Issuu on Google+

БРОЈ 63/64 ДЕКЕМВРИ 2013

ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ


Фото: С. Никчевиќ


ISSN 1409-7850

Импресум * Наши шуми * Број 63/64 * декември 2013

АКТУЕЛНО

Процес на вршење на работите по јавниот оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители

ИНТЕРВЈУ

ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Интервју со Деканот на Шумарскиот факултет - Скопје, проф. д-р Јане Ацевски

Вовед во уникатниот пристап на PEFC кон сертификација на шумите, како еден од условите за национален пласман на дрвото на меѓународниот пазар

16

23

8 04 БЛИЦ

21 ПРИЗНАНИЈА Проф. д-р Никола Николов, Шумарски факултет Скопје добитник на Статуетка Зелена ѕвезда

23 ПРЕЗЕНТАЦИЈА

Процес на вршење на работите по јавниот оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители

10 НАСТАНИ Потпишани договори за вработување...

28

Интервју со Деканот на Шумарскиот факултет, проф. д-р Јане Ацевски

Уште една успешна година за ЈП Македонски шуми

08 АКТУЕЛНО

Дванаесетата по ред акција Ден на дрвото засади ја својата иднина успешно се реализира во сите делови на Македонија

16 ИНТЕРВЈУ

Ден на дрвото, 1600 вработувања, Прес за успешно спречување на пожари, Нов начин на продажба ...

07 ЕДИТОРИЈАЛ

ДЕН НА ДРВОТО

Сертификација на шумите

28 ДЕН НА ДРВОТО Успешно реализирана ванаесетата по ред акција Ден на дрвото

Весник на ЈП за стопанисување со шуми Македонски шуми Издавач: ЈП Македонски шуми * За издавачот: Жарко Караџоски, генерален директор Главен и одговорен уредник: Александар Флоровски * Уредник: Соња Никчевиќ Редакција: Соња Никчевиќ, Фатима Шкријељ * Издавачки совет: Жарко Караџоски, Александар Флоровски, Соња Никчевиќ, Игор Лазаревски, Коста Парлапанов, м-р Костадинка Соколовска, Марјан Стојаноски Печати: „Даскал Камче“ - Кавадарци Адреса: ЈП Македонски шуми „Перо Наков“ бб, Скопје * тел. 02 2581 080 * факс: 02 2581 824 maksumi@maksumi.com.mk * www.maksumi.com.mk Фото насловна: Соња Никчевиќ


БЛИЦ

УСПЕШНА АКЦИЈА „ДЕН НА ДРВОТО“ Дванаесетата по ред акција „Ден на дрвото “ успешно се реализира во сите делови на Македонија.

Со Акцијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, која есенва се одржа на 27.11.2013 година, Македонија ќе се збогати со уште 5 милиони дрвја

со што ќе се надмине бројката од 45 милиони садници досега посадени само со акцијата „Ден на дрвото“. Досега се пошумени некаде околу 4 илјади хектари површина, а со оваа акција ќе се пошумат уште 1200 хектари површина. Жарко Караџоски директор на Македонски шуми, кој посети повеќе локации каде се одвиваше акцијата, за медиумите изјави” “Акцијата се одвива секаде во Македонија и покрај тоа што синоќа врнеше снег, тоа е добар знак. Снегот не е лош кога се пошумува. Дрвјата сакаат влага. Времето е идеално. Оваа недела е најавено дека ќе има врнежи од дожд и снег што гарантира дека имаме одлични услови за се што садиме да успее. Очекуваме висок процент на реализација и успешност, а исто така имаме голем одзив на граѓани во сите делови на Македонија и покрај ваквото време.” Тој истакна дека за една ваква акција Владата годишно одвојува во просек по 50 до 70 милиони денари, но таа бројка е занемарлива во споредба со значењето на здравјето и белите дробови.

ЗАСАДУВАЊЕ НА ПАЛМИ НА ОХРИДСКОТО КРАЈБРЕЖЈЕ Во рамки на есенскиот дел од акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во Охрид отпочна засадувањето на сто млади палми во централното градско подрачје.

По повод спроведувањето на акцијата „Ден на дрвото“ , на 04.11.2013 се одржа прес на директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски и градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески . Во петтата година од спроведувањето на акцијата, првпат активностите се спроведуваат и во самите урбани средини односно градските подрачја. Првпат во рамки на акцијата се садат и палми, и тоа прво во Дојран каде беа засадени сто садници палми, потоа во Струга каде беа засадени 30 стебла и овде во Охрид каде се засадуваат исто така сто млади палми.Станува збор за садници на т.н. влакнеста палма, за која експертите од „Македонски шуми“ проценија дека може да вирее во климатски услови какви што се карактеристични за нашата земја, односно садници што можат да поднесат и температури до десет степени Целзиусови под нулата - истакна директорот на ЈП „Македонски шуми“ Жарко Караџоски. Со акцијата „Ден на дрвото“ е предвидено да биде опфатено целото крајбрежје на Охрид, на атрактивни локации што ќе бидат одредени во координација со локалната самоуправа.За акцијата е предвидено оваа година низ земјата да бидат засадени вкупно пет милиони нови садници, што ќе придонесат за разубавување на околната средина и на тој начин да се продинесе за поголем квалитет во живеењето. Градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески из4

НАШИ ШУМИ

рази задоволство од денешното засадување на палмите, за кои смета дека ќе се даде значаен проденес во хортикултурното разубававање на градот и централното градско подрачје, со цел Охрид да биде убав, не само за туристите, туку и за самите негови жители. - Ова е само почеток, оттаму што во иднина имаме планови со „Македонски шуми“ да спроведеме зачестени вакви аткивности, што ќе придонесат за разубавување на градот, за кој се надевам дека во наредните неколку години ќе биде најдобро хортикултурно уреден град во земјата, истакна Бакрачески. Директорот Караџоски нагласи дека на службите што ќе се грижат за новите садници ќе им бидат доделени инструкции за нивно одгледување, барем во овој период додека се зафатат односно додека не достигнат возраст после која нема да биде потребно некакво посебно одржување. Симболичниот почеток на засадување на палми беше одбележан и Струга, каде Директорот на јавното претпријатие „Македонски шуми“ Жарко Караџоски и градоначалникот на Струга Зијадин Села засадија триесеттина влакнести палми покрај брегот на реката Црн Дрим. - Првпат засадуваме палми. Станува збор за влакнести палми со кои сакаме да ги разубавиме самите градови и денеска засадивме триесет палми. Од наредната година овој број ќе се зголемува. Локалната самоуправа ќе ги одредува локациите, а ние во рамките на Денот на дрвото ќе ги обезбедуваме садниците и заеднички со Локалната и граѓаните на Струга ќе го вршиме пошумувањето, ги извести медиумите Жарко Караџоски.

БРОЈ 63/64


ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ И СПОГОДБИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

БЛИЦ

Потпишувањата на договорите за вработување и преземање на вработени се вршеа првите два дена, во Владата на РМ, а потоа продолжија во просториите на ЈП Македонски шуми. Предворјето беше преполно со луѓе кои трпеливо чекаа да стигнат на ред за потпишување на договорите за вработување кои поголем дел долго го чекале овој значаен ден. Неколкучлената работна група која беше ангажирана од почетокот на објавувањето на Огласот за 1600 вработувања, љубезно ги пречекуваше нестрпливите клиенти и им ги врачуваше договорите за работа претходно изработени според стручната спрема, образованието, областа за која се образувале, како и местото на живеење. Договорите се потпишаа и 1600-те вработени по овој оглас ќе започнат да работат на местата на кои се определен од 02.12.2013 година. На нововработените на денот на потпишувањето на договорите им се обрати директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски,кој рече: “Овој процес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина релативно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Владата на РМ), сме исклучително задоволни зашто сметаме дека е направен најправичен избор. Во процесот на одбирање се направија низа проверки, почнувајќи од бодирање, рангирање, воведување на софтвер. Овој процес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина релативно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Владата на РМ), сме исклучително задоволни зашто сметаме дека е направен најправичен избор. Во процесот на одбирање се направија низа проверки, почнувајќи од бодирање, рангирање, воведување на софтвер. Се надеваме дека се направи вистинскиот избор и на сите ви посакувам успешно извршување на работните задачи на работните места.”

TРЕНИНГ ОБУКА ЗА АГРО ТУРИЗАМ ВО СОЛУН, ГРЦИЈА

Во периодот од 03- 09 Ноември 2013 година, Помошник директорот на Сектор за користење на други шумски производи и заштита на животната стредина- екологија учествуваше на тренинг обуката за Агро туризам, која беше организирана од страна на “БАЛКАНИЈА“ – регионална асоцијација за алтернативен туризам, и Америчкото земјоделско училиште од Солун – Грција (American Farm School) кој е воедно и Регионален центар за Агротуризам . Обуката имаше за цел да ги зајакне капацитетите на учесниците и на Балканија, за идно планирање и креирање проекти од областа на агро туризмот, според важечките европски стандарди и регулативи. Воедно беше преставен и европскиот модел на финансирање на проекти од оваа област, односно програмите за рурален развој кои во Грција даде големи резултати во туристичката ДЕКЕМВРИ 2013

понуда на земјата, обнови и изгради многу сместувачки капацитети во руралните подрачја и го постави агро туризмот на економско исплатливо ниво. Интересот на ЈП Македонски шуми во оваа област е да ги подготви плановите за искористување на сопствените капацитети (објекти) за Агротуризам , а тоа се постојните Шумски куќи, Ловни куќи, Планински куќи и други градби на атрактивни туристички локации, кои имаат потенцијал да се вклучат во идната туристичка понуда на нашата земја. За таа цел, соработката со Балканија ќе биде значајна овие планови да се вметнат во идните стратешки документи и програми кои ќе бидат изработени од страна на Агенцијата за подршка и промоција на туризмот на Република Македонија во наредниот период, а предложени на Владата за нивно усвојување.

НАШИ ШУМИ

5


БЛИЦ

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Врз основа на член 22 и член 23 од Законот за работните односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/2013 - пречистен текст), член 1 и 2 од Законот за вработување на инвалидни лица („Службен весник на Република Македонија” бр.44/00, 16/04, 62/05, 113/05, 29/07, 88/08, 161/08, 99/09 и 136/11), и член 37 став 2 од Закон за јавни претпријатија („Службен весник на Република Македонија“ број 38/96, 6/2002, 40/2003, 49/2006, 22/2007, 83/2009, 97/10 и 6/2012), Заклучок на Влада на РМ бр.41-17/163 од 24.10.2013 година, Програмата на Влада на РМ за вработување на 300 лица со инвалидност бр.41-7976/1 од 29.10.2013 година, Одлуката за измена и дополнување на Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работни места и исплата на плати во ЈП „Македонски шуми“ Скопје бр.02-1073/3 од 30.10.2013 година и Одлуката за објавување на јавен оглас

за засновање на работен однос на неопределено време на 300 извршители (лица со инвалидност) бр.02-1073/4 од 30.10.2013 година, донесени од Управниот Одбор на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“ Скопје, распишува ЈАВЕН ОГЛАС за засновање на работен однос на неопределено работно време за вкупно 300 извршители (лица со инвалидност) и тоа: 1. Помошни работници - 160 (стоишеесет) извршители со НКВ, ПКВ, НСО, КВ и ВКВ 2. Референти - 100 (сто) извршители со ССС или ВШС степен на стручна подготовка и тоа: 3. Соработници (Советници) - 40 (четириесет) извршители со ВСС степен на стручна подготовка

НОВИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА НА ДРВНИ СОРТИМЕНТИ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ, ЗА 2014 ГОДИНА

На конференцијата за печат во ЈПМШ, одржана на 06.12.2013, за медиумите, директорот на Жарко Караџоски, ги појасни новите услови за продажба на дрвни сортименти во ЈП Македонски шуми, за 2014 година Јавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми

донесени од претпријатието. Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2014 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ” најдоцна до 31.12.2013. Сите информации, заинтересираните можат да ги видат во Огласот кој секојдневно излегува во весниците “Вечер” и во “Коха”.

