Page 1

1


ВОВЕД Сакаш подетално да се информираш за образование, здравство, вработување или волонтирање? Дознај повеќе за твоите права како потрошувач и дојди полесно до информациите за добивање лични документи. Знаеш ли каде може да се обучиш и да станеш претприемач? Младинските Информативни и Советодавни центри од Прилеп и Кавадарци ИНФО СЕГА, ја креираа оваа брошура за младинско информирање која содржи теми кои ги засегаат најмногу младите, со цел да им се приближи правото да добиваат објективни и квалитетни информации, а воедно и да се информираат за своите основни права како граѓани на Р. Македонија. Брошурата е дел од Националната кампања „Право на младинско информирање – Информирај се СЕГА!“, поддржана од 13 младински организации – партнери од повеќе градови низ Македонија. Оваа брошура е прва од ваков тип изработена од страна на Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци.

CIP - Каталогизација во публикација Национална и универзитетска библиотека ‘‘Св. Климент Охридски,, Скопје 331.548(036)    ИНФОРМИРАЈ се и ти зошто имаш право! / [Мариче Тренеска ... и      др.]. - Прилеп : Коалиција на младински организации СЕГА, 2016. - 24  стр. ; 21 см   Автори: Мариче Тренеска, Билјана Шиклеска, Елена Лазова, Марта       Димитров   ISBN 978-608-4631-10-1 1. Тренеска, Мариче [автор] а) Професионална организација - Кариера - Водичи COBISS.MK-ID 100958218

2


ШТО СОДРЖИ БРОШУРАТА?

1. Образование .................................... 2 1.1 Универзитети во Македонија 1.2 Универзитети во странство

2. Вработување .................................... 5

2.1 Евиденција на невработени и вработени лица 2.2 Претприемништво 2.3 Планирање на проекти

3. Волонтирање ................................... 8 3.1 Европски Волонтерски Сервис

4. Здравство .........................................11 4.1 Здравствена заштита на младите 4.2 Дрога и алкохол 4.3 ХИВ 4.4 Абортус

5. Лични документи ............................ 16 5.1 Лична карта 5.2 Пасош 5.3 Возачка дозвола и возачка книшка 5.4 Изводи од матичните книги 5.5 Уверенија кои ги издава судот

6. Закон и право .................................. 19 6.1 Застапување на граѓаните пред суд 6.2 Бесплатна правна помош 6.3 Патничко осигурување 6.4 Губење/ пронаоѓање предмет 6.5 Права на потрошувачите

3


1.ОБРАЗОВАНИЕ Зошто е важно образованието? Образовниот процес е важен за личниот развој и за добивање квалификации, признаени сертификати и дипломи што се потребни за вработување.

Како е поделено образованието во Македонија? Процесот започнува со основно образование, задолжително за деца со 6 години или кои ќе наполнат 6 години до крајот на календарската година кога се запишуваат во училиштето. Задолжително е и средното образование: средно гимназиско (во времетраење од 4 години) и стручно образование (во времетраење од 3 или 4 години). Насоки на стручно образование: земјоделско - ветеринарна струка, шумарско дрвопреработувачка струка, геолошко - рударска и металуршка струка, машинска струка, електротехничка струка, хемиско - технолошка струка, текстилно - кожарска струка, графичка струка, градежно - геодетска струка, сообраќајна струка, угостителско - туристичка струка, економско - правна и трговска струка, здравствена струка, спортска гимназија, уметничко образование. Високото образование е незадолжително и е поделено на додипломски, постипломски (магистерски) и докторски студии.

Дали е неопходна диплома од високо образование за да се конкурира за работа? По завршувањето на средното образование се полага државна матура и се добива диплома за продолжување на образовниот процес во високо- образовни институции. Матурантот може да избере да полага завршен испит (училишна матура), и да добие сертификат за влез во пазарот на трудот.

4


1.1 Универзитети во Македонија На кои универзитети може да се продолжи образованието во Македонија? Во Македонија има 5 државни универзитети: Универзитет св.”Кирил и Методиј” www.ukim.edu.mk Универзитет св.”Климент Охридски” www.uklo.edu.mk Универзитет “Гоце Делчев” www.ugd.edu.mk/index.php/en Универзитет за информатички науки и технологии св. ”Апостол Павле” www.uist.edu.mk Државен Универзитет Тетово www.unite.edu.mk и 10 приватни високообразовни установи: Универзитет “ФОН” www.fon.edu.mk/?ln=mk Европски Универзитет www.eurm.edu.mk Универзитет на Југоисточна Европа www.seeu.edu.mk/mk Универзитет за туризам и менаџмент www.utms.edu.mk Универзитет Американ Колеџ www.uacs.edu.mk Универзитет “МИТ” www.mit.edu.mk Универзитет на аудиовизуелни уметности “ЕСРА” www.esra.com.mk Меѓународен Универзитет Струга www.eust.edu.mk/splash.php

5


Меѓународен Славјански Универзитет http://msu.edu.mkt Меѓународен Балкански Универзитет www.ibu.edu.mk Крајот на високото образование резултира со полагање на завршен испит и добивање диплома во однос на завршениот степен на образование.

