ИЗБОРНА ПРОГРАМА НА ВМРО-ДПМНЕ 2014-2018
ЗЕМЈА НА СИГУРНОСТА, ПРАВДАТА, СЛОБОДАТА И НА БЕЗБЕДНОСТА РЕФОРМИ ВО СУДСТВОТО Понатамошните реформи во правосудството остануваат врвен приоритет и во новиот мандат на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Со реформските активности што се преземаа во претходниот период се зајакнаа капацитетите на правосудството, се забрзаа судските постапки, се зголеми квалитетот на судските одлуки, се зајакна одговорноста и професионалноста во вршењето на судиската и јавно обвинителската функција, а со воведувањето на информатичката технологијата се зголеми ефикасноста, транспарентноста и јавноста во работата на судовите, што доведе до зголемување на довербата во граѓаните во правосудството.
1. ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АКАДЕМИЈА НА СУДИИ И ЈАВНИ ОБВИНИТЕЛИ Со имплементацијата на Законот за Академија на судии и јавни обвинители се гарантира дека квалитетот и знаењето ќе имаат предност, односно со новите критериуми содржани во Законот се ограничи можноста за влијание при изборот на кандидатите за судии и јавни обвинители. Во таа насока избрана е петтата генерација на кандидати на слушатели на почетна обука, согласно новите критериуми предвидени во Законот. Во наредниот период, во насока на понатамошен развој на процесот на селекција на кандидати во Академијата за судии и јавни обвинители, ќе предложиме изменување и дополнување на Законот за Академија на судии и јавни обвинители, со цел: » Измена на составот на управниот одбор на Академијата, со цел како членови на управниот одбор да бидат назначени судии и јавни обвинители оценети со највисока оценка, кои имаат меѓународно признат сертификат за активно познавање на англискиот јазик (TOEFL, IELTS, TOLES, ILEK) како и психолошки тест и тест за интегритет. » Воспоставување нов модел на правна заштита на кандидатите кои не се примени во Академијата, пред посебна стручна комисија. » Унапредување на програмите за почетна и континуирана обука на судиите и јавните обвинители, со вклучување на стручна правна литература што е во употреба на највисоко рангираните 100 високо образовни установи од областа на правните науки во светот, рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот Џиао Тонг универзитет. » Унапредување на психолошките тестови и тестовите за интегритет согласно најдобрите пракси на земјите членки на ЕУ со акцент на self-assessment - сопствена проценка на квалитетот, вештините и способностите кои ги поседуваат кандидатите за судии и јавни обвинители. » Надградба на модулите за Е-учење и софтверот за Е-учење. » Зајакнување на меѓународната соработка преку вклучување на слушателите на почетната обука и новоизбраните судии и обвинители на едномесечен престој во судовите и обвинителствата на државите во ЕУ, во ЕСЧП и ЕСП. » Уредување на постапката за полагање на приемниот испит во Академија по електронски пат, создавање на електронска база на прашања и база на студии на случај, софтверско избирање на прашањата за секој кандидат по случаен избор, снимање на испитот и следење во живо на веб-страницата на Академијата, како и проверка на способноста за практична примена на законите преку полагање на студија на случај. » Вклучување на стручна правна литература што е во употреба на највисоко рангираните 100 високо образовни установи од областа на правните науки во светот, рангирани на последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при шангајскиот Џиао Тонг универзитет, при создавање на електронска база на прашања и база на студии на случај за полагање на приемниот испит во Академијата.
222