150 infomacef

Page 1

Број 150

ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ НА МАКЕДОНИЈА

Септември 2015

МАЦЕФ промовира енергетска ефикасност и почиста животна средина Во овој број:  Од уредникот  Активности на МАЦЕФ  МАЦЕФ истражува за Вас  Новости од Македонија и светот  Занимливости  Корисни web-адреси  Манифестации

OД УРЕДНИКОТ

Почитувани колешки и колеги, членови и симпатизери на МАЦЕФ! Септември е “тежок месец“, завршија годишни одмори, нема веќе акумулирање на енергија покрај езера, мориња или планини, туку извршување на редовните обврски, најмладите тргнуваат во училиште (а тоа е и трошок), подготовка на зимница, огрев.... Тежок месец е и заради “забавата“ која ни’ ја овозможуваат четирите политички партии. Во Рамките на МАЦЕФ, во согласност со работниот план се реализираат превземените задачи. Учесниците во меѓународните проектни тимови остварија работни состаноци во Сантандре и Барцелона (Шпанија). Се реализираат обврските со ГГФ проектот. После изработката на Програмот и Акциониот план за енргетска ефикасност на општината Гази Баба, МАЦЕФ ја доби задачата да приготви такви Програми и за општините Ѓорче Петров и Велес. Притоа ќе се оствари енергетска контрола на објектите, проследена со термовизиски снимки. Во претходниот број го поставивме прашањето за дискусија: Дали мора да се приготвуваат проекти за енергетска ефикасност? Во согласност со звaничното мислење на Министерството за транспорт и врски и Агенцијата за енергетика, одговорот е едногласен: НЕ ПОСТОИ ЗАКОНСКА ОБВРСКА ДА СЕ ПРИГОТВУВААТ ПРОЕКТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ, за да се добие дозвола за градба. Помалку трошоци за инвеститорите! Во меѓувреме со елегантна прослава се означи почетокот на работа на хотелот ИБИС, а завршните работи на хотелот Мериот се одвиваат со забрзано темпо. Вашето внимание сакаме да го насочиме кон: Редовни активности на меѓународните проекти multEE, REACH, Streetlight EPC и RePublic_ZEB. Подготовка на неделата на енергетика во соработка со Фондацијата Конрад Аденауер. Прашање за ДИСКУСИЈА: Дали за изработка на

елаборатите кои треба да бидат дел од Основниот проект за да се добие дозвола за градба треба изготвувачот да има Овластување и дали тој елаборат мора да биде ревидиран!

Очекуваме да ги добиеме вашите ставови, а дискусијата ќе ја држиме отворена! Особено би ги ценеле ставовите на засегнатите институции, особено на Министерството за транспорт и врски. Студијата за можно когенеративно производство на енергија за група објекти, финансисрано од страна на Министерството за здравство, е завршена и предадена. Очекуваме Ваше јавување и дискусија! Поздрав до следниот број Проф. д-р Константин Димитров

ЗА МАЦЕФ МАЦЕФ е доброволно научно здружение, коешто нуди услуги и стручни знаења од областа на енергетиката и заштита на животната средина во Република Македонија и пошироко. МАЦЕФ е член на: - меѓународната мрежа за енергетска ефикасност RENEUER (Regional Network on Efficient Use of Resources) - мрежата managenergy формирана од страна на European commission DG Energy and Transportwww.managenergy.net - Асоцијацита на Консултантски организации - на РЕЕЕП, Motor Challenge Programme и официјален партнер на Sustainable Energy Europe - член на Деловниот совет на Универзитет Американ Колеџ Скопје

