Црнобело весник бр: 2

Page 1

ЦРНОБЕЛО форумски весник издание бр.2 / септември 2014


ЦРНОБЕЛО ВЕСНИКОТ ПОВТОРНО ВО ЖИВОТ Форумскиот весник после година и пол повторно се врати во живот. Форумскиот тим со сите сили го создаде весникот и најзначајно од се е тоа што му го даде дизајнот. Дизајнот беше делот кој некогаш фалеше за весникот да биде целосен и делот кој го зароби весникот во минатото. ЦБ тимот најави дека ќе го создадат весникот, но многу членови во тоа не веруваа и мислеа дека повторно целата работа застанала. На 26 август 2014 излезе првиот број од весникот кој беше големо изненадување за Црнобелите. Членовите го прочитаа весникот и навистина беа задоволни од она што го сработивме.

Нашата цел не беше само да го создадеме весникот, туку и да ги собереме активните на едно место, да ги разбудиме заспаните и да повикаме други да станат дел од нашето маало наречено Црнобело. Среќни сме, бидејќи нашата цел ја остваривме. Среќни сме, бидејќи со објавувањето на првиот број на весникот бројот на членови и активноста на членови се повеќе и повеќе се зголемува. Затоа само за вас го создадовме новиот број од ЦБ весникот...


СО АДМИНИСТРАТОРОТ НА ,,ТИ” 1. Како дојде до идеја да се создаде форумов? - Идејата за формуот беше иницирана од големиот број коментари на содржините на CRNOBELO.com. Беше очигледно дека луѓето сакаат интеракција, па беше решено да се овозможи дополнителна интеракција со отворање на форум.

2. Дали е одговорна задача да се биде администратор на еден форум? - Секако дека да. Но, генерално моите активности се однесуваат на техничко одржување на форумот и координација на модераторите. Бидејќи немам баш време да ги следам дискусиите, се повлеков од нивно модерирање.

3. Дали доделувањето на казнени поени за вас претставува една тешка работа или еден вид забава? - Многу тешка работа. Особено затоа што сите тие казнени поени членовите сфаќаат пресериозно, а можеби и ние претеруваме понекогаш.

4. Кој член досега бил најпроблематичен? - Мислам дека секој малку поискусен член на форумот има генерална претстава кои се проблематични членови бидејќи сигурно барем еднаш имаат влезено во конфликт со нив. Нема да именувам.

5. Зошто бројот на активни членови на форумов се повеќе се намалува? - Она што ние го следиме како статистика е дека бројот на членови постојано расте. За поголема активност потребни се поквалитетни дискусии. На форумот не постојат членови кои се платени за да развиваат дискусии и го развиваат форумот, за разлика од други поразвиени (македонски) форуми. Едноставно форумот е препуштен на самите членови да го развиваат и формираат онака како што тие го доживуваат. Мислам дека тоа ќе биде клучно на долг рок.

6. Што е тоа што би го направило форумов уште поактивен, гледано од ваша страна? - Се трудиме постојано да размислуваме по ова прашање и да се обидуваме да внесуваме новитети. Последно нешто што беше воведено е Играчницата каде што членовите можат да се


натпреваруваат меѓу себе. Сепак, сметам дека клучни се поквалитетни дискусии. Од друга страна пак, се работи за форум на забавен сајт, па земајќи го тоа предвид треба да се очекува и форумот да биде забавен, а не сериозен.

7. Доколку би требале да доделите титула ,,Форумска легенда'' на три членови, кои би биле тие? - На три не, ама на еден би му ја доделил, а тоа е parvati.

8. Се надеваме дека го прочитавте Црнобело1 весникот. Каков впечаток ви остави? Што ви се допадна најмногу, а што најмалку? - Морам да признаам дека многу пријатно ме изненади весникот. Не очекував. Важна е иницијативата, упорноста и реализацијата. Особено ми се допаѓа што тоа се реализира на иницијатива на самите членови. Таква е идејата и за функционирањето на целиот форум. Имате едно огромно БРАВО! Инаку најмногу ми се допадна делот со приказната за тоа како е дојдено до весникот и интервјуата со членовите преку кои може да се открие малку повеќе за нив.

