Issuu on Google+

Издание бр.2 02.03.2012

JBTnews Интервју со Златко Јордановски Дознајте кога се вработил професорот во нашето училиште. Што го натерало да стане професор. Што правел професорот во младите денови.

И многу повеќе. Читајте за новиот најнизок човек на планетата.

Дали човекот воопшто стапнал на месечината?


Интервју со Златко Јордановски

Месечниот простор за интервју му го отстапивме на Златко Јордановски, професор по хемија во нашето училиште. Во разговорот кој го водевме со него тој ни откри многу интересни работи за неговите средношколски денови. Ви го презентираме првото интервју со професор на „ JBTnews “. JBTnews: Во коеучилиштесте го завршилесвоетоосновно, а во коевашето средно образование? Проф. Јордановски: Моето основно образование го завршив во основното училиште „Доситеј Обрадовиќ“ или денешно „Панајот Гиновски“, додека средно завршив во „Марија Кири Склодовска“. JBTnews: Далихемијатави бил омиленпредметво основнои во средно училиште? Проф. Јордановски: Да, отсекогашми бешеомилен предмет. JBTnews: Какои кога ја добивтежелбатадабидетепрофесорпо хемија? Проф. Јордановски: Знаев декасакам да бидам професор по хемија од основно училиште, бидејќи интересно ми бешеда работам со деца. Работејќи со нив има многу интересни случки и смешки. JBTnews: Далисте бегалеодучилиштеи далисте избегаленекогаши одчас по хемија? Проф. Јордановски: Секако декабегав, но за разлика од учениците денес јас не се шетав по сокаци и кафичи, туку одев дома и учев. JBTnews: Какосте се снаоѓалесо вашатапрофесијатана почетокота , како денес? Проф. Јордановски: На почетокот ми бешеневообичаено, но со тек на времето научив како најдоброда го предадам моето знаење на учениците.


JBTnews: Колкувреместе професори колкувремеработитево „ Јосип БрозТито“? Проф. Јордановски: Какопрофесорработамскоро4 години. Во “Јосип БрозТито” сум 2 годинит.е. одпретходнатаучебнагодина, ако не го сметаме периодот кога работев тука во 2004 година. JBTnews: Далинекогашсте почувствуваледеканекогосте оценилепогрешно т.е. со помала оценка? Проф. Јордановски: Се разбира декаво мојата работа како професор сум згрешил во оценувањето, но сепак колку и да сметаме декасме реални и ние професорите на крајот на денот сме луѓе. JBTnews: Далиима некојаинтереснаслучкаповрзанасо училиштетокојави оставила впечаток? Проф. Јордановски: Се разбира декаима повеќе, но една од повпечатливите е кога еден мој ученик на групната слика при крајот на годината се сликашесо книга хемија. Сето тоа почна кога јас почнав да го испрашувам и дојде дежурната и го повика целиот клас да се слика. Пред да излезат го уверив декаќе го испрашам, бидејќи сликањето не трае долго. Тој со себеја зема и книгата и се сликашесо неа, со што заслужи да не бидеиспрашан тој час.

JBTnews: Далисте љубителна турскитесерии?


Проф. Јордановски: Сум љубител, но не на сите. Омилена серија и воедно единствена која ја гледам е „Езел“. JBTnews: Кој лик ви е омилени зошто? Проф. Јордановски: Омилен лик ми е Рамиз, зашто има животно искуство кое знае доброда го пренесе. Прашање од класот II I 9 : Ако не сте станале професор по хемија што мислите, што ќе станевте? Проф. Јордановски: Па, тоа е едно тешкопрашање, бидејќи никој од нас не знае што точно ќе се случело, ако нешто во живот сме направиле на друг начин и затоа можеме само да нагаѓаме. Но, јас мислам декаако не станев професор, ќе бев инжинер. JBTnews: Што ќе им препорачате на читателите на „JBTnews “? Проф. Јордановски: Предсè среќа,здравје, а за сè друго како ќе дадеГоспод.

