Изведба на патен мост преку река Сава кај Сремска Рача

Page 6

на жлебови за челните завари, дефинирање на параметрите на заварување, примена на постапки за предгревање, дополнителни услови за работа при смалени температури на амбиентот, прогноза на деформациите од заварување и мерки за ограничување во рамките на дозволените толеранции, потоа постапки, обем и опфат на NDT контролата (радиографија, ултразвук, пенетранти) и обем и опфат на димензионалната контрола на поединечни елементи и подсклопови на конструкцијата, се’ во согласност со важечките Европски стандарди. Овој проект го подготви Лазе Владев, дипл.инж.металург. Изработката на монтажните делови МК1 до МК7 е извршена според строго утврдена динамика усогласена со динамиката на монтажа. Сите лимови се пескарени со челична сачма во автоматска пескара до степен SA 2½ според шведските стандарди, сечени гасно или со плазма на модерни компјутерски водени машини, со или без доработка на жлебови за челните завари, формирани во поединечни елементи и/или подсклопови и заварувани со утврдените постапки и режим на заварување, и конечно формирани како монтажни делови. По комплетната контрола на квалитетот на заварувањето и димензионалната контрола за евентуалните отстапувања од дозволените толеранции на монтажните делови МК1 до МК7 на секое монтажно поле, вршена е пробна монтажа. По правило, вршена е пробна монтажа на најмалку две до три последователни монтажни полиња со инкорпорирање на потребните надвишувања во согласност со Проектот за монтажа и корегирање на евентуалните димензионални отстапувања. На крајот, готовите делови се уште еднаш испескарени и нанесена е антикорозивната заштита. По извршениот прием на пробно монтираната конструкција, ниту еден монтажен дел на ниту едно монтажно поле не е транспортиран на градилиштето на мостот без претходно пробно составување на монтажните делови на наредното монтажно поле. 4. МОНТАЖА НА ЧЕЛИЧНАТА КОНСТРУКЦИЈА Монтажата на челичната конструкција започна во веројатно најнеповолен период во поглед на временските услови – во почетокот на месец ноември 2007 год. Претходно, согласно преземените обврски Интермост го монтираше порталниот кран и го подготви монтажното плато на левиот брег на Сава. (Сл. 5).

Сл.5 Почетокот на изградбата на мостот преку река Сава кај Сремска Рача. Лево: Стариот челичен патно-железнички мост изграден во 1937 год со постоечките масивни столбови предвидени за две мостовски конструкции. Десно: Изградба на монтажното плато и осигурување на насипот на постоечкиот пат и железничка пруга кон Бијељина.

По пристигнувањето на градилиштето на монтажните делови на првите монтажни сегменти МР1, МР2 и МР3, предмонтажата и окрупнувањето отпочна на 18 ноември 2007 год (Сл.7). Заради ниските температури и ветровитото време веднаш се покажа дека не можат во целост да се спроведат предвидените постапки според Проектот за технологијата за заварување на монтажа која што, очигледно, имала предвид поволни временски услови. Така, наместо заварување во атмосфера на активен гас (МАG – CO2), во сите положби според ISO 6947, применето е електролачно заварување со базични електроди (REL). Дополнително, во сите случаи на ниски температури на амбиентот (за Т≤ +50C) применето е двострано (надворешно/ внатрешно) предгревање на елементите на температура од сса 800C, заштита од ветер на целокупниот изложен простор со “кабина“ со плас80


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.