Page 1

ГОДИНА VIII

*

БРОЈ 160

*

2 ДЕКЕМВРИ 2016

*

www.kavadarci.gov.mk

*

БЕСПЛАТЕН ПРИМЕРОК

ДЕТСКОТО ОДМОРАЛИШТЕ „МИХАЈЛОВО“ И ПОТКОЖУВИЕТО СЕ ПОД СНЕЖНА ПОКРИВКА Снегот кој започна да паѓа ноќта во понеделник кон вторник, попладнето во вторникот околу 14 часот веќе оформи снежна покривка од петнаесетина сантиметри. Висината на снежната покривка се движи од 2 до 40 см. Со снегот започна и зимското одржување на сите локални и регионални патишта, кое годинава е во надлежност на фирмата „Ја-Ми“. „Снегот го дочекавме спремни. Компанијата „Ја-Ми“ која го има тендерот за зимско одржување оваа година е спремна да интеревенира на патиштата и со механизација и сол. Во текот на денот тие тоа и го докажаа со првата интеревенција во планинскиотдел на Општината“, вели градоначалникот Панов.

Митко Јанчев од името на „Ја-Ми“ вели: „Како и секоја година и годинава е спремна да одговори на сите потреби. Веќе имаме набавено 60 тони индустриска сол, 100 м3 ризла, што значи го имаме репроматеријалот за тековната година. Во делот на механизацијатаво моментов се активни 3 возила,

кои го отстрануваат снегот во планинските подрачја. Сакам да ги уверам сите граѓани, дека заедно со општината сме подготвени да интервенираме навремено со цел улиците во градот и локалните патни правци да бидат редовно и квалитетно чистени и оспособени за непречено одвивање на сообраќајот“. Според информациите засега најмногу снег наврнал во планинсклиот дел на Општината. Во Михајлово се измерени 20, во Рожден и Мрежичко 15 а на Витачево меѓу 10 и 15 сантиметри снег. „Ја-Ми“ е спремна да се справи со сите проблеми кои евентуално ќе бидат создадени од невреме и слично“. Од детското одморалиште „Михајлово“ информираат дека снегот продолжува интензивно да

паѓа, и очекуваат до крајот на денот поголем снежен нанос. Дополнително, од одморалиштето информираат дека патот до истото е во целост прооден, па сите оние кои сакаат да уживаат во зимската идила, овој викенед може да го посетат одморалиштето. Димитар Мурџев

ДЕН НА ДРВОТО „ЗАСАДИ ЈА СВОЈАТА ИДНИНА 2016“ Во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ во општина Кавадарци се садеа дрва во месноста „Глишички рид“. Поради висината на снежната покривка од 30 до 40 сантиметрти на претходно подготвената локација на висорамнината Витачево, стручните лица од Подружницата на Шумското Стопанство „Бор“ на Македонски шуми, решија да не се сади на Витачево заради снегот, па беше извршена е замена со локацијата Глишиќки рид. Овде пошумуваа вработение во јавните претпријатија, и општинската администрација. Градоначалникот Александар Панов изјави: „Позади нас можете да ги забележите и ефектите од оваа акција која се реализираше во текот на минатите години. Ова е една од критичните точки за Кавадарци, покрај долот „Калница“, кој ни прави штети. Ова е

вистинското место за уредување, спречување на ерозијата на плодното земјиште“, нагласи Панов. Тој изрази задоволство што во акцијата се вклучени и сите образовни институции, а со единствена цел, развој на еколошката свест. - „Вака придонесу-

ваме за правилниот еколошки развој, за подобрување на квалитетот на воздухот и еколошката слика на општината. Оваа акција е една од клучните за иднината на нашата држава“. Учениците од кавадаречките училишта садеа во школските дворови или околината на училиштата Во рамките на акцијата за пошумување на голините „Ден на дрвото“, во Кавадарци и Росоман е планирано да се пошумат триесет хектари површина. Како што информираше директорот на подружницата на Македонски шуми, „Бор“ од Кавадарци, Слободан Климовски, на располагање бее 75 илјади садници на јавор, јасен, багрем и чемпрес. Во Росоман, се пошумуваше во росоманското село Мрзен. Димитар Мурџев


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО СОРАБОТКАТА СО ОПШТИНА ЕДЕСА (ВОДЕН) ЌЕ ПРОДОЛЖИ И СО ДРУГИ ЕВРОПСКИ ПРОЕКТИ Делегација од општина Едеса (Воден) од соседна Република Грција беше примена од градоначалникот Александар Панов во неговиот кабинет. На средбата се разговараше за понатамошната соработка помеѓу двете општини. Панов изрази нескриено задоволство од досегашната соработка преку која во Кавадарци се изградија Винската куќа во градскиот парк, потоа Музејот на Вкусовите, а во тек е изградбата на Бизнис инвормативниот и иновативен центар на последниот кат од зградата на Домот на културата. Овие проекти истакна Панов се градени со Европски пари врз основа на проекти со кои двете општини конкурираа во делот на прекуграничната соработка. Тој не го криеше зедоволство-

то од нивната успешна реализација како и ставот дек оваа соработка во иднина мора да продолжи, бидејќи двете општини имаат исти ставови во однос на прекуграничната соработка. Потврда за овој став искажаа и гостите од Грција, Евангелос Кири-

ОДБЕЛЕЖА 10 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ

мо што успеа туку станува и препознатлив туристички бренд на Тиквешијата и на Македонија. Општината има позитивни искуства во соработката со фондацијата. Очекувам во иднина продлабочување на релациите со цел алетрнативниот туризам да профункционира со сиот свој капацитете. Во Кавадарци и Тиквешијата има солидна основа за една таква понуда која може да носи туристи“.

