4
Интернет
Курс по информатика
Курс по хемија
КОМПЈУТЕРСКИ ВИРУСИ Интернетот ни дава многу можности за комуникација, за барање информации, за размена на податоци... Можеш да преземеш корисни програми, игри, музика или филмови, но, исто така, без да знаеш можеш да преземеш и некои програми што се штетни за твојот компјутер. Сигурно си слушнал/а за компјутерските вируси. Тие постоеле и порано, но со развојот на Интернетот многу брзо се пренесуваат од еден на друг компјутер. Затоа е неопходно да дознаеме што се тоа компјутерски вируси, како можат да ни наштетат и како можеме да се заштитиме од нив. 114