СОСТАНОК НА РАКОВОДИТЕЛИ НА ПОДРУЖНИЦИ ВО ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ При крајот на секоја календарска година , во просториите на Дирекцијата се одржува годишен состанок на кој учествуваат Раководителите на сите подружници во ЈП Македонски шуми. Годинава, акцентот беше ставен на новиот начин на продажба на дрвни сортименти, според кој се даваат определени поволности на купувачите. Покрај тоа, во продолжение секој од раководителите зборуваше за проблемите со кои се соочуваат во работењето и кои, се скоро исти. Се работи за работа со застарена механизација, неможност за наплата на сработеното, како и со проблемот на пласманот на производите. Лошата состојба со шумските патишта и влијаниетио на временските прилики се едни од најгорливите проблеми. Што се однесува до финансиското работење, евидентна е и можноста или неможноста на одредени подружници да ги задоволат бараните потреби од финансиски средства, особено во определени периоди во годината. Иако сите се свесни за недостатоците на организаторско ниво и исполнувањење на планот на производството, 6

НАШИ ШУМИ

сепак компромисот се сведе на изнаоѓање на начини да се излезе во пресрет во периодот кога треба според законските норми, секој 15. во месецот треба да се обезбедени бруто плати за вработените.

БРОЈ 63/64


ЕДИТОРИЈАЛ Po~ituvani, Pri kraj sme na u[te edna kalendarska godina, 2013 godina, koja za JP Makedonski [umi be[e mnogu zna~ajna, od mnogu aspekti. Pred se, zaradi skoro sto procentnite izvr[uvawa na zada~ite predvideni so planot, [to ne vodi kon kone~nata cel da napravime sovremena i konkurentna kompanija na pazarot. Pokraj re[avaweto na problemite vrzani so organizacijata na rabotata, podobruvawe na procesot na proizvodstvo i niza drugi tekovni problemi, Vladata na Republika Makedonija ni doveri zada~a od ogromni razmeri, Proektot 1600 vrabotuvawa, koja so mnogu golemi napori go izrealiziravme do kraj i so uspeh. Pomognavme na 1600 gra\ani od najranlivata kategorija na socijalni slu~ai. Vo tek e i sproveduvaweto na u[te eden proekt na Vladata od human aspekt 300 vrabotuvawa na lica so posebni potrebi, za koj isto taka imame kapaciteti da go sprovedeme. Finansiskite dubiozi od minatoto gi re[ivme so pomo[ na Zakonot za pretvorawe na pobaruvawata na Republika Makedonija po osnov na danok na dodadenavrednost, danok od dobivka, personalen danok na dohod, pridonesi za penzisko i invalidsko osiguruvawe, kako i kamati i sporedni dano~ni dava~ki i obvrski po osnov na denarski krediti vo traen vlog vo JP za stopanisuvawe so [umi Makedonski [umi p.o. Skopje. Spored ovoj Zakon se ureduva na~inot i postapkata na pobaruvawata na Republika Makedonija od JP Makedonski [umi. Se obrnuva golemo vnimanie na podobruvawe na rabotnata disciplina na vrabotenite [to e vo interes na site vraboteni, a vo odnos na podobruvawe na proda`bata na drvni sortimenti, se vovedeni novi na~ini na proda`ba na drvni sortimenti, pri [to za prv pat e vovedena proda`ba na ogrevno drvo i na pravni lica so avansno pla]awe, so [to se namaluva nelojalnata konkurencija vo skladovite, a i namaluvaweto na bespravnite se~i so poniskata cena koja ja dobivaat, uslovno re~eno, na[ite konkurenti. Planovite za idnata 2014 godina se isto taka ambiciozni i razvojno orientirani i jas se nadevam deka so zalagaweto na site vraboteni, moite pomo[nici, a pred se moeto li~no zalagawe i `elba JP Makedonski [umi da bide moderno, perspektivno i uspe[no pretprijatie. So ovie, se nadevam dosti`ni i pred se iskreni `elbi za uspeh na site vraboteni vo novata 2014 godina.

Sre]na Nova 2014 godina, Sre]ni Bo`i]ni praznici i mnogu li~ni uspesi na site poliwa @arko Karaxoski ДЕКЕМВРИ 2013

НАШИ ШУМИ

7


АКТУЕЛНО

ПРОЦЕСОТ НА ВРШЕЊЕТО НА РА ЗА ЗАСНОВАЊЕ НА РАБОТЕН ОД На 22.05.2013 година, ЈП „Македонски шуми“ Скопје, објави јавен оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители.

Јавниот оглас беше објавен за следниве категории на лица: a. Долгорочно невработени лица кои повеќе од 10 години во континуитет се без работа; б. Лица од многудетни семејства; в. Самохрани родители и еднородителски семејства; г. Невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен Јавниот оглас за 1600 извршители беше транспаретно објавен во сите дневни весници на македонски и на албански јазик. Исто така беше објавен и на веб страната на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, како и на веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Министерството за транспорт и врски. Рокот на пријавување по огласот беше 30 дена, односно заклучно со ден 22 јуни 2013 година. Во текот на целиот период од 30 дена (додека траеше огласот) секој заинтересиран кандидат можеше да ја преземе апликацјата (пропишан образец за пријава по јавен оглас) од веб страницата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, како и од веб страницата на www.avrm.gov. mk ; www.mtsp.gov.mk или од Архивата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје и од архивите на подружниците во јавното претпријатие. Истовремено од понапред наведените веб страници секој заинтересиран кандидат можеше и да се запознае со условите пропишани во јавнот оглас за засновање на работен однос на 1600 извршители. Во текот на целиот период од 30 дена додека траеше огласот, во Дирекцијата на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, секојдневно работеше тим од 15 лица кои беа максимално посветени на приемот на апликациите по јавниот оглас. Секој работен ден повеќе од 400 8

НАШИ ШУМИ

кандидати доаѓаа лично во дирекцијата да достават документи и апликација по оглас. На сите заинтересирани кандидати – апликанти, им беше објаснето како треба да се пополни апликацијата, кои документи треба да се достават, а истовремено им се помагаше со тоа што им се фотокопираа копии од документите кои што треба да ги достават со апликацијата итн. Додека пак на оние апликанти кои што им недостасуваа некои документи (најчесто по пошта пратени) односно кои не беа комплетни, апликантите беа телефонски контактирани да достават потребна документација. Сето ова беше со цел да се помогне на сите заинтересирани да можат да аплицираат по овој оглас, како и да достават уредна апликација. За сето време додека траеше огласот, секојдневно пристигнувше пошта со повеќе од 600 апликации. Тимот од 15 лица од ЈП „Македонски шуми“ Скопје работеше на приемот на пошта и нејзино арихивирање. Односно секојдневно се вршеше прием на лично доставените апликации и по дневно по пристигнатите апликации по пошта, со тоа што бројот на секојдневно доставените апликации не беше под 1000 апликации. И покрај тоа што јавниот оглас за засновање на работен однос со 1600 извршители траеше 30 дена, и по неговото завршување пристигнуваа апликации. (неблаговремени) Голем број на лица – апликанти имаат поднесено повеќе од една апликација, а исто така има голем број на лица кои што во апликацијата имаат аплицирано за повеќе места / позиции. Бројот на пристигнатите апликации говори за големата заинтересираност по јавниот оглас за заснивање на работен однос на 1600 извршители. Најголем интерес имаше пројавено од кандидати со завршен степен на стручна подготовка ССС и тоа околу 60 %, додека најмал интерес беше пројавен од кандидати со НК, ПК, КВ и ВК Најголем интерес имаше пројавено за позиција 2г. г. невработени лица од семејства каде нема ниеден вработен, каде што согласно јавнот оглас предвидено е да бидат примени - 118 (сто и осумнаесет) извршители; Согласно критериумите од огласот, се вршеше проверка од работни тимови – комисии составени од преставници од надлежните органи / институции (АВРМ, МТСП и УЈП) Комисиите имаа задача да извршат проверка на податоците од пријавата на лице место на адреса на живеење кај апликантот, со цел да се провери дали податоците од пријавата се точни и веродостојни. За таа цел беше изготвен пропишан образец – формулар кој беше пополнет од работните тимови, а кои што за својата работа доставуваа БРОЈ 63/64


РАБОТИТЕ ПО ЈАВНИОТ ОГЛАС ОДНОС НА 1600 ИЗВРШИТЕЛИ извештај за своето работење, со цел да се утврди податоци на колку кандидати се проверени, односно колку од посетените кандидати не се најдени дома. Проверката на податоците се врешеше на ниво на цела држава и тоа од страна на вкупно 41 работни тимови – комисии и тоа: 7 тима во градот Скопје, по 2 тима во Битола; Прилеп; Куманово; Тетово и Кичево и по 1 тим во останатите градови во зависност од бројот на лица кои што аплицирале (Велес, Гостивар, Штип, Пробиштип, Кратово, Крива Паланка; Гевгелија, Кочани; Крушево, Демир Хисар; Неготино и Демир Капија; Дебар, Струга, Охрид, Кавадарци, Струмица, Радовиш, Ресен, Делчево, Св.Николе, Берово и Пехчево, Валандово, Виница ). По извршената проверка на терен од 41 работни групи – комисии, податоците беа обработени од надлежните институции, по што се предадени на понатамошна обработка со цел изготување на финална ранг листа. Дополнително по собирањето на впишаните податоци од апликациите истите беа дадени до надворешна фирма за да изврши услуга - рангирање на сите поднесени апликации по јавниот оглас за 1600 извршители, при што се обрна внимание на националната и правичната застапеност на заедниците. Така на ден 06.10.2013 година на електронски медиум, јавно во отвореното студио на Македонска Телевизија се изврши јавно рангирање на сите кандидати, по што се изврши избор на 1600 најдобро рангирани кандидати. По извршеното јавно рангирање сите кандидати што беа избрани односно неизбрани беа известени писмено, и на сите им беше овозможено право на жалба односно им беше укажано дека изборот ќе биде конечен по завршувањето на жалбената постапка. По извршениот избор на 1600 извршители имаше поднесено околу 1200 жалби, со тоа што од некои лица имаше поднесено и по две жалби.