2

„ФЕНИ ИНДУСТРИ“ АД СЕ РАСПРОДАВА

СЕ ВО ЦЕЛОСТ НЕВИСТИНИТИ

ФОНДАЦИЈАТА „ТИКВЕШКИ ВИНСКИ ПАТ“ Во вторникот на 29 ноември „Тиквешки вински пат“ во Кавадарци во присуство на бројни гости од цела Македонија од областа на туризмот го одбележа јубилејот 10 години постоење и трасирање на винскиот пат кој не значи само почит кон виното туку една винска култура која се негува во овој регион и која треба да им се понуди на другите. Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов во своето овраќање искажа честитки по повод јубилејот, притоа потсетувајќи се на почетоците тој истакна: „Морам да признаам дека на почетокот бевме скептици дека овој проект ќе успее. Но со упорноста на Вики, тој не са-

ГЛАСИНИТЕ ДЕКА

За директорката на фондацијата Виолета Јанковска овие десет години значат многу бидејќи „Тиквешки вински пат“ ја остварува основната цел. Во изминативе години успеавме да станеме еден од алтернативните видови на туризам во Република Македонија, влеговме во стратегијата за развој на туризмот како приоритет, исто така во Вардарскиот плански регион за развојот на туризмот сме број еден како и во општинските планови за локален економски развој. Целта е максимално постигната и сега ни останува понатаму да работиме во развојот. Сметам дека наш најголем успех досега се трите објекти, првиот музеј на виното во Македонија, Туристичко информативниот центар во Неготино и Тренинг центарот а во најава е и четвртиот објект за кој поточно ќе знаеме најдоцна до нова година. За една мала фондација овие објекти во вредност од околу 900 000 евра не е мала работа. Фондацијата „Тиквешки вински пат“ не е сама а тука е и мрежата на вински патишта во Европа и мрежата вински патишта на Балканот бидејќи соработници имаме од секаде. Сега сме насочени кон регистрација на Интер Витис патишта бидејќи повторно влеговме во бордот на Интер витис Европа- вели Виолета Јанковска директор на фондацијата. За Гордана Јанакиева од Здружението „Крали Марко“ Македонија е препознатлива по две работи, храна и вино. Тоа за Македонија е можност да се пофалиме со тоа што го имаме и да оставиме добар впечаток кај туристите. Во нашава Македонија приказната за виното е многу интересна.

аку и Сакис Димтсис кои како претставници на пријателската грчка општина кои заедно со секторот за Локален економски развој од општината Кавадарци се идејните творци на проектите кои ги реализираа во изминатиот период. Димитар Мурџев Десет години работење не се малку веќе се зборува за винскиот пат, се знае каде но мислам дека треба да поработиме на здружувањето. Самиот вински пат е територија, има агенции, хотели, ресторани, туристички водичи и таа приказна мора да се оформи и мора да се продаде. Тогаш можеби ќе имаме поголем успех. Виното го имаме од памтивек, тоа е поврзано со секој наш дом, секоја слава и традиција и мислам дека треба да се поработи на приказната со која би биле препознатливи. Секоја туристичка тура, секој сегмент мора да го препознавате а ние верувајте имаме доволно добри приказни за вината и за развојот на виснкиот туризам. Со самиот факт што заживуваат малите винарници, кластерот за вино доведе до ниво на препознавање на македонските вина на европските и на светските пазари значи имаме можност да направиме мали туристички проекти кои ќе значат: Дојдете и вкусете... Македонија може да биде интересна, Македонија и е интереснаизјави Гордана Јанакиевска. На присутните гости денеска по повод 10 години постоење им беа промовирани 10 нови производи за кои во наредниот период треба да следат тест тури со помош на ТА „Венус- Травел“ од кои најинтересна беше гурманската тура која понуди стари заборавени манџи како што се чорба од штавељ и коприва, тава со штавељ, бунгур со свинско, раванија со маџун, гурабии со гриз и многу други. Ќе следат тури кои нудат можност да се научи како се готват овие манџи, потоа вински тури кои нудат доживување на процесот на производство на вина, рибарски тури и така натаму. Мирјана Мукаетова

По повод натписите во дел од интернет порталите, Синдикалната организација во „Фени Индустри“ денес достави допис до нашата редакција кое Ви го пренесуваме во целост. „Целта на ова писмо до јавноста е да дадеме наш одговор на невистините изнесени во неколку електронски медиуми во предходниот период за работењето на „Фени Индустри“ АД, и би сакале со овој допис ние како Синдикална организација во „Фени Индустри“ АД правилно да ја информираме јавноста за случувањата во нашата компанија. Имено во изминатите 15 месеци поради ниската цена на феро никелот на светските берзи, „Фени Индустри“ АД се наоѓа во незавидна состојба и западна во најдолга економска криза од своето постоење, бидејќи цената на никелот не била на такво ниско ниво во толку долг период никогаш претходно. Од страна на менаџментот и сите вработени во „Фени Индустри“ АД се вложуваат големи напори и се преземаат сите мерки фабриката да продолжи со работа и да се задржат вработените на работните места. Поради ваквата состојба на одреден број вработени им прекинаа договорите за вработување, а одреден број беа прогласени за технолошки вишок. Синдикалната организација има постојана комуникација и транспарентен однос со менаџментот што не беше случај во минатото. Токму заради добрата соработка и пристапноста на раководителите на „Фени“, Синдикатот во текот на преговорите стори се во негова можност бројот на вработените кои ќе бидат отпуштени од работа да биде што помал и во соработка со менаџментот успеа тој број на вработени планирани за технолошки вишок да го намали за уште 30%. При претходните прогласувања на технолошки вишок во „Фени“ бројот на отпуштени работници бил драстично поголем и се движел од 150 – 200 работници. Засега менаџментот успешно се справува со предизвиците пред кои се наоѓа комбинатот, исплатата на работниците се исплаќа редовно согласно законските прописи, додека во последната плата има и мало зголемување, за кое се надеваме дека во идниот период ќе биде уште поголемо. Гласините кои се објавуваат во електорнските медиуми дека фабриката се распродава и дека сопствениците не вложуваат никакви средства во фабриката во целостн се евистини-


