Issuu on Google+

DIREKCIJA ZA KULTURA I UMETNOST - SKOPJE KULTURNO-INFORMATIVEN CENTAR NA R.BUGARIJA ВО Р.МАКЕДОНИЈА

SVE^ENO OTVORAWE NA

SKOPSKO LETO 2012 Koncert na

Gostin dirigent: Borjan Canev, Solist: Anna Kondratenko – violina (R.Makedonija) 21 juni / ~etvrtok / 21.00 ~asot / Salon na Makedonska opera i balet

Програма: Петко Стајнов Р‛ЧЕНИЦА од суитата „Тракијски танци“ Александар Лековски МАКЕДОНСКИ ТАНЦ бр.3 Александар Глазунов КОНЦЕРТ за виолина и оркестар во a-moll оп.82 Moderato Andante sostenuto Allegro солист: Анна Кондратенко - виолина Лудвиг ван Бетовен СИМФОНИЈА бр.7 во a-moll оп.92 Poco sostenuto – Vivace Allegretto Presto – Assai meno presto (trio) Allegro con brio

Софиската филхармонија е најстариот и најголемиот бугарски симфониски оркестар, кој се стекна со признание на водечка институција во музичкиот живот на земјата. Во својата 83-годишна историја, оркестарот измина долг, интензивен пат на уметнички растеж, поврзан со имињата на истакнати музички фигури, меѓу кои Саша Попов (кој го основал оркестарот во 1928 година), Константин Илиев, Добрин Петков, Васил Стефанов, Влади Симеонов, Димитар Манолов, Јордан Дафов, Емил Табаков, Јулијан Ковачев, Најден Тодоров. Високите уметнички достигнувања и кон­ церт­ната активност на Филхармонија, како во Бугарија, така и низ светот, привлекувањето на разновидна публика, како и растежот на меѓународната репутација се репрезенти на бугарската современа музичка култура во целина. Денес, Софиската филхармонија во својот состав го вклучува Националниот филхармониски оркестар, Нацио­ налниот филхармониски хор „Светослав Обретенов“, и „Софија“ квартетот, предводен од Ангел Станков. Од 2002 година, генерален директор на Националниот институт е Јавор Димитров – пијанист и композитор. Филхармонијата работи во комплексот „Бугарија“, кој освен концертната сала, вклучува и уметничка галерија и сала за филмски проекции. од сезоната 2011/2012 шеф диригент на Филхармонијата е Мартин Пентелеев, диригент на оркестарот е Љубка Бјаџони, додека диригенти на хорот се Љуба Пешева и Илија Михајлов. Во хрониките на Филхармонија се забележани креатив­ ните контакти со диригенти како Херман Абендрот, Игор Маркевич, Карло Чеки, Чарлс Брук, Хајнц Бонгартц, Карел Анцерл, Витол Ровитцки, Јанош Ференик, Генади Рож­ дественски, Јури Темирканов, Карлхајнц Штокхаузен, Сер Не­ вил Маринер, Урош Лајовиц и други. Солисти со оркес­тарот

би­ле Дмитри Шостакович, Давид Ојстрах, Свјатослав Рихтер, Емил Гилелс, Шура Черкаски, Ани Фишер, Руџеро Ричи, Андре Навара, Алексис Вајзенберг, Мстислав Ростропович, Рудолф Керер, Јоко Сато, Секеира Коста, Владимир Спиваков, Дитер Флури, Јосеф Сук и многу други светски и бугарски уметници. Репертоарот на Софиската филхармонија е составен од дела на светската музичка литература – од класични до современи опуси, вклучувајќи премиери на дела од бугар­ ски автори. Софиската филхармонија остварила бугарска пре­миера на многу дела од светската музичка ризница – Густав Малер, Антон Брукнер, Бохуслав Мартину, Кшиштоф Пендерецки, Алберт Расел, Дмитри Шостакович, Чарлс Ајвс, Нино Рота, Оливие Месијан. Заедно со Националниот филхармониски хор „Светослав Обретенов“, оркестарот ги озвучел ремек делата на Бах, Хендл, Орф, Брамс, Шуберт, Берлиоз, Скрјабин, Стравински, Менделсон, Верди и други. Софиската филхармонија се стекнала со признанија сека­­­де низ светот. Остварила турнеи во најголемите музички центри на три континенти - Европа, Азија и Америка, настапувајќи во земји како Велика Британија, Шпанија, Германија, Франција, Холандија, Белгија, Италија, Австрија, САД, Мексико, Јапонија, Јужна Кореја, Сингапур, Тајван, Сирија, Либан, Мароко, Турција, Србија, Грција, Португалија, Малта. Софиската филхармонија има реализирано повеќе ком­­пакт дискови за Balkaton, Elan, Capriccio, Delta, Mega Music, Pentagon, Gega-New, “Frequency”. Од 2005 година, Оркестарот започна успешна соработка на проекти за снимање на филмска музика со австриската компанија Image Performing Arts Promotion GmbH. Оркестарот има реализирано проекти со Бугарската национална телевизија, Бугарското национално радио, Нова ТВ и други концертни програми и музички филмови.