Активности на МАЦЕФ

Проект Streetlight-EPC работен состанок во Шпанија Во периодот од 9 до 10 септември во Сантандер, Шпанија се одржа третиот работен состанок. Целта на состанокот беше да се направи увид во динамиката на спроведување на проектот во сите 9 држави. Состанокот беше поделен во неколку сесии, во првата сесија проектните партнери ги презентираа постигнатите резултати во изминатава година и пол од спроведување на проектот. Во втората сесија детално беа разработени сите извештаи кои се потребни за првиот извештај. Во последната трета сесија беа дефинирани активностите и резултатите кои треба да се спроведат во следниот период. Во оваа сесија акцентот беше ставен на работните пакети 5 и 6, во кои е предвидено проектните партнери во своите држави поттребно е да поттикнат реализација на проект за реконструкција на улично осветлување помеѓу општина и приватна компанија. За успешно спроведување на двата работни пакети ќе бидат организирани два настаниработни состаноци, на кои ќе бидат поканети претставници од општините - сектор улично осветлување и приватни компании кои нудат услуги и производи за обнова на уличното осветлување. Проектните партнери МАЦЕФ и Град Скопје веќе работат на подготовките за одржување на првиот работен состанок, кој ќе се одржи во втората половина од месец ноември. (ДТ) Повеќе... Проект REACH Во месец септември беше завршен првиот извештај за активностите на проектот REACH кој што ја прикажува динамиката на остварување на активностите и финансиските трошоци во однос на истите активности. Исто така, беа извршени подготовките за претстојниот состанок на партнерите на проектот кој ќе се одржи во почетокот на октомври во Загреб, Р. Хрватска. Најголемиот дел на планираните активности и соодветно добиените резултати за предметниот период се веќе завршени при што остануваат да се дозавршат активностите кои реално бараат повеќе време и човечки ресурси. Во следниот период е планирано снимање на промотивни материјали (краток видео запис) којшто ќе ги опфати целите на проектот, додека во следниот период од половина година ќе се реализира и снимање на подолг видео запис за посетите на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, Тел. 02 3090 178 Факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mkСледете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 150

Страница 2

енергетски сиромашните домаќинства во кој ќе се прикажат искуствата со проектот од неколку агли. (ЖИ) Повеќе... Свеченост за почетокот на работата на хотелот ИБИС Учеството на МАЦЕФ преку надзор на делот машински инсталации и противпожарна заштита е само дел од ангажманот. Г-дин Г. Капац беше консултант на инвеститорот за време на целата изградба.

Работен состанок на проектот РеПублик_ЗЕБ во Барселона, Шпанија Главната цел на проектот е да дефинира исплатливо оптимизирани „пакети на мерки“ базирани на ефикасни технологии со гарантиран квалитет за обнова на јавните објекти кон nZEB кои се стандардизирани и усвоени од градежниот сектор и сопствениците на објекти. МАЦЕФ е локален спроведувач на овој проект во Македонија. Останатите партнери се универзитетите во Торино, Будимпешта и Букурешт, КРЕС од Грција, Енергетски Институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска, БСЕРЦ од Бугарија, ИРЕЦ од Шпанија, ЛНЕГ од Португалија, БРЕ од Велика Британија, ЦТИ од Италија, ЗРМК од Словенија. На работниот состанок во Барселона, најмногу време беше посветено на работниот пакет 4: Анализа на трошоци/добивки од „пакетите на мерки“ за реновирање до nZEB и работниот пакет 5: Стратегии и насоки кон nZEB. Во рамки на работниот пакет 4, беше избрана софтверска алатка за пресметка на оптимални пакети на мерки во поглед на енергетски и економски показатели. Софтверската алатка ќе биде прилагодена според условите во секоја држава и потоа со нејзина помош, ќе се пресметаат по две референтни згради кај секој партнер. Како дел од работниот пакет 5, ќе се организираат по три настани во секоја држава. Во Македонија, ќе се одржи работилница посветена на реконструкција на јавни згради кон нЗЕБ, отворен ден и состанок помеѓу градежните компании и сопствениците на згради. (СП) Повеќе Активна работа на МултЕЕ проектот multEE проектот е финансиран од Европската комисија како дел од Хоризонт2020 програмата. Партнери на проектот, покрај Центарот за енергетска ефикасност на Македонија се и Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH (Германија), Универзитетот од Роскилде (Данска), Еколошки Институт (Германија), Агенција за енергетика на Австрија (Австрија), Енергетски институт Хрвоје Пожар (Хрватска), Институт за физичка енергетика (Латвија), Енергетски институт на Литванија (Литванија), Центар за обновливи извори на енергија и заштеди – КРЕС (Грција) и Агенција за енергетика и иновации на Словачка (Словачка). Изминатиот период беа анализирани постоечките методологии за пресметка на заштеди од мерки во енергетската ефикасност во сите земји во Европа. Исто така, направени беа неколку

