Бизнис ИНФО број 232, 27.8.2015

Page 1

БИЗНИС ИНФО

bsi.

ISO 9001

Quality Management

СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642

bsi.

ISO 9001

Quality Management

years 5

192

FS 549642

2 - 201

БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот

Број 232

www.mchamber.mk

27.8.2015

Општествена одговорност

ЛЕТНА АКЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КОМПАНИИ


БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

2

ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

БРИЛИЈАНТЕН Покровител

ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES

СТАНДАРД Покровители

СИЛВЕР Покровители

WUDQVSRUW FRPSDQ\

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Semejna kompanija

ЕЗБЕД ОБ У

B

C

UR

O

НИКО

SE

WUDQVSRUW FRPSDQ\

Б

ЊЕ ВА

I TY NI

K

НИКОБ ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повеќе сигурност.

дос тапни насек аде ...

Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

3

ПОДВЛЕЧЕНО

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ЗАДОВОЛУВААТ МОДЕРНИТЕ СТАНДАРДИ ВО ЗЕМЈОТРЕСНОТО ИНЖЕНЕРСТВО Една од мисиите на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС) кој годинава слави пет децении од основањето е континуирано да асистира и да ги усовршува прописите за изградба во сеизмички подрачја. Институтот учествуваше во носењето на прописите кои се и сега важечки за високоградба на територијата на бивша Југославија и е целосен изготвувач на препораките за сеизмичка градба на инженерски објекти. Во Македонија треба да стапат во сила европските прописи за градба. Задача на Институтот е до крајот на оваа година да ги донесе сите национални параметри за „Еврокод 8“ и да ја донесе новата мапа за сеизмичко зонирање на Македонија. Бидејќи Институтот врши континуирана обука на кадри, постои голема група поединци во Македонија надвор од ИЗИИС кои извонредно ги познаваат сеизмологијата и земјотресното инженерство, но Институтот е единствена високо специјализирана институција во Македонија која исклучиво се занимава со земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија не само кај нас, туку и на Балканот, а би рекол и пошироко. Иако важечкиот пропис за сеизмичко проектирање во Македонија е од 1987 година, ги задоволува модерните стандарди во земјотресното инженерство, но во 2016 година може да се очекува паралелна примена на европските прописи во градежништвото. Неодамна во Институтот се направи една студија, односно се анализираше новопроектирана зграда според важечките прописи со најмодерен софтвер за нелинеарна анализа на конструкции, ПЕРФОРМ3Д, при што се докажа дека новопроектираната зграда според сегашните прописи го задоволува европскиот критериум за превенција на рушење. Поминаа точно 52 години од последниот скопски земјотрес, но тој не исчезнува од меморијата на најголемиот број скопјани. Токму поради тоа кај граѓаните се создаде култура за сеизмички сигурни објекти со што, индиректно, граѓаните вршат притисок врз инвеститорите и проектантите да градат сеизмички сигурни објекти. За културата на сеизмичка градба најмногу придонесе ИЗИИС и граѓаните континуирано се интересираат дали градбите се контролирани од Институтот. Благодарение на последните измени во Законот за градба каде што изречно се бара секој објект што се гради да биде трипати контролиран од страна на високо специјализирана научна институција во областа на земјотресното инженерство, градбите во Македонија се едни од најконтролираните во регионот, па и во Европа. Од воведувањето на овој закон, Институтот има контролирано згради со околу 3.000.000 квадратни метри станбена површина. За сите овие објекти, Институтот врши инспекција двапати на терен дали објектите се изведуваат онака како што се проектирани, односно се контролира конструкцијата кога е во фаза на 50 отсто од нејзината градба и кога конструктивниот систем е целосно оформен. Логично е да се каже дека оценката за сите објекти кои биле изградени во Скопје пред земјотресот, од аспект на сеизмика, е 1, бидејќи претходно не постоеја прописи за сеизмичка градба. Не е толку лесно да се оценуваат конструкциите, но јасно е дека поновите изградени конструкции се со подобра оценка, бидејќи се применува современ софтвер, а и квалитетот на бетонот е подобар. Сите објекти проектирани по донесување на најновите измени во Законот за градба можат да се оценат со 5, бидејќи се контролирани сите фази, од проектирање до завршување на конструкциите. (Д-р Михаил Гаревски, директор на ИЗИИС во „Утрински весник“)


БИЗНИС ИНФО

4

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОДВЛЕЧЕНО

СО КРЕДИТНАТА ЛИНИЈА НА ЕИБ СЕ ОТВОРЕНИ НАД 6 ИЛЈАДИ РАБОТНИ МЕСТА

Кредитна линија на Европската инвестициона банка (ЕИБ) или четвртата транша е збир од еден проект на ЕИБ за поддржување на домашните компании, значи овиие средства се наменети за домашните компании каде Владата субвенционира дел од каматата и затоа каматните стапки се толку ниски. Тие беа предвидени како антикризна мерка во 2009/2010 година кога беше екот на економската криза, но добар дел од тие кредитни линии подоцна продолжи државата да ги повлекува, бидејќи ние сме како држава гарант за тие кредитни линии, и преку Македонската банка за поддршка на развојот одат до комерцијалните банки. Вкупно се 350 милиони евра збирно во четирите кредитни линии, за четвртата транша за која ме прашувате во износ од 100 милиони, веќе се 70 милиона евра повлечени, а некаде се очекува овој месец да се повлечат уште 10 милиони, значи интересот кај компаниите е голем. Ако поразговарате со компаниите во Македонија ќе видите дека речиси секоја компанија која има подигнато позначително поголем кредит во изминативе три четири години, на еден или на друг начин е корисник на овие средства. Околу илјада и петстотини до илјада и шестотини компании го имаат искористено овој инструмент односно оваа можност и по наша проценка се креирани некаде над шест илјади работни места, само од овој проект. Очекуваме негово целосно ефектуирање некаде до крајот на годинава, но ќе кажам повторно, тоа е само една од мерките кон домашните компании која очигледно дава добри резултати. (М-р Владимир Пешевски, заменик на претседателот на Владата на РМ задолжен за економски прашања за Македонката радио и телевизија)


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

5

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОВРАТНАТА МИГРАЦИЈА ГИ ЗГОЛЕМУВА ПЛАТИТЕ НА ДОМАШНОТО НАСЕЛЕНИЕ Грчката економска криза не е само криза на грчкиот народ, туку и за сите кои се соседи на Грција. Голем број жители од соседните земји работеа во Грција. Дури 600.000 граѓани на Албанија живееја и работеа во Грција пред кризата. Околу 260.000 од нив сега се вратија во Албанија, најголем дел од нив како последица на големата безработица во Грција. Повратната миграција од оваа димензија претставува голем шок на пазарот на работна сила во Албанија, бидејќи овие повратни мигранти го зголемиjа овој пазар за најмалку 10 проценти. Моето истражување ги мери последиците на оваа повратна миграција за оние Албанци кои што останаа да живеат и работат дома. Традиционалната економска теорија предвидува дека таква повратна миграција ќе ги намали платите на домашното население, бидејќи мигрантите го зголемуваат натпреварот на пазарот на работна сила дома, што значи дека во просек луѓето ќе прифатат да работат за уште помала плата само за да останат вработени. Спротивно на оваа теорија, моето истражување заклучи дека мигрантите ги зголемуваат платите на домашното население. Ова неочекувано сознание може да се објасни со дополнително истражување на механизмите низ кои платите би можеле да пораснат со пораст на работната сила. Прво, повратните мигранти не се натпреваруваат за постојните работни места дома. Напротив, тие отвораат свои фирми, претежно земјоделски, кои успеваат да создадат нови работни места не само за повратните мигранти, туку и за домашното населените. Домашното население во регионите со повисока стапка на повратна миграција има поголема можност за вработување. Второ, повратните мигранти имаат заштеди кои ги инвестираат во тие фирми. Трето, мигрантите со себе носат знаење за нови подобри начини на работа, бидејќи Грција е економски понапредна од Албанија. Битен пример се разликите помеѓу традиционалното земјоделство кое мигрантите го заменуваат со модерни оранжерии. Знаењето стекнато во Грција и заштедите им овозможуваат на мигрантите да основаат помодерни и попродуктивни фирми. Сепак, битно е да се спомне дека, иако е позитивно влијанието на повратната миграција врз платите и вработувањето на домашното население, вкупниот макроекономски ефект на повратната миграција е најверојатно негативен. Финансиските трансфери на албанските мигранти од Грција и Италија претставуваа 15 проценти од бруто-домашниот производ пред кризата, а сега се паднати до 5 отсто. Во Центарот за меѓународен развој на универзитетот „Харвард“, чиј директор е професор Рикардо Хаусман, миграцијата е во центарот на истражувачкото внимание. Со финансиска поддршка од страна на Фондацијата „Отворено општество“ веќе две години сме во можност да ги истражуваме економските аспекти на Албанија каде што миграцијата е дел од секојдневјето. (Д-р Љубица Неделкоска, истражувач во Центарот за меѓународен развој на Универзитетот „Харвард“ во „Утрински весник“)


БИЗНИС ИНФО

6

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОДВЛЕЧЕНО

ИНТЕНЗИТЕТОТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ДОМАШНИТЕ АЕРОДРОМИ ЗГОЛЕМЕН НАД 65%

Интензитетот на сообраќајот секој година се зголемува и тоа за двоцифрен број. Откога ТАВ управува со двата аеродрома тоа е преку 65 проценти. Најголемо зголемување бележиме кај нискобуџетната компанија Визер, која и најмногу учествува во сообраќајот. Само во јули зголемувањето беше 28%, а на годишно ниво 17%. Добар дел на зголемувањето се должи на новите линии кои се воведоа, вкупно 8 на број од кои пет на „Визер“ во Скопје и една за Женева на „Свис“. Како и две нови линии кои оперираат од Охридскиот аеродром. Инвестициите се поврзани со проекциите за зголемување на сообраќајот и тие во континуитет се однесуваат воглавно на подобрување на опремата со која оперираме во услугата на авиокомпаниите и на патниците, но исто така планираме и други содржини на самиот аеродром, кои ќе го подобрат амбиентот и услугите на самите патници. Владата на РМ уште во 2008 година го започна овој проект и тој како концепт е сеопфатен, се работи за аеродромска зграда, терминал кој е на 50.000 м2. и ги задоволува сите меѓународни стандарди за сотаврување на авиосообраќај, вклучувајќи и шест мостови со кои се овозможува директен влез на патниците во самите авиони. Исто така има 23 „чекинзи“ на кои се доаѓа и се врши предавање на багажот и се проверуваат авиобилетите. (Зоран Крестевски, генерален директор на „ТАВ –Македонија“ во „Економски лидер“)


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

7

ПОДВЛЕЧЕНО

ПОДМЛАДУВАЊЕ НА БРЕНДОТ „ЦЕВИТАНА“ ЗА НОВ ЗАЛЕТ „Цевитаната“ неодамна го доби својот совршен суперхеројски изглед. Ова ребрендирање се должи на еден природен циклус на развој на овој бренд. Имате производ и бренд, паралелно со развивањето на производот се развива и стратегија за брендот. Со имплементација на оваа стратегија започнува животот на брендот кој секако си има свои фази, расте, се менува и преминува низ процес на трансформации. „Витаминка“ има 14 производни линии, односно 348 асортимани производи на домашниот пазар. Некои од нив се постари од дваесет и повеќе години, па затоа е потр ебно нивно постојано подмладување. Така и брендот „Цевитана“ го започна својот живот во 1988 година. Во овој период веќе доживеа неколку трансформации, секој пат претворајќи се во нешто подобро, помодерно, со посилна и појасна порака. „Цевитаната“ постепено растеше, се развиваше и се трансформираше соодветно на потребите на самиот производ, пазарот и потрошувачите. Промените во изгледот на еден бренд се потребни од многу аспекти, стратешките определби за менаџирањето со брендот, амбициите и аспирациите. Со ребрендирањето на добро познатата и одлично прифатена „Цевитана“ , ја однесе „Витаминка“ во следната фаза од нејзиниот развој. Ребрендирањето се одвиваше под слоганот „За обичните суперхерои“, со што производот ги проширува своите таргети, наменувајќи го за сите нас кои во секојдневното справување со разни препреки, стануваме херои на нашите животи. Ова беше потребно и неопходно подмладување на брендот, со цел проширување на таргетите, привлекување на други профили консументи, зголемување на пазарите. (Владимир Трпаноски, комерцијален директор на „Витаминка“ во „Бизнис Инфо“)


БИЗНИС ИНФО

8

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОСЕТИ

Менаџментот на индиската компанија „Кутчина“ во посета на Стопанската комора на Македонија

ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА КУЈНСКИ ПРИБОР И ОПРЕМА И НЕГОВ ПЛАСМАН НА ПАЗАРИТЕ ВО ЕУ

На иницијатива на македонскиот амбасадор во Индија, Н.Е. Тони Атанасовски, менаџментот на индиската компанија „Кутчина“ ја посети Стопанската комора на Македонија (26.8.2015 година). Домаќините ги запознаа гостите со услугите и активностите на Комората и на Советот на странските инвеститори.

М-р Елена Милевкса-Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комората на Македонија, истакна дека индиските компании се добродојдени да инвестирааат и да ги искористат компаративните предности на нашата земја и дека ќе добијат максимална поддршка од страна на најстарата и најбројната деловна асоцијација во земјава во реализација на нивните деловни потфати. На средбата беа разменети мислења и конкретни предлози за продлабочување на односите и подигнување на соработката на повисоко ниво, со цел зголемување на економската соработка, трговската размена и соработката особено на полето на инвестициите, трговијата, земјоделството и


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

9

ПОДВЛЕЧЕНО ПОСЕТИ туризмот помеѓу двете земји. Индиската компанија „Кутчајна“ се занимава со производство и трговија на кујнски прибор и опрема и изрази интерес за инвестирање во Македонија, како база за производство и пласман на нивните производи на пазарите во Европската Унија. Инаку, вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индија во првата половина на 2015 година изнесува 31,2 милиони САД долари, што претставува пад од 17,88 % во однос на истиот период во 2014 година. Вкупниот извоз на Република Македонија изнесува 7,2 милиони САД долари и има намалување од 43,51 % додека пак вкупниот увоз е 23,9 милиони САД долари што исто така претставува намалување од 4,74% во однос на 2014 година. Трговскиот дефицит на македонска страна во овој период изнесува 16,6 милиони САД долари. Во првата половина на 2015 година Индија се наоѓа на 31-то место во трговската размена со Република Македонија. Република Македонија во првата половина од годинава најмногу во Индија извезувала фероникел ( 7,07 милиони САД$ ) и теофилин, аминофилин, нивни деривати и соли (145.482 ,00 илјади САД$) Во увозот од оваа земја во овој период доминирале: • Ленти или ремени за транспортни цели - 2,6 милиони САД$ ; • Предиво од памук (освен конец за шиење), со 85% или повеќе памук по маса - 2,1 милиони САД$ ; • Трактори - 1,9 милиони САД$; • Семе од сусам - 1,5 милиони САД$; • Кафе, непржено, со кофеин - 1,3 милиони САД$; • Цинк нелегиран - 1,1 милиони САД$; • Антибиотици 650 илјади САД$. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Индија, пак, лани ја достигнала вредноста од 68,3 милиони САД долари, што претставува пад од 29,85% во однос на 2013 година. Вкупниот извоз изнесувал 20,2 милиони САД долари и има намалување од 29,68% додека пак вкупниот увоз е 48,1 милиони САД долари што исто така претставува намалување од 29,92% во однос на 2013 година. Влатко Стојановски


БИЗНИС ИНФО

10

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ

ОКТА

ОВОЗМОЖЕН ПРЕСТОЈ ЗА ДЕЦАТА СО ДАУНОВ СИНДРОМ ВО СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЛЕТЕН КАМП

Компанијата ОКТА им овозможи на децата со Даунов синдром за првпат да учествуваат во програмата за подобра социјализација и комуникација на летниот камп„Јупи“ во Криопиги, Грција. Деца од Битола и Скопје заедно со своите родители ќе бидат дел од специјализираниот камп, каде преку креативните работилници и активности се стимулира нивниот развој и интеграција. Патувањето коешто го организира Центарот за Даунов синдром е со целосна финансиска поддршка од компанијата ОКТА. -ОКТА ја препозна потребата да ја поддржи оваа иницијатива на Центарот за Даунов синдром, бидејќи веруваме дека помагањето и придонесувањето за интегрирање на овие лица во секојдневните социјални сфери, е одговорност и должност на сите нас. Се надеваме дека програмата која ја нуди кампот и е специјално адаптирана на нивните потреби ќе овозможи да се стекнат со едно поинакво искуство кое ќе придонесе кон подобрување на квалитетот на животот на целото семејство, - истакна Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА. Специјализираните летни кампови се значајни затоа што придонесуваат за подобрување и развивање на когнитивните и моторните вештини кај децата со Даунов синдром и преку различните вежби, игри и активности им овозможуваат поинаков летен одмор. Дополнителното значење на овој камп е што тој е еден од ретките каде се применува специјалната „Рејнбоу” програма, наменета за деца со посебни потреби. -Пресреќни сме што дел од лицата со Даунов синдром од Битола и Скопје ќе можат да се вклучат во програмата на кампот „Јупи“ во Грција. Огромна е нашата благодарност до компанијата ОКТА која ни овозможи оваа идеја да стане реалност, покажа разбирање и вистинска иницијатива за збогатувањето на животот на лицата со Даунов синдром и подигнување на јавната свест за потребите на овие лица и нивните семејства. Очекуваме убав и исполнет одмор во кој нашите деца ќе стекнат драгоцени искуства. Се надеваме дека ваквите иницијативи ќе станат традиција во соработката со нашите соседни земји и дека поголем број лица со Даунов синдром ќе се вмрежуваат и учат едни од други на забавен и рекреативен начин,- рече Ида Мантон, основач и претседателка на Центарот за Даунов синдром. Центарот за Даунов синдром е основан во април 2013 година како непрофитна организација чија главна цел е да се подобри животот на лицата со Даунов синдром во земјава.(ОКТА)


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

11

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ПОДВЛЕЧЕНО

ОКТА

„ШАНСА ЗА ЖИВОТ“ ПОДРЖАНА И ОД КОШАРКРАСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА

Македонската Кошаркарска Федерација се приклучи кон кампањата „Шанса за живот“, иницирана од компанијата ОКТА. Сите средства собрани од пријателскиот натпревар со репрезентацијата на Израел се веќе донирани за целите на кампањата. На повик на Федерацијата фановите на кошарката преку донирање на минимум 100 денари добиваа алка со логото на кампањата и со тоа можеа да го следат натпреварот и дадат поддршка за кампањата. -Преку активностите на кампањата Шанса за живот, ја увидовме состојба на Одделението за интензивна нега и потребата од донација. Овој натпревар е само почеток на нашиот придонес кон хуманата цел што ќе продолжи и понатаму. Благодарни сме на сите оние што беа присутни на натпреварот и се вклучија во кампањата, но воедно како што ние ќе продолжиме со нашата поддршка, ги повикуваме и граѓаните на активно вклучување во кампањата “Шанса за живот“, - изјавија од Федерацијата. ОКТА како главен донатор ја започна кампањата минатата година со цел подобрување на условите на интензивното одделение, каде секојдневно се сместуваат бебиња родени со компликации од целата држава. -Вклучувањето во кампањата од страна на Кошаркарската Федерација покажува дека сме успеале во целта, да ја подигнеме свеста на граѓаните за состојбите на овој оддел и да ја мотивираме нивната поддршка преку донација. Горди сме што нашите досегашни залагања придонесоа кон постигнување на видливи резултати со неколку донации, а со истата динамика и ентузијазам ќе продолжиме и понатаму, - изјави Марија Ставрева, менаџер за корпоративна општествена одговорност и комуникации во ОКТА. Преку кампањата „Шанса за живот“ за Интензивното одделение беше набавен нов инкубатор, а се обезбеди и сервис на останата опрема како аспиратори, перфусори и три постоечки инкубатори. Наскоро следи и нова донација, најавуваат од ОКТА. -Благодарни сме за вклучувањето на Кошаркарската федерација и нивната поддршка ни значи многу. Ова е уште еден чекор кон подигнување на јавната свест за потребите на нашето одделение. Бројот на поддржувачи секојдневно се зголемува, но исто така и нашите потреби, затоа повторно ги повикувам граѓаните, компаниите и здруженијата на поддршка и донации за кампањата, - изјави Аспазија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести од Скопје. Активностите поврзани со кампањата „Шанса за живот“ , ќе продолжат и во наредниот период, но, овој пат со целосна поддршка и учество на настаните од страна на МКФ.(ОКТА)


БИЗНИС ИНФО

12

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ Креирањето на нови работни места во Пелагонискиот регион со финансиска поддршка на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“

„МОЈА ИДЕЈА! МОЈ БИЗНИС!“

Во присуство на градоначалникот на Oпштина Прилеп, Марјан Ристески, деканот на Економски факултет, Ѓорѓи Манчески, директорот на Тутунски комбинат Прилеп, Александар Дерменџиев , генералниот менаџер на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, Емре Козлу,претставници од бизнис - секторот и медиумите, од страна на претставникот на CEED Македонија, Јован Маџовски, беше претставена новата програма „Моја идеја!Мој бизнис!“. Програмата има за чцел да го поддржи креирањето на нови работни места во Пелагонискиот регион преку стимулирање и пддршка на претприемништвото. Програмата ќе ја имплементира CEED Македонија, а целосно ќе биде поддржана од страна на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“. CEED Македонија, со финансиска подршка на „Филип Морис Тутунски комбинат Прилеп“, го најави почетокот на новата шестмесечна програма во кој период учесниците во програмата ќе имаат можност да ги развијат своите бизнис знаења и претприемнички вештини, да ги развијат своите постоечки или идни бизниспроекти, како и да добијат пристап кон финансиски ресурси. Програмата ќе биде спроведена од септември 2015 година до февруари 2016 година. Фокусирана е, пред се, на млади лица од 18 до 35 години кои се невработени, но имаат добра бизнис идеја. Учесниците ќе имаат можност да добијат бизнис советувања и менторски сесии со искусни ментори и бизнис професионалци. Генералниот менаџер на „Филип Морис ТКП Емре Козлу“, изјави дека програмата „Моја Идеја!Мој бизнис!“ значително ќе придонесе кон економскиот развој и претприемништво во Пелагонискиот рагион. Ристо Најдоски


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

13

ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ПОДВЛЕЧЕНО Донации на „Жито Лукс“ во континуитет за повеќе социјални и ранливи групи граѓани

КАМПАЊА „ХРАНА ПОДАРЕНА ОД СРЦЕ“

„Храна подарена од срце“ е уште една демонстрација на својата грижа за заедницата спроведена од страна на најголемиот производител на леб, „Жито Лукс“. Кампањата е специјално создадена и наменета за помош на установи каде се згрижени деца или граѓани од социјално ранливи категории. Една од овие установи е и Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, кој што во текот на целата година ќе биде снабдуван со свеж леб.За штитениците на центарот, компанијата ќе доставува Грахамлеб приготвен од интегрално пченично брашнокој е извор на целулозни влакна и протеини и претставува основа за здрава и избалансирана исхрана. -Вредноста на кампањатае од непроценливо значење за нас. Компанијата „Жито Лукс„, со својата едногодишна донација на најдобар можен начин ја демонстрира својата грижа и за децата од улицата. Покривањето на неделните потреби од свеж леб во текот на цела година е добредојдено и стимулативно за целосното функционирање на центарот. Затоа нашата благодарност е голема, - вели Ирена Велковска од Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари. Кампањата „Храна подарена од срце“ се одвива во континуитет при што компанијата избира различни институции и установи каде што помошта е најнеопходна. Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари, беше избран по иницијатива од „Лице в лице“, Регионалната платформа за активизам, која економски и социјално ги засилува маргинализираните групи. Со ваквиот ангажман, „Жито Лукс“ воедно придонесува за подигнување на јавната свест за потребата од вклучување на деловните субјекти во општествено хумани активности.(„Жито Лукс“)


БИЗНИС ИНФО

14

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА „Алкалоид“ со позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година

РАСТ НА ИЗВОЗОТ ОД 15 ОТСТО

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во првото полугодие од 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех. Во периодот јануари – јуни, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 4.050 милиони денари, што е за 9 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 15 отсто. Зголемување од 9 проценти е забележано и кај вкупната добивка пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која во првото шестмесечје годинава достигнува 554 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 301 милион денари е зголемена за 5 отсто, покажува консолидираниот Биланс на успех. Според единечниот Биланс на успех во периодот јануари – јуни, продажбите достигнуваат 3.068 милиони денари, што е за 3 отсто повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 537 милиони денари, бележи зголемување од околу 7 отсто, додека нето добивката е зголемена за 3 проценти. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - јуни 2015 година изнесуваат 422.120 илјади денари. Во периодот јануари - јуни 2015 година во Алкалоид се реализирани и 56 нови вработувања во Република Македонија. („Алкалоид“)

Македонските вина и ракии по прв пат можат да се купат во Обединетите Арапски Емирати

„ТИКВЕШ“, „ КАМНИК“ И „СТОБИ“ ГО ОСВОЈУВААТ БЛИСКИОТ ИСТОК

Македонските вина и ракии на „Тиквеш“, „ Камник“ и „Стоби“ по прв пат, можат да се купат во Обединетите Арапски Емирати. Ова е прв пласман на овие македонски производи воопшто на Блискиот Исток. Во прво време ќе можат да се набават во продавницата на „ЕуроБалкан“, единствена која пласира прехранбени производи и пијалоци од балканските простори на територија на Емиратите. Се предвидува палетата пијалоци наскоро да биде достапна и во угостителските објекти - хотелите и рестораните низ земјата.(МИА)


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

15

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА

ПОЛНЕЊЕТО НА ЦИСТЕРНИТЕ ЗА БЕНЗИН ОД ДНОТО ЌЕ ДОНЕСЕ ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПОГОЛЕМА СИГУРНОСТ

МЕПСО заврши 75 отсто од градежните работи на OKTA е првата компанија која го инсталираше системот за елиминирање на емисијата на испарливи органски соединенијадалекувод