9. Каква личност е администраторот во реалноста? - Директна и искрена, исто како и на форумот. Разликата е што директноста различно се доживува во живо и на форум, па неретко на форумот се случува членовите да ја поистоветуваат со ароганција.

10. Вашата порака кон Црнобелите. - Вклучете се во дискусиите и уживајте. Игнорирајте ги оние кои ве нервираат и провоцираат, тоа е нивниот патетичен обид да привлечат внимание кон себе.


КАТЧЕ ЗА НАЈДОБРИТЕ Овој месец Црнобелите се покажаа како вистински активни членови. Создаваа теми, даваа мислење на дадена дискусија, но најважно од се е и тоа што другаруваа. Па затоа како за минатиот месец, така и за овој го избравме најдобриот член, најдоброто мислење и најдобрата тема, што воопшто не беше лесно. Како за најдобар член за овој месец ја избравме malo. Член кој најмногу допридонесе овој месец за форумот. Како најдобра тема ја избравме темата ,,Насилство во училиштата” создадена од Makedonec. Тема која ги поттикна Црнобелите да влезат во вистинска дискусија која оддамна ја немаше.

Како најдобро мислење за овој месец го избравме мислењето на malo темата ,,Насилство во училиштата”.



ИНТЕРВЈУ СО ЧЛЕНОВИТЕ Пиејќи го црнобелото кафе направивме еден фин муабет со некои од Црнобелите. Со нив помуабетивме за форумов, но и дознавме нешто повеќе за нивниот приватен живот. Па затоа тоа решивме да го споделиме со вас.

TheQueen 1. Како дозна за форумов и што те поттикна за да се регистрираш на истиот? - Една тогашна другарка пред некоја година ми го покажа сајтот. Подоцна решив да се регистрирам и на форумот. Од досада претпоставувам. 2. Во кој подфорум TheQueen поминува највеќе време и зошто? - Зависи од расположението. Понекогаш поминувам најмногу време во „Музика“, понекогаш „Мистерии“. На почетокот поминував доста време во „Психологија“, но во последни време ми станува страшна. Знам само дека омилена тема ми е „Аниме“, но не поминувам многу време во „ТВ“. 3. Зошто се одлучивте баш за овој јузернејм и аватар? -Слично корисничко име имав на една игричка. Кога се регистрирав не бев доволно креативна да смислам нешто подобро и затоа сега се викам така. Аватарот можеби ми стои за без врска, а можеби затоа што едно време сакав да правам копија на Мона Лиза. И сама не знам.


4. Дали TheQueen е иста личност како на форумов така и во приватноста? - Најверојатно. И самата TheQueen не го знае тоа. 5. Со кои членови на форумов си го имаш муабетот, а со кои кавгата? - Со никој посебно не се дружам, ниту со некого се карам. Никогаш не сум била добра за такви работи. Имам глупава навика да се делам од групата бидејќи се срамам да се дружам или нешто.Во целост, немам ништо против било кој член на форумот. 6. Дали се имаш запознаено со некои членови не само на форумов, туку и во реалноста? - Слабо. Не. 7. Случка на форумов која никогаш нема да ја заборавиш? - Кавгата помеѓу Frank и Kaarikuto(барем тогаш така се викаа) пред некое време. Од некоја причина се смеев до солзи, баш беа креативни. Ако не се лажам, за глупост се караа. 8. Колку често си активна на форумов? - Го ѕирнувам форумот речиси секој ден, но во последно време многу ретко пишувам. Треба да почнам повеќе да пишувам. 9. Ако би била бар еден ден адиминистратор на форумов што би направила? - Немам баш некоја идеја за нешто ново, па најверојатно форумот би останал каков што е. Не би се одмаздувала бидејќи верувам дека со тоа не сум ништо подобра од оној кој всушност ми згрешил. Всушност и не би сакала да бидам администратор бидејќи никогаш не би се одлучила некому да дадам казнени поени. 10. Вашата порака до останатите членови. - Не се трудете да бидете херои на доброто и да го „спасувате светот“. Ќе се претворите во злото кое сакавте да го победите. Не можете ништо да промените без да си ги извалкате рацете, а со валкани раце пак не сте ништо поразлични од „злото“ or something.


