совет ќе се изготви правилник со стандарди и нормативи за финансирање на спортските клубови и поединци. Членови на овој совет ќе бидат истакнати наши спортисти, спортски работници, наставници по физичко воспитување, претставници на спортските клубови и други поединци што се вклучени во спортскиот живот. Решение: Проект: План за системски развој на спортот. Новата администрација во општината ќе обезбеди финансиски надомест за сите спортски работници што ќе работат со младински категории. Целта е што поголем број деца да се запишат бесплатно во спортските клубови. Единствено квантитетот раѓа квалитет. Отворање клуб на славните. Место каде што сите поранешни спортисти од општината Ѓорче Петров ќе имаат средби со децата и актуелните спортисти. Ќе разменуваат мислења и искуства. Начинот на финансирање на спортските клубови ќе биде првенствено преку општината, заинтересирани приватни компании, поединци и други извори. • Стимулација со наградување на наставниците по физичко воспитување, за првите три екипи. Награда за најдобриот наставник од една плата плус. За вториот најдобар плус 50% од платата. За третопласираниот плус 30% од плата. За четвртиот 31


ѓорче заслужува повеќе ! плус 15% од плата. За другите стимул од плус 10% од плата, за континуирана работа со млади категории и откривање спортски таленти и нивно насочување во конкретниот спорт. • Организирање летни спортски школи (т.н. училишна олимпијада на општина Ѓорче Петров) на општината во СРЦ Сарај, а за најдобрите 3 училишта од општината организирање летен распуст во некои од туристичките капацитети во Република Македонија. • Доделување стипендии и кредити за школување перспективни млади спортисти по предлог на општинскиот спортски совет, спортските сојузи и клубови Решение: Проект: Изградба и реновирање на спортски објекти • Реновирање на стадионот на ФК Македонија Ѓорче Петров и менување на тревата за да може стадионот да има одлични услови за натпревари; • Обезбедување на простор за навивачката група на ФК Македонија Ѓорче Петров, организиран со фан клуб и простор за продажба на сувенири; • Проект – ТОПЛИ САЛИ, Гасификација (обезбедување со парно или друг алтернативен извор на топлинска енергија) на постојните и функционални спортски сали; • Испитување на можноста за изградба на повеќенаменска спортска сала со капацитет за 3.000 гледачи (ваква сала ќе добие дозвола за најголеми европски турнири и финале во спортовите во сала). • Разгледување на можноста, во Волково/Кучково за изградба на камп за припрема на спортисти, преку изработка на проект со јавно приватно партнерство. • Возобновување на игралиштето отворено меѓу гимназијата во Ѓорче Петров и новонаправената сала. Отворени терени за мал фудбал, кошарка и за тенис.

Култура Проблем: Досега културата во нашата општина беше сведена само на реприза на фолк фест Валандово и на себе промоција на радоначалникот. Младите во нашата општина немаат никаква културна активност, особено музичките групи, културно уметничките друштва и други поединци и групи. Домот на културата Ѓорче Петров (старо кино) не се користи на вистински начин, односно неговите просторни капацитети не се искористени за можноста што ја нуди. Постојната програма на културното лето во Ѓорче Петров долги години е иста и премногу монотона. Решение 1: Проект: Театар (кабаре) во општината Формирање театарско кабаре во Домот на културата во општината Театарот (кабаре) ќе биде воден од познати театарски и филмски актери, со кои е веќе остварен контакт и изразена е подготвеност и желба од нивна страна. Развој на театарската уметност и паралелно формирање секции во основните училишта, кои своите активности ќе ги реализираат во соработка со театарот. Решение 2: Домот на културата Ѓорче Петров ќе биде функционален и достапен за сите заинтересирани граѓани, во насока на што ќе се преземат следните решенија: • Културниот дом во Ѓорче Петров ќе им се издава без надомест за алтернативни театри што ќе ги играат претставите; 32


