Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 75

СВП 50 - ГОДИНИ 148

песната нема граници

149 СВП 50 - ГОДИНИ

1979

златен венец Мирослав Крлежа

по белото езеро, а на кои подоцна им ја посветил песната што во тие мигови се раѓала во неговата распламтена душа: Свирете уште, свирете уште... Уште едно оро, уште една игра! - побара тогаш долгокосиот млад Ирец Шејмас Хини. Го викаше пискотот на гајдата. Гајдаџијата Драган Бојаџиевски од ст­ рушкото село Модрич, ја гмечи гајдата, притиска во нејзината душа, таа ожи­ вува, се шири пискотот: диљ, диљ., офна и одново - молкна. И сè така, до доцна во ноќта. Младиот Шејмас Хини се движеше со ритамот на гајдата, бликаше радост во него. Гласот на гајдата го враќаше на старите корени, на неговото келтско духовно наследство, кое остана едно од централните мотиви во него­ вата поезија, како што запиша новинарт Наум Бајо. За време на тие денови и ноќи од 78, кога едвај се трезневме на поетскиот фес­ тивал во Струга, Рафаел Алберти беше почестениот... Таму беа и Ханс Магнус Енценсбергер. Неочекуван, стокмен во панама-шапка... И еден гаталец Данец. Од авангардата, кој ѕирка кон една проѕирка од сводот, со око бистро како водата и дното корално од Охридското Езеро, напиша чудесниот Ирец. Во Домот на поезијата во 1979 година беше прикажан филмскиот портрет на Рафаел Алберти, а во Св. Софија во Охрид за добитникот на Златниот венец, хрватскиот поет Мирослав Крлежа зборуваше Оскар Давичо. На поетскиот митин Мостови се прочита пораката на Мирослав Крлежа, добитник на Златнииот венец кој се заблагодарува на наградата, но поради болест не при­ суствувааше во Струга.

Најсестраниот хрватски кни­ жевник (Загреб, 7. 7. 1893 - Загреб, 29. 12. 1981) со исклучителна творечка актив­ ност беше највлијателната книжевна личност меѓу двете светски војни. По Втората светска војна народен пратеник, академик, директор на Лексикографскиот завод во Загреб. Во своите лирски песни и поеми стилот на Крлежа се движи од импресионизам до експресионизам и сатиричен израз. Во сре­ диштето на творештвото на Крлежа се наоѓа неговата драм­ ска дејност. Обемна и разнолика, таа е трајна потврда на Крлежовата внатрешна потреба да го прикаже својот по­ етски свет во сценски, дијалошки облик, во страстен су­ дир со сопствените противречности. Крлежа е автор на обемен есеистички и полемички опус во кој расправа за теоретските ликовни и книжевни прашања, а води и бескомпромисни полемики со современиците (Мојата пресметка со нив, 1932). Најзрели негови остварувања се драмите од т.н. Глембаевски циклус: Господа Глембаеви, 1929; Во агонија, 1928 и Леда, 1939. Неговата новелистич­ ка и романсиерска дејност најцелосно ја зафатила воената и повоената тематика (Хрватскиот бог Марс, 1922; Враќањето на Филип Латиновиќ, 1932). Посебно место во творештвото на Крлежа и во хрватската книжевност зазе­ маат Баладите на Петрица Керенпух (1936).


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.