ВЉУБЕНИ ХУМАНИТАРЦИ Средното училиште „ Јосип Броз- Тито“ веќе со години организира хуманитарни продажби сè со цел да обезбедатсредства кои им се неопходни на лицата кои боледуваат од тешки болести. Па така и овој пат нашата гимназија покажа хуманост и организира хуманитарна продажба во самиот хол на училиштето, која бешеодржана на 14.02.2012 година (вторник), на денотна вљубените. По тој поводна продажбатасе продаваа разни домашно приготвени кифлички и колачи во форма на срце, рачно дизајнирани честитки во кои беа напишани љубовни пораки итн. Овој настан имашеза цел да обезбедипарични средства, за лекување на малолетно дете од Скопје, кое боледува од церебрална парализа. Церебрална парализа е состојба предизвикана заради оштетување на мозокот, најчесто настанато пред, за време или после породувањето. Оваа болест не може да се надмине со терапија, но терапијата може многу да


помогне за да се подобрат способностите на детето и да му се олесни животот. Исто така терапиите се многу скапи и не секој може да си ги дозволи иако му се од витално значење, па затоа секаков вид на донации и помош е добредојденза да им се помогне на ваквите лица.

Како настанал iPhone?


Стив Џобс, можеби најзначајната личност во последната декада ,во својата книга „I,Steve “ ( Јас ,Стив ),опишувамногу деловиодсвојотживот, како приватен така и професионален.Сепак една од поинтересните ситуации е како тој доаѓа до идеја да го направи iPhone. „Се почна од идејата да се има што помал компјутер .Сакав дасе оттргнамод тастатурата и да почнам да пишувам по екранот. Затоа отидов кај момците задолжени за изработка на иновациите и ги прашав дали можат да направат екран осетлив на допир. По шест месеци ми се јавија да ме викнат да го погледнам прототипот. Во главата веднашми дојдеидеја. Ова може да бидеупотребено за да направиме мобилен телефон. По 5 години го добивме iPhone.“- рече Стив Џобс таткото на iPhone, којуште при неговата презентација предвиди декаовој телефон е 5 години предконкуренцијата. Неговата книга, која е една од најпродаваните, е полна со цитати, преку кој навистина можеме да дознаеме многу за Стив.

На прашањата зашто купувачите треба да ги купат, тој имашенавистина интересни одговори. Еден од нив бешедекаМајкрософт прави производи


само за пари ,додекаЕпл се повеќеориентираникон стилоти дизајнотна нивниот производкако и лесноста за употреба. На прашањето зашто потрошувачите на Епл се верни на компанијата неговиот одговор гласи: „Тие го купуваатнашиотпроизвод,и по три-четиримесецидоаѓаатдонекој мал проблем кој многу брзо го решаваат. И тогаш помислуваат: Секоја чест,некој од Епл се сетил и на ова.“

Сепак и покрај неговата генијалност во областа на компјутерите,Стив Џобс е сметан и за визионер, а и филозоф. „И покрајсетапосветеностна технологијатаи комјутерите, сите мои изуми би ги заменил за едно попладнесо Сократ“. „Подобродасе трудимедаја подобримеиднината, отколку да се грижиме за минатото“. „Комјутероте најчудеснатаалаткакоја е измисленаи таа навистинаможеда бидевелосипедна мозокот“.

„Мислам декаТомас Едисоннаправилповеќеза , човештвото,отколку Карл Маркс и Неем Кароли Баба (Хиндуистички гуру) заедно“. „Не мора да запишуваш, доколку нешто е навистина битно тоа ќе го


запаметиш“. „Победатаво нашатаработасе спелуваО-П-С-Т-А-Н-О-К. За да опстанеме мора да го изиновираме патот по кој се движиме“. И многу други интересни квоти,поврзани со многу други интересни работи од животот на Џобс. Па затоа доколку имате слободновреме би ви ја препорачал книгата Јас Стив (која се уште не е излезена на македонски јазик) ,а за која сум сигурен декаќе ви го задржи вниманието.

Британец изеде 6000 калории за 26 минути Британецот Роберт Пинто(39), успеа за 26 минути да изеде 4 килограми храна односно 6000 калории. Тој го прифатил предизвикот на локалниот ресторан „Џестер дајнер“ од Сауттаун кој поклонува оброк од 15 фунти на сите кои ќе успеатдаго изедатза помалкуод 1 час. Поради големината и високиот број на калории, Детскот доручек, како што е наречен затоа што тежи повеќе од просечно новороденче, веќе извесно време е тема на критичарите кои се занимаваат со здравата исхрана.