diva orhideja 1. Како дозна за форумов и што те поттикна за да се регистрираш на истиот? - Има ли шаренило помеѓу црното и белото,беше енигмата,прочитав аха има форум,ај да видам,оп се регистрирав и те ме мене.

2. Ти си една од најактивните членови. Во кој подфорум имаш отворено најголем број на теми? - Не ги броев ни партнерите а камоли да гледам подфоруми и да бројам теми! ај донт ноу 3. Со кои членови се дружиш најмногу на форумов и дали има такви со кои се имаш запознаено надвор од него? - Сите кои ме дружат јас им возвраќам со иста љубов.,а надвор од форумов не познавам никој.Посебно ќе морам да го издвојам Аристократ,кој со неговото добредојде на форумов ми се залепи на срце 4. Освен како активен член, позната си и како член напаѓач. Зошто најчесто ги напаѓаш новите членови со контра мислење, а веднаш потоа се повлекуваш? - Кога нема штимунг на форумов и малку да кренам адреналин,а после си гледам сеир,се шалам,така ми доаѓа ама после се каам. 5. Ако те постават бар на еден час за администратор што би направила најпрво? - Како сообраќаец на раскрсница,ќе исклучам семафори и ќе седнам во прв кафиќ и ке пијам еспресо,хахаха 6. Се надеваме дека го прочитавте Црнобело1 весникот. Па какви впечатоци ви остави? Што ви се допадна, а што не?


- Браво,брависимо,се ми се допадна,а нарочито големата воља што ја поседувавте и ја реализиравте.Немам забелешки ама баш за ништо,се е големо ОК. 7. Случка на форумов која никогаш нема да ја заборавиш? - Банирана за порнографија,а тоа само беше истетовиран машки репродуктивен ораган или пенис. 8. Се решивме малку и да прочепкаме во приватноста. Како стои diva orhideja на љубовно поле? - Среќно удата,удавена,мажена,како милуваш така пиши. 9. Што правите во слободно време? Кое е вашето хоби? - Возам точак и одам на зумба. 10. Како за на крај, што би им кажале на Црнобелите? - Сите сте уникатни и лоши и добри,смешни понекогаш,умни секогаш,ма супер сте сите.........само некогаш ми подзаспивате малку подолго .......Посакувам форумов да трае уште многу долго и да се множат нови членови,како на Outrider математиката,помножено по три,хахахаха Чао..


ФЕСТИВАЛ ,,БРАЌА МАНАКИ” 2014 ИФФК „Браќа Манаки“ и Вип оператор ја објавија целосната програма на 35-тото издание на Фестивалот „Браќа Манаки“, која преку осум програмски категории опфаќа исклучителни 76 филмови, од кои 20 се македонски проекти или филмски копродукции во кои учествува и Република Македонија. Најинтересни за јавноста секако долго очекуваните гала премиери на двата нови македонски филма кои за првпат ќе бидат прикажани пред широката публика и надвор од фестивалска конкуренција. Тоа се речиси тричасовниот историски спектакл на Столе Попов, До балчак, кој ќе биде прикажан на 14 септември од 20 часот, и социјалната драма Деца на сонцето, третиот игран филм на режисерот Антонио Митриќески, кој ќе биде презентиран на свеченото затворање на 19 септември во истиот термин, со што ќе продолжи традицијата најважните македонски филмови првпат да се прикажуваат во рамки на фестивалската програма во Центарот за култура во Битола. Како што беше објавено, 35-тото издание на „Браќа Манаки“ се одржа од 13 до 19 септември. Годинашниот јубилеј се одви под слоганот Кон ѕвездите. Добитник на специјалната награда „Златна камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност е Лука Бигаци, а добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“, Англичанецот Крис Менџис. Во програмата Нови визии беше прикажана иднината на светскиот филм.


