Page 1

Сликата за Ромите

“Говор на омраза, антициганизам и медиуми’’

Едукативен и медиумски развоен центар на млади Роми - Асоцијација 24 Вакти 1111 Анализа – 2016/17


Сликата за Ромите

“Говор на омраза, антициганизам и медиуми’’

Декември 2017/18


Содржина Вовед ................................................................................................... 1 1.Извештаи од државни и меѓународни институции и НВОи .........3 Амнести Интернешенел .................................................................... 4 Комисија за заштита од дискриминација ........................................... 5 Хелсиншки комитет за човекови права ............................................. 5 Совет на Европа ................................................................................... 7 2.Говор на омраза кон Ромите ........................................................ 8 Случај : Недозволен пристап на Роми на базен................................ 9 Случај: Недозволен пристап на Роми на аква парк “ ............ ............ 10 Случај : Истепани Роми на базен „Скупи“, Велес“ ............................. 11 Недозволен излез од граница за Роми ............................................... 13 3.Дискриминација и стереотипизација кон Ромите ...................... 16 Дискриминација кон Ромите во Тетово ............................................ 19 Почина затвореник Ром во КПД Идризово ........................................ 19 Обезбедување на банката влече Ром .................................................. 20 4.Медиуми ...................................................................................... 21 Пишани медиуми ................................................................................. 22 ТВ медиуми со национална концесија ............................................... 24 Регионални ТВ медиуми ..................................................................... 25 Интернет портали.................................................................................. 26 Заклучоци и препораки ....................................................................... 27


Едукативен и медиумски развоен центар за млади Роми Асоцијација 24 Вакти ВОВЕД Главна цел на оваа Анализа е сликата за Ромите во медиумите и токму затоа во неа се содржани согледувања врз основа на направени набљудувања на пишани медиуми, ТВ медиуми со национална концесија и регионални ТВ, интернет информативни портали, како и ромски медиуми. Анализата поединечно дава податоци за секоја медиумска област одделно анализирајќи ја состојбата со третирањето на ромски теми во нивните емисии и прилози, за да на самиот крај направи сублимат на сите области во едно крајно согледување како генерална слика за присуството на ромски теми во медиумската сфера во Република Македонија. Во Република Македонија, а и пошироко, Ромите се најзастапени како цел на говор на омраза и дискриминација. Има повеќе случаи во изминатите години каде што Ромите се цел на малтретирање, тепање па и убивање само поради тоа што се Роми. Како и во 2016, така и во 2017 година исто така имаше говор на омраза и антициганизам кон Ромите како на социјалните мрежи така и во медиумите. Во 2016 година во Република Македонија повеќе од актуелен беше проблемот со враќање на граѓани Роми при излез од Република Македонија. Се случија повеќе вакви случаи од кои два се наведени подолу.

1


Мора да напоменеме дека невладиниот сектор во Република Македонија остро реагираше врз секој говор на омраза кон Ромите. Клучен настан за 2017 година е статус на актерката Ирена Ристич која на својот Фејсбук профил директно ги обвини Ромите за негрижа кон коњот Аурора. Освен тоа, таа ги нарече РомитеЦигани, а и поттикна говор на омраза кон Ромите во Република Македонија. Исто така, во 2017 година имаше неколку случаи на дискриминација кон Ромите при пристап на базен, а во еден случај имаше и насилство. Во 2017 година, во ОУ во Битола во коешто учат 80% Роми имаше графити „Умрете Ѓупци“, “Смрт за Ѓупци“ и други слични на нив. Исто така, во основно училиште во Тетово имаше дискриминација кон ученик - Ром од страна на професор. Детални информации за ова и за други немили настани ќе прочитате подолу во анализата.

2


1.ИЗВЕШТАИ ОД ДРЖАВНИ, МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ И НВОи: НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ: Едукативниот и медиумски развоен центар за млади Роми Асоцијација 24 Вакти поднесе барање до Народниот Правобранител за добиени претставки до нивната канцеларија за 2017 година по однос на говор на омраза кон Ромите и ги доби следниве податоци:

Претставки Омбудсман 1 2 3 1

Говор на омраза Мобинг Дискриминација по етничка основа Дискриминација по основ на боја на кожа

Според графиконот, Народниот Правобранител ги доби следниве податоци: 1. Две од претставките се однесуваат на Говор на омраза 2. Една е за вознемирување на работното место – Мобинг

3


3. Три се однесуваат на дискриминација по етничка основа 4. Една претставка се однесува на дискриминација по основ на боја на кожа. Од канцеларијата на Народниот Правобранител нѐ информираа дека до Септември 2017 година се пристигнати вкупно 59 претставки во областа на заштита од дискриминација и ширење на говор на омраза, а најмногу од нив се во областа на вознемирување на работното место. Од канцеларијата на Народниот Правобранител исто така потенцираа дека сигурно постојат повеќе случаи на говор на омраза кон Ромите, но кај повеќето од добиените претставки во нивната канцеларија нема заокружено националност/група. Народниот правобранител во својот годишен извештај за 2016 година го забележал следново : Во средината на 2016 година Народниот правобранител јавно реагираше поради уривање на импровизираните домови на околу стотина граѓани од ромската заедница, лоцирани под Скопското Кале до реката Вардар. Воедно, отвори предмет по сопствена иницијатива, при што со повеќе интервенции се обрати до Градот Скопје, до ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на град Скопје и Министерството за труд и социјална политика. За истиот случај претставка во име на повеќе граѓани достави и Европскиот центар за правата на Ромите со седиште во Будимпешта.Повеќе АМНЕСТИ ИНТЕРНЕШЕНЕЛ: Амнести Интернешенел во нивниот извештај за 2016/2017 забележа дека Ромите продолжуваат континуирано да трпат