Како најголем снабдувач на домашниот пазар со нафтени производи, ОКТА постојано вложува во проекти за надградба на своите инсталации, со цел достигнување на најновите барања на стандардите за заштита на животната средина. Помеѓу бројните проекти со кои компанијата го контролира своето влијание врз околината, во својата завршна фаза е системот за елиминирање на емисијата на испарливи органски соединенија. Речиси година дена пред истекот на рокот пропишан со Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини, ОКТА ќе го финализира овој напреден проект кој се состои од два дела – постројка за рекуперација на пареи и прилагодување на инсталациите за полнење од таканаречено “горно” во “долно” полнење. -Со воведување на системот за елиминирањена емисиите од лесно испарливи органски соединенија при користење на бензините, пред се ќе се придонесе кон заштита на животната средина. Проблемот со емисијата на овие гасови во атмосферата особено е изразен во летниот период кога се високи температурите на воздухот, а со имплементацијата на овој систем нивната емисија се сведува на минимум, - вели професорот Славчо Алексовски од Технолошко – Металуршкиот Факултет во Скопје. Првиот дел од поставувањето на новиот систем се однесува на промена на методот на товарање на авто цистерните. Досега, сите цистерни беа товарени од горниот отвор, преку таканаречениот метод „горно полнење”. Овој метод на полнење најмногу придонесува кон испарување на органски испарливи соединенија, поради зголеменото прскање и загревање на бензинот. Со воведувањето на новиот систем на полнење, сите цистерни за бензин ќе бидат полнети од дното, преку методот на „долно полнење”, кое ќе придонесе конминимизирањена испарувањето кое се појавува при манипулација со бензините. Покрај позитивното влијание врз животната средина, дополнителен бенефит од овој систем е и намалување на изложеноста на човечкиот фактор на штетни гасови, како и можноста од појава на пожар. Дополнително, пареите кои ќе настанат при „долното полнење” нема да се прошират во атмосферата, туку ќе бидат собрани и пренесени во Постројката за рекуперација на пареа, која го сочинува вториот дел на проектот. Преку оваа постројка, сите пареи ќе се вратат во нивната првична течна фаза и ќе бидат собрани назад во резервоарите за бензин. -Инсталацијата на системот за рекуперација значителни ќе ја намали емисијата на лесно испарливи органски соединенија (метан, етан, пропан, бутан и други) кои во голема мера се штетни за здравјето на човекот. Покрај ова, воведувањето на новиот начин на полнење на горивото во цистерните и резервоарите од доле, наместо од горе, влијае на намалување на испарувањето на лесните јаглеводороди во цистерната. Со ова се зголемува безбедноста при работа на вработените на терминалите за бензин каде што се одвива складирање, полнење и транспорт на горивото, - додава Алексовски. Компанијата ОКТА е во завршна фаза со инсталирањето на системот за елиминирање на емисијата на бензини, иако крајниот рок за комплетна оперативност на системите е 30 јуни 2016година, согласно Законот за контрола на емисии од испарливи органски соединенија при користење на бензини.(OKTA)


16

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОКРОВИТЕЛИ И ЧЛЕНКИ НА КОМОРАТА Триглав осигурување Скопје го зголеми уделот на пазарот во Македонија

ПРЕМИЈАТА ПОРАСНА ЗА 13 ПРОЦЕНТИ ДОСТИГНУВАЈЌИ 11 МИЛИОНИ ЕВРА

Триглав осигурување Скопје, која е дел од Групацијата Триглав, во првата половина на 2015 година обезбеди 13 отсто повисока премија во однос на тој период минатата година и го зголеми уделот на пазарот во Македонија. Компанијата го зголеми пазарниот удел за 5,4 отсто и достигна до 17,61 проценти. Оствари речиси 13 проценти повисока бруто полисирана премија во однос на првата половина на 2014 година, достигнувајќи 11 милиони евра во премии, со што постигна многу поголем раст отколку самиот осигурителен пазар, чијшто раст, споредено со истиот период минатата година изнесуваше 7,11 отсто. - Нашиот фокус не е насочен само кон интерните процеси и перформанси, напротив, ние ги слушаме потребите на пазарот и вложуваме значителни напори во едукација и развој на локалниот осигурителен пазар, изјави Сања Танчевска, извршен директор на Триглав осигурување Скопје. (Триглав осигурување Скопје)

Летно освежување со ВИВА Fresh од праска

СТРАСТЕН БАКНЕЖ ЗА ТРОШЕЊЕ КАЛОРИИ

Знаете како да го споите освежителното со страсното? „Она што некогаш било горчлива семка, станува сочна праска”, знаел да каже познатиот американски писател и хуморист, Марк Твен, честопати изненадувајќи ја јавноста со своите освежувачки погледи за страста кон животот. А, ова лето, освежувањето повторно доаѓа од ВИВА, овој пат во форма на овошниот сок Fresh од праска. Уште при првата голтка, Fresh ќе воодушеви со свежината на неодоливиот вкус и прекрасната арома. ВИВА успеа пак да направи вистински летен хит, задоволувајќи ги вкусовите на потрошувачите, проширувајќи го асортиманот на Fresh овошните сокови со еден од омилените континентални вкусови, праската. Според популарниот сајт caloriecount.com, во една чаша освежителен напиток од праска има 140 калории. (Колку за споредба, во еден ред чоколадо има 233 калории.) Во равенката на чашата на љубовта недостасува уште последната состојка – страста. А таа доаѓа со бакнежот! Општоприфатен е фактот дека со страстен бакнеж се трошат околу 120 калории на час. Можеби и нема да ги истрошите сите калории, но никако нема да ви штети и вреди да се обидете... Препорака од оние кои веќе искусиле: бидете свежи со ВИВА Fresh од праска и уживајте во страста на летниот бакнеж. (ВИВА)


БИЗНИС ИНФО

Обука на градежните работници за енергетска ефикасност BUILD UP Skills BEET - Builders’ Energy Efficiency Training Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти. Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf ) се дефинирани како приоритетни. Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА) на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност на градежните работници и објавува

ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ

на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност за следните занимања: фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации I.Предмет на повикот Предмет на повикот е пријавување на кандидати кои поседуваат знаења и вештини стекнати со неформални обуки и/или работно искуство во градежни претпријатија. Во рамките на повикот ќе бидат препознаени знаења и вештини за следните занимања на градежни работници: 1. фасадери со вештини за енергетска ефикасност на згради; 2. кровопокривачи со вештини за енергетска ефикасност на згради; 3. столари со вештини за енергетска ефикасност на згради; 4. инсталатери за греење, ладење и вентилација со вештини за енергетска ефикасност и 5. инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации.

IV.Резултати/придобивки од обуките 1.Вид на сертификат Со успешно завршување на постапката на препознавање на вештините, кандидатите ќе се стекнат со Сертификат за поседување на знаења и вештини за енергетска ефикасност, кој се однесува на определеното занимање. 2.Важност на сертификатите: • сертификатите ќе ги издава Сертификационото тело во рамките на Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност (BUILD UP Skills – BEET)”; • сертификатите ќе имаат важност во рамки на самиот Проект во Македонија, Хрватска и Словенија, како земји-учеснички во иста работна група од BUILD UP Skills иницијативата; • дополнително, сертификатите ќе бидат препорачани од страна на Проектот за отпочнување на процедура за нивна верификација од Центарот за образование на возрасните. 3.Стекнати компетенции Сертифицираните работници, по добивањето сертификат, ќе можат да аплицираат на тендери каде се барат работници со вештини за ЕЕ. V.Постапка на пријавување 1. Пријавувањето на кандидатите се врши електронски на еден од следните начини: • Доставување на документите во електронска форма на е-маил адреса: • За фасадери, е-маил: fasaderi@beet.mk, Контакт лица: Ивона Каранфиловска, тел: 02/3244-084, Симона Ристоска, тел: 02/3244-067 • За кровопокривачи, е-маил: е-маил: krov@beet.mk, Контакт адреса: ЦеПроСАРД, ул.Орце Николов 172, Скопје,тел: 02/3061-391 • За столари, е-маил: stolari@beet.mk, Контакт адреса: Факултет за бизнис економија, бул. 3та Македонска бригада 66А/1кат, Скопје Контакт лице: Слаѓана Стојановска, тел:02/2402-161, Љупчо Вангелски, тел: 02/2402-170 • За инсталатери за греење и климатизација, е-маил: hvac@beet.mk, Контакт лице: Даниела Тошевска, тел: 02/3216-903 • За инсталатери на енергетски ефикасни електрични инсталации, е-маил: elektro@beet.mk Контакт лице: Лихнида Стојановска-Георгиевска, тел 02/3099-174

Напомена: • Еден кандидат може да се пријави за препознавање на знаењата и вештини за ЕЕ за • Доставување на документи до сертифицираните тренери и акредитирани за одредени едно или повеќе занимања од горе наведените. региони во Република Македонија, или • Одборот за сертификација при Проектот Build Up Skillls BEET одлучува за издавањето на • Доставување на документите во печатена форма во Стопанската комора на Македонија, сертификат за поседување на знаења и вештини за ЕЕ. ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје. Постапката на препознавање целосно е финансирана од Проектот BUILD UP Skills – BEET. 2. Потребна документација: • пополнет ПРИЈАВЕН ЛИСТ; II.Услови за пријавување • копија од диплома за завршено образование; 1.Кандидатите треба да имаат завршено: • сертификати од обуки во неформалното образование (институции и приватни •основно или средно образование, или установи што организираат обуки за ЕЕ); •постсредно образование, т.е. мајсторски испит со V-Б степен на квалификации или • доказ за работно искуство во струката. Како доказ за работно искуство може •четиригодишно средно техничко образование со IV степен на квалификации или да се приложи заверена референтна листа, потврда од работодавач за ангажманот на •тригодишно средно стручно образование со III степен на квалификации. кандитатот со податоци за работната позиција и времетраењето. 2.Работно искуство: • најмалку 5 (пет) години во струката односно занимањето за кое се бара сертификат, од кои • најмалку 2 (две) години во спроведување на мерки за енергетска ефикасност.

3. Повикот за пријавување е отворен до 30 октомври 2015 година. За повеќе информации обратете се во Стопанската комора на Македонија, ул. Димитрие Чупоски 13, 1000 Скопје.

III.Процес на препознавање на вештините Секој кандидат поднесува апликација за препознавање на претходното знаење и вештини за енергетска ефикасност, заедно со докази за работно искуство и стекнати квалификации. Поднесените апликации ги разгледува и оценува испитна комисија, составена од сертифицирани тренери (обучени во рамки на проектот). Во рамките на процесот на препознавање, доколку поднесените докази за компетентност се недовоолни, кандидатите може да бидат повикани на интервју и/или проверка на знаењата и вештините.

Партнери на Проектот:

Контакт лица: Ивона Каранфиловска Телефон: +389 2 324 4084 Е-адреса:: ivona@mchamber.mk Симона Ристоска Телефон: +389 2 3244 067 Е-адреса: simona@mchamber.mk


18

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Лери Финк, највлијателниот човек во модерниот свет на финансиите

БЛЕКРОК: ТАЕН СВЕТСКИ ЦЕНТАР НА МОЌ

Блекрок е најголем менаџер во светот. Но, тој огромен и моќен концерн е обвиткан со тајни. Сега е објавена прва книга, која навлегува зад кулисите на неговото делување. Станува збор за прва книга во светот, која е некогаш напишана за „Црниот камен“ од Њујорк. Името Блекрок е познато најчесто само на внимателни читатели на економски рубрики. И Хајке Бухтер, германска дописничка од САД, специјализирана за економија, пред неколку години во текот на свои истражувања често се сретнувала со него. „Некои банкари говореа за него. Или, кога стануваше збор за проверка на портфолио на централни банки, се споменуваше името Лери Финк“, се потсетува новинарката, која повеќе од една година известува од Вол Стрит. „Одеднаш тоа име започна секаде да се појавува“ „Тоа име воопшто не ми беше познато пред финансиската криза, а по неа насекаде можеше да се слушне. Насекаде!“, вели таа. За време на интервју, некој информатор ја замолил да говори потивко, со објаснување дека верува дека некој од Блекрок е во кујна и дека би можел „да им плукне во супа“. Таа, во својата книга Блекрок го опишува како „најмоќен концерн, кого никој не го познава“. Блекрок во своите фондови управува со вредност од 4,7 милијарди долари. Преку платформи за анализа и трговија, овој концерн „врти“ повеќе од 14 милијарди долари. Но, влијанието на Блекрок ги надминува инвестициите и хартиите од вредност. Финансиска мрежа низ цел свет „Блекрок советува централни банки, вклучувајќи и министерства за финансии, како и големи инвеститори и државни фондови. Исто така и пензиски фондови во САД, осигурување и фондации“, објаснува Бухтер. А претпријатијата ги финансира преку обврзници и капитал. „Всушност нема ништо на пазарот на финансии, каде Блекрок не’ е вклучен во некој облик“, додава Бухтер. Од еден неугледен облакодер во Менхетен, Лери Финк, шеф на Блекрок и негови менаџери плетат мрежа низ цел свет. Концернот, на тој начин, е голем акционер во Хајке Бухтер големи американски банки и држи голем дел од акции во нафтени концерни и индустрија за оружје. Фондовите на Блекрок се, целокупно гледано, и најголеми сопственици на компании, кои го прават германскиот индекс Дакс. Тоа само по себе не е опасно, укажува Бухтер, но е многу значајно и претставува голем потенцијал на моќ: „Во денешно време си моќен тогаш кога држиш четири, пет или шест отсто од акции во некоја компанија. Можеш да се јавиш и лично да го добиеш шефот.“


