Page 1

Во првото издание за оваа година ќе читате:

Награди за најдобро украсените училници Сашко Коцев во посета на Драмската проектна активност Македонскиот модел на Обединети нации Мистериозно исчезнати луѓе Што е подобро,Машко или Женско? Европско првенство во ракомет Србија- 2012 Како и многу други интересни информации


ЈБТ Настани

Почитувани ученици! За да го задржиме вашето внимание и да ви дадеме поттик за следната година, во прилог ви ги објавуваме резулатите од натпреварот, а воедно и наградаите, за најдобро украсена училница: I (прво) место: училницата бр. 10, клас I 8 и IV 4; -Наградата за првото место е еднодневна екскурзија во градот Охрид, но откако временските услови ќе го овозможат тоа. II (второ) место: училницата бр.18 , клас I 2 и III 3; -Наградата за второто место е еднодневна екскурзија до Милениумскиот крст, со помош на жичарницата. III (трето) место: училница бр. 22, клас III 13; -Наградата за третото место е по едно парче пица во бифето на гимназијата.

Новиот Џејмс Браун во посета на „Јосип Броз-Тито“ Иако училишниот распуст во сите училишта заврши на 23 јануари, во нашето училиште траеше 1 ден подолго. Причина за „одложувањето“ на почетокот на учебната година беше Тони Вилсон, предводникот на единствениот признаен tribute band на големиот Џејмс Браун, таткото на funk музиката. Тој одржа едночасовно презентирање на своите способности, а најзаслужни за неговото доаѓање беа екипата на Trotoar News, но и нашата директорка Снежана Малцова Мироновска, која со овој чин успеа да ги развесели учениците и да ги поттикне во учењето во второто полугодие. Атмосферата навистина беше одлична, а новиот Џејмс Браун само ја доразгори со повикувањето на учениците да играат со него. За најдобрите имаше и награди. Сè на сè, 23 јануари во Јосип Броз Тито беше ден за вистинска забава.


ЈБТ Настани

Сашко Коцев во посета на Драмската проектна активност Во саботата на 4.2.2012г. во 11 часот, нашата гимназија беше посетена од севремениот актер Сашко Коцев. На наше пријатно изненадување, тој остана доволно време, за да ни посвети внимание на сите 3 групи, кои подготвуваме различни драми, и да ни го пренесе своето знаење преку своето гледиште за подготовката на драмите. Воедно, не пропушти преку свои сопствени примери да ни го долови моментот кој секој аматер треба да го сфати, за да стане вистински АКТЕР. Му благодариме за неговото присуство, што одвои од своето време за нас, се надеваме дека беше задоволен, затоа што ние бевме многу, и ќе нè посети на нашите премиери.


Спорт

Европско првенство во ракомет 2012 Од 15 до 29 јануари се одржуваше европското ракометно првенство 2012 во Србија. Голема ракометна, спортска приредба во која сите заедно учествувавме посредно или непосредно во текот на тие две недели.Одличен ракомет, премногу возбудливи натпревари супер резултати на екс-ју селекциите,олимписки квалификациски турнир за Македонија и највпечатливиот сегмент – публиката, се дел од карактеристиките што го одбележаа ова првенство.Публиката несомнено остави голем впечаток на ова првенство- коректна, гласна, која го сака својот тим, која се предава себеси, која ги чувствува емоциите на теренот, која е навистина осми играч (вистинска,ракометна).Унгарци во Нови Сад, Хрвати и Словенци во Вршац и Македонци секаде, на секое место (Ниш, Белград) со своите миленици.Србија беше добар организатор, домаќин за пример со ситни пропусти кои воопшто не беа важни.

Исто така ова европско првенство беше од историско значење и за нашата ракометна репрезентација којашто понесена од прекрасната громогласна публика најпрво во Ниш, а потоа и во Белград успеа да стигне до историското 5 место за нас и со тоа да си обезбеди квалификации за Oлимписките игри во Лондон кои ќе се одржуваат оваа година.

