Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 44

СВП 50 - ГОДИНИ 86

струшки вечери на поезијата по шести пат Награда „Браќа Миладиновци“ 1968

Петре М. Андреевски

Роден во с. Слоештица, Демирхисарско, на 25. 6. 1934 година, а почина на 25. 9. 2006 година во Скопје. Поет, романсиер, раскажувач, драмски автор. Долги години работи како уред­ ник во Македонската радио-телевизија. Бил член на МАНУ, на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар. Пишува стихови, раскази, рома­ ни, драми и филмски сценарија. Андреевски создаде дело што не само што ја смени свеста за литературата кај македонскиот читател, кое не само што иницира цели генерации што се угледуваа на тој модел, туку ја смени и маке­ донската критичка свест. Својата вечна преоку­ пација ја ситуира во родниот крај, но со тоа, не стана локален или регионален автор, зашто успеа преку универзализацијата на локалното, својот крај да го постави како центар на светот. Има широка читателска публика и неговата прозна композиција не е потпрена врз фабулата туку врз самиот чин на раскажувањето. Особено за романите (како едно време за романите на Стале Попов) се вели дека се најчитани, т.е. бестселери кај народот. Романот Пиреј македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза (исто онака како што збирката Дениција ја означи како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината, и златна книга на македонскиот модернизам). Има објавено и две збирки стихови за деца (Шарам барам и Касни порасни). И во песните за деца Андреевски е поет на метафората и на алузијата, на јазичната игра и носталгичната меди­ тација. ДЕЛА: збирки поезија: Јазли (1960), И на небо и на земја (1962), Дениција (1968), Дални наковални (1971), Пофалби и поплаки (1975), Вечна куќа (1987) и Лакримариј (1999); збирки раскази: Седмиот ден (1964), Неверни години (1974) и Сите лица на смртта (1994); романи: Пиреј (1980), Скакулци (1983), Небеска Тимјановна (1988), Последните селани (1997) и Тунел (2003); драми: Време за пеење, Богунемили (1984), Бежанци (2007, постхумно).

ПЕСНА ЗА НЕЈЗИНАТА ПЕСНА Немаше земја кај што не ја сретнав неа, оти без неа бев никој и никој не ме познаваше. По нејзината воздишка го запомнував воздухот за да можам да ја стигнам, незабележан од никого, но таа беше побрза од сите небесни светлини, зашто секаде сама си го осветлуваше патот. Објаснувајќи ја како семир во купечко јаболко, главата ми се полнеше со запаливи течности, бели и црвени дождови капеа од овошките, житата и шумите ја следеа во групни походи, и с околу неа ја добиваше нејзината форма. Кај што јас влегував таа излегуваше и од отворите ја мразев само нивната празнина. Ме рануваше како невеста, целеше како сестра, блажената ноќ што ја открив во неа. Бев првиот истражувач на таа топла темница неисцрпна како ѕвездите и бесцените камења кои вечно се празнат, а никако да се потрошат. (Каков страв се пребра во допирот со таа кожа што болскаше и заоблуваше како свртено вретено) Огнот и водата добиваа паралелна брзина и во збирот љубовен постојано се одземаа. Сè што се уништуваше заради неа и сè што се обновуваше беше поради неа. Така светот се делеше на видлив и невидлив, на неослободени земји и на земји во развој, но, немаше земја кај што не ја сретнав неа. Петре М. Андреевски

87 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.