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

19

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Кога во Германија автомобили течат на лента и рудари во Јужна Америка вадат руда, фондовите на Блекрок од тоа жнеат профит, а со тоа и негови клиенти, исто како и кога американски научници развиваат нови лекови или во Африка од рудници се вади злато. Хајке Бухтер вели дека никој не може со сигурност да каже каде тука може да се појави проблем, бидејќи Блекрок секаде има свои прсти, па секогаш постои можност на некое место да се појави судир на интереси. Така, на пример, некоја фирма може да поседува хартии од вредност кои ги држи Блекрок и истовремено да издава хартии од вредност, кои исто така ги држи Блекрок. „А кој ќе се осмели да го обвини еден од најголемите и највлијателните главни акционери, кој уште е и доверител“, вели Хајке Бухтер. Подемот на Лери Финк Се’ започнало во доцните осумдесетти како „екстра“ работа на едно приватно акционерско друштво. Тогаш Лери Финк - кој претходно бил брокер во инвестициската банка „Фрст Бостон“, каде поради неточна прогноза за развој на камата и губиток од 100 милиони долари ја уништил својата репутација - е ангажиран за работа со хартии од вредност и обврзници. Бухтер во својата книга го пишува следново за Финк: Лери Финк „Највлијателниот човек во модерниот свет на финансиите на прв поглед изгледа како негов сопствен сметководител“. На Лери Финк, според нејзиното мислење, му успеало нешто што не успеало на никој друг во времето во кое живееме: „Тој изградил сопствено царство на Вол Стрит. И тоа за помалку од три децении.“ А за тоа е потребно прилично јако его и неверојатно многу амбиција, заклучува новинарката. „Истерувачи на духови“ на Вол Стрит Интересно е тоа што токму финансиската криза иницирана од банкротот на инвестициската банка„Леман Брадерс“ била забрзувач за успехот на Блекрок. Фирмата беше позната по својата експертиза во анализите и „разврзување“ портфолија на хипотекарни хартии од вредност, за барем да се ограничи штетата. Од мали менаџери така станале „спасувачи“ и „истерувачи на духови“ на Вол Стрит, пишува Бухтер во својата книга. Следеле и телефонски повици на Фед, американска централна банка. Тим Гајтнер, тогашен министер за финансии, на шефот на Блекрок му се обраќал на име. „Би било добро сето тоа да се погледне малку подлабоко“, смета Бухтер. Таа, додуша, смета дека досега за регулирање на пазарот не недостигала добра волја, но проблемот е во комплексноста на ситуацијата и фактот дека Блекрок секаде има свои прсти. „Секоја област одделно не е проблем“, вели новинарката, но додава дека кога ќе се насоберат сите заедно, одеднаш имаме слика, која го наметнува прашањето: какво чудовиште направивме овде? Блекрок - мозаик Хајке Бухтер малку подобро погледнала и напишала 280 страници за концернот. На нив настанал мозаик од информации од широка палета - од косопственост на Блекрок на германски компании се‘ до советување за спасување на Грција. Притоа нејзина цел, таа вели, не била да вперува прсти и да обвинува, туку да просветлува и да го привлече вниманието на јавноста на овој финансиски гигант, кој во некоја рака е и производ на начинот на кој функционира финансискиот свет. „Луѓето секогаш, како и во секој друг сектор, би сакале да се знае точно кој е кој и како се’ функционира“, резимира Бухтер. Но, тоа не е така и тоа секогаш многу ги лути луѓето. Во текот на своите истражувања таа дошла и до заклучок дека „финансискиот систем постојано се менува и дека е во постојано движење. И дека не може секогаш јасно да се препознае кој каква улога има.“(ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

20

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Враќање на голема врата

ИНВЕСТИЦИСКО ЕЛДОРАДО КОН ИРАН

*Со укинување на меѓународните санкции почна трката за освојување на големиот ирански пазар од Германија, Франција, Италија, Русија, Кина... Иран се избори за враќање на голема врата во светското семејство. По долготрајните и исклучително тешки преговори Техеран успеа со западните сили да ги реши проблемите и дилемите кои ги предизвика неговата нуклеарна програма. Иранските отстапки се наградени со укинување на меѓународните санкции. И тоа беше знак за почеток на голема трка за освојување на големиот ирански пазар. Турканицата е голема: Германија, Франција, Италија, Русија, Кина... - сите бараат што попрофитабилно место под иранското економско сонце. Можностите се големи, бизнисот се мери со десетици милијарди долари. На Иран му е отворена капијата на светскиот бизнис. „Денес отвораме ново поглавје свртено кон растот и развојот... ова е ден кога младите можат повторно да размислуваат за подобра иднина“, вака иранскиот претседател Хасан Рохани, коментираше на 14 јули за потпишувањето на историскиот договор меѓу Техеран и шест сили во Виена за ограничување на нуклеарната програма на државата. Најсилната европска економија Германија, брзо реагираше на наводите на Рохани за можно ново поглавје на економскиот развој на државата со 80 милиони жители, на која само за развој на патната и железничката инфраструктура во следните пет години ќе и требаат над 55 милијарди долари.


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

21

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Не зачудува брзиот рефлекс на Берлин. Германската „Сименс“ во 20-тите години од минатиот век во денешен Иран, а тогашна Персија, учествувал во изградба на првата пруга. Многу подоцна, пред иранската револуција во 1979 година, Германија со САД беа водечки деловни партнери на режимот на шахот Реза Пахлави (тогаш околу 50.000 Американци живееле во Иран). По потпишувањето на договорот во Виена, германската индустрија е заинтересирана за нормализација и јакнење на економските врски со Иран. ЕУ како иницијатор на меѓународните преговори со Техеран за нуклеарната програма пред 12 години, појде во масовен и деловен десант на втората најсилна економија на Средниот исток, зад Саудиска Арабија, во која 65 отсто од населението е помладо од 35 години. Прво Федерика Могерини, шефица на дипломатијата на ЕУ, па францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабиус и неговиот италијански колега Паоло Џентолини... се изредија во Техеран со поздрави и деловни понуди на потенцијалниот партнер на кого за модернизација на нафтениот сектор во следните пет години ќе му требаат најмалку 180 милијарди долари странски инвестиции, за истовремена обнова на цивилната флота 7,5 милијарди долари, а за развој на рударството до 2025 година над 20 милијарди долари свежи пари. Жедта за нов капитал на иранската автомобилска индустрија (најголем производител на возила во Средниот Исток), старите навики (увозот на цигари, во добар дел преку шверцерски канали, тежок околу 11 милијарди долари), козметичките препарати потребни на 40 милиони Иранки (втор најголем пазар на козметика во Среден исток), просторот за инвестиции во дигиталната технологија, производството на храна, погоните за обновлива енергија од ветерот, туризмот... денес личат на единствена прилика за нов бизнис на стопански падната и енергетски зависна Европа. Преголемиот пазар за лесно игнорирање, Иран (18. држава во свет по паритетот на куповната моќ на населението) овие денови е сведок за наезда на нови силни странци од оваа страна на Атлантикот. Кинеско-иранската трговска размена на пример во 2014 година достигна вредност од 44 милијарди долари (четири пати повеќе од 2005 година) и претставува речиси една третина од вкупниот надворешнотрговски промет во Техеран. Во меѓувреме, Иран оваа пролет стана еден од основачите на новата Азиска банка за инвестиции во инфраструктурата, можен кредитен ривал на Светска банка и ММФ. Единствениот играч кој недостасува американскиот бизнис, инаку во одлични односи со Техеран до иранската револуција во 1979 година, денес е во неизвесна политичка чекална за исчекор на иранскиот пазар. САД по 14 јули задржаа на сила подолга низа издвоени санкции кон Иран. Американскиот политички естаблишмент по деловниот јуриш на Европејците предупредува дека нуклеарните санкции кон Иран се’ уште не се укинати и дека воопшто е неизвесно како Виенскиот договор со Техеран ќе помине на гласање во Конгресот идниот месец. (ПОЛИТИКА - Белград)


БИЗНИС ИНФО

22

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

СВЕТСКИ ПЕЧАТ

Паралели

СТУДИРАЊЕ СО МНОГУ ПРАКСА ВО ГЕРМАНИЈА

Покрај студирање, поголем дел од студентите во Германија, работат и патуваат. Расте и трендот на заминување на млади во странство по средното образование, заради патување или општо-корисна работа. Мориц Шулц од Минхен штотуку заврши прва година на Правниот факултет во Бон. Претходно, една година бил во Израел. „Зошто Израел? Една година од средно образование поминав во Њу Џерси (САД) и таму се спријателив со едно израелско семејство. Кога сите се вративме дома, одлучив да ги посетам. Бев фасциниран од културните разлики, јазикот и верските тензии кои го обликуваат животот во Израел“, Мориц Шулц објаснува Мориц. По посетата, одлучил да ги спакува куферите и да отпатува во Израел на една година. Најпрвин, еден месец минал во Ерусалим, каде што одел на курс по хебрејски јазик, а потоа заминал во Хаифа, каде работел како практикант во Центар за германско-европски студии. Посетувал курс и по арапски јазик и патувал по Израел и Јордан. „Не ми беа потребни многу пари за таа година. Курсевите за јазик ги плаќав со сопствени пари, кои ги заработив сам работејќи „мини-работи“ за време на средното образование. Праксата во Хаифа ми беше платена, а за работата со лицата со интелектуална попреченост добив сместување и месечна плата. Но, секако, ми помагаа и моите родители.“ Студентска пракса - интегрален дел од студирањето Џана Меци (23), која искористила бројни можности кои им се нудат на младите, е трета година на Економскиот факултет во Диселдорф. „Во текот на средното образование поминав два месеци во САД на еден ранч, а работев и во еден индустриски погон во Кобленц. По тие искуства, одлучив да студирам економија и сега, се разбира, барам пракса во таа област.“ Моментално е на тримесечна пракса во германскиот Телеком во Бон. „Многу сум среќна што имам можност да бидам практикант во централната канцеларија на Телеком во Германија“, вели студентката. По два месеци пракса во Бон, заминува на едномесечна пракса во Диселдорф. Во Телеком е задоволна од Џана Меци работата, атмосферата и колегите, а времето таму го користи и за пишување на завршниот труд. „За пракса во Телеком добивам 800 евра месечно. Од тоа, 250 евра одат за данок и трошоци, така што ми остануваат околу 550 евра“, објаснува Џана. Како што вели, речиси и не’ познава некој што никогаш не бил на пракса. „На сите ни’ се сугерира да собираме што повеќе практично искуство.“


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

23

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Праксата носи и одговорност Тоа го потврдува и приказната на Луц Лоа. Тој е на самиот крај од студиите на Градежниот факултет во Мајнц. Третата година ја поминал на студентска размена „Еразмус“ во Шкотска, а кога се вратил во Германија бил практикант на две места едноподруго. Првиот пат бил практикант во градежна фирма во малото место Нидерфинов, меѓу Берлин и полската граница. „Целата пракса ја минав на отворено, на градилиште. Работевме многу, од седум наутро до седум навечер, но беше одлично и научив многу. Со оглед на тоа дека работевме прекувремено, можев да бирам дали сакам бонус плата или да одам на одмор. Интересно е тоа што како практикант ми даваа големи задачи и одговорност, така што бев задолжен за делот за градење. Ако дојдеше до грешка, јас ќе бев одговорен“, вели Луц. Втората пракса, во траење од шест месеци, ја минал во Есен. Потоа запишал постдипломски студии и моментално е речиси девет месеци на својата трета пракса, во претпријатие близу до Мајнц. Но, кога ќе ги заврши студиите, таму го чека и постојано вработување. Сите пракси ги нашол сам, со испраќање на апликации. Како и на повеќето факултети во Германија, и на Луцовиот има семестар, кој е наменет исклучиво за пракса („Praxis Semester“). Од студентите се бара да поминат неколку месеци на пракса во некоја фирма. Во текот на тие месеци пишуваат извештај, кој подоцна го презентираат и врз на основа на тоа добиваат оценка. Германските претпријатија најчесто ја плаќаат праксата Дополнителен мотив за студентите за практична работа сигурно е и фактот дека фирмите во Германија ја плаќаат праксата. Од 1 јануари 2015 година во Германија е воведена единствена минимална стапка од 8,50 евра, односно 1.473 евра бруто месечно. Таа одредба се однесува и на практикантите, кои се подолго од три месеци во некое претпријатие. Така, практикант во Германија може да заработи повеќе од просечен работник во Србија - иако се разбира, и животните трошоци се поголеми во Германија. Сите пракси на Луц биле платени. „За првата пракса добивав околу 500 евра, за втората околу 1.000, а моментално сум платен од час. На почетокот добивав по 11 евра од час, но потоа го прашав шефот за покачување, така што сега добивам по 14 евра од час“, објаснува Луц. Ако во текот на студирањето немале пракса, на младите по завршувањето на студиите им е потешко да најдат работа. За тоа, Луц не стравува. „Воопшто не се плашам дали ќе најдам работа или не. Единствено за што се плашам е дали ќе заработувам онолку колку што сакам, а тоа е меѓу 3.000 и 3.500 евра бруто. Мислам дека за мојата професија околу 3.000 евра Настава на Универзитетот во Келн бруто е загарантирана плата за почеток“, вели тој. Колку се плаќа студирање во Германија? Еден семестар во Германија на државните универзитети изнесува околу 270 евра. За тие пари, студентите добиваат „Semesterticket“, студентска картичка, која можат да ја користат за јавен превоз низ државата во која студираат (не ги вклучува само брзите IC и ICE возови). Со таа картичка, студентите можат да јадат во кантина (ручекот чини од 2,5 евра до пет евра), бесплатно да користат книги во библиотеки и бесплатно да се занимаваат со голем број спортови, кои се организираат во рамки на нивниот универзитет. Постојат и разни стипендии и студентски кредити кои можат да го олеснат студирањето, како што е „BAföG“. Тоа е посебен државен кредит за студенти, чии родители имаат помалку примања. По завршување на студиите парите се враќаат, но без камата. Исто така, многу студенти имаат и студентска работа. Студентскиот час се движи од 8,5 и 15 евра, а студентска работа е лесно да се најде. (ДОЈЧЕ ВЕЛЕ)