ѓорче заслужува повеќе ! • Домот на културата ќе се отстапува без надомест за концерти на т.н. андерграунд бендови и алтернативни музички правци, РАП и ХИП-ХОП артисти и групи; • Без надомест ќе се издава за други културни манифестации како изложби на слики, ракотворби, концерти на аматерски игроорни друштва и слично. Решение 3: Проект: Кино во општината Набавка на опрема за филмски проекции и оспособување на Домот на културата во кино сала. Проекција на филмови од сите општествени сфери што првенствено ќе ги користат учениците во училиштата што ќе бидат дел од образовниот процес. Решение 4: Летно кино во паркот (забава за пензионерите и младите) Уредување на нови содржини во паркот, изградба на амфитеатар за претстави, културни настани, организирани катчиња за пензионерите, скејт-парк. Решение 5: Културно лето во Ѓорче Петров Традиционално, првиот викенд во јули, Рап и Хип-Хоп фестивал на отворено во паркот. Традиционално, вториот викенд во јули, алтернативни бендови во паркот. Традиционално, третиот викенд во јули, сабота кон недела, голема журка на отворено во паркот. Традиционално, последниот викенд во јули, настап на колаж од народни песни и изведувачи на народната музика во паркот. Реконструкција на старото училиште во с. Кучково и приспособување во културноедукативен центар за летна настава во природа на учениците од општината и од Град Скопје, паралелно со развој на селски туризам во с. Кучково. Организација на настани од натпреварувачки карактер. Организирање креативни работилници за изработка на творби со техника оригами, изработка на фигури од глинамол, фондан, пластелин, тесто, цртање, сликање... Организирање забави со Златно славејче, Поточиња, Супер ѕвезда и слично. Натпревар за изработка на макети и други дисциплини од областа на техника и сообраќај, воедно и отворање простор во кој децата ќе работат на своите интереси, поврзани со техниката, механиката и со архитектурата. Детски фестивал, поддржан од Општината, кој би се создавал со помош на наставниците и учениците, родителите и стручните лица од општината. Игри без граници. Игроорни групи. Организирање ликовни изложби за денот на општината, како дел од културно лето, ослободување на општината и слично. Организирање хуманитарни акции за деца со здравствени, финансиски и други проблеми под мотото „ОД ДЕЦАТА ЗА ДЕЦАТА“. За сите гореспоменати проекти ќе може да се аплицира за добивање грантови од странски донаторски организации за образование. Решение 6: Регистрирање на Фондација „Ѓорче Петров“ Целта на фондацијата ќе биде континуирана помош на социјално загрозените и ранливи групи во општина Ѓорче Петров под покровителство на општината и бизнис-заедницата во општината.

33


ѓорче заслужува повеќе !

МОЕТО МААЛО Роден сум во Ѓорче, учев во Мирче Ацев, живеам во Даме Груев, играв фудбал на Прогрес, кошарка на насипот во Хром, тренирав кајак на Ласта, а со другарите се капевме на Састав. Ова е Ѓорче, ова е моето маало, сево ова е убавата страна на моето маало. Но Ѓорче има и друга страна, неасфалтирани улици, без канализација, без улично осветлување, без тротоари, без кружен тек на вода, без паркови и зелени површини, со игралишта што зјаат, празни и демолирани, спортски клубови пред распаѓање, безидејност во правец на намалување на невработеноста, без економски развој и капитални инвестиции. Страна што јас и не само јас, туку сите ние млади и прогресивни сили во Ѓорче не можеме и не смееме да дозволиме да биде секојдневие во нашето живеење и творење во иднина. Затоа јас и мојот тим излеговме со народот и посетивме над 10.000 граѓани за изворно да ги слушнеме проблемите со кои соседите и пријателите се соочуваат секојдневно. Ѓорче во кое живееме денес е далеку од Ѓорче што треба и мора да биде идеално место за живеење на нашата генерација и на идните генерации за кои треба и мора да се бориме и создаваме. Иако општинската администрација, која е на власт, во последните 8 години се фали со голем број асфалтирани улици, сепак, овие населени места во 21 век се без асфалтирани патишта, без водовод, без канализација. И додека во градот се градат споменици, скапи плоштади, скапи огради и врби во Вардар, нашите маала немаат основни предуслови за егзистенција. Во изминатиов период слушнавме многу проблеми и идеи од вас граѓаните што ги пренесувавте изворно при нашите непосредни посети и разговори и сакам во мојата програма во „Наше маало“ изворно да ги набројам сите проблеми со кои вие, мои почитувани соседи и пријатели, се соочувате секојдневно.

ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

Изградба на пристапна патека до паркингот на Станбениот објект на ул. „4-ти јули бр. 4. Уредување на паркинзите и изградба на нови паркинг-места, во соработка со Град Скопје, поставување висечки семафор помршу ул. „4 Јули“ и „Банат“, подигање тревни површини. Решавање на проблемот со кучињата скитници. Подобрување на уличното осветлување, средување на тротоарите на главната улица и уредување на влезовите од споредните улици до главната улица. Проблеми по улици: АНГЕЛ ВИНИЧКИ - Доизградба на улицата. ЃУРО САЛАЈ: • Подобрување на осветлувањето; • Поставување нови контејнери; • Асфалтирање на неасфалтираниот дел: • Зголемени мерки за безбедност и намалување на кражбите. ЈОСИФ КОВАЧЕВ - Санација на улицата со крпење на дупките. 35


ѓорче заслужува повеќе ! МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА •Асфалтирање и пробивање на недовршениот дел на улицата; •Средување на проблемот со запушување на канализацијата. ПРОБИШТИПСКА •Асфалтирање на улицата; •Подобрување на уличното осветлување. РАДУШКА • Подобрување на притисокот на водата; • Осветлување на улицата; • Изградба на тротоари. ЦРНОГОРСКА • Асфалтирање на неасфалтираните делови на улицата; • Подобрување на осветлувањето; • Зголемена хигиена. ШИДСКА • Уредување паркинг-просторот кај зградите; • Уредување на парковите околу зградите; • Подобрување на уличното осветлување; • Подобрување на притисокот на вода. ШТРОСМАЕРОВА • Зголемена хигиена и подобрување на уличното осветлување; • Уредување на парковите околу зградите; • Подобрување на уличното осветлување; • Подобрување на притисокот на водата.

ХРОМ

Зголемување на капацитетот на трафостаниците за поголем напон на електричната енергија, во соработка со Град Скопје, уредување на кејот со забавни содржини, зголемување на притисокот на водата, урбанизација на делот на Хром што не е урбанизиран, одржување на хигиената на улиците. Уредување на просторот кај кошот на насип. Уредување на кејот на реката Вардар во соработка со Град Скопје. Проблеми по улици: АЛЕКСАНДАР МАРТУЛКОВ - Редовно одржување на шахтите и канализацијата за отстранување на лошата миризба. БРАЌА ГАЛЕВИ - Асфалтирање и осветлување на улицата. ВОИН ДРАШКОЦИ - Реконструкција на улицата. ИСАИЈА МАЖОВСКИ • Уредување на паркинзите; • Проширување на тротоарите; • Нови енергетски фасади за зградите. 36


ѓорче заслужува повеќе ! РАФАЕЛ БАТИНО • Подобрување на осветлувањето. СТЕВО ФИЛИПОВИЌ • Зголемена хигиена на улицата; • Подобрување на осветлувањето; • Поставување нови контејнери; • Санација на отворената шахта.

МИРЧЕ АЦЕВ

Реконструкција на кровот на ОУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“ со промена на канцерогениот азбестен кров. Изградба на клон на градинката во постојниот објект на ОУ „Димитар Поп Георгиев - Беровски“, уредување на школскиот двор и реконструкција на спортските игралишта. На воената бавча ќе се испита можноста за изградба на голем трговски центар со културни и забавни содржини. Уредување на кејот на Вардар. Проблеми по улици: АЛЕКСО ДЕМНИЕВСКИ • Асфалтирање на улицата; • Отстранување на миризбата од канализацијата; • Отстранување на палењето на сува трева на неурбанизираната парцела и испитување на можноста за изградба на детско игралиште со зелени површини и спортско игралиште (со претходна анализа за сопственоста на парцелата); • Изградба на пристапна патека до ОУ „Димитар Поп Георгиев -Беровски“; • Во соработка со ЈП Комунална хигиена почесто подигање на сметот; • Зголемување на безбедноста поради зачестените кражби. НАУМ ЧАКАРЕВ • Поставување клупи пред зградите; • Уредување на парковите пред зградите; • Катчиња за пензионерите; • Ново детско игралиште. 4-ти ЈУЛИ • Конечно пробивање на улицата и изградба на нови паркинг-места; • Подобрување на притисокот на водата ; • Зголемена безбедност на улицата поради брзо возење; • Поставување на чешма во ОУ Мирче Ацев кај игралиштата. МАКЕДОНСКА ПРЕРОДБА • Пробивање на улицата и нејзино асфалтирање. СОЦИЈАЛИСТИЧКА ЗОРА • Уредување на парковите покрај зградите со подигнување нови зелени површини; • Зголемување на безбедноста со полициски патроли; • Подобрување на притисокот на водата во летниот период; • Подобрување на осветлувањето. 37


ѓорче заслужува повеќе ! МИС СТОН • Изградба на атмосферска канализација; • Реконструкција на улицата; • Подобрување на осветлувањето. ГЕОРГИ КАЗЕПОВ • Поставување семафор кај крстосницата кај Св. Лазар; • Пополнување на големата дупка на паркингот; • Подобрување на уличното осветлување. МАЈСКИ МАНИФЕСТ • Отстранување на миризбата од канализацијата; • Подобрување на уличното осветлување; • Изградба на игралиште. БРАЌА ЧАКРЕВИ • Асфалтирање на улицата; • Менување на искршените улични светилки; • Зголемување на напонот на електричната енергија. СТРУМЈАНИ • Навремено читање на водомерите; • Решавање на бандерите каде што има спој на жици. МЕЧКИН КАМЕН • Тениското игралиште да биде достапно за сите со инструктор за тенис. ЈАДРАНСКА • Регулирање на теснецот на ул. „4-ти Јули“ на двете места; • Подобрување на осветлувањето; • Поправање на почетокот на улицата. ДАМЕ ГРУЕВ Уредување на кејот на реката Лепенец со шеталиште и спортски терени и определување на локација за парк. Преговори со инвеститори за отворање голем супермаркет, за поставување банкомати и за изградба на мал трговски центар. Во соработка со Град Скопје, средување на автобуските постројки и поставување клупи. Испитување на економската оправданост за отворање на мини-пазар. Определување локација за бензинска. Средување на уличното осветлување и редовно одржување. Асфалтирање на сите улици, реконструкција со крпење на дупки по улиците. Обезбедување на уште еден секундарен земјен премин кај пругата. Активно вклучување на општината за помош при легализацијата. Организирање на културно забавен живот, подигање на организациското ниво на Традиционалниот турнир во мал фудбал 8-ми Септември, особено со културно забавна програма. 38


ѓорче заслужува повеќе ! Отстранување на кучињата скитници. Организиран клуб за пензионерите со различни видови општествени активности и игри. Проблеми по улици: АРСО МИЦКОВ • Дислокација на контејнери (проект за подземни контејнери); • Ревидирање на ДУП; • Редовно собирање на сметот; • Регулација на спуштените шахти; • Пополнување на дупките на улицата. БЕРТРАНД РАСЕЛ - Редовно собирање на сметот. ЛУКА ГЕРОВ и краците • Канализација на Лука Геров 5 и 7; • Средување на уличното осветлување; • Асфалтирање на сите краци; • Зголемување на безбедноста на сообраќајот на главната улица; • Подобрување на електричното напојување. ЛУКА ГЕРОВ, ЗГРАДИ • Да се овозможи доградба на зградите со реконструкција на фасадите заради енергетска ефикасност; • Определување локации за подземни контејнери; • Реконструкција на детските игралишта и изградба на нови; • На стара „последна 22-ка“ изградба на кошаркарски терен; • Уредување на парковите околу зградите и поставување клупи и Видиковци за станарите; • Зголемени полициски патроли; • Подигање нови тревни површини; • Реконструкција на осветлувањето и поставување канделабри; • Зголемување на нивото на хигиена; • Намалување на бучавата од околните локали. МОЦАРТОВА • Реконструкција на атмосферската канализација; • Подобрување на уличното осветлување; • Регулирање на паркирањето по улица; • Зголемување на безбедноста и заштита од кражби; • Редовно собирање на сметот во соработка со ЈП Комунална хигиена. ПЕКЛЈАНЕ • Реконструкција на улицата; • Средување на настанатите вирови. ПЕЛИНЦЕ - Ревизија на нацрт - ДУП и новопроектираната улица.

