Nastavna programa za vtoro oddelenie-nastavnik Dubravka Geshovska

Page 57

да го опишува со свои зборови цртежот (како го доживува) да црта мотив од народното творештво (вез, шара и сл.) да развива осетливост за присуство на бојата на предмети во природата и уметничките дела - да формира интегрална визуелна претстава за околината и за богатството на бои во природата - постепено да гради сознание дека боите наоѓаат примена во животот, тие се важен естетки елемент и причинуваат задоволство кај луѓето - да се оспособува за моделирање - да ја набљудува и истражува околината и да ги забележува ликовните карактеристики на формите - да ги открие карактеристиките на материјалите преку визуелни, тактилни и други сетила - да моделира тридимензионални форми (едноставна и сложена форма) - да осознае (елементарно ниво) дека предметите (волумените) зафаќаат простор и имаат своја тежина - постапно да го негува осетот за просторот и волуменот, преку спонтано моделирање и ликовно творење - да ја развива визуелната и тактилна перцепција и ги воочува разликите на волуменот - да се оспособува за правилно користење на средствата и помагалата за моделирање и градење - да печати самостојно и да учествува во изработка на печатите - да воочува ликовни вредности (украси, шари, бои) на предметите од секојдневната употреба - да открива дека предметите во неговото окружување имаат употреблива и практична функција и естетки се обликувани - да развива умешност за соодветно користење на боите, формите, линиите и др. за изработка на идеите (нацрти) за облека, играчки, предмети и сл. -

Музичко образование: Пеење, музика и движење, слушање музика

(9часа)- 5 седмици ( ноември,прва недела декември)

-

ученикот / ученичката да стекнува навика правилно да го држи телото при пеење да развива осет за ритам и да идентификува определен ритам да развива интерес за пеење да се поттикнува да ги усогласи своите движења со музичките карактеристики да развива осет за ритам да слуша и препознава:класична, народна и музика за деца да го препознава карактерот на музиката што ја слуша да разговара за музиката што ја слуша

5 7


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.