ДЕКЕМВРИ 2013

Комисијата за жалби и поплаки по јавен оглас работеше интензивно по доставените жалби, и тоа на начин што најпрвин ја разгледување навременоста на поднесените жалби, по што утврди дека доставени се вкупно 69 ненавремени жалби. Понатаму Комисијата во текот на својата работа утврди дека има доставено вкупно 165 неуредни жалби односно непотпишани, нецелосни и анонимни. Сите останати поднесени жалби, Комисијата темелно ги разгледа, при што констатира дека останатите жалби се неосновани поради тоа што дел од нив не биле ни првиот пат рангирани од причина што истите не ги содржеле потребните документи барани со огласот односно поради тоа што апликациите биле поднесени вон рокот, поради тоа што дел од поднесените жалби биле неаргументирани односно не содржеле нови докази. Исто така во текот на оваа жалбена постапка, Комисијата за жалби и поплаки констатира дека 113 жалби се основани и истите ги уважи. Дополнително, по донесената одлука од Комисијата за жалби и поплаки по јавен оглас која одлучуваше во жалбената постапка, ЈП „Македонски шуми“ Скопје ги извести сите примени кандидати по објавениот јавен оглас за 1600 извршители да дојдат во дирекцијата на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ Скопје за да склучат договор за преземање и спогодба за преземање. Во периодот од 18.11.2013 година до 29.11.2013 година, во просториите на ЈП „Македонски шуми“ Скопје, секојдневно лично доаѓаа кандидатите примени по јавниот оглас за 1600 извршители и потпишуваа договор за вработување и спогодби за преземање со институциите каде ќе засноваат работен однос, по што 1600 лица кои засноваа работен однос ќе започнат со работа од 02.12.2013 година во институцијата која што ќе ги има преземено по Спогодбата за преземање. Дипл.прав. Катерина Георгиевска Раководител на Служба за застапување

НАШИ ШУМИ

9


НАСТАНИ

ПОТПИШАНИ ДОГОВОРИТ ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ И С

Потпишувањата на договорите за вработување и преземање на вработени се вршеа првите два дена, во Владата на РМ, а потоа продолжија во просториите на ЈП Македонски шуми. Предворјето беше преполно со луѓе кои трпеливо чекаа да стигнат на ред за потпишување на договорите за вработување кои поголем дел долго го чекале овој значаен ден. Неколкучлената работна група која беше ангажирана од почетокот на објавувањето на Огласот за 1600 вработувања, љубезно ги пречекуваше нестрпливите клиенти и им ги врачуваше договорите за работа претходно изработени според стручната спрема, образованието, областа за која се образувале, како и местото на живеење. И покрај долгото чекање и гужвата, на лицата на сите се гледаше надеж и среќа, трпеливост. И покрај очигледната радост и среќа, повеќето од присутните не беа подготвени за разговор. Сепак, изјавите на неколкумината кои не ја криеја среќата во моментот, беа преполни со емоции и неизмерна благодарност за шансата која ја добиле за вработување. Хедие Атанасовска е примена на конкурсот 1600 вработувања, по основ на самохран родител. Мајка е на две деца и веќе неколку години неуспешно бара работа. Имајќи предвид дека има завршено само основно образование, веќе изгубила надеж дека ќе се вработи. Токму затоа ова вработување и значи премногу во материјална смисла за неа и нејзините малолетни деца. “Ова вработување го сметам за среќа од бога”-додаде Хедие.

“Јас сум Илија Ринчев од Гевгелија. Конкурирав по основ на многудетно семејство. Работа чекам од 1993 година, а редовно се пријавував во Агенцијата за вработување 11 години. Во семејството немаме никакви примања, освен додатокот за трето дете кое го добиваме од скоро. Со тој надоместок живееше целото петочлено семејство. Денес сум многу среќен и задоволен, еве сме тука заедно со сопругата заедно да се радуваме на овој убав момент.”

Јас сум Снежана Колева од Велес, кога слушнав за конкурсот, подадов документи, но не очекував ништо. Сега кога дојдов да потпишам договор се чувствувам неизмерно среќна и благодарна, инаку не би знаела како да излезам на крај како самохрана мајка. “Невработен сум веќе 20 години”- ни рече нашиот соговорник Пилачи Мирсад од Дебар, кој има завршено средно образование и веќе изгубил надеж дека воопшто ќе најде работа. Токму затоа е пресреќен и презадоволен. Тони Цековски од Пехчево е примател на социјална помош со 4-члено семејство. Долго време чека работа, а во меѓувреме работел кај приватници кои по кусо време го отпуштале од работа. Токму затоа е пресреќен што на крај нашол работа “за стално”. Не му е битно што ќе работи...само да зема редовно плата... 10

НАШИ ШУМИ

Маре Димановска е од Битола, дури 27 години чека работа. Со основно образование конкурирала на многу места но не била примена. “Конкурирав и на овој оглас, без многу да се надевам, ама кога слушнав дека сум примена на работа бев многу радосна.Во нашето семејство никој не работи , а јас моите две деца (синот ми е прва година на факултет, а ќерката средношколка), ги школував со тешка мака работејќи како чистачка. “- со солзи во очите ни ја раскажа својата приказна оваа 45 годишна жена, не криејќи ја среќата што конечно ќе има постојан приход. БРОЈ 63/64


На дел од нововработените, присутни во салата, им се обрати директорот на ЈП Македонски шуми, Жарко Караџоски.

“Денеска го завршуваме процесот кој што започна на 22 мај, кога беше објавен огласот за вработување и еве денес го завршуваме, со потпишување на договорите за вработување и преземање. Овој процес наизглед долго траеше, но ако се гледа големината и тежината помина релативно брзо, при што ние (ЈП Македонски шуми и Владата на РМ), сме исклучително задоволни зашто сметаме дека е направен најправичен избор. Во процесот на одбирање се направија низа проверки, почнувајќи од бодирање, рангирање, воведување на софтвер. Се ѕвонеше по телефон онаму каде што недостигаа одредени документи, се со цел да се овозможи на сите еднаква стартна позиција, зашто се работи за ранлива категорија на граѓани. Имаше секакви апликации, со разни недостатоци, но сите беа највнимателно разгледани. Самата бројка од 25 000 апликации, укажуваше на сериозноста на процесот. Јас нема да кажам дека имавте најмногу среќа, можеби затоа што во изминатите години сте мислеле дека немате среќа. Среќа е затоа што имаше и такви кои во прв момент влегоа во 1600-те вработени, но потоа отпаднаа во втората постапка, по разгледувањето на жалбите. Сакам јавно да кажам дека Владата на РМ јавно ги заслужува сите честитки што смогна сили да излезе во пресрет на една ваква категорија на граѓани, не би сакал да употребам тежок збор, но беа на маргините на општеството. Се работи за категорија која по сите мерила не одговара за продуктивна работа, имајќи предвид дека долго се чекало на работа, помиДЕКЕМВРИ 2013

нале повеќе години од школувањето...токму затоа, ако сме социјална држава, треба да им излеземе во пресрет на социјалните случаи. Јас проверував низ историјата, не само на нашата држава, туку и пошироко, дали имало ваков случај на вработување и не успеав да најдам. Токму затоа овој потег наидува на одобрување и поздравување. 1600 луѓе и не се многу за една држава, но фактот што државата сепак води сметка за нив е за поздравување, особено кога се знае дека на ова нема да остане. Со изнаоѓање на разни начини, Владата и понатаму ќе води грижа за оваа категорија на граѓани кои што се навистина загрозени. Дури и во соработка со приватниот сектор, околу 200 од нив ќе бидат таму прераспоредени. Процесот продолжува и со објавувањето на огласот за вработување на уште 300 инвалидизирани лица, кои, пак, уште помалку се надеваат дека ќе најдат некакво вработување. До сега, почнувајќи од понеделникот, до денес , петок беа потпишани договорите...се создаваа гужви, долги чекања, но треба да се има предвид и работата на овие луѓе кои поминаа низ сите фази на вашите апликации и сега го финишираат започнатото. Треба да им се оддаде признание за нивната упорност и залагање и професионализам. Фактот што стасавме дотука укажува на тоа дека она што го ветивме, го исполнивме. И кога ќе се погледнете межусебе, ќе бидете сигурни дека изборот е правичен. Овде, меѓу вас нема богати луѓе, како што сакаа да прикажат средствата за информирање. Тука сте самохрани родители од многудетни семејства, приматели на социјална помош, луѓе што скоро цел живот чекале работа...и сите тие ќе си ги најдат своите работни места. Планирани се дообуки од квалификувана агенција за адекватните вработувања, правилно снаоѓање во системот, како треба да се однесувате.Ние сакаме секој да си ја заработува платата и таа да му биде сигурна. Од вас, независно каде ќе се вработите, очекувам да го дадете својот максимум, докажете дека било неправда што порано не сте работеле. И таму каде што ќе почнете да работите ќе имате помош од колегите во вклучувањето во процесот на работа и нема да бидете оставени сами на себе. Уште еднаш, на сите ви посакувам успех на работните места каде што ќе почнете да работите, и ви посакувам да напредувате. Нашата цел е целиот процес да заврши до 01.декември, 2013 година, со што симболично би ја добиле првата плата во Новата година , за повесело и посреќно да ги дочекате празниците.”

НАСТАНИ

РИТЕ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО И СПОГОДБИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ

Подготвила Соња Никчевиќ

НАШИ ШУМИ

11


НОВИ УСЛОВИ ЗА ПРОДАЖБА

на дрвни сортименти во ЈП МАКЕДОНСКИ ШУМИ за 2014 година

ПРЕС

- При продажба на техничко дрво под точка 2 и 3 не смее да се испорачува роба со поголема вредност од банкарската гаранција. - При продажба на техничко дрво под точка 2 и 3 банкарската гаранција треба да биде со важност еден месец поголем од важноста на договорот. Купопродажни договори за техничко дрво по цена на мало со правни лица ќе се склучуваат двапати во годината и тоа: од 01.01-31.08.2014 година и од 01.09.31.12.2014 година. Купувачите кои ќе аплицираат треба да наведат: - за колкава количина од кој сортимент и дрвен вид се заинетерeсирани - во кој временски период да се склучи договорот, за кое време се однесува - кој начин на плаќање го одбираат Правните лица - купувачи кои нема да се пријават на повикот нема да можат да склучат купопродажни договори. За подетални информации заинтересираните можат да се јават во дирекцијата на ЈП”Македонски шуми” – Скопје, Сектор за комерцијални работи

На конференцијата за печат во ЈПМШ, одржана на 06.12.2013, за медиумите, директорот на Жарко Караџоски, ги појасни новите услови Продажба на огревно дрво на правни лица за продажба на дрвни сортименти 1. Со склучување на купопродажни договори за коливо ЈП Македонски шуми, за 2014 година чини над 1.000 м3, по цена на големо која е за 10% поЈавното претпријатие на најтранспарентен начин отпочнува со склучување на купопродажни договори со сите заинтересирани субјекти кои ќе се пријават на овој повик и кои ги исполнуваат условите од повикот, прописите и критериуми донесени од претпријатието. Субјектите кои се заинтересирани за склучување на купопродажни договори за 2014 година и кои ги исполнуваат критериумите можат да поднесат “БАРАЊЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА КУПОПРОДАЖНИ ДОГОВОРИ”

најдоцна до 31.12.2013. Сите информации, заинтересираните можат да ги видат во Огласот кој секојдневно излегува во весниците “Вечер” и во “Коха”. Со овој начин на продажба се регулираат сите елементи кои ги засегаат двете страни, - го започна своето излагање директорот Жарко Караџоски. Продажба на техничко дрво на правни лица 1. Со склучување на купопродажни договори за количини над 300 м3, по цена на големо која е за 10% пониска од цената на мало, со авансно плаќање на вредноста на вкупната количина од договорот. 2. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 30 дена од денот на превземањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која ја покрива вредноста на најголемата двомесечна испорака согласно предвидената динамика во договорот. 3. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 60 дена од денот на преземањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 10% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која ја покрива вредноста на најголемата тромесечна испорака согласно предвидената динамика во договорот. 4. Со склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 45 дена од денот на преземањето на робата и обезбедена хипотека на имот од прв ред која ја покрива вкупната вредноста на договорот. 12

НАШИ ШУМИ

ниска од цената на мало, со авансно плаќање на вредноста на вкупната количина од договорот. 2. Склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 30 дена од денот на преземањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 20% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која покрива 1/4 од вредноста на договорот. 3. Со склучување на купопродажни договори по цена на мало, со рок на плаќање од 45 дена од денот на преземањето на робата со учество при склучување на договорот во висина од 30% од вкупната вредност на договорот и обезбедена банкарска гаранција која покрива 1/3 од вредноста на договорот. - При продажба на огревно дрво под точка 2. и 3. не смее да се испорачува роба со поголема вредност од банкарската гаранција. - При продажба на огревно дрво под точка 2. и 3. банкарската гаранција треба да биде со важност еден месец повеќе од важноста на договорот. - Купопродажни договори за огревно дрво по цена на мало со правни лица ќе се склучуваат двапати годишно и тоа: од 01.01-31.05.2014 година и од 01.06.-31.12.2014 година. Што се однесува до цените, големопродажна цена за буково дрво 2583,00 денари, со авансна уплата од 10 % или за метар просторен е 2205,00 ден. Значи, секое правно лице кое ќе уплати 2205,00 денари авансно ја добива таа цена по метар просторен или по метар кубен 2583,00 денари. Малопродажна цена за метар кубен би било 2850,00 денари, или метар просторен 2450,00 денари од склад. На оваа цена се додава цената на превоз која изнесува 160 денари по метар кубен. Причината заради која се одлучивме за ово начин на продажба е да се овозможи на сите физички лица, здруженија на пензионери и други правни лица, регистрирани за оваа дејност да им овозможиме пристап на сите правни лица да им дадеме услови да можат да учествуваат на пазарот, продажбата да биде легална, а не продажбата на црно и слично. Секој еден којшто сака да се занимава со продажба на огревно или техничко дрво има поволни услови тоа да го направи на легален начин и од складовите на ЈП Македонски шуми. БРОЈ 63/64


правеше евазија на шумите, или како што сакаме да кажеме се “дозволуваа” бесправни сечи. Сега, дрвото ќе се продава исклучиво на склад и по услови кои се наведени во Јавниот повик со што сметаме дека ќе се направи каква- таква рамнотежа со пазарот на огревно дрво. Сето тоа е регулирано со Законот, фирмите кои ќе продаваат од складови имаат регистрирани свои приватни претпријатија и имаат право да продаваат легално набавено дрво од Македонски шуми.”-заклучи директорот Караџоски .

