Од 21 јуни, па сè до 21 август, ви најавуваме големи попусти, наградни игри, настани и ексклузивни нови изданија од домашната и светската книжевна сцена, наслови како „Надвор од редот“ од Џордан Питерсон, „Пчеларот од Алепо“ од Кристи Лефтери, „Половината што ми недостига“ од Брит Бенет, „Пачинко“ од Мин Чин Ли, „Трагачот“ од Тана Френч, сосема нов ПланУМ, како и нови книги од Рафаела Жордано, Ањес Мартен-Лиган, Малком Гладвел, Ерик Емануел Шмит, Харуки Мураками, Брајан Трејси, Дејл Карнеги.