teatarski_glasnik_N74-75-2010

Page 130

ISTORIJA NA TEATAROT

Плакатот во операта “Паљачи

Културно-уметничкиот живот во Штип запо­ чнал со голем интензитет во првата година по крајот на Првата светска војна, и претставува продолжение на традицијата започната уште од времето на учителите Димитар Павлов, Јосиф Ковачев, Александар Захариев а подоцна и Гоце Дел­чев и Дамјан Груев. Секоја недела предпла­ дне во ресторанот „Ослобоѓење“, меѓу Шадрванот и главниот мост на реката Отиња, се органи­ зирале предавања и како и порано , по преда­ вањата се развивала слободна дискусија околу темата, будно се следеле вестите за повоените настани во Кралството, развитокот на револу­ цијата во Русија, се поведувале и политички разговори21. Предавачи биле првите идни шти­ пски студенти кои организирале и неколку музи­ чки концерти а биле приредувани и претстави низација, го основал и раководел Музичкото училиште при штипскиот театар. 21  Во политичките разговори најчеста тема меѓу Штипјани биле Вил­с оновите 14 точки за самоопределување на народите а поради секојдневното споменување на имињата на Ленин и Троцки, шумарскиот инжинер Страхил Санев – Дурудано го добил прекарот „Ленин“ а аптекарот Васил Вошката за цел век го нарекле „Троцки“. И тој бил истакнат член на првата театарска аматерска група по Првата светска војна.

130

TEATARSKI GLASNIK   2010

на пиесите „Честитам“ од Коста Трифковиќ, потоа „Лажа и паралажа“ и „Белград некогаш и сега“ од Јован Стерија Поповиќ. Пиесите ги режирал професорот Драган Илиќ - Веп. Набргу по концертите на првите штипски студенти, културно уметничкиот живот се збогатува со основањето на „Прво штипско пеачко здружение“ под претседателство на музичкиот ентузијаст Си­ ниша Јовичиќ родум од Ваљево. Хорот бил мешовит составен од 30 члена. По четири години пеачкото друштво на Драго Комарчиќ од Зајечар и хорот на Синиша Јовичиќ го формирале пеачкото друштво „Јединство“, кое покрај сопствената концертна дејност се вклучило и во оперските изведби на штипскиот Повластен театар во1925-26година. Еден од обновувачите на културно-уметнич­ киот живот во Штип, д-р Боро Пингов-Пингата, во своите сеќавања пишува: „Од јули до август организиравме три концерта и една театарска престава. Во музичкиот дел на концертите и пиесите, летото 1919 година учествуваме сите што требаше од септември да заминеме на студии: -јас, Тодор Нетков, Димитар Караџа, Бојан Санев Цифунката, Панче Настев, Панче Аџидимитрев, Петре Влашчето, Ристо Поп Ѓорѓичка, Славко Нетков, Илија Ќурчиски и кочанчанецот Петар Поп Јорданов22, кој беше еден од најдобрите артисти на штипскиот теа­ тар“23. Преставник од нешто помладата генерација штипски студенти, д-р Глигорче Ќурчиски се сеќава: „Како ученици во вишите класови на гимназијата често приредувавме театарски престави под раководство на професорот Дра­ гослав Илиќ. Ние често изведувавме драмски дела, а во нашата аматерска група сами се при­клучуваа и талентирани младинци, занает­чии и трговски помошници, меѓу првите Митко Зај­ чето. Се сеќавам сум играл во „Лажа и паралаж­а“, во „Ѓидо“, „Покондирена тиква“ и други драмски творби. Прво ние гимназистите учествувавме во изведбата а откако се оформи штипскиот театар имаше доста голем број на дилетанти од трго­ вско-занаетчиските младинци, кои членуваа во 22 Петар Поп Јорданов подоцна истакнат адвокат, е постар брат на тра­ гично загинатиот медицинар Тодор Поп Јорданов. 23  Тодор Маневиќ, Културата и културните дејности во Штип меѓу двете светски војни, необјавен материјал.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.