4


дискриминација во Европа во однос на пристапот за домување, образование, здравство и вработување. Ромите остануваат ранливи категории заради нивното бркање од Централна Европа, но исто така вакви случаи се забележуваат и во Франција и Италија. Исто така, има и нов тренд во законодавствата на овие земји според кој оние кои ги тужат Ромите ги добиваат споровите. Амнести Интернешенел во извештајот го забележа и следново: „Во Септември, 2016 Европскиот Совет за Човекови Права изразил загриженост за Македонија поради случајот на 53 Роми кои биле отфрлени од „Полигон“ во Август 2016 кои пак останале да го бараат своето место и се сместиле во шатори и други објекти од картони на крајот од градот“. Повеќе КОМИСИЈА ЗА ЗАШТИТА ОД ДИСКРИМИНАЦИЈА Комисијата за заштита од дискриминација во својот извештај за 2016 година го забележа следново: Случај 5: Утврдена директна дискриминација врз основ на боја на кожа во областа на пристап до добра и услуги: До Комисијата за заштита од дискриминација, се обрати лице кое наведува дека е дискриминирано врз основа на боја на кожа, во областа на пристап до добра и услуги, од страна на базенот „Бисер“во општина Аеродром, Скопје“. Во поднесената претставка лицето наведува дека со неговото семејство сеупатиле кон влезот на базенот „Бисер“ во Општина Аеродром, но не им бил дозволен влезот поради бојата на кожата. Потоа, следниот ден подносителот решил повторно да проба да влезат во базенот со тоа што, првo пробале да влезат неговата сопруга и ќерка му, а потоа тој со синот. Подносителот во претставкат наведува дека на сопругата и 5


ќерката им бил дозволен влезот во базенот, заради тоа што имале бел тен на кожата, меѓутоа тој и синот биле спречени да влезат во базенот „Бисер “. На билетарата му рекле дека треба да има пропусница, иако сите останати влегле со билет.Повеќе ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА Хелсиншкиот Комитет за Човекови Права во својот извештај „Користење на action popularis во случаи на дискриминација“ Врз основа на член 41 од Законот за спречување и заштита од дискриминација (ЗСЗД, 2010) наведува: „Здруженијата и фондациите, установите или другите организации од граѓанското општество што имаат оправдан интерес за заштита на колективните интереси на одредена група или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита на правата на еднакво постапување, можат да поднесат барање и да дејствуваат како тужители во судската постапка против лицето кое го повредило правото на еднакво постапување, ако направат веројатно дека со постапувањето на обвинетиот, правото на еднаквопостапување е нарушено за поголем број лица (заедничка тужба за заштита од дискриминација).“ Тужбата може да содржи барање да се утврди дали постапувањето го повредило еднаквиот третман на одредена група лица; да се забрани преземање дејства со кои се повредува или може да се повреди еднаквиот третман, односно за спроведување дејства за елиминација на дискриминацијата или нејзините последици во поглед на членовите на групата, како и за објавување на пресудата во медиумите натрошок на тужениот. При овој вид тужба, за разлика од индивидуалните тужби, Законот не предвидува надоместок на штета.Повеќе Хелсиншкиот Комитет за човекови права преку имплементацијата на проектот „Следење и известување за прекршување на правата 6


на Ромите“ го забележаа следниов заклучок: може да се заклучи дека главните трендови на прекршувања на правата на Ромите се во областите на социјалната заштита и здравственото осигурување. Заради релативно нискиот степен на информираност и образование, Ромите се екстремно ранлива и лесно подложна категорија за прекршување на права. Ова особено важи за лицата кои не знаат да читаат и пишуваат.Повеќе СОВЕТ НА ЕВРОПА Советот на Европа во 2016 година во својот извештај: „Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ)“ вели: „Омразата кон Ромите е една од најголемите пречки за подобрување на состојбата на припадниците на ромската заедница во Европа. Кога еден градоначалник не сака да се најдат средства за подобрување на патиштата или канализација во ромските населби, бидејќи се плаши дека нема да биде реизбран, тоа претставува омраза кон Ромите или кога властите не прават напори да се регистрираат новороденчињата, кои потоа растат без документи за идентификација, а со тоа никогаш не може да се регистрираат за да одат на училиште или да добијат социјални услуги и помош за вработување, тоа претставува структурна дискриминација “, вели Џон Вармишам - член на Конгресот, нагласувајќи ја важноста од вистинска свест за сериозноста на ситуацијата на европско ниво. Конгресот на Советот на Европа ги потсетува локалните и регионалните власти на нивната одговорност за обезбедување на економските и социјалните права на Ромите особено во образованието, домувањето и здравството. Потребна е осуда на говорот на омраза, административна обука на персоналот, како и образовни и интеркултурни иницијативи, се наведува во извештајот и се апелира за размена на искуства, 7


особено преку Сојузот на градови и регионите, за инклузивност на Ромите. Воедно ги повикува владите да воспостават законска рамка за спречување на институционалната омраза кон Ромите и нејзините манифестации, како што се гетата, сегрегацијата во училиштата и присилните иселувања. Потребни се законски решенија, за да им се овозможи на жртвите на омразата да добијат компензација и истовремено да се спречат други акти на дискриминација, порачува Конгресот. Повеќе 2. ГОВОР НА ОМРАЗА КОН РОМИТЕ СЛУЧАЈ „ГОВОР НА ОМРАЗА КОН РОМИ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО БИТОЛА

На сликата може да се забележат графити со пораки: „Умрете Ѓупци“, „Смрт за Ѓупци“ итн.