анкети со цел да се анализираат постоечките системи за следење и верификација, како и нивната моментална примена во земјите во Европа. МАЦЕФ има задача да ги анализира одговорите за три држави, меѓу кои и Македонија.(СП) GGF – Green for Growth Fund! Зелените ЕКО и ЕКО плус кредитите на Халкбанк Во месец септември беа изработени неколку енергетски извештаи во рамки на ГГФ проектот и сите извештаи беа одобрени од страна на ХАЛКБАНК. Мерките кои беа предвидени во извештаите спаѓаат во нестандардните мерки. Дополнително во септември беше изработен првиот квартален извештај за спроведувањето на проектот. МАЦЕФ по втор пат е избрано како техничка поддршка за ЕКО кредитите кои ги нуди ХАЛКБАНК, а се овозможени од кредитната линија GGF - Green for Growth Fund ili ГГФ - Зелено за развој!ЕКО кредитите се наменети за физички и за правни лица за финансирање проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, намалување на емисијата на јаглерод двооксид, подобрување на животните услови преку промена на топлинската изолација, врати и прозоци, нови системи за греење итн. Придобивките од овие кредити се следни: Намалување на ризикот на инвестицијата преку проверка на валидноста на проектот (енергетска ревизија); Намалување на потрошувачката на енергија резултирајќи во намалени трошоци за енергија и зголемена профитабилност; Модернизација на технологијата и опремата резултирајќи во поголем капацитет за производство и подобрен квалитет на производот; Подобрена вредност и имиџ на компанијата поради придонесите кон намалувањето на емисиите на СО2 и кон Стратегијата на Македонија за Енергетски Развој до 2030 година; Достапна техничка поддршка за енергетска ревизија и дизајнирањето на концептот врз основа на големината и сложеноста на проектите. За повеќе информации обратете се во Центарот за енергетска ефикасност на Македонија-МАЦЕФ на телефонот 3090 178 или eлектронската пошта d.dimovska@momee.org.mk. (ДТ) Работилница на тема Подготовка на акциски планови за адаптација на климатските промени на 08.10.2015

На 08.10.2015 ќе се одржи работилница на тема Подготовка на акциски планови за адаптација на климатските промени. Овој акциски план е продолжение на СЕАП, преку кој општината изработува мерки за адаптација на климатските промени, како надополнување на мерките за намалување на климатските промени дефинирани во СЕАП-от. Настанот е наменет за општините во Република Македонија. На настанот ќе присуствува заменик градоначалникот на Град Дарувар од Хрватска, а обучувач на настанот е Виктор Гулаш, Будимпешта, Унгарија. Градот Дарувар е еден од првите потписници на иницијативата Градоначалниците Адаптираат (Mayors Adapt) на Европската Унија Настанот е во организација на фондацијата Конрад Аденауер и Здружението Центар за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ. За повеќе информации, обратете се на s.panevski@momee.org.mk. Енергетска контрола на нов објект на Специјална болница „Филип 2“ За потребите на определувањето на потенцијалната потрошувачка на енегија на новоизградениот објект на специјалната болница „Филип 2“ во месец септември, тим на МАЦЕФ направи преглед на проектната документација и пристапи кон пресметки за определување на потрошувачката на енергија којашто овој објект би требало да го троши за време на својата работа. Анализирани се топлинските загуби на објектот од аспект на трансмисиони загуби и загуби од вентилација на просторот, капацитетите на клима коморите кои се вградени на објектот,