1.1 Универзитети во странство Како може да се добијат информации за универзитети во странство? Ранг листи на универзитетите низ светот може да најдете на www.shanghairanking.com. Овој интернет портал нуди информации за универзитетите во светот рангирани од Шангајскиот универзитет.

Каде може да се информирам за тековни стипендии на универзитети во странство? Информации за стипендии на универзитети во странство може да се најдат на следните интернет портали: www.infosega.org.mk www.fakulteti.mk www.ams.gov.mk www.mladiinfo.eu

Дали може да се добијат информации за студирање во странство на македонските универзитети? Македонските универзитети може да понудат информации за универзитетите со кои имаат воспоставено меѓународна тсоработка. Преку нив студентите може да се информираат и за студенски размени. Информации за тоа со кои универзитети имаат меѓународна соработка може да се најдат и на нивните веб страни.

6


2.ВРАБОТУВАЊЕ 2.1 Евиденција на невработени и вработени лица Кој ги евидентира невработените и вработените лица? Евиденција за вработените и невработните лица врши Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРМ). Лицата што не се вработени, потребно е да се евидентираат заради добивање на услугите кои ги нуди Агенцијата.

Што е потребно за лице што не е во работен однос да се евидентира во АВРМ? Секое невработено лице се воведува во евиденција на центарот за вработување на чие подрачје има постојано место на живеење врз основа на своерачно потпишан образец – Пријава за воведување во регистар. Лицето е потребно да понесе и лична карта и Диплома или свидетелство за завршено образование на увид.

Кои се правата и обврските на невработеното лице евидентирано во АВРМ? Лицата кои активно бараат работа или остваруваат право на паричен надоместок поребно е да се јавуваат во Агенцијата редовно, на секои 30 дена. Други лица кои се евидентирани како невработени се јавуваат на секои 6 месеци. Правото на здравствено осигурување, невработеното лице го остварува преку Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Како да се дојде до информации за вработување? За условите и програмите на Агенцијата, граѓаните може да се информираат на на интернет страната на АВРМ. www.avrm.gov.mk Огласите за вработување од државниот и приватниот сектор се достапни на следните интернет страни: www.vrabotuvanje.com.mk www.najdirabota.mk www.dobrarabota.mk 7


www.vraboti.se www.fakulteti.mk www.infosega.org.mk http://prijava.aa.mk/

2.2 Претприемништво Што претставува претприемништвото? Претприемништвото претставува процес во кој се задоволуваат незадоволените потреби и проблеми на пазарот преку користење на ресурси од страна на еден претприемач со цел остварување на профит.

Зошто е важно претприемништвото? Во наши услови, кога економијата не е во најдобра форма и кога големите претпријатија или веќе не постојат или се разделени на повеќе помали компании во приватна сопственост, претприемништвото и претприемничкото однесување на поединците претставуваат клучен фактор за постигнување на економски развој и благосостојба како и намалување на невработеноста. Повеќе информации за претприемништвото како и следење на можности за обуки и личен развој ќе најдете на следните веб страни: Фондација Претприемачки Сервис за Млади (ПСМ) www.yes.org.mk Претприемништво е- учење www.pretpriemac.mk Национален совет за претприемништво и конкурентност www.necc.mk Сојуз на стопански комори на Македонија www.chamber.mk Агенција за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk Стратегија зa претприемачко учење во Република Македонија 2014-2020 г. на Министерството за образование и наука www.mon.gov.mk Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија www.apprm.gov.mk Министерство за економија www.konkurentnost.mk 8


2.3 Планирање на проекти Што е проект? Проект е определена задача која има определени почетни и завршни датуми и која се презема за да се создаде уникатен продукт или услуга кој придонесува за позитивна промена или додадена вредност.

Пишување на проекти Јасното и темелно пишување на проекти е од суштинско значење за прибирање на средства, особено за невладиниот сектор. Совладувањето на уметноста за пишување на предлог- проекти бара единствен пристап кон управување со проекти. Целиот процес на развивање на проекти според ЕУ стандарди е познат како Project Cycle Management - PCM.  