Овие графити биле напишани на ѕидот на ОУ „Ѓорги Сугарев“ во Битола и биле забележани на 19.01.2017 година. Неколку НВОи од Битола и пошироко го дефинираа овој случај како повик за

8


насилство кон Ромите односно говор на омраза кое претставува кривично дело согласно Кривичниот Законик на Република Македонија. Ваквите графити испишани на ѕидовите на основното училиште се особено загрижувачки доколку се земе предвид фактот што во ова училиште најголем број од учениците се од ромската етничка заедница (околу 80%) 1 Невладините организации реагираа и со кривична пријава по овој случај. Тие се: 1. 2. 3. 4. 5. 6.

“Ромски Граѓански Парламент” - Битола Здружение РОМА С.О.С - Прилеп ЦРРЗ Баирска Светлина - Битола Хелсиншки комитет за човекови права на РМ Европски Центар за Правата на Ромите – Будимпешта Здружение Романо Авази - Тетово

СЛУЧАЈ „НЕДОЗВОЛЕН ПРИСТАП НА РОМИ НА БАЗЕН “ До Хелсиншкиот комитет за човекови права и здружението Ромска солза од Прилеп, се обратија повеќе од 400 лица од ромска етничка припадност, наведувајќи дека во повеќе наврати во изминатиот месец и половина, биле спречени да го посетат Градскиот базен Маркови кули во Прилеп. 2

1

http://slobodna.mk/2017/01/24/bitola-7/ https://post.mk/2017/09/14/%D0%B4%D0%B8%D1%81%D0%BA%D1%80% D0%B8%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B 0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BF%D1%80%D0%B8%D0%BB%D0%B5%D0%BF2

9


Согласно нивните изјави, од отварањето на Градскиот базен Маркови кули во Прилеп на 01.07.2017 Ромите од градот Прилеп се соочиле со забранет влез во градскиот базен за прв пат. Во изминатите години никогаш не се случило некое лице од било која етничка припадност да биде вратено од градскиот базен и да не му се дозволи влез. Лицата кои ги пријавија овие случаи се на различна возраст и од различен пол, и секој од нив поединечно го наведе своето искуство од обидот да го посети градскиот базен. Од изјавите може да се заклучи дека лицата се обиделе да влезат на базенот во различни денови, поединечно и во групи, со семејството, со пријатели од различна етничка припадност и во еден или повеќе наврати. При обидот за влез во базенот лицата биле враќани од обезбедувањето со образложение дека од оваа година, по налог на сопственикот на базенот, нема да се примаат Роми. На дел од нив им било кажано дека оваа одлука на сопственикот треба да ја пренесат и на другите Роми кои ги познаваат бидејќи нема да бидат примени ниту тие. Дел од нив кои пристигнувале на базенот со лица кои немаат темна боја на кожата, биле спречувани да влезат додека нивните пријатели кои имале светла боја на кожата биле пуштани. Ваквата пракса и ограничување на овие лица е директна дискриминација врз основа на боја на кожа. Согласно Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на РМ број 50/2010 од 13.04.2010 година) СЛУЧАЈ: НЕДОЗВОЛЕН ПРИСТАП НА РОМИ НА БАЗЕН ВО АКВА ПАРК На Шефки Камберовски и неговиот син не им било дозволено да влезат во аква парк во Прилеп.

%D0%BF%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%9C%D0%B5-%D0%BE%D0%B4-400%D0%BB/

10


„Немав заборови како да им објаснам на моите деца зошто не нѐ пуштиле во аква-паркот ‘Салида’ во Прилеп, само затоа што сме Роми и имаме потемна кожа - Шефки Камберовски, Ром по потекло од Битола, кој со своето семејство 30 години живее во Германија. Камберовски вели дека дошол на одмор во својот роден крај за да им покаже на своите деца од каде му е потеклото. Но, наместо со убави и пријатни сеќавања, тој со сопругата и со нивните малолетни деца, се вратија во Германија, разочарани од односот на вработените во аква паркот во Прилеп. Обезбедувањето на аква паркот му се обратило со: „За вашата вера нема тука влез“ и не му дозволило да влезе во аква паркот. Во Германија никогаш не се најдовме во ситуација да им објаснуваме такви работи, бидејќи моите деца се дружат со врсници од речиси 170 националности од цел свет, и ним им е сеедно дали е бел, црн, жолт или дали е муслиман, христијанин, Евреин…, или Турчин, Русин, Кинез3 СЛУЧАЈ „ИСТЕПАНИ РОМИ НА БАЗЕН – СНУПИ, ВЕЛЕС“ Неколку Роми биле истепани на базенот „Снупи“ во Велес на 22.07.2017 година само поради тоа што биле Роми. Спасителот на базенот на дрзок и насилен начин на еден од Ромите му рекол: „Немој ти мене да ме учиш кого да пуштам да скока во базен, ти не смееш да скокаш“. На тоа реагирале роднините на момчето кои биле на базен заедно со него при што дошло до турканица, па спасителот повикал обезбедување од СГС и сопственикот од базенот.

