Page 1

ПРАВИЛА И ПРОПИСИ 1. Кој може да игра Турнирот е отворен за сите играчи на возраст од 13 до 16 години ( генерација 1996-1999)

2. Број на играчи Секој тим мора да се пријави со минимум 4 а максимум 5 играчи,од кои 3 играат постојано на полето.Во случај на повреда,тимот да остане без 3 играчи на полето , секој играч (1,2,3) може да ја завржи играта

3. Опрема и облека Ниту еден играч на себе не смее да носи тврд или опасен предмет кои би наштетил на други во текот на играта.Односно не смее да носи фиксни протези,заштитници и други нешта на лактите,зглобовите,колената,прстите или главата. Ниту пак ако тврд предмет како метал пластика и слично прекриен со мека обвивка,Бидејќи 3on3 ги има сите права да ги дисквалификува тие играчи, па дури и тимот.

4. Табела на играње Турнирот ке се игра по табелата наречена Double Elimination, во која секој тим мора да изгуби два пати за да дојде до Елиминација.Што значи дека тимот кој изгубил уште во првиот круг може да се врати во игра доколку победи една , две или три игри.

5. Одземање на топка Нема да има никаква забрана за одземање на топка ,туку играта ќе се игра со целосни одземања било тоа да се од подавање , дриблинг,блок на шут и др.

6. Прекршоци Постојано играта ќе ја надгледува судија. Се што е прекршок , било тоа да е во напад или во одбрана ќе резултира со еден слободен шут.Доколку врз играчот во напад се направи прекрок,а тој постигнал поен,поенот се важи и не се користи слободен шут. Било каква вербална навреда или физички напад кон поединец или тим од страна на играч или тренер ќе доведе до дисквалификација на напаѓачот. Доколку од страна на еден тим во играта се направат од 1 до 6 прекршоци следи нормална санкција, а сите прекршоци направени повеќе од 6 пати резултирааат со два слободни шута

7. Кој тим ја добива првата топка

?

Фрлање на паричка од страна на судијата ќе одлучи кој од двата тима ќе ја добие првата топка.


8. Поени За секој успешен шут од полето за два поени се добива 1 поен,а за секој успешен шут од полето за 3 поени се добива 2 поени.

9. Времетраење на играта Цел на играта е 21 поен во 20 минути. Секоја игра завршува со постигнување на 21 поен на било кој тим. Доколку поминат 20 минути,а ниту еден тим нема постигнато 21 поен судијата може да ја запре утакмицата од било која причина.Тогаш победник е оној тим кој има 2 поен повеќе од другиот, а ако ниту еден тим нема 2 поени повеќе, тогаш се активира Продолжението. Односно, победник е оној тим кој ќе има 2 поени повеќе од поените на водечкиот тим или оној кој ќе освои 21 поен прв. Фрлање на паричка одлучува кои ја има првата топка во продолжението.

10. Замена Секоја замена на играч од тимот може да биде извршена за време на тајм аут или за време на ситуацијата ’’мртва топка‘‘.

11. Повреди Повреда на играч за време на натпреварот е на негова/нејзина одговрност. 3on3 не сноси никакви последици. Играч со дамки од крв или завој на себе ќе биде отстранет од игра, а може да се врати само без завој и без дамки од крв.

12. Илегалност Само играч кој е пријавен во една екипа на емаил адресата може да учествува, а доколку се дадат лажни информации и ако се прекржи правилото број 1 доаѓа до дисквалификација на тимот или на играчот. Сите правила од 1 до 12 се по стандардите на Баскет 3 на 3 и задолжително мора да се почитуваат. Во спротивно доага до дисквалификација на тимот или на играчот.

“3on3” Сите права се задржани

Pravila i Propisi - 3on3 Basket Turnir  

Tuka moze da gi vidite site pravila i propisi za turnirot 3on3 .

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you