Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 18

СВП 50 - ГОДИНИ 34

напреку водите езерски - првиот универзитет и лечебната моќ

Мнозина монаси од Балканот

доаѓале кај свети Наум за да ги слушаат неговите мудри поуки и проповеди. За време на десетго­ дишниот престој во манастирот, свети Наум се занимавал и со преведувачка дејност на црковни книги. Пред крајот на животот се замонашил и како монах му ја предал својата душа на Исус во 910 година. Неговиот култ како лекар останал и по неговата смрт. Споменот за него се чува во голем број македонски народни преда­ нија и легенди. И денес многуми­ на одат во посета на неговиот гроб, кој се наоѓа во манастирот Свети Наум, каде што се лекуваат од разни болештини, а поетите го даруваат со стихови.

СРЦЕТО НА СВЕТИ НАУМ Имитирајќи ги вистинските верувачи, Гоја си го положува белиот образ врз плочата и го наслушува звукот од живиот светец. Легендата тврди, ако чуеш како му бие с рцето темно ќе живееш засекогаш. Но каков вид на бесмртност, запечатен херметички во камен гроб, би ти била судена? Светецов, кој никогаш не умира, туку дреме во постојана зандана, е подложен на илјада дневни повикувања. А вон ѕидиниве нежни и раскошни, овие црни лебеди на небрежност, низ скрама грди пајажини крај гнил пиреј од ресторанот, кај што собир од поети пијат и пушат и размислуваат за своите природи. Тука е изворот на црната река Дрим, со вода бистра и скоро неподвижна, сигурна како жива. Пред векови, сите што копнееле, доаѓале тука за да си најдат лек за лудоста. Денес, на бреговите од ова засолниште, ако смогнете да се успокоите доста долго, може би проследиле некој тек низ сеќавањето, низ папратта удавена и минати животи, одвај налучкано течение. Преку водите на Охридско Езеро артилериски салви лобуваат од кај Подградец, во Албанија. Со звук на громови. Пред илјада години светецот по име Наум го нашол овој рај. Внатре во гробницата, една фреска од Кирил, Методиј и Климент - иако двајца од нив умреле пред еден век - се присутни на Наумовиот закоп. Тука сè е можно, кај што мрморат тополи, и трепери чисто ветре. Тука можам да ги испитам сите причини за моето сопствено лудило ил очај. Залп на топ: време да се замине. Од некоја друга галаксија ѕвездите испратиле сјајна светлина што никогаш не допира до нас. Тука, како на дното од Дантеовиот пекол, кај што сето движење се преведува во облик, срцето бие во таква мирнотија... а ќерка ми го слуша. Манастир Свети Наум, албанска граница манастир Рила, Бугарија Питер Лиота, САД

35 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.