ПРЕС

“Сакам јавно да ги повикам сите заинтересирани да го искористат овој рок до 31 декември и да поднесат апликации кои ќе можат да ги најдат на нашата веб страница и да ги достават директно во дирекција на ул.Перо Наков бр. 128. Треба да ја искористат оваа можност затоа што правните субјекти кои нема да достават во овој рок апликација ја губаат можноста за склучување на договор. Ние ќе се потрудиме, затоа е и оваа прес конференција најтранспарентно и најдостапно да бидат сите информирани за што во дневните весници во дневните весници Вечер и Коха се објавува Јавниот повик. Тука се моите помошници, за производство Ѓоко Портарски и за комерцијално работење Гоце Цветановски, коишто активно се вклучени во оваа проблематика и можат да се исконтактираат во секој момент за било каков проблем. Тоа се однесува на делот на планираното производство, очекуваното производство за наредната година, како и за начинот на складирање и водењето на ценовната политика. Бенефитот од ваквиот начин се состои во тоа што о��ие кои што купуваат со авансно плаќање ја добиваат дрвната маса со пониска цена, а ја продаваат по цена на склад. Важно е да се нагласи дека досега не постоеше можност да се купува огревно дрво на одложено плаќање за правни субјекти. Сега им нудиме одложено плаќање од 30-45 дена и во тоа се состои бенефитот. Правното лице за период до 45 дена може да направи обрт 3-4 пати.На пример цената на буково дрво од 2405,00 денари на складовите се продава по 3100 денари. Што се однесува до граѓаните се стимулира лојалната конкуренција. И досега на физичките лица им се продавало на рати по цена која е гарантирана и непроменета веќе 6 години. Доколку оваа цена се спореди со другите енергенси е доста стимулативна. Заклучок е дека досега не постоеше цена на големо за огревно дрво, туку само на техничко, а сега, со новите услови тоа е овозможено. Со Закон е укината продажбата од шумско камионски пат, која

За темата на пресот владееше голем интерес од медиумите. Директорот Караџоски одговори и на неколку прашања надвор од темата, а се однесуваа на Проектот ”1600 вработувања”, при што појасни дека од страна на ЈПМШ, реализацијата е завршена, а останатото останува на другите институции и дека сите препреки тековно ќе се решаваат во интерес на вработените.

ИЗВЕШТАЈ за изречени дисциплински

мерки за утвредена дисциплинска одговорност за третиот квартал од 2013 година

ЈП „Македонски шуми“ Скопје во текот на третиот квартал од 2013 година ја продолжи работата по отпочнатите дисциплински постапки по предлозите за поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност кои беа поднесени во месец јули и август, а исто така и отпочна со работа по нови поднесени предлози за поведување на дисциплинска постапки за утврдување на дисциплинска одговорност. По завршувањето на дисциплинските постапки утврдено е дека работниците сториле дисциплински престап, по што им е изречена соодветна дисциплинска мерка, односно изречени се вкупно седум (7) дисциплински мерки – престанок на вработување и осум (8) дисциплински мерки – парични казни. Преглед на изречени дисциплински мерки по подружниците во јавното претпријатие, за месец септември, октомври и ноември: - ПШС „Бабуна“ Велес - три (3) дисциплински мерки – престанок на вработување; - ПШС „Лопушник“ Кичево – три (3) дисциплински мерки и тоа: • Една дисциплинска престанок на вработување и • Две дисциплински мерки – парични казни ДЕКЕМВРИ 2013

- ПШС „Демир Капија“ Демир Капија - една (1) дисциплинска мерка - престанок на вработување; - ПШС „Плачковица“ Радовиш - една (1) дисциплинска мерка - парична казна; - ПШС „Бор“ Кавадарци - една (1) дисциплинска мерка - парична казна; - ПШС „Беласица“ Струмица - една (1) дисциплинска мерка - парична казна; - ПШС „Малешево“ Берово - една (1) дисциплинска мерка - престанок на вработување; - ПШС „Сандански“ Македонски Брод - две (2) дисциплински мерки - парични казни; - Дирекција - две (2) дисциплински мерки и тоа • Една дисциплинска престанок на вработување и • Една дисциплинска мерка – парична казна Од друга страна тековно се работи по новите дисциплински постапки кои што се поднесени во изминатиов период. Само во текот на месец Ноември 2013 година поднесени се вкупно 21 нови предлози за поведување на постапки за утврдување на дисциплинска одговорност, по кои дисциплински постапки, Комисијата започна да постапува. Започнатите дисциплински постапки до крајот на оваа календарска година ќе бидат завршени. Изработил: Катерина Георгиевска НАШИ ШУМИ

13


НАСТАНИ

ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ШТЕТИ ОД ШУМСКИ ПОЖАРИ И ПЛАНОТ ЗА ТЕХНИЧКО ДООПРЕМУВАЊЕ

14

На пресот одржан во просториите на ЈП Македонски шуми, учествуваа директорот на ЈПМШ, Жарко Караџоски и Помошник директорот на Секторот за расадничко производство, одгледување, подигање и заштита на шумите, Игор Лазаровски “ЈП Македонски шуми во изминатиот период презема бројни мерки за намалување на штетите од шумски пожари поради што допринесовме оваа година штетите да бидат значително помали. Овој период се подготвуваме за уште подобра подготвеност за превенција и за сузбивање на шумски пожари за што во моментов имаме распишано тендер за лична заштита на нашите пожарникари, (ХТЗ) за гаснење пожар на отворен простор. „Новата единица за брзи интервенции ќе брои 50 лица. Можно е дел да бидат од нововработените, но генерално ќе се оди на искусни кадри зашто целта е што побрзо интервенирање, стигнување на самото место и ефикасно гаснење пожари. Овој тип на ХТЗ за гаснење пожар на отворен простор е новина во државата и го охрабруваме претпријатијата кои се занимаваат со оваа дејност да ни достават понуди за набавка. Изминативе неколку години ЈП Македонски шуми се доопреми со: - 20 теренски возила - 6 булдожери - Специјализиран алат за гаснење на шумски пожари и 215 напртњачи со капацитет 25 литри Со новите булдожери изградени и прочистени се најбитните шумски патишта за навремена интервенција на 154 шумски пожари при што оваа година штетата врз шумата изнесува 14.182 м3што споредбено со 2012 год. 158.443м3 и 2007 год. 392.914м3е огромен придонес. Во текот на декември и јануари ќе се доопремиме со нови 33 теренски дизел возила.Во 2014 год. се планира набавка на 20 крос мотори за поголема мобилност во шумски предели. Договорена е и бесплатна обука на гасначи во Анталија, Република Турција, кои понатака ќе раководат со посебна единици на мобилни екипи, обучени шумски пожарникари составени од нашите вработени.”- изјави за медиумите директорот на ЈПМШ, Жарко Караџоски. Помошник директорот на Секторот за расадничко производство, одгледување, подигање и заштита на шумите, Игор Лазаровски, додаде, дека во нареднот период сме во преговори за добивање на донација на специјализирани возила: - цистерни за гаснење на шумски пожари со погон на сите тркала - пикап возила со резервоар 500 литри вода со погон на сите тркала Оваа пригода ја користиме и да се заблагодариме на помошта при гаснење на шумски пожари на нашите пријатели од ПП бригадите и авиооделението на Дирекцијата за заштита и спасување. НАШИ ШУМИ

Ген. директор Жарко Караџоски

Пом. директор Игор Лазаревски БРОЈ 63/64


ШУМИТЕ ВО СВЕТОТ СПОРЕД ФАО ПОДАТОЦИТЕ ЗА 2009 ГОДИНА ФАО (Food and Agruculture Organization of the United States) секоја година издава публикација која ги содржи главните статистички податоци за состојбата на шумите во светот. Овој Годишник е презентиран на 13. Светски шумарски конгрес, а ги донесува најактуелните статистички податоци. Публикацијата во себе содржи, за шумарската пракса многу интересни податоци . Во овој краток осврт се претставени податоци кои би биле интересни и битни за шумарите. Од овие податоци ќе се види состојбата и трендовите на движењата на шумските површини по континенти и периоди, за што било преопширно да се покажува состојбата во сите земји и региони опфатени со оваа статистичка публикација. Моменталната ситуација во светот, според овие достапни податоци е загрижувачка. Шумите се во постојана опасност од активностите на човекот, па затоа нивните површини од година во година се намалуваат. Токму заради тоа за состојбата на шумите се зборува на многу светски форуми, а на оваа тема особено внимание е посветено и на последниот шумарски конгрес зашто шумата е еден од главните фактори кои имаат големо влијание на ублажувањето на последиците од глобалното затоплување. Анализирајќи ги податоците можеме да забележиме дека се дадени само до 2005 година, но сепак се вредни. Иако мислиме дека сме богати со шуми и дека нешто значиме, од овој приказ се гледа дека во светски размери сме практично занемарливи. Но, бидејќи сме мала земја, со мал број на жители, нашите шуми за нас претставуваат многу значаен потенцијал. Сепак, ние ќе се осврнеме на трендовите кои владеат на глобално ниво. Ако се анализира состојбата на дадената табела, се наметнува заклучокот дека површините се зголемуваат во Европа, Источна Азија, каде што Кина во последните 5 години вложува огромни напори да пошуми огромни пространства. Тука се и земјите од Западна и Централна Азија каде Турција предничи пред земјите во вложувањата во пошумувањето и зголемувањето на површините под шуми. Причината за зголемувањето на површини на шума во Европа е во регулативите на Европската Унија која ги намалува земјоделските површини со субвенции за нивно претворање во шуми. Овој тренд ќе продолжи и во наредните години, зашто на тој начин Европа се обидува да се спротивстави и на глобалното затоплување. Нешто полоша е ситуацијата во земјите на поранешниот Совјетски Сојуз каде постојат негативни трендови. Што се однесува до Источна Азија, тука Кина е предводник, а во иднина сака да си осигура доволно дрва за подмирување на индустриските потреби од сопствени извори. Пошумените површини во Кина кои се движат околу 4.058.000 ха ја прикриваат многу лошата состојба во Јужна Азија каде шумите интензивно се рашчистуваат при што е изгубено 3.700.000 ха, со што ситуацијата е слична како во Латинска Америка или Африка. ДЕКЕМВРИ 2013

