Конкурс ypeer разгледници

Page 1

Y-PEER МАКЕДОНИЈА ОБЈАВУВА: КОНКУРС ЗА ДИЗАЈН НА МЛАДИНСКА РАЗГЛЕДНИЦА НА ТЕМА „МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО И РАЗВОЈНАТА АГЕНДА НА ООН“ Милениумските развојни цели (MDG) завршуваат во 2015-та година и затоа во септември 2015та година, Обединетите Нации ќе договорат и ќе усвојат рамка која ќе ги наследи милениумските развојни цели преточувајќи ги во цели за одржлив развој. Меѓународната заедница и засегнатите страни, како што се владите на земјите- членки на ОН, агенциите на ОН и граѓанските организации, во многубројни процеси ги формулираат новите развојни цели. Конкурсот за дизајн на младински разгледници е дел од втората фаза на националната кампања „Идеите ги споделувам гласно” во рамки на „Youth Voice“ - регионалната кампања која го застапува гласот на младите во развојната агенда на Обединетите Нации. Целта на конкурсот е да ги инспирира младите креативно да се изразат на зададената тема, и понатаму преку печатење и дистрибуција на победничкото решение да им овозможи на младите да ги споделат своите мислења и ставови за светот каков што го посакуваат. ЖИРИ: Креативното решение за разгледниците кое најубедливо ќе ја комуницира целта на конкурсот, ќе биде избрано од страна на тим од претставници од областа на младинска работа, младински активизам и графички дизајн. НАГРАДА: Наградатa за победничкото решение е Pen Tablet Pro, и, се разбира, печатење на разгледницата со победничкото решение во тираж потребен за кампањата. НАЧИН НА УЧЕСТВО: Конкурсот трае до 5 август 2015г. Креативното решение, согласно пропишаните спецификации, треба да се прати на postcards.ypeermk@gmail.com , при што ќе добиете потврда за успешно примање на решението (*Ваша одговорност е да не контактирате доколку во рок од 24 часа не добиете порака за успешно примање на решението).

Задолжитено со праќањето на решението треба да се достават и следните информации за авторот: име и презиме, возраст и контакт телефон. Со испраќање на идејните решенија, авторите се согласуваат да бидат објавувани во печатена или електронска форма за потребите на организаторот на конкурсот. Победникот ќе биде објавен на настанот за одбележување на Меѓународниот ден на млади12 август (датумот и локацијата дополнително ќе се утврдат, сепак нагласуваме дека присуството на победникот е повеќе од пожелно). УСЛОВИ: •

Разгледницата треба да повикува на младинско вклучување и учество при создавањето на развојните политики на светско ниво (препорачуваме: информирајте се за развојната агенда на ООН и улогата на младите во истата)

Разгледницата треба да комуницира младински дух, креативност, здружено делување, посветеност и енергија и да го слави гласот на младите.

Повикот е наменет за сите млади до 29 години од Македонија

Визуелното изразување е слободно, можат да се користат различни техники како графички дизајн, илустрација, фотографија, други визуелни техники и/или текст.

Разгледницата треба да е дизјанирана во димензии (105mm × 148mm)


Решението треба да се достави во еден од следните формати AI, EPS, PDF (со задолжителен приказ во JPG )

Доколку визуелното решение е фотографија, да се достави во 300 DPI со димензија 105mm × 148mm.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.