Предводени од ракометниот "бог" Кирил Лазаров којшто собори уште еден рекорд после светскиот (92 погодоци) сега на ред дојде и европскиот рекорд за најмногу постигнати погодоци (61 погодок), потоа треба да се истакне и изворедниот Борко Ристовски на нашиот гол којшто знаеше кога да ја спутшти „ролетната“ врз својотгол,понатаму за издвојување се и одличните партии на Стојанче Стоилов,Филип Миркуловски,Стефче Алушевски итн.


Нашите македонски лавови играа борбено на секој натпрвар, покажаа карактер, срце и одлична игра на секој наптревар. Иако пред почетокот на ова европско првенство претставувавме најголем аутсајдер со играта што ја покажавме, претставувавме страв и трепет дури и за најголемите велесили во ракометот, ни недостасуваше малку среќа и концентрација во одредени натпревари, што можеби беше и резултат од недоволно искуство што го имаме од играњето на вакви големи натпревари.Сепак сите треба да бидеме задоволни од резултатот што го постигнаа нашите ракометари на ова европско првенство. Да се надеваме дека вакви резултати ќе имаме и во иднина, па и да се радуваме на некој освоен медал, но најважно е оваа слава да не нè удри во глава, па да се најдеме како до сега во некој вакуум и да чекаме да поминат десетина година за да се појавиме на некое поголемо натпреварување.Од изминатово европско првенство можеме да извлече само позитивни работи за нас. За пофалба е целата репрезентација, сите играчи го даваа максимумот на теренот,стручниот штаб одлично си ја вршеше својта работа,тренерот Ѕвонко Шундовски во вистинско време знаеше кога да повика тајмаут и како да ја постави играта на теренот, македонската фаланга ги бодреше нашите играчи максимално секој натпревар и им создаде да се чувствуваат како да играат дома. Навистина убаво, преубаво, за паметење и прераскажување,секогаш имаше насмевки, разбирање, а тоа беше и целта.

Само Напред Лавови!


Забава

ЧУВСТВУВАЈ СЕ ДОБРО ВО СВОЈА КОЖА Факт е дека во современиот свет секој има шанси и услови да изгледа онака како што сака. Секоја личност е надарена со некоја посебна убавина која ја краси и прави да изгледа уникатно и различно од другите. Сепак многу често знаеме да најдеме мани и забелешки за нашиот изглед. Таквиот став за нашата надворешност ја руши самодовербата и прави да се чувствуваме помалку вредни од другите. Често знаеме да бидеме самокритични и тоа до некоја мера е добро, но постојаното размислување дека сме полни со мани често нè турка во аголот на депресивноста. Луѓето со намалено количество на самодоверба често измислуваат проблеми и мани таму каде што ги нема. Секое нивно погледнување во огледало е проследено со зборовите : „Леле колку сум дебела“ итн. Често тоа го кажуваат само со цел луѓето кои се наоѓаат околу нив да ги негираат тие тврдења и да го кажуваат спротивното. Доколку сакате да ја поткренете својата самодоверба и да се чувствувте добро во сопствената кожа, еве неколку совети како да го направите тоа. -почнете да ги избенувате фразите „не можам“, „не знам“, „ не сум јас за тоа“. Заменете ги со „ќе се обидам“, „ можеби ќе успеам“. -направете некои работи кои до сега не сте ги правеле. Воведете мали промени во својот живот, од типот на стил на облекување, начинот на носење на косата можеби ќе откриете нешта кои повеќе ќе ви се допаѓаат и ќе се чувствувате подобро. -запазувајте ги прво убавите работи. На пример: видете прво што ви се допаѓа на вашето тело или карактер и работете на тоа да дојде до израз, а подоцна она кое ви претставува проблем и размислете како да го поправите и да стане попривлечно. Седењето дома и самосожалувањето не ви се од никаква корист. -станете смели. Храброста може да ве подигне на повисоко ниво и да доведе да ги погледнете работите од друг аспект. -гледајте ја светлата страна на случувањата. Иако тоа е една од најтешките работи, не го гледајте проблемот како „проблем“ или бариера која ве спречува да ја постигнете посакуваната цел, туку како предизвик после кој може да се стекнете со некое искуство било позитивно или негативно, а кое ќе ве поучи во иднина. -не ги гледајте другите како да се „над“ вас. Чувствувајте ги како да сте на исто рамниште. Како вие ќе се чувствувате во врска со самите себе си така и другите ќе ве гледаат. -смејте се почесто. Најубавиот детаљ на човечкото лице е насмевката. Таа доведува до позитивна енергија која внесува мир во вашето тело. Насмевката не само што внесува радост во вашата душевна состојба, туку и прави добра атмосфера во вашиот ум и луѓето околу вас. Секој човек во себе има нешто вредно. Покажете го тоа, доволно е само една искра од вашата самодоверба да дојде до израз и луѓето да почнат да ве забележуваат и да ве почитуваат. Треба да знаете дека оние кои ве сакаат и уживаат во вашето присуство ве гледаат многу подлабоко. Не дозволувајте омаловажувањето кон самите себе да ја промени таквата слика кон вас.