Тука според негативните показатели водат Индонезија, Малезија, Камбоџа, Филипини, Бурма. Што се однесува до другите делови од земјата се забележува дека најголемо уништување на шумите има во Африка и Латинска Америка, каде што се сечи и палење на шуми се прават обиди да се добие поголема земјоделска површина заради големата популација . И со доаѓањето на тој начин до обработливо земјиште, истото набргу се дисертифицира, а набргу потоа се напуша. Интересни се податоците за Австралија и Океанија каде има негативен тренд, а познато е дека и Австралија и Нов Зеланд многу вложуваат во шумарство. Овде станува збор за големи пожари кои секоја година опустошуваат илјадници хектари од шума, а не постои можност овие опожарени површини брзо да се санираат. Сепак, австралиската Влада вложува големи средства во пошумување и зголемување на површините под шума. Многу е интересна ситуацијата во Северна Америка каде има намалување на површините под шума. Сепак, кога ќе се земе предвид големината на површината, тоа во просек изнесува три големи држави. Ситуацијата во САД е сосем поинаква отколку во Канада, каде што нема големи промени. САД вложуваат многу во пошумувањето и бележат позитивни резултати зашто се пошумуваат бројни напуштени земјоделски површини, како и индустриски пустини по долините на реките Мисури и Мисисипи. Сепак, таму има и голем проблем, односно закана за шумите од постојани напади од инсекти кои предизвикуваат сушење на големи шумски комплекси, како и големи шумски пожари. Неопходно е да се обрне внимание на критичната ситуација во Мексико која станува алармантна заради исчезнувањето на огромни површини под шуми, особено во јужниот дел на земјата. Шумите се копачат и претвораат во земјоделско земјиште со цел прехрана на се поголемата човечка популација во оваа земја. Заклучок од наведените примери би бил дека во светот на глобално ниво продолжува негативниот тренд на уништување на шумите, иако се прават напори во многу земји, оваа негативна тенденција да биде запрена. Хронолошки гледано позитивните промени во некои земји во периодот од 2000-2005 година ги прикриваат јаките негативни тенденции во другите земји. Сепак, има многу помалку посечено во последниот период кој е анализиран, отколку 1990-2000 година. Трендовите во оваа проблематика секако од година во година се менуваат, а за валидни заклучоци треба да се дочека анализата на новите петгодишни податоци. Превод и обработка: Фатима Шкријељ

НАШИ ШУМИ

15


ИНТЕРВЈУ ИНТЕРВЈУ СО ДЕКАНОТ НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ ПРОФ. Д-Р ЈАНЕ АЦЕВСКИ

НАШАТА МИСИЈА Е ГРАДЕЊЕ НА ВОДЕЧКА ИНСТИТУЦИЈА ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ ВО БИОТЕХНИЧКИТЕ НАУКИ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Денеска Шумарскиот факултет во Скопје работи како организациска единица при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претставува единствената високообразовна и научноистражувачка институција во Република Македонија од областа на шумарството и озеленувањето и унапредувањето на животната средина. Во неа се образуваат високостручни кадри кои понатаму можат успешно да се носат со современите предизвици и трендови во областа на шумарството и озеленувањето и унапредувањето на животната средина. Покрај наставно-образовната и апликативна дејност, Шумарскиот факултет во Скопје има богата издавачка дејност, која се отсликува преку голем број на издадени публикации, учебници, учебни помагала, зборници, монографии и др. За изведување на наставата Факултетот располага со амфитеатар, 10 предавални, 15 лабoратории, 10 наставни збирки, 53 кабинети, читална и библиотека. Исто така, за изведување на теренска настава се користат објектите на шумско-опитната станица, и тоа: во Скопје, односно околу Факултетот (арборетум, дендропарк, стакленик); објектот Трубарево (арборетум, семениште, растилка, ловиште со волиери, хранилиште и др.), објектот во Крушево (расадник, дендропарк, опитни површини од 40 ha на локалитетите Куличе, Порта и Станиќ) и објект - огледна површина на Китка кај Скопје на 1,5 ha. 16

НАШИ ШУМИ

За работата, актуелните проблеми и плановите за развој за наредниот период, разговараме со Проф. д-р Јане Ацевски, декан на Шумарскиот факултет во Скoпје. - Од академската 2013/2014 година започнува новата акредитирана студиска програма екоинженеринг и екоменаџмент. Кои се мотивите за формирање на оваа група за студирање? Од академската 2013/2014 година започнува новата акредитирана студиска програма екоинженеринг и екоменаџмент. Се надеваме дека оваа студиска програма ќе привлече голем број студенти кои својот животен ангажман сакаат да го посветат на заштитата, одржливиот развој и унапредувањето на природните ресурси и животната средина во целина. Постојните студиски програми за шумарство и озеленување и унапредување на животната средина, согласно измените во Законот за високо образование се редизајнирани. Тоа особено се однесува на студиската програма озеленување и унапредување на животната средина која е целосно редизајнирана и е со нов наслов пејзажно дизајнирање. Промената е направена со цел да се излезе во пресрет на барањата на студентите, трендовите во оваа област и потребите на субјектите и институциите во Република Македонија кои се бават со оваа проблематика и имаат потреби од кадар со таква специјалност, со што се приближуваме кон стандардите на ЕУ и следење на еколошките стандарди. Со студирањето на една од студиските програми на Шумарскиот факултет во Скопје, идните инженери од оваа област ќе се стекнат со теоретски и практични знаења и вештини, кои што ќе претставуваат солидна основа за натамошно проширување и продлабочувања на знаењето, вештината, умешноста, одлучноста и искуството при креирањето и реализацијата на едукативни, апликативни и научноистражувачки проекти. Во услови на брзи економски, техничко-технолошки и пазарни промени предизвикани од процесот на глобаБРОЈ 63/64


ДЕКЕМВРИ 2013

• Подигање на свеста кај студентите за поголемо присуство и активности во наставниот процес и процесот на донесување на одлуки (ННС на УКИМ ШФС), • Континуирана евалуација на наставниот и соработничкиот кадар од страна на студентите, • Воведување на доброволна практична работа (незадолжителна дополнителна „ад хок“ активност) и признавање на меѓународна стручна практична работа, • Подобрување на студентскиот стандард во рамките на условите за студирање преку форми на ангажирање на студентите во различни проекти на Факултетот, • Организирани посети и активности на струкови манифестации во земјата и странство, • Поддршка за учество и организирање на стручни, културни и спортски активности (Студентскиот парламент на УКИМ ШФС, како и две невладини здруженија: Здружението на студенти ДРЕН и Црвен крст при ШФ ). Студентите во Студентскиот парламент се редовно избрани во телата на Факултетот и активно членуваат во сите нивоа на управувањето со факултетот. Невладините здруженија исто така активно работат и со поддршка на локалната самоуправа веќе имаат повеќе успешни проекти. Минатата година, на моја и на иницијатива на неколку студенти се формира и Здружението Црвен крст, кое е формирано со цел да се направи една обучена организација од страна на Црвениот крст на РМ, за давање на прва помош во шума. Значи, се работи за идни шумари кои ќе ја извршуваат својата работа во шума, каде што се подложни на разни немили случаи, несреќи при работа, при што покрај самопомош, треба и да знаат да пружат стручна

НАШИ ШУМИ * МАЈ 2013

лизацијата, местото и улогата на високо-образовните институции се јасно детерминирани: силни универзитети за силна Европа (Факултетот како дел од универзитетот) - институции кои силно придонесуваат за развојот на државите и општествата кои се засноваат на знаење. Тргнувајќи од ваквиот пристап ја гледам и мисијата на Факултетот: јакнење на позицијата како институција од областа на биотехничките (инженерските) науки во Република Македонија, развој во насока на една од водечките институции во регионот на Балканот и нејзино приклучување кон водечките институции во оваа област во Европа. - Шумарскиот факултет располага со квалитетен наставен кадар, но сепак е неопходно следењето на модерните движења во оваа област. Континуираното усовршување на кадарот од редот на наставниците и соработниците, односно оние што се вклучени во наставно-научниот процес, ќе биде еден од приоритетите на деканот и деканската управа. Активното учество на научни собири од национален и меѓународен карактер е многу важно во процесите на размена на постоечките искуства и стекнување на нови искуства, а со тоа и примена на нови современи наставно-научни методи за време на наставата и истражувањата. На тој начин, секако, се отвора поголема можност за соработка на повеќе рамништа помеѓу сродните факултети и струковите организации од регионот и пошироко. Поддршката за стручната и административна служба за учество на работилници, симпозиуми и други собири од професионален карактер, исто така, ќе овозможи ажурно спроведување на поголем број решенија за ефикасно и ефективно работење, особено во делот на употреба на современи информациски техники во финансиското работење на Факултетот, библиотеката и студентската служба (софтверски апликации, користење на современи елек��ронски библиотечни бази за пристап на истражувачите, електронски уплати за студентите, целосна примена на iKnow системот и сл.). Болоњскиот процес, како инструмент на глобализација на високото образование, е спроведен во работењето на УКИМ ШФС, со што е овозможена мобилноста на студентите. Тоа треба да се искористи и кај студентот да се поттикнува желба за размена на стекнатите искуства за време на наставниот процес на матичниот факултет со оние искуства што би можел да ги добие на другите сродни факултети во Европа (ERASMUS, BASILEUS и др.). Кога сме кај Болоњскиот процес, сакам да нагласам дека и при последната посета на универзитетот во Берн, заклучивме дека, всушност овој процес многу тешко се имплементира во наши услови, од едноставна причина што сеуште не се овозможени условите кои ЕУ ги пропишува. Овде не зборувам на адаптирана примена, што на повеќето факултети е, туку за конкретна примена во рамките на економските услови на државата, на кредит трансфер системот на студирање. Обидите што последниве десет години ги правиме за целосна примена, за жал, според мене не се целосно успешни, зашто постојано наидуваме на пречки. Покрај секојдневните редовни активности во наставно-образовниот процес, за студентите ќе бидат преземени активности кои ќе овозможат нивно вклучување и во различни активности на Факултетот, приближување кон стопанството, како и нивно вклучување во меѓународната студентска размена. Соработката со студентите и студентската организација ќе се реализира на повеќе рамништа. Во таа насока ќе се преземат следните позначајни активности:

НАШИ ШУМИ

17


прва помош на евентуално повредените, или при евентуални природни непогоди, разликување на јадливи од отровни растенија и друго. Целта ни беше обуките, покрај обучувачите од Црвен крст, да имаме едукација од тн. Горска спасувачка група, како исклучителни екипи за оваа намена. • Во однос на спроведувањето на трите студиски програми, почнувајќи од академската 2013/2014 година, предвидувате реформи и тие ќе бидат предмет на сеопфатни анализи и проучувања. Во моментов немате втор и трет циклус на студии... Со оглед дека новите докторски студии се организираат на нови основи, за успешно и квалитетно воведување на докторските студии ќе се направи соработка со ректоратот за користење на капацитетите на УКИМ, но ќе се прави напор за соработка и со странски факултети кои имаат успешни докторски програми. Во оваа студиска година немаме втор и трет циклус и нема да имаме зашто треба да се финализира соработката со Универзитетот во Берн за поадекватна примена на стекнатите знаења поврзано со праксата. На Bern University of Applied Sciences School of Agricultural Forest and Food Sciences – HAFL, има студиска група за Применето шумарство, чија програма планираме да ја имплементираме на нашиот факултет. Според нивната програма Шумарскиот факултат спаѓа во т.н. применети факултети. Целта на оваа програма е пред се студентите пред да се запишат на Факултет да поминат волонтерски, една година во шума на работа со шумари, а дури потоа кога ќе ги согледаат предностите и недостатоците, како и личните афинитети на потенцијалниот студент, да се одлучат за студирање на тој факултет. При студирањето на овој универзитет се применуваат еколошки услови на студирање и ние во нашата соработка од следната година планираме со примена на еколошките стандарди во шумарството, да продолжиме со студии во почетокот од втор, а следната од трет циклус студии. Значи вториот циклус ќе биде во траење од три семестри и се добива звање магистер. Волонтирањето за кое зборувавме треба да се врши во фирми како ЈП Македонски шуми, каде ќе се запознае со спецификите на струката и од која ќе добие потврда за успешното волонтирање, со која после ќе конкурираат за запишување на првиот циклус на студии по шумарство. Искуствата покажале дека овие студенти се поподготвени за идната професија и се прави селекција за оние кои навистина сакаат да студираат. Но и покрај успешната примена во Швајцарија, јас сум скептик во можноста за примена на оваа пракса. Сите напори кои ќе бидат преземени, ќе бидат ставени во функција на квалитетот на студирањето, а сè со цел крајниот производ- дипломираниот инженер со соодветната насоченост да добие квалитетни знаења и способности кои ќе овозможат негова конкурентност на пазарот на трудот. -Дел од работата на ШФ претставува научноистражувачката и апликативната дејност... Во високото образование квалитетна настава може да се обезбеди само доколку наставата се заснова на истражувања. Научноистражувачката дејност на Факултетот се одвива во услови на ниска буџетска поддршка на оваа дејност во Република Македонија, која е далеку од заложбите на Лисабонската декларација за поддршка на науката. Во такви услови тешко се извршува научноистражувачката дејност, без соодветна опрема. Опремата со која располага УКИМ ШФС генерално е необновена и не може да обезбеди квалитетни истражувања и анализи за сè поострите стандарди и критериуми кои во светот постојано се подиг18