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

ИЗБИРАЧКИТЕ МЕСТА 0680 И 0681 НАМЕСТО ВО „ТАСКА“, СЕГА СЕ ВО ООУ „ДИМКАТА АНГЕЛОВГАБЕРОТ“ - КАВАДАРЦИ

Државната изборна комисија согласно законските надлежности со решение од 3 ноември 2016 година изврши промена на локацијата на избирачките места 0680 и 0681 во град Кавадарци. Со оглед дека овие избирачки места во претходните изборни циклуси беа лоцирани во приватен објект во кругот на поранешната фабрика „Таска“, а препораката од Државната изборна комисија е сите избирачки места да бидат сместени во

јавни објекти, се пристапи кон оваа промена на локациите на избирачките места 680 и 681. Се информираат граѓаните кои гласаат на овие избирачки места дека со новите Решенија на Државната Изборна Комисија овие избирачки места сега се наоѓаат во просториите на Општинското основно училиште „Димката Ангелов Габерот“ во Кавадарци на улицата „Браќа Хаџи-Тефови“. ОИК Кавадарци

ти. Имено од фабриката не е продаден никаков имот, а менаџерскиот тим за целиот изминат период од 15 месеци во кој се работеше со загуба како и загубите направени од недомаќинското работење на предходното раководство ги покриваа со цел фабриката да небиде затворена. Воедно цената на фероникелот почнува да закрепнува на светските берзи што е добар знак дека во иднина можеме да очекуваме добри резултати во работењето на „Фени Индустри“, поголеми плати, а и враќање на работниците кои беа испуштени од работа во текот на кризата. Се надеваме дека „Фени Индустри“ ќе ја преброди економската кри-

за и понатаму ќе продолжи да биде водечка компанија во Република Македонија, па и пошироко и дека во иднина вакви дезинформации нема да се објавуваат во медиумите. Ова е гласот на работниците и ставот на Синдикалната организација, а „загрижените работници“ кои шират невистини само и штетат на компанијата и нејзиниот углед. Со ова писмо апелираме да се престане со негативните коментари и да ги остават синидкатот и раководството на „Фени“ да продолжат со добрата соработка и да продолжат да ја водат фабриката во вистинска насока“ Извршен Одбор на Синдикална Организација при „Фени Индустри“ АД Кавадарци Ѓоре Палитов Претседател на Синдикат

МАЛОСТОПАНСТВЕНИЦИ ОД ВОДЕН И КАВАДАРЦИ ИМАА ДВЕ СРЕДБИ Соработката меѓу општина Кавадарци и општината Едеса (Воден) од Грција е на високо ниво. Се работи на заеднички проекти финансирани со европски пари, а со тоа се продлабочува соработката меѓу граѓаните од двете страни на границата. Во рамките на редовните средба на работните групи од општините Кавадарци и Едеса се расправаше за тековните активности од реализацијата на проектот Деловен (Бизнис) информативен центар. Во изминатите десет дена беа одржани две работни средби помеѓу заинтересираните бизнисмени од двете страни на границата, во делот на руралниот, индустрискиот, сервисниот и секторот за туризамна, при што се оствариа контакти за изнаоѓање заеднички интереси на бизнисмените од овој дел на Македонија со нивни можни партнери од префектурата Пела во Грција.

вец ќе го продолжат нивното образование. Панов рече: „Ние преку ова предавање се трудиме да ви помогнеме во конечната одлука каде и што понатаму, пред се со пренесување на искуствата од искусни експерти од Македонија и Грција. Ова што го правиме денес е само дел од поттикот заваше размислување што понатаму“. Директорот за туризам во општината Воден, Евангелос Кириаку посочува дека оваа соработка е можност врз основа на водата и црешите од Воден, со преубавото кавадаречко вино да се соработува пред се во туризмот. Но основата на проектото е општините да помогнат во развојот на претпримништвото пред се кај младите и кај жените претприемачи. Со овј проект се поставува основа за намалување на невработеноста во општините и пред се основа за стопирање на одливот на млади

Имено од 23-25 ноември во Воден беа претставен илокални производи од кавадаречки малостопанственици производители на вино и мед, а се одржаа и повеќе панел дискусии посветени на кластерското здружување. Иста средба на 28 и 29 ноември се одржа и во Кавадарци кога делегација од општината Воден во која беа и дваесеттина малостопанственици од овој дел на Грција престојуваа во Кавадарци. На средбата во Кавадарци покрај завршните панел дискусии за кластеркото поврзување освен малостопанствениците од Кавадарци и Воден, се одржа и образовна работилница на која присуствуваа ученици од 4 година од Гимназијата и двете стручни училиште во Кавадарци. За нив предавачи од Македонија и Грција говореа на тема „Подготовка на ученици за пазарот на трудот“. На оваа тема пред учениците се обрати и градоначалникот Александар Панов кој им порача дека тие се иднината на овој град и на Македонија. Затоа треба уште сега да се одредат во кој пра-

мозоци што е карактеристика во двата региони. Тодор Ефремов од секторот за локален економски развој потсети: „Станува збор за заеднички проект на секторите за локален економски развој од двете општини кој опфаќа изградба на простории каде ќе се наоѓа седиштето на регионалната канцеларија која треба да дава услуги на стопанствениците од Вардарскиот и Југоисточниот регион на Македонија поверзани со потребите и интересите на бизнис заедницата, а во истовреме ќе биде постојано поврзана со истата канцеларија во Едеса од каде ќе се добиваат валидни информации за потребите и интересите на бизнис заедницата во северна Грција. Во рамките на проектот во Кавадарци со буџет од 120.000 евра се гради Деловно информативен центар на покривот од зградата на Домот на културата, а во тие простории ќе се сместат и канцелариите на Регионалната стопанска комора на Македонија со седиште во Кавадарци“. Димитар Мурџев

3


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО

РЕНОВИРАНА СЦЕНАТА ВО ДОМОТ НА КУЛТУРАТА Во Домот на културата, свечено беа пуштени во употреба реновираната сцена во салата при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ Кавадарци и помошните простории во истата. Се работи за целосно заокружување на реконструкцијата на оваа институција од културата која перманентно и со право е лидер на културата не само во Кавадарци туку и

членовите на Фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ а потоа и КУД „Врело Ибра“, Етно групата „Тефериџ“, Хорот „Илхам“ и Танцовата група „Пахуље“. Кај публиката настапот на домашните и гостите од Црна Гора предизвикаа воодушевување кое беше наградено со аплауз. На отварањето на новите простории присуствуваа и градоначалникот Александар Панов, претседателот

културата кај нас на едно завидно ниво што, верува го оправдува. Панов пак се осврна на состојбата на институциите од културата кај нас. Сите се во одлична состојба што се однесува до условите за работа кои соодветсвуваат на потребите, вложувањата во нив се оправдани и верува дека во иднина тоа ќе го чинат.

Ниту едно друго општинско раководство досега не вложило толку пари и внимание како актуелното, што е вистина која е факт. Затоа актуелната власт со право се гордее на она што е сторено во инстуциите од културата, посебно во Домот на културата. Димитар Мурџев

ВО ТЕК Е ИЗГРАДБАТА НА ВЛЕЗ ЗА ЛИЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО СОУ „КИРО СПАНЏОВ БРКО“

во земјата. Средствата што Локалната самоуправа ги вложува целосно се оправдуваат со програма, фолклор, театар, изложби, музички настани, детски престави, перформанси, сценски гостувања на ансамбли од земјата и странство и друго. На новата сцена на големата сала на Домот на културата настапија

на Советот Горица Пеливанова-Вилхелм, и пратеничката Весна Пемова. Заблагодарувајќи им се на разбирањето за потребата од вложување на средства во новата сцена, директорот Владимир Темков, нагласи дека општинското раководство имало сенс да ја помогне ова институција, а со тоа да ја подигне

Деновиве во средното општинско училиште „Киро Спанџов-Брко“ започна изградбата на патека за лицата со посебни потреби за да се олесни пристапот на учениците до просториите во училиштето. Набрзо учениците со посебни потреби ќе можат на пристоен начин да пристапат во училиштето, да учат спокојно па и да се дружат со своите соученици и да ги доживуваат сите тинејџерски моменти безгрижно. Со овој зафат Општината заокружува уште еден сегмент во осумгодишниот циклус на инвестирање во подобрувањето на условите за престој и образование на сите ученици во учи-

лиштето. Се започна со асвалтирање на спортските терени во 2009 година, по што следуваа повеќе инвестициски зафати во енергетската ефикасност, комшпјутеризацијата, училниците, санитарните јазли, покривот, парното греење и други проекто. Лицата со посебни потреби како во целиот свет така и во Македонија се соочуваат со бариери кои го попречуваат нивното учевство во образовниот свет. Често пати општеството овие луѓе ги игнорира и ги става во нееднаква положба во однос на останатите граѓани, односно ги дискриминира и обесправува. ТВ КТВ

40 ГОДИНИ МУЗЕЈ-ГАЛЕРИЈА КАВАДАРЦИ Во чест на 40 години музејска дејност во Кавадарци, беше промовирана фотомонографија од авторите Петре Камчевски и Томе Крстевски. Издавач е Музеј галеријата Кавадарци, со финансиска поддршка од Министерството за култура и општината Кавадарци.

Петре Камчевски советник-историчар и директор на кавадаречкиот музеј рече дека во изминатите четири децении оваа културна установа реализирала многубројни проекти од областа на историјата, издаваштвото, етнологијата, археологијата, историја на уметноста и слично. „Со средства од Европската унија од ИПАРД програмата за меѓугранична соработка меѓу општина Кавадарци и општина

4

Воден од соседна Грција, во поранешната зграда на Офицерскиот дом од Кавадарци беше извршено реновирање на просториите. Ги адаптиравме во нов музејски простор, во кој презентиравме повеќе од 500 археолошки, историски, етнолошки предмети, како и уметнички слики поврзани со традиционалната тиквешка храна. Во просториите на новиот музеј е сместена Спомен-соба на Васил Хаџи-Манов, еден од најголемите македонски етномузиколози. Само за период од 9 месеци новиот музеј во Кавадарци го

посетија повеќе од 9.000 посетители“, нагласи Камчевски. Промоторот на фотомонографијата, директорката на Музејот на Македонија Мирјана Нинчовска нагласи дека монографијата содржи 205 фотографии. „Музејот во континуитет негува една традиција на добар домаќин, овозможувајќи и на кавадаречката, но и на пошироката публика, да допре на различни начини до уметничкото, културното и историското наследство. Се мисли пред се на тиквешкото, но и на културно-уметнич-

кото и историското наследство од национален интерес“, рече Нинчовска. Градоначалникот Александар Панов нагласи дека е создаден значителен опус на творби што, како што рече, тешко ќе бидат надминливи за сите други. „Меѓутоа имаме доволно млади во тој музеј, кои ќе се трудат во понатамошниот период да се натпреваруваат со делата и тоа што е постигнато досега“, рече Панов. Додаде дека интензивно се вложува во културата во изминатите неколку години, а Музејот на вкусовите е еден од најпосетуваните во регионот. Томе Крстевски, етнолог во Музејот, изрази задоволство што е коавтор на монографијата „Музеј-галерија 1976-2016“, која, како што рече, е сведок за културното движење на овие простори. „Како нови кадри во Музеј галеријата ќе продолжиме со музејската дејност“, нагласи Крстевски. во 3Д салата при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци. Свеченоста по повод одбележувањето на 40 години музејска дејност во Кавадарци беше пропратена со богата музичка програма и настап на трио „Ад либитум“ и дуо „Грациозо“. Димитар Мурџев


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ИЗБРАНИ НАЈДОБРИТЕ МЛАДИ ВИНА ОД ДОМАШНИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ Виното „Кабернесовињон“ произведено од Сашко Тасев и „Темјаника“ од Сашко Андов, освоија гран при за најдобро младо црвено и бело вино, на натпреварот кој го организираше Здружението на винари на Македонија. Тасев доби нагарада цистерна од четиристотини литри, а виното на Андов ќе има можност да се дегустира на саем во Штутгарт. Во конкуренција на шеесет бели и црвени вина произведени од домашни производители, прво место во категорија за најдобро бело вино, освои „Темјаника“ на Васко Темов. Меѓу црвените вина, најмногу поени доби „Мерло“ од Блажо Павлов. Второ и трето место во категорија црвени вина заслужија Ристо Миов и Влатко Митровски, а во категорија на бели вина, Пане Стаменов и Сашко Тасев.

