Информатика

Page 41

Компјутери

2

CD-ROM − само за читање; CD-R − за запишување; CD-RW − за повеќекратно запишување. Исто така, се користат за пренесување податоци. Погодни се за чување музика и видеоигри. D V D ( d i g i t al video disk) DVD е сличен со CD. Со посебни техники се достигнати капацитети и над 10 GB. М е м о р и с к и стик Меморискиот стик или флеш меморија денес сè повеќе се користи за пренесување податоци поради малите димензии (3–6 cm) и релативно големите капацитети (денес 8 и повеќе GB). На компјутерот се приклучуваат преку универзални (USB) порти. Дискета Една од единиците за надворешни мемории што денес многу малку се користи е дискетата. Дискетата (floppy disk) е надворешна меморија во облик на кружна плоча изработена од тенка пластика и премачкана со магнетна материја. Заштитена е во опаковка од тврда пластика. Има капацитет од 1,44 MB. Се користи за чување и за пренесување на помали количества информации од еден на друг компјутер. Треба да запомниш! ♦♦

♦♦

♦♦

♦♦

Надворешни мемории се магнетниот или хард дискот, дискетата, компакт диск,от дигиталниот видеодиск, меморискиот стик... Магнетен илихард диск (hard disk) е примарна надворешна меморија. Главна особина на хард дискот е капацитетот. Податоците на компакт дискот се читаат и се запишуваат со помош на ласер. Меморискиот стик се приклучува на компјутерот преку универзални (USB) порти. 25 25


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.