НАШИ ШУМИ

нуваат. Оваа состојба доведува и до тешкотии наставно-научните работници на Факултетот да не бидат прифаќани со свои трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание.Надминувањето на неповолната состојба во научноистражувачката дејност ќе бара значителен ангажман и претставува процес во кој ќе се комбинираат повеќе активности: - Зголемување на апликациите на проектите во Министерството за образование и наука на Република Македонија, како и проширување на учество на научните собири од кои произлегуваат меѓународни проекти (COST, SCOPES, CEEPUS и др.), - Интензивирање на соработката со другите ресорни министерства, локалната самоуправа и невладините организации во делот на научни, но и на применети истражувања за нивни потреби, - Обезбедување наменски средства од донации од домашни и меѓународни фондации, бизнис компании и други партнери за осовременување и набавка на нова опрема, - Потпишување на билатерални и мултилатерални меморандуми за соработка, а со тоа и спроведување на меѓународни проекти, - Обезбедување средства за учество на наши наставно-научни работници на симпозиуми, конференции, конгреси и други средби каде ќе презентираат научен труд, - Обезбедување наменски средства за печатење на научни трудови во меѓународни списанија со фактор на влијание; - Обезбедување наменски средства за печатење на меѓународното научно списание Шумарски преглед, - Организирање на обуки во соработка со факултети од развиените европски земји, посебно наменети на помладите истражувачи од Факултетот, за учење на нови истражувачки методи, техники на изработка на научни трудови кои ќе се печатат во списанија со фактор на влијание, како и техники за подготвување на предлог проекти финансирани од европски и други меѓународни фондови. За жал, на крај можам да констатирам дека и покрај сите овие планови и напори кои ги вложуваме, на нашиот Факултет во континуитет не му се одобруваат неопходните средства за развивање на научноистражувачката дејност. Тоа значи дека не е објавен ни еден конкурс за аплицирање за средства од страна на државата, а со тоа и можноста е сведена на нула. Порано имаше по неколку конкурси на кои аплициравме и каде се добиваа минимални средства, но сепак функционираше.

БРОЈ 63/64


Сега, за жал сме насочени исклучиво на странски, меѓународни донации, каде всушност се аплицира индивидуално, по области, но сепак тоа е некаква шанса колегите професори да ги пласираат свиоте трудови и да бидат во тек со светските случувања. Ние како факултет имаме прилично плодна соработка со повеќе факултети и универзитети. • Со кои високобразовни и научнo-истражувачки институции има соработка Шумарскиот Факултет во Скопје? Досегашна соработка со странски универзитети, високобразовни и научнo-истражувачки институции од страна на Шумарски Факултет – Скопје, остварена преку потпишување на меѓусебни договори: 1. Kastamonu University Faculty of Forestry, Kyzeykent Campus,TURKEY 2. Bern University of Applied Sciences, School of Agricultural Forest and Food Sciences – HAFL Zollikofen, SWITZERLAND 3. National Agricultural Research Foundation – NAGREF Agricultural Research Institute of Thessaloniki GREECE Досегашна соработка со странски универзитети, високобразовни и научно-истражувачки институции од страна на Шумарски Факултет – Скопје, остварена без потпишување на меѓусебни договори: 1. University of Belgrade, Serbia, Faculty of Forestry 2. University of Zagreb, Croatia, Faculty of Forestry 3. University of Ljubljana, Slovenia, Biotechnical Faculty, Department of Forestry 4. University of Banja Luka, Bosnia and Herzegovina, Faculty of Forestry 5. University of Forestry, Sofia, Bulgaria 6. Bulgarian Academy of Sciences, Institute of Forestry, Sofia, Bulgaria 7. University of Queensland, Brisbane, Australia 8. University of Tasmania, Hobart, Australia 9. University of Tuscia, Viterbo, Italy 10. University of Geneva, Geneva, Switzerland, Faculty of Geography На оваа соработка Шумарскиот факултет е упатен и насочен заради отсаство на адекватна соработка со институциите во државата, а се однесува на унапредување на научната и истражувачката дејност на кадрите на факултетот. Како пример ќа го наведам факултетот во Берн, Швајцарија, кој на пример е 127 –ми на Шангајската листа на факултети, што зборува за квалитетот на потпишаниот договор и субјектите со кои соработуваме. -Едно од претпријатијата со кои соработува Шумарскиот факултет е и ЈП Македонс��и шуми. Каква е соработката и резултатите од оваа соработка? ЈП Македонски шуми не е едно, туку единствено претпријатие со кое можеме и треба да соработуваме на сите нивоа и тука постои една максима, колку е послабо стопанството, односно, ЈП, толку сме ние послаби. Сета соработка со јавното претпријатие се случува стихијно, за жал, иако мислам дека пред неколку години имаме потпишано Протокол за меѓусебна соработка на сите интересни сфери на институционално ниво. Значи, ние сме упатени едни на други и заедно со МЗШВ го правиме триаголникот на меѓусебно најупатени институции, единствени во шумарската бранша. На ШФ му одговара во наредниот период да направи ДЕКЕМВРИ 2013

позначајни реформи во наставно-образовната дејност, особено за истакнување се реформите на студиските програми, кои ја зголемија понудата на знаења и способности за студентите, институциите и бизнис заедницата. Во рамки на постојаното зголемување на квалитетот на сите сегменти од работењето на Факултетот, важно е да се набележат оние работи кои досега не беа споменати. Ова е амбициозна задача, но е остварлива на подолг рок. Одржливиот квалитет во сите сегменти на делување на Факултетот ќе се остварува со постојано подигање на свеста и професионалната одговорност во наставно-образовните активности на секој член на Факултетот. Промените во наставно-образовната дејност ќе бидат насочени кон: - Целосно ангажирање на наставниците и соработниците од Факултетот во спроведување на предметните и студиските програми, - Ангажирање на надворешни наставници и соработници од УКИМ или од други универзитети во нашата држава и странство, за непречено одвивање на наставата на додипломските (и докторските) студии, - Настојување за вработување на млади кадри (соработници), - Континуирана проверка на знаењата на студентите во текот на семестарот преку парцијални испити и зголемување на проодноста, - Подигнување на квалитетот на стручната практична работа,

НАШИ ШУМИ

19


- Стимулирање на издавачката дејност на Факултетот (учебници, скрипти, практикуми), - Презентирање и рекламирање на Факултетот во средните училишта во државата за поттикнување на матурантите за упис на УКИМ ШФС, - Информирање на бизнис заедницата и стручната јавност за постојните и нови додипломски, постдипломски и докторски студии. - Во рамките на Вашата апликација за Декан на Шумарскиот факултет имате програма за работа за наредните 4 години. Што се приоритети на оваа програма? Предложената програма за работа на Шумарскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ ШФС) во периодот 2013-2017 година е изготвена од моја страна како в.д. декан на УКИМ ШФС. Оваа програма е конципирана на начин првенствено да ги следи насоките на програмата за работа на УКИМ во периодот 2012-2016 година, како дел од универзитетската целина. Секако, програмата се заснова и на повеќе стратешки документи за развој на високото образование и високо-образовните ин-

ституции во Европската унија, со цел прифаќање и спроведување на принципите и стандардите кои му се неопходни на УКИМ ШФС, како дел од единствениот европски академски простор.Во рамки на подготовка на програмата, а во контекст на оптималниот простор, се разбира дека не сум во можност да опфатам се Програмата е фокусирана само на определени актуелни насоки во кои ќе се одвива развојот на Факултетот, а во опкружување во кое се случуваат брзи промени. Според изјавата за честа и посебно за одговорноста да се биде декан на УКИМ ШФС, сметам дека програмата ќе може да се реализира само доколку во нејзината реализација бидат вклучени сите вработени на Факултетот. Квалитетот на наставата на Факултетот ќе се подигне и со ангажирање на наставници во наставно-образовниот процес од реномирани домашни и странски универзитети и факултети. Соработката ќе биде остварена на договорна основа, со тенденција таа да прерасне во традициј Разговорот го водеше: Соња Никчевиќ

ШУМАРСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА ПРИМЕНЕТИ НАУКИ ВО БЕРН

Од 20-23 Ноември, 2013 година, делегација на Шумарскиот факултет при Универзитеот “Св Кирил и Методиј” претставувана од деканот Проф. Д-р. Јане Ацевски и продеканите Доц. Д-р Влатко Андоновски и Проф. Д-р Николчо Велковски оствари официјална посета на факултетот за Земјоделски, Шумарски и науки за Храна при Универзитетот за Применети Науки во Берн, Швајцарија. За време на посетата остварени беа повеќе контакти со ректорот на Универзитетот, професори и истражувачи од повеќе области, Министерството за Животна Средина – одделот за шуми, а се посети и областа Ементал каде што беше презентирано стопанисувањето со шумите.

20

НАШИ ШУМИ

Посетата е во рамките на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу двата факултета кој опфаќа повеќе активности во областа на науката и истражувањето во шумарството, размена на академски персонал и студенти помеѓу двата факултета, реализација на заеднички предавања, теренска настава и научно-истражувачки проекти, организација на симпозиуми и конференции, трансфер на научен и технолошки know-how и разни практики, како и заедничка промоција на академската соработка помеѓу двете институции. За 2014 година договорени се блок предавања на Шумарскиот факултет во Скопје како и теренска настава за студентите кои ќе бидат изведувани од страна на професорите при Универзитетот за Применети Науки во Берн, Швајцарија. Поддршката за имплементација на поедини активности од овој меморандум за соработка е во рамките на Програмата за Заштита на Природата во Македонија, финансиски поддржана од Швајцарската Агенција за Развој и Соработка, а имплементирана од страна на Helvetas Swiss Intercooperation и Фармахем.

БРОЈ 63/64


ПРИЗНАНИЈА

ЗЕЛЕНА ЅВЕЗДА, ЗА ПЛАНЕТА БЕЗ ПОЖАРИ Професорот Никола Николов од Универзитет Свети Кирил и Методиј-Шумарски Факултет во Скопје доби светска награда за заштита на шумите од пожари. Статуетката Зелена ѕвезда на секои две години ја доделува организацијата Зелен крст со седиште во Женева. Оваа организација е пандан на Црвениот крст и спаѓа под Обединетите Нации. Разликата е во тоа што Црвениот крст претставува грижа за луѓето, а Зелениот за луѓето и природата заедно. Оваа престижна награда претставува афирмација на еколошките залошби на Шумарскиот факултет, но и на Република Македонија како држава. Јас ја добив оваа награда годинава на 20 години основање на Организацијата од Михаил Горбачов, токму затоа, покрај останатото, оваа статуетка многу ми значи, рече пофесорот Николов. Оваа награда е во категоријата Подготвеност и превентива од шумски пожари, а годинава ја дели со двајца негови колеги од Непал и од Украина. “Јас сум координатор за Источна и Југоисточна Европа и Кавказ за заштита од шумски пожари, дел од светската мрежа за заштита од пожари. Спроведуваме активности согласно стратегијата за намалување на катастрофи. Одлуката за номинација ми ја соопшти директорот на мрежата Јохан Голдемер. Во прв момент не можев да поверувам, но му ги испратив материјалите кои ми ги побара и искрено, ништо не очекував. Се работи за многу високо рангирана ДЕКЕМВРИ 2013

светска награда и тоа во јубилејна година за организацијата. Дури по неговата потврда по неколку недели сфатив што се случува”, рече Николов. Објаснување на причините за неговата номинација всушност влечат корени уште од неговата работа на проценка на пожарите во Азербејџан и во Горна Ерменија во 2006 година, каде по барање на Генералното Собрание на ОН, заедно со двајца колеги бил да ја процени состојбата со пожарите. За таа намена поминал низ низа подготовки и состаноци. Тоа бил самиот почеток. После оваа мисија следуваат многу активности, проекти, тренинзи. Проф.Никола Николов, исто така со усте двајца сколги од странство, ја направи проценката на пожарите во Македонија во 2007 година врз основа на која беше утврдена и потребата од систем за рано предупредување за шумски пожари, кој треба да профункционира следната година.

НАШИ ШУМИ

21


“Морам да признам дека овој систем е многу подобар од европскиот и токму затоа упатените во оваа проблематика се изненадени од неговата прецизност (во однос на најмалата површина за која дава податоци) и алатките на толку мал простор”, вели Николов. Значи, претстоеле куп активности, акции, тренинзи на пожарникари и луѓе од оваа област (Турција, Азербејџан, Ерменија, Грузија, Грција и други земји) пред случувањето на главниот момент, вечерта на доделувањето на наградата на 2 септември годинава. “Во периодот на одвивањето на оваа манифестација во Женева се беше во знакот на Зелениот крст. Не може да се опише чувството кога излегов на бината и ја добив статуетката. Пред мене стоеја и ракоплескаа многу славни личности, меѓу кои Горбачов, бившиот премиер на Холандија, градоначалничката на Женева, годинешниот добитник на Нобеловата награда за климатски промени и многу други. Наградите ги доделуваше Жан Мишел Кусто, синот на Жак Кусто што ме направи особено горд”. Професорот, опишувајќи ја наградата вели дека Зелената Ѕвезда тежи два и пол килограми и значи свет без граници за Македонија, но и обврзува на ��истемско и координирано следење, проценка, превентива и намалување на опасноста од пожари.

22

НАШИ ШУМИ

“Моето задоволство ќе биде комплетно и од научен и од човечки аспект кога ќе ги снема ненамерните, а особено намерните потпалувачи на нашите убави шуми со специфична вегетација”, рече проф.Никола Николов, добитник на наградата Зелена Ѕвезда, доделена од организацијата Зелен Крст од Женева.

Зелен крст во триесет земји

Меѓународниот Зелен крст има функција на консултативна организација во економскиот и социјален совет на ОН и на УНЕСКО. Мрежата на Зелениот крст, денес функционира во повеќе од 30 земји. Таа е набљудувач на рамковната конвенција за климатски промени на ОН и на Конференцијата на Конвенцијата на ОН за борба против дезертификација. Подготвила: Соња Никчевиќ

НАШИ ШУМИ

БРОЈ 63/64


ПРEЗЕНТАЦИЈА

ВОВЕД ВО УНИКАТНИОТ ПРИСТАП НА PEFC КОН СЕРТИФИКАЦИЈА НА ШУМИТЕ

На 28.11.2013, во просториите на ЈП Македонски Шуми, пред вработените на претпријатието кое е пред одлуката за сертификација на шумите како еден од условите за национален пласман на дрвото на меѓународниот пазар, м-р Сашо Петровски, директор за Фондацијата CNVP за Македонија, ги претстави PEFC стандардите за сертификација на шумите во Македонија. Сертификацијата на шумите е доброволен процес со кој стопанисувачот на шумите преку процес на верификација од трета страна докажува дека управувањето со шумските ресурси се одвива според највисоки стандарди, исполнувајќи ги трите столба на одржливост: економските, еколошките и социјалните функции на шумата. Сертификацијата на шумите отпочнува како светски процес пред се во тропските шуми, некаде од 1995 година по појавата на првата шема за сертификација на шумите според FSC (Forest Stewardship Council). Оваа шема е развиена како глобален одговор на научниот свет и невладиниот сектор кон неприфаќањето на државите од светот да се донесат законски обврзувачки документи за заштита на шумските ресурси во светот на конференцијата во РИО 1992 година. Во 1999 година се појавува и шемата за сертификација на PEFC (Pan European Forest certification) која е иницирана во Европа од неколку европски држави (Германија, Франција, Австрија) на која подоцна и 23 ДЕКЕМВРИ НАШИ 2013 ШУМИ

се приклучуваат и САД и Канада и истата е преименувана во PEFC (Programme for Endorsement of Froest Certification). Сертификацијата на шумите е пред се начин на комуникација на шумарството кон јавноста и се поголемата загриженост за опстанокот на шумите, живиот свет и планетата Земја. На овој начин стопанисувачите со шумите им даваат поддршка на напорите во светот за зачувување на шумските ресурси. Во изминатите години сертфикацијата полека стана и алатка која го помага пласманот на дрвните прозиводи во светот. Во повеќе земји на ЕУ (Велика Британија, Данска, Холандија, Германија) при објава на тендери за јавни набавки на производи од дрво, им се дава предност на производите кои имаат сертфикат. Во нашето опкружување, национални стандарди за сертификација на шумите се донесени во Србија, Косово, Бугарија, БиХ, Хрватска, Словенија. Шумите се важни за одржливиот развој. Тие обезбедуваат добра и услуги кои се од суштинска важност за животот на луѓето, нивните домаќинства и зелената економија. Одржувањето и унапредувањето на шумските ресурси на нашата планета е важно ако сакаме да успеат глобалните напори да се ублажи сиромаштијата, недостигот на вода и загубата на живи организми, како и напорите да се ублажат климатските промени. Културно и историски гледано, внатрешната вредност на шумите и спиритуалната и света употреба на шумите е исто така од голема важност за локалните заедници и нашиот културен идентитет.

НАШИ ШУМИ

23


ШТО ЗНАЧИ СЕРТИФИКАЦИЈАТА НА ШУМИТЕ? Шумите се важни за одржлив развој. Тие обезбедуваат добра и услуги кои се од суштинска важност за животот на луѓето, нивните домаќинства и зелената економија.Одржувањето и унапредувањето на шумските ресурси на нашата планета е важно ако сакаме да успеат глобалните напори да се ублажи сиромаштијата, недостигот на вода и загубата на живи организми, како и напорите да се ублажат климатските промени. Шумите се богати со видови во споредба со други екосистеми, обезбедувајќи животна средина за повеќе од половина копнени видови - од африканските горили до азиските тигри, од скандинавските ирваси до американските гологлави орли. Исто така тие обезбедуваат вода за многу наши реки, помагајќи да се одржи квалитетот и чистотата на она што го пиеме и користиме секој ден. Во просек 1.6 милијарди луѓе за својата егзистенција до некој степен се потпираат на шумите, додека повеќе од две милијарди луѓе – третина од светската популација – користат горива од биомаса, главно дрво за огрев, за готвење и загревање на нивните домови. Всушност, грубо пресметано, четвртина од сиромашните во светот и 90 проценти од најсиромашните зависат директно од шумите, вклучувајќи 60 милиони домородни народи и други шумски заедници. Значи, шумите одржуваат речиси половина од популацијата во светот во развој, обезбедувајќи дрво за огрев како и недрвени производи како печурки, плодови, гума и лекови. Шумите исто така имаат и значајна економска важност за руралниот развој, со тоа што шумскиот сектор придонесува со околу 468 милијарди американски долари во глобалната економија. Во Глобал Саут, конкретно, шумите играат голема улога во националната економија и домаќинствата на локалните жители. Шумскиот сектор придонесува со повеќе од осум проценти од бруто домашниот производ во некои од најсиромашните земји. Културно и историски гледано, внатрешната вредност на шумите и спиритуалната и света употреба на шумите е исто така од голема важност за локалните заедници и нашиот културен идентитет. Siloto/Dreamstime

24

НАШИ ШУМИ

ЗА PEFC PEFC, Програмата за одобрување на сертификација на шумите е меѓународна, непрофитна, невладина организација посветена на промоција на одржливото управување со шумите по пат на сертификација, од независна трета страна, PEFC делува преку ланецот на снабдување од шума за промоција на добра пракса во шумите и за постигнување сигурност дека дрвните и недрвните шумски производи се произзведени со почитување на највисоките еколошки, социјални и етички стандарди.

PEFC е координативна мрежна организација која одобрува национални системи за сертификација на шумите, кои се развиени во соработка и од страна на сите заинтересирани страни и скроени според локалните приоритети и услови. Секој национален систем за сертификација на шумите подлежни на ригорозна проценка од трета страна во рамки на уникатните одредници за оддржливост на PEFC. Овие одредници се базирани на широк општествен консензус, изразени преку процеси кои се глобално и меѓувладино почитувани, како и упатства за промоција на одржливото управување со шумите. Критериумите за одредниците регуларно се прегледуваат по пат на мулти-актерски процеси за да се земат во предвид новите научни достигнувања, општествените, промени, зголемените очекувања и за да се вметнат најновите успешни пракси. Денес, PEFC има препознаено системи за сертификација во повеќе од 30 земји. Заедно покриваат преку 240 милиони хектари сертифицирана шума, што го прави PEFC најголемиот систем за сертификација на шумите во светот.PEFC е главниот избор на илјадници мали сопственици, вклучувајќи шуми во сопственост на семејства или заедници. 24 НАШИ ШУМИБРОЈ 63/64


Материјалите сертифицирани од страна на PEFC обезбедуваат доказ за одржливост и се барани во процеси на јавни и приватни набавки ширум светот. PEFC е меѓународна, непрофитна невладина организација, посветена на промоција на одржливо управување со шумите преку нивна сертификација. PEFC има седиште во Женева, Швајцарија, а членството на PEFC брои повеќе од 50 организации, вклучувајќи национални невладини организации, трудови синдикати, фирми, трговски асоцијации и организации на сопственици на шуми посветени на промоција на одржливо управување со шумите преку нивна сертификаци ја. Организацијата е основана во 1999 од организации на сопственици на мали и семејни шуми. Од самиот почеток, PEFC посветува особено внимание на нивните потреби, оперативни структури и уникатни модели на колаборативно управување со шумите, додека се стремат да ја направат сертификацијата на шумите достапна за сите. Денес, повеќе од 240 милиони хектари шуми од сите големини - две третини од целосната глобална површина на сертифицирани шуми - се сертифицирани од страна на глобално претпознатливите одреденици за одржливост на PEFC, правејќи го најголемиот светски систем за сертификација на шумите. Подготвила: Соња Никчевиќ

