Информатика

Page 81

Компјутери

2

Елементи на работната површина на Windows Работната маса се состои од повеќе елементи. Најпрво ќе ја забележиш сликата што го исполнува екранот, а тоа е заднината (wallpaper). Заднината можеш да ја смениш по твоја желба. На врвот и на дното од работната површина има две ленти наречени панели. На горниот панел од левата страна има три главни менија: Апликации, Места и Систем. ♦♦

♦♦

♦♦

Преку менито Апликации можеш да им пристапиш до сите апликации инсталирани на компјутерот. Преку менито Места можеш да пристапиш до домашниот директориум (папка која ги содржи сите датотеки на корисникот), до надворешните уреди, до мрежата поврзана со компјутерот и до сите папки и датотеки во компјутерот. Преку менито Систем можеш да ги смениш подесувањата на компјутерот.

Веднаш до главните менија се икони кратенки за: Mozilla Firefox, Evolution и Help.

Од десната страна на горниот панел се иконите за мрежата и звукот, потоа тековното време и тековниот датум и на крајот е иконата преку која компјутерот се исклучува, рестартира, става во хибернација или заклучува. Првата икона на долниот панел овозможува брз пристап до работната површина - со кликнување на оваа икона сите отворени прозорци ќе се минимизираат, а со повторно кликнување тие ќе се вратат во претходната состојба. За прозорците прочитај на страницата 39. Од десната страна на долниот панел се наоѓаат икона за јазична поддршка и иконата Ѓубре. Преку иконата за јазична поддршка можеш да одбереш еден од понудените јазици. Иконата Ѓубре гои содржи сите датотеки и папки што се избришани од компјутерот.

Раб о т а с о т а с т а т у р а и с о глувче Глувчето и тастатура се користат на ист начин како и во оперативниот систем Windows за што можеш да прочиташ на страниците 34 и 35. 65 65


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.