Забава

Човекот со клинец во глава Данте Аутуло се здобил со клинец во мозокот додека градел шупа во близина на неговата куќа во Чикаго минатиот петок. Господинот Аутуло првично мислел дека клинецот со големина од 8 сантиметри му поминал близу главата и го пресекол. Аутуло не размислувајќи повторно за „малата“ несреќа продолжил со работата како по обичај и се чувствувал нормално до следното утро кога се пожалил од болки во главата. Бидејќи не можел да ја издржи болката отишол во болница каде што по детален преглед утврдиле дека се работи за еден многу чуден случај. Имено, клинецот за кој Аутуло мислел дека само го исекол се заглавил во средината на неговиот мозок на милиметри од центарот за моторика. Тој набрзо бил пренесен во одделението за неврохирургија и бил успешно опериран. Аутуло е моментално во стабилна состојба.

Македонскиот модел на Обединети нации Класот III13 меѓународна матура, е примен како напреден тим на постоечката конференција на Македонскиот модел на Обединети нации (ММОН), која ќе се одржи на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ во мај годинава. ММОН е еднодневна конференција која се одржува еднаш годишно и на која учествуваат како пратеници така и претседатели на комитети, ученици и студенти од средни училишта и факултети од Македонија. Целта е да се симулира работата на Обединетите нации и на крајот на конференцијата да се усвои резолуција на која ќе дебатираат и гласаат пратениците во склад со правилата и праксата на ОН. Дванаесетте пратеници од класот III13 ќе ја претставуваат Република Франција во различни комитети оформени според моделот на ОН, додека еден од нив ќе го претседава Генералното собрание.