МОДА И УБАВИНА Помлади или постари сите гледаат да бидат добро облечени. Можеби облеката не го гради човековиот карактер, но затоа го подобрува човековиот изглед. Убаво е тоа што човек може да носи различна облека, но лошо е тоа што честопати незнае што да облече. Па затоа предлог за модна комбинација за месец септември ни даде Змејче. Црни тесни панталони и широка црна маичка во комбинација со црна ташна и стартки.

РЕЦЕПТ НА МЕСЕЦОТ За овој месец како најдобар рецепт го избравме рецептот испратен од diva orhideja. Вкусно и за подготовка лесно јадење.

Печени тикивички Потребно за овој рецепт се јајца по потреба,брашно и зачини по желба,тиквички,се зависи за колку особи се спрема.Тиквичките се сечат на кругови,и секое кругче се потопува во разматеното јајце помешано со брашно и зачините.Тиквичките се редат во тавче обложено со хартија за печење,во круг и на крај се полеваат одозгора со матено јајце и павлака и млеко.Се печат во рерна додека не поруменат убаво.Можете да додадете сирење,кашкавал,слободно испробувајте,ако сакате може и сецкано лукче.


СПОРТ СВЕТСКО ПРВЕНСТВО ВО КОШАРКА 2014

Заврши и 17тото светско првенство кое за жал не ни понуди многу интересни натпревари. Американците се прошетаа до финалето и си ја одбранија титулата освоена пред 4 години, немаа никаква пречка бидејќи другите репрезентации се далеку позади нив, а тие што можеа некако да им се спротистават изгубија пред да добијат шанса да играат против САД. Имаше неколку натпревари кои беа решавани во последните минути, на другите го немаше тоа дури и беше досадно да се гледа. Ја немаше таа еуфорија пред секој натпревар, не се чекаше со нетрпение да почне натпреварот, како да сакаа сите што побрзо да заврши светското и да се вратат дома. А ние што гледавме зад малите екрани бевме исти, освен полуфиналните натпревари и како што реков некои други од групната фаза, сите други едвај чекавме да завршат. Шпанија како домаќин беше фаворит за првото место, собраа искусни играчи и играчи на кои ова им беше последно првенство. Без проблем ја поминаа групата, на неколку утакмици имаа мала судиска помош и тоа е нешто што не ми се допадна. Како и да е групата беше лесна но во четвртфиналето налетаа на незгодната Франција. Исто како и на европското така и сега, а и секогаш Франција била тежок противник на Шпанците. Четвртфиналето беше добар натпревар кој на крај заслужено го доби Франција. Подобрата игра и одбрана ја однесоа во полуфиналето. Шпанците остаа да се чудат како беше можно да им се случи тоа на домашен терен. Вторите фаворити за златото изгубија уште пред полуфиналето. Со тој пораз неколку постари играчи ја изгубија и последната шанса за златен медал. САД дојдени со млади играчи и без некоја супер ѕвезда, но пак без проблем го одбранија златото. Во групната фаза немаа баш никаков проблем и со убедливи победи го освоија првото место.


Додека другите репрезентации се бореа и калкулираа да ги избегнат, Американците не беа толку загрижени и ја победија секоја репрезентација со која играа. Во полуфиналето се очекуваше да се помачат против Литванија но тоа не се случи. Финалето изгледа најлесниот натпревар за Американците. Србија која направи изненадување во полуфиналето и ја победи Франција немаше шанси против САД. И повторно убедлива победа на САД за да го освојат златниот медал. Второто место го освои Србија а третото место и бронзениот медал беа за Франција. Тоа им е прв медал на светските првенства на Французите. Кога ќе се види и ќе се собере се, разочарувачко првенство. За следното да се надеваме дека ќе биде барем малце подобро од ова.