Натпреварот беше организиран од Здружението на винари на Македонија, а оценувањето на мострите вино доставени со шифри, го вршеа стручни лица, универзитетски професори и енолози. Игно Тасев, претседател на Здружението, информираше дека од година на година расте интересот за традиционалниот избор на најдобри млади вина. Тој додаде дека на натпреварот не се пријавуваат само

индивидуални производители на вино од Тиквешијата како најголем винарски регион во Македонија, туку од целата држава. – „Во делот на квалитетот на вината кај производителите кои веќе трета година по ред учествуваат на манифестацијата, морам да нагласам дека се забележува напредок, значи ги прифаќаат нашите совети и секоја година вината се подобри и подобри. Наместо аматери, некои од нив веќе можеме да ги именуваме и како полупрофесионалци, па можат да размислуват и за регистрирање на мини винарии“, рече Тасев. Од година во година, расте и квалитетот на вината. Нагласи дека оваа година црвените вина се многу подобри од белите, иако и во двете категории има одлични вина. Доказ за тоа е и мошне добриот квалитет кај вина „Смедеревка“, а особено кај оние од мускатните сорти на бело грозје. Елена Богева, заменик претседател на Здружението, исто така изрази задоволство од интересот на винарите за овој настан и нагласи дека радува фактот што покрај од Тиквешко, има квалитетни вина и од други вински региони. – Не само што ќе продолжиме со ова во иднина, туку и на нивно барање ќе организираме предавања за лозарство и винарство, да може да си ги подобрат своите производи, додаде таа. Манифестацијата беше организирана заедно со Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, а со поддршка на неколку компании. кавадар4е

ВРАТЕН ВО ПРИРОДА МРШОЈАДЕЦОТ ПРОНАЈДЕН ВО КАВАДАРЦИ

Пред дестеттина дена млад белоглав мршојадец, кој пред неколку недели паднал на улица во Кавадарци, бил повторно вратен во природата. Го спасиле група граѓани. По неколку недели грижа и интензивно хранење во зоолошката градина во Скопје, мршојадецот бил одбележан со прстен за препознавање (зелен М16 на левата нога) и бил транспортиран во близина на хранилиштето за мршојадци, каде што бил ослободен. Граѓаните кои го спасиле младиот белоглав мршојадец велат дека „неколку минути стоел до нив со раширени крилја, како да сакал да им се заблагодари“. Глетката и чувството, велат, биле незаборавни. Несекојдневен настан се случи во општина Кавадарци. Птицата младенче од необјасниви причини слетала на улицата „Пере Тошев“ и го вознемирил локалното население. Тогаш пред месец дена двајца кавадарчани, Блаже Миневски и Љупчо Василев птицата ја згрижиле додека надлежните не пристигнале, а воедно е кон-

тактиран Институтот за ветеринарство, кои пристигнаа од Скопје и го превзедоа белоглавиот мршојадец на понатамошни испитувања и лекување. Емануел Лисичанец од локалното друштво за заштита на ретки птици грабливки објаснува: „Станува збор за белоглав мршојадец, редок примерок на европска птица, кој живее на висорамнината „Витачево“, Кавадарци, како и во планините во близина на селото Шешково. Белоглавиот мршојадец (Gyps fulvus) е голема птица, која спаѓа во фамилијата на јастребите, долг 93-122 cm, и со распон на крилјата од 2.3-2.8 метри. Maжјаците тежат 6.2-10.5 кг, а женките 6.5-11.3 кг. Типичниот стар вид на мршојадците е со бела глава, со голем распон на крлјата и краток опаш. Тие имаат бел грб и жолтеникава боја преку целото тело. Имаат големо тело и темни пердуви. Ова младенче од птица чиј распон на крилјата е 1.8 метри сега е евидентирана во системот на ретки птици заштитени со Закон како македонско национално богатство“.

МАЛИОТ ПИЈАНИСТ НИКОЛА МИТРЕВ ОСВОЈУВА САМО ПРВИ НАГРАДИ Деветгодишниот Никола Митрев само две години го изучува инструментот пијано во ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ во Кавадарци во класата на професорката Весна Павлова и со право може да се пофали дека освојува само први награди на сите натпревари на кои досега учествувал. 2016 година за него беше исклучително плодна затоа што освои прва награда на државниот натпревар „Хармонија-МБ“, прва награда на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Гевгелија и прва награда на интернационалниот натпревар на млади музичари „Охридски бисери“. Неговата професорка Весна Павлова ни раскажува дека Никола покажувал исклучителна музикалност уште многу мал кога доаѓал со неговиот татко во работилницата на Драги Павлов, нејзиниот татко кој

поправа инструменти. Малиот Никола иако многу мал на хармониката од татко му ги свирел сите музички скали. По неколку години приказната се повторува, децата на учениците на нејзиниот татко стануваат нејзини ученици во музичкото училиште „Лазо Мицев Рале“. За многу кратко време малиот Никола едноставно блеснал со својот талент и почнал да освојува многу награди. Минатата го-

дина на „Арт фестивал - Дојрана“ ја освојува првата награда по што следуваат првите награди на општинско регионално и на државно ниво. „Меѓу освоените награди на Никола, како особено драга би ја издвоила првата награда на реномираниот интернационален натпревар на млади музичари „Охридски бисери“ 2016, натпревар на кој што бевме почестени да бидеме оценети од стручно жири составено од истакнати и светски признати педагози и пијанисти како Александар Сердар од Србија, Дино Мастројанис од Грција, Даниела Дикова од Бугарија, Тодор Светиев, Македонија и Есер Билгеман од Турција. Натпреварот се одвиваше под сводовите на катедралната црква „Св. Софија“. Во силна конкуренција на натпреварувачи од: Србија, Бугарија, Албанија и Македонија, Никола