Што е раководење/управување со проекти? Раководењето (или управување) со проекти е дисциплина на планирање, организирање и  управување  со ресурсите што допринесува за успешно исполнување на специфични проектни цели. Главниот предизвик на раководењето со проекти е реализација на поставените проектни цели  во однос на проектните ограничувања,како што се опфатот, времето и буџетот.  Повеќе информации за пишување и раководење со проекти ќе најдете на следните линкови: Техничка поддршка на граѓански организации www.tacso.org Центар за неформално образование www.triagolnik.org.mk Youth Portal Macedonia http://youthportal.infosega.org.mk/ Коалиција на младински организации СЕГА www.sega.org.mk Девелопмент Солушнс (ДеСо) www.deso.mk COSMO Иновативен центар www.cosmoinnovate.com.mk БАСМЕ професионален менаџмент консалтинг www.basme.com.mk 9


3.ВОЛОНТИРАЊЕ Што е волонтерство, и кој има право да организира волонтерска работа? Волонтерството е доброволно давање на лични услуги, знаења и вештини и/или вршење на други активности во корист на други лица, органи, организации, и институции, без надоместок. Волонтерска работа може да биде организирана од здруженија на граѓани и фондација, верска заедница или религиозна група, јавна установа и орган на државна власт.

Кој може да биде волонтер? Волонтер може да биде секое домашно и странско физичко лице, како и лице без навршени 18 години, со писмена согласност од родител или старател. Државјанин на РМ може да волонтира во други држави, согласно прописите на странската држава и меѓународни договори. Странски лица пак, може да волонтираат во Македонија, со согласност од Министерството за труд и социјална политика, притоа со регулиран престој во државата. Закон за волонтерство во Република Македонија.

Какви права има волонтерот? Лицето кое волонтира треба писмено да се извести за правата кои следуваат со волонтерската работа. Волонтерот има право на дневен одмор, надоместок за трошоци за храна, превоз, обуки, заштита при работа и слично.

Кои се обврските на волонтерот? Волонтерот има обврска да ги дава договорените волонтерски услуги, да го извести организаторот за болест или друга пречка да ги врши услугите, да учествува во обуки и слично.

10


Кои се обврските на организаторот? Организаторот треба да обезбеди услови, материјали и средства за вршење на волонтерската работа, да издаде волонтерска книшка, како и исплата на однапред договорени трошоци.

3.1 Што е Европски Волонтерски Сервис (ЕВС)? ЕВС како дел од програмата „Еразмус+“ (2014/2020) од Европската Унија, има за цел да поддржи учество на млади во непрофитни и волонтерски активности во странство. ЕВС нуди можност зa стекнување на волонтерско искуство во земјите на ЕУ, нови способности и пријатели како и можност како волонтер да се придонесе за развој на локалните заедници.

Што значи да се биде волонтер во странство? Да се волонтира во странство значи да се работи на интересен проект по избор на волонтерите, при што не следува плата, но се обезбедува месечен надомест за трошоците за живеење: сместување, храна, превоз, здравствено осигурување и џепарлак, кои се покриваат од програмата „Еразмус+“ од Европската Комисија. Со волонтирањето во странство следува и бесплатен јазичен курс кој ќе помогне во работата и престојот во државата која е избрана за дестинација.

Кој може да волонтира во странство? Сите млади луѓе од Европа на возраст од 18-30 години без разлика на нивната културна, социјална, образовна или економска позадина.

Колку време трае волонтерската работа? Волонтерот може да учествува само во една ЕВС активност. Волонтери со помали можности може да земат учество на повеќе проекти, под услов вкупното времетраење на периодите волонтирање да не е подолго од 12 месеци. Проектот може да трае од 2 месеци до 12 месеци за поединци, од 2 седмици до 12 месеци за група волонтери (2-30 волонтери) и од 2 седмици до 2 месеца за млади кои се соочуваат со одредени пречки и тешкотии. 11


Кои се бенифициите и добивките од волонтирање? ЕВС волонтерството нуди можност за патување во светот, запознавање на нова култура и учење на нов јазик, стекнување на искуство од областа на која работите (уметност и култура, сппорт, социјална работа, здравствена заштита, животна средина и сл.), збогатување на резимето, ширење на мрежата на социјални контакти и идни можности, а претставува и одлична можност да се придонесе за развој на заедницата како млад амбасадор на Македонија во друга земја.

Што е потребно за да се стане волонтер во странство? Контактирајте некоја од акредитираните организации во Македонија прикажани на следниот линк: www.europa.eu/youth/volunteering/evs-organisation_en доколку размислувате за можноста да волонтирате во странство. Тие ќе Ви објаснат како функционира ЕВС програмата, ќе Ви помогнат при наоѓање на проект, ќе дадат дополнителни информации и ќе преземат одговорност да бидат организација – испраќач.