3

http://www.libertas.mk/video-ni-zabranija-vlez-vo-akva-park-se-zasramivkoga-sin-mi-me-prasha-koja-e-razlikata-megu-bel-i-tsrn-chovek/

11


Еден од Ромите кој учествувал во настанот вели: „Сопственикот на базенот, Аце, дојде кај нас на маса и нè убеди дека нема повеќе да се случи спасителите на базенот да се однесуваат дрско со посетителите. Меѓутоа, пред да се затвори базенот, околу 19 часот, кога речиси сите гости си заминаа, а ние се подготвуваме да се вратиме дома во Скопје, додека внукот Ибраим Умер излегуваше од соблекувалната, без никакво образложение, еден со стаклено шише го удри по глава. Ние дотрчавме да видиме што се случува, но во тој момент, однадвор влегоа околу дваесетина лица во цивилна облека, со палки и шипки, и почнаа да не тепаат. Обезбедувањето на СГС наместо да не штитат и тие маваа по нас “. Кога пристигна полицијата наместо да ги уапси тепачите тие нам ни ставија лисици и ни викаа.“ Од МВР информираа дека неколку лица по настанот биле повикани на информативен разговор. По извршените службени активности, сите биле пуштени на слобода. 4

4

http://www.libertas.mk/foto-napadnati-i-povredeni-romi-na-veleshkiotbazen/

12


НЕДОЗВОЛЕН ИЗЛЕЗ ОД ГРАНИЦА ЗА РОМИ Бројката на вратени Роми од македонските гранични премини изнесува скоро половина од вкупното ромско население во Македонија. Македонските власти мора да престанат да го ограничуваат правото на движење на секој граѓанин без разлика каква боја на кожа има или на која националност ѝ припаѓа. Досега има девет правосилни судски одлуки со кои се утврдува дека постои дискриминација. Во овој период се водат вкупно 41 судски процеси против МВР за дискриминација на Ромите на граничните премини. Според Извештајот од Советот на Европа од 2009 до 2012 од граница се вратени 7000 граѓани од кои 90% се Роми и ако на нив се додатат бројките до 2015, тогаш се зборува за 22 186 вратени граѓани од граница, но МВР пред две години објави уште пофрапантни бројки.

Според анализата на извештаите што ги изготвија FRONTEX, Бирото за демократија, човекови права и труд од САД, и Советот на Европа, до 2014 година вратени се околу 20.000 Роми од македонските гранични премини. Поради тенденцијата на постојан раст на оваа бројка низ годините, може да се претпостави дека до крајот на 2016 година, околу 25.000 Роми би биле вратени од македонските граници. Од приложениот графикон може да се забележи дека најголемиот бран на враќањето Роми бил во 2013 година, кога биле вратени околу 6.700 луѓе од нашите гранични премини. Со оглед на тоа што според последниот попис во Македонија живеат околу 54.000 Роми,

13


бројката од 25.000 вратени Роми изнесува скоро половина од вкупното ромско население во Македонија.5

ЕПИ во својата анализа за овој проблем вели: „ Речиси сите Ромки и Роми што биле вратени од границите, а беа дел од оваистражување, сметаат дека се отфрлени, дискриминирани и третирани како граѓани одвтор ред, што придонесува кон создавање на нивното чувство на неприпадност восопствената држава. Сите испитанички и испитаници изјавуваат дека се различнотретирани во споредба со останатите граѓани кои се припадници на други етничкизаедници на граничните премини, или како што забележа Исмет: „Само шо че не вида награница... аеее не, не, врачај се. Ти си Ром. Бриши“. МВР пак, во своето соопштение до новинарите на 01.02.2016 година потврди дека се водат вкупно 41 судски процесиво

5

http://respublica.edu.mk/blog/2016-09-26-11-17-03

14


судовите во Македонија поради тоа што припадниците на ромската заедница се дискриминирани на граничните премини.6 На истиот прес МВР прати укажување до граничната полиција да не ги дискриминира Ромите. По нашето следење на оваа ситуација до 2017 ова укажување не наидува на почит. Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) во својата препорака до владите бр.15 во однос на борбата против говорот на омраза на 21.03.2016 година: •

да го ратификуваат Дополнителниот протокол кон Конвенцијата против компјутерски криминал во однос на криминализација на актите од расистичка и ксенофобична природа извршени преку компјутерски системи, Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Протоколот бр. 12 кон Европската конвенција за човековите права, доколку до сега не ги ратификувале овие инструменти; • да повлечат какви било резерви во однос на членот 4 од Меѓународната конвенција за елиминација на сите форми на расна дискриминација и во однос на членот 20 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и да ја признаат надлежноста на Комитетот за елиминација на расна дискриминација да прима и да разгледува претставки од поединци или групи на поединци според членот 14 Начинот на кој се известува за Ромите може да влијае да се направи една погрешна слика за овој народ, а една анкета направена во Чешка ги става медиумите како една од причините за ставањето на Ромите на последното скалило на популарност 6

http://novatv.mk/diskriminatsijata-na-romite-na-granichnite-premini-morada-prestane/

15


кај мнозинската популација. Според Мартин Шимачек, раководител на чешката владина агенција за социјална инклузија, чешките медиуми го потврдуваат стереотипот кој постои како медиумски концепт „почитуван/угледен Ром“.7 „Тие пишуваат за ромски успешни приказни на начин кој кажува гледате, има почитувани Роми во нашата средина и може да се интегрираат. Затоа често се случува дури и позитивните приказни да бидат бумеранг нагласувајќи ги стереотипите дека повеќето од Ромите не се угледни“, изјавил Шимачек. Негативното известување за Ромите поткрепено или обременето со стереотипни портрети е широко распространето во европските земји. Станува збор за делумна или погрешно толкувана слика за индивидуално однесување на Ром индивидуалец, а оваа приказна лесно може да се претвори во негативен социјален стан за Ромите во целина или во колективна слика за овој народ.8 3. ДИСКРИМИНАЦИЈА И СТЕРЕОТИПИЗАЦИЈА КОН РОМИТЕ На 17 Јули 2017 година во 13:00 часот актерката Ирена Ристиќ на својот Фесјбук профил напиша: „Циганите (поради некоја политичка, или не знам каква, коректност нарекувани Роми, као со тоа нивните злодела да добиваат на легитимитет или нивниот живот на квалитет) ја претоварувале, константно ја тормозеле Аурора и во даден момент нејзината нога пука, не може да додржи...паѓа„ Циганите собираат се што до претходно било на нејзиниот грб и ја оставаат така, падната и во бесознание...Од тука па натака, следевте низ 7

http://www.radio.cz/en/section/panorama/is-the-czech-media-helpinggive-romanies-a-bad-name 8 http://ec.europa.eu/justice/discrimination/files/roma_journalist_guide_en. pdf