Забава

Што е подобро? Додека една вечер заедно со моите другарки се подготвувавме за петочната „пијанка“ ми падна на памет прашањето: што е потешко да си момче или девојче? Јас дефинитивно би рекла девојче, мислам ние сме тие кои се изложени на тортурата која предвивува носење на високи потпетици, тесни фустанчиња во кои одвај се дише и воопшто облека во која си повеќе откриен отколку покриен. Но, и на момчињата не им е така лесно како што мислиме, тие секогаш мораат да се потпрат на сопствената природна убавина, за нив не постојат потпетици кои би ги направиле повисоки или пак шминка со која ќе им се истакнат очите. Бидејќи не успеав да сфатам на кого му е потешко решив да направам една мала споредба со која ќе покажам во чија кожа од време на време знае да стане понепријатно. Девојчињата се секогаш изложени на проблематична кожа на која што излегуваат разни акни, митесери и какви сè не чуда, додека кај момчињата таквиот проблем не се појавува многу често.Покрај тоа што на девојчињата „ноќна мора“ им е нивната кожа тие имаат преку стотина продукти со кои можат да си го направат лицето беспрекорно чисто. Девојчињата секогаш треба да бидат уредни, педантни и чисти, додека момчињата таквите услови можат слободно да ги заобиколат, без никој да им замери, ако не мирисаат на млеко за тело од праска на двесте метри. Девојчињата можат да си позајмат облека едни од други, додека таквата појава кај момчињата гледам повеќе се избегнува. Кај девојките е сето внимание. Сигурно ако сте машки не ви се случило некој да свирка по вас или народски кажано да ви се „пушта“. Девојките се навикнати на ваквото внимание кое во многу случаи знае да биде непријатно. Машките се тие кои мораат да го направат првиот чекор. Доколку некое девојче „мерка“ некое момче, тогаш таа мора да чека тој да ја примети и да дојде да се запознаат . Тоа искрено кажано ретко се случува, па девојката често си останува сама или во присуство на некој кој воопшто не и се допаѓа.Од друга страна машките се тие кои треба да бидат храбри и да започнат разговор со девојче и се изложени на ризикот да бидат одбиени. Тука веќе настанува повреда на машкото его. За девојките е неморално да се биде со повеќе момчиња, но ако момчињата имаат повеќе девојки тогаш им се додава синонимот фраер. Постојат и ред други работи во кој едниот пол има повеќе предност од другиот, но сепак на крај лесно може да се најде баланс во кој и двете страни ќе бидат задоволни


Мистерии

Д. Б. Купер Д. Б. Купер е име кое му се препишува на човекот кој киднапирал авион, “Боинг” 727, во Соединетите Држави на 24 Ноември 1971. Добил 200.000 долари како откуп и скокнал од авионот.Името кое го користел за да се качи на авионот било “Дан Купер”, но во понатамошните пренесувања на приказната, од страна на печатот, тој станал познат како “Д. Б. Купер”. И покрај стотици траги низ годините, нема прецизни докази за вистинскиот идентитет на Купер или каде се наоѓа, и најголемиот дел од парите никогаш не беа пронајдени. Помеѓу 1967 и 1972 имало 147 обиди за киднапирање на авиони во С.А.Д. Еден од тие обиди бил изведен од страна на Дан Купер. Дан Купер платил 20 долари за авионски билет во еден правец од Portland до Seattle ноќта на Денот на благодарноста во 1971. Откако полетале, Купер и дал на една од стјуардесите ливче на кое пишувало: “Имам бомба во актовката. Ќе ја употребам ако е потребно. Сакам да седнеш до мене. Вие сте киднапирани.” Кога авионот слетал побарал да му се дадат 200.000 долари и 4 падобрани во замена за патниците, тоа било исполнето и авионот повторно полетал. Летајќи на 10.000 метри Купер скокнал од авионот. Се верува дека околу 20:11 часот Купер скокнал и никогаш повеќе не бил виден. Некои од мистериите кои предизвикуваат проблем кај луѓето се тоа зошто не побарал да лета рута каде тој сака, да побара топла облека или барем шлем,ако веќе планирал да скока со падобран. Според некои, тој е човек кој успеал да го победи воспоставениот поредок со тоа што успеал да им избега на полицијата и да не повреди никого, а некои сметаат дека тој на крајот се повредил самиот себе. Без разлика дали преживеал или не неговото исчезнување останало нерешено. И токму поради оваа случка, аеродромите за прв пат поставиле метални детектори.


Мистерии

Дони Декер Момчето Дони Декер живеел со својот дедо во Филаделфија, кој сексуално го злоставувал. Откако старецот умрел, Дони конечно бил ослободен од малтретирањето низ кое поминувал. Семејството Киферс го земале Дони да живее со нив, бидејќи немал дом. Тој бил малку проблематичен. Еден ден Киферови го повикале полицаецот Џек Рандл кој ги познавал добро. Тие пријавиле дека од навидум никаде доаѓа чудна течност. Веднаш потоа, од таванот почнало да капе вода и собата се исполнила со магла. Секој ден, помеѓу 3 и 5 часот по пладне, нешто чудно се случувало со Дони или во неговата околина. Една или две години подоцна, Дони бил уапсен за ситен криминал. Во неговата ќелија, тој правел нешто и почнувало да врне мрсна материја. Еден полицаец, кој секогаш бил добар спрема затворениците, го прашал Дони: - Како го правиш тоа? - Го контролирам. – одговорило момчето. - Докажи. Направи да врне во ќелијата на Давид. Дони се насмеал. - Ете, врне кај него. Откако бил пуштен од затвор, Дони нашол работа како готвач во некој локален ресторан. А сега неговото место на живеење е непознато – некои велат дека е можно мистериозно да исчезнал правејќи го ова момче едно од најмистериозните луѓе на светот

Човекот со железната маска


Занимливости

Човекот со железната маска бил затвореник во многубројни затвори за време на владеењето на Луj XIV во Франција. Идентитетот на овој човек бил многу пати дискутиран и бил предмет на многу книги, главно бидејќи никој никогаш не му го видел лицето бидејќи било покриено со маска. Повеќето велат дека бил брат близнак на кралот, други велат дека му бил полубрат,а не близнак на кралот, додека трети велат дека бил маршал на Франција кој е можно да бил предавник.Во доцните 1840-ти, писателот Александар Дима образложил тема во последниот дел од неговата хроника – “Тројцата мускетари”: тука затвореникот е присилен да носи железна маска и е брат близнак на кралот Луj XIV; затвореникот не знае дека му е брат на кралот кој бил разделен од него по раѓањето од страна на претходниот крал за да се избегне можна “пукнатина” во престолот и да не се создадат двојни наследници. Подоцна кралот Луј XVI знаејќи ја тајната за затворениот брат со маска на лицето,не ја октрил тајната,така што никогаш никој не го дознал неговиот вистински идентитет.Филмот “Човекот со железната маска”,исто така, го прикажува затвореникот како брат близнак на кралот кој подоцна со помош на Тројцата Мускетари, тој бил тајно заменет со кралот како казна за неговите дела. Но неговиот вистински идентитет останува до сега најголема мистерија од овој вид.

Македонија добива 3D кино! Конечно,според информациите кој ги добивме, едно од најубавите кина во Македонија, „Милениум“ ќе се модернизира и конечно Македонците(и Македонките нормално) ќе можат да гледаат филмови во 3D технологија.Со тоа „Милениум“станува првото кино во Македонија,во кое ќе може да се емитуваат 3D филмови,а првиот 3D филм кој ќе го изгледаме ќе биде филмот Pina,снимен во 2011 година.Филмот ќе се емитува на 5-ти февруари(недела) во 22:30 часот.


Зан Занимлнивости Опремата инсталирана во кино салата е од врвот на 3D технологијата,и затоа и очекувањата се огромни.

„Во светот постојат 4 системи на прикажување 3Д слики, од кои (Dolby 3D) е со најдобар квалитет на слика. Имаме комбинација KINOTON-BARCO проектор модел - LX, платно HARKNESS, сервер најновиот Dolby DSS200, звук 7.1 Dolby Digital со најновиот процесор на Dolby CP750“, е изјавата на раководните лица од кино Милениум,кои со оваа инвестиција треба да ги „натераат“ гледачите да се вратат во кино салите.

Пина(2011)

Пина е филм за познатата кореографка,танчерка и режисерка Филипина „Пина“ Баум(27 јули 1940 – 30 јуни 2009),која ги помести границите помеѓу театарот и танцот.Уникатниот стил кој Пина го негуваше,склопен од различни движења звуци и сценски решенија,како и начинот на кој таа составуваше кореографија,оставија простор за филм во кој се разработува животот на оваа дива.Трејлерот за овој филм можете да го погледнете овде.