во категоријата со деца до 9 години ја освои првата награда со највисоки 98.80 освоени поени. Со ништо не заостанува и првата специјална награда на меѓународниот натпревар на млади пијанисти во Гевгелија оваа година каде на наше големо изненадување Никола во конкуренција на 38 натпреварувачи освои максимални 100 поени“ вели Весна Павлова. Последниот успех на малиот Никола Митрев чиј заштитен знак е насмевката се двете први награди на Меѓународниот натпревар за камерна музика во Кавадарци и тоа во дисциплините пијано четирирачно и состави со пијано. Во иднина ќе следи настап на фестивалот на млади пијанисти ЕПТА- Македонија и учество на државниот фестивал на млади музички и балетски таленти во Скопје. Мирјана Мукаетова

5


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО 70 ГОДИНИ ПЕНЗИОНЕРСКО ОРГАНИЗИРАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖАА ПЕНЗИОНЕРИТЕ Домот на културата со што и офиОД КАВАДАРЦИ

70 години пензионерско организирање во Македонија, одбележа здружението на пензионери Кавадарци. Јубилејот кавадаречките пензионери го славеа заедно со своите пријатели од пензионерските здруженија на Кочани и Лесковац, Република Србија во Домот на културата „Иван Мазов Климе“. Културно уметничка програма, фолклор и поезија, а во склоп на тоа и потпишување на повелбата за збратимување меѓу кавадаречките пензионери и нивните врсници од Лесковац, Србија. Претседателот на здружението на пензионери - Кавадарци Ристо Анѓушев се обрати на присутните во

цијално почна свечената манифестација. На истата беше потпишана повелбата за збратимувањето помеѓу двете здруженија Кавадарци и Лесковац. Овојпат и на македонски јазик откако претходно во Лесковац истата се потпиша на српски. Разменети беа скромни подароци и сувенири, а потоа пензионерите уживаа во забавниот дел. Ора, песни и игри. Преку фолклорната игра на играорните групи на здруженијата од Кавадарци, Кочани и Лесковац покажаа дека ја негуваат традицијата на своите народи. „Кавадарци е убав град, а вие многу гостопримливи луѓе. Повелбата за соработка ја потпишавме кај нас, сега еве и тука што значи долги години ќе соработуваат пензионерите на Кавадарци и Лесковац“, рече во пригодното обраќање пред кавадарчани претседателот на здружението од Лесковац Братислав Здравковиќ-Бата. Милица Младенова

„СКАЛИЛО ПЛУС“ - ПРВ ЕДУКАТИВЕН ЦЕНТАР ЗА ДЕЦА ВО КАВАДАРЦИ Затоа што градењето на здрава личност е процес кој започнува уште од најмлади години, а поттикнувањето на креативноста, љубопитноста, истрајноста и самостојноста важен дел од истиот, Ви го најавуваме првиот едукативен центар за деца во Кавадарци, „Скалило Плус“. Создаден за да му овозможи на секое дете да го постигне својот полн потенцијал во стимулативна околина која е добро подготвена за работа со најразлични материјали од неколку области, и со примена на најсовремени едукативни методи да ја поттикне нивната независност и иницијативност, едукативниот центар „Скалило Плус“ ќе му помогне

на секое дете да учи подобро и поквалитетно, со постојано и индивидуално темпо. Покрај индивидуалната работа, децата ќе имаат можност да учат во парови и групи, во услови во кои не постои критика и оцена, туку едукација по пат на обиди и грешки. Уписите на првата генерација деца се веќе во тек, а дополнителни информации можете да добиете на: - телефонскиот број 076 637 675 - по електронска пошта skaliloplus@yahoo.com - или на фејсбук страницата https://www.facebook.com/ SkaliloPlus/?pnref=story кавадар4е

ОДЛИЧНО ИЗДАНИЕ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ДЕТСКИ ПЕСНИ „ГРОЗДОБЕРЧЕ 2016“ Да бидиш дете е најубаво. Да знаеш да се радуваш, да пееш и да му се радуваш на животот е најубавото чувство. Но јас сум стар - тоа децата најубаво го знаат. Но за момент се почуствував така синоќа кога ја следев првата вечер на годинашново најново издание на Меѓународниот фестивал на детски песни „Гроздоберче 2016“. Прекрасна вечер, која се репризираше во 27.11.2016 во салата на Домот на културата во 19 часот. Час и 20 минути поминаа брзо, а беше убаво. Децата и родителите во публиката задоволни од вечерното излегување збогатено со убаво доживување. Честитки за целата организација на Фестивалот, за Дејзи, Пепи, Мирјана, Биљана, Маја, Диме, Марјан, и сите кои помогнаа сè да би-

6

де како во детска бајка: кратка, весела, поучна, впечатлива. Браво. Немам ниедна забелешка. Продукцијата - квалитетна. Одлични тексови, музика и аранжман на песните таман за децата, кореографија - петка. И на сето тоа со учество на двајца исполнители од Рожаjе и Ковин. Фестивалот е и Меѓународен. Немам зборови. Затоа и овде прекинувам, за да не го уништам убавиот впечаток. Годинашниот фестивал „Гроздоберче 2016“. ПРЕКРАСЕН Е... Оние кои сакаат да го гледаат можат да го набави најновото фестивалче „Гроздоберче 2016“ на ДВД, кое во издание на www.rtk.mk ќе се појави наскоро. Дотогаш читајте ги сите новости за „Гроздоберче“ и другите вести на овој портал... Марјан Димитров

ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ НА „ЛАСТАРЧИЊА“ По повод Светскиот ден на детето, Детскиот фестивал „Ластарчиња“ од Кавадарци во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ го одржа четвртиот хуманитарен концерт под наслов „Биди хуман, подај рака“. На концертот учествуваа околу 100 солисти на фестивалот „Ластарчиња“ заедно со балетските групи од модерно студио „Старс“ и студиото за танц „Линеа“, а како гости во салата беа поканети учениците од прво и второ одделение од ООУ „Страшо Пинџур“ во Кавадарци.