39


ѓорче заслужува повеќе ! ШАРПЛАНИНСКА • Отстранување на миризбата од блиската депонија со нејзина дислокација; • Доизградба на улицата, асфалтирање или поставување на бекатон плочки на пристапните патеки до домовите; • Конечно решавање на водоводот и кружниот тек на водата; • Забрзување на постапката за пробивање и поврзување на улицата со Илинденска во делот на надлежности на општината. ТИРАНСКА - Реконструкција на улицата со средување на дупките. ПЕКЛЈАНЕ краци - Асфалтирање на сите улици. ВОЛЧЕ НАУМЧЕВСКИ - Асфалтирање на улицата. АВСТРАЛИСКА • Пробивање на улицата; • Канализација; • Кружен тек на водата; • Асфалтирање на улицата. БОРИС БОЈАЏИСКИ - Пробивање и доизградба на улицата. ДЕКСИОН Изградба на детски игралишта, реконструкција на постојното спортско игралиште, реконструкција на објектот на Месната заедница. Зголемување на напонот на струјата, уредување на кејот на Вардар, подобрување на притисокот на водата. Одржување на патеката покрај кејот на Вардар. Асфалтирање на улицата под пруга во должина од 50 метри, ВЕДНАШ. Канализација покрај пруга, ВЕДНАШ. Донесување на ДУП и уредување со планска документација на т.н. ПОЛИЦИСКИ БАРАКИ, со претходно испитување на сите урбани и плански можности. Проблеми по улиците: ГОСТИВАРСКА • Асфалтирање на улицата; • Подобрување на уличното осветлување. СМИЛЕВСКА - Регулирање на запуштената шахта. КАДИЊАЧА • Средување на запуштените шахти; • Поголема хигиена со собирање на сметот; • Чистење на улиците; • Подобрување на осветлувањето поради намалување на кражбите. АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ • Средување на депониите и ѓубриштата; • Реконструкција на улицата; • Подобрување на хигиената; • Собирање на сметот; • Подобрување на притисокот на водата. 40


ѓорче заслужува повеќе ! ЖЕДЕНСКА • Подобрување на осветлувањето; • Поголема хигиена. ДРАГОВИТИ • Средување на уличниот одводен канал што не работи; • Отстранување на депонијата. БЕАЗ КУЛЕ • Реконструкција на улицата. • ЦРНОГОРСКА 2, 4, 6, 8 • Асфалтирање на неасфалтираните делови на улиците; • Зголемена безбедност кај пругата; • Фекална канализација; • Тротоари; • Отстранување на депониите. ВОЛКОВО, ВОЛКОВО-ПРЖИНА И КИСЕЛА ЈАБОЛКА • Кружен тек во центарот на Волково; • Спортската сала ќе се користи за рекреативен спорт за сите граѓани; • Асфалтирање на сите улици и изградба на тротоари; • Целосно завршување на фекалната канализација; • Овозможување плаќање на рати преку сметките за водовод и канализација од 200 денари месечно, а во исто време обезбедување приклучок; • Изградба на детски игралишта; • Помош при легализација на дивоградби; • Реконструкција на постојното и поставување ново улично осветлување; • Изградба на тротоар по десниот раб на коловозот накај Орман за безбедно движење на учениците; • Иницијатива до деловните банки за поставување банкомати; • Испитување на можност за изградба на мини пазар; • Зголемување на безбедноста на премините кај пругата; • Реконструкција на водоводната мрежа; • Поставување контејнери; • Изградба на мини паркови и подигање зелени површини; • Подобрување на напојувањето со електрична енергија; • Чистење на сите канали и долови; • Регулирање на кружните текови на водата; • Реконструкција на Месната заедница; • Ревизија на шахтите за отстранување на миризбата; • Чистење на депониите покрај пругата; • Контрола на брзината на движење на возилата; • Испитување на можноста за отворање на голем супермаркет; • Испитување на можноста за изградба на градинка во Волково; • Урбанизирање на Волково со носење на урбанистички планови со маркици за градба; • Премер на улиците и отстранување на оградите што узурпирале дел од улицата; • Развој на индустриските зони за отворање нови работни места; • Намалување на невработеноста; • Отворање на одделение на МВР за поголема безбедност. 41


