Информатика

Page 90

4. Интернет

Слика 4_2: Прозорецот Internet Explorer Разгледување на веб-локација 

Во полето Address напишете ја, на пример веб-адресата: http://www.yahooligans.com



Кликнете на копчето , кое се наоѓа на крајот од полето Address, или притиснете на копчето Enter од тастатурата. Се добива првата страница на внесената веб-локација, Слика 4_3.

Од неа, преку посебни т.н. хиперврски може да се пристапи до други страници. Хиперврската е најчесто текст означен на посебен начин - со подвлечени или искосени букви, или пак во друга боја, но може да биде и слика, или копче. Хиперврската содржи адреса на некоја веб-страница. Кога покажувачот од глувчето ќе се доведе врз хиперврска, тој го менува обликот во дланка од рака со испружен показалец.

Hipervrski

Со кликнување врз хиперврската се отвора вебстраницата чија адреса ја содржи хиперврската. Ако го доведете покажувачот од глувчето врз хиперврската Games и кликнете, ќе се отвори нова страница како на Слика 4_4.

84

Слика 4_3: Страницата Yahoo-ligans


Issuu converts static files into: digital portfolios, online yearbooks, online catalogs, digital photo albums and more. Sign up and create your flipbook.