Анна Кондратенко е родена во Новосибирск, Русија, каде започнува да учи виолина на 4-годишна возраст. Музичкото обра­ зование го започнува во Специјалната музичка школа во класата на професорите О. Марченко и А. Гвоздаев. Продолжува да се школува на Hochschule fur Musik во Келн, во класата на Виктор Третјаков, каде дипломира во 2004 година. Уште како дете се стекнува со победи на повеќе конкурси и во 1995 година станува стипендијант на Министерството за култура на Русија. Од позначајните награди се издвојуваат: Прва награда на меѓународниот конкурс “Blue Lake” во Мичиген, САД, Втора награда на конкурсот М.Ерденко во Москва, Русија, во 1995 година, Трета награда на меѓународниот конкурс „Е.Мравински“ во Санкт Петербург, Русија, Трета награда и награда од публиката на меѓународниот конкурс “Yefrah Neaman” во Мајнц, Германија. Настапувала како солист и концертмајстор со Младинскиот симфониски оркестар на Новосибирск, со Симфонискиот оркестар на филхармонијата на Новосибирск, Интернационалниот симфониски оркестар во Мичиген, САД, Klassische Philharmonie во Бон, Германија, Junge Philharmonie Koeln, “Philharmonie des Nation” и други оркестри во Русија, Украина, Унгарија, Германија, Шпанија, Франција, Бразил, Малезија, Кина, Либан и Јапонија. Учествувала на мајсторски курсеви кај З. Брон, Д. Зигмонди и на фестивали како „Моцартеум“ во Австрија, Holzhausen Musiktagen во Германија и други. Моментално работи како концертмајстор на Македонската филхармонија, како концертмајстор на F.A.M.E. - филмскиот оркестар при Македонската радио телевизија и како професор во ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“ во Скопје. Нејзините ученици редовно се стекнуваат со награди на државните и меѓународните натпревари.

Борјан Цанев дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија, Р.Бугарија. Од 1999 година е редовен диригент на Македонската филхармонија, а во 2001 година специјализира на Кралскиот музички колеџ во Лондон, В.Британија. Посетува мајсторски курсeви и пракса кај диригентите Сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а подоцна му асистира на Сер Колин Дејвис во Моцартовата опера “Дон Џовани” во продукција на Кралската оперска школа. Добитник е на наградата “Аугуст Ман” за најдобар диригент на Кралскиот музички колеџ, а настапува и со Лондонскиот симфониски оркестар во рамките на мајсторскиот курс на Сер Колин Дејвис. Од 1999 година до денес, Цанев остварува бројни концерти со камерниот оркестар на Македонската филхармонија во Македонија и странство (Рим, Париз, Истанбул, Прага, турнеја во Полска и др.). Во меѓувреме делува и како главен диригент на камерниот оркестар “Скопски солисти”. Неговото успешно деби со Софиската филхармонија во 2004 година му носи низа концерти со најреномираниот бугарски симфониски оркестар, а од 2006 година е назначен за редовен гостин–диригент на овој оркестар. Диригира и со ансамблот на Македонската опера и балет каде ја поставува премиерата на Моцартовата опера “Волшебната флејта”. Покрај овие ансамбли, Цанев настапува и со други симфониски и камерни оркестри меѓу кои: “Симфониета”-Софија, “Симфо­ ниета” при Кралскиот музички колеџ-Лондон, ансамблот за современа музика “Алеа”, Хрватскиот камерен оркестар, Задарскиот камерен оркестар, Црногорскиот симфониски оркестар и др. Учествувал на голем број реномирани фестивали во земјава и странство, соработувајќи со реномирани солисти како Дејвид Герет, Јоханес Мозер, Готје Капусон, Иља Гринголтс, Криштоф Барати, Алексеј Огринчук, Раби Абу Калил, Моника Лесковар, Гзавие Филипс, Кристиан Фрон, Питер ЛукашГраф, Бранимир Слокар, Серџо Тиемпо, Благој Нацоски, Ана Дурловски и др. Борјан Цанев има остварено гостувања во Англија, Италија, Франција, Хрватска, Срби­ја, Бугарија, Турција, Чешка, Полска, а воедно има направено и трајни снимки за Ма­ке­донската радио телевизија, Бугарското национално радио и “F.A.M.E’S - Mace­donia”. Борјан Цанев е редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Во 2010 Сојузот на композиторите на Македонија му ја доделува наградата “Георги Божиков“ за најдобра изведба на дела од македонски автори за 2009 година.

К ЗА

УРА И УМЕТ УЛТ НО

СТ

ЈЕ

ДИ Р Е

КЦ

ОП СК

ИЈ

А

TO R

EO AT

JE OP SK

DIRE C

AR

TS

ДИРЕКЦИЈА ЗА КУЛТУРА И УМЕТНОСТ-СКОПЈЕ DIRECTORATE PF CULTURE AND ARTS-SKOPJE F CU

LTURE AND

Grad Skopje


SOFISKA FILHARMONIA