16


нашите објави...Коњот не е куче, нема да може да преживее со три нозе...“ Повеќе НВОи од Македонија и пошироко остро реагираа на овој пост на Ирена Ристич и покренаа обвинение против неа за ширење Освен навредите кои ги говор на омраза против Ромите. претрпија сите Роми, овој Обвинението беше препратено и до: МВР (Интернет криминал), Омбудсман, Хелсиншки Комитет и до Комисијата за заштита од дискриминација.Таа беше повикана на 13.10.2017 во

настан „испровоцира“ активизам и заедништво кај Ромите кои заедно настапија со осуда за навреда па и со кривична пријава. Повеќе невладини организации, активисти, активисти за човекови права и други реагираа со осуда на овој настан и директна навреда на Ромите во Република Македонија. Освен ова, неколку организации реагираа со тужба до Основното Јавно Обвинителство каде таа беше повикана на 13.10.2017 година.

17

Таа е осомничена за кривично дело: Ширење на расистички материјал по пат на компјутерски систем и предизвикување омраза и раздор на национална, верска и друга дискриминирачка основа – Член 394д од Кривичниот законик на Република


Основното јавно обвинителство на распит како осомничена. Поканата Ристиќ самата ја објави на својот Фејсбук профил. 9 Мора да се напомене дека после бурните реакции од Ромски НВО активисти, Политички претставници и други, Ирена Ристиќ доби поддршка од не-Роми за целиот настан. Исто така, повеќе од очигледно е дека видните личности во Република Македонија ги тргнаа маските и отворено почнаа со поддршка на овој начин на директен говор на омраза кон цела заедница во Република Македонија, која мора повторно да напоменеме дека е кривично дело согласно Кривичниот Законик на Република Македонија. Еден од нив е и Стојанче Ангелов, член на политичката партија „Достоинство“ кој и покрај поддршката кон Ирена Ристиќ го кажа и следново:

9

http://plusinfo.mk/vest/127438/akterkata-ristikj-e-obvineta-za-rasizam-iksenofobija-foto

18


ДИСКРИМИНАЦИЈА КОН РОМИТЕ ВО ТЕТОВО Во тетовско средно училиште беше дискриминиран ромски ученик за време на тестирањето. Активистот Акиф Кариман од Тетово на својот Фејсбук профил објави фотографии од тестовите на учениците кои препишувале, а сепак добиле различни оцени. Активистот на профилот вели: “Да си Ром и да препишале од тебе. Одговорите на препишувачот се точни, на ученикот Ром неточни. Скратени точно поени за да нема оцена 5. Како тоа да не е доволно, со поените за 4, напишана е 2. ССОУ "Моша Пијаде", се гледаме во Понеделник.10

ПОЧИНА ЗАТВОРЕНИК РОМ ВО КПД ИДРИЗОВО Сакам само правдата да биде задоволена, ништо друго“, вели Џемиле Реџепова, мајка на 21-годишниот починат затвореник Андреа Реџепов кој почина на 14.03.2017 година во КПД Идризово. Активистот за правата на Ромите, Геге Демировски вели дека врз починатиот е извршено насилство. Според него починатиот бил тепан од страна на затворските полицајци, а потоа со сила го натерале да ги испие таблетите од кои се предозирал и починал. Според МВР, случајот бил пријавен во 22 часот во саботата од страна на дежурниот командир во Казнено поправниот дом Идризово. Осудениците кои биле заедно со него во собата го затекнале во безсозние. Со возило на Итна медицинска помош бил превезен во Клиниката за токсикологија, каде била констатирана смрт. По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

10

http://www.rtv.media/index.php/mk/romi/vomakedonija/item/465-votetovsko-sredno-uchilishte-diskriminacija-vrz-romi

19


Од затворот Идризово преку соопштение велат дека ги чекаат резултатите од обдукцијата за причините на смртта. Од затворската управа ги отфрлија обвинувањата дека брзата помош не дошла на време, а неофицијално велат дека починатиот не починал од телесни повреди. Андреа Реџепов издржуваше затворска казна од 12 години за разни кривични дела.11 Мора да се напомене дека ЕРРЦ од Будимпешта, Унгарија му помогна на семејството да покрене тужба и на ден 15.06.2017 го доби судскиот спор.12

ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА БАНКА ВЛЕЧЕ РОМ На 14.03.2017 година обезбедување на експозитура во една банка во Куманово обидувајќи се да извлече еден граѓанин надвор, ситуацијата ја доведе до интервенција на итната помош. Според порталот special.mk, граѓанин од ромска националност почнал да прави проблеми чекајќи на ред за да ја прими социјалната помош, а гужвата настанала откако интервенриало обезбедувањето и тој не сакал да ја напушти експозитурата. Според очевидци, обезбедувањето на банката го нападнал Ромот без причина. Неговата сопруга пак, која се обидувала да му помогне се онесвестила поради стресот, по што била повикана и Итната помош. 13

11

https://www.google.com/search?q=%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D 0%BD%D0%B0+%D1%80%D0%BE%D0%BC+%D0%B8%D0%B4%D1%80%D0% B8%D0%B7%D0%BE%D0%B2%D0%BE&ie=utf-8&oe=utf-8&client=firefox-bab 12 http://www.errc.org/article/victory-for-roma-macedonia-agrees-to-paycompensation-for-roma-prison-death/4584