Како да се најде организација – домаќин? За проекти што одговараат на Вашите интереси информирајте се на: www.europa.eu/youth/volunteering/project_en Исто така можете да пребарате слободни ЕВС позиции на: www.europa.eu/youth/EU/voluntary-activities/european-voluntary-service Истото може да го направите и заеднички со акредитираната организација.

Што е потребно за да се аплицира за ЕВС волонтерство? Формалностите за апликација траат неколку месеци. Откако волонтерот, организацијата испраќач и организацијата домаќин се согласни околу позицијата и другите детали, 12


двете организации ја доставуваат апликацијата до соодветна Национална Агенција. Доколку апликацијата е прифатена, се оддобрува грант за покривање на трошоците за патување, здравствено осигурување, храна, сместување и џепарлак. Со ЕВС волонтерството не следува плата, но се покриваат само основните потреби.

Дали постојат дополнителни услови кои треба да се исполнуваат пред заминување во странство? За ЕВС волонтерството, задолжително е секоја акредитирана организација да организира обука за ЕВС волонтерите пред заминување.

4.ЗДРАВСТВО 4.1 Здравствена заштита на младите Кој има право на здравствена заштита? Секој државјанин на РМ има право на здравствена заштита без да биде дискриминиран по било кој основ и може да се лекува во државни и приватни здравствени установи, на примарно, секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита.

Што е примарна здравствена заштита? Во примарна здравствена заштита се вбројуваат услугите од физијатри, медицински сестри, практиканти и други здравствени работници кои имаат контакт со пациентот кому му е потребен третман или медицинска помош. Овде се вклучени акутните и хронините болести, превентивната нега и здравственото образование.

Што е секундарна здравствена заштита? Услугите овозможени од специјалисти, клиники, локални и општи болници препратени од примарната здравствена заштита, вклучително амбулантна или интензивна нега, хируршки услуги, физикална терапија, дијагностичка лабораторија итн. Ја претставуваат секундарната здравствена заштита. 13


Што е терцијарна здравствена заштита? Услугите за терцијарната здравствена заштита ја овозможуваат специјални болници или регионални центри кои се опремени со дијагностичка опрема која не е достапна во локалните болници. Овде вклучуваме центри за траума, центри за третман на изгореници, трансплантација на органи, бременост со висока ризичност, радијација, онкологија итн.

Зошто е важен матичниот лекар? Матичниот лекар е должен да го следи здравјето на осигуреното лице и да му укажува на чекорите кои треба да се преземат во текот на лекувањето.

Како се избира матичен лекар? Изборот на матичен лекар се врши со пополнување на изјава за избор на лекар ИЛ-1 (Пријава за избор – Промена на лекар). Изјавата се пополнува во два примероци од кои едниот останува во здравствениот картон на осигуреното лице кај избраниот лекар, а другиот избраниот лекар го доставува до подрачната служба на Фондот за здравствено осигурување, заради евиденција.

Кои се придобивките на осигурениците при плаќање на здравствените услуги и лекови? Здравствените осигуреници плаќаат делумно, во износ од најмалку 20 % од цената на здравствената услуга или лекот. Доколку лекот кој е препишан од лекар не е на позитивната листа на лекови, се плаќа целиот износ. Цената за одобрено лекување во странство е 20% од вкупниот износ, а цената за ортопедски и други помагала и санитетски средства е со 50% учество од вкупната цена.

Во кои случај има ослободување од плаќање на учество кај матичен лекар? Покрај при лекарски прегледи кај избраниот матичен лекар, ослободување од плаќање на учество (партиципација) има и при: итна медицинска помош на повик, кај деца со посебни потреби, корисници на постојана парична помош, лица сместени во установи за социјална заштита и други семејства, освен за лекови од позитивната листа на лекови 14


и лекување во странство, осигуреници кои платиле износ повисок од 70% од просечната плата во РМ во претходната година, освен за лековите и лекување во странство, лица до 18 години кои имаат потреба од определени ортопедски помагала, лица опфатени со програмите на Владата. Регулирано со закон за здравствена заштита во Р. Македонија. Поважни интернет адреси и контакти од државни здравствени установи во Р. Македонија: Министерство за здравство www.zdravstvo.gov.mk Здравствени домови www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zdravstveni-domovi Универзитетски клиники www.zdravstvo.gov.mk/adresi-univerzitetski-kliniki Клинички болници www.zdravstvo.gov.mk/turkhan Општи болници www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-opshti-bolnici Специјални болници www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-specijalni-bolnici Заводи www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-zavodi Институти www.zdravstvo.gov.mk/adresi-na-instituti Брза помош: 194 Поважни приватни здравствени установи: Прва приватна општа болница – Ремедика www.remedika.com.mk Клиничка болница Аџибадем Систина www.acibademsistina.mk Специјална болница по хируршки болести Филип Втори www.cardiosurgery.com.mk Поликлиника НЕУРОМЕДИКА www.neuromedica.com.mk Европска очна болница www.eeh.mk

