Page 4

Проф. Јордановски: Сум љубител, но не на сите. Омилена серија и воедно единствена која ја гледам е „Езел“. JBTnews: Кој лик ви е омилени зошто? Проф. Јордановски: Омилен лик ми е Рамиз, зашто има животно искуство кое знае доброда го пренесе. Прашање од класот II I 9 : Ако не сте станале професор по хемија што мислите, што ќе станевте? Проф. Јордановски: Па, тоа е едно тешкопрашање, бидејќи никој од нас не знае што точно ќе се случело, ако нешто во живот сме направиле на друг начин и затоа можеме само да нагаѓаме. Но, јас мислам декаако не станев професор, ќе бев инжинер. JBTnews: Што ќе им препорачате на читателите на „JBTnews “? Проф. Јордановски: Предсè среќа,здравје, а за сè друго како ќе дадеГоспод.

ВЉУБЕНИ ХУМАНИТАРЦИ Средното училиште „ Јосип Броз- Тито“ веќе со години организира хуманитарни продажби сè со цел да обезбедатсредства кои им се неопходни на лицата кои боледуваат од тешки болести. Па така и овој пат нашата гимназија покажа хуманост и организира хуманитарна продажба во самиот хол на училиштето, која бешеодржана на 14.02.2012 година (вторник), на денотна вљубените. По тој поводна продажбатасе продаваа разни домашно приготвени кифлички и колачи во форма на срце, рачно дизајнирани честитки во кои беа напишани љубовни пораки итн. Овој настан имашеза цел да обезбедипарични средства, за лекување на малолетно дете од Скопје, кое боледува од церебрална парализа. Церебрална парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот, најчесто настанато пред, за време или после породувањето. Оваа болест не може да се надмине со терапија, но терапијата може многу да

JBTNews martovsko izdanie  

Мартовско издание на jbtnews