20


4. МЕДИУМИ Неделникот Фокус во својата истражувачка сторија на 08.03.2017 истражуваше дали Ром ќе биде симнет од автобус на пат кон Србија на граничниот премин Табановце. Тестер бил Езѓан Мемедов, Ром од Делчево. „Само што не забележа дека сме Роми, граничарот ни нареди да се симнеме од автобусот. Уште првиот изустен збор му беше навреда и кавга. Ни се дереше зошто сме патувале и зошто правиме метеж на граница кога и онака Ромите не ги пуштаат никаде. Искрено, за момент се почувствував како терорист, како дилер… цел граничен премин зјапаше во нас. Мене ме чуваа половина час и ме испрашуваа каде ќе одам, кој ќе ме пречека, дали имам пари, дали имам гарантно писмо. И сето тоа беше изведено на начин што моите човекови права беа погазени. Кога се качивме назад во автобусот сите чудно не гледаа.“ „Кога некој те вади од автобус, те малтретира, се однесува нерамноправно, те издвојува од групата затоа што си Ром, тоа е класично расно профилирање и тоа судот не успеа да го препознае. Не може ова дело да се поистоветува со правото на движење. Не е оправдување за судот да напише дека на крајот сепак поминале граница. А стравот, а срамот, а понижувањето? На ваквата пресуда се жалевме до Апелација, но таму само го потврдија истото. Неверојатно е дека судиите не препознаа деградирани граѓани кои страдале затоа што се поинакви според бојата на кожата и имињата, затоа што пасошите се само документ за идентификација, а не и за етничка припадност“, коментира Неда Чаловска од Хелсиншкиот комитет. 13

http://www.rtv.media/index.php/mk/romi/vomakedonija/item/465-votetovsko-sredno-uchilishte-diskriminacija-vrz-romi

21


Асоцијацијата 24 Вакти поднесе барање до Совет за етика во Медиумите во Македонија (СЕММ) и ги доби следниве информации: „По жалба на Народниот Правобранител за текстот насловен: „Начекаа на Велигден-Чергарите пак се вселија на Кеј“ објавен на интернет изданието на дневниот весник Вечер, СЕММ ја декларира оваа жалба како основана при што прекршени се член 1 и 11 од Кодексот на Новинарите“. Целосната верзија на СЕММ може да ја најдете тука. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги во Република Македонија го декларираше прилогот на 23.05.2017 со наслов на ТВ АЛФА од 15.05.2017 година: „Ромите на речиси секоја раскрсница малтретираат граѓани – има ли стратегија за справување со овој проблем“емитуван во вестите во 17:30 и во 23 часот како: „ТВ АЛФА поттикнува и шири дискриминација кон Ромите врз основа на етничка припадност и на припадност на маргинализирана група“.

ПИШАНИ МЕДИУМИ Мониторирано беше дали пишаните медиуми известувале за ромски теми, дали воопшто биле спомнати Ромите и во која конотација биле спомнати. Во случај да било известувано за ромска тема, тогаш се обрна внимание за содржината на написот во весникот, за јазикот кој се користел, каков вид на известување е, дали веста била на насловна страна, ако не тогаш на која страница и дали содржината јасно искажува некаква навреда или стереотип за Ромите. Весникот Нова Македонија во своето издание од 20.09.2016 година насловната страница им ја посветува на Ромите. На сликата на насловната страница се наоѓа малолетно девојче со 22


бебе во рацете седната на Камениот мост. Насловот на веста е Децата од улица заслужуваат шанса. Текстот се наоѓа на третата страница од весникот и е напис на авторот Нино Шкрињариќ, а говори афирмативно за Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари формиран од Здружението за заштита на правата на детето. Авторот на написот во една реченица ја потенцира етничката припадност на овие деца, а реченицата е така формулирана што кај читателот може да настане мислење дека само ромските деца потекнуваат од дисфункционални семејства или дека само тие се препуштени на улицата: „ Овие две момчиња од ромска националност веќе четири години се редовни посетители на Дневниот центар, чиј примарен фокус е помошта на децата од дисфункционални семејства, препуштени на улица“.14 Во весникот Вечер забележани се четири написи. Првиот напис е од 03.10.2016 година и е всушност информација за конкурс за доделување на стипендии за Роми средношколци од Министерството за образование и наука и Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците во Република Македонија. Станува збор за стандарден новинарски текст во кој само се пренесуваат информации за конкурсот и се цитираат изјави на заменикотминистер за образование и директорот на Управата при нивната

14

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=%D0%94%D0%B5 %D1%86%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BE%D0%B4%D1%83%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%81%D0%BB%D1%83%D0%B6%D1%83%D0%B2%D0 %B0%D0%B0%D1%82%D1%88%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%B0&id=86fb09ad-f699-4032-bd13f4c46d57d1a1

23


посета на новото средно училиште „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари.15 Во написот во Вечер од 09.10.2016 насловен Врачени времени вработувања за 10 лица16 се информира за проект во општина Битола. 17Во овој напис Ромите се спомуваат како бенефициенти на тој проект. Овој напис е кус и информативен со сите елементи на класична вест. Во Утрински весник, од 11.10.2016 година може да се прочита текст со наслов: Министерството за правда на Германија и неговото нацистичко минато. Како што говори и самиот наслов во написот се даваат податоци за досиеја од времето на нацизмот, а во конотација на изјава од професор по современа историја следува и податок за пренесување на дискриминацијата врз Синтите и Ромите од Третиот Рајх во Сојузната Република. Овој напис во целост е толкување на историски податоци од страна на професор по историја и неговото пренесување е умерено и урамнотежено во однос на пренесувањето на факти.18 ТВ МЕДИУМИ СО НАЦИОНАЛНА КОНЦЕСИЈА На Канал 5 забележан е уште еден прилог во кој не се води сметка за негативните ефекти од неговото емитување. Навидум најобичното известување за сторено кривично дело силување, би се сметало за вообичаена вест да не ја содржеше следната реченица: Насилникот по националност Ром и претходно и бил познат на полицијата. Прилогот е емитуван на 18.10.2016 под насловот: 19-годишник силувал врсничка во Кичево.19 Ова не е

