Покрај поезија Радован Павловски е автор на повеќе книги есеи, патописи и сл.: Отклучување на патиштата (патопис, 1986), Манифест на Поетската република Железна Река (1990), Што може поезијата (есеи, 1993), Демократска џунгла (политички есеи, 1994), Порака на поетот до сите поети на светот (Струшки вечери на поезијата, 1995). Неговите песни се преведени на над 50 странски јазици во одделни книги или како избор во разни антологии на македонската, југословенската или светската поезија. Тој е добитник на многу награди и признанија (Браќа Миладиновци, 11 Октомври, Кочо Рацин, Повелба на печалбарите, Гоцева повелба, Ацо Шопов; на странските награди: Младост, Златна струна, 24. Дисова пролет, Ристо Ратковиќ, стихозбирката Зрна е прогласена за најдобра книга од Југословенската радио телевизија (ЈРТ, 1975), ракописот Пир е награден за неговите високи уметнички вредности (Хрватска, 1972).