3 пронајдоци на Да Винчи Леонардо да Винчи за време на неговиот живот направил големи успеси во повеќе области од научниот свет како биологијата, математиката, уметноста, архитектурата, ботаниката и многу други. Она што малкумина го знаат е дека покрај сето она што тој го постигнал, Да Винчи бил и голем пронаоѓач.


АВТОМОБИЛОТ КОЈ САМ СЕ ДВИЖИ

Секако дека не е ферари, но дизајнот на Да Винчи за автомобил кој сам се движи бил револуционерен во неговото време. Неговиот дрвен автомобил се движел со дејствувањето на федери со металните запци. Научници од Фиренца направиле реплика која работела како што Да Винчи напишал. ВОЗДУШНИОТ ШТРАФ

Денешните научници се согласуваат на фактот дека воздушниот штраф нема да се дигне од земјата, но тоа сепак е еден од неговите најпознати изуми. Направата била наменета да биде контролирана од четири луѓе кои ќе трчаат на округлата патека во средината. ОПРЕМА ЗА НУРКАЊЕ

Фасцинацијата на Да Винчи со морето родила повеќе идеи за подводно истражување. Неговата опрема за нуркање се состоела од нуркачко одело направено од кожа, поврзано со цевка направена од трска и ѕвонче кое плови на површината. Овој дизајн е доказ дека Леонардо Да Винчи бил практичен, бидејќи оделото имало свој меур за уринирање.

Виртуелните ние Во едно виртуелно и нереално општество произлегуваат размислувања за лажни вредности и восхитувања на лоши примери. Живеејќи во матрикс, секој има своја шанса на индивидуален расцут во различни личности со различни погледи во животот.


Колумни Спомeнав матрикс,затоа што повеќето се развиваат во еден правец, се развиваат во една особа, со еквивалентни размислувања. Во своето созревање човекот стапува во судир со многу непознати и мистериозни работи, затоа што никој се нема родено се целата мудрост на вселената, така што, сè што се сретнува за прв пат, тоа е ново. Во калемењето на самиот карактер и зацврстувањето на своите корени во урбаната џунгла човекот има можности да согледа многу работи кои како разумно битие ќе ги прифати и ќе ги разработи во своја полза, впивајќи ја важната материја за своето гореспомнато зацврстување. Во годините на емотивна несигурност и разлабавеност се јавуваат чувства на љубомора, бунтовност и љубопитност, но за жал овие емоции се искористени на многу погрешен начин. И повторно, во виртуелното општество каде секој сака да го најде своето место, но и сосем нормално да го експонира својот персонален простор, и со желба за оставање некаква трага и печат во морето на интригите, самата личност навлегува во еден сосема друг свет во кој сака да го зголеми своето его. Често пати, дури повеќе од често пати за жал личностите остануваат „таму“, остануваат затворени во виртуелниот свет, таму им е сета моќ, а со враќањето во реалност тие наидуваат на еден дисбаланс и чувствуваат страв од самата реалност. Автосугестијата паѓа на едно бедно ниво на кое лесно можеме да ги попримиме коментарите на другите и тие истите многу да влијаат врз нашата „персона“. И тука настапува тоталното затворање во својата обвивка, и повлекувањето од „сончевите зраци“ заради што се чувствува страв од изложување на „бојното поле". Ваквиот стрес може да резултира со понатамошната нестабилност на личноста. Колаборацијата на стравот и витуелното скривалиште можат да бидат фатални за развивањето на карактерот и вообразеностата. Многу од нас можат да се пронајдат во ова, бидејќи на вакви ситуации можеме често да наидеме во нашето опкружување. Затоа како „црвено апче“ за враќање во реалност ви ги препорачувам книгите и прошетките.