15

http://vecer.mk/makedonija/konkursi-za-stipendii-za-srednoshkolci-romi-iza-nivni-mentori 16 http://vecer.mk/makedonija/vracheni-vremeni-vrabotuvanja-za-10-lica 17 http://vecer.mk/makedonija/vracheni-vremeni-vrabotuvanja-za-10-lica 18 http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=135775E3BCDB5E46853DEAC 6152DDE66 19 http://www.kanal5.com.mk/mobile/vesti_detail.asp?ID=108704

24


прв прилог емитуван во македонските медиуми во кои се спомнува ромската етничка припадност во рубрики „Црна хроника“, додека во случаи кога сторителот е од друга етничка припадност претежно се спомнуваат само иницијали. Се поголем бројот на малолетничките бракови меѓу Ромите20 во Македонија е насловен прилогот емитуван на ТВ Телма на 15.10.2016 година. Прилогот е известување од настан организиран од ромско граѓанско здружение чиј составен дел е и изјава на претседателката на здружението. Прилогот е професионално изготвен што соодвествува со новинарскиот жанр на кој му припаѓа. На ТВ Телма на 2.16.2016 како дел од информативната содржина е и веста за смртта на првиот ромски пратеник во Република Македонија.21 Интересно е што веста за смртта на пратеникот од првиот состав на Собранието на Република Македонија и првиот претседател на Партијата за целосна еманципација на Ромите, освен на Телма е објавена уште на интернет порталите МКД.мк; Плусинфо.мк; и Оhridnews.мк22 РЕГИОНАЛНИ ТВ МЕДИУМИ Oд регионалните ТВ медиуми во Република Македонија беше следена програмата на ТВ Ирис Штип, ТВ Кисс Тетово, ТВ Плус Куманово и ТВ Орбис Битола.

20

http://www.telma.com.mk/vesti/se-pogolem-brojot-na-maloletnichkitebrakovi-megju-romite-vo-makedonija 21 http://telma.com.mk/vesti/pochina-faik-abdi-pratenik-vo-prviot-sostav-nasobranieto-na-r-makedonija 22 http://daily.mk/makedonija/pochina-faik-abdi-prviot-pretsedatelpcer;http://daily.mk/makedonija/pochina-faik-abdi-pratenik-prviot-sostavsobranieto;http://plusinfo.com.mk/spomen/22/pocina-faik-abdi-prvpretsedatel-na-pcer

25


Како што беше случајот со ТВ медиумите кои имаат национална концесија, во периодот од еден месец, се обрна внимание дали во информативните емисии особено во централните изданија има содржини поврзани со Ромите, дали станува збор за известување од настан организиран од Ромите, каков вид на содржина бил емитуван, каков вид на прилог, дали имало некаква навредлива содржина за Ромите и ако имало да се подвлечат зборовите или видео материјалите кои имаат таков карактер. Од сите ТВ медиуми забележани се само 4 прилога и тоа на ТВ Ирис, Штип и сите се со објективно информирачка содржина за Ромите. Два прилога еден ден по друг се однесуваат на трибина која била организирана од ромска невладина организација во Штип на тема Состојбата со малолетничките бракови кај Ромките во земјава. Така, го издвојуваме прилогот насловен Детски бракдел од ромската традиција23 емитуван на 12.10.2016 година во кој покрај информации за студијата направена од НВО СОС Рома, Прилеп Сивата зона помеѓу традицијата и правата на децата емитувана е и изјава на претседателката на оваа организација. ИНТЕРНЕТ ПОРТАЛИ На 25.09.2016 година на порталот Мактел објавена е фотографија на пратеникот Амди Бајрам со книга во рацете, а на сликата се наоѓаат и други членови на партијата Сојуз на Ромите. Насловот има навредлива содржина (ФОТО) Леле и овој се фати за книга, абе од што сте начитани и ја ебавте мамицата на државата..24. Првиот впечаток за насловот и фотографијата насочуваат кон навреда не само на личностите кои се на сликата, туку и на сите Роми, бидејќи директно се користат навредливи

23

http://iris.mk/index.php/vesti/lokalnivesti/15414-2016-10-12-15-18-18 http://maktel.mk/News.aspx?id=74652

24

26


зборови кон претставници на ромската заедница. Од насловот може да се изведат и пошироки заклучоци кај читателите. На порталот За се на 18.10.2016 година ставено е видео од гостувањето на пратеникот Амди Бајрам на Вестите на ТВ Сител: ВИДЕО: Господине Амди Бајрам, што сте вие? Роми или Цигани?25 Пред видеото е напишана една реченица која гласи: Видео со политичка позадина, но со едно добро прашање. Амди Бајрам се ќе ви објасни, до кога биле Цигани, а од кога се Роми. 5. ЗАКЛУЧОЦИ И ПРЕПОРАКИ Во оваа Анализа беа мониторирани повеќето медиуми во Република Македонија со цел да увидиме колку и како се информира за Ромите. Поучени од претходни искуства, сакавме да утврдиме дали медиумите информираат со иста динамика, колку информираат објективно и кои теми и области за нив се привлечни за да објават содржина со ромска тематика. Пред се, констатирано е дека написите и вестите кои биле објавени со ромска тематика се однесуваат на настани активности за Ромите од Македонија и дека во мал број се третирани теми од другите делови на светот освен во случајот со веста за ромска свадба во Словачка која пробуди најголем интерес кај македонските медиуми. За жал, конотацијата на веста, насловите кои водат кон сензационализам заради гледаност и повеќе „кликови“ може да придонесат да се оформи негативна слика за Ромите. Од областите за кои најмногу се информираше, најактуелни во периодот на мониторирање биле образованието, здравство, социјала. Повеќето од содржините со ромска тематика се објективно прикажани со вклучување на изјави од адекватни личности и станува збор за известувања со професионални белези на една