БИЗНИС ИНФО

24

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

СВЕТСКИ ПЕЧАТ Реформи во насока на зголемување на вработеноста во еврозоната

„ПРЕКАРИЈАТ“ НОВ БРАН НА РАБОТНА СИЛА

Повеќе од половина од младите луѓе во ЕУ имаат привремена работа или договори за вработување на определено, а сето тоа е резултат на реформите во насока на зголемување на вработеноста во еврозоната Го нарекуваат „прекаријат“ (precarity) (кованица создадена од зборовите precarious несигурен и крајот на поимот пролетеријат). На континентот, кој е познат по силниот систем на заштита на вработените, повеќе од половина од младата работна сила во еврозоната има привремени работни места и талка од еден краткорочен договор на друг. Во Шпанија, најголем дел од договорите кои се потпишуваат секој месец се од привремен тип. Во Франција, само 16 отсто од новите договори за вработување се склучуваат на неопределено време. Уделот на вработени на привремени работни места во еврозоната кај старосната група од 15 до 24 години на највисоко ниво досега изнесувало 52,24 отсто. Сега кога заздравувањето на еврозоната конечно почна, прашањето со кое се соочуваат претставниците и политичарите е дали болните реформи спроведени во изминатите неколку години, ќе променат нешто на овој план. Во нормални услови привременото вработување не е нешто што ги загрижува економистите. Работодавците често се одлучуваат за привремено, а не постојано вработување во раната фаза на опоравувањето, додека се уште е неизвесно што ќе се случува во натамошниот период. Но, во делови на Европа во кои договорите за работа на одредено време и договорите на дело се застапени во невообичаено голема мера, економистите укажуваат на мрачната страна на овој тренд. Во последните 20 години дојде до појава на длабок јаз во Шпанија, Франција, Португалија, меѓу многу добро заштитената постара генерација со постојано вработување на едната и младата генерација, која е приморана да се помири со несигурната работа на другата страна. Во овие земји повеќе од 55 отсто од вработените во старосната група од 15 до 24 години има договори за работа на одренедо време. Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД истакнува дека привременото вработување е повеќе „замка“ отколку „отскочна даска“ во Италија, Франција и Шпанија, каде само помалку од 30 отсто од привремените вработени наоѓаат постојана работа во рок од три години. Ова не е само прашање на меѓугенерациска неправда. ОЕЦД предупредува дека овие овие економии се повеќе се соочуваат со помалку квалификувана работа сила и проблеми во поглед на продуктивноста, бидејќи далеку помалку е веројатно дека работодавците ќе обезбедат стручни усовршувања за младите кои се вработени привремено. Иако еврозоната бележи економски раст, претходните показатели укажуваат дека работодавците и натаму нерадо нудат договори за работа на неопределено време.(ФИНАНШЛ ТАЈМС)


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА

BUSSINES CENTER FOR TRAINING AND EDUCATION

bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

r ɵʗʠʢʗʤʣʜʚʠʤ ʖʗʝ ʠʖ ʠʒʥʜʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʡʠʣʗʒʟʠ ʠʡʢʗʞʗʟʚ ʡʢʠʣʤʠʢʚʚ ʓʠ ʢʑʞʜʚʤʗ ʟʑ ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ r ɲʢʑʜʤʚʩʟʑʤʑ ʟʑʣʤʑʓʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑ ʓʠ ʣʠʢʑʒʠʤʜʑ ʣʠ ʢʗʟʠʞʚʢʑʟʚ ʞʑʜʗʖʠʟʣʜʚ ʜʠʞʡʑʟʚʚ ʓʠ ʙʑʓʚʣʟʠʣʤ ʠʖ ʡʠʟʥʖʗʟʑʤʑ ʣʤʢʥʜʑ t ʇʛ ʚʤʗʞʘʖ ʧʛʦʨʞʪʞʠʖʨ ʥʦʞʝʣʖʨ ʤʚ Министерството за образование и наука на Република Македонија и Агенцијата за вработување на Република Македонија. r ɱʒʥʜʑʤʑ ʤʢʑʗ ʠʜʠʝʥ ʤʢʚ ʞʗʣʗʨʚ ʠʖ ʡʠʟʗʖʗʝʟʚʜ ʖʠ ʡʗʤʠʜ r ɲʢʗʖʑʓʑʻʑʤʑ ʚ ʡʢʑʜʣʑʤʑ ʣʗ ʠʖʓʚʓʑʑʤ ʡʠ ʖʠʔʠʓʠʢ ʣʠ ʥʩʗʣʟʚʨʚʤʗ r ɳʑʒʠʤʑ ʓʠ ʔʢʥʡʚ ʠʖ ʖʠ ʞʑʜʣʚʞʥʞ ʥʩʗʣʟʚʨʚ ɪʑ ʡʠʓʗʽʗ ʚʟʦʠʢʞʑʨʚʚ ɯ ʢ ɣʠʢʚʣ ɵʢʚʞʩʗʓ ɵʗʝ ɯʠʒ CPSJT!NDIBNCFS NL

ɴʚʞʠʟʑ ɳʚʣʤʠʣʜʑ ɵʗʝ TJNPOB!NDIBNCFS NL

ɴʤʠʡʑʟʣʜʑ ʜʠʞʠʢʑ ʟʑ ɯʑʜʗʖʠʟʚʹʑ ʥʝ tɧʚʞʚʤʢʚʗ ɺʥʡʠʓʣʜʚi ɴʜʠʡʹʗ ʤʗʝ ʦʑʜʣ

Модули на доживотно учење Акредитирани програми од Министерството за образование и наука на Република Македонија Акредитирани програми кои можете да ги следите:

Готвач во угостителски објект Келнер - гастроном Гипсер – монтер Фасадер Аргон заварувач


БИЗНИС ИНФО

26

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Дозволете да придонесеме за Вашиот успех со докажана програма!

АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

Кратките обуки не можат да резултираат со долготрајна промена на однесувањето на вработените. За промена потребен е дополнителен поттик и засилување на презентираните модули од време на време. Оваа Академија го нуди се она што компаниите треба да го постигнат во продажбата и тоа со реално мерење на учинокот. Најуспешните компании ширум светот со децении го применуваат овој метод на обука, која вклучува микс од техники за постигнување зголемена продажба. Презентација од лиценциран Густав Кезер тренер, консултант кој ќе биде достапен во тек на работно време и ќе Ве насочува во реални услови во зависност од Вашата потреба. Методологијата по која се реализираат Густав Кезер тренинзите е подготвена и усовршувана во текот на 50 години постоење на фирмата и интензивна работа со лидерските и менаџерски тимови на повеќе од 10000 најголемите европски и светски компании. Gustav Kaser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес тоа е компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 вработени тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се потврдува повеќе од 50 години. Меѓу другите компании и Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz и многу други ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Предавач: Љупчо Георгиев, директор на „Густав Кезер Тренинг Интернационал Македонија“, лиценциран тренер со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи.

Обуката се одвива во просториите на Стопанска комора на Македонија.

Уписите за обуката се во тек.

Сите учесниците добиваат: • материјали за работа • мемориски картици • ЦД и дополнителна литература • консултантски услуги во текот на целата обука во траење од 6 месеци • интернационално признат Сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал и Сертификат од Бизнис Центар за Тренинг и Обука • контролен ден

За подетални информации контактирајте со нас: Симона Ристоска Тел: + 389 2 32 44 067 Е-маил: simona@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

27

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Kомплетна обука согласно верифицираната Програма од Центарот за образование на возрасни и Министерството за образование и наука на Република Македонија

„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“ Програмата е составена од шест тематски целини во кои се разработуваат функциите поврзани со менаџментот и организацијата на човечките ресурси во компаниите. Истата содржи 80 часа во кои се застапени теоретски предавања и практични вежби од областа. Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со сложената проблематика на управување со човечките ресурси, гледано како процес на извршување на низа активности и функции со цел, луѓето, како најважни ресурси во организацијата, да дадат придонес на најефективен и најефикасен начин. Програмата започнува со општ вовед во менаџментот на човечките ресурси во компаниите како и областите на делување во сферата, а низ поединечните целини опфатени се сите аспекти на струката потребни за стекнување менаџерски вештини. По завршувањето на секоја тематска целина учесниците во програмата ќе бидат оценувани врз основа на нивниот напредок. По успешно завршената програма и позитивната оценка учесникот добива Сертификат за Програмата „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ кој е признат од Министерството за образование и наука. ТРЕНЕРИ: Доц. д-р Љупчо Ефтимов Доцент на Економскиот факултет - Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на прв и втор циклус студии одржува настава по предметите Менаџмент на човечки ресурси, Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и Менаџмент на перформанси. Од 2013 година ја извршува функцијата раководител на студиската програма од втор циклус студии по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси. Член е на Управниот одбор на Македонската асоцијација за човечки ресурси. Член е на Комитетот за човечки ресурси при Националниот совет за претприемништво и конкурентност на Р. Македонија. Член е на Техничкиот комитетот за менаџмент на човечки ресурси при Институтот за стандардизација на Р. Македонија. М-р Драгана Томиќ Пилиповиќ Професионален консултант, основач и претседател на Центарот за општествено одговорно претприемништво (ЦООП) - Белград, а во текот на својата кариера работела на следните позиции: - заменик-претседател на Секторот за човечки ресурси и обучувач во AIESEC, Економски факултет – Белград; - консултант во областа на тренинг и менаџмент на човечки ресурси во „Срма Консалтинг“ – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во Ерсте Банка – Белград; - директор на Секторот за човечки ресурси во „ФармаСвисс“ ДОО - Белград. Д-р Зоран Михајлоски Во текот на својата богата кариера д-р Зоран Михајлоски бил судија во Апелациониот суд во Скопје, во специјализираниот оддел за работни спорови од 2002 година, претседател на специјализираниот оддел за работни спорови на Апелациониот суд - Скопје, едукатор во Правната школа на постојни судии од Европската унија во Барселона, Шпанија, од областа на

националните работни законодавства, постојан предавач на постдипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ и вонреден професор на Факултетот за правни науки при Универзитетот „Американ Колеџ“ - Скопје. Автор на повеќе научни и стручни трудови од областа на трудовото и деловното право.

Дополнителни информации: • Предавањата се распоредени во 10 тренинг дена (вкупно 80 школски часа) и се одржуваат два до три пати неделно. • Обуката започнува во периодот април – мај 2015 година. • Број на учесници во група: 10 – 20 учесници. • Во зависност од тематската целина предавањата се одржуваат на македонски или на српски јазик. • Сите учесници добиваат потврда за присуство на обуката од Бизнис центарот за тренинг и обука и Стопанската комора на Македонија. • Услов за да се стекне Сертификатот за „Менаџерски вештини за управување со човечки ресурси“ признат од Министерството за образование и наука е минимум 70% присуство на предавањата и успешно положен финален испит. Котизација за учество: - 27.900 денари за 1 учесник; - 10% попуст за втор учесник од иста компанија и - 15% попуст за трет и секој следен учесник од иста компанија, невработени лица и студенти. Учесниците добиваат: - Материјали; - Освежување и - Сертификат.

Контакт: Симона Ристоска +389 2 32 44 067 simona@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

28

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ – ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ“

Oбука Успешно учество на постапките за доделување на договори кои се водат по електронски пат (пребарување огласи, преземање тендерска документација, поднесување понуди) и учество на електронски аукции (Обука наменета за економски оператори) 3 септември 2015 година 10:00- 16:00 часот Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

ПРОГРАМА * Детално опишување на е-набавките и алатките што ги нуди ЕСЈН; * Креирање на кориснички профили и претставување и уредување на функционалноста на профилот на економскиот оператор; * Пребарување на објавени тендери и договори; * Поднесување на понудите преку системот; * Учество на е-аукции; * Претставување на случаи на „добра пракса” при спроведувањето на е-набавките и е-аукциите; * Интерактивни вежби! Секој од учесниците индивидуално ќе поднесе понуда и ќе учествува на електронска аукција. Обуката е наменета за сите економските оператори, приватни компании кои учествуваат на постапките за јавни набавки или имаат интерес за потенцијално учество на истите. Обучувачи Обучувачите се експерти за јавни набавки и е-набавки од Бирото за јавни набавки (Сектор за управување со ЕСЈН) кои учествувале во развојот на е-набавките во РМ. Со оглед на видот на обуката – практични и интерактивни вежби и поминување на тестсценарија, учесниците е потребно да понесат преносен компјутер (лап-топ). За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - ручeк и освежување; - сертификат за присуство на семинарот. - примерок од најновото III издание на водичот „Примена на Законот за јавните набавки во пракса“ за учесниците кои ќе го нарачаат. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО


30

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„НАЈНОВИ ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ОД ОБЛАСТА НА СМЕТКОВОДСТВОТО, ДАНОЦИТЕ И ДЕЛОВНОТО ПРАВО СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ДДВ, ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА, ЗАКОНОТ ЗА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ“ Содржина на актуелни теми: * Измени на Законот за трговските друштва; * Обврски и рокови согласно Законот за Финансиска дисциплина и негова примена; * Престанок на обврски настанати со облигациони односи; * Примена на Законот за забрана и спречување на вршење на нерегистрирана дејност; * Нови обврски за правните и физички лица при продажба или закуп на недвижност; * Надомест на штета; * МСС 17 и ОДДЕЛ 23 од МСФИ за МСЕ – Наеми; * Вложување во туѓи основни средства од аспект на ДДВ; * Распределба на добивката (дивиденда од даночен и сметководствен аспект); * Примена на член 14 од Законот за данокот на додадена вредност - ДДВ содржан во услуги; * Основици за пресметка на придонеси согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување; * Даночно ослободување или олеснување согласно Меѓународните договори за одбегнување на двојното оданочување при пресметување на персоналниот данок за приходот кој го остварува странско физичко лице - Нерезидент на РМ; * МСС 16 и ОДДЕЛ 17 од МСФИ за МСЕ - Недвижности, постројки и опрема; * Даночен и сметководствен третман на донации и спонзорства; * Даночен и сметководствен третман на дадени и примени заеми. Предавачи: - Д-р Горан Рафајловски, директор и управител на „Рафајловски Консалтинг“. - Јасмина Рафајловска, даночен и сметководствен консултант во

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Советување 10-13.9.2015 година (четврток-недела) Хотел „Олимп“, Златибор, Р. Србија www.hotelolimp.com

„Рафајловски Консалтинг“. - Иван Стојанов, даночен и сметководствен консултант во „Рафајловски Консалтинг“. АРАНЖМАН Цена на аранжманот во двокреветна соба по лице изнесува 14.570 денари. За аранжман во еднокреветна соба по лице се доплатува 2.210 денари и изнесува 16.678денари. Котизација за дводневниот семинар изнесува 4.602 (3.900 + 18% ДДВ); секој втор и нареден учесник од иста компанија добива 40 % попуст на котизацијата и истата изнесува 2.761 денари (2.340 + 18% ДДВ). За пријавување до 15 август 2015 година се добива дополнителен попуст од 10 % на котизацијата. Во цената на аранжманот е вклучено: - превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје - Златибор - Скопје (тргнување на 10 септември 2015 година, во 3:30 часот и враќање на 13 септември 2015 година во вечерните часови); - 3 ноќевања на база ноќевање со доручек и вечера; - 2 кафе-паузи за време на семинарот. Во цената на аранжманот не е вклучено: • патничко осигурување и индивидуални факултативни трошоци. Рок за пријавување: до 27 август 2015 година. Минимален број за реализирање на ова советување е 25 учесници. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: - работен материјал; - сертификат за присуство на семинарот.

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

БИЗНИС ЦЕНТАР ЗА ТРЕНИНГ И ОБУКА BUSSINES CENTER FOR TRANING AND EDUCATION bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Osnovana 1922

Founded 1922

БИЗНИС АКАДЕМИЈА ЗА КОНТРОЛИНГ МЕНАЏЕР НАСТАВНА ПРОГРАМА од вкупно 175 часа Контролингот е потребна, сериозна но и сложена дисциплина која овозможува суштински информации за менаџментот на една компанија потребни за успешно финансиско работење, стабилност и напредок на истата. Во модерните и успешни компании луѓето на клучни позиции во високиот менаџмент се регрутирани токму од редовите на контролорите, а причината е фактот дека токму овие личности ги познаваат „тајните“ на компанијата и начинот на функционирање. Контролорите мора да го разбираат целокупниот начин на работа во компанијата и да имаат знаења од повеќе области и дициплини, а уште поважно, да бидат способни истите знаења да ги поврзат и да ги сублимираат во извештаи кои ќе им донесат корисни информации на менаџерите. Во последните години се препознава важноста од воведувањето на контролингот во компаниите, а неговиот развој придонесе да се гледа повеќе како научна дисциплина отколку вештина. Со самото тоа, потребни се едуцирани контролори кои се способни да придонесат за теоретски и практичен развој на оваа дисциплина, како и за подобро функционирање на компаниите. Програмата за Бизнис академијата е изработена според програмата од Светската академија за контролинг “Controller Akademie” во Германија

Уписите се во тек!


БИЗНИС ИНФО

32

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Семинар „Толкувања кои произлегуваат од ЗАКОН ЗА ДАНОКОТ НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ со практични примери на член 32а (reverse charge) и подзаконските акти кои произлегуваат од законот’’ 11.09.2015 година, 10:00-16:00 часот, сала 1 на 5-ти кат

ДАНОК НА ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ

ПРОГРАМА I. ПРЕДМЕТ НА ОДАНОЧУВАЊЕ - Општо за Данокот на додадена вредност; - Даночен третман на репрезентативни давања; - Даночен третман на попусти и продажба по пониски цени; - Даночен аспект на резултатите по пописот; - Правилна примена на член 32 (reverse charge); - Пополнување на поле 27 од ДДВ пријавата; - Даночни износи кои се должат според челен 32 точка 4 од Законот; - Неовластено истакнат ДДВ; - Одделно истакнат поголем данок од долгуваниот данок; - Примени и дадени аванси; - Исправка на одбивката од предходните даноци; - Право на одбивка на претходниот данок содржан во залихата на добрата наменети за натамошна продажба кај даночните обврзници кои прв пат се регистрирани за ДДВ, а кои биле набавени пред нивната регистрација за ДДВ; - Специфичност на оданоченување на услугите од странски правни лица; - Применлива законска регулатива во областа на сметководство и даноци; - Контна рамка; - Обработка на документи и контирање на изводи; - Основи на законот за ДДВ и изготвување на ДДВ пријава; - Фактури - согласно законот за ДДВ, сметководствено евидентирање на влезни фактури; - Приходи/расходи и сметководствено евидентирање на излезни фактури. Предавачи: - Русе Коцевски, сектор за даночна и царинска политика при Министерството за финансии на Р.Македонија; - Мимоза Трајаноска, сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија; - Анета Чупеска, даночен советник во Сектор за услуги кон даночни обврзници и даноци при Управата за јавни приходи на Р.Македонија и - доц. д-р по правни науки Костадин Дуковски, лиценциран вештак, внатрешен ревизор, член на најголемата асоцијација за финансиски измами ACFE. Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО Скенирај и дознај повеќе

M

C

N IA

Што претставува сертификатот Excellent SME?

A

Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O

Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.

Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.

Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје

T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk

E

S

E


БИЗНИС ИНФО

34

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Дводневен семинар

„ШТО СЕ МОЖЕ ДА ОЧЕКУВАТЕ ОД ИЗМЕНИТЕ И ПРЕМИНУВАЊЕТО ВО СТАНДАРДИТЕ ISO 9001:2015 И ISO 14001:2015?” 16-17 септември 2015 година, 9:00-15:00 часот, Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

ПРОГРАМА Прв ден (16 септември 2015 година) ISO 9001:2015 •

Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Најзначајни измени- детално за секоја промена и начин на нивно решавање кој може да се


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

35

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ примени во пракса: - Организационен контекст; - Заинтересирани страни; - Документирани информации; - Управување со процесите; - Ризици; - Аутсорсинг процеси и снабдување.

2 ден (17 септември 2015 година) ISO 14001:2015 • Структура и терминологија; • Нов ISO концепт-прилог SL; • Главни измени-комплетен споредбен преглед (барање по барање) ISO 9001:2008 и ISO 9001:2015 и причини за промена на истиот; • Целта и намената на новото издание на стандардот за управување со квалитет; • Преглед на барањата на ISO 14001:2015; • Описна ревизија на стандардот заснован на драфт верзијата на стандардот ISO 14001:2015; • Анализа на ризиците-барања од населението.

Предавач:

Игор Чика, дипломиран инженер по менаџмент и консултант за системи за управување со квалитет. Начин на работа - PowerPoint презентација, студија на случај, работилница со вежби и охрабрување на учесниците за интерактивност и поставување прашања. Аплицирај електронски / on-line

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова Тел: ++ 389 2 3244074 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: beti@mchamber.mk Контакт: Анита Митревска Тел: ++ 389 2 3244057 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: anita@mchamber.mk


36

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бесплатна презентација, 22.9.2015 година, Стопанска комора на Македонија, (сала 4 на 5-ти кат)

„TХK”- ЈАПОНСКА КОМПАНИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО И ПРОДАЖБА НА МАШИНИ ЗА ПОВЕЌЕ ИНДУСТРИИ Стопанската комора на Македонија како ваш бизнис-партнер, ве поканува на бесплатна презентација на јапоската компанија „THK CO., LTD.”, која се занимава со производство и продажба на делови за одредени видови на машини за патниот и железничкиот сообраќај, автомобилската и машинската индустрија, медицинските помагала и роботиката. „TХK” е основана во 1971 година во Токио, Јапонија. Во текот на 44-годишното постоење, има отворено 18 претставништва во различни земји на 3 континенти во светот, со изградени фабрики во: Јапонија, Америка (САД и Мексико), Азија (Кина, Кореја, Тајланд, Виетнам и Малезија) и Европа (Франција и Ирска). „TХK” користи оригинална технологија и иновативни идеи во процесот на производство на машини, со континуирано истражување и развој на истите. Корпоративната филозофија на јапонската „TХK” е: обезбедување иновативни производи во светот и генерирање на нови трендови со цел да се придонесе кон создавање на побогато општество и напредок на сите засегнати страни. Развојот на бизнис-можностите се во делот на: • технологии и уреди за сеизмичка изолација; • инвалидски колички со електрична дигалка; • електронски уреди за автомобилската индустрија; • универзален дизајн на кујни; • ротирачки автомобил за играње на игри; • систем за јавен транспорт со лизгачки механизам; • национална астрономска опсерваторија на Јапонија и др.


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

37

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Покрај тоа, „TХK” работи на проширување на производи и бизнис-уреди, со цел раст на пазарот во иднина. Побарувачката за машини во овие региони особено во Кина постојано расте, поради намалувањето на CO2 кое е од суштинско значење за заштита на глобалната животна средина, а со тоа во голема мера ќе се зголеми и побарувачката на производите на „ТХК“. Со глобализацијата и развојот на нови пазари,„ТХК“ бара натамошно зголемување на профитабилноста и се стреми кон зголемена корпоративна вредност. „ТХК“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија од следниве области: - производители на индустриски машини; - производители на медицински уреди; - производители во областа на воздухопловството; - производители на автомобилски делови; - производителите на железници; - производители на роботи; - производители на храна, фармацевтски производи, електронски апарати; - проектантски бироа, архитекти, професори за сеизмичка технологија; - дистрибутери и др. Аплицирај електронски / on-line: http://www.mchamber.mk/default.aspx?mId=95&lId=1&beId=1848&bet=8 Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

38

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 23 до 27 септември 2015 година Национален есенски саем за земјоделство и прехранбена индустрија во Унгарија

„OMЕK 2015“ ВО БУДИМПЕШТА

Стопанската комора на Македонија организира посета на саемската манифестација во соработка со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија и Унгарската национална трговска куќа. „OMЕK“ е национален саем со 77-годишна традиција. Главната цел на најголемиот земјоделски и прехранбен саем во Унгарија е да ги презентира начините на модерно, ефикасно и еколошко земјоделство и да ги информира потрошувачите за унгарските производи кои гарантираат висок квалитет и безбедност на храната. Во рамките на овој настан ќе бидат организирани квизови, интерактивни атракции, пропратени со традиционална храна, пијалаци и фолк елементи. На овој настан ќе бидат присутни водечките производители на земјоделски производи од Унгарија и од други европски земји. - Котизацијата за посета на настанот изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. - За втор посетител од иста фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми-членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Трошоците за патување и сместување за време на саемот ги сносат самите компании.

Пријавување до 14.9.2015 година (понеделник).

Сите дополнителни информации може да ги најдете на линкот: http://omek.gotohungary.com/ Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

39

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОМПЛЕКСНА ПРОДАЖБА – МАПА ДО УСПЕХОТ“ (Complex Sales ROADMAP to Success) Содржина на обуката: - Избор на тековни можности за продажба со цел учење и примена на концептите - Идентификување на „Мапата на продажба“ - Развивање на индивидуални вредности со цел клиентот да ги препознае - Препознавање на клучните играчи во рамките на организацијата и нивната улога во донесувањето на одлуката за склучување на договорот - Воспоставување комуникација и ниво на доверба - Развивање на компетативна стратегија - Развивање на акциски план за елиминирање на слабостите и поттикнување на предностите - Стекнување доверба и посветеност од клиентот - Менаџирање на времето со цел постигнување на цели на краток, среден и долг рок Предности од работилницата - Склучување на попрофитабилни договори и продажби со фокусирање на специфичните барања и вредности на клиентот - Оптимизирано користење на ресурсите со фокусирање на вистинските клиенти - Подобрен рејтинг - Попрецизни предвидувања - Пократок продажен циклус - Помалку напор при продажба - Подобра тимска продажба - Поголема лојалност на клиентите - Размислување надвор од кутијата Предавач: Љупчо Георгиев, единствен лиценциран тренер на „Густав Кезер Тренинг Интернационал” во Македонија со повеќе од 18 години искуство во продажба и менаџмент и повеќе од 10 години искуство во спроведување обуки и тренинзи. Gustav Käser Training International е компанија основана во Цирих, Швајцарија во 1963 година. Денес претставува компанија со претставништва во 33 земји, со тренинзи организирани на 25 јазици, кои ги водат повеќе од 100 тренери. Иновативниот пристап при оформувањето и начинот на испорака на обуката во континуитет се

Дводневна обука во соработка со Густав Кезер Тренинг Интернационал 24-25 септември 2015 година 14:00- 18:00 часот Стопанска комора на Македонија сала 1 на V кат.

