Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 87

дрвјата и книгите живеат заедно

СВП 50 - ГОДИНИ 172

КАЛИШТАНСКИ ОСАМЕНКИ 1. Не оди, татко, в зори на месечевото поило. Не носи тешка секира. Не оди татко в зори, Тенка сенка. Братот влезе во јаворот. Нема ниедно дрво. Висок е сонот во тебе. Тие ќе дојдат во страв. Не треба да се потпалува Борината. Нивниот пат е кон нашиот дом. 13. Моите пријатели отидоа во своите големи градови. Полни се нивните соби. Нивните деца се весели. Јас очекувам писма од нив. Јас чекам вести за нив. Дали некој се удавил? Дали некој се оженил? Тие ќе ми јават. Ќе пиеме вино на брегот. Ќе ги пееме песните од младоста. Ќе псуеме. Тие сите отишле а само јас ги изговарам Овие кршливи реченици Седете покрај мене. Водата е вода. Ќе ги намокриме нозете. Нема да кажуваме песни. Перо Зубац, Србија

173 СВП 50 - ГОДИНИ

Во Калишта се наоѓаат и прештерските цркви Свети Атанасиј и Свети Петар,

кои потекнуваат од 14 и од 16 век. Во селото Радожда се наоѓа пештерската црква Свети Архангел Михаил од 12 век, а во селото Вишни црквата Свети Спас од 14 век. Што ќе рече поетот – сè е поезија, сè e идеално за поезија, што секако беше пресудно овој македонски град да се престори во колосално поетско градилиште, еве веќе половна столетие. Старата струшка чаршија и струшкиот пазар се ретка етнолошка излож­ ба, со посебно доживување. Тука дише традицијата, а животот носи некое спокојство од дамнешните времиња. Тука Стих по стих течат водите од картите. Еден мост, еден венец, светла, пријатели, милина - како што испеа Фејзи Халиџи од Турција.

ПЕСНИ ЗА СТРУГА Струга е сега песна во мене, Дрим вечна и бескрајна убавина. Го држам последното свежо летно цвеќе, Во лулката на соништата се нишам, се нишам... Стих по стих течат водите од картите Еден мост, еден венец, светла, пријатели, милина. Силно ти ги гушкаат зениците рацете на времето Со бескрајна љубов растат денот и ноќта... Чекори што со тебе на пријателски трпези одат, Убава песна, една голтка вода се сега. Покани очекувани, топли втасуваат, Повторно споделуваш една стара љубов... Сон на еден свет се разделува, слушаш ли? Се множи полека трепетот на душата од листот. На јадицата од песната Струга е сосем водлива, Ти се будам како добро утро од Истанбул... Ти си моја Струга, драга моја убавица, Султан си ми без тајни, тамбура, кавал мои. На твоите крилја прелетувам бескрајни мориња, Месечина полна си што патот ми го осветлува. Фејзи Халиџи, Турција


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.