25

http://zase.mk/video-gospodine-amdi-bajram-shto-ste-vie-romi-ili-tsigani/

27


статија или прилог. Најмногу се известувало за настани организирани од Ромите во Република Македонија, а забележани се и стории за секојдневни проблеми и репортажи како што е случајот со прилогот и написот за Ромите од Кале. Сепак, во неколку наврати се забележува и текст кој може да предизвика формирање на стереотипи и предрасуди за цел еден народ преку посочување на пример од еден или неколку припадници на етничка заедница каков што е случајот со фотографијата на пратеникот Амди Бајрам и другите членови на партијата Сојуз на Ромите објавена на порталот Мактел, тука е и случајот со веста за грабнатото мало девојче во Лариса , Грција кое само по себе може да развие стереотипи и предрасуди кај читателот бидејќи се споменува дека обвинетите за грабнувањето се невенчан ромски пар. Ние за истиот случај најдовме вест која е објавена во интернет изданието на грчкиот весник Катимерини26 во кој воопшто не се споменува национална припадност на грабнувачите и истата е објавена еден ден пред да се објави на Канал 5. Забележано е и дека кога се известува за некакво кривично дело, за кое се знае дека сторителот е од ромска националност, тогаш не се соопштуваат иницијали на сторителот, туку се потенцира дека е од ромска националност. Мора да напоменеме дека А24В во својата претходна анализа даде заклучоци и препораки до медиумите, но не беа прифатени и испочитувани. Поради тоа, А24В ги повторува истите препораки до медиумите:

26

http://www.ekathimerini.com/212539/article/ekathimerini/news/unidenti fied-child-found-during-police-raid-on-larissa-home

28


1. Медиумите во Република Македонија да го запазат новинарскиот кодекс 2. Медиумите во Република Македонија да не користат сензационален наслов на вести кои се однесуваат на Ромите 3. Да не се известува за Ромите со стереотипен контекст и директна предрасуда кон Ромите 4. Ги повикуваме медиумите во Република Македонија да го осудат секој говор на омраза и дискриминаторскиот пристап на Ромите во медиумите Република Македонија има слаба формална рамка за препознавање и санкционирање на говорот на омраза. Судската практика и принципот на неказнување укажуваат на потребата за кодифицирање и појасно дефинирање на членови во Кривичниот законик што го опфаќаат ова дело. Дополнително, имајќи предвид дека сексуалната ориентација како основа не е прецизирана, а според статистичките податоци е втора основа на омраза во државата, треба да биде наведена експлицитно. Министерството за внатрешни работи и одделението за електронски криминал да заземат проактивна улога во спречувањето на говорот на омраза пренесен или поттикнуван по електронски пат. Воедно, да воспостават подобра соработка со локалните самоуправи и да потсетуваат на надлежностите за отстранување на говорот на омраза од јавните површини. Казнените одредби во Кривичниот законик треба да понудат и алтернативни мерки за казнување на сторителите. Практични примери за доброволна работа во невладини организации со сторителите согласно основата на омраза кон индивидуа или група даваат поголеми резултати во процесот на реинтеграција и

29


рехабилитација на сторителите покрај изречената затворска или парична казна. Неопходно е Владата и политичките лидери јавно да изразат едногласен став противговорот на омраза, кој ќе го промовираат кон јавноста и општеството во целина А24В ги повикува здруженијата на новинарите во Република Македонија како и новинарите од електронските и печатените медиуми да го почитуваат Кодексот на новинарите и да не го прекршуваат кога известуваат за Ромите. Мора да напоменеме дека Асоцијацијата 24Вакти е Ромско медиумско здружение во Република Македонија и сакаме да ја понудиме нашата помош на сите новинари во Република Македонија кои се добредојдени да не побараат за да им помогнеме при известувањето за Ромите преку видео, аудио и пишан текст со цел поквалитетно новинарство во Република Македонија.

30


Едукативен и медиумски развоен центар на млади Роми - Асоцијација 24 Вакти Визија: Ромите во Македонија слободно и независно го искажуваат својот став и имаат доволно знаење и вештини да си ги бараат и остварат своите права. Мисија: Асоцијација 24 Вакти ги зајакнува, охрабрува и поврзува граѓаните Роми да ги искажат своите потреби и ставови и истите да ги реализираат преку вклучување во неформално образование за медиумска писменот, ИТ вештини и претприемништво.

Публикацијата е издадена во рамките на проектната активност Говор на омраза, антициганизам и медиуми во Република Македонија која е составен дел на проектот Заедничка иницијатива за зајакнување на ромското граѓанско општество на Западен Балкан и Турција поддржан од Европската комисија

1111

Проектот е финансирaн од Европската Унија.

Сликата за Ромите “Говор на омраза, антициганизам и медиуми’’  

Едукативен и медиумски развоен центар за млади Роми Асоцијација 24 Вакти ВОВЕД Главна цел на оваа Анализа е сликата за Ромите во медиум...

Сликата за Ромите “Говор на омраза, антициганизам и медиуми’’  

Едукативен и медиумски развоен центар за млади Роми Асоцијација 24 Вакти ВОВЕД Главна цел на оваа Анализа е сликата за Ромите во медиум...

Advertisement