ГЛОБАЛНА ЗАШТИТА НА ЗЕМЈАТА

Page 23

до изумирање на неверојатно голем број растителни и животински видови кои на планетата живееле пред и по појавата на човекот, а истовремено луѓето толку се намножиле што сериозно се поставува прашањето на опстанокот на човековата цивилизација. Сосем е јасно дека планетата Земја нема неограничени количества рудни лежишта, резерви на нафта и природен гас, вода за пиење, ниту пак просторни капацитети за одржување и хранење на брзорастечката човечка популација. За многу кусо време човекот успеа да го доведе светот на работ на самоуништување. За среќа, во поново време овие научни факти како сите да започнаа сериозно да ги прифаќаат и да преземаат некакви мерки за исправање на направените грешки и успорување на процесот на уништување на планетата. Денес во голем број земји, вклучително и во Република Македонија, се прават напори за воведување на таканаречен степен на одржлив развој. Овој термин во суштина значи државата да обезбеди таква брзина на развој и искористување на природните ресурси на својата територија која ќе биде помала од брзината со која планета Земја може да ги обновува. Сите овие активности мораат да бидат координирани и во светски рамки, затоа што проблемот е глобален. Живеењето во согласност со можностите на природата подразбира и поинаков однос на секој поединец. Според мислењето на некои експерти веќе денес човековата цивилизација ги има надминато потенцијалите на Земјата за 20%. Тоа значи ако сакаме подеднакво да се обезбедат сите реални и измислени потреби на луѓето треба да имаме на располагање планета за 20% поголема од Земјата. Едноставно речено, ако секој човек на Земјата сака да има автомобил, телевизор во секоја соба,

годишна промена на мобилниот телефон или пак сака да го прелета половина свет за неколкудневен одмор, тогаш навистина претстојат големи проблеми . Во продолжение ќе бидат наведени сегашните состојби како и мерките кои се преземаат за подобрување на квалитетот на животот на планетата Земја, но и во Република Македонија.

Уништување на земјиштето и шумите Земањето храна е секојдневна потреба на луѓето. Околу 7 000 видови растенија (2,6% од сите видови растенија) во светот се користат за исхрана, а 95% од луѓето во исхраната користат месо. Производството на храна не е рамномерно распоредено на земјината површина. Во некои држави има

производство на храна кое ги надминува потребите на населението, а во други, и тоа поголем број држави има недостаток на храна. Така на пример, секој ден 840 милиони луѓе не земаат доволно храна, а нивниот број од ден во ден се зголемува. Според проценките на експертите ако бројот на жителите на планетата продолжи да се

23


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.