Бил член на Друштвото на писателите на Македонија (од 1956) и извесен период негов претседател, бил член на Македонскиот ПЕН центар и на Независните писатели на Македонија. Удостоен е со повеќе признанија и литературни награди (11 Октомври, 1964 и 1968; 13 Ноември за романот Зора зад аголот, 1984; Рациново признание, 1980; Книга на годината за 1990, за расказите од Одумирање на државата). Димитар Солев зад себе остави завиден број на литературни дела. На тоа би ги придодале бројните преводи од други јазици. Дел од неговото творештво, пак, е приопштено на други јазици. Ова се насловите на неговите романи: Под усвитеност (1957), Кратката пролет на Моно Самоников (1964), Дрен (1980), Зора зад аголот (1984), Дублер (1988), Мртва трка (1998). Своите први раскази Димитар Солев ги објавува списнието Иднина (Уличен фрагмент, Прост случај, Отсега сѐ така, 1950). По неколку години излегува и првата збирка раскази. Ова се насловите на неговите книги со раскази: