Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 23

СВП 50 - ГОДИНИ 44

генијалните струшки браќа братот Константин во Русија да студира словенска филологија на Филозофскиот факултет при Императорскиот универзитет во Москва. Имајќи го собраниот материјал од народни умотворби, Константин целосно се ангажирал во реализирање на идејата за нивно печатење. Работејќи на редактирање на песните и на другите народни умотворби и нивно подгот­ вување за Зборникот, Константин и самиот почнал да пишува поезија. Поетското творештво на Константин Миладинов, иако скромно, само петна­ есет песни, го става на пиедесталот на македонската нова литература како основоположник на македонската уметничка поезија. Со песната Т’га за југ, која има 100 препеви на повеќе од 50 јазици, секоја година се отвораат „Струшките вечери на поезијата“. Суровата руска зима и бедниот живот штетно се одразиле врз здравјето на Константин, па во 1859 година тој заболел од туберкулоза. Покрај подмол­ ната и тешка болест, Константин го разочарал и неуспехот во настојувањата да се испечати Зборникот од народни умотворби. Основната причина за не­ печатењето на Зборникот во Москва е судирот на Миладиновци со Цариградската патријаршија во екот на преродбенската борба. Во јуни 1860 година, не довршувајќи ги студиите, Константин Миладинов ја напуштил Москва. На пат за дома, во Виена се сретнал со хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер, поглаварот на Хрватската католичка црква, со кого контактирал уште од Москва, пишувајќи му за намерите за печатење на Зборникот. При оваа средба, бискупот Штросмаер прифатил да го финансира печатењето на Зборникот.

45 СВП 50 - ГОДИНИ

На 24 јуни 1861 година од печатницата на Анте Јакиќ во Загреб излегол од печат зборникот од народни умотворби на браќата Миладиновци Бугарски народни песни, собрани од „Браќа Миладиновци, дело со речиси 600 македонски народни песни и точно 77 други (отстапени од фолклорист Васили Д. Чолаков). Како што докажува дописката на Миладинов во Москва, сè до печатењето на книгата таа го носи работниот наслов „Македонски народни песни“ и оваа про­ мена во последен момент е предмет на контроверзи (всушност, насловот Бугарски народни песни за првпат се спомнува во писмо на Чолаков до д-р Фрањо Рачки, кратко пред самото печатење). Во додаток на речникот, исто така, се наоѓа и дел од првиот македонско-хрватски речник што Миладинов го подготвувал, но не го објавил во целост (2.000 збора) поради големината на Зборникот. Зборникот побудил голем интерес меѓу славистичките и фолклористич­ ките кругови на словенските земји и Европа, што се гледа од имињата на пре­ тплатниците на Зборникот. Константин, пресреќен што животната цел, негова и на неговиот брат, е исполнета, зел неколку примероци од Зборникот и во средината на јули 1861 година го напуштил Загреб, тргнувајќи за родниот крај. Патем се задржал во Белград, каде што дознал дека неговиот брат Димитар веќе половина година чемрее во турските затвори. Така, место за Струга, тргнал директно за Цариград и никогаш повеќе не го видел родниот крај. Набрзо по пристигнувањето во Цариград и Константин бил фатен и фрлен во цариградските зандани. Обвинети како шпиони против кои, според изјавата на официјалните турски власти, се подготвува судски процес, браќата Миладиновци умреле во цариградските затвори во 1862 година, под засега неразјаснети околности.


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.