потврдува повеќе од 50 години. Alcatel, Alitalia, Bayer, Coca Cola, Nestle, Credit Suisse, HP, Mont Blanc, Roche, Sparkasse Koblenz, Siemens, Allianz се само дел од компаниите кои ги користат овие тренинзи, а сега со истиот квалитет можат да се следат и кај нас. Учесниците на дводневната обука ќе се стекнат со меѓународно признат сертификат од Густав Кезер Тренинг Интернационал. За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

* работен материјал и Мапа на можности; * ручeк и освежување.

Пријавување до 21.09.2015 година. Работна група: 10 – 15 учесници Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

40

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средби на 25 09. 2015 година

„ЖЕНИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ” ВО БЕЛГРАД

Enterprise Europe Network Македонија, Здружението на информатичко-комуникациски технологии и Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија ви овозможуваат да воспоставите контакти со нови деловни партнери Овој брокерски настан е организиран од Enterprise Europe Network, со главен фокус на жените-претприемачи и ќе се одржи во рамките на Втората меѓународна конференција „Жените претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“, која ќе се одржи од 24-25 септември 2015. Сектори: · трговија,земјоделство и производство на храна; · информациски и комуникациски технологии; · текстил; · образование и консултантски услуги и др. Втората меѓународна конференција „Жените-претприемачи на новото време: нови можности за регионална економска преродба“ има за цел да ги промовира најдобрите практики за застапување на женското претприемништво, а воедно на жените претприемачи да им обезбеди можност за бизнис-вмрежување врз основа на методологијата на Enterprise Europe Network (ЕЕН). На Конференцијата примарни теми ќе бидат политиката на застапување и развој на бизнисот меѓу жените-претприемачи, со цел да се подобри поддршката на женитепретприемачи во регионот, како и развивање на нови деловни врски меѓу жени-сопственички на разни бизниси. Како дел од програмата на Конференцијата, овој брокерски настан и бизнис-средбите се идеален настан за да се остварат контакти и да се подготват идните бизниси. Настанот ќе им овозможи на учесниците од различни сектори да реализираат состаноци со деловни партнери, на претходно закажани состаноци, како и можност за презентација на сопствени компании. Поединечните билатерални средби ќе бидат резервирани однапред и ќе бидат претходно средени и помагани од страна на персоналот на Enterprise EuropeNetwork. Искористете ја оваа единствена можност за малите и средни претпријатија и претприемачи во ЕУ да најдете потенцијални бизнис-партнери во Југоисточна Европа! Учеството е бесплатно, а ќе има и други погодности за учесниците. Времетраењето на секој состанок е 20 минути. Можни се максимум 6 деловни средби. За да се регистрирате за деловните средби или да добиете дополнителни информации, посетете ја следната веб-страна: http://www.b2match.eu/ Регистрацијата е до 15 септември 2015 година. Селекцијата за деловните средби ќе се врши од 16-24 септември 2015 година. Билатералните средби ќе се реализираат на 25 септември 2015 година. Место на одржување: Трговска и индустриска комора на Србија, Белград, со почеток во 10:00 часот. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

41

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

БИЗНИС-СРЕДБИ НА САЕМОТ „АНУГА“ ВО КЕЛН

На 13 и 14 октомври 2015 година во СР Германија

Бизнис-средбите на „Ануга 2015“ се уникатна платформа за споделување на иновативни технологии, иницира прекугранична соработка и нови деловни партнери. Учесниците може да побараат претходно договорени состаноци еден-на-еден, според нивните интереси за соработка. На овој начин, можете да направите подобра организација на вашето време на Саемот „Ануга“. Бизнис-средбите ќе се одвиваат во уникатен амбиент во германското Сојузно министерство за храна и земјоделство. „Ануга“ не е само најголемиот саем за храна и пијалаци во светот; тоа е, исто така, секторски најважниот саем за нови пазари и целни групи. Главни теми: „Ануга“ ги поздравува претставници од сите сектори на трговијата и производството на храна и прехранбената индустрија https://www.b2match.eu/anuga2015

Како тоа функционира? 1.Регистрирајте се и објавете го вашиот профил за соработка. 2.Разгледајте ја листата на учесниците и одберете за кои компании сте заинтересирани. 3.Една недела пред настанот ќе го добиете вашиот личен распоред за бизнис-средби.

Зошто да учествувате? • Можете да ги одберете потенцијалните деловни партнери - и ќе се организираат состаноци за вас! • Можете да го изберете вашиот состанок пред да тргнете на пат

Вашиот избор се базира на прецизен профил на компанијата. • Имате поддршка пред, за време и по настанот, на пример, од помош да се формулира профилот, до информативна соработка или поддршка на вашиот состанок. Учеството на средбите е бесплатно. Влезницата за Саемот не е вклучена. Ве молиме да ја купите вашата влезница преку саемскиот веб-сајт: http:// www.anuga.com/anuga/for-visitors/Admission-ticket/index.php. Рокови: - 20 септември 2015 година - регистрација и поднесување на профили за соработка; - 5 октомври 2015 година - електронски избор на бизнис-состаноци; - 9 октомври 2015 година - финална испорака на распоредот на состаноци; - 13 и 14 октомври 2015 година - билатерални средби. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


42

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 1 и 2 октомври 2015 година во Република Австрија

„ДУНАВСКИ РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС-ФОРУМ“ ВО ВИЕНА

Главната тема на Бизнис-форумот, петти по ред, е „Формирање синџири за снабдувачи за транспорт и логистика во Дунавскиот регион“. Посетителите ќе имаат можност да се сретнат со над 500 претставници на компании, со повеќе од 50 говорници од 15 различни земји, каде ќе се организираат повеќе од 20 тркалезни маси за решавање на прашања и предизвици на повеќеполарен свет, поврзуваајќи го Дунавскиот регионот на регионално и на глобално ниво со целиот свет, од следниве области: • Формирање синџири за снабдувачи; • Транспорт и логистика; • Информирање за статусот на стратегијата на Дунавскиот регион на макро и на регионално ниво во однос на приоритетните области на „Глобална поврзување, мобилност и мултимодалност”; • ЕУ-грантови и субвенции; • Најнови информации за регионот; • Деловни средби. На Бизнис-форумот ќе имате можност да се запознаете со вашите потенцијални партнери од индустријата, транспорт, логистика, од академски и владини институции, компании и стеикхолдери преку индивидуални деловни средби. Исто така, ќе имате можност да научите како да добиете пристап до Иницијативата за инвестиции од Европската унија (Juncker Investment Initiative), како и да учествувате на повеќе од 20 тркалезни маси. Учесниците ќе имаат одлична можност да се поврзат и да споделат искуства со еминентни личности од клучните носители на одлуки во земјите од Дунавскиот регион: Германија, Австрија, Словачка, Унгарија, Србија, Романија, Хрватска, Бугарија, Молдавија, Украина, Чешка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, но исто така и од Кина, Тајланд, Виетнам, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Турција, Русија, Грција, Северна Африка, како Тунис, Мароко, Алжир, Јужна Америка. Настанот е финансиран преку go-international, иницијатива на Сојузното министерство за наука на Австрија, истражување и економија и Австриската стопанската комора. Ве молиме, Вашиот интерес за учество на овој форум да го наведете во online формата на следниов линк: http://danuberegionbusinessforum.com/ , за да одредите со кои од наведените компании-учесници на Форумот би сакале да остварите бизнис-средби. Учеството на форумот е органичено, затоа пријавете се веднаш. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

43

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

Бизнис-средба со австриски фирми - производители на прехранбени производи и интернационални трговци на големо и мало

„MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ ВО ВИЕНА

На 7 октомври 2015 година Стопанска комора на Австрија, Виена

Стопанската комора на Македонија заедно со Трговското одделение при Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија и Стопанската комора на Австрија, организираат учество на бизнис-делегација од Македонија на деловни средби со австриски фирми - производители и интернационални трговци на храна и пијалaци. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ е настан со најголема посетеност и 10-годишна традиција, на којшто присуствуваат компании од целиот свет. Настанот ќе се одржи на 7.10.2015 година (среда), во Стопанската комора на Австрија во Виена. Ве покануваме на овој настан, со цел да реализирате соработка со австриските производители и со останатите учесници на деловните средби. „MARKETPLACE AUSTRIA FOOD“ нуди ексклузивна можност за компаниите од Македонија и од светот да ја зголемат својата мрежа на контакти, да пробаат нови производи, да запознаат нови добавувачи, да разменат нови идеи и да остварат соработка со врвни компании и експерти за производство и трговија на големо и мало со храна и пијалаци од целиот свет. Учеството на 675 компании и нивото на организација на настанот можете да ги видите на краткото видео во прилог: http://youtu.be/zhnJ2PKFJMw . Сите заинтересирани за учество на овој настан треба да го пополнат Пријавниот лист и да се регистираат на следниот линк: https://www.b2match.eu/food2015 . Искористете ја оваа можност и посетете го овој настан, кој ќе се одржи неколку дена пред најголемиот саем за прехранбени продукти ANUGA (10-14 Октомври 2015) во Келн. Пријавниот лист да се достави до лицата за контакт, најдоцна до 30.6.2015 година. За компаниите кои ќе се пријават за учество на деловните средби обезбедени се: - бесплатни две ноќевања со појадок, во хотел со 4 ѕвезди; Трошоците за превозот Скопје - Виена - Скопје го сносат самите компании. Бројот на места е ограничен. Аплицирај електронски / on-line Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244040 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk

Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

Бизнис-средби на 15 и 16 октомври 2015 година во Република Турција

„MATCH4IN

Четвртото издание на „Match4Industry“ за бизнис-поврзување ќе се организира на 15 и 16 октомври 2015 година и ќе се одржи во TOSB - Индустрискиот парк за автомобилски добавувачи во Кочаели, Република Турција. „Match4Industry“ настанот ќе биде организиран од страна на ABİGEM Исток Мармара и Комората за индустрија на Кочаели, во тесна соработка со Enterprise Europe Network - Луксембург, Стопанската комора на Големото Војводство Луксембург и многу други организации за професионална поддршка на бизнисот од Европа, Турција и пошироко. „Match4Industry“ е дел од “Бизнис на лице место”, уникатен концепт на бизнис-настани кои се организираат во посебна индустриска зона. Овој концепт е предвиден од страна на организаторите со цел олеснување на успешните преговори со истакнување на предноста на инфраструктурата и деловните активности во индустриската зона. Ова обезбедува цел спектар на услуги за развој на бизнисот со додадена вредност, со цел да се задоволат потребите за глобализација на компаниите. Покрај наведените билатерални средби што ќе се организираат во индустрискиот парк, предвидени се посети на компании, што ќе им бидат понудени на учесниците како изборна програма. Ова ќе помогне за оценување на бизнис-климата во регионот и за финализирање на преговорите. На настанот ќе бидат застапени следните сектори: § автомобилска индустрија; § метална и машинска индустрија; § пластика и гума; § хемиска индустрија (автомобилски бои и лакови); § градежништво и градежни материјали; § енергија; § животна средина; § електроника; § информатички и комуникациски технологии; § женско претприемништво и др. Котизација: 80 евра по учесник.


БИЗНИС ИНФО

NDUSTRY“ ВО КОЧАЕЛИ Партиципацијата вклучува: - организирани деловни состаноци; - помош пред, за време и по настанот; - локален трансфер; - превод – од англиски на турски, од турски на англиски јазик; - ручеци, освежување и вечера за добредојде. Трошоците за сместување (2 ноќевања во хотел со 5 ѕвезди) ќе бидат финансирани од Министерството за економија на Република Турција. Краен рок за пријавување: 30 септември 2015 година.

Подетални информации можат да се добијат на вебстраната: www.een-matchmaking.com/m4i2015 Контакт: Лазо Ангелевски Тел: (02) 3244090 laze@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО

46

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

На 21 октомври 2015 година бизнис-средби во Романија

РЕГИОНАЛНИОТ САЕМ ЗА ИНОВАЦИИ ВО АРАД

Регионалниот саем за иновации што ќе се одржи на 21 октомври 2015 година, во Арад, Романија, има за цел промовирање на иновативни технологии и решенија, реализирање бизниссредби со истражувачи-професионалци, размена на искуства и можна соработка со компании од Романија и од цела Европа. https://www.b2match.eu/innomatch2015. Бизнис-средбите ќе обезбедат за да воспоставите прекугранична соработка во областа на ИКТ, автомобилската индустрија, трговијата и земјоделскиот сектор, кои ќе ви дадат лесен пристап до компании, корпорации, истражувачи и иноватори. Исто така, ќе бидете во можност да го посетите Регионалниот саем на иновации и да присуствувате на Регионалниот натпревар за награди за инвативност. Учеството е бесплатно. Фокус: • се изложуваат иновации за екосистеми на меѓународно ниво; • бизнис-средби меѓу романски и европски иноватори од областа на ИКТ, земјоделството и автомобилската индустрија ; • меѓународна соработка и вмрежување, со 30 минутни деловни средби; • промовирање на истражување и развој на понуди за компании. Билатерални средби: • дали сте во потрага по нови клиенти, партнери или пронаоѓачи за вашата компанија? • дали сте во потрага по нови потенцијални партнери за развој на бизнисот и истражувачки проекти? • или можеби само сакате да ја зајакнете својата иновативност? • деловните средби се идеална можност за нови деловни контакти. Главни теми: • Информациски и комуникациски технологии • Софтверски апликации, производи и услуги, софтверски инженеринг, интероперабилност, ИТ-безбедност, вградени системи, интернет на нештата (IoT), мобилност, консултантски услуги, аутсорсинг, услуги, ИТ-апликации за процесите на производство, енергетска ефикасност, бизнис-перформанси, транспорт и логистика; финансиски услуги, телекомуникации, трговија на мало, здравството и телемедицина, и др. • Автомобилска индустрија • Методи на производство, производи и компоненти,

• •

материјали, суровини и полуготови производи, дизајн и развој, „зелени“ возила, одржливи згради, машини и електротехника, индустриска автоматизација и софтвер, контрола и мерење, индустриска електроника, електрична мобилност и опрема, роботиката, организации и услуги. Производство и трговија со храна Иновативни решенија за подобрување на перформансите во земјоделството, генетиката и помош за размножување и поддршка (култури и добиток), раси, семиња, заштита, технологии, жетва, природни екстракти, биопроизводи, технологии за прехранбената индустрија, одржлива преработка на храна, исхраната и здравјето, прехранбени производи и гастрономија.