ДЕКЕМВРИ 2013

НАШИ ШУМИ

25


ЕТЕРИЧНИ МАСЛА Чувството за вкус и мирис се двете најосетливи човекови сетила. Често, дури и најмодерни инструменти не можат да го детектираат она што можат овие сетила. Царството на билките изобилува со различни ароми и мириси. Човештвото има многу значајна корист (дирекна и индиректна) од аромата и мирисите на билките ги имаат овие особини. Добивките се скоро немерливи. Ги користиме за секојдневна употреба во исхраната, пијалоците, козметиката, детергентите и друго. Како природни извори на мирис и арома се етеричните масла. Се проценува дека се познати околу 3000 есенцијални масла, од кои околу 300 имаат комерцијална вредност. Светската продукција на основни етерични масла во 1985 година била околу 36 500 тони (без терпентин чие производство на светско ниво било 250 000 тони. На првите три места по производство во 1993 година биле следните масла (Lawrence 1993) : масло од портокал, масло од мента, масло од еукалиптус. Се претпоставува дека пазарната вредност на првите десет најпроизведувани видови масло изнесувала во 1993 година околу 340 милиони американски долари. На светско ниво е скоро непроценлив бројот на видовите од кои се добиваат етерични масла. Етеричните масла се лесно испарливи и мирисни билни продукти (секундарни метаболити). Можат да се најдат во различни делови на билките, во цветовите, листовите, кората, плодовите, во коренот или во билните излачувања, и во вид на балсам-во терпентинот на четинарите. Маслата се наоѓаат во жлездите, маслените клетки или во шуплините. Се смета дека биолошката улога на етеричните масла е: • привлекување на инсектите заради

26

НАШИ ШУМИ

опрашување, • намалување на транспирацијата, • одбивање на грабливците, • заштита од фитопатогени микроорганизми и натрапници. Новите истражувања ја испитуваат нивната важност во меѓусебната комуникација на самите билки. Фото четинар Етеричното масло во сите видови на четинари се наоѓа во игличките, гранчињата, шишарките и смолата. Смолата на четинарите содржи значајни количини на етерично масло кое се нарекува терпентинско масло. Како материјал за добивање на етерично масло од четинари најчесто се користат иглички и гранчиња од ела, смрча, бел и црн бор и клека. На нашата територија претежно се добиваат етерични масла од четинарски видови во поголема количина. Мало е производството на етерични масла од самоникнати билки: жалфија, мајчина душичка, камилица, маточина, нане и други. Во последно време во индустриското производство на чаеви се вбројуваат и чаевите добиени од разни видови овошја. За изолирање на етеричните масла се користат следните методи: дестилација, пресување, екстракција, “enflaurage” метода и во поново време се употребува фитонички процес. Избраниот процес на издвојување на етеричните масла може да има пресуден ефект на квалитетот на производот. Од начинот на добивање зависи хемискиот состав на етеричното масло, а со тоа и неговото делување. Маслата добиени од исти ботанички вид можат да имаат различен хемиски состав зависно од стаништето, микроклимата и генетскиот материјал на вариететите на билката. За успешна технолошка преработка треба да се знае најповолното време на вегетациониот период за експлоатација кое ќе даде најдобар квалитет и наголем принос на етерично масло. Етеричните масла се смеши од голем број на структурни соединенија (20200) различни хемиски структури меѓу кои најзастапени со 90 % се терпените. Остатокот од 1 % го прават фенилпропани, соединенија со азот и сулфур и друго. Познати се повеќе од 3000 соединенија кои влегуваат во составот на маслата. Припаѓаат на различни групи на органски споеви јагреводороди, алкохоли, феноли, алдехиди, кетони, оксиди и други. Етеричните масла имаат својство на топење во липофилни раствори, а тешко се топат во вода. Повеќето од нив БРОЈ 63/64


имаат помала специфична тежина од водата. Точката на вриење кај маслата е во распон од 150-300 степени целзиусови. Етеричните масла се оптички активни. Од мрсните масла, етеричните масла се разликуваат по хемиски состав. Мрсните масла се глицериди од масни киселини, а етеричните масла се терпени и можат да се вбројат

ДЕКЕМВРИ 2013

во групата на ациклични соединенија. Мрсните масла во свежа состојба се без мирис, или имаат многу слаб мирис и на хартија оставаат трајни мрсни флеки. Етеричните масла имаат интензивен и пријатен мирис, на хартија не оставаат трајни флеки затоа што се лесно испарливи и евентуалната флека се губи по извесн време. Делувањето на етеричните масла врз човечкиот организам сеуште не е во целост разјаснето. Хемиските компоненти на етеричните масла фармаколошки делуваат на ткивата и органите, на хормонскиот и нервниот систем. Дури и оние со најмалку застапени ароматични компоненти заедно со главните делуваат врз човековото расположение и емоции. Секое масло има своја специфична “енергетска вибрација”. Етеричните масла се користат на различни начини. За инхалација, се ставаат во разни купки и сауни, се користат за масажа, како и за компреси и облоги. Некои од нив се употребуваат и во кулинарството. Бидејќи содржат голем број на мирисни компоненти може да се користат како квалитетна суровина за изработка на дезодоранси, парфимериски сапуни и други козметички производи. Уште едно малку познато дејство на етеричните масла е дека некои врсти на родот Јuniperus sp., на пример Ј.virginiana и Ј.recurba имаат особини на природни пестициди. Во Македонија, во Берово постои погон за дестилација на етерични масла во рамките на подружницата “Малешево”- Берово, кое е во составот на ЈП Македонски шуми.

НАШИ ШУМИ

27


АКЦИЈА

Успешна акција „Ден на дрвото“

28

Дванаесетата по ред акција „Ден на дрвото “ успешно се реализира во сите делови на Македонија. Со Акцијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, која есенва се одржа на 27.11.2013 година, Македонија ќе се збогати со уште 5 милиони дрвја со што ќе се надмине бројката од 45 милиони садници досега посадени само со акцијата „Ден на дрвото“. Досега се пошумени некаде околу 4 илјади хектари површина, а со оваа акција ќе се пошумат уште 1200 хектари површина. Жарко Караџоски директор на Македонски шуми, кој посети повеќе локации каде се одвиваше акцијата, за медиумите изјави: “Акцијата се одвива секаде во Македонија и покрај тоа што синоќа врнеше снег, тоа е добар знак. Снегот не е лош кога се пошумува. Дрвјата сакаат влага. Времето е идеално. Оваа недела е најавено дека ќе има врнежи од дожд и снег што гарантира дека имаме одлични услови за се што садиме да успее. Очекуваме висок процент на реализација и успешност, а исто така имаме голем одзив на граѓани во сите делови на Македонија и покрај ваквото време.” Тој истакна дека за една ваква акција Владата годишно одвојува во просек по 50 до 70 милиони денари, но таа бројка е занемарлива во споредба со значењето на здравјето и белите дробови. За успешноста на акцијата „ Ден на др-

НАШИ ШУМИ

вото“ во изминатите години, директорот Караџоски рече, дека просекот на вкупната зафатеност е 61,54 отсто и тој просек не од Македонски шуми туку од инспекторатот за шумарство кој оди на лице место и дава извештај кој што Владата го прифака и тоа е официјалната бројка. -Според Европскиот просек кој што се смета за успешен ако е над 35 отсто значи ние сме го надминале. А инаку тоа е за сите години, но имаме акции како во 2010 и 2009 година кога беше врнежливо и просекот беше над 75 отсто успешност, ја заврши својата изјава директорот на Македонски шуми. Инаку, вработените од дирекцијата на ЈП Македонски шуми и ПШС Караџица од Скопје, ја координираа акцијата на засадување и зедоа активно учество на локацијата Мршевци, каде беше засадувањето на шумски видови. На теренот, на оваа локација беа присутни голем број на граѓани, ученици од средните училишта од Скопје, припадници на МВР, Армијата на РМ, неколку институции и јавни претпријатија. Присутните беа превезувани со автобуси на ГСП, кои постојано кружеа на неколку релации. На локалитетот Мршевци, дрво засади и Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска, која ја поздрави Акцијата и го изрази своето задоволство од масовноста, квалитетот на извршените работи и придонесот на оваа акција во здравиот живот и подобрувањето на животната средина. Присутни беа и официјални претставници на организацијата Ден на дрвото-Засади ја својата иднина, како и градоначалникот на општина Илинден. Иако денот на пошумувањето го одбележи првиот снег, акцијата протече во во вистинска зимска идила на теренот НАШИ ШУМИ

БРОЈ 63/64


ДЕКЕМВРИ 2013

АКЦИЈА

огреан со зимско сонце и многубројните љубители на природата и поддржувачи на акцијата. Пом. директор дипл. шум. инж. Игор Лазаровски од СЕКТОРОТ ЗА РАСАДНИЧКО ПРОИЗВОДСТВО, ОДГЛЕДУВАЊЕ, ПОДИГАЊЕ И ЗАШТИТА НА ШУМИТЕ во ЈП Македонски шуми, ја даде следнава ИНФОРМАЦИЈА за акцијата за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година За акцијата за пошумување “Ден на дрвото – засади ја својата иднина” есен 2013 година, ЈП Македонски шуми активно се подготви за реализација на истата, според техничко оперативните можности. Во делот на шумско одгледни работи – пошумувањa ЈП Македонски шуми предвидува пошумување на површина повеќе од 1 150 ха, со засадување на 5 000 000 шумски садници. Пошумувањето со шумски садници на предвидените локалитети ќе се реализира од почетокот на Ноември се до моментот на поволните климатски услови и можности. Со есенската акција како и секоја година вклучена е и локалната самоправа – ЗЕЛС, Национални паркови и ЈП Јасен. Со есенската акција како приоритети за пошумување се предвидени опожарени површини - последица од шумски пожари, голини во шума и вон шума во склоп на “Шумско стопан��ките eдиници”, локалитети во непосредна близина на урбани и рурални средини, локации покрај природни и вештачки езера на територијата на Република Македонија и државни патишта. Во зависност од местоположбата и почвените услови локалитетите за пошумување за есенската акција ќе се подготваат механизиранo во кордони (орање), рачна обработка на површините и изработка на дупки со моторни дупчалки. Изборот на дрвни видови за пошумување е во зависност од климатските услови, надморската височина и фенологијата на садниците. Според доставените известувања од страна на општините, дел од општините се приклучуваат на локациите предвидени од страна на Македонски шуми, а дел предложија свои локации кој ќе се подготват од нивна страна а шумските садници ќе ги преотстапи ЈП Македонски шуми од своите расадниците. Оваа есен со помош на општините и граѓаните ќе се вклучат во пошумувањето за да се уредат хортикултурно поголеми урбани површини со декоративни садници (лисјари и четинари). За оваа цел ќе засадат

повеќе годишни садници од над 35 дрвни видови. (даб, питом и див костен, јасен, јавор, каталпа, дива маслинка, липи, смрча, чемпрес, црн орев, багрем, бреза, бор, дуглазија, туја и други) Владата на Република Македонија, на својата Сто педесет и осмата седница, одржана на 29.10.2013 година ја усвои информацијата за реализација на акцијата за пошумување од страна на Македонски шуми со следните заклучоци и тоа: - Површини за пошумување – 1.150ха – 5 000 000 броја на шумски садници - Општини на ниво на град Скопје со преотстапување на 81.800 броја на разновидни шумски садници - Општини низ државата, Национални паркови и Јасен – 78.930 броја на шумски садници - ЈП за Државни патишта ( а.чемпрес и леандри) – 21.630 броја - Охрид, Струга и Дојран покрај езерското крајбрежје со медитерански дрвни видови и тоа палми и леандри – 1.250 броја. ЈП Македонски шуми во период од 2007 – 2012 година со акциите за пошумување “Ден на дрвото - засади ја својата иднина” има засадено т е пошумено над 51 432 310 шумски садници и тоа на приоритетни локалитети на територијата на Република Македонија, а со цел за зачувување и воспоставување на составните делови на биолошката и пејзажна разновидност на македонските шуми преку интегрирањето на целите на заштитата во шумарската пракса. НАШИ ШУМИ

29


Фото: Соња Никчевиќ

30

НАШИ ШУМИ

НАШИ ШУМИ

30 БРОЈ 63/64



Nasi sumi br 63 64