Овој калоричен доручек се состои од:Колбаси, сланина ,јајца, леб со путер, тостови, компири, ориз, печурки, домати, пржен кромид, омлет


со сирење и многу други работи кои заедноправат 6000 калории. Како за илустрација 6000 калории сочинуваат 12 Биг Мека. Пинто веќе е влезен во Г инисовата книга на рекорди, кој во ноември 2011 изелсличенваковоброкза 11 минути и 46 секунди. Сепак за него Детскот доручек е најголемиотпредизвикдосега. „Тоа бешеинфарктна чинија.Не бешевоопштолесно„-беа зборовите на Роберт. Тој раскажува дека веднашпосле појадокот поминувал многу времево тоалет,а потоа одел во теретана, на трчање и на пливање. Исто така напоменува дека после доручекот не јадел ништодокрајотна неделата, освен вода и овошја. „Морадасе бидепретпазливсо здравјето“-заврши Роберт.

Најнискот човек на светот

Непалецот Чандра Бахадур Данги е најнискот човек на светот.Тој со своите 56 сантиметрии 12 килограми, конкурираи за најнизокчовекво историјата. Данги се очекува да го сруши и гинисовиот рекордкој го држи Гула Мухамеда, кој бил висок 57 сантиметри. Мухамедапочинал во 1997, но се уште се бара неговиот наследник. Данги за агенцијата AFP( Франс-Прес) изјавил: „Наградатаќе биденадоkнадаза сите мизернигодиништоги живеам претставуван како изрод“.


Данги на новинарите од Франс прес им раскажал и како неговите братучеди го искористувале неговото присуство за да го покажат на луѓето, и да соберат пари.Тој денес живее со неговото семејство во Јужен Неп��л, кадешто станал вистинска ѕвезда. Куриозитет е тоа декаДанги влегува во овој избор со 72 години. Многу луѓе се прашуваат кадебил тој до сега? Одговорот е прост. Данги бил „откриен“ од неколку истражувачи на народите кои живеелена земјатаТие . се изненадилекога го виделеи веднашму предложиледа се пријави во натпреварот за најмал човек на планетата. По средбата со луѓето од Гинис тој изјавил: „Се надевамдекасега работитеќе бидатподобри, и декаќе се стекнам со светска слава“.

Дали човекот воопшто стапнал на месечината? „Тоа е мал чекорза човекот, но џиновскискокза човештвото“ Оваа позната реченица ја изговорил Нил Армстронг во далечната 1969 година кога стапнал на Месечината или барем на нешто што личело на неа. Од таа кобна 1969 година некои луѓе се во тотално неверување декаАмериканците ја имале таа напредна технологија во тоа време. Спореднекои Американците го лажирале слетувањето на Месечината за да ја победат Русија во вселенската трка. Телевизиската програма „Теории на заговор: Дали слетавме на месечината?“, ја прошири оваа теорија ширум светот. Таа постави повеќе факти декаслетувањето на Месечината е лажирано од кои се истакнаа најможните три:


1. Споредпрограмата„Теориина заговор“ снимкатана којасе прикажани астронаутите нема ѕвездиво позадината. Што се случило? Дали НАСА покрај нејзините огромни финансиски средства се „стиснала“ и не купила сијалички. Објаснување: Многумина професионалнифотографиго знаатодговорот. Тешко е да се фати нешто многу светло и нешто многу темно на исто делчеод филм. Астронаутите со нивните вселенски оделаосветлени од Сонцето и површината на Месечината се два објекта за кои камерата треба доброда се намести за да ја извади сликата со најдобар квалитет и при тоа предметите во позадината т.е. ѕвездитестануваат многу бледии не се ни приметуваат.

2. Еве уштеедендоказ. Долуна сликатаможедаги видитеНил Армстонг и Баз Олдрин како го ставаат американското знаме на месечината. Чудното на сликава е фактот деказнамето се вее. Обично знамињата се веат поради ветерот кој како што знаеме го нема на месечината.

Објаснување: Да, знамињатасе веатпорадиветрот, но не секогашЌе . се зачудите како е тоа можно. Знамето на сликата не се вее туку на ткаенината се појавуваат бранови и таа струи. За да се стави знамето во земја треба најпрвин земјата да се пробие, а тоа не е толку лесно на Месечината. Од самиот удар на јарболот со површината се создаваат бранови на знамето.