* На барање на компаниите, може да се договорат билатерални средби и во другите сектори, со претходна најава, најдоцна 4 недели пред настанот. Зошто да учествувате? • Да ги покажете своите најповолни проекти, производи или know-how; • да воспоставите прекугранични контакти и соработка; • да реализирате бизнис-средби со потенцијални бизниспартнери на претходно закажани состаноци; • да најдете нови комерцијални, технолошки, истражувачки партнери; • да се запознаете со играчите за нови истражувања и развој; • да добиете информации за нови истражувања и бизнистрендови; • да ги презентирате вашите нови проекти. Како тоа функционира? • Да се регистрирате и да ги објавите своите желби за соработка; • потоа, да ги видите учесниците и да ги посочите компаниите за кои сте заинтересирани и • една недела пред настанот ќе го добиете вашиот распоред за бизнис-средби. Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

47

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

„КОН ОДРЖЛИВ ТРАНСПОРТ 2015“

Конференција На 22 и 23 октомври 2015 година, во хотел „Мона“, на Златибор во Република Србија

Конференцијата ја организираат Стопанската комора на Македонија во соработка со Intico doo. и Агенцијата TransportLog од Република Србија. Oваа година се очекува присуство на повеќе од 200 учесници од регионот. Темите опфатени на овогодинешната конференција се: • Примената на информатичките системи во транспортот и логистиката; • Трендови во развојот на патниот транспорт; • Организирање на работното време на возачите; • Дистрибуција на стоки; • Релокација на транспортните и логистички процеси во бизнис-системите (аутсорсинг во дистрибуција на стоки; аутсорсинг активности за возни патркови); • Процесот на јавни набавки во транспортот и логистика; набавки и аутсорсинг; • Управување со возен парк; • Управување со трошоците во превозот; • Тркалезна маса: Решавање на постојните проблеми во транспортот, логистиката и возните паркови.

Пријавување до 13.10.2015 година .

Контакт: Сања Николова Тел: ++ 389 2 3244091 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: sanja@mchamber.mk


48

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ Од 3 до 6 ноември 2015 година Меѓународен саем за зелени технологии во Италија

„ЕКОМОНДО 2015“ ВО РИМИНИ

Стопанската комора на Македонија во соработка со „МЖ - Матјаж Жигон“, претставништво за саеми и консалтинг услуги и воедно главен претставник и организатор на „Riminifiera“ - Саемот во Римини за Словенија, Хрватска, БиХ, Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово ве покануваат на бесплатни деловни средби и посета на Саемот. „Eкомондо“ е Меѓународен саем којшто претставува репер во областа на најпознатите ефективни технолошки решенија за правилно управување и валоризација на отпад во сите негови форми, како и заштеда на вода, ефикасна употреба на ресурси и суровини и секундарни суровини, како и заштеда на енергија и ефикасност. „Екомондо“ е саем посветен на заштита на животната средина и создавање платформа која е посветена на Медитеранот и главните европски и меѓународни стратегии за еколошки иновации и конверзија на отпад во вреден ресурс. Оваа година се организираат деловни средби и посета на Саемот за ограничен број претставници на компании од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Македонија, Косово и Албанија. Целта на оваа посета е интензивирање на деловни контакти со компании кои ќе бидат во улога на изложувачи во Римини. Предвидени се средби преку организирани состаноци, кои самите компании ќе имаат можност да ги закажат со користење на интернет-платформи. Секој член на делегацијата ќе има состаноци (10 средби) на местото каде што ќе бидат изложувачите. Средбите ќе мора да се закажат пред почетокот на Саемот, во периодот од 13 - 29.10 2015 година. Со цел унапредување на работењето на македонските компании, Стопанската комора на Македонија обезбедува: - бесплатно сместување во Римини за максимум 3 ноќевања во удобен хотел со 4 * во еднокреветна соба (хотел бар и телефон – дополнително се наплаќаат); - трансфер од и до аеродром; - дневен трансфер од и до Саемот; - саемска влезница; - можност за употреба на деловните простории на Саемот; - ручек на Саемот. Ве молиме, да го пополните образецот што на англиски јазик може да го превземете од веб порталот на Стопанската комора на Mакедонија: www.mchamber.mk Овие услови се однесуваат за еден претставник од секоја компанија со можност за доплата за хотелско сместување за придружба од 30 € од вечер, во истата двокреветна соба

(податоците за придружбата внесете ги во пријавата). Ве молиме, во пријавата да ги внесете и IN и OUT датумите и да го обележите денот кој би сакале да се користи како ден за состаноците закажани преку интернет-платформата. Препорачливо е сите состаноци да ги закажете ден по пристигнувањето во Римини. Со цел добра и успешна соработка, Ве молиме, пријавувањето да се изврши што е можно побрзо, најдоцна до 20.8.2015 година, со целосно пополнување на апликацијата во прилог! * Важно: -Патните трошоци се на товар на компаниите, односно тие сами си организираат превоз. -Официјален јазик на бизнис-средбите е англиски. -Апликацијата мора целосно да биде пополнета. -Апликациите мора да бидат пополнети и доставени до организаторот најдоцна до 20.8.2015 година. -Доплата за хотелско сместување за придружба од 30 € од вечер во истата двокреветна соба. -Котизацијата за организирање на настанот према Стопанската комора на Македонија изнесува 2.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании-членки и 4.950,00 ден со вклучен ДДВ за компании нечленки на Стопанската комора на Македонија. -За втор учесник по фирма се доплаќа 1.990 денари, со вклучен ДДВ за фирми- членки и 2.990 денари со вклучен ДДВ за фирми нечленки. Сите детали во врска со Саемот, ќе им бидат доставени на учесниците по селективниот избор што ќе се изврши според строги критериуми поставени од страна на организаторот, на e-адресата што ќе ја наведат во пријавата.

Пријавување до 20.8.2015 година.

Контакт: Ивона Каранфиловска Тел: ++ 389 2 3244084 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: ivona@mchamber.mk Контакт: Ирена Мојсовска Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: irena@mchamber.mk


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

49

САЕМИ, СЕМИНАРИ, ФОРУМИ, ПРЕЗЕНТАЦИИ

,,НОВИТЕ ТЕХНОЛОГИИ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО“ ВО БЕЛГРАД

На 26 и 27 февруари 2016 година Меѓународна конференција и саем во Србија

На настанот „Новите технологии во образованието“ во 2015 година имаше повеќе од 2500 учесници кои имаа можност да слушнат повеќе од 100 говори од 50 предавачи од целиот свет. Исто така, се организираше и Саем со 40 излагачи каде се презентираа најновите технолошки решенија во образованието. Компаниите од ИКТ-секторот, издавачите, училиштата, универзитетите и другите образовни институции ја презентираа нивната компјутерска и аудиовизуелна опрема, мобилните уреди, софтвери, апликации, дигиталните учебници и другите производи што можат да придонесат за зголемување на квалитетот на образованието.

„Новите технологии во образованието 2016“ - Над 20 земји ќе пратат свои високи претставници од министерствата за образование. - Над 50 излагачи во 2016 година, и над 20 компании од Велика Британија. - Над 150 предавања и работилници. - 71% од излагачите потврдија продажни договори од настанот во 2015 година. - 79% од излагачите потврдија дека имаат воспоставено партнерства на настанот во 2015 година.

Над 4000 гости од 30 земји се очекуваат во 2016 година.

Конференцијата и саемот „Новите технологии во образованието 2016“ се отворени за компаниите од регионот кои обезбедуваат иновативно образование ИКТ-производи, услуги и решенија. Тие ќе имаат можност да ги покажат своите производи, да се создадат можности за партнерство со купувачите и со учесниците и да бидат во тек со новите случувања во областа на образованието и технологиите кои се внесуваат во образовниот систем во земјите во регионот. Во 2016 година веќе има потврда дека над 20 компании од Велика Британија ќе присуствуваат на овој настан и ќе ги презентираат нивните ИКТ-решенија и производи за образованието. Исто така, ќе присуствуваат високи претставници од министерствата за образование од: Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово, Турција, Азербејџан, Казахстан, Русија, Израел, Украина, Молдавија, Грузија, Узбекистан , Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Романија. Ова ќе биде можност за компаниите и за образовните институции за воспоставување партнерства и споделување идеи за иднината на образованието. Настанот се организира во соработка со Стопанската комора на Србија, Британската амбасада и други институции и организации.

Пријавување до 17 ноември 2015 година.

Контакт: Лазе Ангелевски Тел: ++ 389 2 3244090 Факс:++ 389 2 3244088 Контакт Центар : (02) 15015 E-адреса: laze@mchamber.mk


50

БИЗНИС ИНФО

четврток, 27 август 2015, Бр. 232

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Хрватска бара дистрибутер за пласман на заштитни средства за почвата и растенијата во Република Македонија. Валидност дo 25.8.2015 годинa. Италијанска компанија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на пнеvматски алати наменети за индустријата, шрафцигери, бургии, клофери, брусилки, алати за сечење и обележување и индустриски воздушни мотори. Валидност дo 26.8.2015 годинa. Компанија од Бугарија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на канацелариски и училишен мебел. Валидност дo 26.8.2015 годинa. Компанија од Италија бара партнери за соработка во Република Македонија за пласман на контејнери за превоз на стока, градежен отпад, како и пренос на комунален отпад. Валидност дo 26.8.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Компанија од Норвешка нуди опрема за Република Македонија за пласман на средства производство на соларна енергија за за чистење за домаќинства. македонските компании кои се во оваа област. Валидност дo 27.8.2015 годинa. Валидност дo 25.8.2015 годинa. Кинеска компанија бара дистрибутер во Компанија од Италија заинтересирана е за Република Македонија за пласман на високо сорaботка со македонски компании кои би квалитетен алат - пили за сечење и мелење кои набавувале фотоволтаични панели. се наменета за обработка на мермер, гранит, Валидност дo 25.8.2015 годинa. бетон и стакло. Валидност дo 27.8.2015 годинa. Компанија од Италија заинтересирана е за сорботка со македонски компании кои би Компанија од Шри Ланка бара дистрибутер во набавувале фотоволтаични панели. Република Македонија за пласман на гуми за Валидност дo 25.8.2015 годинa. сите превозни средства, како и земјоделски машини. Валидност дo 31.8.2015 годинa.


четврток, 27 август 2015, Бр. 232

БИЗНИС ИНФО

51

ПОНУДА - ПОБАРУВАЧКА Компанија од Турција бара дистрибутери за пласман на седишта за земјоделски трактори и други седишта за индустриски машини (вилушкари и машини за товарaње) и за возила за јавен превоз (автобуси, трамваи итн.) во Република Македонија. Валидност дo 31.8.2015 годинa. Компанија од Грција бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на фотоволтаични системи. Валидност дo 31.8.2015 годинa. Компанија од Кина бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на растителни екстракти, нутрицистички состојки, ефективни компоненти на кинески билки и сродни производи за лекови, пијалаци, здрава храна и козметика. Валидност дo 31.8.2015 годинa. Компанија од Литванија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на радијатори за централно греење.

www.mchamber.mk

Валидност дo 31.8.2015 годинa. Компанија од Германија бара дистрибутер во Република Македонија за пласман на рачен алат за градинарска работа и гумени обувки. Валидност дo 1.8.2015 годинa. Компанија од Грција бара соработка со македонски компании кои би ја користеле нивната транспортна мрежа која нуди решенија за транспорт скроени по мерка на клиентите. Транспортната мрежа нуди поморски транспорт, транспорт по внатрешни водни канали и железнички транспорт, како и логистичка помош на пристаништа. Може да врши транспорт за големи проекти со својот стручен и обучен персонал. Валидност дo 1.8.2015 годинa.

Контакт:

Мирјана Коцева Тел: (02) 3244-035 Факс: (02) 3244-088 mirjana@mchamber.mk


БИЗНИС ИНФО СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА bsi.

ISO 9001

Quality Management

FS 549642

Ваш деловен соработник во светот на бизнисот Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-of-macedonia

Главен и одговорен уредник, Саво Пејчиновски

тел: : (02) 3244036, savo@mchamber.mk Дизајн и графичка обработка Зоран Спасовски тел: : (02) 3244052, zoran@mchamber.mk Стево Серафимов тел: : (02) 3244032, stevo@mchamber.mk Стопанска комора на Македонија ул. „Димитрие Чуповски“ 13, Скопје тел: : (02) 3244000, факс: (02) 3244088


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.