Goce Ristovski: Poetska prestolnina na svetot

Page 129

СВП 50 - ГОДИНИ 256

1996

духовен мост меѓу народите и културите златен венец Награда „Браќа Миладиновци“ 1996

Макото Оока

Роден во Мишима, 16. 2. 1931 г. Нај­ зна­чаен современ јапонски поет; неговите сти­хови се објавени во превод на повеќе ја­ зици во светот; има напишано и стотина театарски дела, радиодрами и телевизиски дра­ми и филмски сценарија, како и повеќе кни­ги со литературна критика и есеи. Автор е на книгите: Споменот и сегашноста (1956), Неј­зината парфимирана плот (1971), Цртеж во перспектива посветен на летото (1972), За една девојка напролет (1978), Прес­тол­ни­ ната на водата (1981), Порака на водата од родната земја (1989) и др. Во 1978 во То­кио излегоа неговите Собрани дела во 15 тома.

Светлана Христова-Јоциќ

Родена е во Ресен на 27. 2. 1941 г. Поет, прозаист, пи­ сател за деца и есеист. По основното училиште во Охрид и Учителската школа во Битола, дипломирала на Катедрата за педагогија на Филозофскиот факултет во Скопје (1967) и, по четиригодишната учителска дејност во охридските села, ра­ боти како педагог на Клиниката за детски болести на Медицинскиот факултет во Скопје (1960- 1970), а потоа до пензионирањето како новинар во Образовната програма на Радио Скопје (1970-1995). Член е на ДПМ, негов секретар и претседател, претседател на Собранието на ДПМ и член на Македонскиот ПЕН центар. Иницијатор и прв главен и од­ говорен уредник на органот на ДПМ Стожер и идеен творец на поетската манифестација Празник на липите (1996). Соосновач и претседател на Меѓународната манифестација за уметничка и научна дејност Македонски духовни конаци (1999) и главен и одговорен уредник на нејзниот гласник Портал (од 2000). Учесник на повеќе поетски манифестации во земјата и во странство. Дела: поезија: Калесница (1970), Скришен ковчег (1974), Сињо (1980), Еа (1984), Зачатие (1990), Поетски устав (1992), Самечка ќелија (1993), С. Бесмртна (1996), Големата молитва (2000); поезија за деца: Алка за нишалка (1981); проза: Стровиште (1994); проза за деца и млади: Последната битка (1980), Македонска царица (1992), Гусларот (1993), Крста и мо­ нистрото (2003), Македонската царица и бисерот (2004); критичко-есеистичк книги: Кажано од троножец (2005), 111 прашања за Луан Старова (1908); избори: Душница (1993), Направи едно чудо (2008); антологии: Сонцето во македонската поезија (2003), Сто без една песна (2006), Александар Македонски во науката и свеста на потомците (2008).

КАМЕН И СКУЛПТОР Камените скулптури викаат низ сиот свет:

(одломка)

Дајте ни живот што гние со времето; дајте ни го занесот на згинувањето.

б. С. свиснала!

Камените гради не треперат тие се склопени очи, зимска медитација.

Се слелеа слеметоголемата греда, небеската. С. слелека!

Скулпторот полева вода врз една грамада, ја кани трепетната светлина да слезе од небо и кревајќи си го тешкиот чекан џбара по мозокот и папокот на каменот. Ова го прави само зашто сака да ја чуе онаа страсна молба: Дај ни живот што гние со времето; дај ни го занесот на згинувањето. Макото Оока

Над сламка, сламка наддавам. Сламка: столб, столба, столбец, столбица, столп, столија, Столбиште сламка наддадена, слепена:

С. и С. С. со С. С. во С. С. над С. Свишена, слетана сламка скраја скрај небеса, за небески дамар потпораНебото да не пречука! С. над С. Со С. самонаддадена Сламка. Се кренала! Светлан Христова Јоциќ

257 СВП 50 - ГОДИНИ


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.