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 150

Страница 3

потребите на санитарна топла вода и енергијата потребна за задоволување на истите, како и потребите за ладење. Енергетската контрола на овој објект ќе биде меѓу првите контроли кои обработуваат тип на објект - болница со повеќе системи на производство на топлина и ладење. (ЖИ) „Физибилити студија за изградба на когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа“ Здружението МАЦЕФ успеа да ја изработи „Физибилити студија за изградба на когенеративна постројка за производство на електрична енергија, топлинска енергија за греење и техничка пареа ЈЗУ ГОБ 8-ми Септември, Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје со сите придружни спортски содржини во комплексот, Здравствен дом – Поликлиника Букурешт, ПЕТ Центар и други објект“-финансиран од Министерството за здравство на Република Македонија. (ДТ) ИЗРАБОТУВАМЕ ЕНЕРГЕТСКИ КОНТРОЛИ Издаваме СЕРТИФИКАТИ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ Издаваме Изјави/Потврдиза исполнување на барања за минимални енергетски карактеристики, потребни за вадење градежна дозвола. Приготвуваме ИЗЈАВИ/ПОТВРДИ за станови кои треба да се понудат на пазар за продажба или изнајмување. Изработуваме и помагаме при подготовка на Програми и Акциони планови за енергетска ефикасност наопштините усогласени со обврската која произлегува од Законот за енергетика.

ТЕРМОВИЗИЈА - СНИМАЊЕ СО ТЕРМАЛНА КАМЕРА

Снимање на објекти на терен, анализа и извештај. Информации на тел.: 02 3090 178 или macef@macef.org.mk

МОМЕЕ - Македонска oпштинска мрежа за енергетска ефикасност Сегашни членови на МОМЕЕ се општините: Сарај, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Валандово, Чаир, Кочани, Ресен, Берово, Аеродром, Гевгелија, Штип, Чашка, Прилеп, Богданци,Кичево и Демир Капија.

Годишна членарина: 24 000 денари

ЗАЧЛЕНЕТЕ СЕ - ЗДРУЖЕНИ СМЕ ПОСИЛНИ! Повластена цена за изработка на Програм и Акционен план за ЕЕ. За членовите – бесплатни совети и помош !

МАЦЕФ ИСТРАЖУВА за ВАС  Прирачник за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергијаелектранина биогас Повеќе...  Прирачник за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергијаелектрани на биомаса Повеќе...  Прирачник за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергијафотонапонски електраниПовеќе...  Прирачник за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергијахидроелектраниПовеќе...  Прирачник за постапките за развој и изградба на електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергијаветерни електраниПовеќе...

Новости од Македонија

Незири-Коблер: Интерес за продлабочување на македонско-австриската соработка Министерот за економија Беким Незири на 28.09.2015 година оствари средба со новоименуваниот амбасадор на Австрија,

Ренате Коблер. Во фокусот на разговорот беа новите проекти во кои Република Македонија ќе земе активно учество и интензивирањето на соработката меѓу двете земји. Енергетската ефикасност е полето во кој е изразен заеднички интерес за реализација на проекти, поради што е неопходно интензивирање на разговорите на експертско ниво, со цел комплетна подготвеност од наша страна за вклучување во регионалните проекти од оваа енергетска област. Вториот сегмент околу кој беше разговарано на средбата е можноста за подобрување на трговската и, воопшто, економ-ската соработка, врз основа на трендовите на билатерална размена меѓу двете земји годинава. Министерството за еконо-мија изрази подготвеност за одржување на Втора седница на Мешовитиот комитет по Спогодбата помеѓу македонската и австриската Влада за економска, земјоделска, индустриска, техничка и технолошка соработка, за што е упатен и официјален допис до австриската страна. Имено, согласно Спогодбата, двете земји изразиле интерес за соработка и развој во областите: енергија, железница, воздухопловство, телекомуникации, водостопанство, отпад и рециклирање, поради што министерот Незири пред Амбасадорката Коблер ја реафирмираше македонската позиција за потреба од одржување на седницата до крајот на оваа година. (СП) Повеќе Министерството за економија: Земјите од западен Балкан поблиску до ЕУ, преку регионални инфраструктурни енергетски проектни Министерот за економија Беким Незири учествуваше на Тркалезната маса на министерите за економија, на тема „Економски просперитет и инфраструктурно поврзување“, во рамки на дводневната конференција за западен Балкан, под покровителство на Сојузниот вицеканцелар и министер за наука, истражување и економија на Република Австрија, Рајнхолд Митерленер. На сесијата, која е продолжение на Берлинскиот процес кој минатата година го иницираше германската канцеларка Ангела Меркел, беше дискутирано за две главни теми: економски просперитет и поврзаност и стручно усовршување и подобрување на човечкиот капитал. Министерот Незири ги претстави најактуелните енергетски проекти, кои ќе овозможат безбедно и квалитетно снабдување на потрошувачите со сите видови на енергија, како и активностите за интерконективно поврзување на Република Македонија со електроенергетските системи на соседните држави, со цел формирање на функционален регионален пазар на електрична енергија, кој ќе се интегрира во Европскиот пазар, што претставува една од приоритетните цели на нашата земја како потписничка на Договорот за основање на Енергетската заедница. (СП) Повеќе