Амар Мециновиќ

Титова земја Добар ден драги читатели и добродојдовте во втората колумна од „Титова земја“. Помина долго време додека го напишав ова парче текст. Постојат безброј причини, но во најголем случај беше борбата помеѓу мрзата и потребата за учење. Затоа ќе споделам со вас како поминаа овие неколку пеколни дена, недели и што и да се, дури веќе изгубив чувство за време. Речиси неколку недели владее како чума „ненормалнава“ божиќна еуфорија. Болест која се шири побрзо од шумски пожар. Па не е лето да слушаме за некакви горештини. Не само на метафоричен начин, туку и навистина зимата не е тоа што беше. Колку поинаку сме гледале на зимските празници порано. Бевме едни наивни дечиња, го


чекавме Дедо Мраз да ни ги донесе омилените играчки. Сакавме да останеме будни да го дочекаме како ни ги носи божиќните подароци, но не успеавме да се спротиставиме на силниот нагон за спиење. Ми недостасува тоа време.Се будев секој ден насмеан, гледајќи на секој ден како да е ништо. Во денешно време, само што ја дознавам тежината на животот. Не е се толку лесно како што си замислував. Колку ли само нови обврски ме обврзаа. Не е веќе секој ден игра со другарчињата. Не е секој ден поставување на симпатични (глупави) прашања на родителите да ми објаснат некоја глупост. Не е веќе секоја зима тропање на комшиите да ни дадат благо за коледе. Зошто ли зимата секогаш ме потсетува на детството? Кое е тајното орудие на Дедо Мраз што реминисценциите ги претвора во една тажна компарација во која го споредуваме лесното со тешкото? Никогаш нема да најдам одговор на тие прашања, како што отсекогаш постоеле неодговорени мистериозни прашања: Кој не создал? Која е целта на животот? итн. И целиот живот ќе водиме бесцелни разговори со самите себе, кои му доликуваат на чудак ,пробувајќи да ги одговориме овие прости прашања.Но, зошто зимата е причинител за сето тоа размислување?Таа е една загатка, нерешена задача која не може никој да ја реши, а камо ли да ја објасни. Пробуваш да најдеш некого што ќе ти објасни, но никако не успеваш. Добиваш единица. Единица за тоа што гледаш песимистички на работите. За тоа што кога треба да се восхитуваш на секој нов ден каде што ја градиш својата иднина, ти се затвораш во себе, задлабочувајќи се во мисли од никаква вредност со кои само го трошиш времето кое можеш да го искористиш, за да се овековечиш себеси, да постигнеш нешто од себе. Секогаш од компарациите потребно е да извлечеме некаква поука, нешто од поучна вредност.Понекогаш треба да бидеме мали деца (во позитивна смисла). Да не се нервираме за секој ден. Наместо тоа, да ја потрошиме секоја секунда која ни е пружена да станеме можеби пилот, фудбалер, Супермен, Спајдермен или која и да е амбиција која ја сакаме.Затоа што амбициите се двигателите во животот. Така ќе постигнеме нешто од самите себеси. Така ќе стекнеме некаква мотивација да учиме и да си овозможиме квалитетна едукација.Само со голема и непрекината желба, страст и пасија ќе го добиеме тоа што отсекогаш сме го сакале и ќе го уживаме животот до последната негова секунда и нема да зажалиме за ништо што сме направиле

Од Ѕвездестиот

Главни Уредници: Мартин Димовски Никола Јазаџиски


Уредници: Емилија Анчевска (Забава) Кире Наумоски (Спорт) Небојша Аврамовски(Мистерии) Амар Мециновиќ (Колумнист) Ѕвездестиот (Колумнист)

Посетете го нашиот веб-сајт jbtnews.weebly.com

jbtnews  

првото издание на JBTNews за 2012

Read more
Read more
Similar to
Popular now
Just for you