Па да видиме како Црнобелите навиваа

JaMi - Како и да е,некои не можат у игра да бидат а камо ли во финалеможат само да сонуваат. GOOO SERBIA! WE LOVE YOUUU!

existence - Ништо од марсељеза по втор пат годинава :/ И кошарка и фудбал ме оставија без химна, само ракометарите зимото победија.

Soldner - Ете доказ дека србите имаа среќа во претходните утакмици. Да играше Франција во финале верувам дека поинтересно ќе беше за гледање, или Шпанија. САД не може никој да ги победи, што сакаат нека им играат и тоа што америве дојдоа со таму некојси играчи кои се далеку од најдобри во нба. Глупо светсково испадна, неколку интересни и неизвесни утакмици ама не е тоа тоа. Олимпијада најубаво, барем вистински ѕвезди ќе гледаме а не срби и греачи на клупа во нба.


ЦРНОБЕЛА ПОЕЗИЈА Инкогнито Се трудам, навистина се трудам, да не украдам туѓа мисла, и не ветувам, како новороденче, низ плачот, да искажам нешто.

Разголена уметност Ти можеш во празна кутија од чевли Да го спакуваш духот на обична девојка И да го собере внатре Или да го ставиш во тегла И да ја чуваш за зимница Но јас не сум таа Јас сум девојка Која облекува високи потпетици Оние, петнаесетсентиметарскине Доволно тенки за да ти влезат во носот И да ти го избушат мозокот Спремна смело да гази По тебе.

Сара.13 Допри до мене квечерино мила, покажи ми го патот обвиен во ноќната месечева свила, Допри до моето тело, свиј ме во себе и гали, гали ме со својата звездена рака, растрпери ја секоја клетка во мене и продолжи така.. Така..Биди ми сојузник и сопатник во ноќва тивка, потони ме во длабок сон, нека за мене целата галаксија создаде звезден дом..

diva orhideja Несакам повеќе да те видам ќе ме сокрие ноќта од тебе успеа да се засрамам што те сакав како себе!


АВИЈАЦИЈА Можеби најреволуционерен вид транспорт кој се појавил било кога е авионскиот транспорт. Официјално од 1903 и браќата Рајт, неофицијално 1901 Густав Вајскоф го оствариле вековниот сон на човештвото да се вивне на небото, а само неполна деценија покасно во 1911 Луи Блерио го гради првиот патнички авион со затворена кабина за четири патници, Блерио-24. Релациите за кои требало недели и месеци да се поминат со бродови, денес се поминуваат за неколку часа или најмногу еден ден, незамисливи ствари пред појавата на летечките машини.

Аеродроми во тоа време обично биле рамни ливади, ретко каде имало бетонски или асфалтни писти што го лимитирало користењето на авионите при лошо време. Во таа ситуација дошло златното време на хидроавионите, гигантски машини за прекуокеански летови кои примале повеќе патници од нивните сувоземни конкуренти а можеле да слетаат во било кое пристаниште. Подоцна, како резултат на тоа што во втората светска војна се градат масовно аеродроми со асфалт и бетон, хидроавионите малку по малку исчезнуваат од линиите а местото им го препуштаат на се` поусовршените патнички линиски авиони. Од тогаш до денес, има неколку правци во кои се движи патничката авијација. Првиот е зголемување на бројот на патници, се градат се` поголеми авиони со повеќе места, Боинг 747 и денешниот Ербас А-380 се со најголем капацитет. Вториот е економичноста, се воведуваат нови турбофански мотори со помала потрошувачка, профилите на крилата и типсовите играат улога во намалениот расход на гориво. Третиот е сигурноста на летот каде се постигнати одлични резултати и денес овој вид транспорт е најсигурен на планетата, во однос на поминати километри вс. жртви. Четвртиот е брзината каде за жал нема некои поголеми промени, нивото е сеуште на гореспоменатиот Комет од пост-WW2.