3. Некоисметаатдекакамењатакои астронаутитеги донелена Земјатасе всушност камења од некое филмско студио и научниците лажат за нивното вистинско потекло. Објаснување: Сигурно не е прв пат некојдаја излажејавностапа дурии дае научник. Научници насекадениз светот добилепримерок од камењата и потврдиле деканивниот состав и изотопите кои се наоѓаат во нив не можат да се создадатпо вештачки пат. Ако НАСА го лажирала слетувањето на месечината и лажела за потеклото на камењата тогаш зошто би пратила примероци од камењата на научници од други земји кои немаат причина да учествуваат во нивната лага.

Џејми Оливер пронашолвистински ковчег со богатство!

Можеби најпознатиот ТВ готвач, Џејми Оливер, пронашолвистинско богатство. Тој во подрумот од својот ресторан, пронашолбогатство вредно над 1 милион фунти.Во неговиот подрум имало над 100 мали сефови кои се претпоставува декаприпаѓале на HSBC- една од најголемите банки во Англија, а и во светот .Во сефовитеималопари, накит, злато , но и други предмети како на пример пиштол. Лошата вест за Џејми е тоа декапоради неможноста да се идентификуваат сопствениците, сето богатство ќе го земат луѓе од Националната банка на Англија, а потоа ќе им го вратат на луѓето од HSBC. Раководнителицана банката, споредизјавите, знаеледекатаму се сефовите, сепак не смееледа го отстранат поради фактот што новиот ресторан на Џејми е всушност лоциран во зградакојашто е сметана национално богатство на Англија. Сепак Џејми веќе долго време не размислува на парите со огледна тоа дека веќе одамна тој е милионер.


Македонскиот кошаркарски пат до Лондон Со новопрезентираниот селектор Марјан Лазовски (воедно и селектор на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички) нашата македонска кошаркарска репрезентација тргнува на патот кон Лондон. Водечките луѓе на МКФ успеаа да направат успешни преговори за организација на подготвителниот периоди воедно да договорат неколку квалитетни тест-натпревари за нашата репрезентација се со цел навреме да се темпира формата на нашите репрезентативци и да се покаже најдоброто на турнирот во Каракас. Еве како ќе одат подготовките за нашите репрезентативци: 4 јуни-Прв собирна репрезентацијата во Скопјеи почетокна подготовкитево СЦ. Борис Трајковски 7 јуни-Задолжителнилекарскипрегледиво Скопје 11-18 јуни-Патувањеза Литванија, седумдневенпрестојво приморскиотград Клаипедаи пријателски средсо репрезентациите на Литванија и Русија 18-23 јуни-Патувањеза Торонтои пријателскинатпреварисо Канада, Велика Британија и веројатно со Нов Зеланд 23-26 јуни-Можни пријателскинатпреварисо ,,Дрим-тимот'' на САД во Лас Вегас(ако не се договорат овие средби престојот продолжува во Торонто уште неколку дена) 26-29 јуни-Патувањеза Порто Рико и пријателскинатпреварисо оваа репрезентација 30 јуни-Патувањеза Каракасна дваденапредпочетокотна предолимпискиот турнир 2 јули-Почетокна предолимпискиоттурнир во Венецуелаи прв натреварсо репрезентацијата на Ангола во 23:30 часот по македонско време 3 јули-Втор наптревародпредолимпискиоттурнир во Венецуеласо селекцијата на Нов Зеландво 20:00 часот по македонско време ФИБА дополнително ќе ги одредитермините на одигрување на натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето на овој предолимписки турнир во Каракас, Венецуела.Како што ни е познато Македонија на овој турнир се наоѓа во група со селекциите на Ангола и Нов Зеландод кадепрво пласираните две селекции поминуваат во четврфиналето, додекапак само трите најуспешни селекции ќе успеат да се изборатза место на Олимписките игри во Лондон оваа година. Да се надеваме деканашите репрезентативци ќе успеат да се изборатза место на Олимписките игри во Лондон и декаќе ни го пружат тоа задоволство да ги гледаме на Олимписките игри.


Со срце за Македонија само напредсо вас е МАКЕДОНИЈА !!!

Главен уредник: Емилија Величкова Уредници: Мартин Димовски Никола Јазаџиски Новинари: Кире Наумоски Ана Марија Петровска Емилија Величковска Дорис Реџиќ НебојшаАврамовски


Посетете ја нашата веб страна jbtnews.weebly.com


JBTNews martovsko izdanie