Уметничкиот директор на фестивалот Стефка Саздовска имаше кратка презентација за досегашните хуманитарни акции на фестивалот „Ластарчиња“ и семејствата на кои имаат донирано помош при што му врачи благодарница на Пане Александров кој секогаш донира средства на хуманитарните акции кои ги организираа детскиот фестивал „Ластарчиња“. Собраните средства од концертот ќе бидат врачени на семејства со деца со посебни потреби од Кавадарци и Неготино. Мирјана Мукаетова


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО 9 ПРВИ И 4 ВТОРИ НАГРАДИ ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ООМБУ „ЛАЗО МИЦЕВ –РАЛЕ“

Во Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци се одржа седмиот по ред „Меѓународен натпревар на камерна музика“ 2016 на кој годинава се натпреваруваа 208 млади музичари од музички училишта од Македонија и надвор од неа, а ги придружуваа 58 музички педагози нивни ментори. Учениците се натпреваруваа во четири дисциплини и тоа: пијано четирирачно, состави со појано од 2 до 8 инструменти, состави без пијано од 2 до 8 инструменти и традициски состави од 2 до 10 инструменти. Класичните состави се натпреваруваа во Домот на културата „Иван Мазов Климе“ додека традициските состави во просториите на Музејот на вкусови и традиционална тиквешка храна. Жири комисијата беше составена од истакнати музички педагози од Македонија и странство. Учениците од ООМБУ „Лазо Мицев Рале“ го потврдија своето високо реноме кое го уживаат меѓу музичките училишта во регионот освојувајќи 9 први награди од кое една специјална и четири втори награди. Први награди освоија најмладите натпреварувачи во преткатегорија Ангела Јовчева и Сања Серафимова во категоријата четирирачно пијано од класата на наставничката Јелица Лазарова и Сара Јованова,

Покрај библиотеката, литературната секција во рамките на културно-уметничкото друштво „Братство“, во 1828 година започнал со својата активност и првиот оркестар во Кавадарци. Оркестарот закупил под кирија и своја просторија во куќата на Тошо Грков, каде што членовите на оркестарот редовно ги одржувале своите проби. Првите инструменти на оркестарот биле примовите, а со текот на времето од собраните пари од организираните престави и игранки бил купен и бас. Со овој инструмент во почетокот свирел учителот Рака Павловиќ, кој воедно бил и раководител на оркестарот. На виолина свирел Ило Шкартов, а бас Славчо Темков, на брач свиреле Тошо Чемерски, Киро Мустеников и Трајче Личевски.

како и Никола Митрев во класата на наставничката Весна Павлова. Во категоријата состави со пијано прва награда освоија Ангел Мане труба од класата на наставникот Васко Рошков и повторно Никола Митрев пијано додека вторите награди останаа во рацете на Виктор Ѓорѓиев и Иван Стојанов и Стефанија Лазова и Борис Китаноски, Маја Велкова и Верица Ристова и Мирјана Митрева и Зорица Јовчева од класите на наставниците Даниела Паланкова Маџункова и Јелица Лазарова пијано и Радица Костадинова пеење. Најбурен аплауз секако заслужуваат лауреатите, учениците кои освоија специјална прва награда од класата по флејта на наставничката Силвана Чулева Атанасова и пијано кај Весна Павлова: Јосипа Василевска, Мартина Мишова, Миа Мартина Маџункова, Јована Стефанова, Тамара Стојанова, Викторија Ристевска, Роза Добринова, Менче Стојанова, Александар Серафимов и Даниела Јовановска. Прва награда освоија и младите кларинетисти Ристе Ѓорѓиев и Драган Михов од класите на наставниците Александар Ангелов и Пешо Бошков и учениците Никола Митрев, Димо Ризов, Виктор Грижев, Јован Николов и Јане Арсов од класите по труба на наставниците Звонко Богев, Перо Арсов и Васко Рошков. Достојно внимание заслужува и традицискиот состав кој го сочинуваа учениците: Александар Серафимов, Сашко Мишев, Стефан Грујевски, Петар Делов и Лебеик Шеќиров од класата на наставникот Горан Јанев кои ја освоија деветата прва награда за своето училиште „Лазо Мицев Рале“. Мирјана Мукаетова

САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА СЛИКАРОТ ГОРАН БОЕВ Во присуство на голем број ликовни уметници, вљубеници во ликовната уметност, пријатели и гости на авторот, во преполната галерија при Домот на културата „Иван Мазов-Климе“ беше отворена изложбата на Горан Боев еден од најталентираните и најплодни македонски автори од новата генерација. Боев е со специфичен уметнички израз кој се надградува и менува со текот на неговото уметничко созревање. На синоќешната изложба беа премиерно поставени дела создадени последниве години, работени во комбинирана техника, акрилик и масло на платно, во кои Боев ја надоградува својата сликарска интуиција во доменот на апстрактниот експресионизам. Боев, во своите дела ги користи мистичноста, колоритот и апстрактното како начин за изразување, остававајќи простор рецепиентот самиот да ја дешифрира идејата, да ја поттикне неговата имагинација и желба самиот да го осознае нејзиното значење, создавајќи голема привлечност и заемен флуид. Горан Боев последните години како зограф-иконописец работи на фрескоживописот во новиот параклис во манастирот „Свети Јован Крстител“, Бигорски манастир. Тој е дипломец на Факултетот за ликовна уметност во Скопје во 2005 година, кога ја добива и наградата „26 јули - Франк Манинг“ за најдобар студент на ФЛУ. Магистрирал 2009 година на истиот факултет под менторство на проф. Симон Шемов. На отварањето за неговата изложба, радио артистот со слободна мисла, боемот на кавадаречката чаршија, градскиот човек, Дуле Стефанов меѓу другото рече: „Во моите очи тој е Петар Пан, за своите најблиски и

