makedonski jazik i literatura za IV godina

Page 18

(литературниот) јазик, писателот по потреба посегнува по дијалектизми, архаизми и други нестандардни елементи за да наслика поуверливо некој лик или некоја средина. Понекогаш авторот прибегнува и кон создавање на нови зборови (неологизми), ако тие ги спазуваат нормите за зборообразување на јазикот. 5. Разговорниот стил има широка област на користење во секојдневниот живот и главно служи за комуникација. Со мали исклучоци, се користи говорената форма преку раскажување, дијалог, полилог. Во зависност од тоа кој општествен слој го користи, можеме да зборуваме за повеќе потстилови на разговорниот стил: разговорен потстил на ученици и студенти, разговорен потстил на затвореници, разговорен потстил на занаетчии и трговци т.н. Овој стил има повеќе особености како што се: економичност во изразувањето (како си?, каде?, пријатно!) при што се користат гестови и сл. за дополнување на исказот;


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.