15


4.2 Дрога и алкохол Каде може да се обратат за помош зависниците од алхохол и дрога? Во Република Македонија има неколку центри и советувалишта за информирање и лекување на зависници од дрога и алкохол: “Нарконон Балкан” с. Конопиште, Кавадарци www.narcononbalcan.org/home Здружение на клубови на лекувани алкохоличари “Алкомак” – Скопје www.alkomak.mk “Сојуз за превенција од алкохол, никотин и наркоманија” – Битола www.healthgrouper.com/mk/profile/sojuzprevencija Здружение за рехабилитација, ресоцијализација и превенција од алкохол, дрога, тутун, таблети и друго “ЗДРАВ ЖИВОТ“ – Скопје www.zdravzivot.org.mk

4.3 Што е ХИВ? ХИВ претставува кратенка од англискиот поим за вирусот причинител на имунитетски недостаток кај човекот. Вирусот го напаѓа имунолошкиот систем кај човекот и неговиот организам не е способен да се бори со болести. Инфекцијата со ХИВ води кон СИДА. Сепак, вирусот може да постои долго време, а лицето да не е заболено од СИДА.

Каде се врши тестирање за ХИВ во Македонија? Тестирање од можна инфекција со вирусот се врши во: Клиника за инфективни болести и фебрилни состојбиСкопје www.infektivnaklinika.mk Републички завод за здравствена заштита РЗЗЗ-Скопје www.unet.com.mk/rzzz/index_m.htm Централна биохемиска лабораторија на Медицинскиот факултет-Скопје www.medf.ukim.edu.mk/tmp_index.php Регионални Заводи за Здравствена Зашитита низ Републиката.

16


4.4 Што е абортус? Абортус претставува актот на прекинување на бременоста за која слободно одлучува бремената жена. Правото може да се ограничи само заради зашита на здравјето и животот на жената.

Кои се условите под кои може да се врши прекинување на бременоста? Заради заштита на здравјето на бремената жена, абортус може да се изврши до истекувањето на десет недели од денот на зачнувањето, со нејзина писмена согласност. Ако се работи за малолетно лице или жена лишена од деловна способност, прекинувањето на бременоста може да се изврши до истекување на десет недели од денот на зачнување со писмена согласност од родител / старател на бремената жена. Прекинување на бременоста не може да се изврши пред истекот на десет недели од денот на зачнување ако тоа е штетно за здравјето на жената, и ако не поминала една година од претходно прекинување на бременост.

Која е постапката за оддобрување и извршување на абортус? Постапката за оддобрување и извршување на прекинување на бременоста е утврдена со Закон за прекинување на бременост објавен на следната интернет адреса: www.zdravstvo.gov.mk/zakon-za-prekinuvanje-na-bremenosta

17


5.ЛИЧНИ ДОКУМЕНТИ 5.1 Што претставува личната карта? Личната карта е јавна исправа со која се докажува идентитетот, државјанството, живеалиштето и адресата на граѓанинот на Република Македонија.

Кој ја издава личната карта и што е потребно за нејзино издавање? Личната карта ја издава Министерството за внатрешни работи, со поднесување на барање за издавање на лична карта лично од страна на граѓанинот во подрачјето во кое граѓанинот има живеалиште. Освен барањето за издавање лична карта на пропишан образец, потребно е да се приложи извод од матична книга на родени (доколку се вади лична карта прв пат), лична карта чиј рок е истечен, оштетената лична карта, дотраена лична карта што не може да служи за намената или друга лична исправа за утврдување на идентитетот, уплатница од 190 денари.

Што треба да се направи во случај да се загуби личната карта, кога треба да се промени истата, и дали се казнува злоупотребата на овој документ? Министерството за внатрешни работи предвидува мерки во случај да се загуби личната карта, постапки за менување на постоечката при исполнување на некој од наведените услови, како и парична казна при злоупотреба на документот. За истите секој граѓанин може да се информира на следната интернет адреса од Министерството: www.mvr.gov.mk/upravni-rab/10

5.2 Што претставува пасошот? Пасошот е електронска исправа за лична идентификација која му се издава на државјанин на Република Македонија заради патување и престој во странство, како и за враќање во земјата.