Новости од светот Островот Вис ќе ја добие најголемата соларна електрана во Хрватска Компанијата „Кончар-обновливи извори на енергија“ наскоро треба да започне со изградба на најголемата соларна електрана во Хрватска. Соларната електрана е предвидено да се гради на островот Вис во Хрватска, електраната ќе биде со моќност од два мегавати, а за изградба на електраната ќе бидат потребни три милиони евра. Во моментов се привршува со подготовка на

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


ИНФОМАЦЕФ 150

документацијата почетокот на спроведувањето финансирање...),

Страница 4

за добивање на одобрение за градба, а изградбата може да се одреди после на останатите услови (градежна дозвола, изјавува претставникот од дирекцијата на компанијата „Кончаробновливи извори на енергија“.Проектот се заснова на домашна опрема и знаење, а произведената енергија ќе се доставува на електроенергетската мрежа. (БК) Повеќе...

Занимливости Со транспарентен слој ќе се врши за ладење на соларните ќелии Тројца инженери на Стенфорд развија технологија којашто ги подобрува перформансите на соларните панели. Нивниот изум се сведува наодведување на топлината која сесоздававо соларната ќелија под дејство на сончевата светлина,заради тоа соларната ќелија се лади и се овозможува поголем дел на фотоните да се претворатво електрична енергија. Трудот од г-дин Шанхуи Фан којшто е професор по електрично инженерство на Универзитетот Станфорд, помошник истражувач Асват П.Раман и кандидатот за докторат Линксиао Жу е опишан во тековниот број на Зборникот на Националната академија на науките. Групата истражувачи своите тестирања ги спроведувала на покривот на објектот од Универзитетот Стенфорд и дошла до сознанието: Како стануваат пожешки сончевите ќелии, така стануваат помалку ефикасни во претворањето на фотоните на светлина во корисна електрична енергија. Решението на истражувачкиот тим од Стенфорд се состои од поставување на на тенок слој од силиконски материјал врз традиционалните соларни ќелии. Материјалот е транспарентен кон видливата светлина, но ја “заробува“ и емитира термалната радијација, или топлина, од инфрацрвените зраци. „Сончевите панели мора да се насочени кон сонцето за да функционираат, и покрај тоашто топлината ја намалува нивната ефикасност“ изјави Фан. „Нашиот топлински слој ја пропушта сончевата светлина, такашто ја зачувува и подобрува апсорпцијата на светлината, а истовремено ја лади ќелијата со зрачење на топлината кон надвор и подобрување на ефикасноста на соларните ќелии“. (БК) Повеќе... Проект за најголемата батерија во Европа за складирање на енергија се отвора во Фелдхеим, Германија Германскиот призводител на ветерни турбини Enercon и развивачот Energiequelle отворија енергетска централа со капацитет од 10 MW/10 MWh. Централата за складирање на енергија е сместена во Фелдхеим во Бранденбург, во северноисточна Германија. Централата е изградена со цел да се стабилизира енергетската мрежа на системскиот оператор. Со вкупна моќност од 10 MW и капацитет од 10,8 MWh, енергетската централа за складирање на енергија претставува најголема од ваков вид во Европа.Во срцето на централата се поставени 3360 литиум јонски модули за складирање на електрична енергија произведени од LG Chem кои се со седиште надвор од Јужна Кореја. Главната цел на енергетската централа е да се овозможи енергетско балансирање на локалната преносна мрежа. Енергетското балансирање е она што е потребно кога треба да се избалансираат привремените варијации на френквенцијата од енергетската мрежа. Енергетската централа кога има потреба во истовреме може да го прифати вишокот на електрична енергија