ЅИД НА ФОТОГРАФИИТЕ Создавањето на слика со помош на фото апарат или телефон не е нешто непознато за Црнобелите, туку може да се каже дека тоа е нивното хоби. Хоби кое создава не само аматерски, туку и професионални дела. Како професионалци на прв поглед ни паднаа Aleksis, Photographer и Lena.

А како најдобра фотографија за овој месец ја избравме фотографијата на malo.


ФИЛМСКИ РЕЦЕНЗИИ Честопати сакаме да гледаме филм, но или незнаеме кој или пак едноставно неможеме да се одлучиме за кој. Па затоа доколку сакате предлог за добар филм, најдобро е да прашате некој од Црнобелите. Од многуте филмски рецензии за овој месец, како најдобра рецензија ја избравме рецензијата на Electra.

Devil's Knot (2013) Базирано на вистинска приказна за убиствата на три 8 годишни момчиња од рурален Западен Мемфис. Ужасно лошата и немарна полициска истрага ги става на коцка животите на уште тројца малолетници, буквално натурајќи им ги убиствата поради една и единствена причина - нивните чудни интереси и начин на живот (металци што се занимаваат со Wicca ) кои полицијата ги сврзува со сатанизам (смешно ради стереотипот, но жално што било реалност), давајќи си поткрепа за убиствата за кои се верува дека се дел од сатанистички ритуал. А, кога тие кои ги влечат конците ги затвараат вратите за било кои други докази и осомничени, се добива една голгота што завршува неславно. Несредени искази, заклучоци базирани на недогледани ленти, вадење разговори од контекст и губење на клучни материјали се само дел од хаосот приложен на суд. Додајте ги на сето тоа и револтираните, побожни мештани (rednecks), па пробајте да ја комплетирате сликата. Претходно имав читано за случајот, но не знаев дека бил толку очаен. Актерската екипа одлично си го одигра делот, но адаптацијава не ми се допадна нешто најмногу. Имаше премногу влечења кај што не треба, а беа пропуштени побитни моменти. Поради тоа добива 7.5/10


ЦРНОБЕЛА КУЈНА Ова катче од весникот е исклучително за гурмани. Ова катче не е за луѓе кои се обидуваат да ја држат линијата на своето тело. Црнобелите се одлични домаќини и домаќинки, па затоа засукаа ракавите и се фатија за работа, додека ние останатите чекавме во Црнобелата кафана. Додека они готвеа, ние се решивме да бидеме дегустатори и на тој начин да го одбереме најдоброто. Не послужија, се најадовме, покачивме некое килце и ги одбравме најдобрите за овој месец.

JaMi Полнети печурки со мортадела и зачини

Notice Парена торта со јаболки


ХУМОР Ајде да се насмееме

МиГ 21 Се сретнале двајца пријатели. -Кај си бе? Што има ново? -А бе отидов до лотарија и купив грепка, нема да поверуваш ја изгребав колата! -Стварно???? Да бе, од бандерата, кога излегував од паркингот.

Gemini

Докторот ја прашува Трпана: - Дали имате некој од вашата фамилија што има некоја душевна болест? - Имам, маж ми, се замислува дека е главен дома.

Rosana Што прават невестата и зетот вечерта после свадбата? -Ги бројат парите кои ги добиле.

street_chic Трпе се буди во 4 часот наутро. - Трпано ја ќе одам по риба! Се спремил и излегол. Седнал во Југото и не можел да го запали. Се мачел едно пола саат и ништо. Полека влегол дома, и на прсти се пикнал во креветот. - Ладно е надвор? – Прашува Трпана. - Грч е! - А волон мој, по риба отиде.


ЗА ЦБ ВЕСНИКОТ СЕ ПОГРИЖИЈА

Makedonec JaMi Soldner Outrider

Издание бр.2 / септември 2014 За можни печатни грешки тимот на ЦБ весникот однапред се извинува


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.