ОРКЕСТАРОТ ВО КАВАДАРЦИ

пријатели е Робин Худ, за светот Пикасо, а за Бога негов најверен слуга. Горан Боев е дете на Кавадарци. Тој важи на истакнат уметник во фигуративното сликарство, а изложбата во Кавадарци денеска е прва негова изложба од апстрактната уметност“. Новинарот Мирјана Мукаетова која детално го следи уметничкиот развој на Боев пак како втор промотор на изложбата истакна: „Горан го познавам од неговото детство. Тој е со исклучителен талент, а публиката го запозна за прв пат пред 20 години кога ја имаше неговата прва изложба. Неговото творештво е дарба дадена од Бога. Сите негови преставувања во јавноста сите години наназад го откива и покажува својот сликарски талент и исклучителност, што сега е очигледен“. Пред присутните се обрати и самиот автор, кој потенцираше дека ова е еден негов експеримент, во кој за прв пат ги заменува препознатливите форми со апстрактното, дозволувајќи му на рецепиентот самиот да ја создаде својата реалност. Горан има реализирано и десет самостојни иозложби, а учествувал на бројни групни изложби и ликовни колонии во Македонија и странство. Остварил и студиски престој во Франција и САД. РТК Александар Линин свирел на виолина, а како добар музичар и познавач на нотното свирење ги подучувал и останатите членови на оркестарот во тајните на музицирањето. Повремено во оркестарот биле вклучувани Цандо Кучкарот и Добре Бањански. Оркестарот во прво време настапувал во новиот хотел „Југославија“ на Петре Американецот, а подоцна со изградбата на тутуновиот монопол во салата на монополот и во салата на женското домаќинско училиште. Кога немало игранки оркестарот организирал и другарски вечери, а собраните пари од овие манифестации биле користени за финансирање на сите активности во културно уметничкото и спортско друштво „Братство“. Петре Камчевски

7


ОПШТИНСКО ЈАВНО ГЛАСИЛО ТРИ ОД ТРИ ЗА „ФЕНИ“ ВО ДОМАШНОТО ПРВЕНСТВО

После три одиграни натпревари во домашното првенство, од кои два на гостински терен, кошаркарите на „Фени Индустри“ оствариа стопроцентен учинок, најавувајќи дека сезонава и тоа како ќе бидат едни од главните аспиранти за титулата. По „Кожув“ и „Охрид“, избраниците на Љупчо Малинков го освоија „Пелистер“ во Битола, пред се бла-

годарение на фантастичната игра во втората четвртина во која примија само 9 поени. По изедначената игра во првата четвртина, 17:21, кошаркарите на „Фени“ го отворија вториот квартал со серија од 14:1 за двоцифрено водство од 18:35 по само 16 минута, за на полувреме да заминат со позитива од 21 поен, 26:47. До крајот се беше чиста формалност, па предводени од Чешковиќ кој мечот го заврши со 21 поен и капитенот Кирил Николовски кој уфрли 20 поени, кошаркарите на „Фени Индустри“ ја потврдија победата од 60:83. Кај „Пелистер“ најефикасен беше Анакиевски со 14 поени, додека еден помалку постигна Андрејевиќ. Во наредното коло кое се игра веќе во сабота, „Фени“ повторно гостува, овој пат кај тимот на „Вардар“. кавадар4е

МНА „КОЖУВЧАНКА“ ГО ДОБИ ГРАДСКОТО ДЕРБИ СО „ТРОКАЛ“

Кошаркарките на МНА „Кожувчанка“ го добија новото градско дерби против екипата на „Трокал“ со убедиви 102:32, и ја најавија кандидатурата за пласман помеѓу четирите најдобри во македонската женска кошарка. На погонот на кој функционираа и пред две години, предводени од искусните Наков, Василевска, Георгиева и Николовска, повратниците во лигата нема проблем против „Трокал“ кој и сезонава ќе се потпира на индивидуалните квалитети на Ѓорѓиева и Хаџиќ.

СО ПОЛУМАРАТОН, КАВАДАРЕЧКИТЕ РЕКРЕАТИВЦИ ЈА ЗАТВОРИЈА СЕЗОНАТА ЗА ТРЧАЊЕ Со полумаратон, кавадаречките спортски рекреативци и официјално ја затворија годинашната сезона за трчање, начин кој го практикуваат по јубилеен, петти пат. На годинашниот полумаратон кој по

традиција се оддржува на фудбалското игралиште при спортскиот центар „Јасмин“ учество зедоа дваесетина рекреативци од различни возрасни групи кои ги обединува рекреативното трчање.

За успешна организација на полумаратонот и годинава се погрижи „Меридијан Атлетик клуб“ Кавадарци, кој по настапите на манифестацијата „Алшар - Допри го Сонцето“ и одбележувањето на Светскиот ден на трчењето ја комплетираа успешната година. кавадар4е

По првата четвртина која МНА „Кожувчанка“ ја доби со 26:6, беше јасно дека натпреварот до самиот крај ќе биде формалност, што не ги спречи условно домаќинките на натпреварот да одиграат максимално посветено до последниот звук на сирената, за на крајот да слават убедлива победа од 102:32. Очекувано, Василевска и Наков беа најпрецизни во тимот на МНА „Кожувчанка“, додека Форче Ѓорѓиева беше најрасположена за игра кај „Трокал“. кавадар4е

ЛЕК ЗА СЕКАКВА БОЛЕСТ - За подобрување на мокрењето - пијам пиво. При отсуство на апетит - пијам бело вино. При низок крвен притисок - пијам црвено вино, а при висок - коњак. Ако имам ангина - пијам ракија... - А вода? - Таква болест уште не сум имал...

Илија Пемов А Ф О ПЕ Р И З М И Само да знаат – мнозина би жалеле што загинале Петар Наневски

Општинско јавно гласило Издавач: Локална самоуправа Кавадарци Уредник: Димитар Мурџев Лектор-коректор: „Европа 92“ Печати: Печатница „Европа 92“ Кочани Бесплатен примерок

8

160-vesnik-kavadarci__za-web  
Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you