ѓорче заслужува повеќе ! СТОПАНСКИ ДВОР И НОВО СЕЛО • Доградба на ОУ „Тихомир Милошевски“; • Реконструкција на сите раскопани улици и асфалтирање на неасфалтираните улици; • Помош при легализација на дивоградбите; • Изградба на детско и спортско игралиште; • Отстранување на дивите депонии и грмушките покрај патиштата; • Донесување урбанистички план со маркици за градба; • Реконструкција на патот до црквата со осветлување; • Реконструкција на тротоарите и изградба на нови на веќе постојните улици; • Спортски игралишта кај стар Прогрес што ќе ги користат населбите Ново Село и Даме Груев; • Во Месната заедница ќе има пристап за сите граѓани; • Поставување видиковци за повозрасните и пензионерите; • Спортската сала ќе биде достапна за сите граѓани со однапред утврден распоред; • Зголемување на притисокот на водата, особено во летниот период; • Изградба на инфраструктура до индустриската зона за поголеми инвестиции и отворање нови работни места; • Зголемување на напојувањето со електрична енергија со изградба на трансформатор на нова локација што ќе ги задоволи потребите на растечкиот број домаќинства; • Чистење на каналот и негово повторно оспособување за протекување на водата; • Ќе се доизгради и санира лошо направената канализациска мрежа во Стопански двор. КУЧКОВО • Ревитализација на училиштето и негова пренамена како уметничка колонија и организирани содржини за ученици од цело Скопје за настава во природа; • Пошумување на голините; • Итна реконструкција водоводот и обезбедување бунари за нови резервоари за вода. ОРМАН • Во Орман е неопходно да се осовремени постојната инфраструктура; • Да се изработат проекти за фекална канализација како прва фаза; • Уредување на сретсело; • Поставување клупи, чешми, озеленување и пошумување на голини, согласно со изработен план за пошумување и озеленување на општината; • Помош на земјоделците за искористување на претпристапните фондови од ЕУ и други организации; • Враќање на хидрантите во соработка со ЈП Водовод и канализација; • Асфалтирање на патот од Орман до клучката на обиколницата; • Да се прошири патот од Орман до Волково; • Улиците да се наредат со бекатон плочки.

42


ѓорче заслужува повеќе ! НИКИШТАНИ • Завршување на водоводот заради обезбедување питка вода за пиење до секоја куќа; • Во соработка со ЈСП редовна автобуска линија; • Поголема безбедност во соработка со полициската станица на МВР; • Проект за фекална канализација и поврзување со канализационата мрежа во Орман со можност за препумпна станица, соодветна на капацитетот на канализацијата; • Изградба на трафостаница за зголемување на напонот на струјата; • Изградба на објект за месната заедница со простор за младината; • Изградба на мини стадион и фудбалско школо. ВЕРУВАМ ДЕКА ЌЕ ИЗБЕРЕТЕ ПРОГРЕСИВНОСТ, ЕНЕРГИЧНОСТ, ПОСВЕТЕНОСТ, ЧЕСНОСТ И МЛАДОСТ СО ЕНТУЗИЈАЗАМ, НАМЕСТО СТАРОМОДНОСТ, ИСТРОШЕНОСТ И БЕЗИДЕЈНОСТ. ВИЕ СТЕ НА ПОТЕГ, ВАШИОТ ГЛАС ЗА МЕНЕ И МОЈОТ ТИМ Е ГЛАС, ВЛОЖЕН ВО ИДНИНАТА, ВО МОДЕРНИОТ УРБАН РАЗВОЈ И ВО ВРАЌАЊЕТО НА СПОРТСКИОТ СЈАЈ НА НАШЕТО ЃОРЧЕ. ЃОРЧЕ ЗАСЛУЖУВА ПОВЕЌЕ! ЗА ЃОРЧЕ, ЗАТОА ШТО ТУКА СЕ РОДИВ, ИЗРАСНАВ, СЕ ОБРАЗУВАВ, ТУКА ЖИВЕАМ И РАБОТАМ. ЗА ЃОРЧЕ ЗАТОА ШТО Е ДЕЛ ОД МЕНЕ И ГО САКАМ!



Изборна програма на Александар Наумоски