со нејзино складирање, и да врши снабдување со електрична енергија за да се стабилизира енергетската мрежа. Контролните системи развиени од Enercon и овозможуваат на централата да ги спроведува овие критични прилагодувања во кус временски период, со соодветно одговарање на условите на енергетската мрежа во време од неколку секунди. Проектната инвестиција се предвидува дека изнесува 12,8 милиони евра. Притоа значаен дел од ова финансирање, поточно 5 милиони евра се средства од заедничкиот грант помеѓу Бранденбург и Европскиот Фонд за Регионален Развој. „Соодветните системи за складирање на енергијата се неопходни за зачувување на идните енергетски системи коишто се засновани на ветерна енергија.“ изјавува гдин Михаел Рашеман, којшто е управниот директор на компанијата Енерџисел (Energiequelle). Г-динот Албрехт Гербер, Министер за економија и енергетика на областа Бранденбург, го нагласи значењетона централатаза енергетските системи за складирање на енергијата во процесот на транзиција кон обновливите извори на енергија: „Од денес па натаму се пишува новото поглавје во историјата на складирање на енергијата. Овој батериски систем не само што е најголем од овој вид во Германија, тој исто така претставува голем исчекор во системското интегрирање на обновливите извори на енергија.“ (БК) Повеќе...

Корисни интернет адреси www.energyweek.mk www.reachenergy.eu www.managenergy.net/kidscorner www.eubuild.com www.erc.org.mk www.sustenergy.org/www.ase.org/ www.worldbank.org www.motorchallenge.org/www.rec.org www.energy.eu www.republiczeb.org www.display-campaign.org/ www.energie-cites.org/ www.reeep.org www.kids.evn.com.mk www.europesustainableenergy.comwww.rexus.com.mkwww.ri.com.mk www.rehau.com.mk

Манифестации

Меѓународна конференција за енергетската наука и инженерингот 2015 15ти до 16ти декември 2015 Амстердам, Холандија Крајната цел на конференцијата е да обезбеди платформа за дискусии помеѓу истражувачите, академиците, инженерите како и индустриските професионалци ширум светот, со цел да ги претстават своите истражувачки резултати и активности кои се во тек во областа на енергетската наука и инженерингот. Оваа конференција им дава можност на делегатите за размена на нови идеи и применливи искуства лице влице, да се воспостават бизнис или истражувачки односи како и да се пронајдат глобални партнери за идна соработка. (БК) Повеќе... Меѓународна конференција за енергетски системи Истанбул 2015 23ти до 25ти декември 2015 Истанбул, Турција Сите прифатени трудови ќе бидат објавени за време на конференцијата. Тие исто така ќе бидат земени во предвид за објавување во специјалното издание на Весникот за термодинамички инженеринг. Само избраните трудови ќе бидат објавени во весникот според нивното разгледување. (БК)Повеќе... Меѓународна конференција за одржлив технолошки развој и науки во Париз 1ви до 3ти декември 2015 Париз, Франција На настанот ќе учествуваат професори, предавачи, студенти и практичари на презентацијата на новата истражувачка дискусија и да споделат идеи за понатамошен развој на нашето истражување. (БК) Повеќе... Редакција: Центар за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ Главен уредник: проф. д-р К. Димитров; заменик:Д. Трпкоска. Соработници: Ј. Д.Капац, Б.Калиманов, С. Паневски, Ж. Илиевски.

Имате желба за соработка? Ве молиме контактирајте нé на: МАЦЕФ – ул. Н. Парапунов 3а/52, 1000 Скопје, тел. 02 3090 178 и факс 02 3090 179, e-mail: macef@macef.org.mk www.macef.org.mk ;Следете нé и наMACEF Facebook


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.