Sovremena dijagnostika i tretman na pacienti so mozocen udar

Page 13

Табела 3. Ургентни дијагностички тестови кај акутен мозочен удар

1. CT 2. ECG и граден X-ray 3. Клинича хемија • Комплетно броење на крвта и тромбоцитите, протромбиско време, INR, PTT • Серумски еритроцити, крвна глукоза • CRP, седиментација • Гасна анализа на артериска крв, ако има сомнеж за хипооксија • Хепатична и ренална хемиска анализа 4. пулсна оксиметрија 5. лумбарна пунктура (само ако CT е негативно, CT и субарахноидна хеморагија е клинички суспектна) 6. дуплекс и транскраниален ултразвук 7. EEG 8. MRI и MRA/CTA 9. Дифузиона MR и перфузиона MR 10. ECG (TEE и TTE)

Менаџирање на квалитет и контрола на процесот за квалитет Табела 4. Препораки за контрола на квалитет на временската рамка за третман на акутен мозочен удар

Временски интервал

Временска цел

Пристап до невролошки експерт

15 мин.

Пристап до КТ снимање – комплетирање

25 мин.

Пристап до КТ снимање – интерпретација

45 мин.

Пристап до третман

60 мин.

Прием до мониторен кревет

3 ч.

Од прием до доктор

10 мин.

Рехабилитација 40% од пациентите со мозочен удар имаат потреба од активни рехабилитациски услуги. Рехабилитацијата на жртвите од мозочен удар треба да започне што е можно побрзо откако пациентите се клинички стабилни. Интензитетот на рехабилитациската програма зависи од статусот на пациентот и нивото на инвалидитет. Штом пациентот е стабилен, тој треба внимателно да биде проценет за нивото на инвалидитет. Степенот и дистрибуцијата на моторната слабост, придружните сензорни и проприосептивните дефицити треба внимателно да бидат забележани. Процената треба да вклучува евалуација на интелектуалното оштетување, особено на специфичните когнитивни дефицити како што се афазија, агносија, растројства на меморијата и вниманието и широк спектар на емоционална нестабилност и мотивациски нарушувања. Кога пациентот е префрлен во рехабилитациска болница, од огромно значење е сите членови на тимот за мозочен удар да ги предадат сите документи од прогресот на пациентот на тимот за мозочен удар во рехабилитациската болница. По институционалната


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.