18


Кој го издава пасошот и што е потребно за негово издавање? Пасошот го издава Министерството за внатрешни работи. Потребни документи за издавање на патна исправа се: барање за издавање, лична карта или друга јавна исправа од која може да се утврди идентитетот на подносителот, уплатница на жиро сметка во износ од 1.500,00 денари за  образецот на пасошот, уплата за административна такса од 100,00 денари – за лица до 4 години, уплата за административна такса од 200,00 денари – за лица од 4 до 27 години, уплата за административна такса од 300,00 денари – за лица над 27 години.

Колку време трае процедурата за издавање на пасош? Редовната постапка за издавање на трае најмногу 15 дена од денот на побарувањето. Ако барателот побара пасошот да се издаде во итна постапка, истиот се изготвува во рок од 48 часа од денот на побарувањето. Цената на образецот за итен пасош се зголемува три пати во однос на редовната цена на образецот за пасошот. Обрасците можете да ги најдете на : www.uslugi.gov.mk www.mvr.gov.mk

5.3 Што претставува возачката дозвола? Возачка дозвола е јавна исправа што ја издава МВР, со која се докажува правото на управување со одредени категории или подкатегории на возила.

Што е потребно за издавање на возачка дозвола? За издавање на возачка дозвола потребна е важечка лична карта на увид, лекарско уверение, уверение за положен возачки испит, уплатница од 280 денари и уплатница од 110 денари за администартивна такса.

Што е возачка книшка и што е потребно за нејзино издавање? Со барањето за возачка дозвола задолжително се поднесува и пријавата за издавање на возачка книшка. 19


Возачка книшка е јавна исправа што ја издава МВР, во која се запишуваат негативни бодови во прекршочната постапка што се води за прекршоци во областа на сообраќајот на патиштата. Потребни документи за издавање на возачка книшка се: пријава, уплатница од 100 денари, фотокопија од лична карта и 2 фотографии до димензија 3,5 X 4,5 см.

5.4 Што се запишува во матичните книги на родени, венчани и умрени? Во овие матични книги се врши евиденција на личните податоци на граѓаните, податоци за брачната заедница или податоци за смртта или прогласување на лицето за умрено. Податоците се утврдени со Законот за матична евиденција достапен на: www.uvmk.gov.mk

Што е потребно за да се упише новороденче во матичната книга на родени и за издавање на извод? Зависно од тоа дали новороденчето е родено во брачна или вонбрачна заедница, новите родители може подетално да се запознаат со условите за упис во матична книга, како и издавање на извод на следната интернет адреса: www.uvmk.gov.mk/?q=node/43 .

Како се пријавува брак и што е потребно за издавање на извод од матичната книга на венчани? Условите за склучувањето на брак и издавање извод од матичната книга на венчаните подетално е опишана на следната интернет адреса од Министерството за правда: www.uvmk.gov.mk/?q=node/41

Што е потребно за да се пријави дека одредено лице починало? Во матичната книга на умрените се води евиденција на податоци за смртта на лицата кои се пријавени како умрени. Описот на потребната документација за да се пријави дека одредено лице е починато е достапен на следната интернет адреса од Министерството за правда: www.uvmk.gov.mk/?q=node/44 20


5.5 Кои уверенија ги издава судот? Судот како надлежен орган издава уверенија за потребите на граѓаните во судовите според подрачјето на живеење. За видот на уверенијата и потврдите, како и за постапката за нивно добивање секој граѓанин може да се информира на следната интернет адреса: www.akademik.mk/category/dokumenti/lichni-dokumenti /07-dokumenti-od-sud

6. ЗАКОН И ПРАВО 6.1 Кој може да ги застапува граѓаните на суд? Во граѓанска постапка деловно способните странки можат да преземаат дејствија во постапката лично или преку полномошници. Полномошник на странката може да биде: - адвокат, - лице дипломиран правник кое со странката е во работен однос и - роднина по крв во права линија, брат, сестра или брачен другар, доколку е потполно деловно способен. Ова е утврдено со Закон за парнична постапка. Во кривична постапка бранител може да биде само адвокат. Доколку обвинетиот не земе бранител, а се работи за кривично дело за кое е пропишана задолжителна одбрана претседателот на судот ќе му постави бранител по службена должност за натамошниот тек на кривичната постапка до правосилноста на пресудата. Кога не постојат услови за задолжителна одбрана, ако според својата имотна состојба не може да ги поднесува трошоците на одбраната, на обвинетиот може по негово барање да му се постави бранител, кога тоа го бараат интересите на правдата, а особено тежината на кривичното дело и сложеноста на случајот. Во барањето обвинетиот може самиот да посочи определен адвокат за бранител од листата на адвокати од соодветната адвокатска заедница.

21


6.2 Што е право на бесплатна правна помош и кој има право да ја користи? Одредени категории на граѓани имаат право на бесплатна правна помош што значи бесплатно користење на адвокатски услуги. Право на бесплатна правна помош имаат лица, државјаните на Република Македонија, на кои вкупните приходи на сите членови на нивното семејство не го преминуваат износот од 50% од просечната месечна плата исплатена во Република Македонија за претходниот месец во времето на поднесување на барањето за бесплатна правна помош, лица корисници на социјална помош, инвалидски додаток, корисници на најниска пензија кои живеат во семејна заедница со две или повеќе лица издржувани од него, семејства или самохран родител со едно или повеќе малолетни деца кои остваруваат право на детски додаток и други лица утврдени со Законот за бесплатна правна помош.

Во кој случај може да се поднесе барање за бесплатна правна помош? Барањето за правната помош може да се поднесе доколку се работи за судска или управна постапка од областа на социјалното, здравственото, пензиското или инвалидското осигурување, работните односи, заштитата на деца и малолетници, жртвите на семејното насилство, заштитата на жртвите од казниви дела, заштитата на жртвите од трговија со луѓе, признавање на право на азил и имотноправните прашања.

Кој е одговорен за оддобрување на барањата за бесплатна правна помош? Барањето за бесплатна правна помош, барателот го поднесува до надлежното подрачно одделение на Министерството за правда, лично или преку пошта, на образец чија содржина ја пропишува министерот. Средствата за одобрување на бесплатната правна помош се обезбедуваат од Буџетот на Министерството за правда.

22


6.3 Патничкото осигурување Зошто е потребно патничкото осигурување при патување во странство? Со склучување договор за патничко осигурување, договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот се заштитува од ризик кој може да настане на патување надвор од постојаното место на живеење на договорувачот/ осигуреникот.

Што се покрива со патничкото осигурување при патување во странство? Осигурителната компанија каде патникот ќе купи патничко осигурување им ги обезбедува следните услуги и покритиа при патување и престој во странство во зависност од типот на осигурителната полиса: здравствена помош и осигурување, осигурување од незгода, осигурување на багаж и замена на патните документи, помош при патување и осигурување.

6.4 Како треба да се постапи во случај да се изгуби или пронајде предмет? Сопственоста над предметот кој сопственикот го изгубил или му е украден не престанува, па наоѓачот е должен без одлагање да му го предаде на оној што ја загубил, односно на сопственикот, ако според знаците на предметот или од други околности може да сознае за него и ако е лесно достапен. Наоѓачот кој пронајдениот предмет не го вратил на оној што ја изгубил, односно на неговиот сопственик, должен е без одлагање лично да го предаде на надлежната служба на чие подрачје е најден предметот или преку лицето во чии простории (превозно или слично средство) го нашол, а кое во името на наоѓачот ќе го предаде на надлежната служба. Наоѓачот не е должен да го предаде предметот на надлежната служба единствено ако неговата вредност според општо уверување е занемарлива. Ова, како и други одредби за губење / пронаоѓање на предмети се утврдени со Законот за сопственост и други стварни права.

23


6.5 Кои се потрошувачи и какви се обврските на давателите на услугите / продавачите? Според Законот за заштита на потрошувачите- потрошувач е секое физичко или правно лице кое купува производи или користи услуги за непосредна сопствена потрошувачка за цели кои не се наменети за вршење на неговото занимање или за други деловни дејности. Продавачот е должен пред склучувањето на договорот за продажба совесно и чесно на потрошувачот да му даде точни и корисни информации во врска со квалитетот, карактеристиките на производот или услугата и во врска со условите за продажба, како и сите други информации побарани од потрошувачот содржани во декларацијата на производот. Трговецот мора на јасен, видлив, читлив и недвосмислен начин да ја истакне продажната цена на производите и услугите, односно на продажното место на кое се изложени производите, на производите во рефусна состојба, на услугите кои ги дава и на резервните делови кои ги продава.

Кои други права ги има потрошувачот? Потрошувачот на кого му е продаден производ со недостаток има право да бара бесплатно отстранување на недостатоците на производот, надомест на трошоците направени за тоа, сразмерно намалување на продажната цена или замена на производот со друг соодветен производ. Ова е утврдено со Законот за заштита на потрошувачите.

24


ПАРТНЕРИ ЕВРОПСКА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ЛОКАЛНА ДЕМОКРАТИЈА - АЛДА Скопје Адреса: бул. Партизански одреди, 43б/5                Телефон: +389 2 609 1060 e-mail:  aldaskopje@aldaintranet.org web: www.alda-europe.eu/newSite/ ВОЛОНТЕРСКИ ЦЕНТАР Скопје Адреса: ул. Емил Зола 3/2-3, Скопје                         Телефон:  +389  2 277 20 95                                     e-mail:  vcs_contact@yahoo.com  web:www.vcs.org.mk/ МЛАДИ ИНФО МАКЕДОНИЈА Адреса: Филип Филиповиќ 22, Скопје               Телефон: +389 2 520 98 90 e-mail: info@mladiinfo.com  web: www.macedonia.mladiinfo.eu/ МЛАДИНСКИ СОВЕТ Прилеп Адреса:  ул. Питу Гули1 , Прилеп                                 Телефон: +389 48 523 390 e-mail:  andrej.gabroski@ycp.org.mk web: www.ycp.org.mk/ ИМКА Битола                                                                                           Адреса:  ул.Васко Карангелевски РЕМО 1/3/42, Битола                                Телефон: +389 47 529 366, +389 70 594 341 e-mail:  contact@ymcabitola.org.mk web: www.ymcabitola.org.mk СФЕРА Битола                                                                                                                                            Адреса: Солунска 239, Битола                                      e-mail:  sferabt@gmail.com                  web: www.voluntarysfera.org ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИ Свети Николе Адреса:  ул.Ленинова број v1-1/4, П.Фах 13 Свети Николе                                         Телефон: +389 32 444 620 e-mail:  womsvetinikole@yahoo.com  web: www.womsvetinikole.org.mk/ 25


ЗДРУЖЕНИЕ ЗА СОРАБОТКА И ЗАЈАКНУВАЊЕ НА МЛАДИ Кавадарци               e-mail:  contact@ace-ngo.org  web: www.ace-ngo.org ПЕД ЗАКАМЕН Струга Адреса: Јабланица Струга                             Телефон: +389 78 478 065 +389 78 217 597 e-mail:  kontakt@zakamen.org.mk  web: www.zakamen.org.mk/novosti ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА И РАЗВОЈ Теарце, Тетово Адреса: Зграда на старото училиште, Теарце                                                                                       Телефон: +389 70 838 148 e-mail:  info@ced.org.mk  web: www.ced.org.mk ХЕПАР ЦЕНТАР Битола                                    e-mail:  heparcentarbitola@gmail.com fb: www.facebook.com/hepar.centar

ПОДДРЖУВАЧИ АГЕНЦИЈА ЗА МЛАДИ И СПОРТ Адреса: ул. Македонија бр.38 (Палата Панко Брашнаров) 1000 Скопје телефон: 02/3119 628 факс: 02/3117 693 e-mail : contact@ams.gov.mk web: www.ams.gov.mk/ КАНЦЕЛАРИЈА НА ДЕЦЕНТРАЛИЗИРАНАТА СОРАБОТКА ВО МАКЕДОНИЈА Булевар Партизански Одреди, 15a 2/2 1000 Скопје, Македонија Tél : 00 389 2 6091 060 bn-mk@aldaintranet.org

26


ЗА ИНФО СЕГА ИНФО СЕГА Прилеп е отворен на 30 мај 2010 година и е проект на Коалиција на Младински организации СЕГА, a истиот е финансиран и поддржан од Агенција за Млади и Спорт на Република Македонија и Локалната Самоуправа Прилеп. ИНФО СЕГА Кавадарци е отворен на 19 август 2015 година со поддршка на Програмата за децентрализирана соработка меѓу Регионот Долна Нормандија и Македонија, Општина Кавадарци и Коалиција СЕГА. Младинските Информативни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци нудат информации и услуги за млади и младински организации, работејќи по принципите на ERYICA (Европската агенција за младинско информирање) и Европската повелба за младинско информирање.

УСЛУГИ младинско информирање вработување, cv , мотивационо писмо волонтирање, EVS стипендии, образование семинари, обуки, конференции изнајмување на простор за работилници бесплатни курсеви по странски јазици

КАНЦЕЛАРИИ ИНФО СЕГА Прилеп Работно време: 09.00 -16.00 ч. ул: Питу Гули бр. 06 7500 Прилеп Телефон: 048 529 486 Мобилен: 070 308 746 Email: marice@infosega.org.mk biljana@infosega.org.mk infosega@infosega.org.mk

http://prilep.infosega.org.mk

ИНФО СЕГА Кавадарци Работно време: 09.00 -16.00 ч. Ул: Ресавска бр. 04 1430 Кавадарци Телефон: 043 522 225 Мобилен: 078 281 471 Email: elena@infosega.org.mk marta@infosega.org.mk infosega@infosega.org.mk

ДИЗАЈН : Јоан Шумахер, email: yoan.schumacher@gmail.com

27


28

ИНФОРМИРАЈ СЕ И ТИ, ЗАТОА ШТО ИМАШ ПРАВО!  

Младинските информативни и советодавни центри ИНФО СЕГА од Прилеп и Кавадарци, изготвија брошура за младинско информирање во која опфатија т...

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you